битумен Archives - Република https://republika.mk/tema/bitumen/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Jul 2022 10:28:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png битумен Archives - Република https://republika.mk/tema/bitumen/ 32 32 Стоилковски: На тендер од 10 милиони евра за битумен за Македонија пат, над 4 милиона евра повеќе за транспорт https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-na-tender-od-10-milioni-evra-za-bitumen-za-makedonija-pat-nad-4-miliona-evra-povekje-za-transport/ Mon, 25 Jul 2022 10:28:25 +0000 https://republika.mk/?p=532919

Почитувани, само и само од набавка на битумен, набавка од Македонија пат, на тендер од 10 милиони евра, заради крајно високи и непазарни цени во документацијата, постои сомнеж за криминална заработка од над 4 милиона евра.Македонија пат на 9 мај склучила договор за две години со компанијата Топ Билд ДООЕЛ од Скопје, член на група: Хифа Оил од Тешањ – БИХ, како носител на набавка на 9.350 тони битумен. Тоа се вкупно, броено во цистерни 374 цистерни за транспорт по 25 тона битумен, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Цената на битуменот се гледа на берза, и таа е еднаква за сите и изнесува 592евра за тон. Тоа што е променливо и што ги прави промените во цените при набавка, се трошоците во делот за транспорт до оној што го порачува, давачки кон државата и заработка од транспортот. Македонија Пат склучила договор од 1069 евра за тон вкупно, па ако се иземе цената на битуменот од 592 евра, излегува дека трошоците за транспорт се 487 евра за тон. Или помножено со 25 тона, тоа се 12. 175 евра за цистерна, со што вкупно, за сета набавка се добива сума од речиси 4,5 милиони евра за транспорт. За споредба, ЈП Улици и патишта Скопје пред 2 месеца склучува тендер за битумен во која што документација за една цистерна битумен се добива за 1.185 евра, Македонија пат според договорот за 12.175 евра. Тоа се безмалку 11.000 евра разлика во цена по само една цистерна. Набавката е за 374 цистерни, пресметано во пари, тоа е над 4.милиони и 100.000 евра само од разликата во цена меѓу Македонија пат и Улици и патишта од Скопје. Почитувани, цената којашто Македонија пат ја прифатила за да се донесе битуменот е нереална и превисока, и ако се споредува и со други набавки, но и ако се земе предвид реалната цена на пазарот за транспорт, се работи за договор, тендер, по крајно високи и непазарни цени. На тендер од 10 милиони евра, над 4 милиони евра е разликата којашто влегува во заработката. Ова е случај којшто мора да биде испитан, мора да биде отворен од институциите. Постои сомнеж за криминална заработка од над 4 милиона евра. Зошто се прифатени толкави цени, дали се проверени цените на пазарот за транспорт, колкав е уделот за заработка и на крајот постои ли можност цената да е договорена и кој е крајниот корисник на таа разлика во цените? Овие прашања мора да добијат одговор! Македонија влегува од криза во криза, народот е се посиромашен, инфлацијата е двоцифрена на месечно ниво. СДСМ и ДУИ не застануваат со криминал и тоа е единствената спрега за опстанок на оваа ненародна власт - истакна Стоилковски.

Нема ден да нема нов криминал од оваа предавничката власт. Додека јавноста е шокирана од предавството и од потписот за прифаќање на асимилација, СДСМ и ДУИ се држат за фотељите само и само за криминал повеќе, додаде тој.

The post Стоилковски: На тендер од 10 милиони евра за битумен за Македонија пат, над 4 милиона евра повеќе за транспорт appeared first on Република.

]]>

Тендер за битумен тежок 9 милиони евра го добила компанијата „Топ билд“ https://republika.mk/vesti/ekonomija/tender-za-bitumen-tezok-9-milioni-evra-go-dobila-kompanijata-top-bild/ Wed, 20 Jul 2022 18:59:11 +0000 https://republika.mk/?p=531562

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта склучило рамковна спогодба со компанијата „Топ Билд“ за набавка на битумен во вредност од 554,6 милиони денари или над 9 милиони евра, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки. Според информации на Фокус, веќе почнала да се исцрпува оваа спогодба, во чии рамки се склучиле одделни договори од околу 120 милиони денари.

Документацијата што ја обезбедивме открива дека интерес за оваа набавка пројавиле неколку компании, кои влијаеле да се измени тендерската документација и да се омекнат критериумите за учество. Но, тие потоа воопшто не доставиле понуди. Така, постапката се спровела без конкуренција, а спогодбата била склучена со единствениот понудувач.

Имено, спогодбата е склучена со градежната компанија „Топ Билд“, која, според податоците од Централниот регистар, е формирана во 2009 година, додека моментално нејзин сопственик и воедно управител е Радоман Дамјановиќ. Притоа, треба да се истакне дека оваа компанија не настапила самостојно, туку тендерот го добила како носител на групација со босанската „Хифа Оил“.

Првично, тендерската документација била променета по иницијатива на самото јавно претпријатие, од каде информираат дека направената измена предвидувала условот за поседување на соодветен сертификат – стандард да остане, меѓутоа да се премести во друга група на услови. Оттука, се работи за техничка измена, додека суштинските измени се направени по иницијатива на заинтересирани компании.

Една од нив е компанијата „Транслеад“, која имала три барања до договорниот орган. Прво, компанијата побарала банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на работите од 5 отсто да се однесува на секој поединечен договор што би се склучувал во рамки на рамковната спогодба, а не на висината на спогодбата. Овој услов е прифатен.

Целиот текст ТУКА

The post Тендер за битумен тежок 9 милиони евра го добила компанијата „Топ билд“ appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта склучило рамковна спогодба со компанијата „Топ Билд“ за набавка на битумен во вредност од 554,6 милиони денари или над 9 милиони евра, покажуваат податоците од Бирото за јавни набавки. Според информации на Фокус, веќе почнала да се исцрпува оваа спогодба, во чии рамки се склучиле одделни договори од околу 120 милиони денари. Документацијата што ја обезбедивме открива дека интерес за оваа набавка пројавиле неколку компании, кои влијаеле да се измени тендерската документација и да се омекнат критериумите за учество. Но, тие потоа воопшто не доставиле понуди. Така, постапката се спровела без конкуренција, а спогодбата била склучена со единствениот понудувач. Имено, спогодбата е склучена со градежната компанија „Топ Билд“, која, според податоците од Централниот регистар, е формирана во 2009 година, додека моментално нејзин сопственик и воедно управител е Радоман Дамјановиќ. Притоа, треба да се истакне дека оваа компанија не настапила самостојно, туку тендерот го добила како носител на групација со босанската „Хифа Оил“. Првично, тендерската документација била променета по иницијатива на самото јавно претпријатие, од каде информираат дека направената измена предвидувала условот за поседување на соодветен сертификат – стандард да остане, меѓутоа да се премести во друга група на услови. Оттука, се работи за техничка измена, додека суштинските измени се направени по иницијатива на заинтересирани компании. Една од нив е компанијата „Транслеад“, која имала три барања до договорниот орган. Прво, компанијата побарала банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на работите од 5 отсто да се однесува на секој поединечен договор што би се склучувал во рамки на рамковната спогодба, а не на висината на спогодбата. Овој услов е прифатен.
Целиот текст ТУКА

The post Тендер за битумен тежок 9 милиони евра го добила компанијата „Топ билд“ appeared first on Република.

]]>