битолино Archives - Република https://republika.mk/tema/bitolino/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Aug 2024 17:58:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png битолино Archives - Република https://republika.mk/tema/bitolino/ 32 32 Гран при за Португалија на 13.Битолино https://republika.mk/vesti/kultura/gran-pri-za-portugalija-na-13-bitolino/ Thu, 08 Aug 2024 18:11:53 +0000 https://republika.mk/?p=804704

Со претставите „2-квадратни метри“ од Унгарија и „Воздух“ од Словачка заврши тринаесеттото издание на ИДТФ „Битолино“. Битолската публика уживаше во претставите дел од годинешното издание на фестивалот кое оваа година се одвиваше под мотото „Раскажи ми приказна без зборови“.

Гран-при наградата отиде за претставата „Големото езеро“ од Португалија во продукција на Imaginar do Gigante.

 

Стручното жири беше во состав, претседател Милан Пајиќ, дипломиран актер од Србија, режисерите Драгана Милошевски-Попова и Благојче Божиновски.

„Претставата ги содржи сите елементи и ги исполнува сите критериуму на современиот театар за деца. Уникатно возбудлива, разиграна, со комбинација на театар на сенки и објекти но и драматургија која испраќа силна порака, важна и суштинска, која нѐ опоменува и нѐ потсетува на одговорноста која ја имаме преку интеракција и совршена комуникација со публиката. Жирито одлуката ја донесе едногласно“, истакна во образложението, претседателот на жири комисијата Пајиќ.

 

Претставата од Португалија на публиката и понуди една фантастична визуелизација на многу актуелна тема. На Северниот Пол, боите се здружуваат на небото формирајќи огромно бело ќебе. Мајката мечка и нејзиното малечко си играат и долго нуркаат во замрзнатото море. Потоа ги сушат алиштата на студот и одат дома да направат вечера. Но, со секој изминат ден градовите стигнуваат се поблиску и ги одмрзнуваат домовите. Мајката мечка и нејзиното младенче си заминуваат. Каде? Тоа е она што ќе го дознаеме. Глобалното затоплување и загадувањето на морето станаа еден од најголемите проблеми на Земјата. Врз основа на приказната за семејство на поларни мечки, португалскиот театар на публиката ќе му претстави едно уметничко дело за животната средина, со манипулација со предмети, кукли и проектирани сенки.

Imaginar do Gigante е креативна структура која обезбедува услуги од областа на уметноста и културата. Изведувачките уметности, современи дела за деца и издаваштво на книги за читање се главните области на активност на овој театар. Нивната примарна работа е да истражуваат нови креативни процеси, од текстови до нови слики, во областа на театарската естетика за деца. Креативците во овој театар веруваат во детската уметничка лабораторија и во потрагата по уметничка естетика која може да се осврне на основите на слободата, на нашето најголемо богатство имагинација. Проучувањето на новите естетски, еколошки и технолошки модалитети, хибридни и извонредни, можат да го трансформираат она што го нарекуваме дете на иднината. Тимот во овој проект работеше со деца на различни локации во Португалија, Сао Томе и Принсипе, Мали, Гвинеја-Бисао, Мозамбик и други земји. Со својата работа придонесуваат за подобрување на уметничкото образование и системот за обука за театар, како и зближување на децата од современите изведувачки уметности. Amaginar do Gigante е поддржан од Генералниот директорат за уметности, член на мрежата Descampado Artis tas Associados и член на ASSITEJ.

 

Оваа година за време на Фестивалот во Битола се одржуваше и театарската работилница со наслов „Приказна во движење“ под раководство на пантомимичарот и режисер за пантомима Војо Цветановски, со што Битолино ја продолжува традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница со која преку театар и преку говорот на телото, без употреба на зборови, ќе ги доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто.

Фестивалот се одржуваше на сцените на НУ. Центар за култура Битола, а дел од настаните надвор од натпреварувачката конкуренција, беа на сцената на НУ. Народен театар Битола. ИДТФ Битолино е во организација на „Бабец театар“, а оваа година фестивалот повторно беше проект од национален интерес во културата за 2024 финансиски поддржан од Министерството за култура и дел од Годишната програма за култура на Општина Битола за 2024 и составен дел од програмата на Битфест 2024.

The post Гран при за Португалија на 13.Битолино appeared first on Република.

]]>

Со претставите „2-квадратни метри“ од Унгарија и „Воздух“ од Словачка заврши тринаесеттото издание на ИДТФ „Битолино“. Битолската публика уживаше во претставите дел од годинешното издание на фестивалот кое оваа година се одвиваше под мотото „Раскажи ми приказна без зборови“. Гран-при наградата отиде за претставата „Големото езеро“ од Португалија во продукција на Imaginar do Gigante.   Стручното жири беше во состав, претседател Милан Пајиќ, дипломиран актер од Србија, режисерите Драгана Милошевски-Попова и Благојче Божиновски. „Претставата ги содржи сите елементи и ги исполнува сите критериуму на современиот театар за деца. Уникатно возбудлива, разиграна, со комбинација на театар на сенки и објекти но и драматургија која испраќа силна порака, важна и суштинска, која нѐ опоменува и нѐ потсетува на одговорноста која ја имаме преку интеракција и совршена комуникација со публиката. Жирито одлуката ја донесе едногласно“, истакна во образложението, претседателот на жири комисијата Пајиќ.   Претставата од Португалија на публиката и понуди една фантастична визуелизација на многу актуелна тема. На Северниот Пол, боите се здружуваат на небото формирајќи огромно бело ќебе. Мајката мечка и нејзиното малечко си играат и долго нуркаат во замрзнатото море. Потоа ги сушат алиштата на студот и одат дома да направат вечера. Но, со секој изминат ден градовите стигнуваат се поблиску и ги одмрзнуваат домовите. Мајката мечка и нејзиното младенче си заминуваат. Каде? Тоа е она што ќе го дознаеме. Глобалното затоплување и загадувањето на морето станаа еден од најголемите проблеми на Земјата. Врз основа на приказната за семејство на поларни мечки, португалскиот театар на публиката ќе му претстави едно уметничко дело за животната средина, со манипулација со предмети, кукли и проектирани сенки. Imaginar do Gigante е креативна структура која обезбедува услуги од областа на уметноста и културата. Изведувачките уметности, современи дела за деца и издаваштво на книги за читање се главните области на активност на овој театар. Нивната примарна работа е да истражуваат нови креативни процеси, од текстови до нови слики, во областа на театарската естетика за деца. Креативците во овој театар веруваат во детската уметничка лабораторија и во потрагата по уметничка естетика која може да се осврне на основите на слободата, на нашето најголемо богатство имагинација. Проучувањето на новите естетски, еколошки и технолошки модалитети, хибридни и извонредни, можат да го трансформираат она што го нарекуваме дете на иднината. Тимот во овој проект работеше со деца на различни локации во Португалија, Сао Томе и Принсипе, Мали, Гвинеја-Бисао, Мозамбик и други земји. Со својата работа придонесуваат за подобрување на уметничкото образование и системот за обука за театар, како и зближување на децата од современите изведувачки уметности. Amaginar do Gigante е поддржан од Генералниот директорат за уметности, член на мрежата Descampado Artis tas Associados и член на ASSITEJ.   Оваа година за време на Фестивалот во Битола се одржуваше и театарската работилница со наслов „Приказна во движење“ под раководство на пантомимичарот и режисер за пантомима Војо Цветановски, со што Битолино ја продолжува традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница со која преку театар и преку говорот на телото, без употреба на зборови, ќе ги доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто. Фестивалот се одржуваше на сцените на НУ. Центар за култура Битола, а дел од настаните надвор од натпреварувачката конкуренција, беа на сцената на НУ. Народен театар Битола. ИДТФ Битолино е во организација на „Бабец театар“, а оваа година фестивалот повторно беше проект од национален интерес во културата за 2024 финансиски поддржан од Министерството за култура и дел од Годишната програма за култура на Општина Битола за 2024 и составен дел од програмата на Битфест 2024.

The post Гран при за Португалија на 13.Битолино appeared first on Република.

]]>
На детскиот театарски фестивал „Битолино“ почна работилницата „Приказна во движење“ https://republika.mk/vesti/kultura/na-detskiot-teatarski-festival-bitolino-pochna-rabotilnitsata-prikazna-vo-dvizhene/ Tue, 06 Aug 2024 08:23:17 +0000 https://republika.mk/?p=803775

На детскиот театарски фестивал „Битолино“ почна театарска работилница со наслов „Приказна во движење“ под раководство на пантомимичарот и режисер за пантомима Војо Цветановски. Со ова продолжува традицијата на фестивалот, секоја година да има работилница со која преку театар и преку говорот на телото, без употреба на зборови, ќе се доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто.

Театарската работилница ќе трае пет дена и ќе биде мини процес за создавање на театарска претстава, започнувајќи со запознавање на основните движења во пантомимата и претставување на основните ликови во комедија дел арте се до креирање на една приказна односно кратка вежба во која актери ќе бидат самите деца учесници на работилницата. Сето ова ќе биде презентирано пред публиката на последниот ден од Фестивалот.

Работилницата се одвиваат на сцените на НУ Центар за култура, НУ Народен театар Битола, под водство на Војо Цветановски, пантомимичар и основач на Здружението на граѓани за театарска и изведувачка уметност „Тим Театрос К Скопје“.

The post На детскиот театарски фестивал „Битолино“ почна работилницата „Приказна во движење“ appeared first on Република.

]]>

На детскиот театарски фестивал „Битолино“ почна театарска работилница со наслов „Приказна во движење“ под раководство на пантомимичарот и режисер за пантомима Војо Цветановски. Со ова продолжува традицијата на фестивалот, секоја година да има работилница со која преку театар и преку говорот на телото, без употреба на зборови, ќе се доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто. Театарската работилница ќе трае пет дена и ќе биде мини процес за создавање на театарска претстава, започнувајќи со запознавање на основните движења во пантомимата и претставување на основните ликови во комедија дел арте се до креирање на една приказна односно кратка вежба во која актери ќе бидат самите деца учесници на работилницата. Сето ова ќе биде презентирано пред публиката на последниот ден од Фестивалот. Работилницата се одвиваат на сцените на НУ Центар за култура, НУ Народен театар Битола, под водство на Војо Цветановски, пантомимичар и основач на Здружението на граѓани за театарска и изведувачка уметност „Тим Театрос К Скопје“.

The post На детскиот театарски фестивал „Битолино“ почна работилницата „Приказна во движење“ appeared first on Република.

]]>
13. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ под мотото „Раскажи ми приказна без зборови“ https://republika.mk/vesti/kultura/13-izdanie-na-internatsionalniot-detski-teatarski-festival-bitolino-pod-mototo-raskazhi-mi-prikazna-bez-zborovi/ Thu, 01 Aug 2024 11:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=802288

Од 03.08.2024 до 07.08.2024 година во Битола ќе се одржи 13то издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“. Оваа година под мотото „Раскажи ми приказна без зборови“ фестивалот ќе се одржи на сцените на НУ. Центар за култура Битола, а дел од настанате надвор од натпреварувачката конкуренција, ќе се одржат на сцената на НУ. Народен театар Битола. ИДТФ Битолино е во организација на „Бабец театар“, а оваа година фестивалот повторно е проект од национален интерес во културата за 2024 финансиски поддржан од Министерството за култура и дел од Годишната програма за култура на Општина Битола за 2024 и составен дел од програмата на Битфест 2024.

„Бабец театар“ и покрај сите кризи кои го зафатија општеството продолжи да создава театарски претстави, претстави кои ќе допрат до секое дете и претстави кои ќе отворат нови полиња за размислување кај децата. Горди сме што создадовме една генерација на млади луѓе кои токму поради нас го засакаа театарот. Оваа година пријавени се повеќе од 50 волонтери кои во своето мотивационо писмо навеле дека нивното детство било и é исполнето со претстави и настани на „Бабец театар“ и ИДТФ „Битолино“. Брендот „Бабец театар“ кој цели 14 години успеа да опстане како професионален детски театар со 22 премиери и над 65.000 посетители и ИДТФ „Битолино“ на кој публиката (16.760) имаше можност да погледне 84 претстави од 48 театри кои во Битола допатуваа од 30 различни земји од 4 континенти, веќе се запишаа со златни букви во историјата на македонскиот театар и ќе направиме се оваа приказна да продолжи со нови проекти и радосни мигови за децата. Бабец театар како дел од Македонскиот национален центар АСИТЕЖ на ова издание на ИДТФ „Битолино“ ја започнува својата мисија за создавање на услови за брз и квалитетен развој на театарот за деца преку одржување на неколку состаноци и дебати со театарските работници. Свесни сме дека нема да биде лесно, но наш единствен адут е квалитетот кој многупати сме го потврдиле, еден пример за тоа е освоената награда за најдобра женска улога на актерката Јулијана Мирчевска за улогата на Марика во претставата „Јованче и Марика“ во продукција на „Бабец театар“ на 1-от Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во организација на НУ „Театар за деца и младинци“ од Скопје“, истакнува Васко Мавровски, директор на ИДТФ Битолино.

Честа да настапат на свеченото отворање на тринаесеттото издание на ИДТФ Битолино ќе им припадне на Antzoki Teatteri од Шпанија со претставата „Огномет – искри на животот“. На вториот фестивалски ден ќе настапат гостите од „Тheatre Stories“ театарот од Литванија со претставата „Стапица“. Третиот фестивалски ден на ИДТФ Битолино ќе биде посветен на организатор „Бабец театар“, кој по повод 14от роденден на децата во Битола ќе ја подари својата најнова премиера „На гости кај Кате и Фреда“ во режија на Јован Ристовски. Претставата е дел од годишната програма на Министерството за култура за 2024 година и ќе биде изведена надвор од натпреварувачката програма.Наредните денови се резервирани за претставите: „Големото езеро“ во продукција на театарот „Imaginar do Gigante“ од Португалија, претставата од Германија во продукција на „Theater Kunstdünger“ со наслов „Подла патека“. Последниот фестивалски ден ќе започне со претставата „2- квадратни метри“ во продукција на Gobi Dance Company од Унгарија, а втората претстава за овој ден е проектот на Odivo театарот од Словачка со наслов „Воздух“.

Оваа година за време на Фестивалот ќе се одржува и театарската работилница со наслов „Приказна во движење“ под раководство на пантомимичарот и режисер за пантомима Војо Цветановски, со што Битолино ја продолжува традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница со која преку театар и преку говорот на телото, без употреба на зборови, ќе ги доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто. Театарската работилница ќе трае пет дена односно ќе претставува мини процес за создавање на театарска претстава, започнувајќи со запознавање на основните движења во пантомимата и претставување на основните ликови во комедија дел арте се до креирање на една приказна односно кратка вежба во која актери ќе бидат самите деца учесници на работилницата а ќе биде презентирана пред публиката на последниот ден од Фестивалот.

На 13. издание на ИДТФ „Битолино“ ќе биде доделена наградата „Гран При за најдобра претстава во целина“, за наградата ќе одлучуваат тројца врвни уметници од интернациналното жири во состав: претседател на жири комисијата Милан Пајиќ (Србија), актер и  членовите на жири комисијата: Драгана Милошевски Попова, театарски режисер и Благојче Божиновски, театарски режисер.

Оваа година тимот кој неуморно цела година работеше на подготовките за реализација на фестивалот Ви ветува едно незаборавно дружење со одлични претстави. На крајот сакам да ја изразам мојата благодарност до сите 50 волонтери кои работат во организацијата на фестивалот без кои Битолино не би бил тоа што е, додава Мавровски.

ИДТФ „Битолино“ финансиски е поддржан од официјалниот партнер Комерцијална банка АД Скопје, а потпомогнат од Туристичката агенција Орбита и од Битола. За успешна реализација на фестивалот со своите капацитети ќе помогнат НУ Центар за култура Битола и НУ Народен театар Битола. Логистичката поддршка за фестивалот е од Македонскиот национален центар на детски театри АСИТЕЖ, Светската асоцијација за детски театри АССИТЕЖ и Асоцијацијата за детски театри од средна и југоисточна Европа ТЕАТАР ЕПИЦЕНТАР.

Од 03.08 (сабота) до 07.08 (среда)

Нова сцена - НУ Центар за култура / НУ Народен театар Битола

Театарска работилница

„Приказна во движење“

Војо ЦВЕТАНОВСКИ

Оваа година Фестивалот започнува со театарска работилница со наслов „Приказна во движење“ под раководство на пантомимичарот и режисер за пантомима Војо Цветановски, со што ја продолжуваме традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница со која преку театар и преку говорот на телото, без употреба на зборови, ќе ги доближиме децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто. Театарската работилница ќе трае пет дена односно ќе претставува мини процес за создавање на театарска претстава, започнувајќи со запознавање на основните движења во пантомимата и претставување на основните ликови во комедија дел арте се до креирање на една приказна односно кратка вежба во која актери ќе бидат самите деца учесници на работилницата а ќе биде презентирана пред публиката на последниот ден од Фестивалот.

Војо Цветановски - дипломира пантомима и режија за пантомима на „НАТФИЗ - Крсто Сарафов“, Софија, Р. Бугарија во 2003 година.

Во 2003 година создва работилници за обука на актери / улични артисти / пантомимичари низ кои минаа стотици ученици.

Во 2010 година работилницата која ја создаде во Скопје, под име „Театар од вториот кат“ беше во времетраење од една година и беше концентрирана на создавање на пантомимичари, улични артисти и улични живи статуи. На истата беа селектирани десетина кандидати со кои продолжи темелно да работи по факултетски систем.

Во март 2011 година го оформува Здружението на граѓани за театарска и изведувачка уметност „Тим Театрос К Скопје“.

Од таа 2011 година па се до оваа 2024 година, заедно Тим Театрос К, секоја година селектиран е и настапува на следниве фестивали за уличен театар:

Cest is d Best - Загреб; Sprancirfest - Вараждин; KalelargArt - Задар; SAF - Пореч; CrikArt - Цриквеница; Pflstersktakel - Линц; StrasenKunst - Вилах; Fantastica - Фрајштад; Ana Destnica - Љубљана; Lent - Марибор; Masca - Букурешт; InArt - Тиват/Подгорица; ТротоАрт - Бања Лука, Prizrenfest – Призрен, а од 2022, 2023 и 2024 година Тим Театрос К е ко-соработник и задолжен за уличниот театар на театарските фестивали, „Меѓународен фестивал на монодрамата – Битола“ и „МТФ Војдан Чернодрниски – Прилеп“

Во 2018 година на фестивалот Зигет, кој се одржува во Будимпешта, Тим Театрос К, ја понесе првата награда (награда од публика) за најдобра продукција за улични живи статуи на светско ниво, со актот КОНТРАБАС.

Заедно со Тим театрос К настапи и на светското првенство за улични живи статуи во Арнем, Холандија, во октомври месец, 2019 година.

Во 2019 година е дел од тричлената жири комисија на фестивалот Зигет која имаше за задача да оценува која продукција за улични живи статуи ќе биде најдобра на светско ниво за тековната 2019г.

Од 2017 година па се до оваа 2024 година во Скопје, а и надвор од Скопје, низ Македонија заедно со Тим Театрос К го организира и креативно осмислува фестивалот на уличните живи статуи „Статуафест - Другото лице на улицата“, а во 2023 година, исто така во Скопје „се роди“ и помалиот брат на „Статуафест“ – „Центарски улици“ кој досега имаше две изданија, 2023 и 2024 година.

Војо Цветановски оваа 2024 година, поддржан од ГЕТЕ Институтот, a кон програмата „Културата ја движи Европа“/„Culture Moves Europe“ работеше осумдневна работилница за „Пантомима и Уличен театар“ во Бања Лука, БиХ (Република Српска), која резултираше со настап на учесниците од рабоитлницата на третото издание на Меѓународниот фестивал за улична уметност ТРОТОАРТ во Бања Лука.

Покрај дружењето и развивањето на креативноста кај децата основната цел на оваа театарска работилница е што повеќе деца да успееме да ги заразиме со магијата на театарот и на тој начин да започнеме да создаваме нови театарски потковани генерации кои ќе бидат идната публика со високи театарски критериуми.

03.08 (сабота) , со почеток во 20:30 часот

голема сцена – НУ Центар за култура Битола

Antzoki Teatteri - Шпанија

„Огномет - Искри на животот“

режија: Tony Casla

(детска театарска претстава)

Честа да настапат на свеченото отворање на тринаесеттото издание на ИДТФ Битолино ќе им припадне на Antzoki Teatteri од Шпанија со претставата „Огномет – искри на животот“

ANTZOKI TEATTERI е професионална театарска компанија која е создадена во 2012 година. Оттогаш, тие имаат премиерно изведено 9 претстави, и се една од најактивните шпански театарски компании во делот на интернационално презентирање на шпанската култура и театар. Нивните претстави се гледани во Америка, Европа и Африка. Тие се меѓународно признати за нивното учество на бројни меѓународни фестивали и на нивниот репертоар се играат претстави кои раскажуваат приказни кои влијаат на општеството. Тие се двапати наградени со Гран-при на Шпанија за изведувачки уметности, во 2019 и во 2021 година.

Едно девојче и момче преживуваат воен конфликт. Заедно тие бараат засолниште каде што можат да се засолнат и да преживеат. Приказна за борба, издржливост, поддршка и вистинското значење на пријателството. Кога не можеш да избереш, се бориш. Да живееш, да одиш, да гледаш, да се насмевнуваш... Игрите на постарите не секогаш завршуваат како кошмари на помладите. Знаете ли зошто? Затоа што децата ќе го променат светот онолку пати колку што е потребно. Децата во Битола ќе имаат можност да погледнат и доживеат едно ново театарско решение врз основа на една тажна и потресна приказна со силна порака до возрасните и мотивација за децата уште еднаш да го променат светот на подобро.

04.08 (недела) , со почеток во 20:30 часот

голема сцена – НУ Центар за култура Битола

Тheatre Stories - Литванија

„Стапица“

режија: Jurate Trimakaite

(детска театарска претстава)

На вториот фестивалски ден ќе настапат нашите гости од „Тheatre Stories“ театарот од Литванија со претставата „Стапица“. Претставата ,,Стапица” е создаденa во соработка помеѓу група литвански и француски театарски уметници. Визуелната, надреалистичка претстава „Стапица“ длабоко ја истражува темата на манипулација. Претсавата е инспирирана од лични искуства на уметниците и судири со заблуда, манипулативна реалност и појава на маски во нашиот секојдневен живот. Уметничката форма на ,,Стапица” е инспирирана од ликот на симболот на маската и неговата уметничка интерпретација во делата на познатиот литвански и полски сликар Стасис Еидригевичиус, како и делата на Јан Шванкмаер. Во претставата „Стапица“ идеите не се артикулираат преку зборови, туку преку предмети, маски и движење. Маските за изведба се креирани од познати канцелариски предмети од секојдневниот живот и помагаат да се открие внатрешната состојба на ликовите (актерки: Кристина Маурушевичиуте и Вилма Раубаите) Ликовите во „Стапица” постојано се наоѓаат во разни манипулативни мрежи: разновидни сценарија на експлоатација на пазарот на трудот, имагинарни злосторства, општествени норми, лични стравови и нереални соништа. Со цел да се одбрани и да се усогласи, карактерот на актерката Кристина Маурушевичиуте не само што се спротивставува, туку и ги слуша улогите наметнати од манипулаторите, почнувајќи сама да носи маски. Бегајќи од една во друга стапица, таа се наоѓа самата себе заробена во другите - попаметна, посветла, сè поневидлива, исто како во современото општество и во нашиот секојдневен живот. Како да се задржи честа и достоинството во овие околности? Дали е можно да се избега од стапицата на манипулаторите? Кои се причините за бескрајната манипулација? Актерките Вилма Раубаите и Кристина Маурушевичиуте користат маски во претставата како средства за откривање на сложени односи меѓу ликовите на претставата и нивните внатрешни чувства. Маските за изведба се динамични, моќни и неочекувано, парадоксално создадени од различни предмети специфични за деловен простор. Овие маски кои постојано се менуваат како нашите постојано менливи улоги во општеството. Ова ќе биде интересен предизвик и поука за тинејџерите во иднина да се спротистават на манипулациите со кои ќе се соочат во животот и да се борат секогаш да го одбранат својот идентитет и интегритет.

Theatre Stories е театарска платформа која обезбедува можности и простор за изведувачки уметници од различни земји да експериментираат и да истражуваат нови визуелни театарски јазици и можности и на нивни нови уметнички начини да раскажат значајни приказни преку визуелни театарски средства и да разговараат со нивните гледачи за релевантни и значајни теми. Le Tas de Sable – Ches Panses Vertes, копродуцискиот партнер на овој проект, е место и компанија посветена на уметничко истражување и создавање на кукларство и современо пишување. Проектот може да се подели на четири главни области: продукција, менторство на уметници, планирање и пренос на настани. Развојот на истражувањето е петта вкрстена цел. Le Tas de Sable - Ches Panses Vertes постојано бара нови начини за растегнување на границите, за поддршка на иновациите и подобрување на комуникацијата со публиката.

05.08 (понеделник) , со почеток во 20:30 часот

Нова сцена – НУ Центар за култура Битола

„Бабец театар“ Битола – Македонија

„На гости кај Кате и Фреда"

режија: Јован Ристовски

(детска театарска претстава)

Третиот фестивалски ден на ИДТФ Битолино ќе биде посветен на организатор „Бабец театар“, кој по повод 14от роденден на децата во Битола ќе ја подари својата најнова премиера „На гости кај Кате и Фреда“ во режија на Јован Ристовски. Претставата е дел од годишната програма на Министерството за култура за 2024 година и ќе биде изведена надвор од натпреварувачката програма.

Драмскиот детски текст “На гости кај Кат и Фреда” важи за еден од најдобрите германски современи драмски дела наменети за детската популација, односно за возраст од 5 +. Во Македонија за прв пат е поставена детска германска драматургија. Оваа исклучителна драма е важна бидејќи ја разработува темата за промени, инклузија, прифаќање и неприфаќањето на различностите и една од најважните теми - емпатијата. Фабуларната приказна на современиот германски драмски текст кој ја разработува темата за социјална кохезија и емпатија е современа приказна за две другарки кои прифаќаат да дојде непознат гостин кај нив дома. Преку присуството на третиот лик кој доаѓа на гости двете најдобри другарки ги изместува од нивната комфортна зона. Преку присуството на непознатото трето девојче, се октриваат различни однесувања и ставови на двете најдобри другарки, преку кој се открива чинот на прифаќањето или не прифаќањето, флексибилноста за промени, стравот од непознатото, чувството за солударност и спротивно на тоа, себичноста. Авторката нуди прекрасна приказна за разојот на емпатијата помеѓу луѓето, децата - особено кон незаштитените и ранливи групи. Театарскиот проект се залага за правилен развој на децата, поттикнување на емоционална интелигенција преку осознавање на меѓучовечките релации. Овој германски текст беше успешно реализиран во 14 театри во Германија, Швајцарија, Шведска и Камбоџа. Преведен е на 12 јазици.

Целта на оваа претстава е да се упати порака дека ништо друго, ниту изгледот, ниту материјалните средства не се важни во животот, како што е однесувањето. Доколку го живееме животот чесно, со добро срце и љубезен однос кон сите ќе напишеме приказна која вреди да се раскажува.

06.08 (вторник) , со почеток во 19:00 часот

Нова сцена – НУ Центар за култура Битола

Imaginar do Gigante – Португалија

„Големото езеро“

режи: Pedro Saraiva

(детска театарска претстава)

Четвртиот фестивалски ден ќе започне со претставата „Големото езеро“ во продукција на театарот „Imaginar do Gigante“ од Португалија. Публиката ќе има можност да гледа една фантастична визуелизација на многу актуелна тема. На Северниот Пол, боите се здружуваат на небото формирајќи огромно бело ќебе. Мајката мечка и нејзиното малечко си играат и долго нуркаат во замрзнатото море. Потоа ги сушат алиштата на студот и одат дома да направат вечера. Но, со секој изминат ден градовите стигнуваат се поблиску и ги одмрзнуваат домовите. Мајката мечка и нејзиното младенче си заминуваат. Каде? Тоа е она што ќе го дознаеме. Глобалното затоплување и загадувањето на морето станаа еден од најголемите проблеми на Земјата. Врз основа на приказната за семејство на поларни мечки, португалскиот театар на публиката ќе му претстави едно уметничко дело за животната средина, со манипулација со предмети, кукли и проектирани сенки.

Imaginar do Gigante е креативна структура која обезбедува услуги од областа на уметноста и културата. Изведувачките уметности, современи дела за деца и издаваштво на книги за читање се главните области на активност на овој театар. Нивната примарна работа е да истражуваат нови креативни процеси, од текстови до нови слики, во областа на театарската естетика за деца. Креативците во овој театар веруваат во детската уметничка лабораторија и во потрагата по уметничка естетика која може да се осврне на основите на слободата, на нашето најголемо богатство имагинација. Проучувањето на новите естетски, еколошки и технолошки модалитети, хибридни и извонредни, можат да го трансформираат она што го нарекуваме дете на иднината. Тимот во овој проект работеше со деца на различни локации во Португалија, Сао Томе и Принсипе, Мали, Гвинеја-Бисао, Мозамбик и други земји. Со својата работа придонесуваат за подобрување на уметничкото образование и системот за обука за театар, како и зближување на децата од современите изведувачки уметности. Amaginar do Gigante е поддржан од Генералниот директорат за уметности, член на мрежата Descampado Artis tas Associados и член на ASSITEJ.

06.08 (вторник) , со почеток во 20:30 часот

голема сцена – НУ Центар за култура Битола

Theater Kunstdünger - Германија

„Подла патека“

концепт: Christiane Ahlhelm & Lydia Starkulla

(детска театарска претстава)

Втората претстава на четвртиот фестивалски ден ни доаѓа од Германија во продукција на „Theater Kunstdünger“ со наслов „Подла патека“. Авантуристичка претстава со неколку зборови. Единственото нешто што ќе треба да го направи публиката е да ги запознае непознатите и да се вклучи во авантурата. Понекогаш, промените ни помагаат да ја забележиме нашата околина потемелно. Што би се случило, ако се вратиме од училиште, вратата е затворена, и никој нема? Веселото дете е извадено од секојдневната рутина и досадно му е додека чека... Во меѓувреме, живеејќи многу блиску во паралелен свет, обично е мистериозно суштество... Одеднаш детето забележува дека не е само и дека некој е исклучително заинтересиран за неговата училишна чанта. Нивната средба е проследена со авантуристичка потера која завршува во хартиената пештера на мистериозно суштество. Запознавање со чуден свет бара храброст, љубопитност, разбирање еден за друг и едната или другата подла патека за заедно да стигнат до некоја дестинација. „Подлата патека“ се раскажува со користење на ткаенина од 55 метри на две вертикални ролни, кои овозможуваат да се движи , напред и назад, како и горе-долу. Механичко возење на тобоган за очи, срце, и имагинација!

Театарот Kunstdünger е основан во 2000 година од Кристијане Алхелм. Од 2015 година е формиран постојан тим кој работи како колектив. Се наоѓа во близина Минхен. Местата на кои ги изведуваат своите претстави се театри, градски куќи, училишта и градинки, како и фестивали претежно во Германија, но бидејќи фокусот се повеќе и повеќе се става на невербални изведби театарот веќе започна да гради интернационална кариера. Претставите се инспирирани од класичните комедии и приказни за деца, поезија и објекти.

07.08 (среда) , со почеток во 19:00 часот

Нова сцена – НУ Центар за култура Битола

Gobi Dance Company - Унгарија

„2- квадратни метра“

режија: Tamás Somogyi

(монодрама за деца)

Последниот фестивалски ден ќе започне со претставата „2- квадратни метри“ во продукција на Gobi Dance Company од Унгарија. Во претставата ќе настапи Рита Гоби, која е танчерка, кореограф и професорка по танц, таа континуирано ги истражува стиловите и јазиците на танцот. Дипломирала на Унгарската танцова академија во Будимпешта. Таа учество на различни меѓународни танцови работилници и програми за престој како што се американското OMI DANCE Residency, VARP резиденција во SE.S.TA-KoresponDance, во Чешка, во MORISHITA Studio, Токио, PIM OFF во Италија . Во 2006 година ја основала танцовата компанија Góbi. Оттогаш има создадено неколку современи танцови продукции, интерактивни перформанси за деца и учествувала во различни интердисциплинарни проекти. Рита е професорка по танц во уметничкото стручно училиште Nemes Nagy Ágnes, Budai Táncklub, и редовно одржува работилници во Унгарија и на меѓународно ниво. Таа, исто така, работи како кореограф во куклени театри и класични театри.

Осаменоста во староста погодува две третини од луѓето. Што можеме да направиме ако водиме само дијалог со себе? Танчер - кореограф и куклар работат заедно на спомени и сеќавања. Претставата се базира на движење без текст, гестови и елементи на куклен театар. Целта на Рита Гоби и Тамаш Сомоѓи е со хумор и хуманост да го разгледаат стареењето, осаменоста и прашањето за соочување со спомените и да ја натераат публиката да размислува за периодот од животот што ќе дојде во сите наши животи. Кога гледаме постара личност, можеме ли да замислиме низ што поминал? Како било кога бил млад? Какви цели и можности имал, каков живот живеел? Може ли постарото јас да се поврзе со младото јас, или стареењето на телото ги носи со себе душата и духот? Темите на претставата се стареење, осаменост и сеќавање.

07.08 (среда) , со почеток во 20:30 часот

голема сцена – НУ Центар за култура Битола

Odivo theatre - Словачка

„Воздух“

режија: Monika Kováčová

(театарска претстава за деца)

Последната претстава за ова издание на ИДТФ „Битолино“ ќе биде проектот на Odivo театарот од Словачка со наслов „Воздух“. Воздушна лабораторија за деца, нивните родители и сите оние кои сакаат да полетаат. „Воздух“ е форма на поезија на театар на предмети што го прикажува нашиот однос кон летањето, движењето во воздухот. Изведувачите, како и научниците, ги истражуваат можностите за создавање и трансформација на светот преку проток на воздух, додека протокот влијае на различни материјали/предмети и вибрациите на воздухот генерираат музика.

Од 2014 година, независната театарска група Одиво ја претстави својата работа на повеќе од 100 национални и меѓународни фестивали и доби многу награди. Театарскиот јазик на групата вклучува уметнички кросовери и игра со методите на куклена игра, предмети, физички театар, вклучително и уметнички перформанс. Освен што прави свои продукции за сите возрасни групи, Одиво е вклучен и во паратеатарски проекти, едукативни активности и соработки со уметници од различни области. Клучните личности на групата се Моника Ковачова и Марија Данадова. Освен со независна сцена, тие соработуваат и со театри финансирани од нивната држава.

Децата на Битолино уште еднаш ќе имаат можност да погледнат едно невербално шоу наменето за деца од најмала возраст.

 

 

 

 

The post 13. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ под мотото „Раскажи ми приказна без зборови“ appeared first on Република.

]]>

Од 03.08.2024 до 07.08.2024 година во Битола ќе се одржи 13то издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“. Оваа година под мотото „Раскажи ми приказна без зборови“ фестивалот ќе се одржи на сцените на НУ. Центар за култура Битола, а дел од настанате надвор од натпреварувачката конкуренција, ќе се одржат на сцената на НУ. Народен театар Битола. ИДТФ Битолино е во организација на „Бабец театар“, а оваа година фестивалот повторно е проект од национален интерес во културата за 2024 финансиски поддржан од Министерството за култура и дел од Годишната програма за култура на Општина Битола за 2024 и составен дел од програмата на Битфест 2024. „Бабец театар“ и покрај сите кризи кои го зафатија општеството продолжи да создава театарски претстави, претстави кои ќе допрат до секое дете и претстави кои ќе отворат нови полиња за размислување кај децата. Горди сме што создадовме една генерација на млади луѓе кои токму поради нас го засакаа театарот. Оваа година пријавени се повеќе од 50 волонтери кои во своето мотивационо писмо навеле дека нивното детство било и é исполнето со претстави и настани на „Бабец театар“ и ИДТФ „Битолино“. Брендот „Бабец театар“ кој цели 14 години успеа да опстане како професионален детски театар со 22 премиери и над 65.000 посетители и ИДТФ „Битолино“ на кој публиката (16.760) имаше можност да погледне 84 претстави од 48 театри кои во Битола допатуваа од 30 различни земји од 4 континенти, веќе се запишаа со златни букви во историјата на македонскиот театар и ќе направиме се оваа приказна да продолжи со нови проекти и радосни мигови за децата. Бабец театар како дел од Македонскиот национален центар АСИТЕЖ на ова издание на ИДТФ „Битолино“ ја започнува својата мисија за создавање на услови за брз и квалитетен развој на театарот за деца преку одржување на неколку состаноци и дебати со театарските работници. Свесни сме дека нема да биде лесно, но наш единствен адут е квалитетот кој многупати сме го потврдиле, еден пример за тоа е освоената награда за најдобра женска улога на актерката Јулијана Мирчевска за улогата на Марика во претставата „Јованче и Марика“ во продукција на „Бабец театар“ на 1-от Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ во организација на НУ „Театар за деца и младинци“ од Скопје“, истакнува Васко Мавровски, директор на ИДТФ Битолино. Честа да настапат на свеченото отворање на тринаесеттото издание на ИДТФ Битолино ќе им припадне на Antzoki Teatteri од Шпанија со претставата „Огномет – искри на животот“. На вториот фестивалски ден ќе настапат гостите од „Тheatre Stories“ театарот од Литванија со претставата „Стапица“. Третиот фестивалски ден на ИДТФ Битолино ќе биде посветен на организатор „Бабец театар“, кој по повод 14от роденден на децата во Битола ќе ја подари својата најнова премиера „На гости кај Кате и Фреда“ во режија на Јован Ристовски. Претставата е дел од годишната програма на Министерството за култура за 2024 година и ќе биде изведена надвор од натпреварувачката програма.Наредните денови се резервирани за претставите: „Големото езеро“ во продукција на театарот „Imaginar do Gigante“ од Португалија, претставата од Германија во продукција на „Theater Kunstdünger“ со наслов „Подла патека“. Последниот фестивалски ден ќе започне со претставата „2- квадратни метри“ во продукција на Gobi Dance Company од Унгарија, а втората претстава за овој ден е проектот на Odivo театарот од Словачка со наслов „Воздух“. Оваа година за време на Фестивалот ќе се одржува и театарската работилница со наслов „Приказна во движење“ под раководство на пантомимичарот и режисер за пантомима Војо Цветановски, со што Битолино ја продолжува традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница со која преку театар и преку говорот на телото, без употреба на зборови, ќе ги доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто. Театарската работилница ќе трае пет дена односно ќе претставува мини процес за создавање на театарска претстава, започнувајќи со запознавање на основните движења во пантомимата и претставување на основните ликови во комедија дел арте се до креирање на една приказна односно кратка вежба во која актери ќе бидат самите деца учесници на работилницата а ќе биде презентирана пред публиката на последниот ден од Фестивалот. На 13. издание на ИДТФ „Битолино“ ќе биде доделена наградата „Гран При за најдобра претстава во целина“, за наградата ќе одлучуваат тројца врвни уметници од интернациналното жири во состав: претседател на жири комисијата Милан Пајиќ (Србија), актер и  членовите на жири комисијата: Драгана Милошевски Попова, театарски режисер и Благојче Божиновски, театарски режисер.
Оваа година тимот кој неуморно цела година работеше на подготовките за реализација на фестивалот Ви ветува едно незаборавно дружење со одлични претстави. На крајот сакам да ја изразам мојата благодарност до сите 50 волонтери кои работат во организацијата на фестивалот без кои Битолино не би бил тоа што е, додава Мавровски.
ИДТФ „Битолино“ финансиски е поддржан од официјалниот партнер Комерцијална банка АД Скопје, а потпомогнат од Туристичката агенција Орбита и од Битола. За успешна реализација на фестивалот со своите капацитети ќе помогнат НУ Центар за култура Битола и НУ Народен театар Битола. Логистичката поддршка за фестивалот е од Македонскиот национален центар на детски театри АСИТЕЖ, Светската асоцијација за детски театри АССИТЕЖ и Асоцијацијата за детски театри од средна и југоисточна Европа ТЕАТАР ЕПИЦЕНТАР. Од 03.08 (сабота) до 07.08 (среда) Нова сцена - НУ Центар за култура / НУ Народен театар Битола Театарска работилница „Приказна во движење“ Војо ЦВЕТАНОВСКИ Оваа година Фестивалот започнува со театарска работилница со наслов „Приказна во движење“ под раководство на пантомимичарот и режисер за пантомима Војо Цветановски, со што ја продолжуваме традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница со која преку театар и преку говорот на телото, без употреба на зборови, ќе ги доближиме децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто. Театарската работилница ќе трае пет дена односно ќе претставува мини процес за создавање на театарска претстава, започнувајќи со запознавање на основните движења во пантомимата и претставување на основните ликови во комедија дел арте се до креирање на една приказна односно кратка вежба во која актери ќе бидат самите деца учесници на работилницата а ќе биде презентирана пред публиката на последниот ден од Фестивалот. Војо Цветановски - дипломира пантомима и режија за пантомима на „НАТФИЗ - Крсто Сарафов“, Софија, Р. Бугарија во 2003 година. Во 2003 година создва работилници за обука на актери / улични артисти / пантомимичари низ кои минаа стотици ученици. Во 2010 година работилницата која ја создаде во Скопје, под име „Театар од вториот кат“ беше во времетраење од една година и беше концентрирана на создавање на пантомимичари, улични артисти и улични живи статуи. На истата беа селектирани десетина кандидати со кои продолжи темелно да работи по факултетски систем. Во март 2011 година го оформува Здружението на граѓани за театарска и изведувачка уметност „Тим Театрос К Скопје“. Од таа 2011 година па се до оваа 2024 година, заедно Тим Театрос К, секоја година селектиран е и настапува на следниве фестивали за уличен театар: Cest is d Best - Загреб; Sprancirfest - Вараждин; KalelargArt - Задар; SAF - Пореч; CrikArt - Цриквеница; Pflstersktakel - Линц; StrasenKunst - Вилах; Fantastica - Фрајштад; Ana Destnica - Љубљана; Lent - Марибор; Masca - Букурешт; InArt - Тиват/Подгорица; ТротоАрт - Бања Лука, Prizrenfest – Призрен, а од 2022, 2023 и 2024 година Тим Театрос К е ко-соработник и задолжен за уличниот театар на театарските фестивали, „Меѓународен фестивал на монодрамата – Битола“ и „МТФ Војдан Чернодрниски – Прилеп“ Во 2018 година на фестивалот Зигет, кој се одржува во Будимпешта, Тим Театрос К, ја понесе првата награда (награда од публика) за најдобра продукција за улични живи статуи на светско ниво, со актот КОНТРАБАС. Заедно со Тим театрос К настапи и на светското првенство за улични живи статуи во Арнем, Холандија, во октомври месец, 2019 година. Во 2019 година е дел од тричлената жири комисија на фестивалот Зигет која имаше за задача да оценува која продукција за улични живи статуи ќе биде најдобра на светско ниво за тековната 2019г. Од 2017 година па се до оваа 2024 година во Скопје, а и надвор од Скопје, низ Македонија заедно со Тим Театрос К го организира и креативно осмислува фестивалот на уличните живи статуи „Статуафест - Другото лице на улицата“, а во 2023 година, исто така во Скопје „се роди“ и помалиот брат на „Статуафест“ – „Центарски улици“ кој досега имаше две изданија, 2023 и 2024 година. Војо Цветановски оваа 2024 година, поддржан од ГЕТЕ Институтот, a кон програмата „Културата ја движи Европа“/„Culture Moves Europe“ работеше осумдневна работилница за „Пантомима и Уличен театар“ во Бања Лука, БиХ (Република Српска), која резултираше со настап на учесниците од рабоитлницата на третото издание на Меѓународниот фестивал за улична уметност ТРОТОАРТ во Бања Лука. Покрај дружењето и развивањето на креативноста кај децата основната цел на оваа театарска работилница е што повеќе деца да успееме да ги заразиме со магијата на театарот и на тој начин да започнеме да создаваме нови театарски потковани генерации кои ќе бидат идната публика со високи театарски критериуми. 03.08 (сабота) , со почеток во 20:30 часот голема сцена – НУ Центар за култура Битола Antzoki Teatteri - Шпанија „Огномет - Искри на животот“ режија: Tony Casla (детска театарска претстава) Честа да настапат на свеченото отворање на тринаесеттото издание на ИДТФ Битолино ќе им припадне на Antzoki Teatteri од Шпанија со претставата „Огномет – искри на животот“ ANTZOKI TEATTERI е професионална театарска компанија која е создадена во 2012 година. Оттогаш, тие имаат премиерно изведено 9 претстави, и се една од најактивните шпански театарски компании во делот на интернационално презентирање на шпанската култура и театар. Нивните претстави се гледани во Америка, Европа и Африка. Тие се меѓународно признати за нивното учество на бројни меѓународни фестивали и на нивниот репертоар се играат претстави кои раскажуваат приказни кои влијаат на општеството. Тие се двапати наградени со Гран-при на Шпанија за изведувачки уметности, во 2019 и во 2021 година. Едно девојче и момче преживуваат воен конфликт. Заедно тие бараат засолниште каде што можат да се засолнат и да преживеат. Приказна за борба, издржливост, поддршка и вистинското значење на пријателството. Кога не можеш да избереш, се бориш. Да живееш, да одиш, да гледаш, да се насмевнуваш... Игрите на постарите не секогаш завршуваат како кошмари на помладите. Знаете ли зошто? Затоа што децата ќе го променат светот онолку пати колку што е потребно. Децата во Битола ќе имаат можност да погледнат и доживеат едно ново театарско решение врз основа на една тажна и потресна приказна со силна порака до возрасните и мотивација за децата уште еднаш да го променат светот на подобро. 04.08 (недела) , со почеток во 20:30 часот голема сцена – НУ Центар за култура Битола Тheatre Stories - Литванија „Стапица“ режија: Jurate Trimakaite (детска театарска претстава) На вториот фестивалски ден ќе настапат нашите гости од „Тheatre Stories“ театарот од Литванија со претставата „Стапица“. Претставата ,,Стапица” е создаденa во соработка помеѓу група литвански и француски театарски уметници. Визуелната, надреалистичка претстава „Стапица“ длабоко ја истражува темата на манипулација. Претсавата е инспирирана од лични искуства на уметниците и судири со заблуда, манипулативна реалност и појава на маски во нашиот секојдневен живот. Уметничката форма на ,,Стапица” е инспирирана од ликот на симболот на маската и неговата уметничка интерпретација во делата на познатиот литвански и полски сликар Стасис Еидригевичиус, како и делата на Јан Шванкмаер. Во претставата „Стапица“ идеите не се артикулираат преку зборови, туку преку предмети, маски и движење. Маските за изведба се креирани од познати канцелариски предмети од секојдневниот живот и помагаат да се открие внатрешната состојба на ликовите (актерки: Кристина Маурушевичиуте и Вилма Раубаите) Ликовите во „Стапица” постојано се наоѓаат во разни манипулативни мрежи: разновидни сценарија на експлоатација на пазарот на трудот, имагинарни злосторства, општествени норми, лични стравови и нереални соништа. Со цел да се одбрани и да се усогласи, карактерот на актерката Кристина Маурушевичиуте не само што се спротивставува, туку и ги слуша улогите наметнати од манипулаторите, почнувајќи сама да носи маски. Бегајќи од една во друга стапица, таа се наоѓа самата себе заробена во другите - попаметна, посветла, сè поневидлива, исто како во современото општество и во нашиот секојдневен живот. Како да се задржи честа и достоинството во овие околности? Дали е можно да се избега од стапицата на манипулаторите? Кои се причините за бескрајната манипулација? Актерките Вилма Раубаите и Кристина Маурушевичиуте користат маски во претставата како средства за откривање на сложени односи меѓу ликовите на претставата и нивните внатрешни чувства. Маските за изведба се динамични, моќни и неочекувано, парадоксално создадени од различни предмети специфични за деловен простор. Овие маски кои постојано се менуваат како нашите постојано менливи улоги во општеството. Ова ќе биде интересен предизвик и поука за тинејџерите во иднина да се спротистават на манипулациите со кои ќе се соочат во животот и да се борат секогаш да го одбранат својот идентитет и интегритет. Theatre Stories е театарска платформа која обезбедува можности и простор за изведувачки уметници од различни земји да експериментираат и да истражуваат нови визуелни театарски јазици и можности и на нивни нови уметнички начини да раскажат значајни приказни преку визуелни театарски средства и да разговараат со нивните гледачи за релевантни и значајни теми. Le Tas de Sable – Ches Panses Vertes, копродуцискиот партнер на овој проект, е место и компанија посветена на уметничко истражување и создавање на кукларство и современо пишување. Проектот може да се подели на четири главни области: продукција, менторство на уметници, планирање и пренос на настани. Развојот на истражувањето е петта вкрстена цел. Le Tas de Sable - Ches Panses Vertes постојано бара нови начини за растегнување на границите, за поддршка на иновациите и подобрување на комуникацијата со публиката. 05.08 (понеделник) , со почеток во 20:30 часот Нова сцена – НУ Центар за култура Битола „Бабец театар“ Битола – Македонија „На гости кај Кате и Фреда" режија: Јован Ристовски (детска театарска претстава) Третиот фестивалски ден на ИДТФ Битолино ќе биде посветен на организатор „Бабец театар“, кој по повод 14от роденден на децата во Битола ќе ја подари својата најнова премиера „На гости кај Кате и Фреда“ во режија на Јован Ристовски. Претставата е дел од годишната програма на Министерството за култура за 2024 година и ќе биде изведена надвор од натпреварувачката програма. Драмскиот детски текст “На гости кај Кат и Фреда” важи за еден од најдобрите германски современи драмски дела наменети за детската популација, односно за возраст од 5 +. Во Македонија за прв пат е поставена детска германска драматургија. Оваа исклучителна драма е важна бидејќи ја разработува темата за промени, инклузија, прифаќање и неприфаќањето на различностите и една од најважните теми - емпатијата. Фабуларната приказна на современиот германски драмски текст кој ја разработува темата за социјална кохезија и емпатија е современа приказна за две другарки кои прифаќаат да дојде непознат гостин кај нив дома. Преку присуството на третиот лик кој доаѓа на гости двете најдобри другарки ги изместува од нивната комфортна зона. Преку присуството на непознатото трето девојче, се октриваат различни однесувања и ставови на двете најдобри другарки, преку кој се открива чинот на прифаќањето или не прифаќањето, флексибилноста за промени, стравот од непознатото, чувството за солударност и спротивно на тоа, себичноста. Авторката нуди прекрасна приказна за разојот на емпатијата помеѓу луѓето, децата - особено кон незаштитените и ранливи групи. Театарскиот проект се залага за правилен развој на децата, поттикнување на емоционална интелигенција преку осознавање на меѓучовечките релации. Овој германски текст беше успешно реализиран во 14 театри во Германија, Швајцарија, Шведска и Камбоџа. Преведен е на 12 јазици. Целта на оваа претстава е да се упати порака дека ништо друго, ниту изгледот, ниту материјалните средства не се важни во животот, како што е однесувањето. Доколку го живееме животот чесно, со добро срце и љубезен однос кон сите ќе напишеме приказна која вреди да се раскажува. 06.08 (вторник) , со почеток во 19:00 часот Нова сцена – НУ Центар за култура Битола Imaginar do Gigante – Португалија „Големото езеро“ режи: Pedro Saraiva (детска театарска претстава) Четвртиот фестивалски ден ќе започне со претставата „Големото езеро“ во продукција на театарот „Imaginar do Gigante“ од Португалија. Публиката ќе има можност да гледа една фантастична визуелизација на многу актуелна тема. На Северниот Пол, боите се здружуваат на небото формирајќи огромно бело ќебе. Мајката мечка и нејзиното малечко си играат и долго нуркаат во замрзнатото море. Потоа ги сушат алиштата на студот и одат дома да направат вечера. Но, со секој изминат ден градовите стигнуваат се поблиску и ги одмрзнуваат домовите. Мајката мечка и нејзиното младенче си заминуваат. Каде? Тоа е она што ќе го дознаеме. Глобалното затоплување и загадувањето на морето станаа еден од најголемите проблеми на Земјата. Врз основа на приказната за семејство на поларни мечки, португалскиот театар на публиката ќе му претстави едно уметничко дело за животната средина, со манипулација со предмети, кукли и проектирани сенки. Imaginar do Gigante е креативна структура која обезбедува услуги од областа на уметноста и културата. Изведувачките уметности, современи дела за деца и издаваштво на книги за читање се главните области на активност на овој театар. Нивната примарна работа е да истражуваат нови креативни процеси, од текстови до нови слики, во областа на театарската естетика за деца. Креативците во овој театар веруваат во детската уметничка лабораторија и во потрагата по уметничка естетика која може да се осврне на основите на слободата, на нашето најголемо богатство имагинација. Проучувањето на новите естетски, еколошки и технолошки модалитети, хибридни и извонредни, можат да го трансформираат она што го нарекуваме дете на иднината. Тимот во овој проект работеше со деца на различни локации во Португалија, Сао Томе и Принсипе, Мали, Гвинеја-Бисао, Мозамбик и други земји. Со својата работа придонесуваат за подобрување на уметничкото образование и системот за обука за театар, како и зближување на децата од современите изведувачки уметности. Amaginar do Gigante е поддржан од Генералниот директорат за уметности, член на мрежата Descampado Artis tas Associados и член на ASSITEJ. 06.08 (вторник) , со почеток во 20:30 часот голема сцена – НУ Центар за култура Битола Theater Kunstdünger - Германија „Подла патека“ концепт: Christiane Ahlhelm & Lydia Starkulla (детска театарска претстава) Втората претстава на четвртиот фестивалски ден ни доаѓа од Германија во продукција на „Theater Kunstdünger“ со наслов „Подла патека“. Авантуристичка претстава со неколку зборови. Единственото нешто што ќе треба да го направи публиката е да ги запознае непознатите и да се вклучи во авантурата. Понекогаш, промените ни помагаат да ја забележиме нашата околина потемелно. Што би се случило, ако се вратиме од училиште, вратата е затворена, и никој нема? Веселото дете е извадено од секојдневната рутина и досадно му е додека чека... Во меѓувреме, живеејќи многу блиску во паралелен свет, обично е мистериозно суштество... Одеднаш детето забележува дека не е само и дека некој е исклучително заинтересиран за неговата училишна чанта. Нивната средба е проследена со авантуристичка потера која завршува во хартиената пештера на мистериозно суштество. Запознавање со чуден свет бара храброст, љубопитност, разбирање еден за друг и едната или другата подла патека за заедно да стигнат до некоја дестинација. „Подлата патека“ се раскажува со користење на ткаенина од 55 метри на две вертикални ролни, кои овозможуваат да се движи , напред и назад, како и горе-долу. Механичко возење на тобоган за очи, срце, и имагинација! Театарот Kunstdünger е основан во 2000 година од Кристијане Алхелм. Од 2015 година е формиран постојан тим кој работи како колектив. Се наоѓа во близина Минхен. Местата на кои ги изведуваат своите претстави се театри, градски куќи, училишта и градинки, како и фестивали претежно во Германија, но бидејќи фокусот се повеќе и повеќе се става на невербални изведби театарот веќе започна да гради интернационална кариера. Претставите се инспирирани од класичните комедии и приказни за деца, поезија и објекти. 07.08 (среда) , со почеток во 19:00 часот Нова сцена – НУ Центар за култура Битола Gobi Dance Company - Унгарија „2- квадратни метра“ режија: Tamás Somogyi (монодрама за деца) Последниот фестивалски ден ќе започне со претставата „2- квадратни метри“ во продукција на Gobi Dance Company од Унгарија. Во претставата ќе настапи Рита Гоби, која е танчерка, кореограф и професорка по танц, таа континуирано ги истражува стиловите и јазиците на танцот. Дипломирала на Унгарската танцова академија во Будимпешта. Таа учество на различни меѓународни танцови работилници и програми за престој како што се американското OMI DANCE Residency, VARP резиденција во SE.S.TA-KoresponDance, во Чешка, во MORISHITA Studio, Токио, PIM OFF во Италија . Во 2006 година ја основала танцовата компанија Góbi. Оттогаш има создадено неколку современи танцови продукции, интерактивни перформанси за деца и учествувала во различни интердисциплинарни проекти. Рита е професорка по танц во уметничкото стручно училиште Nemes Nagy Ágnes, Budai Táncklub, и редовно одржува работилници во Унгарија и на меѓународно ниво. Таа, исто така, работи како кореограф во куклени театри и класични театри. Осаменоста во староста погодува две третини од луѓето. Што можеме да направиме ако водиме само дијалог со себе? Танчер - кореограф и куклар работат заедно на спомени и сеќавања. Претставата се базира на движење без текст, гестови и елементи на куклен театар. Целта на Рита Гоби и Тамаш Сомоѓи е со хумор и хуманост да го разгледаат стареењето, осаменоста и прашањето за соочување со спомените и да ја натераат публиката да размислува за периодот од животот што ќе дојде во сите наши животи. Кога гледаме постара личност, можеме ли да замислиме низ што поминал? Како било кога бил млад? Какви цели и можности имал, каков живот живеел? Може ли постарото јас да се поврзе со младото јас, или стареењето на телото ги носи со себе душата и духот? Темите на претставата се стареење, осаменост и сеќавање. 07.08 (среда) , со почеток во 20:30 часот голема сцена – НУ Центар за култура Битола Odivo theatre - Словачка „Воздух“ режија: Monika Kováčová (театарска претстава за деца) Последната претстава за ова издание на ИДТФ „Битолино“ ќе биде проектот на Odivo театарот од Словачка со наслов „Воздух“. Воздушна лабораторија за деца, нивните родители и сите оние кои сакаат да полетаат. „Воздух“ е форма на поезија на театар на предмети што го прикажува нашиот однос кон летањето, движењето во воздухот. Изведувачите, како и научниците, ги истражуваат можностите за создавање и трансформација на светот преку проток на воздух, додека протокот влијае на различни материјали/предмети и вибрациите на воздухот генерираат музика. Од 2014 година, независната театарска група Одиво ја претстави својата работа на повеќе од 100 национални и меѓународни фестивали и доби многу награди. Театарскиот јазик на групата вклучува уметнички кросовери и игра со методите на куклена игра, предмети, физички театар, вклучително и уметнички перформанс. Освен што прави свои продукции за сите возрасни групи, Одиво е вклучен и во паратеатарски проекти, едукативни активности и соработки со уметници од различни области. Клучните личности на групата се Моника Ковачова и Марија Данадова. Освен со независна сцена, тие соработуваат и со театри финансирани од нивната држава. Децата на Битолино уште еднаш ќе имаат можност да погледнат едно невербално шоу наменето за деца од најмала возраст.        

The post 13. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ под мотото „Раскажи ми приказна без зборови“ appeared first on Република.

]]>
Гран при на 12.издание на Битолино за претставата од Кипар https://republika.mk/vesti/kultura/gran-pri-na-12-izdanie-na-bitolino-za-pretstavata-od-kipar/ Thu, 10 Aug 2023 07:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=670579

Наградата Гран При за најдобра претстава во целина, жири комисијата на 12.издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ , ја додели на претставата „Мирно! Статуата што го обиколи светот“, во режија на Костас Силвестрос, Панајотис Тофи, а во продукција на театарската група STILL! од Кипар .

Оваа година публиката имаше можност да погледне 12 претстави од 10 театри од 9 земји од светот. Фестивалот имаше 100 учесници и над 2100 посетители.

 

Битолино кој оваа година се одржуваше под мотото „Следи ја светлината“, започна со театарската работилница „Митови и легенди за Битола“ под раководство на режисерот Благојче Божиновски, а покрај наградената претстава тука беа и : претставата „Лажеш Мелита“ во режија на Драгана Милошевска Попов, во изведба на македонскиот професионален детски театар НУ „Театар за деца и младинци“ ; претставата „Срце во темнината“ во режија на Тања Лужар, во изведба на „Куклениот театар Марибор“ од Словенија; „Мил Рострос“ театарот од Мексико ја изведе куклената претстава „Малиот џин“ во режија на Ним Гардуњо, претставата-мјузикл „Исландска авантура“ во продукција на групата за изведувачки уметности „Знаци на север“ од далечниот Исланд, а во режија на Џени Лара Арносдотир. На 12-то издание на ИДТФ Битолино настапи групата од Грција, „Хипо“, кои ја изведоа претставата „Скитници“ во режија на Александрос Раптис, Фотис Доусос; тука беше о претставата „Под половина капка вода“ од Србија во продукција на „Станица – сервис за современ танц“, во режија на Јована Ракиќ Марко Милиќ, Милица Писиќ и Милена Тодоровиќ . Претставата „Каде е Фофо?“ авторскиот проект на победничката на 5-то издание на ИДТФ Битолино Рути Тамир од Израел беше дел од Битолино, како и копродукцискиот проект на Куклената организација која навистина ни треба – LOFT и Уметничка организација CLOU од Хрватска, претставата “Лила” во режија на Морана Доленц .
Членовите на детската театарска школа Бабец, ја изведоа претставата „Сомнително лице“ во режија на Јулијана Мирчевска.

Претставите оваа година секоја на свој начин го доближија театарот до децата преку: иновативното користење на просторот и начинот да се раскаже приказна за моралните вредности, потоа прекрасно визуелно доживување со употреба на нови технологии зборувајќи на теми за кои не секогаш се зборува, како аутизмот на пример, емотивна приказна со употреба на кукли или традиционална приказна со прекрасна музика и песни, потоа интерактивна претстава за подигнување на свеста за околината, екологијата и бездомните кучиња, исто така скоро хипнотичка интерактивна претстава која на непретенциозен начин го доближува современиот танц до децата, перфектна актерска изведба која преку пантомима раскажува интересна приказна и претстава за секогаш интересниот свет на кловновите кој има моќ да не однесе од другата страна на виножитото.

 

Жири комисијата оваа година беше во состав на тројца врвни уметници, основачи на новото здружение на детски театри – Македонски национален центар АСИТЕЖ: Благој Мицевски, Игор Ивковиќ и Миодраг Неќак.

„ Многу тешко е од сите наведени претстави да се избере најдобра, затоа што на овај или онај начин сите го заслужуваат тој епитет.Сепак, една претстава која ги содржи сите елементи во себе, некако ја олесна нашата работа, почнувајки од извонредната идеја и приказна, перфектната режија и кореографија, извонредните актерски изведби, во живо изведената музика , сценографијата костимите и посебно видео дизајнот што постојано создаваа магија на сцена, успеа да создадат претстава спектакл, каков што до сега не сме виделе. Со интернационален измислен јазик ги освои срцата на публиката и гласовите на жириото. Сигурно погодувате дека станува збор за претставата Мирно,статуата што го обиколи светот на гостите од Кипар.
Со други зборови она што е добра претстава добра е за сите возрасти. Во мое име и името на уште двата членови на жирито ви благодарам за довербата и се гледаме идната година“, ни изјави претседателот на жирито, костимографот Благој Мицевски.
Тој се заблагодари до организаторите.

 

„ Би сакал веднаш да им се заблагодарам на Јулијана и Васко и организаторот Бабец Театар како и на сите што помогнаа фестивалот да се одржи и што го донесоа светот во Битола. На вас драга публико, за огромната поддршка и интерактивност, со што уште еднаш докажавте колку многу на Битола му недостасува простор за детски театар и претстави за деца, затоа што така се создава нашата идна публика“.

Наградата на гостите од Кипар ќе им биде врачена на состанокот на асоцијацијата на театри за деца Аситеж на состанокот во Белград во Ноември.
Фестивалот се одржа на сцените на НУ Центар за култура Битола, а дел од настаните надвор од натпреварувачката конкуренција се одржаа на сцената на НУ Народен театар Битола.

The post Гран при на 12.издание на Битолино за претставата од Кипар appeared first on Република.

]]>

Наградата Гран При за најдобра претстава во целина, жири комисијата на 12.издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ , ја додели на претставата „Мирно! Статуата што го обиколи светот“, во режија на Костас Силвестрос, Панајотис Тофи, а во продукција на театарската група STILL! од Кипар .
Оваа година публиката имаше можност да погледне 12 претстави од 10 театри од 9 земји од светот. Фестивалот имаше 100 учесници и над 2100 посетители.   Битолино кој оваа година се одржуваше под мотото „Следи ја светлината“, започна со театарската работилница „Митови и легенди за Битола“ под раководство на режисерот Благојче Божиновски, а покрај наградената претстава тука беа и : претставата „Лажеш Мелита“ во режија на Драгана Милошевска Попов, во изведба на македонскиот професионален детски театар НУ „Театар за деца и младинци“ ; претставата „Срце во темнината“ во режија на Тања Лужар, во изведба на „Куклениот театар Марибор“ од Словенија; „Мил Рострос“ театарот од Мексико ја изведе куклената претстава „Малиот џин“ во режија на Ним Гардуњо, претставата-мјузикл „Исландска авантура“ во продукција на групата за изведувачки уметности „Знаци на север“ од далечниот Исланд, а во режија на Џени Лара Арносдотир. На 12-то издание на ИДТФ Битолино настапи групата од Грција, „Хипо“, кои ја изведоа претставата „Скитници“ во режија на Александрос Раптис, Фотис Доусос; тука беше о претставата „Под половина капка вода“ од Србија во продукција на „Станица – сервис за современ танц“, во режија на Јована Ракиќ Марко Милиќ, Милица Писиќ и Милена Тодоровиќ . Претставата „Каде е Фофо?“ авторскиот проект на победничката на 5-то издание на ИДТФ Битолино Рути Тамир од Израел беше дел од Битолино, како и копродукцискиот проект на Куклената организација која навистина ни треба – LOFT и Уметничка организација CLOU од Хрватска, претставата “Лила” во режија на Морана Доленц . Членовите на детската театарска школа Бабец, ја изведоа претставата „Сомнително лице“ во режија на Јулијана Мирчевска. Претставите оваа година секоја на свој начин го доближија театарот до децата преку: иновативното користење на просторот и начинот да се раскаже приказна за моралните вредности, потоа прекрасно визуелно доживување со употреба на нови технологии зборувајќи на теми за кои не секогаш се зборува, како аутизмот на пример, емотивна приказна со употреба на кукли или традиционална приказна со прекрасна музика и песни, потоа интерактивна претстава за подигнување на свеста за околината, екологијата и бездомните кучиња, исто така скоро хипнотичка интерактивна претстава која на непретенциозен начин го доближува современиот танц до децата, перфектна актерска изведба која преку пантомима раскажува интересна приказна и претстава за секогаш интересниот свет на кловновите кој има моќ да не однесе од другата страна на виножитото.   Жири комисијата оваа година беше во состав на тројца врвни уметници, основачи на новото здружение на детски театри – Македонски национален центар АСИТЕЖ: Благој Мицевски, Игор Ивковиќ и Миодраг Неќак. „ Многу тешко е од сите наведени претстави да се избере најдобра, затоа што на овај или онај начин сите го заслужуваат тој епитет.Сепак, една претстава која ги содржи сите елементи во себе, некако ја олесна нашата работа, почнувајки од извонредната идеја и приказна, перфектната режија и кореографија, извонредните актерски изведби, во живо изведената музика , сценографијата костимите и посебно видео дизајнот што постојано создаваа магија на сцена, успеа да создадат претстава спектакл, каков што до сега не сме виделе. Со интернационален измислен јазик ги освои срцата на публиката и гласовите на жириото. Сигурно погодувате дека станува збор за претставата Мирно,статуата што го обиколи светот на гостите од Кипар. Со други зборови она што е добра претстава добра е за сите возрасти. Во мое име и името на уште двата членови на жирито ви благодарам за довербата и се гледаме идната година“, ни изјави претседателот на жирито, костимографот Благој Мицевски. Тој се заблагодари до организаторите.   „ Би сакал веднаш да им се заблагодарам на Јулијана и Васко и организаторот Бабец Театар како и на сите што помогнаа фестивалот да се одржи и што го донесоа светот во Битола. На вас драга публико, за огромната поддршка и интерактивност, со што уште еднаш докажавте колку многу на Битола му недостасува простор за детски театар и претстави за деца, затоа што така се создава нашата идна публика“. Наградата на гостите од Кипар ќе им биде врачена на состанокот на асоцијацијата на театри за деца Аситеж на состанокот во Белград во Ноември. Фестивалот се одржа на сцените на НУ Центар за култура Битола, а дел од настаните надвор од натпреварувачката конкуренција се одржаа на сцената на НУ Народен театар Битола.

The post Гран при на 12.издание на Битолино за претставата од Кипар appeared first on Република.

]]>
„Лажеш Мелита“ на Театар за деца и младинци го отвора годинешното издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ https://republika.mk/vesti/kultura/lazhesh-melita-na-teatar-za-detsa-i-mladintsi-go-otvora-godineshnoto-izdanie-na-internatsionalniot-detski-teatarski-festival-bitolino/ Thu, 03 Aug 2023 08:46:44 +0000 https://republika.mk/?p=668160

Оваа година од 03.08 до 07.08 во Битола ќе се одржи 12. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ под мотото „Следи ја светлината“. Фестивалот ќе се одржи на сцените на НУ Центар за култура Битола, а дел од настанатите надвор од натпреварувачката конкуренција ќе се одржат на сцената на НУ Народен театар Битола. ИДТФ Битолино е во организација на „Бабец театар“, а оваа година фестивалот повторно е проект од национален интерес во културата за 2023 финансиски поддржан од Министерството за култура и дел од Годишната програма за култура на Општина Битола за 2023 и составен дел од програмата на Битфест 2023.

Брендот „Бабец театар“ кој цели 13 години успеа да опстане како професионален детски театар со 21 премиера и над 59.000 посетители и ИДТФ „Битолино“ на кој публиката (14.600) имаше можност да погледне 73 претстави од 40 театри кои во Битола допатуваа од 26 различни земји од 4 континенти, веќе се запишаа со златни букви во историјата на македонскиот театар и како што ни изјавија ќе направат се оваа приказна да продолжи со нови проекти и радосни мигови за децата. Бабец театар оваа година на сопствена иницијатива заедно со НУ Театар за деца и младинци од Скопје го формираа Македонскиот национален центар АСИТЕЖ кој на ова издание на ИДТФ „Битолино“ ќе ја започне својата мисија за создавање на услови за брз и квалитетен развој на театарот за деца преку одржување на неколку состаноци и дебати со театарските работници.

Битолино оваа година започнува на 3 август со театарска работилница со наслов „Митови и легенди за Битола“ под раководство на режисерот Благојче Божиновски, со што ја продолжуваат традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница со која преку театар и со театарски јазик ќе ги доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто.

На Новата сцена – НУ Центар за култура Битола честа први да настапат на дванаесеттото издание на ИДТФ Битолино ќе им припадне на првиот македонски професионален детски театар НУ „Театар за деца и младинци“ кои ќе настапат со претставата „Лажеш Мелита“ во режија на Драгана Милошевска Попов.

После нив на Големата сцена на НУ Центар за култура Битола  ќе настапат „Куклен театар Марибор“ од Словенија со „Срце во темнината“ во режија наТања Лужар.

Следните денови на Битолино гостуваат: „Мил Рострос“ театарот од Мексико со куклената претстава „Малиот џин“ во режија на Ним Гардуњо, претставата за деца „Mирно! статуата што го обиколи светот“во режија на Костас Силвестрос, Панајотис Тофи и во изведба на гостите од Кипар.

Третиот фестивалски ден ќе започне со претставата-мјузиклот „Исландска авантура“ во продукција на групата за изведувачки уметности „Знаци на север“ од далечниот Исланд, а во режија на Џени Лара Арносдотир, потоа следува уште една изведба на куклената претстава „Малиот џин“ во режија Ним Гардуњо и во изведба на „Мил Рострос“ театарот од Мексико. На 12то издание на ИДТФ Битолино за прв пат ќе настапи група од Грција, станува збор за Театарската група „Хипо“. Тие ќе ја изведат претставата „Скитници“ на 6-ти август, во режија на Александрос Раптис, Фотис Доусос .

Втората претстава на четвртиот фестивалски ден „Под половина капка вода“ доаѓа од Србија во продукција на „Станица – сервис за современ танц“. Претставата е во режија на Јована Ракиќ Марко Милиќ, Милица Писиќ и Милена Тодоровиќ .

Последната претстава за овој фестивалски ден ќе биде „Каде е Фофо?“ авторски проект на победничката на 5то издание на ИДТФ Битолино Рути Тамир од Израел.

Поради ограничениот број на гледачи и идејата претставата да биде достапна за што повеќе деца, последниот фестивалски ден ќе започне со претставата во продукција на „Станица – сервис за современ танц“ од Србија.

Последната претстава за ова издание на ИДТФ „Битолино“ ќе биде копродукцискиот проект на Куклената организација која навистина ни треба – LOFT и Уметничка организација CLOU од Хрватска. Се работи за претставата “Лила”
режија: Морана Доленц .

После долга пауза од седум години на 12то издание на ИДТФ „Битолино“ повторно ќе биде доделена наградата „Гран При за најдобра претстава во целина“. За наградата ќе одлучуваат тројца врвни уметници основачи на новото здружение на детски театри – Македонски национален центар АСИТЕЖ.
Претседател на жири комисијата ќе биде Благој Мицевски, режисер и костимограф, а покрај него како членови на жири комисијата се: Игор Ивковиќ, театарски режисер и Миодраг Неќак, композитор.

The post „Лажеш Мелита“ на Театар за деца и младинци го отвора годинешното издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ appeared first on Република.

]]>

Оваа година од 03.08 до 07.08 во Битола ќе се одржи 12. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ под мотото „Следи ја светлината“. Фестивалот ќе се одржи на сцените на НУ Центар за култура Битола, а дел од настанатите надвор од натпреварувачката конкуренција ќе се одржат на сцената на НУ Народен театар Битола. ИДТФ Битолино е во организација на „Бабец театар“, а оваа година фестивалот повторно е проект од национален интерес во културата за 2023 финансиски поддржан од Министерството за култура и дел од Годишната програма за култура на Општина Битола за 2023 и составен дел од програмата на Битфест 2023. Брендот „Бабец театар“ кој цели 13 години успеа да опстане како професионален детски театар со 21 премиера и над 59.000 посетители и ИДТФ „Битолино“ на кој публиката (14.600) имаше можност да погледне 73 претстави од 40 театри кои во Битола допатуваа од 26 различни земји од 4 континенти, веќе се запишаа со златни букви во историјата на македонскиот театар и како што ни изјавија ќе направат се оваа приказна да продолжи со нови проекти и радосни мигови за децата. Бабец театар оваа година на сопствена иницијатива заедно со НУ Театар за деца и младинци од Скопје го формираа Македонскиот национален центар АСИТЕЖ кој на ова издание на ИДТФ „Битолино“ ќе ја започне својата мисија за создавање на услови за брз и квалитетен развој на театарот за деца преку одржување на неколку состаноци и дебати со театарските работници. Битолино оваа година започнува на 3 август со театарска работилница со наслов „Митови и легенди за Битола“ под раководство на режисерот Благојче Божиновски, со што ја продолжуваат традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница со која преку театар и со театарски јазик ќе ги доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто. На Новата сцена – НУ Центар за култура Битола честа први да настапат на дванаесеттото издание на ИДТФ Битолино ќе им припадне на првиот македонски професионален детски театар НУ „Театар за деца и младинци“ кои ќе настапат со претставата „Лажеш Мелита“ во режија на Драгана Милошевска Попов. После нив на Големата сцена на НУ Центар за култура Битола  ќе настапат „Куклен театар Марибор“ од Словенија со „Срце во темнината“ во режија наТања Лужар. Следните денови на Битолино гостуваат: „Мил Рострос“ театарот од Мексико со куклената претстава „Малиот џин“ во режија на Ним Гардуњо, претставата за деца „Mирно! статуата што го обиколи светот“во режија на Костас Силвестрос, Панајотис Тофи и во изведба на гостите од Кипар. Третиот фестивалски ден ќе започне со претставата-мјузиклот „Исландска авантура“ во продукција на групата за изведувачки уметности „Знаци на север“ од далечниот Исланд, а во режија на Џени Лара Арносдотир, потоа следува уште една изведба на куклената претстава „Малиот џин“ во режија Ним Гардуњо и во изведба на „Мил Рострос“ театарот од Мексико. На 12то издание на ИДТФ Битолино за прв пат ќе настапи група од Грција, станува збор за Театарската група „Хипо“. Тие ќе ја изведат претставата „Скитници“ на 6-ти август, во режија на Александрос Раптис, Фотис Доусос . Втората претстава на четвртиот фестивалски ден „Под половина капка вода“ доаѓа од Србија во продукција на „Станица – сервис за современ танц“. Претставата е во режија на Јована Ракиќ Марко Милиќ, Милица Писиќ и Милена Тодоровиќ . Последната претстава за овој фестивалски ден ќе биде „Каде е Фофо?“ авторски проект на победничката на 5то издание на ИДТФ Битолино Рути Тамир од Израел. Поради ограничениот број на гледачи и идејата претставата да биде достапна за што повеќе деца, последниот фестивалски ден ќе започне со претставата во продукција на „Станица – сервис за современ танц“ од Србија. Последната претстава за ова издание на ИДТФ „Битолино“ ќе биде копродукцискиот проект на Куклената организација која навистина ни треба – LOFT и Уметничка организација CLOU од Хрватска. Се работи за претставата “Лила” режија: Морана Доленц . После долга пауза од седум години на 12то издание на ИДТФ „Битолино“ повторно ќе биде доделена наградата „Гран При за најдобра претстава во целина“. За наградата ќе одлучуваат тројца врвни уметници основачи на новото здружение на детски театри – Македонски национален центар АСИТЕЖ. Претседател на жири комисијата ќе биде Благој Мицевски, режисер и костимограф, а покрај него како членови на жири комисијата се: Игор Ивковиќ, театарски режисер и Миодраг Неќак, композитор.

The post „Лажеш Мелита“ на Театар за деца и младинци го отвора годинешното издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ appeared first on Република.

]]>
Театарска работилница за изработка на кукли од разни материјали под раководство на актерот Марјан Георгиевски на „Битолино“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/teatarska-rabotilnica-za-izrabotka-na-kukli-od-razni-materijali-pod-rakovodstvo-na-akterot-marjan-georgievski-na-bitolino/ Fri, 05 Aug 2022 10:02:36 +0000 https://republika.mk/?p=537039

Во Битола се случува 11. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“. Оваа година под мотото „Per astera ad astra“ (Патот до ѕвездите е трнлив) фестивалот за прв пат се одржува во еден нов формат, во организација на “Бабец театар“ од Битола и е дел од годишната програма за култура на Општина Битола  “Бит фест 2022“.

Оваа година Фестивалот започна со театарска работилница за изработка на кукли од разни материјали под раководство на актерот Марјан Георгиевски со што е продолжена традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница.

Со работилници, преку театар и со театарски јазик организаторите сакаат да ги доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто. Театарската работилница за изработка на кукли ќе трае три дена односно ќе претставува еден експресно брз процес за создавање на куклена претстава во која куклите раководени од самите деца учесници на работилницата ќе оживеат на сцената во една кратка куклена претстава која ќе се одигра пред публиката на последниот ден од Фестивалот.

Покрај дружењето и развивањето на креативноста кај децата основната цел на оваа театарска работилница е што повеќе деца да успееме да ги заразиме со магијата на театарот и на тој начин да започнеме да создаваме нови театарски потковани генерации кои ќе бидат идната публика со високи театарски критериуми.

The post Театарска работилница за изработка на кукли од разни материјали под раководство на актерот Марјан Георгиевски на „Битолино“ appeared first on Република.

]]>

Во Битола се случува 11. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“. Оваа година под мотото „Per astera ad astra“ (Патот до ѕвездите е трнлив) фестивалот за прв пат се одржува во еден нов формат, во организација на “Бабец театар“ од Битола и е дел од годишната програма за култура на Општина Битола  “Бит фест 2022“. Оваа година Фестивалот започна со театарска работилница за изработка на кукли од разни материјали под раководство на актерот Марјан Георгиевски со што е продолжена традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница. Со работилници, преку театар и со театарски јазик организаторите сакаат да ги доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто. Театарската работилница за изработка на кукли ќе трае три дена односно ќе претставува еден експресно брз процес за создавање на куклена претстава во која куклите раководени од самите деца учесници на работилницата ќе оживеат на сцената во една кратка куклена претстава која ќе се одигра пред публиката на последниот ден од Фестивалот. Покрај дружењето и развивањето на креативноста кај децата основната цел на оваа театарска работилница е што повеќе деца да успееме да ги заразиме со магијата на театарот и на тој начин да започнеме да создаваме нови театарски потковани генерации кои ќе бидат идната публика со високи театарски критериуми.

The post Театарска работилница за изработка на кукли од разни материјали под раководство на актерот Марјан Георгиевски на „Битолино“ appeared first on Република.

]]>
11. издание на „Битолино“ од 3 до 7 август https://republika.mk/vesti/kultura/11-izdanie-na-bitolino-od-3-do-7-avgust/ Wed, 03 Aug 2022 08:12:41 +0000 https://republika.mk/?p=536318

Од 3-ти до 7-ми август во Битола ќе се одржи 11-то издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“, под мотото „Per astera ad astra“ (Патот до ѕвездите е трнлив). Фестивалот за прв пат ќе се одржи во еден нов формат односно претставите ќе се одиграат под отворено небо, на две сцени, на платото на Офицерски дом, дел од „Културен и информативен центар“ во Битола. Фестивалот е во организација на „Бабец театар“, а од оваа година, после 10 успешно реализирани изданија, стана дел од Годишната програма за култура на Општина Битола и ќе биде дел од програмата на Битфест 2022. За успешна реализација на фестивалот со своите капацитети помогнаа Културен и информативен центар и Центарот за култура во Битола. Логистичката поддршка за фестивалот е и од Светската асоцијација за детски театри АССИТЕЖ и Асоцијацијата за детски театри од средна и југоисточна Европа ТЕАТАР ЕПИЦЕНТАР.

„Бабец театар“ и покрај економската и здравствената криза ќе продолжи да создава театарски претстави кои пред се ќе бидат достојни за презентација пред нашата публика, претстави кои ќе допрат до секое дете и претстави кои засекогаш ќе останат во сеќавањата на децата. Горди сме што создадовме една генерација на млади луѓе кои токму поради нас го засакаа театарот тука првенствено мислам на нашите актери од Театарската школа „Бабец“ и на сите деца кои уживаат гледајќи ги нашите претстави. Брендот „Бабец театар“ кој 12 години успеа да опстане како професионален детски театар со 20 премиери и над 45.000 продадени влезници и ИДТФ „Битолино“ на кој публиката (11.500) имаше можност да погледне 64 претстави од 34 театари кои во Битола допатуваа од 24 различни земји од 4 континенти, веќе се запишаа со златни букви во историјата на македонскиот театар и ќе направиме се оваа приказна да продолжи со нови проекти и радосни мигови за децата”, велат организаторите.

Бабец театар оваа година доби и официјално дозвола и поддршка од Светската асоцијација на детски театри АССИТЕЖ за формирање на Национален центар „АССИТЕЖ Македонија“ со седиште во Битола.

Оваа година Фестивалот започнува со театарска работилница за изработка на кукли од разни материјали под раководство на актерот Марјан Георгиевски со што се продолжува традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница со која преку театар и со театарски јазик ќе ги доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто. Работилниците ќе бидат на 3-ти и 4-ти август со почеток од 11 часот, на Платото пред Офицерскиот дом.

Честа први да настапат на единаесеттото издание на ИДТФ Битолино ќе им припадне на децата од Театарската школа Бабец со претставата создадена по идеа на Јулијана Мирчевска со наслов „Јас Македонија“. Претставата ќе се одржи на 5-ти август во петок со почеток од 19.30 часот, на платото пред Офицерскиот дом.

Следуваат претстави од Прилеп, Израел, Полска, Чешка, Швајцарија, Турција.

The post 11. издание на „Битолино“ од 3 до 7 август appeared first on Република.

]]>

Од 3-ти до 7-ми август во Битола ќе се одржи 11-то издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“, под мотото „Per astera ad astra“ (Патот до ѕвездите е трнлив). Фестивалот за прв пат ќе се одржи во еден нов формат односно претставите ќе се одиграат под отворено небо, на две сцени, на платото на Офицерски дом, дел од „Културен и информативен центар“ во Битола. Фестивалот е во организација на „Бабец театар“, а од оваа година, после 10 успешно реализирани изданија, стана дел од Годишната програма за култура на Општина Битола и ќе биде дел од програмата на Битфест 2022. За успешна реализација на фестивалот со своите капацитети помогнаа Културен и информативен центар и Центарот за култура во Битола. Логистичката поддршка за фестивалот е и од Светската асоцијација за детски театри АССИТЕЖ и Асоцијацијата за детски театри од средна и југоисточна Европа ТЕАТАР ЕПИЦЕНТАР. „Бабец театар“ и покрај економската и здравствената криза ќе продолжи да создава театарски претстави кои пред се ќе бидат достојни за презентација пред нашата публика, претстави кои ќе допрат до секое дете и претстави кои засекогаш ќе останат во сеќавањата на децата. Горди сме што создадовме една генерација на млади луѓе кои токму поради нас го засакаа театарот тука првенствено мислам на нашите актери од Театарската школа „Бабец“ и на сите деца кои уживаат гледајќи ги нашите претстави. Брендот „Бабец театар“ кој 12 години успеа да опстане како професионален детски театар со 20 премиери и над 45.000 продадени влезници и ИДТФ „Битолино“ на кој публиката (11.500) имаше можност да погледне 64 претстави од 34 театари кои во Битола допатуваа од 24 различни земји од 4 континенти, веќе се запишаа со златни букви во историјата на македонскиот театар и ќе направиме се оваа приказна да продолжи со нови проекти и радосни мигови за децата”, велат организаторите. Бабец театар оваа година доби и официјално дозвола и поддршка од Светската асоцијација на детски театри АССИТЕЖ за формирање на Национален центар „АССИТЕЖ Македонија“ со седиште во Битола. Оваа година Фестивалот започнува со театарска работилница за изработка на кукли од разни материјали под раководство на актерот Марјан Георгиевски со што се продолжува традицијата секое издание на фестивалот да има своја работилница со која преку театар и со театарски јазик ќе ги доближат децата до процесот на создавање на еден лик и на една театарска претстава за деца воопшто. Работилниците ќе бидат на 3-ти и 4-ти август со почеток од 11 часот, на Платото пред Офицерскиот дом. Честа први да настапат на единаесеттото издание на ИДТФ Битолино ќе им припадне на децата од Театарската школа Бабец со претставата создадена по идеа на Јулијана Мирчевска со наслов „Јас Македонија“. Претставата ќе се одржи на 5-ти август во петок со почеток од 19.30 часот, на платото пред Офицерскиот дом. Следуваат претстави од Прилеп, Израел, Полска, Чешка, Швајцарија, Турција.

The post 11. издание на „Битолино“ од 3 до 7 август appeared first on Република.

]]>