бизнисмени Archives - Република https://republika.mk/tema/biznismeni/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Jul 2024 11:43:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бизнисмени Archives - Република https://republika.mk/tema/biznismeni/ 32 32 Мицкоски: Владата останува партнер на бизнисот, компаниите да аплицираат за обезбедената поддршка https://republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-vladata-ostanuva-partner-na-biznisot-kompaniite-da-aplitsiraat-za-obezbedenata-poddrshka/ Thu, 25 Jul 2024 11:43:22 +0000 https://republika.mk/?p=800177

Стопанската комора му додели награда на премиерот Христијан Мицкоски за градење партнерство и заедничко дејствување за просперитетна Македонија.

На денешниот настан по повод 102 години од постоењето, Комората им врачи награди и на бизнисмени во различни категории.

Како што рече претседателот на Комората, Бранко Азески, Мицкоски го поддржувал бизнисот и додека бил во опозиција.

За мене ова е голема чест, но и одговорност. Изминативе први 30 дена оставаме срце на терен за да направиме нешто. Настапуваме патриотски, тоа што е интерес за граѓаните е и наш интерес, работиме посветено, не се штедиме - истакна Мицкоски во обраќањето пред присутните, изразувајќи благодарност за наградата.

Не сакаме да играме во шеста лига, сакаме во прва, му порачаа бизнисмените денеска на премиерот Христијан Мицкоски. Тие побараа и Владата да го комплетира тимот со искусни економисти.

Со Владата сакаме да ја направиме најголемата инвестиција, а потенцијал имаме - истакна сопственикот на ИГМ – Кавадарци, Илија Гечев.

Премиерот Мицкоски кој ги ислуша барањата и сугестиите на компаниите, рече дека транспарентноста и отчетноста ќе и бидат приоритет на Владата.

Наскоро, напомена, преку интернет страница граѓаните ќе можат да гледаат како и за што се трошат парите и на национално и на локално ниво. -Имаме намера да бидеме ваш партнер и да помагаме.

Сакам да ве уверам во тоа. Чуда се невозможни, но тоа што може, ќе го направиме во рамки на Уставот и законите. Наш интерес е домашната економија да се развива - потенцира Мицкоски и ги повика компаниите да аплицираат за 250-те милиони евра, обезбедени од Унгарија.

Мицкоски денеска од Комората, која одбележува 102 години постоење, доби награда за соработка и посветеност.

На настанот, покрај бизнисмени – членови на Комората, се и министрите за финансии, за енергетика, за транспорт и врски и за јавна администрација.

The post Мицкоски: Владата останува партнер на бизнисот, компаниите да аплицираат за обезбедената поддршка appeared first on Република.

]]>

Стопанската комора му додели награда на премиерот Христијан Мицкоски за градење партнерство и заедничко дејствување за просперитетна Македонија. На денешниот настан по повод 102 години од постоењето, Комората им врачи награди и на бизнисмени во различни категории. Како што рече претседателот на Комората, Бранко Азески, Мицкоски го поддржувал бизнисот и додека бил во опозиција.
За мене ова е голема чест, но и одговорност. Изминативе први 30 дена оставаме срце на терен за да направиме нешто. Настапуваме патриотски, тоа што е интерес за граѓаните е и наш интерес, работиме посветено, не се штедиме - истакна Мицкоски во обраќањето пред присутните, изразувајќи благодарност за наградата.
Не сакаме да играме во шеста лига, сакаме во прва, му порачаа бизнисмените денеска на премиерот Христијан Мицкоски. Тие побараа и Владата да го комплетира тимот со искусни економисти.
Со Владата сакаме да ја направиме најголемата инвестиција, а потенцијал имаме - истакна сопственикот на ИГМ – Кавадарци, Илија Гечев.
Премиерот Мицкоски кој ги ислуша барањата и сугестиите на компаниите, рече дека транспарентноста и отчетноста ќе и бидат приоритет на Владата. Наскоро, напомена, преку интернет страница граѓаните ќе можат да гледаат како и за што се трошат парите и на национално и на локално ниво. -Имаме намера да бидеме ваш партнер и да помагаме.
Сакам да ве уверам во тоа. Чуда се невозможни, но тоа што може, ќе го направиме во рамки на Уставот и законите. Наш интерес е домашната економија да се развива - потенцира Мицкоски и ги повика компаниите да аплицираат за 250-те милиони евра, обезбедени од Унгарија.
Мицкоски денеска од Комората, која одбележува 102 години постоење, доби награда за соработка и посветеност. На настанот, покрај бизнисмени – членови на Комората, се и министрите за финансии, за енергетика, за транспорт и врски и за јавна администрација.

The post Мицкоски: Владата останува партнер на бизнисот, компаниите да аплицираат за обезбедената поддршка appeared first on Република.

]]>
Путин ги повика бизнисмените да ја поврзат иднината на нивните семејства со Русија https://republika.mk/vesti/svet/putin-gi-povika-biznismenite-da-ja-povrzat-idninata-na-nivnite-semejstva-so-rusija/ Sat, 18 Jun 2022 13:53:29 +0000 https://republika.mk/?p=516669

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика претставниците на домашниот голем бизнис да ја поврзат својата иднина и иднината на нивните деца со Русија.

„Денес би сакал да им се обратам и на нашите лидери, сопственици на големи компании, нашите главни претприемачи и менаџери. Драги колеги, пријатели, вистинскиот, траен успех, чувството за достоинство и самопочит доаѓаат само кога ќе ја поврзете својата иднина, иднината на вашите деца, со вашата татковина“, нагласи шефот на државата, говорејќи на пленарната седница на СПИЕФ.

Путин истакна дека долго време е во контакт со многу извршни директори и сопственици на компании и ги знае нивните чувства.

„Многу пати сум слушнал од вас дека бизнисот е многу повеќе од правење профит. Тоа е вистина. Менувањето на животот наоколу, придонесот за развојот на вашиот роден град, регион, земја како целина е исклучително важна работа. Ништо не може да ја замени услугата за луѓето и општеството. Ова е смислата на животот, вистинската смисла на работата“, истакна претседателот.

„Неодамнешните настани само го потврдија она што постојано го кажував претходно: побезбедно е дома. Оние кои не сакаа да ја слушнат оваа очигледна порака изгубија стотици милиони, ако не и милијарди долари на Запад“, нагласи Путин.

The post Путин ги повика бизнисмените да ја поврзат иднината на нивните семејства со Русија appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика претставниците на домашниот голем бизнис да ја поврзат својата иднина и иднината на нивните деца со Русија. „Денес би сакал да им се обратам и на нашите лидери, сопственици на големи компании, нашите главни претприемачи и менаџери. Драги колеги, пријатели, вистинскиот, траен успех, чувството за достоинство и самопочит доаѓаат само кога ќе ја поврзете својата иднина, иднината на вашите деца, со вашата татковина“, нагласи шефот на државата, говорејќи на пленарната седница на СПИЕФ. Путин истакна дека долго време е во контакт со многу извршни директори и сопственици на компании и ги знае нивните чувства. „Многу пати сум слушнал од вас дека бизнисот е многу повеќе од правење профит. Тоа е вистина. Менувањето на животот наоколу, придонесот за развојот на вашиот роден град, регион, земја како целина е исклучително важна работа. Ништо не може да ја замени услугата за луѓето и општеството. Ова е смислата на животот, вистинската смисла на работата“, истакна претседателот. „Неодамнешните настани само го потврдија она што постојано го кажував претходно: побезбедно е дома. Оние кои не сакаа да ја слушнат оваа очигледна порака изгубија стотици милиони, ако не и милијарди долари на Запад“, нагласи Путин.

The post Путин ги повика бизнисмените да ја поврзат иднината на нивните семејства со Русија appeared first on Република.

]]>