благоја чоревски Archives - Република https://republika.mk/tema/blagoja-chorevski/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jan 2024 08:13:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png благоја чоревски Archives - Република https://republika.mk/tema/blagoja-chorevski/ 32 32 Актерите Беговска, Чоревски, Лукаревски и Абази писателката Николова, музичарот Вртев и режисерот Унквски ќе бидат одликувани со Орден за заслуги https://republika.mk/vesti/kultura/akterite-begovska-chorevski-lukarevski-i-abazi-pisatelkata-nikolova-muzicharot-vrtev-i-rezhiserot-unkvski-ke-bidat-odlikuvani-so-orden-za-zaslugi/ Mon, 29 Jan 2024 08:07:38 +0000 https://republika.mk/?p=737970

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија, ќе ги одликува Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Оливера Николова, Рефет Абази, Ристо Вртев и Слободан Унковски со Орден за заслуги за Република Македонија.

Како што најавуваат од кабинетот на Претседателот, свечената церемонија ќе се одржи во 19 часот во Филхармонијата.

The post Актерите Беговска, Чоревски, Лукаревски и Абази писателката Николова, музичарот Вртев и режисерот Унквски ќе бидат одликувани со Орден за заслуги appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски, денеска, на свечена церемонија, ќе ги одликува Бедија Беговска, Благоја Чоревски, Ѓокица Лукаревски, Оливера Николова, Рефет Абази, Ристо Вртев и Слободан Унковски со Орден за заслуги за Република Македонија. Како што најавуваат од кабинетот на Претседателот, свечената церемонија ќе се одржи во 19 часот во Филхармонијата.

The post Актерите Беговска, Чоревски, Лукаревски и Абази писателката Николова, музичарот Вртев и режисерот Унквски ќе бидат одликувани со Орден за заслуги appeared first on Република.

]]>
Мето имаше атомска бомба во себе, кога ќе излезеше на сцена го правеше тоа со леснотија, а беше многу тешко, рекоа на комеморацијата за Јовановски https://republika.mk/vesti/kultura/meto-imashe-atomska-bomba-vo-sebe-koga-ke-izlezeshe-na-stsena-go-praveshe-toa-so-lesnotija-a-beshe-mnogu-teshko-rekoa-na-komemoratsijata-za-jovanovski/ Tue, 21 Nov 2023 13:32:42 +0000 https://republika.mk/?p=714746

Со омилената песна „Со маки сум се родила“ во изведба на Вера Милошевска - Јосифовска и со долг аплауз од колегите актери, театарски и филмски режисери, соработници, професори, студенти, беше испратен Мето Јовановски, бардот на македонското глумиште кој почина на 16 ноември на 77-годишна возраст.

На комеморацијата која ја организираше неговиот матичен, Драмски театар по повод неговата смрт присустуваа глумци од театрите од Македонија, соработници, семејството, роднини и пријатели. Драмски театар беше полн, многумина дојдоа да му изразат почит на Јовановски кој вчера беше погребан во Алејата на заслужни граѓани на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Мето беше актер, професор, колега, но и обичен човек кој сакаше да го посетува манастирот Св. Јован Бигорски, наизуст ги знаеше евангелијата, човек волк самотник, имаше доверба во малкумина. Ги сакаше своите ќерки, ја сакаше својата брада, без неа не се чувствуваше свој, не сакаше да ја избричи, само малку да ја потшиша. Сакаше да носи шал, капа, карирани кошули, убави чевли и широки палта и капути. Омилена му беше виолетовата боја, го сакаше цвеќето јоргован, му се допаѓаше левиот профил од неговото лицето. Сакаше тишина во ходниците низ театарот, пред почеток на секоја претстава. Пиеше еспресо и кисела вода. Не сакаше да дава интервјуа. Сакаше да патува, со автомобил, сакаше долго да вози. Велеше дека животот може да се носи во една патна кожена торба, Ја сакаше македонската традиционална песна. Омилена му беше „Со маки сум се родила“, рекоа за Јовановски колегите од Драмски во последното испраќање.

Црвениот шал, кожената чанта, качкетот и мантилот на Јовановски беа поставени на една дрвна столица на празната сцена на Драмски. Се редеа фотографии од многубројните претстави на Јовановски, извадоци од филмови, тв-серии кои сведочеа за богатата и исполнета кариера на актерот кој глумаше низ целата поранешна држава, СФР Југославија.

Се викавме Енчо, според една етида која ја правевеме на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). Завршивме 1971 година и први септември заедно дојдовме во Драмски театар. И од тој ден, до ден денеска, ние сме тие кои остануваме верни на Драмски. Мето беше актер кој имаше енергија, имаше атомска бомба во себе. Кога ќе излезеше, го правеше тоа со некоја чудна леснотија, а во суштина тоа е многу тешко. Мето ќе остане за мене секогаш Енчо. Живеевме во иста соба, јас, тој, Диме Станкоски-Дебелото, со Ѓорѓи Стојановски. Завршивме, јас, Мето и Диме дојдовме во Драмски, многу после тоа дојдоа во Драмски. Но, Мето беше нешто кое не се опишува со зборови , мора да го почувствуате. Не знам како да го кажам тоа. Јас сум горд што сум бил со него што сум играл со него и што сум учел од него, кажа на комеморацијата актерот Благоја Чоревски.

Во името на филмските работници со Јовановски се збогуваше Владимир Ангелов, директорот на Кинотека на Македонија.

Мето беше човек во време на лажни богови, од месо и крв, но кога ќе застанеше на сцената, кога ќе застанеше пред камерите, а некогаш и зад камерите тогаш стануваше Бог поголем од се и му немаше рамен, рече Ангелов.

Милица Стојанова, доајенката на македонскиот театар, преку писмо кое беше прочитано се збогува со Јовановски.

Мето, мојот колега и мојот тивок пријател, со кој сме поминале бесконечно многу саати, денови, години во разговор и во професионално и интимно споделување на животните бездни. Со него човек беше на чисто – кога сакаше некого или нешто, беше јасно. Кога беше критичен и незадоволен – исто така беше јасно. Тој беше непотчинет дух, и не ги сакаше подаништвото и потчинетоста, ниту во професијата ниту во животот, напиша Стојанова.

Актерот Јовица Михајловски преку порака откри каков актер и партнер на сцената бил Јовановски.

Ме прашуваат, Имаш ли некоја анегдота за или со Мето? Имам, им велам. Анегдотата за Мето е тоа што за или со него нема анегдота. Тој беше монашки посветен на својата професија. Ја делевме гримиорната. Со Мето можеше да се разговара пред претстава во точно определено време. Четириесет и пет минути пред почеток на претставата тој завршуваше со секаков разговор и постануваше ликот кој треба да го толкува на сцена. Влегуваше во друг универзум, на ликот што го толкува. Имаше непријатни моменти, кога некој ќе се обидеше да му го наруши просторот во кој е навлезен. Реагираше не како Мето, туку како ликот кој го толкува. Неговата професионална посветеност често беше зачудувачка, за многумина, посебно за тие кој театарот го разбираат како простор за евтина себепромоција. Мето беше еден од најголемите македонски актери. Чест ми е што соработував со него, напиша во пораката испратена до семејството.

Светски познатиот режисер Паоло Маџели, во пораката што ја прочита актерката Катерина Коцевска се присетува како се запознале со Јовановски, за дружбите и претставите во Скопје и во Сплит, за средбите со Горан Стефановски и Слободан Унковски.

Кршливи сме, драги мој Мето, тоа е тоа. И тоа е неправедно. Затоа што прекрасните актери не би требало никогаш да умрат. Разбираш? Со љубов/Те сакам, Паоло, напиша Маџели за Јовановски.

Со Јовановски се збогуваа и Илија Суботиќ, директор на Црногорско народно позориште, каде што нашиот актер имаше статус на почесен член, потоа босанскиот актер Емир Хаџихафисбеговиќ, режисерот Бранислав Миќуновиќ кој ја работеше последната претстава на Јованоски „My name is Goran Stefanovski“, Гоце Ристовски кој говореше за неговата работа како професор, Јордан Плевнеш, режисерот Дејан Пројковски, актерот Крсте Јовановски.

Телеграми на сочувство до семејството испратија: Претседателот на Република Стево Пендаровски, Премиерот Димитар Ковачевски, Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, Министерката за одбрана Славјанка Петровска, Националните установи Македонскиот Народен Театар, Театарот за деца и младинци, Албански театар, Народен театар Битола, Факултетот за драмски уметности како и голем број на негови театарски и филмски колеги и соработници.

На матичната сцена во Драмски Јовановски оствари 37 улоги од кои повеќето се носечки, насловни, овенчани со награди и важни места во македонската театарска историја: Јане Задрогаз во „Јане Задрогаз“; Хамлет во „Хамлет“; Стенли Ковалски во „Трамвај наречен желба“; Симон во „Диво месо“; Еригон во „Еригон“; Бранко Митиќ во „Карамазови“; Цибра во „Тетовирани души“; Робеспјер во „Смртта на Дантон“; Франц во „Стапица“; Актерот во „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“; Војницки во „Вујко Вања“; Жан Дантес во „Европа“; Татко во „Мачка на вжештен лимен покрив“; Мартин во „Коза или која е Силвија“.

Работи и како гостин во Македонскиот народен театар, каде ја остварува наградената улога на Порфириј Петрович во „Злосторство и казна“, како и во театарите во Куманово, Велес, Струмица, Сплит, Сараево, Подгорица. Се занимава и со театарска режија и со педагошка работа како професор на Интернационален Универзитет ЕУРОПА ПРИМА.

Во 2001 станува почесен член на Црногорско драмско позориште, Подгорица каде игра во две претстави: „Малограѓани“ и „Урнебесна трагедија“

Пред филмската камера првпат застанува во 1971 година во македонскиот филм „Македонскиот дел од пеколот“, искуство по кое бележи импозантен број од 97 снимени наслови – играни, краткометражни и ТВ филмови, ТВ серии, како и неутврден број на рекламни, музички спотови и друг тип на сниман и емитуван материјал. Станува нашироко популарен и цитиран како Дамјан од „Колнети сме Ирина“; Коста во „Најдолгиот пат“; Марко во „Тумба, тумба дивина“; Драгослав од „Среќна нова 1949“; Осамениот од „Опстанок“; Режисерот во „Засега без добар наслов“; Штуц од „Трст виа Скопје“; Илко од „Тетовирање“; др. Сашо од „Пред дождот“; Лем Никодински во „Големата вода“; Димче во „Село гори, баба се чешла“; Рабин во „Трето полувреме“, Професорот од „Бистра вода“ и многу други.

За својата плодна работа, Мето Јовановски се закити со бројни награди: 7 пати е лауерат на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, како и Награда за животно дело; 5 пати на „Екранова награда“ за најдобар актер; носител на 2 Златни венци на МЕСС Сараево; Награда за најдобро актерско остварување„Ристо Шишков“, Струмица; Награда за најдобро актерско остварување на Јоаким Фест, Крагуевац; 2 Гран-при награди на филмскиот фестивал во Ниш; 4 награди Милтон Манаки; Награда „Св. Кирил и Методиј“; 3 републички признанија 11 Октомври; Награда од град Скопје 13 Ноември; Награда за животно дело „Петре Прличко“ и други

The post Мето имаше атомска бомба во себе, кога ќе излезеше на сцена го правеше тоа со леснотија, а беше многу тешко, рекоа на комеморацијата за Јовановски appeared first on Република.

]]>

Со омилената песна „Со маки сум се родила“ во изведба на Вера Милошевска - Јосифовска и со долг аплауз од колегите актери, театарски и филмски режисери, соработници, професори, студенти, беше испратен Мето Јовановски, бардот на македонското глумиште кој почина на 16 ноември на 77-годишна возраст. На комеморацијата која ја организираше неговиот матичен, Драмски театар по повод неговата смрт присустуваа глумци од театрите од Македонија, соработници, семејството, роднини и пријатели. Драмски театар беше полн, многумина дојдоа да му изразат почит на Јовановски кој вчера беше погребан во Алејата на заслужни граѓани на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Мето беше актер, професор, колега, но и обичен човек кој сакаше да го посетува манастирот Св. Јован Бигорски, наизуст ги знаеше евангелијата, човек волк самотник, имаше доверба во малкумина. Ги сакаше своите ќерки, ја сакаше својата брада, без неа не се чувствуваше свој, не сакаше да ја избричи, само малку да ја потшиша. Сакаше да носи шал, капа, карирани кошули, убави чевли и широки палта и капути. Омилена му беше виолетовата боја, го сакаше цвеќето јоргован, му се допаѓаше левиот профил од неговото лицето. Сакаше тишина во ходниците низ театарот, пред почеток на секоја претстава. Пиеше еспресо и кисела вода. Не сакаше да дава интервјуа. Сакаше да патува, со автомобил, сакаше долго да вози. Велеше дека животот може да се носи во една патна кожена торба, Ја сакаше македонската традиционална песна. Омилена му беше „Со маки сум се родила“, рекоа за Јовановски колегите од Драмски во последното испраќање.
Црвениот шал, кожената чанта, качкетот и мантилот на Јовановски беа поставени на една дрвна столица на празната сцена на Драмски. Се редеа фотографии од многубројните претстави на Јовановски, извадоци од филмови, тв-серии кои сведочеа за богатата и исполнета кариера на актерот кој глумаше низ целата поранешна држава, СФР Југославија.
Се викавме Енчо, според една етида која ја правевеме на Факултетот за драмски уметности (ФДУ). Завршивме 1971 година и први септември заедно дојдовме во Драмски театар. И од тој ден, до ден денеска, ние сме тие кои остануваме верни на Драмски. Мето беше актер кој имаше енергија, имаше атомска бомба во себе. Кога ќе излезеше, го правеше тоа со некоја чудна леснотија, а во суштина тоа е многу тешко. Мето ќе остане за мене секогаш Енчо. Живеевме во иста соба, јас, тој, Диме Станкоски-Дебелото, со Ѓорѓи Стојановски. Завршивме, јас, Мето и Диме дојдовме во Драмски, многу после тоа дојдоа во Драмски. Но, Мето беше нешто кое не се опишува со зборови , мора да го почувствуате. Не знам како да го кажам тоа. Јас сум горд што сум бил со него што сум играл со него и што сум учел од него, кажа на комеморацијата актерот Благоја Чоревски.
Во името на филмските работници со Јовановски се збогуваше Владимир Ангелов, директорот на Кинотека на Македонија.
Мето беше човек во време на лажни богови, од месо и крв, но кога ќе застанеше на сцената, кога ќе застанеше пред камерите, а некогаш и зад камерите тогаш стануваше Бог поголем од се и му немаше рамен, рече Ангелов.
Милица Стојанова, доајенката на македонскиот театар, преку писмо кое беше прочитано се збогува со Јовановски.
Мето, мојот колега и мојот тивок пријател, со кој сме поминале бесконечно многу саати, денови, години во разговор и во професионално и интимно споделување на животните бездни. Со него човек беше на чисто – кога сакаше некого или нешто, беше јасно. Кога беше критичен и незадоволен – исто така беше јасно. Тој беше непотчинет дух, и не ги сакаше подаништвото и потчинетоста, ниту во професијата ниту во животот, напиша Стојанова.
Актерот Јовица Михајловски преку порака откри каков актер и партнер на сцената бил Јовановски.
Ме прашуваат, Имаш ли некоја анегдота за или со Мето? Имам, им велам. Анегдотата за Мето е тоа што за или со него нема анегдота. Тој беше монашки посветен на својата професија. Ја делевме гримиорната. Со Мето можеше да се разговара пред претстава во точно определено време. Четириесет и пет минути пред почеток на претставата тој завршуваше со секаков разговор и постануваше ликот кој треба да го толкува на сцена. Влегуваше во друг универзум, на ликот што го толкува. Имаше непријатни моменти, кога некој ќе се обидеше да му го наруши просторот во кој е навлезен. Реагираше не како Мето, туку како ликот кој го толкува. Неговата професионална посветеност често беше зачудувачка, за многумина, посебно за тие кој театарот го разбираат како простор за евтина себепромоција. Мето беше еден од најголемите македонски актери. Чест ми е што соработував со него, напиша во пораката испратена до семејството.
Светски познатиот режисер Паоло Маџели, во пораката што ја прочита актерката Катерина Коцевска се присетува како се запознале со Јовановски, за дружбите и претставите во Скопје и во Сплит, за средбите со Горан Стефановски и Слободан Унковски.
Кршливи сме, драги мој Мето, тоа е тоа. И тоа е неправедно. Затоа што прекрасните актери не би требало никогаш да умрат. Разбираш? Со љубов/Те сакам, Паоло, напиша Маџели за Јовановски.
Со Јовановски се збогуваа и Илија Суботиќ, директор на Црногорско народно позориште, каде што нашиот актер имаше статус на почесен член, потоа босанскиот актер Емир Хаџихафисбеговиќ, режисерот Бранислав Миќуновиќ кој ја работеше последната претстава на Јованоски „My name is Goran Stefanovski“, Гоце Ристовски кој говореше за неговата работа како професор, Јордан Плевнеш, режисерот Дејан Пројковски, актерот Крсте Јовановски. Телеграми на сочувство до семејството испратија: Претседателот на Република Стево Пендаровски, Премиерот Димитар Ковачевски, Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, Министерката за одбрана Славјанка Петровска, Националните установи Македонскиот Народен Театар, Театарот за деца и младинци, Албански театар, Народен театар Битола, Факултетот за драмски уметности како и голем број на негови театарски и филмски колеги и соработници. На матичната сцена во Драмски Јовановски оствари 37 улоги од кои повеќето се носечки, насловни, овенчани со награди и важни места во македонската театарска историја: Јане Задрогаз во „Јане Задрогаз“; Хамлет во „Хамлет“; Стенли Ковалски во „Трамвај наречен желба“; Симон во „Диво месо“; Еригон во „Еригон“; Бранко Митиќ во „Карамазови“; Цибра во „Тетовирани души“; Робеспјер во „Смртта на Дантон“; Франц во „Стапица“; Актерот во „Розенкранц и Гилденстерн се мртви“; Војницки во „Вујко Вања“; Жан Дантес во „Европа“; Татко во „Мачка на вжештен лимен покрив“; Мартин во „Коза или која е Силвија“. Работи и како гостин во Македонскиот народен театар, каде ја остварува наградената улога на Порфириј Петрович во „Злосторство и казна“, како и во театарите во Куманово, Велес, Струмица, Сплит, Сараево, Подгорица. Се занимава и со театарска режија и со педагошка работа како професор на Интернационален Универзитет ЕУРОПА ПРИМА. Во 2001 станува почесен член на Црногорско драмско позориште, Подгорица каде игра во две претстави: „Малограѓани“ и „Урнебесна трагедија“ Пред филмската камера првпат застанува во 1971 година во македонскиот филм „Македонскиот дел од пеколот“, искуство по кое бележи импозантен број од 97 снимени наслови – играни, краткометражни и ТВ филмови, ТВ серии, како и неутврден број на рекламни, музички спотови и друг тип на сниман и емитуван материјал. Станува нашироко популарен и цитиран како Дамјан од „Колнети сме Ирина“; Коста во „Најдолгиот пат“; Марко во „Тумба, тумба дивина“; Драгослав од „Среќна нова 1949“; Осамениот од „Опстанок“; Режисерот во „Засега без добар наслов“; Штуц од „Трст виа Скопје“; Илко од „Тетовирање“; др. Сашо од „Пред дождот“; Лем Никодински во „Големата вода“; Димче во „Село гори, баба се чешла“; Рабин во „Трето полувреме“, Професорот од „Бистра вода“ и многу други. За својата плодна работа, Мето Јовановски се закити со бројни награди: 7 пати е лауерат на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, како и Награда за животно дело; 5 пати на „Екранова награда“ за најдобар актер; носител на 2 Златни венци на МЕСС Сараево; Награда за најдобро актерско остварување„Ристо Шишков“, Струмица; Награда за најдобро актерско остварување на Јоаким Фест, Крагуевац; 2 Гран-при награди на филмскиот фестивал во Ниш; 4 награди Милтон Манаки; Награда „Св. Кирил и Методиј“; 3 републички признанија 11 Октомври; Награда од град Скопје 13 Ноември; Награда за животно дело „Петре Прличко“ и други

The post Мето имаше атомска бомба во себе, кога ќе излезеше на сцена го правеше тоа со леснотија, а беше многу тешко, рекоа на комеморацијата за Јовановски appeared first on Република.

]]>
Благоја Чоревски е добитник на наградата „Васил Иљоски“ која ја доделува Фестивалот „Денови на комедија“ https://republika.mk/vesti/kultura/blagoja-chorevski-e-dobitnik-na-nagradata-vasil-iljoski-koja-ja-dodeluva-festivalot-denovi-na-komedija/ Tue, 27 Sep 2022 14:56:52 +0000 https://republika.mk/?p=554876

Во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово утре почнува Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, на кој публиката ќе има можност да проследи комедии на дванаесет театри од државава и од странство.

Дваесет и пет години не е мала работа за еден фестивал. Успеавме можеби во најтешките времиња, минатите две години, да го одржиме овој фестивал, да продолжиме со организацијата. Имаме богата програма, 12 театарски претстави од Македонија, Хрватска, Србија и Бугарија и една офф-програма, претстава на млади кумановски актери, изјави на прес-конференција директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Искусниот актер Горан Илиќ рече дека е чест што речиси од почетокот е вклучен во организацијата и сега, по 25 години, фестивалот е одржлив и е популарен.

Почнавме многу скромно, но со текот на годините, фестивалот е самоодржлив, популарен, тоа може да се види од долгите редици пред билетарите и стана респектабилна, културна случка во Куманово. Драго ми е што постојано доаѓаат гости од поранешни југословенски простори, Бугарија, јазиците коишто ги разбираме и се надевам дека во иднина, ако имаме сила, дека би било добро да поканиме гости и од други јазични подрачја. Тоа е пракса на светски фестивал и мислам дека би било добро, изјави Илиќ.

Годинава, за разлика од претходно, ќе се додеалт награди за најдобар актер и актерка, претстава, режија, сценографија и костимографија.

Оваа година имаме вечер на стендап комедија на која ќе настапат млади актери и актерки, настапуваат Мирослав Петковиќ, Марко Трајковиќ, Чедомир Митевски, Ангела Стојановска и Тино и Атанас и мислам дека го заслужуваат целото наше внимание и време затоа што ова е нешто кое првпат се случува во Куманово. Тие заедно се организираат во четврток во 22 часот, ќе настапуваат по претставата, изјави Драгана Гунин од Советот на фестивалот.

Фестивалот „Денови на комедија“ – Куманово и годинава ја доделува наградата „Васил Иљоски“ овој пат на актерот Благоја Чоревски за особен придонес во театарска уметност.

На годинешново издание ќе настапат Градски театар Винковци со „Приватни животи“, Штипскиот театар со „Власт“, Прилепскиот со комедијата „Да, инспекторе“. Во сабота ќе игра „Атеље 212“ од Белград со „Славна Флоренс“. Во понеделник ќе настапи агенцијата „Импресарио“ од Белград со „Позови М ради ужитка“.

На 4 октомври настапува театарот од Струмица со „Паника во хотел Палас“, наредниот ден Драматичниот театар Ловеч со „Службогонци“. Приштинскиот театар ќе настапи на 6 октомври со „Сомнително лице“. И годинава гостува Битолскиот театар со „Малиџано“, театарот од Тетово со „Малограѓанска свадба“, Велешкиот со „Слуга на двајца господари“, а фестивалот традиционално го затвора Кумановскиот театар со „Секс и лаги“. Сите претстави ќе почнуваат во 20 часот.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура со еден милион денари и од Општина Куманово со 450.000 денари.

 

The post Благоја Чоревски е добитник на наградата „Васил Иљоски“ која ја доделува Фестивалот „Денови на комедија“ appeared first on Република.

]]>

Во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово утре почнува Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, на кој публиката ќе има можност да проследи комедии на дванаесет театри од државава и од странство.
Дваесет и пет години не е мала работа за еден фестивал. Успеавме можеби во најтешките времиња, минатите две години, да го одржиме овој фестивал, да продолжиме со организацијата. Имаме богата програма, 12 театарски претстави од Македонија, Хрватска, Србија и Бугарија и една офф-програма, претстава на млади кумановски актери, изјави на прес-конференција директорот на установата, Сашо Тодоровски.
Искусниот актер Горан Илиќ рече дека е чест што речиси од почетокот е вклучен во организацијата и сега, по 25 години, фестивалот е одржлив и е популарен.
Почнавме многу скромно, но со текот на годините, фестивалот е самоодржлив, популарен, тоа може да се види од долгите редици пред билетарите и стана респектабилна, културна случка во Куманово. Драго ми е што постојано доаѓаат гости од поранешни југословенски простори, Бугарија, јазиците коишто ги разбираме и се надевам дека во иднина, ако имаме сила, дека би било добро да поканиме гости и од други јазични подрачја. Тоа е пракса на светски фестивал и мислам дека би било добро, изјави Илиќ.
Годинава, за разлика од претходно, ќе се додеалт награди за најдобар актер и актерка, претстава, режија, сценографија и костимографија.
Оваа година имаме вечер на стендап комедија на која ќе настапат млади актери и актерки, настапуваат Мирослав Петковиќ, Марко Трајковиќ, Чедомир Митевски, Ангела Стојановска и Тино и Атанас и мислам дека го заслужуваат целото наше внимание и време затоа што ова е нешто кое првпат се случува во Куманово. Тие заедно се организираат во четврток во 22 часот, ќе настапуваат по претставата, изјави Драгана Гунин од Советот на фестивалот.
Фестивалот „Денови на комедија“ – Куманово и годинава ја доделува наградата „Васил Иљоски“ овој пат на актерот Благоја Чоревски за особен придонес во театарска уметност. На годинешново издание ќе настапат Градски театар Винковци со „Приватни животи“, Штипскиот театар со „Власт“, Прилепскиот со комедијата „Да, инспекторе“. Во сабота ќе игра „Атеље 212“ од Белград со „Славна Флоренс“. Во понеделник ќе настапи агенцијата „Импресарио“ од Белград со „Позови М ради ужитка“. На 4 октомври настапува театарот од Струмица со „Паника во хотел Палас“, наредниот ден Драматичниот театар Ловеч со „Службогонци“. Приштинскиот театар ќе настапи на 6 октомври со „Сомнително лице“. И годинава гостува Битолскиот театар со „Малиџано“, театарот од Тетово со „Малограѓанска свадба“, Велешкиот со „Слуга на двајца господари“, а фестивалот традиционално го затвора Кумановскиот театар со „Секс и лаги“. Сите претстави ќе почнуваат во 20 часот. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура со еден милион денари и од Општина Куманово со 450.000 денари.  

The post Благоја Чоревски е добитник на наградата „Васил Иљоски“ која ја доделува Фестивалот „Денови на комедија“ appeared first on Република.

]]>