Благој Нацоски Archives - Република https://republika.mk/tema/blagoj-nacoski/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 19:31:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Благој Нацоски Archives - Република https://republika.mk/tema/blagoj-nacoski/ 32 32 Светска премиера на „Сношти минав” вечерва во Јапонија: Дарија Андовска ја напиша за нашиот тенор Благој Нацоски https://republika.mk/vesti/kultura/svetska-premiera-na-snoshti-minav-vecherva-vo-japonija-darija-andovska-ja-napisha-za-nashiot-tenor-blagoj-natsoski/ Mon, 04 Nov 2024 19:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=834171

Светската премиера на „Сношти минав” за тенор, гудачки оркестар и пијано од Дарија Андовска ќе се случи вечерва во Токио. Композицијата е напишана за нашиот светски реномиран тенор, Благој Нацоски, кој ќе ја изведе заедно со Tokyo Vranec Chamber Orchestra, под диригентската палка на нам веќе многу познатиот љубител на македонска музика, Казухиро Котецу, на концертот по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Јапонија.

Исто така вечерва, во Скопје е светската премиера на „Со маки сум се родила” за сопран, флејта и пијано од Дарија Андовска. Композицијата е напишана за Altus New Breath ансмблот, кој е на релација Франција – Македонија, а ќе ја изведат
Гонца Богоромова-Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта и Маријана Николоска – пијано.

The post Светска премиера на „Сношти минав” вечерва во Јапонија: Дарија Андовска ја напиша за нашиот тенор Благој Нацоски appeared first on Република.

]]>

Светската премиера на „Сношти минав” за тенор, гудачки оркестар и пијано од Дарија Андовска ќе се случи вечерва во Токио. Композицијата е напишана за нашиот светски реномиран тенор, Благој Нацоски, кој ќе ја изведе заедно со Tokyo Vranec Chamber Orchestra, под диригентската палка на нам веќе многу познатиот љубител на македонска музика, Казухиро Котецу, на концертот по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Јапонија. Исто така вечерва, во Скопје е светската премиера на „Со маки сум се родила” за сопран, флејта и пијано од Дарија Андовска. Композицијата е напишана за Altus New Breath ансмблот, кој е на релација Франција – Македонија, а ќе ја изведат Гонца Богоромова-Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта и Маријана Николоска – пијано.

The post Светска премиера на „Сношти минав” вечерва во Јапонија: Дарија Андовска ја напиша за нашиот тенор Благој Нацоски appeared first on Република.

]]>
Италијанските весници пишуваат повеќе за лошиот терен и за тоа дека „Македонците не ги бива за пеење” отколку за натпреварот https://republika.mk/sport/fudbal/italijanskite-vesnitsi-pishuvaat-poveke-za-loshiot-teren-i-za-toa-deka-makedontsite-ne-gi-biva-za-peene-otkolku-za-natprevarot/ Sun, 10 Sep 2023 18:57:45 +0000 https://republika.mk/?p=680677

Не само теренот кој беше во најлоша состојба, туку гнев на Италијанците пред стартот на средбата имаше и за химната на Италија. Ја испеа акапела Барбара Поповиќ, која учествуваше на јуниорска Евровизија во 2013-та, без музика и на непријателски стадион, кој ја свиреше од почеток до крај, пишува познатиот италијански магазин „Кориере дело Спорт“ за вчерашните случувања на стадионот во Скопје, каде Италија доживеа фијаско со историско реми од 1:1 против Македонија.

Накратко, одлуката химната да се пее акапела дефинитивно падна на испит“, завршува еминентниот италијански весник.

Италијанците на интернет за оваа пеење химна без музика коментираа: „Во Македонија музички сме во загуба“, „Оваа национална химна е многу караоке“,„Изборот да има националната химна е промашен дипломатски инцидент“…

Македонката, со охридско потекло по мајка-Барбара Поповиќ, ќерка на актуелната директорка на фестивалот Охридко лето – Наташа Поповоќ, на стадионот во Скопје пред натпреварот во фудбал помеѓу Македонија и Италија ги испеа двете химни на Македонија и Италија. Таа е дипломиран оперски пејач во класата на Весна Гиновска Илкоска.  Ова е втор пат Поповиќ да пее на Стадион химни и тоа акапела.

Оперскиот пејач Благој Нацоски на Фејсбук раскажа како пријатели го преплавиле со прашањето за химната, но и за лошиот терен. Тој сепак смета дека ако теренот беше квалитетен Македонија ќе победеше.

Да ви кажам право воопшто не ми е мило што синојќа пријатели и фанови од Италија ме преплавија со пораки од типот „Како е можно теренот за игра да е толку лош” или „Зарем немало подобар избор на пејач за пеење на двете химни”? Дури и италијанските весници да пишуваат повеќе за лошиот терен и за тоа дека „Македонците не ги бива за пеење” отколку за натпреварот. Мојот одговор е дека доколку теренот беше добар, Македонија ќе победеше. Напред Македонија“, напиша Нацоски.

Но, лошо испеаната химна не го засени скандалот со неодржуваниот терен. Вчера поранешниот премиер Никола Груевски јавно сподели видео велејќи дека СДСМ и ДУИ ниту тревата на стадионот не се способни да ја одржуваат. Ова ги поттикна реакциите во јавноста. Видеото кое Груевски го сподели е од „Италијан Фудбал Тв“.

The post Италијанските весници пишуваат повеќе за лошиот терен и за тоа дека „Македонците не ги бива за пеење” отколку за натпреварот appeared first on Република.

]]>

Не само теренот кој беше во најлоша состојба, туку гнев на Италијанците пред стартот на средбата имаше и за химната на Италија. Ја испеа акапела Барбара Поповиќ, која учествуваше на јуниорска Евровизија во 2013-та, без музика и на непријателски стадион, кој ја свиреше од почеток до крај, пишува познатиот италијански магазин „Кориере дело Спорт“ за вчерашните случувања на стадионот во Скопје, каде Италија доживеа фијаско со историско реми од 1:1 против Македонија.
Накратко, одлуката химната да се пее акапела дефинитивно падна на испит“, завршува еминентниот италијански весник.
Италијанците на интернет за оваа пеење химна без музика коментираа: „Во Македонија музички сме во загуба“, „Оваа национална химна е многу караоке“,„Изборот да има националната химна е промашен дипломатски инцидент“… Македонката, со охридско потекло по мајка-Барбара Поповиќ, ќерка на актуелната директорка на фестивалот Охридко лето – Наташа Поповоќ, на стадионот во Скопје пред натпреварот во фудбал помеѓу Македонија и Италија ги испеа двете химни на Македонија и Италија. Таа е дипломиран оперски пејач во класата на Весна Гиновска Илкоска.  Ова е втор пат Поповиќ да пее на Стадион химни и тоа акапела. Оперскиот пејач Благој Нацоски на Фејсбук раскажа како пријатели го преплавиле со прашањето за химната, но и за лошиот терен. Тој сепак смета дека ако теренот беше квалитетен Македонија ќе победеше.
Да ви кажам право воопшто не ми е мило што синојќа пријатели и фанови од Италија ме преплавија со пораки од типот „Како е можно теренот за игра да е толку лош” или „Зарем немало подобар избор на пејач за пеење на двете химни”? Дури и италијанските весници да пишуваат повеќе за лошиот терен и за тоа дека „Македонците не ги бива за пеење” отколку за натпреварот. Мојот одговор е дека доколку теренот беше добар, Македонија ќе победеше. Напред Македонија“, напиша Нацоски.
Но, лошо испеаната химна не го засени скандалот со неодржуваниот терен. Вчера поранешниот премиер Никола Груевски јавно сподели видео велејќи дека СДСМ и ДУИ ниту тревата на стадионот не се способни да ја одржуваат. Ова ги поттикна реакциите во јавноста. Видеото кое Груевски го сподели е од „Италијан Фудбал Тв“.

The post Италијанските весници пишуваат повеќе за лошиот терен и за тоа дека „Македонците не ги бива за пеење” отколку за натпреварот appeared first on Република.

]]>
Благој Нацоски е чувствителен и префинет интерпретатор, напиша магазинот за култура „Ла Платеа“ за концертот во чест на 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Македонија и Италија https://republika.mk/vesti/kultura/blagoj-natsoski-e-chuvstvitelen-i-prefinet-interpretator-napisha-magazinot-za-kultura-la-platea-za-kontsertot-vo-chest-na-30-godishninata-od-diplomatskite-odnosi-megu-makedonija-i-italija/ Tue, 15 Aug 2023 11:25:25 +0000 https://republika.mk/?p=672292

Македонскиот оперски пејач, тенорот Благој Нацоски на 12 август одржа концерт, насловен „Ноти како мостови“ во Сан Квирино ди Порденоне, по негова иницијатива, а во чест на 30 годишнината од дипломатските односи помеѓу Македонија и Италија.

На концертот настапија и сопранот Паола Кампоново, во пијано придружба на Алфредо Блесано, инаку и двајцата Италијанци.

Публиката имаше можност да го чуе македонскиот јазик преку стиховите на Блаже Конески, Ацо Шопов, Славко Јаневски, односно музиката на Тодор Скаловски, Благој Цанев, Трајко Прокопиев, Дарија Андовска, Дино Имери и Андреј Наунов, како и Свитата Македонија создадена од Алесандро Д’Агостини.

Магазинот за култура „Ла Платеа“, објави рецензија од концертот во која меѓудругото се вели:

Тенорот, многу активен на националната и меѓународната сцена, покажа уште еднаш глас со многу цврст центар, полн со бои и нијанси, сигурни високи тонови, многу долг воздух и моќен волумен, но пред се‘ покажа дека е чувствителен и префинет интерпретатор, способен да ги измеша со интензитет сензациите опишани во стиховите што ги отпеа, никогаш повнимателен кон музичката изведба, но сепак одлична, отколку кон интерпретативната.

Уметник во служба на уметноста. Редок дар во време на претерана самореференцијалност и во кое приоритетите премногу често се губат.

Во Сан Квирино беше предложена сложена програма, секако префинета, главно современа. Интересен експеримент: предлагање нешто непознато, или речиси непознато, во нов контекст, на необична публика.

 

The post Благој Нацоски е чувствителен и префинет интерпретатор, напиша магазинот за култура „Ла Платеа“ за концертот во чест на 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Македонија и Италија appeared first on Република.

]]>

Македонскиот оперски пејач, тенорот Благој Нацоски на 12 август одржа концерт, насловен „Ноти како мостови“ во Сан Квирино ди Порденоне, по негова иницијатива, а во чест на 30 годишнината од дипломатските односи помеѓу Македонија и Италија. На концертот настапија и сопранот Паола Кампоново, во пијано придружба на Алфредо Блесано, инаку и двајцата Италијанци. Публиката имаше можност да го чуе македонскиот јазик преку стиховите на Блаже Конески, Ацо Шопов, Славко Јаневски, односно музиката на Тодор Скаловски, Благој Цанев, Трајко Прокопиев, Дарија Андовска, Дино Имери и Андреј Наунов, како и Свитата Македонија создадена од Алесандро Д’Агостини. Магазинот за култура „Ла Платеа“, објави рецензија од концертот во која меѓудругото се вели:
Тенорот, многу активен на националната и меѓународната сцена, покажа уште еднаш глас со многу цврст центар, полн со бои и нијанси, сигурни високи тонови, многу долг воздух и моќен волумен, но пред се‘ покажа дека е чувствителен и префинет интерпретатор, способен да ги измеша со интензитет сензациите опишани во стиховите што ги отпеа, никогаш повнимателен кон музичката изведба, но сепак одлична, отколку кон интерпретативната. Уметник во служба на уметноста. Редок дар во време на претерана самореференцијалност и во кое приоритетите премногу често се губат. Во Сан Квирино беше предложена сложена програма, секако префинета, главно современа. Интересен експеримент: предлагање нешто непознато, или речиси непознато, во нов контекст, на необична публика.
 

The post Благој Нацоски е чувствителен и префинет интерпретатор, напиша магазинот за култура „Ла Платеа“ за концертот во чест на 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Македонија и Италија appeared first on Република.

]]>
„Вечер со Благој Нацоски: првите 20 години“, в сабота во Националната опера и балет https://republika.mk/vesti/kultura/vecher-so-blagoj-natsoski-prvite-20-godini-v-sabota-vo-natsionalnata-opera-i-balet/ Thu, 02 Feb 2023 09:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=603718

На 4 февруари 2023, со почеток во 20.00 часот во Националната опера и балет ќе се одржи концерт на нашиот тенор Благој Нацоски насловен како  „ Вечер со Благој Нацоски: првите 20 години“.

Гости на концертот се Наде Талевска, сопран и Васко Здравков, баритон. Пијано придружба Јанинка Невчева, а режисер на концертот е Дејан Прошев. Водител: Огнен Јанески.

На програмата ќе бидат изведени арии од композиторите: Џузепе Џордани, Жил Масне, Џоакино Росини, Џузепе Верди, Франческо Чилеа, Џакомо Пучини и др.

Благој Нацоски е најпознатиот македонски тенор кој веќе 20 години ги освојува сцените ширум целиот свет. Се издвојува по особената музикалност, префинетиот стил на изведба, неговата харизма и впечатливиот сценски настап. Изминатите години Нацоски бележи огромни успеси во Миланска Скала, Њујорк, Токио, Париз, Парма, Бангкок, Макао, Неапол, Валенсија, Палермо, Кина како и на светските премиери на оперите „Страв“, „Сега е мрак“, „Дрдорењара на Лапо“ каде ги толкува главните тенорски партии.  Особено успешен е и како концертен односно камерен пејач изведувајќи музика на Шуберт, Шуман, Малер, Брамс во Дуо со пијанистот Лука Чамаруги.

Нацоски дебитира во февруари 2003 со настапот на сцената на Римската Опера (Teatro dell’Opera di Roma), како прв Македонец што воопшто настапил во оваа престижна оперска куќа. Од таму неговата кариера рапидно се шири низ целиот свет, настапувајќи во најпрестижните театри низ целиот свет како «Сан Карло» во Неапол, «Реџо» во Парма, Операта во Каљари, «Верди» во Трст, «Карло Феличе» во Џенова, Театарот Масимо во Палермо, Белини во Катанија, Операта во Сасари, Цирих Опернхаус, Баварската Државна Опера од Минхен, Операта во Франкфурт, Државната Опера во Штутгарт, Кралската Опера „Ла Моне“ во Брисел, Канадската Опера во Торонто, Операта во Сиетл, Националната Опера во Прага, Операта во Лимож, Гран Театарот во Екс Ан Прованс, Театарот Бунка Каикан во Токио, Сантори Хол во Токио, Рјутопиа Центарот во Ниигата, Национална Опера во Варшава, Градскиот Театар во Клагенфурт, Националната Моравска Опера во Острава, како и Фестивалите во Салцбург, Мишколц и Халвил.

Нацоски има снимено неколку ДВД, и тоа Сонот на Скипион за Дојче Грамофон и Аријадна на Наксос за ТДК и ЦД на Лучија од Ламермур за Динамик, Ромео и Јулија заедно со Андреа Бочели за ДЕККА, Зенобија во Палмира за Бонџовани и Те Деум од Флавио Колусо за МР Класикс. На 27ми јануари излезе и ДВД и Блу-Реј од претставата Турандот од Миланска Скала повторно за ДЕККА.

Во 2008 е прогласен за „Амбасадор на македонската култура во Италија“, а во 2016 година доби и признание „Човек на годината“ од весникот Нова Македонија.

Следните настапи вклучуваат Адријана Лекуврер во Катанија, Норма во Џенова, Турандот во Бари, турнеја во Јапонија, концерти во Мантова и Удине итн.

 

The post „Вечер со Благој Нацоски: првите 20 години“, в сабота во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>

На 4 февруари 2023, со почеток во 20.00 часот во Националната опера и балет ќе се одржи концерт на нашиот тенор Благој Нацоски насловен како  „ Вечер со Благој Нацоски: првите 20 години“. Гости на концертот се Наде Талевска, сопран и Васко Здравков, баритон. Пијано придружба Јанинка Невчева, а режисер на концертот е Дејан Прошев. Водител: Огнен Јанески. На програмата ќе бидат изведени арии од композиторите: Џузепе Џордани, Жил Масне, Џоакино Росини, Џузепе Верди, Франческо Чилеа, Џакомо Пучини и др. Благој Нацоски е најпознатиот македонски тенор кој веќе 20 години ги освојува сцените ширум целиот свет. Се издвојува по особената музикалност, префинетиот стил на изведба, неговата харизма и впечатливиот сценски настап. Изминатите години Нацоски бележи огромни успеси во Миланска Скала, Њујорк, Токио, Париз, Парма, Бангкок, Макао, Неапол, Валенсија, Палермо, Кина како и на светските премиери на оперите „Страв“, „Сега е мрак“, „Дрдорењара на Лапо“ каде ги толкува главните тенорски партии.  Особено успешен е и како концертен односно камерен пејач изведувајќи музика на Шуберт, Шуман, Малер, Брамс во Дуо со пијанистот Лука Чамаруги. Нацоски дебитира во февруари 2003 со настапот на сцената на Римската Опера (Teatro dell’Opera di Roma), како прв Македонец што воопшто настапил во оваа престижна оперска куќа. Од таму неговата кариера рапидно се шири низ целиот свет, настапувајќи во најпрестижните театри низ целиот свет како «Сан Карло» во Неапол, «Реџо» во Парма, Операта во Каљари, «Верди» во Трст, «Карло Феличе» во Џенова, Театарот Масимо во Палермо, Белини во Катанија, Операта во Сасари, Цирих Опернхаус, Баварската Државна Опера од Минхен, Операта во Франкфурт, Државната Опера во Штутгарт, Кралската Опера „Ла Моне“ во Брисел, Канадската Опера во Торонто, Операта во Сиетл, Националната Опера во Прага, Операта во Лимож, Гран Театарот во Екс Ан Прованс, Театарот Бунка Каикан во Токио, Сантори Хол во Токио, Рјутопиа Центарот во Ниигата, Национална Опера во Варшава, Градскиот Театар во Клагенфурт, Националната Моравска Опера во Острава, како и Фестивалите во Салцбург, Мишколц и Халвил. Нацоски има снимено неколку ДВД, и тоа Сонот на Скипион за Дојче Грамофон и Аријадна на Наксос за ТДК и ЦД на Лучија од Ламермур за Динамик, Ромео и Јулија заедно со Андреа Бочели за ДЕККА, Зенобија во Палмира за Бонџовани и Те Деум од Флавио Колусо за МР Класикс. На 27ми јануари излезе и ДВД и Блу-Реј од претставата Турандот од Миланска Скала повторно за ДЕККА. Во 2008 е прогласен за „Амбасадор на македонската култура во Италија“, а во 2016 година доби и признание „Човек на годината“ од весникот Нова Македонија. Следните настапи вклучуваат Адријана Лекуврер во Катанија, Норма во Џенова, Турандот во Бари, турнеја во Јапонија, концерти во Мантова и Удине итн.  

The post „Вечер со Благој Нацоски: првите 20 години“, в сабота во Националната опера и балет appeared first on Република.

]]>
Нацоски и Чамаруги солисти на концертот „Сафи“ на Филхармонија https://republika.mk/vesti/kultura/nacoski-i-chamarugi-solisti-na-koncertot-safi-na-filharmonija/ Thu, 15 Dec 2022 09:33:44 +0000 https://republika.mk/?p=585838

Оркестарот на Филхармонија ќе одржи концерт насловен „Сафи“ на кој како солисти ќе настапат македонскиот тенор со интернационална кариера Благој Нацоски и пијанистот Лука Чамаруги од Италија. Диригент е Виктор Митревски, а на програмата се увертирата од операта „Така прават сите“ и Концертот за пијано и оркестар бр. 18 од Волфганг Амадеус Моцарт, Соло песни за тенор и оркестар од Франц Шуберт и и песни од циклусот „Волшебната хорна на момчето“ од Густав Малер.

Комичната опера „Така прават сите“ од Вофганг Амадеус Моцарт првпат била изведена на 26 февруари 1790 година во „Бургтеатар“ во Виена. Либретото е на Лоренцо да Понте кој ја напишал приказната и за оперите „Свадбата на Фигаро“ и „Дон Џовани“.

Делот во насловот „сите“ се однесува на жените и најчесто во англискиот превод на оваа опера е „Жените се такви“.

 

The post Нацоски и Чамаруги солисти на концертот „Сафи“ на Филхармонија appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Филхармонија ќе одржи концерт насловен „Сафи“ на кој како солисти ќе настапат македонскиот тенор со интернационална кариера Благој Нацоски и пијанистот Лука Чамаруги од Италија. Диригент е Виктор Митревски, а на програмата се увертирата од операта „Така прават сите“ и Концертот за пијано и оркестар бр. 18 од Волфганг Амадеус Моцарт, Соло песни за тенор и оркестар од Франц Шуберт и и песни од циклусот „Волшебната хорна на момчето“ од Густав Малер. Комичната опера „Така прават сите“ од Вофганг Амадеус Моцарт првпат била изведена на 26 февруари 1790 година во „Бургтеатар“ во Виена. Либретото е на Лоренцо да Понте кој ја напишал приказната и за оперите „Свадбата на Фигаро“ и „Дон Џовани“. Делот во насловот „сите“ се однесува на жените и најчесто во англискиот превод на оваа опера е „Жените се такви“.  

The post Нацоски и Чамаруги солисти на концертот „Сафи“ на Филхармонија appeared first on Република.

]]>
Нацоски: Се надевам дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи во Ваташа https://republika.mk/vesti/makedonija/nacoski-se-nadevam-deka-prvata-megjuvladina-konferencija-kje-se-odrzi-vo-vatasha/ Sun, 17 Jul 2022 13:38:49 +0000 https://republika.mk/?p=530322

Оперскиот пејач Благој Нацоски го коментира прифаќањето на францускиот предлог.

Искрено се надевам дека првата меѓувладина конференција помеѓу Европската Унија и Македонија ќе се одржи во селото Ваташа, а од мене имаат гратис целовечерен концерт за уважените гости од Брисел и тоа пред споменикот таму, напиша Нацоски на својот профил на Фејсбук.

The post Нацоски: Се надевам дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи во Ваташа appeared first on Република.

]]>

Оперскиот пејач Благој Нацоски го коментира прифаќањето на францускиот предлог.
Искрено се надевам дека првата меѓувладина конференција помеѓу Европската Унија и Македонија ќе се одржи во селото Ваташа, а од мене имаат гратис целовечерен концерт за уважените гости од Брисел и тоа пред споменикот таму, напиша Нацоски на својот профил на Фејсбук.

The post Нацоски: Се надевам дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи во Ваташа appeared first on Република.

]]>
Спектакуларен концерт на Нацоски во Рим, му дојде и министерката за култура https://republika.mk/vesti/kultura/spektakularen-koncert-na-nacoski-vo-rim-mu-dojde-i-ministerkata-za-kultura/ Mon, 23 May 2022 16:44:16 +0000 https://republika.mk/?p=506099

За Кирил и Методиј е запишано дека биле векови пред своето време. Затоа и чествувањето на нивната мисија треба да биде достојно, достоинствено и далекугледо. Тие не создадоа писмо, азбука, збор за поделби. Тие се дадоа себе за да создадат универзално добро. Не случајно Ватикан ги прогласи за Патрони, Заштитници на Европа, а нивните дела за цивилизациска вредност, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на чествувањето на манифестацијата „Денот на свети Кирил“ во Рим, во чии рамки концерт одржа реномираниот тенор Благој Нацоски.

Пред концертот, кој се одржа во салата „Балдини“, во своето кусо поздравно обраќање министерката за култура потенцираше дека е голема пораката на мудрите сесловенски просветители Кирил и Методиј во битката дека секој народ има право да пишува, да зборува и да му се моли на Бога на својот јазик.

– И денеска, кога и јас пред вас говорам на македонски, еден од јазиците кој ѝ припаѓа на словенската група јазици,  има ли поголем повод и подобар миг да ги слушнеме зборовите на Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов… отпеани од нашиот најпознат тенор во светот, од нашиот амбасадор на културата во оваа прекрасна земја, нашиот Благој Нацоски, рече Костадиновска-Стојчевска.

Маестро Благој Нацоски настапи во пијано придружба на Алесандро Д‘Агостини, а на програмата беа дела од Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев… Беа изведени стихови од Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов.

Во рамките на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано“ утре ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија АЦДМАЕ.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска е член на државно-црковната делегација предводена од претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, која денеска и утре престојува во Италија и во Ватикан по повод чествувањето на светите Кирил и Методиј.

Како дел од делегацијата, Костадиновска-Стојчевска беше и на аудиенцијата кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск и на полагањето венец на спомен-плочата на македонски јазик посветена на делото на светите браќа во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

За утрешниот ден е предвидена посета на базиликата „Сан Клементе“, каде што ќе се одржи молебен во чест на Св. Кирил, на кој ќе началствуваат митрополитите г. Пимен и г. Јосиф.

The post Спектакуларен концерт на Нацоски во Рим, му дојде и министерката за култура appeared first on Република.

]]>

За Кирил и Методиј е запишано дека биле векови пред своето време. Затоа и чествувањето на нивната мисија треба да биде достојно, достоинствено и далекугледо. Тие не создадоа писмо, азбука, збор за поделби. Тие се дадоа себе за да создадат универзално добро. Не случајно Ватикан ги прогласи за Патрони, Заштитници на Европа, а нивните дела за цивилизациска вредност, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на чествувањето на манифестацијата „Денот на свети Кирил“ во Рим, во чии рамки концерт одржа реномираниот тенор Благој Нацоски. Пред концертот, кој се одржа во салата „Балдини“, во своето кусо поздравно обраќање министерката за култура потенцираше дека е голема пораката на мудрите сесловенски просветители Кирил и Методиј во битката дека секој народ има право да пишува, да зборува и да му се моли на Бога на својот јазик. – И денеска, кога и јас пред вас говорам на македонски, еден од јазиците кој ѝ припаѓа на словенската група јазици,  има ли поголем повод и подобар миг да ги слушнеме зборовите на Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов… отпеани од нашиот најпознат тенор во светот, од нашиот амбасадор на културата во оваа прекрасна земја, нашиот Благој Нацоски, рече Костадиновска-Стојчевска. Маестро Благој Нацоски настапи во пијано придружба на Алесандро Д‘Агостини, а на програмата беа дела од Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев… Беа изведени стихови од Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов. Во рамките на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано“ утре ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија АЦДМАЕ. Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска е член на државно-црковната делегација предводена од претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, која денеска и утре престојува во Италија и во Ватикан по повод чествувањето на светите Кирил и Методиј. Како дел од делегацијата, Костадиновска-Стојчевска беше и на аудиенцијата кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск и на полагањето венец на спомен-плочата на македонски јазик посветена на делото на светите браќа во базиликата „Санта Марија Маџоре“. За утрешниот ден е предвидена посета на базиликата „Сан Клементе“, каде што ќе се одржи молебен во чест на Св. Кирил, на кој ќе началствуваат митрополитите г. Пимен и г. Јосиф.

The post Спектакуларен концерт на Нацоски во Рим, му дојде и министерката за култура appeared first on Република.

]]>
Концерт на Благој Нацоски во Рим https://republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-blagoj-nacoski-vo-rim/ Mon, 23 May 2022 16:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=505703

Во салата „Балдини“ во Рим денеска реномираниот тенор Благој Нацоски ќе одржи концерт во рамките на чествување на манифестацијата „Денот на свети Кирил“. На концертот, Нацоски ќе настапи заедно со пијанистот Алесандро Д‘Агостини.

На програмата се дела од Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев… Ќе бидат читани стихови од Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов.

Како што е најавено, пред почетокот на концертот ќе се обрати министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Исто така, во рамките на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано“ утре ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија (АЦДМАЕ).

 

The post Концерт на Благој Нацоски во Рим appeared first on Република.

]]>

Во салата „Балдини“ во Рим денеска реномираниот тенор Благој Нацоски ќе одржи концерт во рамките на чествување на манифестацијата „Денот на свети Кирил“. На концертот, Нацоски ќе настапи заедно со пијанистот Алесандро Д‘Агостини. На програмата се дела од Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев… Ќе бидат читани стихови од Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов. Како што е најавено, пред почетокот на концертот ќе се обрати министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. Исто така, во рамките на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано“ утре ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија (АЦДМАЕ).  

The post Концерт на Благој Нацоски во Рим appeared first on Република.

]]>
Концерт на Благој Нацоски и проекција на „Медена земја“ во Рим https://republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-blagoj-nacoski-i-proekcija-na-medena-zemja-vo-rim/ Mon, 23 May 2022 06:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=505701

Во салата „Балдини“ во Рим денеска реномираниот тенор Благој Нацоски ќе одржи концерт во рамките на чествување на манифестацијата „Денот на Светите Кирил и Методиј“.

На концертот, Нацоски ќе настапи заедно со пијанистот Алесандро Д‘Агостини.  На програмата се дела од Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев… Ќе бидат читани стихови од Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов. Како што е најавено, пред почетокот на концертот ќе се обрати министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Исто така, во рамките на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано“ утре ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија (АЦДМАЕ).

The post Концерт на Благој Нацоски и проекција на „Медена земја“ во Рим appeared first on Република.

]]>

Во салата „Балдини“ во Рим денеска реномираниот тенор Благој Нацоски ќе одржи концерт во рамките на чествување на манифестацијата „Денот на Светите Кирил и Методиј“. На концертот, Нацоски ќе настапи заедно со пијанистот Алесандро Д‘Агостини.  На програмата се дела од Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев… Ќе бидат читани стихови од Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов. Како што е најавено, пред почетокот на концертот ќе се обрати министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. Исто така, во рамките на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано“ утре ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати“ при МНР на Италија (АЦДМАЕ).

The post Концерт на Благој Нацоски и проекција на „Медена земја“ во Рим appeared first on Република.

]]>