бизарно Archives - Република https://republika.mk/tema/bizarno/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Jun 2023 13:34:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бизарно Archives - Република https://republika.mk/tema/bizarno/ 32 32 Монстуозен предмет оставен меѓу цвеќињата пред „Рибникар“, каде се одбележува 40-дневен помен https://republika.mk/vesti/balkan/monstuozen-predmet-ostaven-megu-tsvekinata-pred-ribnikar-kade-se-odbelezhuva-40-dneven-pomen/ Sun, 11 Jun 2023 13:54:29 +0000 https://republika.mk/?p=650158

Цвеќиња, пораки, свеќи денеска беа оставени пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, каде бројни граѓани ја искористија можноста да одбележат 40 дена од загинувањето на децата и чуварот во крвавиот пир на 13-годишниот ученик. Училиштето е отворено за секој кој сака да положи цвеќе од 10.00 до 18.00 часот и да оддаде почит за Драган и деветте загинати деца.

Но, репортерот на порталот Нова.рс забележал еден монструозен потег - на оградата од училиштето, каде се оставени цвеќиња и свеќи, некој оставил капа со куршум врз неа.

[caption id="attachment_650159" align="aligncenter" width="1024"] (фото: Dragan Mujan/Nova.rs)[/caption]

За ова веднаш била известена полицијата која ќе утврди дали се работи за вистински куршум и кој ја оставил капата овде.

 

The post Монстуозен предмет оставен меѓу цвеќињата пред „Рибникар“, каде се одбележува 40-дневен помен appeared first on Република.

]]>

Цвеќиња, пораки, свеќи денеска беа оставени пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, каде бројни граѓани ја искористија можноста да одбележат 40 дена од загинувањето на децата и чуварот во крвавиот пир на 13-годишниот ученик. Училиштето е отворено за секој кој сака да положи цвеќе од 10.00 до 18.00 часот и да оддаде почит за Драган и деветте загинати деца. Но, репортерот на порталот Нова.рс забележал еден монструозен потег - на оградата од училиштето, каде се оставени цвеќиња и свеќи, некој оставил капа со куршум врз неа. [caption id="attachment_650159" align="aligncenter" width="1024"] (фото: Dragan Mujan/Nova.rs)[/caption] За ова веднаш била известена полицијата која ќе утврди дали се работи за вистински куршум и кој ја оставил капата овде.  

The post Монстуозен предмет оставен меѓу цвеќињата пред „Рибникар“, каде се одбележува 40-дневен помен appeared first on Република.

]]>
Залутан куршум ѝ заглавил во клиторисот, била повредена додека седела на кауч во дневна https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/zalutan-kurshum-zaglavil-vo-klitorisot-bila-povredena-dodeka-sedela-na-kauch-vo-dnevna/ Sat, 29 Apr 2023 08:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=635186

Лекарите морале да отстранат залутан куршум од клиторисот на 24-годишна жена, откако случајно била застрелана, пишува „Дејли мејл“.

Жена од Сомалија била итно пренесена во болница со силни болки откако куршум од два сантиметри поминал низ таванот додека седела во својата дневна соба. Таа пристигнала во болница еден час по повредата.

Снимките откриле дека куршумот бил сместен во нејзиниот клиторис откако бил испукан во нејзината вулва и морало да се отстрани со операција.

Записите од нејзината повреда беа објавени во International Journal of Surgery Case Reports, бидејќи според лекарите што ја спасија ова е прв ваков случај во светот.

По пристигнувањето во болница, жената на гинеколошкиот тим му рекла дека седела во нејзината дневна соба кога залутан куршум прелетал низ таванот. Други детали за овој инцидент не се познати, а не е познат ниту датумот кога се случил.

Лекарите под локална анестезија го извадиле куршумот, а жената следниот ден била пуштена дома. На последователниот преглед еден месец подоцна се било во ред и не биле забележани никакви дополнителни компликации.

Причините за траумата на вулвата обично се повреди поврзани со спорт или повреди од паѓање при прескокнување на ограда, додека повредите на вулвата од огнено оружје се исклучително ретки, велат лекарите и додаваат дека било потребна посебна грижа за да се избегне оштетување на уретрата и карличната област.

Повредите од заскитани куршуми се вообичаени во станбените области во земјите зафатени од војна, како што е Сомалија.

The post Залутан куршум ѝ заглавил во клиторисот, била повредена додека седела на кауч во дневна appeared first on Република.

]]>

Лекарите морале да отстранат залутан куршум од клиторисот на 24-годишна жена, откако случајно била застрелана, пишува „Дејли мејл“. Жена од Сомалија била итно пренесена во болница со силни болки откако куршум од два сантиметри поминал низ таванот додека седела во својата дневна соба. Таа пристигнала во болница еден час по повредата. Снимките откриле дека куршумот бил сместен во нејзиниот клиторис откако бил испукан во нејзината вулва и морало да се отстрани со операција. Записите од нејзината повреда беа објавени во International Journal of Surgery Case Reports, бидејќи според лекарите што ја спасија ова е прв ваков случај во светот. По пристигнувањето во болница, жената на гинеколошкиот тим му рекла дека седела во нејзината дневна соба кога залутан куршум прелетал низ таванот. Други детали за овој инцидент не се познати, а не е познат ниту датумот кога се случил. Лекарите под локална анестезија го извадиле куршумот, а жената следниот ден била пуштена дома. На последователниот преглед еден месец подоцна се било во ред и не биле забележани никакви дополнителни компликации. Причините за траумата на вулвата обично се повреди поврзани со спорт или повреди од паѓање при прескокнување на ограда, додека повредите на вулвата од огнено оружје се исклучително ретки, велат лекарите и додаваат дека било потребна посебна грижа за да се избегне оштетување на уретрата и карличната област. Повредите од заскитани куршуми се вообичаени во станбените области во земјите зафатени од војна, како што е Сомалија.

The post Залутан куршум ѝ заглавил во клиторисот, била повредена додека седела на кауч во дневна appeared first on Република.

]]>
Се жалел на огромни болки во стомакот, лекарите му пронашле банана во кондом https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-zhalel-na-ogromni-bolki-vo-stomakot-lekarite-mu-pronashle-banana-vo-kondom/ Mon, 10 Apr 2023 20:20:18 +0000 https://republika.mk/?p=629603

Анонимен 34-годишен маж бил примен во болница со стомачни болки, гадење и повраќање, а по прегледот лекарите откриле дека во тенкото црево му заглавила банана завиткана во кондом.

Според пациентот, „се чувствувал принуден да проголта банана“ во налет на „хормонален бес“. Наводно, страдал од депресија, а при наплив на неконтролиран бес се натерал да го направи овој необичен чин.

За среќа, лекарите брзо реагирале и го испратиле пациентот на операција, при што успеале да ја извадат бананата од неговата утроба. По закрепнувањето, мажот се вратил на нормален начин на исхрана и активен живот, а лекарите го следеле во следните шест месеци за да се уверат дека ваква бизарна ситуација нема да се повтори.

Овој случај доби интересно внимание во научните кругови, па дури беше објавен во медицинското списание „Kureus“ како прв ваков случај во светот. Авторите на студијата забележаа дека опструкциите на тенкото црево се ретки и обично се резултат на „голтање кондоми полни со дрога за шверц“, но дека овој случај е уникатен и затоа мора да се истакне.

The post Се жалел на огромни болки во стомакот, лекарите му пронашле банана во кондом appeared first on Република.

]]>

Анонимен 34-годишен маж бил примен во болница со стомачни болки, гадење и повраќање, а по прегледот лекарите откриле дека во тенкото црево му заглавила банана завиткана во кондом. Според пациентот, „се чувствувал принуден да проголта банана“ во налет на „хормонален бес“. Наводно, страдал од депресија, а при наплив на неконтролиран бес се натерал да го направи овој необичен чин. За среќа, лекарите брзо реагирале и го испратиле пациентот на операција, при што успеале да ја извадат бананата од неговата утроба. По закрепнувањето, мажот се вратил на нормален начин на исхрана и активен живот, а лекарите го следеле во следните шест месеци за да се уверат дека ваква бизарна ситуација нема да се повтори. Овој случај доби интересно внимание во научните кругови, па дури беше објавен во медицинското списание „Kureus“ како прв ваков случај во светот. Авторите на студијата забележаа дека опструкциите на тенкото црево се ретки и обично се резултат на „голтање кондоми полни со дрога за шверц“, но дека овој случај е уникатен и затоа мора да се истакне.

The post Се жалел на огромни болки во стомакот, лекарите му пронашле банана во кондом appeared first on Република.

]]>
Забележале жена која чудно оди, не им се верувало што крие под сукња https://republika.mk/zivot/patuvanja/zabelezale-zena-koja-chudno-odi-ne-im-se-veruvalo-shto-krie-pod-suknja/ Fri, 09 Dec 2022 21:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=583558

Најнеобична заплена имала царинската полиција на аеродромот на тајванскиот остров Кинмен, кога запреле жена која чудно се движела.

Шеесетгодишната жена се враќала од Кина, а обезбедувањето забележало дека таа чудно оди. Ја запреле за да проверат што е проблемот, а претресот сосема ги изненадил кога погледнале што носи под здолништето.

На нозете ѝ биле залепени 24 гербили, вид на глодари, кои ги сокрила во кеси.

Жената пред полицијата тврдека дека ги шверцува глодарите како подарок за пријатели и дека ги купила во продавница за миленичиња во Кина. Сепак, властите веруваат дека таа била испратена од шверцерската мафија да ги тестира перформансите на персоналот за безбедност на овој аеродром.

За жал, глодарите биле успиени по заплената.

The post Забележале жена која чудно оди, не им се верувало што крие под сукња appeared first on Република.

]]>

Најнеобична заплена имала царинската полиција на аеродромот на тајванскиот остров Кинмен, кога запреле жена која чудно се движела. Шеесетгодишната жена се враќала од Кина, а обезбедувањето забележало дека таа чудно оди. Ја запреле за да проверат што е проблемот, а претресот сосема ги изненадил кога погледнале што носи под здолништето. На нозете ѝ биле залепени 24 гербили, вид на глодари, кои ги сокрила во кеси. Жената пред полицијата тврдека дека ги шверцува глодарите како подарок за пријатели и дека ги купила во продавница за миленичиња во Кина. Сепак, властите веруваат дека таа била испратена од шверцерската мафија да ги тестира перформансите на персоналот за безбедност на овој аеродром. За жал, глодарите биле успиени по заплената.

The post Забележале жена која чудно оди, не им се верувало што крие под сукња appeared first on Република.

]]>
„Дали сум јас идиот?!“: Хрват казнет оти се скарал сам со себе https://republika.mk/vesti/balkan/dali-sum-jas-idiot-hrvat-kaznet-oti-se-skaral-sam-so-sebe/ Mon, 11 Jul 2022 07:25:05 +0000 https://republika.mk/?p=526809

Хрват бил уапсен и казнет откако се скарал сам со себе.

Во неправосилната пресуда објавена деновиве, се наведува дека на 8 март годинава во угостителскиот објект „Тип топ“ во Вишњевац, 27-годишното момче го нарушило јавниот ред и мир оти викал на јавно место, говорејќи гласно, а неразбирливо, додека зборувал сам со себе.

Тој, според очевидци, во ресторанот почнал да вика: „Дали сум јас идиот!?“ По кусо време го турнал пепелникот од масата, а потоа и самиот паднал од столот на подот. После тоа повторно викал на цел глас „Јас сум ќелав, но не сум глупав мајмун!“ …Па, повторно седнал до масата и почна да вика дека ќе скрши сѐ и „нека се јават на кого и да сакаат“.

По „караницата“, човекот е прогласен за виновен за нарушување на јавниот ред и мир. Казнет со 700 куни, но ќе треба да плати 100 куни (823 македонски денари), бидејќи неговите два дена во полициски притвор се бројат како 600 куни.

The post „Дали сум јас идиот?!“: Хрват казнет оти се скарал сам со себе appeared first on Република.

]]>

Хрват бил уапсен и казнет откако се скарал сам со себе. Во неправосилната пресуда објавена деновиве, се наведува дека на 8 март годинава во угостителскиот објект „Тип топ“ во Вишњевац, 27-годишното момче го нарушило јавниот ред и мир оти викал на јавно место, говорејќи гласно, а неразбирливо, додека зборувал сам со себе. Тој, според очевидци, во ресторанот почнал да вика: „Дали сум јас идиот!?“ По кусо време го турнал пепелникот од масата, а потоа и самиот паднал од столот на подот. После тоа повторно викал на цел глас „Јас сум ќелав, но не сум глупав мајмун!“ …Па, повторно седнал до масата и почна да вика дека ќе скрши сѐ и „нека се јават на кого и да сакаат“. По „караницата“, човекот е прогласен за виновен за нарушување на јавниот ред и мир. Казнет со 700 куни, но ќе треба да плати 100 куни (823 македонски денари), бидејќи неговите два дена во полициски притвор се бројат како 600 куни.

The post „Дали сум јас идиот?!“: Хрват казнет оти се скарал сам со себе appeared first on Република.

]]>
Трудница си закова шајка во глава, бајач ја убедил дека така ќе роди машко дете https://republika.mk/vesti/svet/trudnica-si-zakova-shajka-vo-glava-bajach-ja-ubedil-deka-taka-kje-rodi-mashko-dete/ Sat, 19 Feb 2022 08:52:58 +0000 https://republika.mk/?p=459905

Трудница си закова клинец во главата откако исцелител ја убедил дека така со гаранција ќе роди машко дете. Инцидентот се случил пред неколку дена во градот Пешавар во Пакистан.

Неврологот Хајдер Сулеман, кој ја лекувал жртвата во болницата „Лејди Ридинг“, за паскистанскиот весник „Зора“ открил дека иако шајката долга 5 сантиметри продрела во черепот на жената, за среќа, не стигнала до нејзиниот мозок.

Таа рече дека една жена од нејзиното маало го направила истото, си заковала шајка во главата, и родила момче иако ултразвукот покажал дека нејзиното неродено дете е девојче, раскажува докторот.

Трудницата во болница прво тврдела дека сама си ја ставила шајката, според советите на исцелителот, за подоцна да признае дека самиот тој ја „заковал“. Според пакистанските медиуми, тој вчера бил повикан на разговор.

Дополнително вознемирувачка е и веста дека роднините на трудницата, пред да побараат лекарска помош, сами се обиделе да ја извлечат шајката од нејзиниот череп.

The post Трудница си закова шајка во глава, бајач ја убедил дека така ќе роди машко дете appeared first on Република.

]]>

Трудница си закова клинец во главата откако исцелител ја убедил дека така со гаранција ќе роди машко дете. Инцидентот се случил пред неколку дена во градот Пешавар во Пакистан. Неврологот Хајдер Сулеман, кој ја лекувал жртвата во болницата „Лејди Ридинг“, за паскистанскиот весник „Зора“ открил дека иако шајката долга 5 сантиметри продрела во черепот на жената, за среќа, не стигнала до нејзиниот мозок.
Таа рече дека една жена од нејзиното маало го направила истото, си заковала шајка во главата, и родила момче иако ултразвукот покажал дека нејзиното неродено дете е девојче, раскажува докторот.
Трудницата во болница прво тврдела дека сама си ја ставила шајката, според советите на исцелителот, за подоцна да признае дека самиот тој ја „заковал“. Според пакистанските медиуми, тој вчера бил повикан на разговор. Дополнително вознемирувачка е и веста дека роднините на трудницата, пред да побараат лекарска помош, сами се обиделе да ја извлечат шајката од нејзиниот череп.

The post Трудница си закова шајка во глава, бајач ја убедил дека така ќе роди машко дете appeared first on Република.

]]>