благајнички записи Archives - Република https://republika.mk/tema/blagajnichki-zapisi/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Mar 2023 10:41:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png благајнички записи Archives - Република https://republika.mk/tema/blagajnichki-zapisi/ 32 32 Каматната стапка на благајничките записи повторно зголемена за 0,25 процентни поени, сега е на ниво од 5,50 проценти https://republika.mk/vesti/ekonomija/kamatnata-stapka-na-blagajnichkite-zapisi-povtorno-zgolemena-za-0-25-protsentni-poeni-sega-e-na-nivo-od-5-50-protsenti/ Wed, 22 Mar 2023 10:41:39 +0000 https://republika.mk/?p=622376

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика со тоа што повторно ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени и сега е на ниво од 5,50 проценти.

На седницата на Комитетот за оперативна и монетарна политика, одржана вчера, е донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 процентни поени со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,40 проценти и 3,45 проценти, соодветно.

Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари.

Со овие промени, Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика, коешто започна уште од крајот на 2021 година, со активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а од април па наваму и преку зголемување на каматните стапки. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем, се наведува во денешното соопштение од Народната банка.

Оттаму посочуваат дека годишната стапка на инфлација забавува и во февруари, а исто така и анкетните истражувања на Европската комисија, од ноември наваму, покажуваат очекувања на потрошувачите за одредено намалување на инфлацијата во следните дванаесет месеци.

Забавување бележи и базичната инфлација, но таа и натаму е на повисоко нивo. Исто така, и покрај надолната патека, очекувањата за идната динамика на цените на примарните производи на берзите и натаму се проследени со голема неизвесност, велат од НБ.

На девизниот пазар, движењата се стабилни и се забележа подобрување во сите сегменти, вклучително и кај корпоративниот сектор.

Од централната банка предупредуваат дека е неопходно претпазливо водење на политиките заради стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа.

Во однос на растот кај домашните цени, од централната банка информираат дека има забавување во согласност со очекувањата и во февруари тој е сведен на 16,7 проценти во споредба со јануари кога беше 17,1 процент.

Нивото на девизните резерви на крајот на февруари, според оценките на Комитетот, е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута.

Во однос на домашната економска активност, од централната банка информираат дека во четвртиот квартал од минатата година, реалниот раст на БДП очекувано забавил, со што во просек, за целата 2022 година, економијата забележала реален раст од 2,1 проценти, што е блиску до очекувањата од октомвриската проекција.

– Високофреквентните податоци за првиот квартал од 2023 година со кои се располага во моментов се недоволни за согледување на состојбите во целина. Засега, податоците за јануари покажуваат солиден реален годишен раст на прометот во вкупната трговија, наспроти малиот пад во претходниот квартал, како и поумерени негативни движења кај индустриското производство, велат од Народната банка.

The post Каматната стапка на благајничките записи повторно зголемена за 0,25 процентни поени, сега е на ниво од 5,50 проценти appeared first on Република.

]]>

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика со тоа што повторно ја зголеми каматната стапка на благајничките записи за 0,25 процентни поени и сега е на ниво од 5,50 проценти. На седницата на Комитетот за оперативна и монетарна политика, одржана вчера, е донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 процентни поени со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,40 проценти и 3,45 проценти, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Со овие промени, Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика, коешто започна уште од крајот на 2021 година, со активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а од април па наваму и преку зголемување на каматните стапки. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем, се наведува во денешното соопштение од Народната банка. Оттаму посочуваат дека годишната стапка на инфлација забавува и во февруари, а исто така и анкетните истражувања на Европската комисија, од ноември наваму, покажуваат очекувања на потрошувачите за одредено намалување на инфлацијата во следните дванаесет месеци. Забавување бележи и базичната инфлација, но таа и натаму е на повисоко нивo. Исто така, и покрај надолната патека, очекувањата за идната динамика на цените на примарните производи на берзите и натаму се проследени со голема неизвесност, велат од НБ. На девизниот пазар, движењата се стабилни и се забележа подобрување во сите сегменти, вклучително и кај корпоративниот сектор. Од централната банка предупредуваат дека е неопходно претпазливо водење на политиките заради стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа. Во однос на растот кај домашните цени, од централната банка информираат дека има забавување во согласност со очекувањата и во февруари тој е сведен на 16,7 проценти во споредба со јануари кога беше 17,1 процент. Нивото на девизните резерви на крајот на февруари, според оценките на Комитетот, е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во однос на домашната економска активност, од централната банка информираат дека во четвртиот квартал од минатата година, реалниот раст на БДП очекувано забавил, со што во просек, за целата 2022 година, економијата забележала реален раст од 2,1 проценти, што е блиску до очекувањата од октомвриската проекција. – Високофреквентните податоци за првиот квартал од 2023 година со кои се располага во моментов се недоволни за согледување на состојбите во целина. Засега, податоците за јануари покажуваат солиден реален годишен раст на прометот во вкупната трговија, наспроти малиот пад во претходниот квартал, како и поумерени негативни движења кај индустриското производство, велат од Народната банка.

The post Каматната стапка на благајничките записи повторно зголемена за 0,25 процентни поени, сега е на ниво од 5,50 проценти appeared first on Република.

]]>
Каматната стапка на благајничките записи се зголемува на 1,5 проценти https://republika.mk/vesti/ekonomija/kamatnata-stapka-na-blagajnichkite-zapisi-se-zgolemuva-na-1-5-procenti/ Wed, 13 Apr 2022 10:42:35 +0000 https://republika.mk/?p=487820

Каматната стапка на благајничките записи се зголемува за 0,25 процентни поени и отсега ќе изнесува 1,5 проценти, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка.

Одлуката, како што соопшти денеска Народната банка, е донесена како превентивен одговор на растечките инфлациски очекувања во услови на задржани оцени за отсуство на поизразени притисоци од домашната побарувачка и присутни надолни ризици за неа во следниот период.

При донесувањето на ваквата одлука во фокус беа најновите движења кај инфлацијата и инфлациските очекувања. Инаку, износот на понудата на благајнички записи на денешната аукција е непроменет, односно 10 милијарди денари, информира централната банка.

На состанокот на Комитетот за оперативна монетарна политика одржан вчера биле разгледани најновите движења на меѓународните и домашните финансиски пазари.

Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата продолжи да забрзува и во март 2022 година достигна годишна стапка од 8,8 проценти. Главните фактори на поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, односно цените на енергијата и на прехранбените производи, поради растечките увозни цени. На нив отпаѓа повеќе од три четвртини од растот. Сепак, имајќи предвид дека тие се влезен инпут кај повеќе други производи и услуги, а застојот кај синџирите за производство ги поскапува и другите увозни производи, најновите податоци покажуваат дека растот на цените станува пошироко распространет. Ова заедно со подолготрајниот ценовен притисок од првично очекуваните придонесува и за нагорни поместувања на инфлациските очекувања. Поизразени притисоци од побарувачката врз цените засега не се забележуваат, а воениот конфликт во Украина ги нагласува надолните ризици за домашната побарувачка во следниот период, стои во соопштението од Народната банка.

Оттаму информираат дека по иницијалниот притисок на девизниот пазар, кој вообичаено се случува во сите кризи, а којшто во голема мера беше поттикнат од неоснованите шпекулации за курсот, притисоците постепено се намалуваат и главно се поврзани со повисоката побарувачка од енергетскиот сектор, додека понудата од менувачниците бележи солиден раст надминувајќи го нивото и од пред пандемијата.

Девизните резерви остануваат на високо ниво согласно со сите меѓународни стандарди, а според прелиминарните податоци за март, годишниот раст на кредитите е солиден и е над проектираниот за првиот квартал од годинава, согласно октомвриската проекција.

Од Народната банка оценуваат дека неизвесноста и ризиците остануваат и нагласуваат дека како централна банка ќе продолжат со реоценување на поставеноста на монетарната политика.

Во тек е изработката на новиот циклус на макроекономски проекции во чии рамки ќе се направи сеопфатно реоценување на макроекономската слика и на поставеноста на монетарната политика. Доколку се оцени дека е потребно, централната банка ќе реагира со целиот свој расположлив инструментариум за задржување на ценовната и макроекономската стабилност, стои во соопштението од Народната банка.

The post Каматната стапка на благајничките записи се зголемува на 1,5 проценти appeared first on Република.

]]>

Каматната стапка на благајничките записи се зголемува за 0,25 процентни поени и отсега ќе изнесува 1,5 проценти, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. Одлуката, како што соопшти денеска Народната банка, е донесена како превентивен одговор на растечките инфлациски очекувања во услови на задржани оцени за отсуство на поизразени притисоци од домашната побарувачка и присутни надолни ризици за неа во следниот период. При донесувањето на ваквата одлука во фокус беа најновите движења кај инфлацијата и инфлациските очекувања. Инаку, износот на понудата на благајнички записи на денешната аукција е непроменет, односно 10 милијарди денари, информира централната банка. На состанокот на Комитетот за оперативна монетарна политика одржан вчера биле разгледани најновите движења на меѓународните и домашните финансиски пазари. Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата продолжи да забрзува и во март 2022 година достигна годишна стапка од 8,8 проценти. Главните фактори на поместувањата на ценовното ниво и понатаму се факторите на страната на понудата, односно цените на енергијата и на прехранбените производи, поради растечките увозни цени. На нив отпаѓа повеќе од три четвртини од растот. Сепак, имајќи предвид дека тие се влезен инпут кај повеќе други производи и услуги, а застојот кај синџирите за производство ги поскапува и другите увозни производи, најновите податоци покажуваат дека растот на цените станува пошироко распространет. Ова заедно со подолготрајниот ценовен притисок од првично очекуваните придонесува и за нагорни поместувања на инфлациските очекувања. Поизразени притисоци од побарувачката врз цените засега не се забележуваат, а воениот конфликт во Украина ги нагласува надолните ризици за домашната побарувачка во следниот период, стои во соопштението од Народната банка. Оттаму информираат дека по иницијалниот притисок на девизниот пазар, кој вообичаено се случува во сите кризи, а којшто во голема мера беше поттикнат од неоснованите шпекулации за курсот, притисоците постепено се намалуваат и главно се поврзани со повисоката побарувачка од енергетскиот сектор, додека понудата од менувачниците бележи солиден раст надминувајќи го нивото и од пред пандемијата. Девизните резерви остануваат на високо ниво согласно со сите меѓународни стандарди, а според прелиминарните податоци за март, годишниот раст на кредитите е солиден и е над проектираниот за првиот квартал од годинава, согласно октомвриската проекција. Од Народната банка оценуваат дека неизвесноста и ризиците остануваат и нагласуваат дека како централна банка ќе продолжат со реоценување на поставеноста на монетарната политика. Во тек е изработката на новиот циклус на макроекономски проекции во чии рамки ќе се направи сеопфатно реоценување на макроекономската слика и на поставеноста на монетарната политика. Доколку се оцени дека е потребно, централната банка ќе реагира со целиот свој расположлив инструментариум за задржување на ценовната и макроекономската стабилност, стои во соопштението од Народната банка.

The post Каматната стапка на благајничките записи се зголемува на 1,5 проценти appeared first on Република.

]]>