битки Archives - Република https://republika.mk/tema/bitki/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Oct 2022 09:25:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png битки Archives - Република https://republika.mk/tema/bitki/ 32 32 Украинците пружат отпор на исток, се подготвува битка за Херсон https://republika.mk/vesti/svet/ukraincite-pruzat-otpor-na-istok-se-podgotvuva-bitka-za-herson/ Thu, 27 Oct 2022 09:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=566207

Украинските војници пружат отпор на новите напади од руските сили во два источни градови, а силите на јужните боишта се подготвуваат за битка за стратешкиот регион Херсон.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање истакна дека ќе има добри вести од бојното поле, но, не даде детали.

Тој не објави што се случува во јужниот дел на Херсон. Официјални лица и воени аналитичари предвидуваат дека таму ќе се води една од борбите со најголеми последици во војната од почетокот на рускиот напад врз Украина пред осум месеци.

Зеленски информираше дека најжестоките борби во источна Украина се воделе близу Авдиивка, Бахмут и надвор од Доњецк.

– Тоа е подрачјето каде најочигледно е лудилото на руската команда. Ден за ден, со месеци, таму се носат луѓе во смрт, концентрирајќи артилериски напади од највисоко ниво, подвлече претседателот на Украина.

Битката што следува за градот Херсон на устието на реката Дњепар ќе одреди дали Украина ќе успее да ја ослаби руската контрола на југот, пишуваат дел од светските медиуми.

Според украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников, влажното време и нерамниот терен ја отежнуваат контраофанзивата на Киев во Херсон.

The post Украинците пружат отпор на исток, се подготвува битка за Херсон appeared first on Република.

]]>

Украинските војници пружат отпор на новите напади од руските сили во два источни градови, а силите на јужните боишта се подготвуваат за битка за стратешкиот регион Херсон. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање истакна дека ќе има добри вести од бојното поле, но, не даде детали. Тој не објави што се случува во јужниот дел на Херсон. Официјални лица и воени аналитичари предвидуваат дека таму ќе се води една од борбите со најголеми последици во војната од почетокот на рускиот напад врз Украина пред осум месеци. Зеленски информираше дека најжестоките борби во источна Украина се воделе близу Авдиивка, Бахмут и надвор од Доњецк. – Тоа е подрачјето каде најочигледно е лудилото на руската команда. Ден за ден, со месеци, таму се носат луѓе во смрт, концентрирајќи артилериски напади од највисоко ниво, подвлече претседателот на Украина. Битката што следува за градот Херсон на устието на реката Дњепар ќе одреди дали Украина ќе успее да ја ослаби руската контрола на југот, пишуваат дел од светските медиуми. Според украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников, влажното време и нерамниот терен ја отежнуваат контраофанзивата на Киев во Херсон.

The post Украинците пружат отпор на исток, се подготвува битка за Херсон appeared first on Република.

]]>