Битолско културно лето Archives - Република https://republika.mk/tema/bitolsko-kulturno-leto/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jul 2024 14:01:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Битолско културно лето Archives - Република https://republika.mk/tema/bitolsko-kulturno-leto/ 32 32 Повик за учество во програмата на битолското културно лето „Бит фест 2024“ https://republika.mk/vesti/kultura/povik-za-uchestvo-vo-programata-na-bitolskoto-kulturno-leto-bit-fest-2024/ Wed, 17 Jul 2024 15:41:12 +0000 https://republika.mk/?p=797739

Од денеска до 23 јули 2024 (до 15.30 часот) е отворен јавниот повик на Општина Битола за учество во програмата на годинашното, 16-то битолско културно лето - „Бит фест 2024“.

Повикот е за кофинансирање манифестации и проекти од областа на културата: музичка и музичко-сценска уметност; театар; ликовна уметност; видео, фото, филмска уметност; литература; фолклор; нови уметности; мултидисциплинарни проекти.

Како што соопшти Општина Битола, предвиден е вкупен износ од еден милион денари, а aктивностите треба да бидат реализирани заклучно со 31 август 2024.

-Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата (со седиште во Општина Битола). Ако апликантот е со седиште во друга општина, проектот/активноста треба да биде одржана на територија на општина Битола. Со цел поддршка и промоција на културните настани и дисперзија на случувањата на различни локации во Општината, приоритет ќе имаат  манифестации и предлог настаните кои ќе се одржат на алтернативен простор, соодветно на комплетноста на апликационата форма, наведува Општина Битола во повикот на кој заинтересираните може да се пријават во наредните шест дена.

Општината посочува дека организаторите на културните настани и манифестации кои се дел од програмата за култура, усвоена од Советот на општина Битола, немаат право да аплицираат на овој повик, а нивните манифестации ќе бидат дел од програмата на „Бит фест 2024“.

Повеќе информации за јавниот повик и документацијата за аплицирање се достапни на линкот www.bitola.gov.mk/bitfest-2024/

The post Повик за учество во програмата на битолското културно лето „Бит фест 2024“ appeared first on Република.

]]>

Од денеска до 23 јули 2024 (до 15.30 часот) е отворен јавниот повик на Општина Битола за учество во програмата на годинашното, 16-то битолско културно лето - „Бит фест 2024“. Повикот е за кофинансирање манифестации и проекти од областа на културата: музичка и музичко-сценска уметност; театар; ликовна уметност; видео, фото, филмска уметност; литература; фолклор; нови уметности; мултидисциплинарни проекти. Како што соопшти Општина Битола, предвиден е вкупен износ од еден милион денари, а aктивностите треба да бидат реализирани заклучно со 31 август 2024. -Право на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани субјекти, физички лица, правни лица, здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата (со седиште во Општина Битола). Ако апликантот е со седиште во друга општина, проектот/активноста треба да биде одржана на територија на општина Битола. Со цел поддршка и промоција на културните настани и дисперзија на случувањата на различни локации во Општината, приоритет ќе имаат  манифестации и предлог настаните кои ќе се одржат на алтернативен простор, соодветно на комплетноста на апликационата форма, наведува Општина Битола во повикот на кој заинтересираните може да се пријават во наредните шест дена. Општината посочува дека организаторите на културните настани и манифестации кои се дел од програмата за култура, усвоена од Советот на општина Битола, немаат право да аплицираат на овој повик, а нивните манифестации ќе бидат дел од програмата на „Бит фест 2024“. Повеќе информации за јавниот повик и документацијата за аплицирање се достапни на линкот www.bitola.gov.mk/bitfest-2024/

The post Повик за учество во програмата на битолското културно лето „Бит фест 2024“ appeared first on Република.

]]>
Коњановски: Губењето на мнозинството во Советот ја скрати програмата за Битолското културно лето, реакциите од уметниците не стивнуваат https://republika.mk/vesti/makedonija/konanovski-gubeneto-na-mnozinstvoto-vo-sovetot-ja-skrati-programata-za-bitolskoto-kulturno-leto-reaktsiite-od-umetnitsite-ne-stivnuvaat/ Fri, 09 Jun 2023 08:10:00 +0000 https://republika.mk/?p=649463

Политичката криза во Битола „засвири“ и во културата, па бројни врвни музички уметници останаа извисени да настапат на Битолското културно лето.

Реакциите на врвни македонски уметници кои останаа без настапи на годинешното Битолско културно лето се разочарани, па дури и гневни. Меѓу нив се пијанистите Марија Вршкова, Петар Макариевски, Иван Трајковски и виолинистот Владимир Костов. Тие во изјави за „Независен“ не го кријат револтот поради вмешувањето на политиката. Иван Трајковски вели дека „политиката да не претставува пречка во ширењето на културата и уметноста“.

Со новото прегрупирање во битолскиот Совет, откако ВМРО-ДПМНЕ остана без мнозинство и новата неформалната коалиција меѓу СДСМ и независните од „Поинаку“ го доведоа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во позиција да им се извини на сите уметници кои покажаа интерес да настапат на Битолското културно лето, а нема пари за нивните настапи.

Коњановски тоа го образложува со „недостаток на поддршка од Советот, која ги ограничува и финансиските ресурси кои општината треба да ги издвои и реализира за висококвалитетните музичко-сценски и уметнички настани, како и за дополнителна офф програма, што би значело фестивалска поддршка и за алтернативната сцена и младите уметници од нашиот град“.

Во средата на прес конференција Коњановски разочара истакнати и докажани македонски уметници кои години наназад ги полнеа концертните сали во Битола како дел од Битфест.

Пијанистката Вршкова вели новите случување за Битолското културно лето е обид на одредена група политичари кои сакаат да ја замрат културата во градот на клавирите.

„Изјавата на градоначалникот Коњановски, кај мене, како и кај другите уметници предизвика огромен револт. За град, кој и не случајно е познат како „Град на клавирите“, кој секогаш важел за културен центар и каде настапувале светски имиња, за град во кој публиката е желна за културни случувања, неправедно е да не се одвојат средства за културни настани кои го издигнуваат градот на мапата на значајни културни дестинации. Како уметник кој излегол од Битолското музичко училиште, и токму првите чекори на музичката сцена ги направил во салата на Офицерскиот дом, од особено задоволство ми беше идејата за аплицирање и презентирање на составот ‘30 прсти’ пред битолската публика, особено знаејќи дека се работи за 15-годишен јубилеј на Битолско културно лето. Овој чекор само ја девалвира работата на уметниците на кои единствена желба им е да ја разубават и збогатат културната понуда на градот, наспроти одредена група т.н политичари, кои истата пак сакаат да ја замрат. Битола не го заслужува ова“, реагира Вршкова.

На настапот во Битола и концертот во акустичната сала на обновениот Офицерски дом са радувал и пијанистот Трајковски, роден битолчанец. Но вели дека „неискажаното содејство за програмата од страна на одредени советници, има негативно влијание како на уметниците, така и на градот и битолчани. Апелирам политиката да не претставува пречка во ширењето на културата и уметноста“, апелира Трајковски.

Петар Макариевски, пијанист и професор реагира дека непријатно се изненадени како уметници од одлуката на Општина Битола да бидат изземени сите камерно-солистички проекти од музичко-сценската дејност како настани и манифестации на Битолско културно лето 2023 година.

„Од мое лично, но и од име на моите соработници во ‘Пијано трио’, Татјана Петрушевска-Караскаковска, прва обоа при МОБ и Марјан Милошевски, прв фагот при МОБ и вонреден професор на ФМУ, најодговорно изјавуваме дека нашата желба да бидеме дел од овогодинешната програма на Битолско културно лето произлегува од почитта кон музичкиот легат кој градот Битола го има оставено и задолжено севкупното културно наследство во Македонија. Заснувањето на овој тип на културни манифестации катастрофално ќе се одрази во севкупното културно и социјално битисување на еден народ“, вели професорот Макариевски додавајќи дека „сите понатамошни одлуки кои директно се однесуваат во зачувувањето на нематеријалното, како и материјалното културно наследство, многу сериозно ќе бидат разгледувани и носени единствено во интерес на зачувувањето на културниот идентитет на државата“.

Mакедонскиот виолинист и концерт мајстор на Македонската филхармонија Владимир Костов реагира дека со години наназад, Битолското културно лето е најголемиот културен двигател во градот во текот на летниот период и е „најжив“ град во државата, па од тука не разбира зошто се прават опструкции на сметка на културата, затоа што со тоа никој не добива ништо, а губи градот.

Пред два дена градоначалникот Тони Коњановски изјави дека поради тоа што не се зголемени средствата за реализација на сите планирани настани за Битфест Општината ќе го организира во рамките на одобрените финансии.

Фестивалот оваа година ќе започне на 23 јуни со спектакуларен настан на Хераклеја, но програмскиот концепт, главно ќе вклучува традиционални настани и манифестации.

The post Коњановски: Губењето на мнозинството во Советот ја скрати програмата за Битолското културно лето, реакциите од уметниците не стивнуваат appeared first on Република.

]]>

Политичката криза во Битола „засвири“ и во културата, па бројни врвни музички уметници останаа извисени да настапат на Битолското културно лето. Реакциите на врвни македонски уметници кои останаа без настапи на годинешното Битолско културно лето се разочарани, па дури и гневни. Меѓу нив се пијанистите Марија Вршкова, Петар Макариевски, Иван Трајковски и виолинистот Владимир Костов. Тие во изјави за „Независен“ не го кријат револтот поради вмешувањето на политиката. Иван Трајковски вели дека „политиката да не претставува пречка во ширењето на културата и уметноста“. Со новото прегрупирање во битолскиот Совет, откако ВМРО-ДПМНЕ остана без мнозинство и новата неформалната коалиција меѓу СДСМ и независните од „Поинаку“ го доведоа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во позиција да им се извини на сите уметници кои покажаа интерес да настапат на Битолското културно лето, а нема пари за нивните настапи. Коњановски тоа го образложува со „недостаток на поддршка од Советот, која ги ограничува и финансиските ресурси кои општината треба да ги издвои и реализира за висококвалитетните музичко-сценски и уметнички настани, како и за дополнителна офф програма, што би значело фестивалска поддршка и за алтернативната сцена и младите уметници од нашиот град“. Во средата на прес конференција Коњановски разочара истакнати и докажани македонски уметници кои години наназад ги полнеа концертните сали во Битола како дел од Битфест. Пијанистката Вршкова вели новите случување за Битолското културно лето е обид на одредена група политичари кои сакаат да ја замрат културата во градот на клавирите.
„Изјавата на градоначалникот Коњановски, кај мене, како и кај другите уметници предизвика огромен револт. За град, кој и не случајно е познат како „Град на клавирите“, кој секогаш важел за културен центар и каде настапувале светски имиња, за град во кој публиката е желна за културни случувања, неправедно е да не се одвојат средства за културни настани кои го издигнуваат градот на мапата на значајни културни дестинации. Како уметник кој излегол од Битолското музичко училиште, и токму првите чекори на музичката сцена ги направил во салата на Офицерскиот дом, од особено задоволство ми беше идејата за аплицирање и презентирање на составот ‘30 прсти’ пред битолската публика, особено знаејќи дека се работи за 15-годишен јубилеј на Битолско културно лето. Овој чекор само ја девалвира работата на уметниците на кои единствена желба им е да ја разубават и збогатат културната понуда на градот, наспроти одредена група т.н политичари, кои истата пак сакаат да ја замрат. Битола не го заслужува ова“, реагира Вршкова.
На настапот во Битола и концертот во акустичната сала на обновениот Офицерски дом са радувал и пијанистот Трајковски, роден битолчанец. Но вели дека „неискажаното содејство за програмата од страна на одредени советници, има негативно влијание како на уметниците, така и на градот и битолчани. Апелирам политиката да не претставува пречка во ширењето на културата и уметноста“, апелира Трајковски. Петар Макариевски, пијанист и професор реагира дека непријатно се изненадени како уметници од одлуката на Општина Битола да бидат изземени сите камерно-солистички проекти од музичко-сценската дејност како настани и манифестации на Битолско културно лето 2023 година.
„Од мое лично, но и од име на моите соработници во ‘Пијано трио’, Татјана Петрушевска-Караскаковска, прва обоа при МОБ и Марјан Милошевски, прв фагот при МОБ и вонреден професор на ФМУ, најодговорно изјавуваме дека нашата желба да бидеме дел од овогодинешната програма на Битолско културно лето произлегува од почитта кон музичкиот легат кој градот Битола го има оставено и задолжено севкупното културно наследство во Македонија. Заснувањето на овој тип на културни манифестации катастрофално ќе се одрази во севкупното културно и социјално битисување на еден народ“, вели професорот Макариевски додавајќи дека „сите понатамошни одлуки кои директно се однесуваат во зачувувањето на нематеријалното, како и материјалното културно наследство, многу сериозно ќе бидат разгледувани и носени единствено во интерес на зачувувањето на културниот идентитет на државата“.
Mакедонскиот виолинист и концерт мајстор на Македонската филхармонија Владимир Костов реагира дека со години наназад, Битолското културно лето е најголемиот културен двигател во градот во текот на летниот период и е „најжив“ град во државата, па од тука не разбира зошто се прават опструкции на сметка на културата, затоа што со тоа никој не добива ништо, а губи градот. Пред два дена градоначалникот Тони Коњановски изјави дека поради тоа што не се зголемени средствата за реализација на сите планирани настани за Битфест Општината ќе го организира во рамките на одобрените финансии. Фестивалот оваа година ќе започне на 23 јуни со спектакуларен настан на Хераклеја, но програмскиот концепт, главно ќе вклучува традиционални настани и манифестации.

The post Коњановски: Губењето на мнозинството во Советот ја скрати програмата за Битолското културно лето, реакциите од уметниците не стивнуваат appeared first on Република.

]]>
„Бит фест“: Денеска завршуваат „Денови на SEE Film Festival“ и театарска претстава „Четири соби“ на Синиша Евтимов https://republika.mk/vesti/kultura/bit-fest-deneska-zavrshuvaat-denovi-na-see-film-festival-i-teatarska-pretstava-chetiri-sobi-na-sinisha-evtimov/ Fri, 15 Jul 2022 10:45:32 +0000 https://republika.mk/?p=529269

Денес, на битолското културно лето “Бит фест“, во кино “Манаки“ во Битола, завршува филмската ревија „Денови на SEE Film Festival“, во рамките на која се прикажуваа најдобрите наградени филмови на фестивалот на кинематограферите од Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон.

На последниот ден на филмските денови на “БИТ ФЕСТ“ во Битола ќе биде прикажан играниот филмот „Аман!“ во режија на Гентиан Џикопули од Албанија во траење од 78 минути, кој е награден со награда за најдобра женска улога на Европското жири 2022 за Хелга Мустаферај.

Во 20 часот во Народен театар – Битола, во рамките на “Бит фест“, гостува театарот “Јордан Х.К.Џинот“ со театарската претстава “Четири соби“, според делото на Квентин Тарантино и други автори, режија и адаптација Синиша Евтимов.

The post „Бит фест“: Денеска завршуваат „Денови на SEE Film Festival“ и театарска претстава „Четири соби“ на Синиша Евтимов appeared first on Република.

]]>

Денес, на битолското културно лето “Бит фест“, во кино “Манаки“ во Битола, завршува филмската ревија „Денови на SEE Film Festival“, во рамките на која се прикажуваа најдобрите наградени филмови на фестивалот на кинематограферите од Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон. На последниот ден на филмските денови на “БИТ ФЕСТ“ во Битола ќе биде прикажан играниот филмот „Аман!“ во режија на Гентиан Џикопули од Албанија во траење од 78 минути, кој е награден со награда за најдобра женска улога на Европското жири 2022 за Хелга Мустаферај. Во 20 часот во Народен театар – Битола, во рамките на “Бит фест“, гостува театарот “Јордан Х.К.Џинот“ со театарската претстава “Четири соби“, според делото на Квентин Тарантино и други автори, режија и адаптација Синиша Евтимов.

The post „Бит фест“: Денеска завршуваат „Денови на SEE Film Festival“ и театарска претстава „Четири соби“ на Синиша Евтимов appeared first on Република.

]]>