бизнис доверба Archives - Република https://republika.mk/tema/biznis-doverba/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Nov 2022 14:15:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бизнис доверба Archives - Република https://republika.mk/tema/biznis-doverba/ 32 32 Бизнис довербата во Европа за 2023 година е најниско историско ниво https://republika.mk/vesti/svet/biznis-doverbata-vo-evropa-za-2023-godina-e-najnisko-istorisko-nivo/ Wed, 23 Nov 2022 14:15:30 +0000 https://republika.mk/?p=577395

Бизнис довербата во Европа за следната 2023 година е помала отколку за време на финансиската криза 2008-2009 година и екот на пандемијата со Ковид-19 односно е на историски најниско ниво.

Загриженоста за пристапот до енергија и суровини, недостиг на квалификации и трошоците за работна сила се меѓу клучните предизвици кои ги обликуваат наодите, врз основа на ставовите на повеќе од 42.000 компании во 25 европски земји. Податоците се од триесеттото годишно издание на Економското истражување на Асоцијацијата на европските стопански и индустриски комори (Eurochambres EES2023).

Сите индикатори ЕЕС2023 покажуваат дека бизнисмените очекуваат работите да се влошат пред да станат подобри.

Претприемачите се борат со зголемените плати и трошоци за производство, како и со неизвесноста за синџирите на снабдување и економските изгледи. Како одраз на ова, на европско ниво се забележува силен годишен пад на очекувањата за извозот, вработеноста и инвестициите, додека прогнозите за домашната продажба се пониски во споредба со 2021 година.

Во истражувањето компаниите од сите сектори одговорија на низа прашања за тоа како очекуваат да се претстават во 2023 година во однос на домашната и извозната продажба, работната сила, деловната доверба и севкупните инвестиции. Тие исто така беа прашани за импликациите што произлегуваат од пандемијата со коронавирусот и главните предизвици што ги очекуваат во 2023 година.

The post Бизнис довербата во Европа за 2023 година е најниско историско ниво appeared first on Република.

]]>

Бизнис довербата во Европа за следната 2023 година е помала отколку за време на финансиската криза 2008-2009 година и екот на пандемијата со Ковид-19 односно е на историски најниско ниво. Загриженоста за пристапот до енергија и суровини, недостиг на квалификации и трошоците за работна сила се меѓу клучните предизвици кои ги обликуваат наодите, врз основа на ставовите на повеќе од 42.000 компании во 25 европски земји. Податоците се од триесеттото годишно издание на Економското истражување на Асоцијацијата на европските стопански и индустриски комори (Eurochambres EES2023). Сите индикатори ЕЕС2023 покажуваат дека бизнисмените очекуваат работите да се влошат пред да станат подобри. Претприемачите се борат со зголемените плати и трошоци за производство, како и со неизвесноста за синџирите на снабдување и економските изгледи. Како одраз на ова, на европско ниво се забележува силен годишен пад на очекувањата за извозот, вработеноста и инвестициите, додека прогнозите за домашната продажба се пониски во споредба со 2021 година. Во истражувањето компаниите од сите сектори одговорија на низа прашања за тоа како очекуваат да се претстават во 2023 година во однос на домашната и извозната продажба, работната сила, деловната доверба и севкупните инвестиции. Тие исто така беа прашани за импликациите што произлегуваат од пандемијата со коронавирусот и главните предизвици што ги очекуваат во 2023 година.

The post Бизнис довербата во Европа за 2023 година е најниско историско ниво appeared first on Република.

]]>