Битиќи Archives - Република https://republika.mk/tema/bitikji/ За подобро да се разбереме Sat, 19 Oct 2024 11:35:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Битиќи Archives - Република https://republika.mk/tema/bitikji/ 32 32 Битиќи: Економијата може и мора да се опорави https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-ekonomijata-mozhe-i-mora-da-se-oporavi/ Sat, 19 Oct 2024 10:32:05 +0000 https://republika.mk/?p=828767

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска на прес-конференција изјави дека Светската банка во својот најнов извештај за Македонија изнесе аларамантни и поразителни податоци за економската состојба на земјава, дека извештајот не е технички документ туку слика на секојдневието од втората половина на тековната година – раст на цените, уништување на животниот стандард, откажување од планот за раст на платите.

Според Битиќи, нашата економија е во слободен пад и наместо очекуваниот економски раст од 2,5 проценти, годинава, според Светска Банка, ќе ја завршиме со само 1,8 отсто раст на БДП што е јасен сигнал дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се целосно неуспешни.

- Во извештајот јасно се забележува дека главната причина за овој пад е „топло-ладниот” однос према реализирањето на клучните инфраструктурни проекти – Коридорите 8 и 10Д, кои требаше да донесат економски бенефит, но ВМРО-ДПМНЕ ги држи на хартија. Наместо да се движиме напред, владата дозволи овие проекти да останат закочени, а тоа има катастрофални последици за БДП. Дополнително, додека слушаме за големи ветувања за инвестиции во енергетскиот сектор, според Светска банка овде се таложат проблеми кои се реален ризик да го забрзаат падот на економијата, рече Битиќи.

Пратеникот на СДСМ посочува дека во ваква ситуација, светлото на крајот на тунелот, според Светска банка, може да биде само Планот за раст на Европската унија, кој заедно со веќе воспоставените мерки за раст на платите и поддршката на компаниите (домашни и странски) би донел позитивен импулс во македонската економија.

- Ова е патот кој треба да го следиме – патот кон Европа, кон стабилност и модернизација. Но, наместо тоа, Владата продолжува да се задолжува неконтролирано со кредити кои ќе ја донесат државата во компромитирана ситуација не само на економски туку и на геополитички план, рече Битиќи.

На крајот од годинава, како што рече, фискалниот дефицит ќе достигне  4,9 проценти, а јавниот долг ќе скокне на загрижувачки 63,5 проценти од БДП.

- Со ново најавените 500 милиони евра дополнително задолжување од Унгарија, може да очекуваме јавниот долг да се приближи на 70% од БДП. Патека која води во економски пропаст. Се создава долг што економијата нема капацитет да го поддржи преку создавање на нова вредност. Каматната стапка од 3,25%, кој е толку фалена од власта, е повисока од очекуваниот раст на БДП за 1,45 процентни поени.

Според него, Владата не може да ја контролира ситуацијата, а луѓето едвај врзуваат крај со крај. Владините мерки за ограничување на маржите на мал дел од прехранбените производи, вели Битиќи, се апсолутен неуспех.

- Економијата може и мора да се опорави, но за тоа е потребна влада која знае како да управува со ресурсите на државата, која е транспарентна и која ќе ги штити интересите на сите граѓани, а не интересите на привилегирани малкумина, рече Битиќи на прес-конференцијата.

Пратеникот на СДСМ кажа и дека повратот на ДДВ станува сериозен проблем за македонската економија, особено што, како што вели, повратот на ДДВ директно влијае врз ликвидноста на самите компании.

-Според моите информации, некаде 1.500 компании чекаат повеќе од еден месец, а некои и до три месеци и вкупниот долг коишто компаниите треба да го добијат од страна на УЈП е од 250 до 300 милиони денари, нешто што не се случувало во последните седум години. Дополнително, советот коишто би требало да се свикува за поврат на ДДВ во рамки на УЈП не е свикана веќе четири месеци, рече Битиќи.

Ова, според него. покажува дека се враќаме во ерата на селективно плаќање и исплаќање на ДДВ коешто беше карактеристика и пракса до 2016 година.

The post Битиќи: Економијата може и мора да се опорави appeared first on Република.

]]>

Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска на прес-конференција изјави дека Светската банка во својот најнов извештај за Македонија изнесе аларамантни и поразителни податоци за економската состојба на земјава, дека извештајот не е технички документ туку слика на секојдневието од втората половина на тековната година – раст на цените, уништување на животниот стандард, откажување од планот за раст на платите. Според Битиќи, нашата економија е во слободен пад и наместо очекуваниот економски раст од 2,5 проценти, годинава, според Светска Банка, ќе ја завршиме со само 1,8 отсто раст на БДП што е јасен сигнал дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се целосно неуспешни. - Во извештајот јасно се забележува дека главната причина за овој пад е „топло-ладниот” однос према реализирањето на клучните инфраструктурни проекти – Коридорите 8 и 10Д, кои требаше да донесат економски бенефит, но ВМРО-ДПМНЕ ги држи на хартија. Наместо да се движиме напред, владата дозволи овие проекти да останат закочени, а тоа има катастрофални последици за БДП. Дополнително, додека слушаме за големи ветувања за инвестиции во енергетскиот сектор, според Светска банка овде се таложат проблеми кои се реален ризик да го забрзаат падот на економијата, рече Битиќи. Пратеникот на СДСМ посочува дека во ваква ситуација, светлото на крајот на тунелот, според Светска банка, може да биде само Планот за раст на Европската унија, кој заедно со веќе воспоставените мерки за раст на платите и поддршката на компаниите (домашни и странски) би донел позитивен импулс во македонската економија. - Ова е патот кој треба да го следиме – патот кон Европа, кон стабилност и модернизација. Но, наместо тоа, Владата продолжува да се задолжува неконтролирано со кредити кои ќе ја донесат државата во компромитирана ситуација не само на економски туку и на геополитички план, рече Битиќи. На крајот од годинава, како што рече, фискалниот дефицит ќе достигне  4,9 проценти, а јавниот долг ќе скокне на загрижувачки 63,5 проценти од БДП. - Со ново најавените 500 милиони евра дополнително задолжување од Унгарија, може да очекуваме јавниот долг да се приближи на 70% од БДП. Патека која води во економски пропаст. Се создава долг што економијата нема капацитет да го поддржи преку создавање на нова вредност. Каматната стапка од 3,25%, кој е толку фалена од власта, е повисока од очекуваниот раст на БДП за 1,45 процентни поени. Според него, Владата не може да ја контролира ситуацијата, а луѓето едвај врзуваат крај со крај. Владините мерки за ограничување на маржите на мал дел од прехранбените производи, вели Битиќи, се апсолутен неуспех. - Економијата може и мора да се опорави, но за тоа е потребна влада која знае како да управува со ресурсите на државата, која е транспарентна и која ќе ги штити интересите на сите граѓани, а не интересите на привилегирани малкумина, рече Битиќи на прес-конференцијата. Пратеникот на СДСМ кажа и дека повратот на ДДВ станува сериозен проблем за македонската економија, особено што, како што вели, повратот на ДДВ директно влијае врз ликвидноста на самите компании. -Според моите информации, некаде 1.500 компании чекаат повеќе од еден месец, а некои и до три месеци и вкупниот долг коишто компаниите треба да го добијат од страна на УЈП е од 250 до 300 милиони денари, нешто што не се случувало во последните седум години. Дополнително, советот коишто би требало да се свикува за поврат на ДДВ во рамки на УЈП не е свикана веќе четири месеци, рече Битиќи. Ова, според него. покажува дека се враќаме во ерата на селективно плаќање и исплаќање на ДДВ коешто беше карактеристика и пракса до 2016 година.

The post Битиќи: Економијата може и мора да се опорави appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Од утре, без разлика од кое место и позиција, да продолжиме да работиме заедно, отчетно и државнички https://republika.mk/vesti/makedonija/bitiki-od-utre-bez-razlika-od-koe-mesto-i-pozitsija-da-prodolzhime-da-rabotime-zaedno-otchetno-i-drzhavnichki/ Wed, 08 May 2024 17:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=775729

“Утрово заедно со мојата сопруга Мирлинда, гласавме и се надевам дека истото право и обврска го оствариле сите”  – кажа утрово потпретседателот на СДСМ и ко-носителот и кандидат за пратеник во изборна единица 2 за СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Фатмир Битиќи, пред своето гласачко место во Бутел.

Тој додаде дека изборите се една од шансите за зацврстување на демократијата и потсети дека после долги години ова беа првите редовни парламентарни избори во нашата држава.

“Потребна ни е стабилност, предвидливост и функционалност на целиот државен систем. Од утре, без разлика од кое место и позиција, да продолжиме да работиме заедно, отчетно и државнички, за развојот на нашата Македонија. И да одиме кон заедничката цел: целосна интеграција во Европската Унија. Да продолжиме да ги негуваме нашите различности и да градиме едно општество за сите.” – изјави Битиќи.

The post Битиќи: Од утре, без разлика од кое место и позиција, да продолжиме да работиме заедно, отчетно и државнички appeared first on Република.

]]>

“Утрово заедно со мојата сопруга Мирлинда, гласавме и се надевам дека истото право и обврска го оствариле сите”  – кажа утрово потпретседателот на СДСМ и ко-носителот и кандидат за пратеник во изборна единица 2 за СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Фатмир Битиќи, пред своето гласачко место во Бутел. Тој додаде дека изборите се една од шансите за зацврстување на демократијата и потсети дека после долги години ова беа првите редовни парламентарни избори во нашата држава. “Потребна ни е стабилност, предвидливост и функционалност на целиот државен систем. Од утре, без разлика од кое место и позиција, да продолжиме да работиме заедно, отчетно и државнички, за развојот на нашата Македонија. И да одиме кон заедничката цел: целосна интеграција во Европската Унија. Да продолжиме да ги негуваме нашите различности и да градиме едно општество за сите.” – изјави Битиќи.

The post Битиќи: Од утре, без разлика од кое место и позиција, да продолжиме да работиме заедно, отчетно и државнички appeared first on Република.

]]>
Петрова: Дописот на Битиќи до одредени компании со кој бара поддршка, претставува класичен изборен поткуп и влијание врз слободната воља на гласачите! https://republika.mk/vesti/makedonija/petrova-dopisot-na-bitiki-do-odredeni-kompanii-so-koj-bara-poddrshka-pretstavuva-klasichen-izboren-potkup-i-vlijanie-vrz-slobodnata-vola-na-glasachite/ Sat, 04 May 2024 12:25:16 +0000 https://republika.mk/?p=774136

УШТЕ ЕДНА ПОТВРДА ЗА НАРУШЕНАТА ДОВЕРБА ВО КОРИСТЕЊЕТО НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА

Фатмир Битиќи, лице кое сеуште е на јавна функција – вицепремиер за економски прашања, упатил допис до одредени компании, со кој бара поддршка и глас за себе како кандидат за пратеник и за неговата политичка партија СДСМ, а се повикува на доделената финансиска помош (доделена од средства од Буџетот, од народните пари!) и ветува продолжување на финансиската помош во зголемен износ.

Со ова, компаниите кои примиле финансиска помош се ставени во позиција дека треба “за возврат” на финансиската помош да дадат глас на изборите. Ова е класичен изборен поткуп и влијание врз слободната воља на гласачите.

Со вакви дејствија за нечесни цели поврзани со изборите, се потврдува и уште повеќе се поткопува нарушената јавна доверба во користењето на буџетските средства. Дали (не)дадениот глас на избори бил и ќе биде “услов” за (не)доделување финансиска помош во некои случаи?, вели во својата објава Петрова.

The post Петрова: Дописот на Битиќи до одредени компании со кој бара поддршка, претставува класичен изборен поткуп и влијание врз слободната воља на гласачите! appeared first on Република.

]]>

УШТЕ ЕДНА ПОТВРДА ЗА НАРУШЕНАТА ДОВЕРБА ВО КОРИСТЕЊЕТО НА БУЏЕТСКИТЕ СРЕДСТВА Фатмир Битиќи, лице кое сеуште е на јавна функција – вицепремиер за економски прашања, упатил допис до одредени компании, со кој бара поддршка и глас за себе како кандидат за пратеник и за неговата политичка партија СДСМ, а се повикува на доделената финансиска помош (доделена од средства од Буџетот, од народните пари!) и ветува продолжување на финансиската помош во зголемен износ. Со ова, компаниите кои примиле финансиска помош се ставени во позиција дека треба “за возврат” на финансиската помош да дадат глас на изборите. Ова е класичен изборен поткуп и влијание врз слободната воља на гласачите. Со вакви дејствија за нечесни цели поврзани со изборите, се потврдува и уште повеќе се поткопува нарушената јавна доверба во користењето на буџетските средства. Дали (не)дадениот глас на избори бил и ќе биде “услов” за (не)доделување финансиска помош во некои случаи?, вели во својата објава Петрова.

The post Петрова: Дописот на Битиќи до одредени компании со кој бара поддршка, претставува класичен изборен поткуп и влијание врз слободната воља на гласачите! appeared first on Република.

]]>
Случајот со писмото на Битиќи до компаниите е сличен на „Траекторија“, обвинителството веднаш да постапи, вели Мицкоски https://republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-so-pismoto-na-bitiki-do-kompaniite-e-slichen-na-traektorija-obvinitelstvoto-vednash-da-postapi-veli-mitskoski/ Fri, 03 May 2024 12:34:30 +0000 https://republika.mk/?p=773773

„Јас го повикувам Обвинителството да нема двојни аршини и да постапи исто и со господинот Битиќи. Ако не постапи, тогаш се потврдува нашата теза дека имаме работа со октруирано обвинителство, партизирано обвинителство, но наскоро и тоа ќе го ослободиме“, додаде Мицкоски.

Мицкоски исто така додаде дека ова што го направил Битиќи е кршење на членот 353 од КЗ, бидејќи ја злоупотребува положбата со цел да прибави политичка корист.

„Јас ви гарантирам дека истражните органи ќе отворат истрага за ова што го прави Битиќи. Тој во својство на вицепремиер испраќа писма до компании каде што наведува дека, внимавајте јас како вицепремиер ви дадов пари, а сега треба мене да ме гласате на овие избори. Тоа е кршење на членот 353 од КЗ, односно злоупотреба на службена положба и овластувања за прибавување корист, а таа корист е политичка“, рече Мицкоски.

Тој уште еднаш го повика обвинителството да постапи, бидејќи во спротивно ќе се потврди тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека Обвинителството е октруирано и партизирано и дека е потребно целосно распуштање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства.

„Ќе ве потсетам, случајот „Траекторија“ токму за нешто вакво слично се водеше и го повикувам јавниот обвинител, овој новиот, го повикувам него или тие надлежните коишто се, да отворат веднаш истрага. Во спротивно ќе се потврди нашата теза дека имаме работа со октруирано и партизирано Обвинителство и уште еднашка ќе се потврди нашата заложба за целосно распушатање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства, бидејќи навистина не може македонија понатаму да се развива со вакви луѓе ако тие не постапуваат согласно закон“, нагласи Мицкоски.

The post Случајот со писмото на Битиќи до компаниите е сличен на „Траекторија“, обвинителството веднаш да постапи, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>

„Јас го повикувам Обвинителството да нема двојни аршини и да постапи исто и со господинот Битиќи. Ако не постапи, тогаш се потврдува нашата теза дека имаме работа со октруирано обвинителство, партизирано обвинителство, но наскоро и тоа ќе го ослободиме“, додаде Мицкоски. Мицкоски исто така додаде дека ова што го направил Битиќи е кршење на членот 353 од КЗ, бидејќи ја злоупотребува положбата со цел да прибави политичка корист. „Јас ви гарантирам дека истражните органи ќе отворат истрага за ова што го прави Битиќи. Тој во својство на вицепремиер испраќа писма до компании каде што наведува дека, внимавајте јас како вицепремиер ви дадов пари, а сега треба мене да ме гласате на овие избори. Тоа е кршење на членот 353 од КЗ, односно злоупотреба на службена положба и овластувања за прибавување корист, а таа корист е политичка“, рече Мицкоски. Тој уште еднаш го повика обвинителството да постапи, бидејќи во спротивно ќе се потврди тезата на ВМРО-ДПМНЕ дека Обвинителството е октруирано и партизирано и дека е потребно целосно распуштање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства. „Ќе ве потсетам, случајот „Траекторија“ токму за нешто вакво слично се водеше и го повикувам јавниот обвинител, овој новиот, го повикувам него или тие надлежните коишто се, да отворат веднаш истрага. Во спротивно ќе се потврди нашата теза дека имаме работа со октруирано и партизирано Обвинителство и уште еднашка ќе се потврди нашата заложба за целосно распушатање на Судскиот совет, на советот на обвинители и проверка на нивните имоти и на нивните семејства, бидејќи навистина не може македонија понатаму да се развива со вакви луѓе ако тие не постапуваат согласно закон“, нагласи Мицкоски.

The post Случајот со писмото на Битиќи до компаниите е сличен на „Траекторија“, обвинителството веднаш да постапи, вели Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, сакам да потсетам дека социјалдемократијата има многу заедничко со религиите https://republika.mk/vesti/makedonija/bitiki-vo-presret-na-golemiot-hristijanski-praznik-veligden-sakam-da-potsetam-deka-sotsijaldemokratijata-ima-mnogu-zaednichko-so-religiite/ Fri, 03 May 2024 12:32:32 +0000 https://republika.mk/?p=773792

„СДСМ од секогаш  била предводник на визионерство, државништво и прогресивност, секогаш со поглед кон иднината, со нагласено политичко чувство за потреба од добрососедски односи, за интеграција во ЕУ, но пред сѐ за градење на хармонични односи меѓу различните заедници во земјава. Од оваа наша мисија не се откажувам, по 8-ми мај продолжуваме, на тоа нѐ обврзуваат нашите социјалдемократски вредности“, порачува Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Битиќи истакнува дека патот кон е ЕУ е тежок, тој бара многу промени кај нас и тоа треба да биде мотивација за претстојните парламентарни и претседателски избори да се заокружи бројот 1.

„Наша цел е европските стандарди и вредности да ги донесеме овде, да им овозможиме на граѓаните подобар квалитет на живот“, вели Битиќи.

Тој посочува дека таа промена може лесно да се направи со прифаќање на социјалдемократските вредности кои, како што вели Битиќи, се многу блиски и на христијанството и на исламот.

„Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, сакам да потсетам дека социјалдемократијата има многу заедничко со религиите. Социјалдемократијата не' подучува на сочувство кон ранливите, кон маргинализираните, да се стремиме кон праведно општество, каде што секој, независно од неговата различност, ќе има пристап до образование, вработување и достоинствен живот. Нема нешто поблагородно од пораката да се однесуваме кон сите со праведност и љубов“, вели Битиќи и апелира во пресрет на двојните избори на 8-ми мај да се препознае моќта на заедништвото и да не се дозволи национализмот да го разедини општеството.

„По 8-ми мај, да продолжиме да бидеме заедно, да ги споделуваме потешкотиите, но и радостите во животот. Цврсто да ја држиме заедничката визија за европска Македонија, во која никој нема да биде изоставен, исклучен или исфрлен“, вели Битиќи.

The post Битиќи: Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, сакам да потсетам дека социјалдемократијата има многу заедничко со религиите appeared first on Република.

]]>

„СДСМ од секогаш  била предводник на визионерство, државништво и прогресивност, секогаш со поглед кон иднината, со нагласено политичко чувство за потреба од добрососедски односи, за интеграција во ЕУ, но пред сѐ за градење на хармонични односи меѓу различните заедници во земјава. Од оваа наша мисија не се откажувам, по 8-ми мај продолжуваме, на тоа нѐ обврзуваат нашите социјалдемократски вредности“, порачува Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2. Битиќи истакнува дека патот кон е ЕУ е тежок, тој бара многу промени кај нас и тоа треба да биде мотивација за претстојните парламентарни и претседателски избори да се заокружи бројот 1. „Наша цел е европските стандарди и вредности да ги донесеме овде, да им овозможиме на граѓаните подобар квалитет на живот“, вели Битиќи. Тој посочува дека таа промена може лесно да се направи со прифаќање на социјалдемократските вредности кои, како што вели Битиќи, се многу блиски и на христијанството и на исламот. „Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, сакам да потсетам дека социјалдемократијата има многу заедничко со религиите. Социјалдемократијата не' подучува на сочувство кон ранливите, кон маргинализираните, да се стремиме кон праведно општество, каде што секој, независно од неговата различност, ќе има пристап до образование, вработување и достоинствен живот. Нема нешто поблагородно од пораката да се однесуваме кон сите со праведност и љубов“, вели Битиќи и апелира во пресрет на двојните избори на 8-ми мај да се препознае моќта на заедништвото и да не се дозволи национализмот да го разедини општеството. „По 8-ми мај, да продолжиме да бидеме заедно, да ги споделуваме потешкотиите, но и радостите во животот. Цврсто да ја држиме заедничката визија за европска Македонија, во која никој нема да биде изоставен, исклучен или исфрлен“, вели Битиќи.

The post Битиќи: Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, сакам да потсетам дека социјалдемократијата има многу заедничко со религиите appeared first on Република.

]]>
Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер- бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-bitiki-ja-zloupotrebil-svojata-pozitsija-kako-vitsepremier-bara-od-kompaniite-da-glasaat-za-nego-naveduvajki-go-brojot-na-glasachkoto-livche/ Thu, 02 May 2024 15:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=773519

Ова писмо е доказ за злоупотреба на позицијата вицепремиер и државните ресурси во политичка кампања од страна на СДС. Имено Фатмир Битиќи, коносител во ИЕ 2 на 29 април 2024 година испраќа писмо злоупотребувајќи ја својата позиција како вицепремиер, и неговата обврска да работи за компаниите и бизнис секторот. Битиќи упатува апел и директно вели, цитирам: Го барам вашиот глас, а притоа потенцира дека го водел секторот, кој помогнал со финансиска поддршка од над 100 милиони евра, вели Марија Митева, портпарол и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Потенцира дека за да продолжат овие позитивни политики за поддршка на бизнисот и во иднина, цитира дел од партиската програма за изборите, во која ветува зголемување на на овие средства во износ од 180 милиони евра.

Битиќи директно во ова писмо бара лична поддршка гласајќи за СДС и за Коалицијата Европска иднина наведувајќи го и редниот број на гласачкото ливче.

Ова претставува злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353. Имено според овој член е наведено дека службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, ќе прибави за себе или за друг некаква корист, во овој случај тоа е политичка корист преку директно барање на поддршка за број на гласачко ливче под кое се наоѓа коалицијата од која самиот Битиќи е дел.

Битиќи извршил злоупотреба на службената положба, затоа што како вицепремиер, кој одлучувал за доделување на помошта за компаниите им се обраќа истите да го дадат гласот за него, поради помошта која им е исплатена од негова страна, како вицепремиер на владата и дека истата ќе се зголеми доколку се добие поддршката.

Дали со ваквиот чин, Битиќи создава притисок на компаниите кои добиле државна помош, и заради истата тој бара тие да гласаат за него. Ова е преседан од невидени размери, за што очекуваме не само извинување од Битиќи и СДС, туку и ДКСК да покрене случај против ова.

Времето на злоупотребите на државните позиции и условувањето на компаниите и граѓаните завршува на 8 мај. Компаниите да не се плашат, и да не подлегнуваат на притисоците на СДС и ДУИ, по 8 мај сите кои вршеле притисоци ќе се соочат со одговорност. Ова време завршува!

Време е Македонија да ја вратиме на народот. Време е Македонија да биде повторно твоја, додава Митева.

https://www.youtube.com/watch?v=qN3dukLPG_0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер- бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче appeared first on Република.

]]>

Ова писмо е доказ за злоупотреба на позицијата вицепремиер и државните ресурси во политичка кампања од страна на СДС. Имено Фатмир Битиќи, коносител во ИЕ 2 на 29 април 2024 година испраќа писмо злоупотребувајќи ја својата позиција како вицепремиер, и неговата обврска да работи за компаниите и бизнис секторот. Битиќи упатува апел и директно вели, цитирам: Го барам вашиот глас, а притоа потенцира дека го водел секторот, кој помогнал со финансиска поддршка од над 100 милиони евра, вели Марија Митева, портпарол и кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -Потенцира дека за да продолжат овие позитивни политики за поддршка на бизнисот и во иднина, цитира дел од партиската програма за изборите, во која ветува зголемување на на овие средства во износ од 180 милиони евра. Битиќи директно во ова писмо бара лична поддршка гласајќи за СДС и за Коалицијата Европска иднина наведувајќи го и редниот број на гласачкото ливче. Ова претставува злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353. Имено според овој член е наведено дека службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, ќе прибави за себе или за друг некаква корист, во овој случај тоа е политичка корист преку директно барање на поддршка за број на гласачко ливче под кое се наоѓа коалицијата од која самиот Битиќи е дел. Битиќи извршил злоупотреба на службената положба, затоа што како вицепремиер, кој одлучувал за доделување на помошта за компаниите им се обраќа истите да го дадат гласот за него, поради помошта која им е исплатена од негова страна, како вицепремиер на владата и дека истата ќе се зголеми доколку се добие поддршката. Дали со ваквиот чин, Битиќи создава притисок на компаниите кои добиле државна помош, и заради истата тој бара тие да гласаат за него. Ова е преседан од невидени размери, за што очекуваме не само извинување од Битиќи и СДС, туку и ДКСК да покрене случај против ова. Времето на злоупотребите на државните позиции и условувањето на компаниите и граѓаните завршува на 8 мај. Компаниите да не се плашат, и да не подлегнуваат на притисоците на СДС и ДУИ, по 8 мај сите кои вршеле притисоци ќе се соочат со одговорност. Ова време завршува! Време е Македонија да ја вратиме на народот. Време е Македонија да биде повторно твоја, додава Митева. https://www.youtube.com/watch?v=qN3dukLPG_0&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Митева: Битиќи ја злоупотребил својата позиција како вицепремиер- бара од компаниите да гласаат за него наведувајќи го бројот на гласачкото ливче appeared first on Република.

]]>
Битиќи и Шукова на средба со делегација на Зелениот климатски фонд: Нови можности за справување со климатските предизвици https://republika.mk/zivot/bitiki-i-shukova-na-sredba-so-delegatsija-na-zeleniot-klimatski-fond-novi-mozhnosti-za-spravuvane-so-klimatskite-predizvitsi/ Tue, 19 Mar 2024 14:29:58 +0000 https://republika.mk/?p=756371

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Фестим Халили, денеска во Владата на Република Македонија остварија средба со делегација на Зелениот климатски фонд(ЗКФ), предводена од Нонханхла Зиндела, заменик директор во одделот за програмирање на фондот.

Средбата се одржа на маргините на  Регионалниот програмски дијалог за земјите од Источна Европа и Централна Азија, поддржан од ЗКФ, кој се одржува во Скопје од 18.03 до 22.03.2024 година.

На средбата стана збор за спроведување на тековните програми финaнсирани од ЗКФ и имплементирани од меѓународно акредитирани субјекти, за што заеднички беше изразена подготвеност за продлабочување на оваа соработка.  Во оваа насока, на средбата се зборуваше и за нови идеи поврзани со развој на климатски отпорната инфраструктура и за нови заеднички напори во борбата против климатските промени.

Истакнувајќи ја подготвеноста на Македонија да биде домаќин на регионалните канцеларии на ЗКФ, на состанокот се постави рамка за идните трансформациски и мултисекторски климатски иницијативи во Источна Европа, Централна Азија и пошироко. Оваа соработка помеѓу Македонија и ЗКФ ќе има за цел да отвори нови можности за справување со климатските предизвици и да промовира иновативни решенија за национална подготвеност.

Уште еднаш беше реафирмиран интересот на Владата да го номинира ФИТР за акредитација со која ќе се подобри пристапот до финансиски средства на ЗКФ и ќе се зајакнат напорите за решавање на приоритети поврзани со климатските промени во земјава.

The post Битиќи и Шукова на средба со делегација на Зелениот климатски фонд: Нови можности за справување со климатските предизвици appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Фестим Халили, денеска во Владата на Република Македонија остварија средба со делегација на Зелениот климатски фонд(ЗКФ), предводена од Нонханхла Зиндела, заменик директор во одделот за програмирање на фондот. Средбата се одржа на маргините на  Регионалниот програмски дијалог за земјите од Источна Европа и Централна Азија, поддржан од ЗКФ, кој се одржува во Скопје од 18.03 до 22.03.2024 година. На средбата стана збор за спроведување на тековните програми финaнсирани од ЗКФ и имплементирани од меѓународно акредитирани субјекти, за што заеднички беше изразена подготвеност за продлабочување на оваа соработка.  Во оваа насока, на средбата се зборуваше и за нови идеи поврзани со развој на климатски отпорната инфраструктура и за нови заеднички напори во борбата против климатските промени. Истакнувајќи ја подготвеноста на Македонија да биде домаќин на регионалните канцеларии на ЗКФ, на состанокот се постави рамка за идните трансформациски и мултисекторски климатски иницијативи во Источна Европа, Централна Азија и пошироко. Оваа соработка помеѓу Македонија и ЗКФ ќе има за цел да отвори нови можности за справување со климатските предизвици и да промовира иновативни решенија за национална подготвеност. Уште еднаш беше реафирмиран интересот на Владата да го номинира ФИТР за акредитација со која ќе се подобри пристапот до финансиски средства на ЗКФ и ќе се зајакнат напорите за решавање на приоритети поврзани со климатските промени во земјава.

The post Битиќи и Шукова на средба со делегација на Зелениот климатски фонд: Нови можности за справување со климатските предизвици appeared first on Република.

]]>
Битиќи од првиот регионален програмски дијалог на ЗКФ: Иднината на светот нè повикува и ние одговараме, треба да се гордееме со тоа https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-od-prviot-regionalen-programski-dijalog-na-zkf-idninata-na-svetot-ne-povikuva-i-nie-odgovarame-treba-da-se-gordeeme-so-toa/ Mon, 18 Mar 2024 12:59:08 +0000 https://republika.mk/?p=755893

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на отворањето на регионалната конференција за регионален програмски дијалог на Зелениот климатски фонд (ЗКФ) за Источна Европа и регионот на Централна Азија, која во следните 5 дена ќе се одржува во Скопје.

Во продолжение го прeнесуваме интегрално обраќање:

Навистина е голема чест што можам да го отворам Регионалниот програмски дијалог на Зелениот климатски фонд за Источна Европа и регионот на Централна Азија. Ова е наша прва можност од 2018 година да видиме поширока слика за Регионален програмски дијалог за Источна Европа и регионот на Централна Азија, додека за регионот на Западен Балкан ова е прва конференција од ваков вид и затоа е огромно задоволство што токму нашата земја, Република Македонија е домаќин на овој настан. Идејата да бидеме домаќини на Регионалниот програмски дијалог потекнува од моето учество на Глобалниот програмски дијалог на Зелениот климатски фонд кој се одржа во 2022 година во Сонгдо, Кореја, каде го согледав целосниот потенцијал и одлучив да преземам водство за да бидеме домаќини на оваа важна конференција.

Заедно со мојот тим имаме блиска соработка со тимовите од Зелениот климатски фонд во сите процеси на подготовката на проекти и нивно спроведување и имавме прилика одблиску да го видиме влијанието што го има Зелениот климатски фонд кога се соочува со климатските предизвици. Ова влијание е од голема важност, не само за нашата земја и за регионот, туку и за нашата заедничка планета. Дел од деталите за овој настан беа дискутирани и на маргините на 78-то Генерално собрание на Обединетите Нации како и на Самитот за Целите за одржлив развој изминатиот септември, кога имав чест да се сретнам со г-ѓа Мафалда Дуарте и нејзиниот тим, додека го потпишувавме Договорот за Привилегии и имунитети за Зелениот климатски фонд, со што дополнително ја зајакнавме нашата соработка. Дозволете ми да ви посакам, добредојде во нашата земја. Со нетрпение очекувам да ја прошириме соработката и да ги видиме нејзините плодови и влијание.

Значењето на овој Регионален програмски дијалог е уште поголемо имајќи предвид дека доаѓа веднаш по усвојувањето на Стратешкиот план на Зелениот климатски фонд за периодот 2024 – 2027 година, што следи по заклучоците донесени на COP28 и сите ние треба да имаме глобално усогласена реакција на овие предизвици. На овие настани се очекува владите да воспостават нова климатско-финансиска цел, со што ќе се покаже обемот и итноста на климатските промени. Додека на COP 30 владите мора да дојдат подготвени со нови национално определени придонеси што се однесуваат на целата економија, ги покриваат стакленичките гасови и се целосно усогласени со границата за 1,5°C температура.

Со ова, ние ја потврдуваме глобалната насока кон развој на свет кој нуди поддршка што е потребна за соочување со предизвиците од климатските промени и постигнување на целите за одржлив развој.

Зелениот климатски фонд како глобален механизам е клучен за сите земји во развој, вклучително и Македонија. Достапните средства на земјите во развој и неразвиените земји за поддршка на нивните заедници и нивните граѓани, за решавање и прифаќање на климатските промени, треба да биде исклучително важно за сите влади. Со потенцирањето на важноста на Зелениот климатски фонд за Република Македонија, од суштинско значење е да се подвлече нашата плодна соработка.

Откако започна нашето партнерство со фондот, Република Македонија успешно обезбеди одобрување на 5 целосни проекти и 4 програми за подготвеност и поддршка, како и предлог проектот за Национален план за адаптација кој наскоро ќе биде одобрен. Покрај тоа, започнавме со процес за акредитација за нашето Национално тело да стане тело со директен пристап за Зелениот климатски фонд. Тоа е Фондот за иновации и технолошки развој. Преку овој процес на акредитација на Фондот за иновации, ние се стремиме кон поттикнување ангажман на приватниот сектор, со што ќе се искористат иновативните пристапи за ефективно соочување со климатските предизвици. Во оваа прилика би сакал да ја изразам мојата благодарност на акредитираните тела и партнерите за испорака за нивниот пристап на соработка и непрекинатата посветеност во унапредувањето на нашите напори за обезбедување ефективно спроведување на иницијативите за климатско дејствува, како и националните и стратешки приоритети кои не се поврзани само со Агендата за одржлив развој на Обединетите нации, туку и со нашиот пат кон интеграција во Европската Унија и усогласување со неа.

Во натамошната соработка со Зелениот климатски фонд, Република Македонија би земала активното учество во отворањето регионални канцеларии на Зелениот климатски фонд и ние сакаме да се понудиме како потенцијал домаќин за таква канцеларија. Како што споменав и претходно, ја препознаваме важноста од регионалниот пристап и соработка и важноста од регионалното присуство на Зелениот климатски фонд. Ние сме сигурни дека преку оваа можност може да се потенцира постигнувањето на мандатот на Зелениот климатски фонд и неговите цели, особено по добивањето значителен поттик во текот на второто обновување на COP 28, кога земјите се заложија дека ќе обезбедат нови средства. Со тоа доаѓаме до рекордни 12,8 милијарди долари од 31 земја, со што ова е најголемиот светски придонес во однос на справувањето со климатските промени. Го поздравувам ова и ни честитам на сите, глобално, како и за добрите вести што ги добив од мојот тим кој ме информираше за ново-одобрените проекти од Зелениот климатски фонд и нивниот одбор. Ги поздравувам Ерменија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Узбекистан, заедно со Индонезија и Непал за целосниот голем проект: Програмата за е-мобилност со вкупно средства од ЗКФ од 169,9 милиони долари со Азиската развојна банка како акредитирано тело. Со нас се нивни претставници тука. Честитки уште еднаш.

За крај, би сакал да кажам дека го гледам овој регионален дијалог како значајна можност да се олесни размената на знаења меѓу земјите учеснички, со што се подобрува соработката со другите национални именувани тела и истражувањето на места за соработка и регионален пристап кон регионалните и глобални предизвици. Освен тоа, овој настан е важен, затоа што претставува досега можност да се надмине јазот меѓу Зелениот климатски фонд и земјите и чинителите во регионот. Тој нуди потенцијал за воспоставување присуство на Зелениот климатски фонд во регионот, со што ќе се поттикне поголем ангажман и усогласување со регионалните интереси и приоритети.

Би сакал да искажам искрена благодарност за дарежливоста околу средствата и непоколебливата поддршка што им се дава на земјите во развој во глобалната борба со климатските промени. Навистина би сакал да видам како заклучоците добиени од овој регионален програмски дијалог што ќе се донесат во следниве 5 дена, се претставуваат на претстојните настани за климатски промени. Заедно поставуваме цврсти темели за идните потфати и дејства насочени кон соочувањето со претстојните предизвици. И би сакал да им честитам на Азербејџан затоа што годинава тие се домаќини на COP 29.

Иднината на светот нè повикува и ние вака одговараме. Треба да се гордееме со тоа!

The post Битиќи од првиот регионален програмски дијалог на ЗКФ: Иднината на светот нè повикува и ние одговараме, треба да се гордееме со тоа appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на отворањето на регионалната конференција за регионален програмски дијалог на Зелениот климатски фонд (ЗКФ) за Источна Европа и регионот на Централна Азија, која во следните 5 дена ќе се одржува во Скопје.
Во продолжение го прeнесуваме интегрално обраќање: Навистина е голема чест што можам да го отворам Регионалниот програмски дијалог на Зелениот климатски фонд за Источна Европа и регионот на Централна Азија. Ова е наша прва можност од 2018 година да видиме поширока слика за Регионален програмски дијалог за Источна Европа и регионот на Централна Азија, додека за регионот на Западен Балкан ова е прва конференција од ваков вид и затоа е огромно задоволство што токму нашата земја, Република Македонија е домаќин на овој настан. Идејата да бидеме домаќини на Регионалниот програмски дијалог потекнува од моето учество на Глобалниот програмски дијалог на Зелениот климатски фонд кој се одржа во 2022 година во Сонгдо, Кореја, каде го согледав целосниот потенцијал и одлучив да преземам водство за да бидеме домаќини на оваа важна конференција. Заедно со мојот тим имаме блиска соработка со тимовите од Зелениот климатски фонд во сите процеси на подготовката на проекти и нивно спроведување и имавме прилика одблиску да го видиме влијанието што го има Зелениот климатски фонд кога се соочува со климатските предизвици. Ова влијание е од голема важност, не само за нашата земја и за регионот, туку и за нашата заедничка планета. Дел од деталите за овој настан беа дискутирани и на маргините на 78-то Генерално собрание на Обединетите Нации како и на Самитот за Целите за одржлив развој изминатиот септември, кога имав чест да се сретнам со г-ѓа Мафалда Дуарте и нејзиниот тим, додека го потпишувавме Договорот за Привилегии и имунитети за Зелениот климатски фонд, со што дополнително ја зајакнавме нашата соработка. Дозволете ми да ви посакам, добредојде во нашата земја. Со нетрпение очекувам да ја прошириме соработката и да ги видиме нејзините плодови и влијание. Значењето на овој Регионален програмски дијалог е уште поголемо имајќи предвид дека доаѓа веднаш по усвојувањето на Стратешкиот план на Зелениот климатски фонд за периодот 2024 – 2027 година, што следи по заклучоците донесени на COP28 и сите ние треба да имаме глобално усогласена реакција на овие предизвици. На овие настани се очекува владите да воспостават нова климатско-финансиска цел, со што ќе се покаже обемот и итноста на климатските промени. Додека на COP 30 владите мора да дојдат подготвени со нови национално определени придонеси што се однесуваат на целата економија, ги покриваат стакленичките гасови и се целосно усогласени со границата за 1,5°C температура. Со ова, ние ја потврдуваме глобалната насока кон развој на свет кој нуди поддршка што е потребна за соочување со предизвиците од климатските промени и постигнување на целите за одржлив развој. Зелениот климатски фонд како глобален механизам е клучен за сите земји во развој, вклучително и Македонија. Достапните средства на земјите во развој и неразвиените земји за поддршка на нивните заедници и нивните граѓани, за решавање и прифаќање на климатските промени, треба да биде исклучително важно за сите влади. Со потенцирањето на важноста на Зелениот климатски фонд за Република Македонија, од суштинско значење е да се подвлече нашата плодна соработка. Откако започна нашето партнерство со фондот, Република Македонија успешно обезбеди одобрување на 5 целосни проекти и 4 програми за подготвеност и поддршка, како и предлог проектот за Национален план за адаптација кој наскоро ќе биде одобрен. Покрај тоа, започнавме со процес за акредитација за нашето Национално тело да стане тело со директен пристап за Зелениот климатски фонд. Тоа е Фондот за иновации и технолошки развој. Преку овој процес на акредитација на Фондот за иновации, ние се стремиме кон поттикнување ангажман на приватниот сектор, со што ќе се искористат иновативните пристапи за ефективно соочување со климатските предизвици. Во оваа прилика би сакал да ја изразам мојата благодарност на акредитираните тела и партнерите за испорака за нивниот пристап на соработка и непрекинатата посветеност во унапредувањето на нашите напори за обезбедување ефективно спроведување на иницијативите за климатско дејствува, како и националните и стратешки приоритети кои не се поврзани само со Агендата за одржлив развој на Обединетите нации, туку и со нашиот пат кон интеграција во Европската Унија и усогласување со неа. Во натамошната соработка со Зелениот климатски фонд, Република Македонија би земала активното учество во отворањето регионални канцеларии на Зелениот климатски фонд и ние сакаме да се понудиме како потенцијал домаќин за таква канцеларија. Како што споменав и претходно, ја препознаваме важноста од регионалниот пристап и соработка и важноста од регионалното присуство на Зелениот климатски фонд. Ние сме сигурни дека преку оваа можност може да се потенцира постигнувањето на мандатот на Зелениот климатски фонд и неговите цели, особено по добивањето значителен поттик во текот на второто обновување на COP 28, кога земјите се заложија дека ќе обезбедат нови средства. Со тоа доаѓаме до рекордни 12,8 милијарди долари од 31 земја, со што ова е најголемиот светски придонес во однос на справувањето со климатските промени. Го поздравувам ова и ни честитам на сите, глобално, како и за добрите вести што ги добив од мојот тим кој ме информираше за ново-одобрените проекти од Зелениот климатски фонд и нивниот одбор. Ги поздравувам Ерменија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Узбекистан, заедно со Индонезија и Непал за целосниот голем проект: Програмата за е-мобилност со вкупно средства од ЗКФ од 169,9 милиони долари со Азиската развојна банка како акредитирано тело. Со нас се нивни претставници тука. Честитки уште еднаш. За крај, би сакал да кажам дека го гледам овој регионален дијалог како значајна можност да се олесни размената на знаења меѓу земјите учеснички, со што се подобрува соработката со другите национални именувани тела и истражувањето на места за соработка и регионален пристап кон регионалните и глобални предизвици. Освен тоа, овој настан е важен, затоа што претставува досега можност да се надмине јазот меѓу Зелениот климатски фонд и земјите и чинителите во регионот. Тој нуди потенцијал за воспоставување присуство на Зелениот климатски фонд во регионот, со што ќе се поттикне поголем ангажман и усогласување со регионалните интереси и приоритети. Би сакал да искажам искрена благодарност за дарежливоста околу средствата и непоколебливата поддршка што им се дава на земјите во развој во глобалната борба со климатските промени. Навистина би сакал да видам како заклучоците добиени од овој регионален програмски дијалог што ќе се донесат во следниве 5 дена, се претставуваат на претстојните настани за климатски промени. Заедно поставуваме цврсти темели за идните потфати и дејства насочени кон соочувањето со претстојните предизвици. И би сакал да им честитам на Азербејџан затоа што годинава тие се домаќини на COP 29. Иднината на светот нè повикува и ние вака одговараме. Треба да се гордееме со тоа!

The post Битиќи од првиот регионален програмски дијалог на ЗКФ: Иднината на светот нè повикува и ние одговараме, треба да се гордееме со тоа appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Преку инклузивност во зелената и дигиталната трансформација на економијата ќе постигнеме поголема вклученост на Ромите https://republika.mk/zivot/bitiki-preku-inkluzivnost-vo-zelenata-i-digitalnata-transformatsija-na-ekonomijata-ke-postigneme-pogolema-vkluchenost-na-romite/ Wed, 28 Feb 2024 13:21:45 +0000 https://republika.mk/?p=749276

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска учествуваше на третото издание на Самитот РЕДИ, кој се одржа во Скопје.

Вицепремиерот Битиќи ја истакна важноста на инклузивноста во зелената и дигиталната трансформација на економијата, како и потребата од поголема заедничка посветеност во пронаоѓање на иновативни решенија за поголема вклученост на Ромите во овие процеси.

„Владата е цврсто посветена на градење на системска сензибилност кон различностите, кон инклузијата и градењето на едно општество за сите, што беше формализирано со „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и социјалната кохезија, 2024-2026 година“, како и со Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 година, која беше изработена и усвоена согласно насоките на Стратешката рамка на ЕУ за Ромите. Ова значи дека вредносните патеки кои водат кон ЕУ и инклузија на различностите, се спојуваат една со друга“, рече во своето обраќање вицепремиерот Битиќи.

Тој посочи на важноста на изработката на Националната развојна стратегија 2024-2024 како пример за широко инклузивен процес во кој беа вклучени сите општествени чинители.

„Кога зборуваме за инклузијата, овде е и Националната развојна стратегија 2024-2044 година, која токму, преку инклузивен процес успеа во нејзиното создавање да вклучи над 14 илјади граѓани, претставници од академијата, бизнисот, граѓанскиот сектор и речиси сите политички партии. Оваа Стратегија на вчерашната седница на Владата беше усвоена, по што влегува во собраниска процедура за усвојување. Во нејзината изработка никој не беше изоставен поради своите различни убедувања, верувања, идентитети или припадности, вклучително и Ромите. Создадовме можност и таа можност беше искористена, секој даде свој придонес во поставувањето на дваесет годишната визија за развојот на државата“, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој изрази уверување дека Македонија има резервоар на претприемачка и иновативна енергија, скриен сограѓаните Роми, кој за да го ослободиме треба да ги срушиме стереотипите и предрасудите, да ги разбереме различностите.

The post Битиќи: Преку инклузивност во зелената и дигиталната трансформација на економијата ќе постигнеме поголема вклученост на Ромите appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска учествуваше на третото издание на Самитот РЕДИ, кој се одржа во Скопје. Вицепремиерот Битиќи ја истакна важноста на инклузивноста во зелената и дигиталната трансформација на економијата, како и потребата од поголема заедничка посветеност во пронаоѓање на иновативни решенија за поголема вклученост на Ромите во овие процеси. „Владата е цврсто посветена на градење на системска сензибилност кон различностите, кон инклузијата и градењето на едно општество за сите, што беше формализирано со „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и социјалната кохезија, 2024-2026 година“, како и со Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 година, која беше изработена и усвоена согласно насоките на Стратешката рамка на ЕУ за Ромите. Ова значи дека вредносните патеки кои водат кон ЕУ и инклузија на различностите, се спојуваат една со друга“, рече во своето обраќање вицепремиерот Битиќи. Тој посочи на важноста на изработката на Националната развојна стратегија 2024-2024 како пример за широко инклузивен процес во кој беа вклучени сите општествени чинители. „Кога зборуваме за инклузијата, овде е и Националната развојна стратегија 2024-2044 година, која токму, преку инклузивен процес успеа во нејзиното создавање да вклучи над 14 илјади граѓани, претставници од академијата, бизнисот, граѓанскиот сектор и речиси сите политички партии. Оваа Стратегија на вчерашната седница на Владата беше усвоена, по што влегува во собраниска процедура за усвојување. Во нејзината изработка никој не беше изоставен поради своите различни убедувања, верувања, идентитети или припадности, вклучително и Ромите. Создадовме можност и таа можност беше искористена, секој даде свој придонес во поставувањето на дваесет годишната визија за развојот на државата“, рече вицепремиерот Битиќи. Тој изрази уверување дека Македонија има резервоар на претприемачка и иновативна енергија, скриен сограѓаните Роми, кој за да го ослободиме треба да ги срушиме стереотипите и предрасудите, да ги разбереме различностите.

The post Битиќи: Преку инклузивност во зелената и дигиталната трансформација на економијата ќе постигнеме поголема вклученост на Ромите appeared first on Република.

]]>
Славески: Фатмир Битиќи во својот одговор покажува елементарно непознавање од проблематиката на пресметување на стапките на раст на која било категорија https://republika.mk/vesti/ekonomija/slaveski-fatmir-bitiki-vo-svojot-odgovor-pokazhuva-elementarno-nepoznavane-od-problematikata-na-presmetuvane-na-stapkite-na-rast-na-koja-bilo-kategorija/ Sun, 25 Feb 2024 14:21:21 +0000 https://republika.mk/?p=748122

Веројатно вознемирен од мојата констатација дека политиките на СДСМ доведоа и водат до драстично опаѓање на вредноста на денарот, особено во изминатите две години за една четвртина (25%), Фатмир Битиќи во својот одговор покажува елементарно непознавање од проблематиката на пресметување на стапките на раст на која било категорија со тек на време, реагира универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии Трајко Славески, кој е дел од ВМРО-ДПМНЕ.

Битиќи тврди дека вкупната (кумулативна) официјална стапка на инфлација за двете години не била 25% (поточно 24,9%), туку 23,6%. Едноставно ги собрал двете стапки на инфлација – 14,2% во 2022 и 9,4% во 2023 година! Претпоставувам дека се работи за грешка од невнимание.

Ако не е така, се работи за манипулација, затоа што задача од ваков тип добиваат петтоделенците на општинските натпревари по математика. Каде лежи зајакот?

Да претпоставиме (секоја претпоставка е оправдано поедноставување), дека Фатмир СДС со половина од својата функционерска плата купил од својот имењак во владата од коалциската ДУИ (Бесими) десет “граѓански обврзници” во износ од 100.000 денари, што му носи принос од 5% годишно.

Фатмир СДСМ, според сопствената логика, за две години ќе биде задоволен со камата од 10.000 денари, по 5.000 денари за секоја година. Фатмир ДУИ многу добро знае дека на Фатмир СДСМ му следува ќар не од 10.000, туку од 10.250 денари.

Убаво рекол Алберт (ова повторно за да нема забуна за кој Ајнштајн станува збор) – тој што не ја разбира каматата на камата, ја плаќа! Господинот Битиќи, исто така, наведува дека за последните две години реалната плата (номинална минус стапка на инфлација), наводно се зголемила за цели 10%.

Тој ми порачува: “… да биде појасно за проф. Славески оваа Влада го зголеми стандардот на нашите сограѓани за точно 10 процентни поени (sic!), што е далеку далеку повеке од 0 (нула), односно она што неговата партија и тој самиот, додека имале шанса, го направиле за граѓаните”.

Зошто граѓаните не се согласуваат дека животниот стандард во периодот декември 2021 – декември 2023 година им пораснал за 10%? Ќе почекаме на нивниот одговор до 8 мај, но за да не останам должен во оваа прилика ќе се обидам на коректен начин да ја искористам официјалната стстистика.

Номиналната плата во периодот 2021-23 година се зголемила за 27,5%. Да се разбереме, станува збор за просечен раст на платите во текот на годината, а не за индекси базирани на износите во последниот месец од годината, што е коректен пристап за компарација и изведување заклучоци.

Претходно се согласивме дека стапката на инфлација, мерена според индексот на трошоци на живот, во истиот период изнесувала 24,9%, што значи дека вистинскиот раст на реалната плата во овој период се зголемила за 2,6%, а не за 10% како што тврди господинот Битиќи.

Во периодот 2006-2016 година, според официјално стстистички показатели, просечната плата забележала номимален раст од 65,3%, а реалниот раст изнесувал 35,3%. Во периодот 2016-2023 година пак, просечните плати номинално пораснале за 63,9%, а реално за 21,3%, пишува Славески на Икс.

The post Славески: Фатмир Битиќи во својот одговор покажува елементарно непознавање од проблематиката на пресметување на стапките на раст на која било категорија appeared first on Република.

]]>

Веројатно вознемирен од мојата констатација дека политиките на СДСМ доведоа и водат до драстично опаѓање на вредноста на денарот, особено во изминатите две години за една четвртина (25%), Фатмир Битиќи во својот одговор покажува елементарно непознавање од проблематиката на пресметување на стапките на раст на која било категорија со тек на време, реагира универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии Трајко Славески, кој е дел од ВМРО-ДПМНЕ.
Битиќи тврди дека вкупната (кумулативна) официјална стапка на инфлација за двете години не била 25% (поточно 24,9%), туку 23,6%. Едноставно ги собрал двете стапки на инфлација – 14,2% во 2022 и 9,4% во 2023 година! Претпоставувам дека се работи за грешка од невнимание. Ако не е така, се работи за манипулација, затоа што задача од ваков тип добиваат петтоделенците на општинските натпревари по математика. Каде лежи зајакот? Да претпоставиме (секоја претпоставка е оправдано поедноставување), дека Фатмир СДС со половина од својата функционерска плата купил од својот имењак во владата од коалциската ДУИ (Бесими) десет “граѓански обврзници” во износ од 100.000 денари, што му носи принос од 5% годишно. Фатмир СДСМ, според сопствената логика, за две години ќе биде задоволен со камата од 10.000 денари, по 5.000 денари за секоја година. Фатмир ДУИ многу добро знае дека на Фатмир СДСМ му следува ќар не од 10.000, туку од 10.250 денари. Убаво рекол Алберт (ова повторно за да нема забуна за кој Ајнштајн станува збор) – тој што не ја разбира каматата на камата, ја плаќа! Господинот Битиќи, исто така, наведува дека за последните две години реалната плата (номинална минус стапка на инфлација), наводно се зголемила за цели 10%. Тој ми порачува: “… да биде појасно за проф. Славески оваа Влада го зголеми стандардот на нашите сограѓани за точно 10 процентни поени (sic!), што е далеку далеку повеке од 0 (нула), односно она што неговата партија и тој самиот, додека имале шанса, го направиле за граѓаните”. Зошто граѓаните не се согласуваат дека животниот стандард во периодот декември 2021 – декември 2023 година им пораснал за 10%? Ќе почекаме на нивниот одговор до 8 мај, но за да не останам должен во оваа прилика ќе се обидам на коректен начин да ја искористам официјалната стстистика. Номиналната плата во периодот 2021-23 година се зголемила за 27,5%. Да се разбереме, станува збор за просечен раст на платите во текот на годината, а не за индекси базирани на износите во последниот месец од годината, што е коректен пристап за компарација и изведување заклучоци. Претходно се согласивме дека стапката на инфлација, мерена според индексот на трошоци на живот, во истиот период изнесувала 24,9%, што значи дека вистинскиот раст на реалната плата во овој период се зголемила за 2,6%, а не за 10% како што тврди господинот Битиќи. Во периодот 2006-2016 година, според официјално стстистички показатели, просечната плата забележала номимален раст од 65,3%, а реалниот раст изнесувал 35,3%. Во периодот 2016-2023 година пак, просечните плати номинално пораснале за 63,9%, а реално за 21,3%, пишува Славески на Икс.

The post Славески: Фатмир Битиќи во својот одговор покажува елементарно непознавање од проблематиката на пресметување на стапките на раст на која било категорија appeared first on Република.

]]>
Битиќи за бизнисот ветува над 492 милиони евра со новиот пакет мерки https://republika.mk/vesti/bitiki-za-biznisot-vetuva-nad-492-milioni-evra-so-noviot-paket-merki/ Thu, 30 Nov 2023 13:55:57 +0000 https://republika.mk/?p=718048

Деветтиот пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра, кој Владата го усвои во вторник, содржи 26 мерки со кои се обезбедува финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани и компании за полесно да ги надминат потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот, но и во услови на продолжени ефекти од енергетската криза“, се вели во соопштението проследено од кабинетот на заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

„Една од мерките е издавањето на зелена обврзница во износ од 10 милиони евра во денарска противвредност, односно зајакнување на кредитната линија за поддршка на малите и средни претпријатија (МСП) во делот на енергетската ефикасност и зелената транзиција.

Новиот пакет на мерки овозможува и проширување на опсегот на компании кои се корисници на гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање. Оваа мерка нема фискални импликации. Го прошируваме опсегот на компании корисници на гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање, за што ќе бидат наменети 40 милиони евра.

Преку Европската инвестициска банка (ЕИБ) се воведува седма кредитна линија за зелена транзиција, односно за развој на зелена економија преку инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Од нив, 30% се наменети за инвестиции во проекти со енергетска ефикасност и обновливи извори и 70% други намени, а поврзани со зелената транзиција на нашата економија. Целта на оваа мерка е долгорочна заштеда на средства преку намалена потрошувачка на електрична енергија, истата има проценето влијание од 200 милиони евра.

Меѓу другото, добиваме и поволна кредитна линија од 100 милиони евра од Француската агенција за развој за поддршка на инвестиции во проекти со позитивен придонес врз животната средина и во проекти што придонесуваат за намалување на негативните ефекти од климатските промени и адаптација, поддршка на женското претпримеништво и финансирање на процеси на дигитализација.

Исто така, ќе се обезбеди поволна кредитна линија од 100 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за финансирање на микро, мали и средни претпријатија (ММСП) за создавање и зачувување на работни места, поддршка на женско претпримеништво и/или зелени инвестиции.

Деветтиот пакет антикризни мерки кој владата го усвои во вторникот, се воведува инструмент за зелено финансирање, во соработка со Европската банка за обнова и развој, Програмата за развој на Обединетите нации и комерцијалните банки „Green finance“, со проценето влијание од околу 42 милиони евра кои ќе им бидат ставени на располагање на крајните корисници преку домашните комерцијални банки.

Во насока на надминување на кризата со млекото, односно намалување на цените на млекото и млечните производи, дозволен е влез на пазарот на млеко од сува суровина. Владата да одобри користење на дехидрирано млеко како основа за производството на млеко и млечни производи.

Една од целите на новиот пакет пакет антикризни мерки е поддршката за зголемување на платите во приватниот сектор на достојно ниво, за што една од мерките е и ослободување од плаќање на придонеси за постојни вработени, за зголемување на платите на работниците од 3.000 денари до 9.000 денари.

За споредба ќе се зема последно исплатена плата на вработени, со исплатена плата до ниво на просечна месечна плата на национално ниво. Основот за споредба се зема од просекот на исплатените плати во последните три месеци за вработениот за кој се однесува мерката. Се ослободува делот од придонесот за разликата на покачениот износ на платата. Работодавачот плаќа данок на личен доход, а се ослободува од плаќање на здравствено и пензиско осигурување за делот за зголемувањето за период од 12 месеци. Мерката има цел намалување на даночната евазија и сивата економија, поддршка на приватниот сектор за исплата на повисоки плати.

Ваквата мерка која претходно беше еднаш воведена во 2019 година со можност за покачување на платите до износ од 6.000 денари и нејзината примена заврши во 2022 година беше искористена од преку 28.000 компании за околу 170.000 вработени кои добија покачување на платите.

Со овие мерки за поддршка на зајакнувањето на приватниот сектор Владата воведува конкретни мерки за ублажување на економската криза и зачувување на конкурентноста на нашата економија, на тој начин штитејќи ги и граѓаните од сочувување на нивните работни места, но и создавајќи и услови за достоинствени плати“.

The post Битиќи за бизнисот ветува над 492 милиони евра со новиот пакет мерки appeared first on Република.

]]>

Деветтиот пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра, кој Владата го усвои во вторник, содржи 26 мерки со кои се обезбедува финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани и компании за полесно да ги надминат потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот, но и во услови на продолжени ефекти од енергетската криза“, се вели во соопштението проследено од кабинетот на заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. „Една од мерките е издавањето на зелена обврзница во износ од 10 милиони евра во денарска противвредност, односно зајакнување на кредитната линија за поддршка на малите и средни претпријатија (МСП) во делот на енергетската ефикасност и зелената транзиција. Новиот пакет на мерки овозможува и проширување на опсегот на компании кои се корисници на гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање. Оваа мерка нема фискални импликации. Го прошируваме опсегот на компании корисници на гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање, за што ќе бидат наменети 40 милиони евра. Преку Европската инвестициска банка (ЕИБ) се воведува седма кредитна линија за зелена транзиција, односно за развој на зелена економија преку инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Од нив, 30% се наменети за инвестиции во проекти со енергетска ефикасност и обновливи извори и 70% други намени, а поврзани со зелената транзиција на нашата економија. Целта на оваа мерка е долгорочна заштеда на средства преку намалена потрошувачка на електрична енергија, истата има проценето влијание од 200 милиони евра. Меѓу другото, добиваме и поволна кредитна линија од 100 милиони евра од Француската агенција за развој за поддршка на инвестиции во проекти со позитивен придонес врз животната средина и во проекти што придонесуваат за намалување на негативните ефекти од климатските промени и адаптација, поддршка на женското претпримеништво и финансирање на процеси на дигитализација. Исто така, ќе се обезбеди поволна кредитна линија од 100 милиони евра од Банката за развој на Советот на Европа (ЦЕБ) за финансирање на микро, мали и средни претпријатија (ММСП) за создавање и зачувување на работни места, поддршка на женско претпримеништво и/или зелени инвестиции. Деветтиот пакет антикризни мерки кој владата го усвои во вторникот, се воведува инструмент за зелено финансирање, во соработка со Европската банка за обнова и развој, Програмата за развој на Обединетите нации и комерцијалните банки „Green finance“, со проценето влијание од околу 42 милиони евра кои ќе им бидат ставени на располагање на крајните корисници преку домашните комерцијални банки. Во насока на надминување на кризата со млекото, односно намалување на цените на млекото и млечните производи, дозволен е влез на пазарот на млеко од сува суровина. Владата да одобри користење на дехидрирано млеко како основа за производството на млеко и млечни производи. Една од целите на новиот пакет пакет антикризни мерки е поддршката за зголемување на платите во приватниот сектор на достојно ниво, за што една од мерките е и ослободување од плаќање на придонеси за постојни вработени, за зголемување на платите на работниците од 3.000 денари до 9.000 денари. За споредба ќе се зема последно исплатена плата на вработени, со исплатена плата до ниво на просечна месечна плата на национално ниво. Основот за споредба се зема од просекот на исплатените плати во последните три месеци за вработениот за кој се однесува мерката. Се ослободува делот од придонесот за разликата на покачениот износ на платата. Работодавачот плаќа данок на личен доход, а се ослободува од плаќање на здравствено и пензиско осигурување за делот за зголемувањето за период од 12 месеци. Мерката има цел намалување на даночната евазија и сивата економија, поддршка на приватниот сектор за исплата на повисоки плати. Ваквата мерка која претходно беше еднаш воведена во 2019 година со можност за покачување на платите до износ од 6.000 денари и нејзината примена заврши во 2022 година беше искористена од преку 28.000 компании за околу 170.000 вработени кои добија покачување на платите. Со овие мерки за поддршка на зајакнувањето на приватниот сектор Владата воведува конкретни мерки за ублажување на економската криза и зачувување на конкурентноста на нашата економија, на тој начин штитејќи ги и граѓаните од сочувување на нивните работни места, но и создавајќи и услови за достоинствени плати“.

The post Битиќи за бизнисот ветува над 492 милиони евра со новиот пакет мерки appeared first on Република.

]]>
МАН: Говор на омраза од Премиерот Ковачевски – ОЈО да реагира, Битиќи да се извини https://republika.mk/vesti/makedonija/man-govor-na-omraza-od-premierot-kovachevski-ojo-da-reagira-bitiki-da-se-izvini/ Fri, 13 Oct 2023 20:41:54 +0000 https://republika.mk/?p=691067

Македонската асоцијација на новинари (МАН) бара јавното обвинителство веднаш да преземе мерки против премиерот Димитар Ковачевски по скандалозниот одговор на прашање од новинарот на Алфа ТВ Матеја Петровски, по повеќе основи, меѓу кои прекршување на член 16 од Уставот, прекршување на член 382 од Кривичниот законик, досегашниот член 319 од
кривичниот законик, како и прекршување на препораките на Совет на Европа за борба против говор на омраза.

„Прашањето беше апсолутно некоректно…Ќе повторам нешто што го кажав на мојот говор на 11 Октомври во Куманово. Денес во нашата држава имаме концепт за европска Македонија, којшто го предводи Владата и СДСМ. Што ги третира сите граѓани еднакво
според нивната етничка, верска и која било друга припадност. Меѓутоа, имаме појава е еден популизам, којшто во својата основа има етно-национализам и ксенофобија, што за мене е форма на модерен фашизам“, рече премиерот Димитар Ковачевски како одговор на новинарскопрашање од Матеја Петровски од Алфа ТВ.

Со овој одговор, за Премиерот Ковачевски – новинарот Матеја Петровски е фашист, што преставува не само вербален напад со низа клевети и ширење говор на омраза (дефиниран во досегашниот член 319 од КЗ - тој којшто делото од ставот (1) на овој член го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето), туку и спречување на службено лице во вршење на својата
дејност (член 382 од КЗ).

Македонската асоцијација на новинари (МАН) очекува јавното обвинителство по јавно допрен глас, веќе во понеделник да поднесе обвинителен акт против премиерот Ковачевски за прекршување на член 16 од Уставот, ширење говор на омраза и спречување на службено лице во вршење на својата дејност согласно Кривичниот законик, како и прекршување на препораките на Советот на Европа.

Слободата на говор гарантирана со Уставот (прашањето на Матеја Петровски) и со недавањето на одговор (наместо одговор, премиерот Ковачевски даде низа клевети, деградирачки квалификации кон новинарот и говор на омраза) – со што го оневозможи јавното информирање.

Европска регулаторна рамка за „говорот на омразата“ наведува детали во препорака бр. R (97) 20 во врска со „говор на омраза“ и особено ги повикува владите, да одредат јавните власти и јавните институции на национално, регионално и локално ниво, како и нивните службеници да имаат посебна одговорност за воздржување од изјави, особено пред медиумите, кои разумно може да се сфатат како говор на омраза, или како говор кој би можел да создаде ефект на озаконување, ширење или промовирање расна омраза, ксенофобија, антисемитизам или други форми на дискриминација или омраза базирани на нетрпеливост. Таквите изјави треба да бидат забранети и јавно отфрлени секогаш кога ќе се појават, стои во препораката.

Ова не е прв пат премиерот Ковачевски со тешки клевети да им одговара на новинарите, да шири говор на омраза и да повикува да бидат санкионирани преку своите јавни настапи. Тој од собраниска говорница побара Обвинителството и Судот да го санкционираат новинарот и уредник Драган Павловиќ Латас, неговото обезбедување му се закануваше и претходно на новинарот Матеја Петровски дека може да биде приведен зошто му поставува прашање на премиерот.

Ковачевски неодамна посочи дека има медиуми чија што уредувачка политика личи наmкомпанија која што тргува со енергенси. Ковачевски посочи и дека има медиуми чија што уредувачка политика личи на партиски сектор за комуникација. Ковачевски беше и арогантен со новинарите клеветејќи ги дека доаѓаат од телевизија што може поблиску да се информира за цената на гасот.

Ова не е првпат Ковачевски да има лош однос со медиумите. Речиси на секое јавно обраќање наместо конкретно да одговара на прашањата, им поставува контра-прашања на новинарите и прашува од кои медиуми доаѓаат на настанот.

Безброј пати новинари се спречени да известуваат од настан на кој присуствувал премиерот Ковачевски, како на пример се новинарите Љупчо Златев и Предраг Кукиќ. Безброј пати новинарите и медиумите имале забрана да присуствуваат на настани каде е и тој.

Исто така, во однос на истиот настан, МАН (Македонска асоцијација на новинари) бара министерот Фатмир Битиќи да му се извини на новинарот на Алфа ТВ и потпретседател на МАН Матеја Петровски.

Се додека прима државна плата, министерот е должен да го слуша секое новинарско прашање и доколку се однесува на него – да одговара на секое новинарско прашање. Ако не сака да слуша и одговара, министерот Битиќи слободно може да се откаже од функцијата и државната плата и да стои настрана. Нема некоректни новинарски прашања, има само носители на јавни функции
кои не се подготвени да и одговорат на јавноста она што е во интерес на граѓаните, па прстот постојано го вперуваат во новинарите правејќи од нив дежурни виновници за лошата состојба во која е државата, благодарение токму на истите тие носители на јавни функции.

Ваков наратив инициран од премиерот и министерот претставува сериозна форма на притисоккон новинари и медиуми која служи истите да ги дискредитира, но обид и да се одвратат новинарите да се бават со теми кои се од јавен интерес.

Ваквата пракса на непримерна комуникација ја загрозува безбедноста на новинарите и медиумските работници, а со тоа се поттикнува насилство и цензура во поширок контекст, имајќи ја во предвид содржината на изразот; политичкиот и социјалниот контекст во моментот на изразувањето; намерата на говорникот; улогата и статусот на говорникот во општеството; извештај на којшто изразот се шири или засилува; способноста изразот да донесе до толку последици, вклучувајќи ја и непосредноста на таквите последици; природата и големината на публиката, и карактеристиките на целната група.

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ќе ја извести Светската федерација на новинари заваквиот некоректен однос на власта и притисокот кон независните и професионални новинари. Воедно, правните тимови на МАН веќе оформија засебни предмети, чија разврска ќе се бара пред надлежен Суд.

The post МАН: Говор на омраза од Премиерот Ковачевски – ОЈО да реагира, Битиќи да се извини appeared first on Република.

]]>

Македонската асоцијација на новинари (МАН) бара јавното обвинителство веднаш да преземе мерки против премиерот Димитар Ковачевски по скандалозниот одговор на прашање од новинарот на Алфа ТВ Матеја Петровски, по повеќе основи, меѓу кои прекршување на член 16 од Уставот, прекршување на член 382 од Кривичниот законик, досегашниот член 319 од кривичниот законик, како и прекршување на препораките на Совет на Европа за борба против говор на омраза.
„Прашањето беше апсолутно некоректно…Ќе повторам нешто што го кажав на мојот говор на 11 Октомври во Куманово. Денес во нашата држава имаме концепт за европска Македонија, којшто го предводи Владата и СДСМ. Што ги третира сите граѓани еднакво според нивната етничка, верска и која било друга припадност. Меѓутоа, имаме појава е еден популизам, којшто во својата основа има етно-национализам и ксенофобија, што за мене е форма на модерен фашизам“, рече премиерот Димитар Ковачевски како одговор на новинарскопрашање од Матеја Петровски од Алфа ТВ.
Со овој одговор, за Премиерот Ковачевски – новинарот Матеја Петровски е фашист, што преставува не само вербален напад со низа клевети и ширење говор на омраза (дефиниран во досегашниот член 319 од КЗ - тој којшто делото од ставот (1) на овој член го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето), туку и спречување на службено лице во вршење на својата дејност (член 382 од КЗ). Македонската асоцијација на новинари (МАН) очекува јавното обвинителство по јавно допрен глас, веќе во понеделник да поднесе обвинителен акт против премиерот Ковачевски за прекршување на член 16 од Уставот, ширење говор на омраза и спречување на службено лице во вршење на својата дејност согласно Кривичниот законик, како и прекршување на препораките на Советот на Европа. Слободата на говор гарантирана со Уставот (прашањето на Матеја Петровски) и со недавањето на одговор (наместо одговор, премиерот Ковачевски даде низа клевети, деградирачки квалификации кон новинарот и говор на омраза) – со што го оневозможи јавното информирање. Европска регулаторна рамка за „говорот на омразата“ наведува детали во препорака бр. R (97) 20 во врска со „говор на омраза“ и особено ги повикува владите, да одредат јавните власти и јавните институции на национално, регионално и локално ниво, како и нивните службеници да имаат посебна одговорност за воздржување од изјави, особено пред медиумите, кои разумно може да се сфатат како говор на омраза, или како говор кој би можел да создаде ефект на озаконување, ширење или промовирање расна омраза, ксенофобија, антисемитизам или други форми на дискриминација или омраза базирани на нетрпеливост. Таквите изјави треба да бидат забранети и јавно отфрлени секогаш кога ќе се појават, стои во препораката. Ова не е прв пат премиерот Ковачевски со тешки клевети да им одговара на новинарите, да шири говор на омраза и да повикува да бидат санкионирани преку своите јавни настапи. Тој од собраниска говорница побара Обвинителството и Судот да го санкционираат новинарот и уредник Драган Павловиќ Латас, неговото обезбедување му се закануваше и претходно на новинарот Матеја Петровски дека може да биде приведен зошто му поставува прашање на премиерот. Ковачевски неодамна посочи дека има медиуми чија што уредувачка политика личи наmкомпанија која што тргува со енергенси. Ковачевски посочи и дека има медиуми чија што уредувачка политика личи на партиски сектор за комуникација. Ковачевски беше и арогантен со новинарите клеветејќи ги дека доаѓаат од телевизија што може поблиску да се информира за цената на гасот. Ова не е првпат Ковачевски да има лош однос со медиумите. Речиси на секое јавно обраќање наместо конкретно да одговара на прашањата, им поставува контра-прашања на новинарите и прашува од кои медиуми доаѓаат на настанот. Безброј пати новинари се спречени да известуваат од настан на кој присуствувал премиерот Ковачевски, како на пример се новинарите Љупчо Златев и Предраг Кукиќ. Безброј пати новинарите и медиумите имале забрана да присуствуваат на настани каде е и тој. Исто така, во однос на истиот настан, МАН (Македонска асоцијација на новинари) бара министерот Фатмир Битиќи да му се извини на новинарот на Алфа ТВ и потпретседател на МАН Матеја Петровски. Се додека прима државна плата, министерот е должен да го слуша секое новинарско прашање и доколку се однесува на него – да одговара на секое новинарско прашање. Ако не сака да слуша и одговара, министерот Битиќи слободно може да се откаже од функцијата и државната плата и да стои настрана. Нема некоректни новинарски прашања, има само носители на јавни функции кои не се подготвени да и одговорат на јавноста она што е во интерес на граѓаните, па прстот постојано го вперуваат во новинарите правејќи од нив дежурни виновници за лошата состојба во која е државата, благодарение токму на истите тие носители на јавни функции. Ваков наратив инициран од премиерот и министерот претставува сериозна форма на притисоккон новинари и медиуми која служи истите да ги дискредитира, но обид и да се одвратат новинарите да се бават со теми кои се од јавен интерес. Ваквата пракса на непримерна комуникација ја загрозува безбедноста на новинарите и медиумските работници, а со тоа се поттикнува насилство и цензура во поширок контекст, имајќи ја во предвид содржината на изразот; политичкиот и социјалниот контекст во моментот на изразувањето; намерата на говорникот; улогата и статусот на говорникот во општеството; извештај на којшто изразот се шири или засилува; способноста изразот да донесе до толку последици, вклучувајќи ја и непосредноста на таквите последици; природата и големината на публиката, и карактеристиките на целната група. Македонската асоцијација на новинари (МАН) ќе ја извести Светската федерација на новинари заваквиот некоректен однос на власта и притисокот кон независните и професионални новинари. Воедно, правните тимови на МАН веќе оформија засебни предмети, чија разврска ќе се бара пред надлежен Суд.

The post МАН: Говор на омраза од Премиерот Ковачевски – ОЈО да реагира, Битиќи да се извини appeared first on Република.

]]>
Вицепремиерот Битиќи ги претстави можностите за инвестирање пред кинески бизнисмени https://republika.mk/vesti/ekonomija/vitsepremierot-bitiki-gi-pretstavi-mozhnostite-za-investirane-pred-kineski-biznismeni/ Fri, 06 Oct 2023 14:31:48 +0000 https://republika.mk/?p=688632

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес оствари средба со кинеска делегација составена од претставници на неколку водечки кинески компании, а предводена од Амбасадорот на НР Кина во Македонија, Џанг Ѕуо.

Вицепремиерот Битиќи пред бизнисмените од Кина ги претстави можностите и условите за инвестирање во Република Македонија, притоа истакнувајќи дека Владата на сите странски инвеститори им нуди законски втемелени и транспарентни мерки на поддршка за отпочнување на бизнис, пропратено и со силна институционална поддршка во реализацијата на инвестициите.

Посочувајќи на атрактивниот економски амбиент во државата, вицепремиерот Битиќи истакна дека Македонија има стратешка позиција во Европа, со развиена инфраструктура која овозможува брз транспорт и пристап до пазарите на европските земји.

На средбата  со кинеските бизнисмени присуствуваше и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, кој ги престави условите за инвестирање во индустриските зони во земјава.

The post Вицепремиерот Битиќи ги претстави можностите за инвестирање пред кинески бизнисмени appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес оствари средба со кинеска делегација составена од претставници на неколку водечки кинески компании, а предводена од Амбасадорот на НР Кина во Македонија, Џанг Ѕуо. Вицепремиерот Битиќи пред бизнисмените од Кина ги претстави можностите и условите за инвестирање во Република Македонија, притоа истакнувајќи дека Владата на сите странски инвеститори им нуди законски втемелени и транспарентни мерки на поддршка за отпочнување на бизнис, пропратено и со силна институционална поддршка во реализацијата на инвестициите. Посочувајќи на атрактивниот економски амбиент во државата, вицепремиерот Битиќи истакна дека Македонија има стратешка позиција во Европа, со развиена инфраструктура која овозможува брз транспорт и пристап до пазарите на европските земји. На средбата  со кинеските бизнисмени присуствуваше и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, кој ги престави условите за инвестирање во индустриските зони во земјава.

The post Вицепремиерот Битиќи ги претстави можностите за инвестирање пред кинески бизнисмени appeared first on Република.

]]>
Битиќи: Уште на следната владина седница може да се ревидира одлуката за зголемување на ДДВ-то за десетина прехранбени производи https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-ushte-na-slednata-vladina-sednitsa-mozhe-da-se-revidira-odlukata-za-zgolemuvane-na-ddv-to-za-desetina-prehranbeni-proizvodi/ Fri, 06 Oct 2023 12:12:30 +0000 https://republika.mk/?p=688578

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека граѓаните најмногу реагираат за зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто за 10 прехранбени производи од вкупно 2.000 групи на производи кои се опфатени со одлуката и вели дека нема никаков проблем Владата уште на наредната седница во вторник да направи измена на одлуката за тие производи.

Има одредена реакција за одредени продукти. Штом ја добиеме таа листа на продуктите веќе во вторник кога имаме закажана седница на Влада може да се ревидира одлуката. Но, сметам дека досега реакциите се од прилика за 10 до 15 продукти, не гледам голем проблем за 10-ина продукти да има корекција, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Економскиот форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“ во организација на Фајнанс тинк.

Знам, посочи, дека граѓаните имаат навики на храна, но одредени продукти ако во овој момент ги сметаме дека треба да бидат во стапката од 10 отсто оставаме простор да се ревидираат ако се дел од секојдневната исхрана на граѓаните.

Навистина не влегуваме во дефинирање што е луксуз, за кого е луксуз. Може да е пропуст во еден момент, може да не е. Од реакциите што ги гледам од вчера граѓаните најчесто реагираат за 10 производи од 2.000 групи на производи коишто се опфатени со одлуката. Затоа сметам дека за 10 производи нема никаков проблем да направиме измена на одлука, рече Битиќи.

Не е вистина, додаде, дека има зголемување на цена за илјада производи и тоа го кажувам и цврсто стојам на тоа затоа што се опфатени 358 категории на производи.

Дел од нив се опфатени со мерките за намалување на цените и без разлика што има зголемена даночна стапка кај одредени производи ќе останат на истата референтна цена која што спаѓа под одлуката така што нема да биде толкаво покачувањето. Врз основа на она што наслушнав досега има три одлуки на одредени производители со иста цена да останат продуктите коишто се со ревидирана цена, дел се зголемуваат. Ги поттикнувам сите стопански комори, сите производители, па и граѓаните до соодветните институции да пратат предлози за кои производи да испаднат во предлог-одлуката за изменување на стапката на ДДВ и соодветно ќе го направиме тоа, прецизира Битиќи.

Посочи дека константно се носат мерки за да се ублажи инфлацијата, која, како што кажа има тренд на намалување и до крај на годината во делот на храната ќе стигне на ниво од 5 отсто.

Јас би сакал таа да е на ниво на нула отсто, но тоа не е возможно затоа што во еврозоната инфлацијата е скоро на иста стапка како и во Македонија, потенцира Битиќи

The post Битиќи: Уште на следната владина седница може да се ревидира одлуката за зголемување на ДДВ-то за десетина прехранбени производи appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи смета дека граѓаните најмногу реагираат за зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 отсто за 10 прехранбени производи од вкупно 2.000 групи на производи кои се опфатени со одлуката и вели дека нема никаков проблем Владата уште на наредната седница во вторник да направи измена на одлуката за тие производи.
Има одредена реакција за одредени продукти. Штом ја добиеме таа листа на продуктите веќе во вторник кога имаме закажана седница на Влада може да се ревидира одлуката. Но, сметам дека досега реакциите се од прилика за 10 до 15 продукти, не гледам голем проблем за 10-ина продукти да има корекција, рече Битиќи во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Економскиот форум „Од криза до решенија: Станавме ли поотпорна економија денес?“ во организација на Фајнанс тинк.
Знам, посочи, дека граѓаните имаат навики на храна, но одредени продукти ако во овој момент ги сметаме дека треба да бидат во стапката од 10 отсто оставаме простор да се ревидираат ако се дел од секојдневната исхрана на граѓаните.
Навистина не влегуваме во дефинирање што е луксуз, за кого е луксуз. Може да е пропуст во еден момент, може да не е. Од реакциите што ги гледам од вчера граѓаните најчесто реагираат за 10 производи од 2.000 групи на производи коишто се опфатени со одлуката. Затоа сметам дека за 10 производи нема никаков проблем да направиме измена на одлука, рече Битиќи.
Не е вистина, додаде, дека има зголемување на цена за илјада производи и тоа го кажувам и цврсто стојам на тоа затоа што се опфатени 358 категории на производи.
Дел од нив се опфатени со мерките за намалување на цените и без разлика што има зголемена даночна стапка кај одредени производи ќе останат на истата референтна цена која што спаѓа под одлуката така што нема да биде толкаво покачувањето. Врз основа на она што наслушнав досега има три одлуки на одредени производители со иста цена да останат продуктите коишто се со ревидирана цена, дел се зголемуваат. Ги поттикнувам сите стопански комори, сите производители, па и граѓаните до соодветните институции да пратат предлози за кои производи да испаднат во предлог-одлуката за изменување на стапката на ДДВ и соодветно ќе го направиме тоа, прецизира Битиќи.
Посочи дека константно се носат мерки за да се ублажи инфлацијата, која, како што кажа има тренд на намалување и до крај на годината во делот на храната ќе стигне на ниво од 5 отсто.
Јас би сакал таа да е на ниво на нула отсто, но тоа не е возможно затоа што во еврозоната инфлацијата е скоро на иста стапка како и во Македонија, потенцира Битиќи

The post Битиќи: Уште на следната владина седница може да се ревидира одлуката за зголемување на ДДВ-то за десетина прехранбени производи appeared first on Република.

]]>
Битиќи од Њујорк: Нашите национални политики имаат 83 отсто усогласеност со целите за одржлив развој, просек далеку над глобалниот https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-od-nujork-nashite-natsionalni-politiki-imaat-83-otsto-usoglasenost-so-tselite-za-odrzhliv-razvoj-prosek-daleku-nad-globalniot/ Thu, 21 Sep 2023 11:42:28 +0000 https://republika.mk/?p=683774

Овие денови, овде во Њујорк ја афирмиравме посветеноста на нациите во светот на остварувањето на 17. цели за одржлив развој, дефинирани во Агенда 2030. Постигнатиот консензус ветува дека ќе се изгради меѓудржавна солидарност, ќе се врати оптимизмот и ентузијазмот за обезбедување на развој и подобар квалитет на живот за секого и насекаде, вклучително и во нашата земја. Владата на Република Македонија веќе ја има изразено својата посветеност за реализација на Агенда 2030, а напредокот што го имаме направено е регистриран и преку Интегрирана проценка, со која е утврдено дека нашите национални политики имаат 83 отсто усогласеност со целите за одржлив развој, просек што е далеку над глобалниот просек.

Ова го изјави заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, соопшти владината прес-служба.

- За да можеме да зборуваме за одржливост на економскиот развој, мораме да го хармонизираме со природата, да го остваруваме во мир и безбедност, но и да ги споделуваме неговите придобивки со сите, односно никого да не оставиме зад себе, посочил Битиќи по вториот ден на неговото учеството на 78. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Битиќи истакнал дека ова е една од суштинските пораки што произлегуваат од Политичката декларација на Самитот за одржлив развој, а која беше усвоена од 193 земји-членки на Обединетите Нации.

Тој се осврнал и на Националната развојна стратегија, „која ќе ја постави институционалната рамка за постигнување на општествен консензус во насока на создавање на политичка атмосфера и мобилизиравме позитивна политичка енергија за поставување на 20-годишни развојни приоритети, кои ќе претставуваат основата за локализирање и реализирање во уште повисок степен на Целите на одржлив развој“.

- Како потврда на нашите институционални заложби за економска и социјална трансформација, пратена од засилена зелена транзиција, може да се препознае и потпишувањето на „Меморандумот за разбирање“ и „Договорот за привилегии и имунитети“ со Зелениот климатски фонд, со што Македонија наредната година ќе биде домаќин на Регионалниот програмски дијалог за земјите од Источна Европа и Централна Азија, пишува во изјавата на Битиќи.

Вицепремиерот соопштил дека Владата на Република Македонија ги зацврстува институционалните капацитети за спротивставување на климатските промени, но и гради и спроведува политики кои ќе обезбедат социјално и еколошки балансиран економски развој, насочен кон благосостојбата на нашите сограѓани и нивниот просперитет.

The post Битиќи од Њујорк: Нашите национални политики имаат 83 отсто усогласеност со целите за одржлив развој, просек далеку над глобалниот appeared first on Република.

]]>

Овие денови, овде во Њујорк ја афирмиравме посветеноста на нациите во светот на остварувањето на 17. цели за одржлив развој, дефинирани во Агенда 2030. Постигнатиот консензус ветува дека ќе се изгради меѓудржавна солидарност, ќе се врати оптимизмот и ентузијазмот за обезбедување на развој и подобар квалитет на живот за секого и насекаде, вклучително и во нашата земја. Владата на Република Македонија веќе ја има изразено својата посветеност за реализација на Агенда 2030, а напредокот што го имаме направено е регистриран и преку Интегрирана проценка, со која е утврдено дека нашите национални политики имаат 83 отсто усогласеност со целите за одржлив развој, просек што е далеку над глобалниот просек. Ова го изјави заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, соопшти владината прес-служба. - За да можеме да зборуваме за одржливост на економскиот развој, мораме да го хармонизираме со природата, да го остваруваме во мир и безбедност, но и да ги споделуваме неговите придобивки со сите, односно никого да не оставиме зад себе, посочил Битиќи по вториот ден на неговото учеството на 78. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк. Битиќи истакнал дека ова е една од суштинските пораки што произлегуваат од Политичката декларација на Самитот за одржлив развој, а која беше усвоена од 193 земји-членки на Обединетите Нации. Тој се осврнал и на Националната развојна стратегија, „која ќе ја постави институционалната рамка за постигнување на општествен консензус во насока на создавање на политичка атмосфера и мобилизиравме позитивна политичка енергија за поставување на 20-годишни развојни приоритети, кои ќе претставуваат основата за локализирање и реализирање во уште повисок степен на Целите на одржлив развој“. - Како потврда на нашите институционални заложби за економска и социјална трансформација, пратена од засилена зелена транзиција, може да се препознае и потпишувањето на „Меморандумот за разбирање“ и „Договорот за привилегии и имунитети“ со Зелениот климатски фонд, со што Македонија наредната година ќе биде домаќин на Регионалниот програмски дијалог за земјите од Источна Европа и Централна Азија, пишува во изјавата на Битиќи. Вицепремиерот соопштил дека Владата на Република Македонија ги зацврстува институционалните капацитети за спротивставување на климатските промени, но и гради и спроведува политики кои ќе обезбедат социјално и еколошки балансиран економски развој, насочен кон благосостојбата на нашите сограѓани и нивниот просперитет.

The post Битиќи од Њујорк: Нашите национални политики имаат 83 отсто усогласеност со целите за одржлив развој, просек далеку над глобалниот appeared first on Република.

]]>
Битиќи и Османи во Њујорк потпишаа Меморандум и Договор со Зелениот климатски фонд https://republika.mk/vesti/makedonija/bitiki-i-osmani-vo-nujork-potpishaa-memorandum-i-dogovor-so-zeleniot-klimatski-fond/ Wed, 20 Sep 2023 07:56:31 +0000 https://republika.mk/?p=683337

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во придружба на генералниот секретар на Владата, Методија Димовски, во седиштето на Постојаната мисија на Република Македонија во Обединетите нации, Њујорк, со извршниот директор на Зелениот климатски фонд, Мафалда Дуарте, потпишаа Меморандум за разбирање и Договор за привилегии и имунитети со што ќе се овозможи Регионалниот програмски дијалог за земјите од Источна Европа и Централна Азија да се одржи во Македонија од 18 до 22 март 2024 година, под покровителство на Зелениот климатски фонд (ЗКФ).

Со потпишувањето на овие два документа, како што наведува владината прес-служба, се зацврстуваат основите за ефикасно проширување и продлабочување на соработката на Македонија со Зелениот климатски фонд во насока на зајакнување на капацитетите за прилагодување, ублажување и спротивставување на климатските промени.

По овогодинешното 78 Генерално Собрание на ОН и Самитот за одржлив развој и очекуваниот состанок на Зелениот климатски фонд во Германија, за финансиски заложби од развиените земји, стратегискиот поглед на светските лидери на економскиот развој ќе биде во фокусот на Целите за одржлив развој и климатска акција. Во овој контекст поддршката од Зелениот климатски фонд станува значајна во напорите за приближување на Македонија кон остварување на овие цели.

По потпишувањето, вицепремиерот Битиќи и министерот Османи со Дуарте зборуваа за проектите кои се финансирани и од Зелениот климатски фонд за што се обезбедува и дополнителна финансиска поддршка за нивно успешно имплементирање. Како на пример, формирање на Национален фонд за енергетска ефикасност, изградба на пречистителна станица за градот Скопје, енергетска ефикасност на згради, како и за заедничките напори за одобрување на проектната апликација за Национален план за адаптација. Ова се дел од проектите преку кои се фондот е директно вклучен во финансирање на одговори на климатските промени и зајакнувањето на капацитетите на Македонија.

Вицепремиерот Битиќи потсети дека во рамки на Проектот за подготвеност е инициран процес за акредитација на Фондот за иновации и технолошки развој, како национално тело за директен пристап до средства од Зелениот климатски фонд.

-Во рамки на продолжувањето на овој проект ќе отпочне и следната фаза во процесот на акредитација на ФИТР, преку кој  ќе се очекува поголемо вклучување на приватниот секторот. Предвидено е надоградување на системот е-влада, преку кој Владата ќе има реални податоци за статусот на имплементација на Целите за одржлив развој, Парискиот договор, поглавјата и кластерите на ЕУ, рече Битиќи по потпишувањето на Меморандумот.

Според Османи, зајакнувањето на капацитетите за ублажување и прилагодување кон климатските промени, останува врвен приоритет на нашата земја.

-Последните глобални временски непогоди, кои резултираа со голем број на жртви, повторно нè потсетија дека треба сериозно да се посветиме кон постојана заштита на природата, истакна Османи, нагласувајќи дека поддршката на овој Фонд е од исклучителна важност и поради фактот дека климатските политики се високо на агендата на ЕУ.

Македонија како земја-кандидат, додаде, ја очекуваат суштински реформи, како во усогласувањето на законодавството, така и во преземањето конкретни чекори за реализација на климатските политики.

-На наше задоволство го потпишуваме договорот за привилегии и имунитети со Македонија. Ова е еден важен чекор во нашето долгогодишно партнерство кое ја отвора вратата за уште поблиска соработка со еден силен поборник на климатска акција, рече Дуарте.

Битиќи, Османи, Димовски и Дуарте дискутираа и за потенцијални нови проекти од областа на земјоделско осигурување, наводнување, земјишна реформа и отпорност на инфраструктурата кон климатски промени. 

The post Битиќи и Османи во Њујорк потпишаа Меморандум и Договор со Зелениот климатски фонд appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во придружба на генералниот секретар на Владата, Методија Димовски, во седиштето на Постојаната мисија на Република Македонија во Обединетите нации, Њујорк, со извршниот директор на Зелениот климатски фонд, Мафалда Дуарте, потпишаа Меморандум за разбирање и Договор за привилегии и имунитети со што ќе се овозможи Регионалниот програмски дијалог за земјите од Источна Европа и Централна Азија да се одржи во Македонија од 18 до 22 март 2024 година, под покровителство на Зелениот климатски фонд (ЗКФ). Со потпишувањето на овие два документа, како што наведува владината прес-служба, се зацврстуваат основите за ефикасно проширување и продлабочување на соработката на Македонија со Зелениот климатски фонд во насока на зајакнување на капацитетите за прилагодување, ублажување и спротивставување на климатските промени. По овогодинешното 78 Генерално Собрание на ОН и Самитот за одржлив развој и очекуваниот состанок на Зелениот климатски фонд во Германија, за финансиски заложби од развиените земји, стратегискиот поглед на светските лидери на економскиот развој ќе биде во фокусот на Целите за одржлив развој и климатска акција. Во овој контекст поддршката од Зелениот климатски фонд станува значајна во напорите за приближување на Македонија кон остварување на овие цели. По потпишувањето, вицепремиерот Битиќи и министерот Османи со Дуарте зборуваа за проектите кои се финансирани и од Зелениот климатски фонд за што се обезбедува и дополнителна финансиска поддршка за нивно успешно имплементирање. Како на пример, формирање на Национален фонд за енергетска ефикасност, изградба на пречистителна станица за градот Скопје, енергетска ефикасност на згради, како и за заедничките напори за одобрување на проектната апликација за Национален план за адаптација. Ова се дел од проектите преку кои се фондот е директно вклучен во финансирање на одговори на климатските промени и зајакнувањето на капацитетите на Македонија. Вицепремиерот Битиќи потсети дека во рамки на Проектот за подготвеност е инициран процес за акредитација на Фондот за иновации и технолошки развој, како национално тело за директен пристап до средства од Зелениот климатски фонд. -Во рамки на продолжувањето на овој проект ќе отпочне и следната фаза во процесот на акредитација на ФИТР, преку кој  ќе се очекува поголемо вклучување на приватниот секторот. Предвидено е надоградување на системот е-влада, преку кој Владата ќе има реални податоци за статусот на имплементација на Целите за одржлив развој, Парискиот договор, поглавјата и кластерите на ЕУ, рече Битиќи по потпишувањето на Меморандумот. Според Османи, зајакнувањето на капацитетите за ублажување и прилагодување кон климатските промени, останува врвен приоритет на нашата земја. -Последните глобални временски непогоди, кои резултираа со голем број на жртви, повторно нè потсетија дека треба сериозно да се посветиме кон постојана заштита на природата, истакна Османи, нагласувајќи дека поддршката на овој Фонд е од исклучителна важност и поради фактот дека климатските политики се високо на агендата на ЕУ. Македонија како земја-кандидат, додаде, ја очекуваат суштински реформи, како во усогласувањето на законодавството, така и во преземањето конкретни чекори за реализација на климатските политики. -На наше задоволство го потпишуваме договорот за привилегии и имунитети со Македонија. Ова е еден важен чекор во нашето долгогодишно партнерство кое ја отвора вратата за уште поблиска соработка со еден силен поборник на климатска акција, рече Дуарте. Битиќи, Османи, Димовски и Дуарте дискутираа и за потенцијални нови проекти од областа на земјоделско осигурување, наводнување, земјишна реформа и отпорност на инфраструктурата кон климатски промени. 

The post Битиќи и Османи во Њујорк потпишаа Меморандум и Договор со Зелениот климатски фонд appeared first on Република.

]]>
Владата нема да биде нем сведок на нефер практики во трговијата кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-nema-da-bide-nem-svedok-na-nefer-praktiki-vo-trgovijata-koi-odat-direktno-na-shteta-na-semejniot-budhet-na-graganite/ Tue, 12 Sep 2023 10:37:38 +0000 https://republika.mk/?p=681216

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во просториите на Комисијата за заштита на конкуренцијата имаше работен состанок со нејзиниот претседател Владимир Наумовски.

На состанокот се зборуваше за ценовните движења во малопродажната мрежа на прехранбени продукти и постоењето на можности за присуство на трговски практики кои освен што ја нарушуваат слободната пазарна економија и конкуренцијата, носат и директна штета на граѓаните.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека Владата нема да биде нем сведок на нефер или неетички практики во трговијата кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните.

Постојат реални околности кои укажуваат на вештачко фиксирање на цените на високо ниво како резултат на координирано договарање помеѓу трговците на цените на одредени производи, со што го контролираат и ограничуваат нивното слободно пазарно формирање, а со цел зголемување на нивната добивка. Оваа пракса оди директно на штета на граѓаните и производителите, и ова нема да го дозволиме, посочи вицепремиерот Битиќи.

Заеднички на состанокот беше констатирано дека е потребно отпочнување на постапки од страна на надлежните институции, вклучително и на Комисијата, а согласно законските надлежности, за истражување дали постојат одредени законски повреди и злоупотреби кои доведуваат до нефер зголемување на крајните цени за потрошувачите.

The post Владата нема да биде нем сведок на нефер практики во трговијата кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во просториите на Комисијата за заштита на конкуренцијата имаше работен состанок со нејзиниот претседател Владимир Наумовски.

На состанокот се зборуваше за ценовните движења во малопродажната мрежа на прехранбени продукти и постоењето на можности за присуство на трговски практики кои освен што ја нарушуваат слободната пазарна економија и конкуренцијата, носат и директна штета на граѓаните. Вицепремиерот Битиќи истакна дека Владата нема да биде нем сведок на нефер или неетички практики во трговијата кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните.

Постојат реални околности кои укажуваат на вештачко фиксирање на цените на високо ниво како резултат на координирано договарање помеѓу трговците на цените на одредени производи, со што го контролираат и ограничуваат нивното слободно пазарно формирање, а со цел зголемување на нивната добивка. Оваа пракса оди директно на штета на граѓаните и производителите, и ова нема да го дозволиме, посочи вицепремиерот Битиќи.

Заеднички на состанокот беше констатирано дека е потребно отпочнување на постапки од страна на надлежните институции, вклучително и на Комисијата, а согласно законските надлежности, за истражување дали постојат одредени законски повреди и злоупотреби кои доведуваат до нефер зголемување на крајните цени за потрошувачите.

The post Владата нема да биде нем сведок на нефер практики во трговијата кои одат директно на штета на семејниот буџет на граѓаните appeared first on Република.

]]>
Битиќи: НУ Џез оркестар доби од Владата над 11 милиони и 700 илјади денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-nu-dhez-orkestar-dobi-od-vladata-nad-11-milioni-i-700-iljadi-denari/ Tue, 12 Sep 2023 10:06:25 +0000 https://republika.mk/?p=681203

Денес заедно со Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, сме овде да соопштиме една исклучително радосна вест за новоформираната Национална установа Џез оркестар, која освен што доби трајна адреса од страна на Владата во Националната опера и балет, добива и финансиски средства за соодветно реновирање на просториите, соопшти на прес конференција вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Новиот дом на џезерите, „Куќата на џезерите“ доби од Владата над 11 милиони и 700 илјади денари од кои 10 милиони се средства од ТАВ програмата. Со ова, создаваме модерен амбиент каде оркестарот ќе може непречено да создава џез музика, со што Македонија ќе ја постави на мапата на земји кои институционално го негуваат овој стил на музика, посочи Битиќи.

Според него, се работи за финансиски средства од ТАВ програмата, поточно за позитивната разлика од околу 30 милиони денари помеѓу проектираната и изведбената цена од веќе изведените инфраструктурни проекти низ општините.

 

The post Битиќи: НУ Џез оркестар доби од Владата над 11 милиони и 700 илјади денари appeared first on Република.

]]>

Денес заедно со Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, сме овде да соопштиме една исклучително радосна вест за новоформираната Национална установа Џез оркестар, која освен што доби трајна адреса од страна на Владата во Националната опера и балет, добива и финансиски средства за соодветно реновирање на просториите, соопшти на прес конференција вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Новиот дом на џезерите, „Куќата на џезерите“ доби од Владата над 11 милиони и 700 илјади денари од кои 10 милиони се средства од ТАВ програмата. Со ова, создаваме модерен амбиент каде оркестарот ќе може непречено да создава џез музика, со што Македонија ќе ја постави на мапата на земји кои институционално го негуваат овој стил на музика, посочи Битиќи.
Според него, се работи за финансиски средства од ТАВ програмата, поточно за позитивната разлика од околу 30 милиони денари помеѓу проектираната и изведбената цена од веќе изведените инфраструктурни проекти низ општините.  

The post Битиќи: НУ Џез оркестар доби од Владата над 11 милиони и 700 илјади денари appeared first on Република.

]]>
Битиќи и Деспотовски со германски компании во Франкфурт: Македонија нуди компетитивни и предвидливи услови за странските инвеститори https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-i-despotovski-so-germanski-kompanii-vo-frankfurt-severna-makedonija-nudi-kompetitivni-i-predvidlivi-uslovi-za-stranskite-investitori/ Tue, 05 Sep 2023 12:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=679031

Интересот кој беше пројавен од претставниците на германската бизнис заедница, нѐ прави уверени дека германските компании ќе продолжат активно да учествуваат во технолошкото унапредување, одржливиот раст и развој на нашата економија“, изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи, кој престојува во Франкфурт, на тркалезна маса заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски, пред претставниците на силната германска индустрија, компании од повеќе сектори, ги претстави можностите за инвестирање во нашата држава, за владините мерки и поддршката која странските компании ја добиваат.

Го истакнавме високото ниво на економска соработка помеѓу Македонија и Германија, како одлично искуство и за понатамошно зголемување на бројот на германски компании, кој е повеќе од 200, кои имаат реализирано инвестиција и вработуваат над 22.000 граѓани, на кои редовно им се исплатуваат конкурентни плати, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека германските компании се од голема помош во делот на прилагодувањето на стандардите во македонската економија со тие на ЕУ.

Искуство кое на нашето стопанство му е потребно, како навреме би се подготвило за интегрирање во економскиот простор на ЕУ. Овие придобивки, очекуваме да продолжат, да се продлабочат и прошират, рече Битиќи во неговата изјава за медиумите после тркалезната маса.

Вицепремиерот Битиќи, изјави дека од интересот кој беше пројавен на тркалезната маса со претставници на германската бизнис заедница, реално е да имаме очекување дека германските компании ќе продолжат активно да учествуваат во технолошкото унапредување, одржливиот раст и развој на нашата економија.

Она што е важно, зборуваме за технолошки напредни компании, етаблирани на глобалните пазари, кои своите успеси не ги темелат на евтина работна сила, туку на човечки ресурси кои се одликуваат со напредно знаење, иновативност, со изградени вештини да бидат дел од најсовремени технолошко производствени процеси, изјави Битиќи.

Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски, подвлече две клучни пораки од денешните средби со германски компании.

Прво дека Македонија е стабилна држава, мала но флексибилна која може да се прилагоди на барањата на инвеститорите, а тоа истовремено да е во корист на граѓаните, и второ, уште поважно е дека во земјата имаме вредни и трудољубиви луѓе. Но нашата јасна порака е дека тие треба се платат и она што ме радува е дека високи плати повеќе за кои ние се залагаме се сѐ поприфатливи за компаниите. Сега во фокусот се вештините на младите, рече Деспотовски, и најави нови германски инвестиции во земјата.

Антје Ванделт, директор на АХК Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, информираше дека 25 германски компании беа дел од тркалезна маса која се одржа во германската комора во Франкфурт, претежно компании од финансискиот сектор, металопраработувачка индустрија, ИТ секторот и инвестициски консалтинг, и беа позитивно изненадени од можностите кои ги нуди Македонија.

Најмногу се интересираа за едуцираниот кадар, инфраструктурата, и за кадарот со стручно образование. Дел од компаниите веќе се присутни на пазарот и се интересираат за понатамошни можности, за дел од нив земјата е нов пазар кој разбуди сериозен интерес, изјави Ванделт,

Инаку, вицепремиерот Битиќи заедно со директорот на дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, при што во понеделник во Франкфурт се потпиша договор со германската компанија за производство на литиум-јонски батерии „БМЗ“, за реализација на нова германска инвестиција во Македонија, која ќе обезбеди над 750 нови вработувања.

 

The post Битиќи и Деспотовски со германски компании во Франкфурт: Македонија нуди компетитивни и предвидливи услови за странските инвеститори appeared first on Република.

]]>

Интересот кој беше пројавен од претставниците на германската бизнис заедница, нѐ прави уверени дека германските компании ќе продолжат активно да учествуваат во технолошкото унапредување, одржливиот раст и развој на нашата економија“, изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи, кој престојува во Франкфурт, на тркалезна маса заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски, пред претставниците на силната германска индустрија, компании од повеќе сектори, ги претстави можностите за инвестирање во нашата држава, за владините мерки и поддршката која странските компании ја добиваат.
Го истакнавме високото ниво на економска соработка помеѓу Македонија и Германија, како одлично искуство и за понатамошно зголемување на бројот на германски компании, кој е повеќе од 200, кои имаат реализирано инвестиција и вработуваат над 22.000 граѓани, на кои редовно им се исплатуваат конкурентни плати, изјави Битиќи.
Вицепремиерот Битиќи посочи дека германските компании се од голема помош во делот на прилагодувањето на стандардите во македонската економија со тие на ЕУ.
Искуство кое на нашето стопанство му е потребно, како навреме би се подготвило за интегрирање во економскиот простор на ЕУ. Овие придобивки, очекуваме да продолжат, да се продлабочат и прошират, рече Битиќи во неговата изјава за медиумите после тркалезната маса.
Вицепремиерот Битиќи, изјави дека од интересот кој беше пројавен на тркалезната маса со претставници на германската бизнис заедница, реално е да имаме очекување дека германските компании ќе продолжат активно да учествуваат во технолошкото унапредување, одржливиот раст и развој на нашата економија.
Она што е важно, зборуваме за технолошки напредни компании, етаблирани на глобалните пазари, кои своите успеси не ги темелат на евтина работна сила, туку на човечки ресурси кои се одликуваат со напредно знаење, иновативност, со изградени вештини да бидат дел од најсовремени технолошко производствени процеси, изјави Битиќи.
Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски, подвлече две клучни пораки од денешните средби со германски компании.
Прво дека Македонија е стабилна држава, мала но флексибилна која може да се прилагоди на барањата на инвеститорите, а тоа истовремено да е во корист на граѓаните, и второ, уште поважно е дека во земјата имаме вредни и трудољубиви луѓе. Но нашата јасна порака е дека тие треба се платат и она што ме радува е дека високи плати повеќе за кои ние се залагаме се сѐ поприфатливи за компаниите. Сега во фокусот се вештините на младите, рече Деспотовски, и најави нови германски инвестиции во земјата.
Антје Ванделт, директор на АХК Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, информираше дека 25 германски компании беа дел од тркалезна маса која се одржа во германската комора во Франкфурт, претежно компании од финансискиот сектор, металопраработувачка индустрија, ИТ секторот и инвестициски консалтинг, и беа позитивно изненадени од можностите кои ги нуди Македонија.
Најмногу се интересираа за едуцираниот кадар, инфраструктурата, и за кадарот со стручно образование. Дел од компаниите веќе се присутни на пазарот и се интересираат за понатамошни можности, за дел од нив земјата е нов пазар кој разбуди сериозен интерес, изјави Ванделт,
Инаку, вицепремиерот Битиќи заедно со директорот на дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, при што во понеделник во Франкфурт се потпиша договор со германската компанија за производство на литиум-јонски батерии „БМЗ“, за реализација на нова германска инвестиција во Македонија, која ќе обезбеди над 750 нови вработувања.  

The post Битиќи и Деспотовски со германски компании во Франкфурт: Македонија нуди компетитивни и предвидливи услови за странските инвеститори appeared first on Република.

]]>
Битиќи во Франкфурт: Потпишавме договор за нова германска инвестиција од 65 милиони евра, ќе обезбеди над 750 вработувања https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-vo-frankfurt-potpishavme-dogovor-za-nova-germanska-investitsija-od-65-milioni-evra-ke-obezbedi-nad-750-vrabotuvana/ Mon, 04 Sep 2023 15:33:27 +0000 https://republika.mk/?p=678688

Со потпишувањето на договорот со „БМЗ“, портфолиото на странски инвестиции во нашата држава го збогатуваме и зголемуваме со нова инвестиција во фабрика за производство на батерии која ќе отвори 755 нови работни места, изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, при што во Франкфурт се потпиша договор со германската компанија за производство на литиум-јонски батерии „БМЗ“, за реализација на нова германска инвестиција во Македонија.

„Со реализацијата на инвестиција од 65 милиони евра, која ќе отвори 755 нови работни места,  ќе се креираат дополнителни можности за вработување на наши сограѓани, кои ќе создадат шанси за развој и унапредување на нивните знаења, вештини и компетиции активно да учествуваат во најсовремени технолошки производствени процеси и за тоа да бидат добро платени“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи рече дека со проектирањето на годишен извоз од над 360 милиони евра, новата фабрика на „БМЗ“ ќе значи директна придобивка за извозните способности на Македонија и подобрување на трговскиот баланс, но и директно учество во градењето на долгорочни и одржливи основи на економскиот раст и развој на земјата.

„БМЗ е компанија која произведува батерии и имплементира батериски системи во сектори кои во услови на интензивирана глобална транзиција кон зелена економија добиваат се понагласена пазарна вредност и можности за успех. „БМЗ“ е синоним е за технолошки напредна компанија,  со високо ниво на одржливост  и пазарен потенцијал кои произлегуваат од нивните иновативни, висококвалитетни производи, која секоја држава би посакала да е дел од нејзиното стопанство“, изјави Битиќи.

Оваа инвестиција е уште едно камче во мозаикот на исклучително добрите економски односи помеѓу Германија и Македонија, која ќе има  позитивни импликации за понатамошните  билатерални односи.

Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски во неговата изјава рече дека само по 7 месеци од кога ја имавме првата средба, веќе сме тука да потпишеме инвестициски договор од 65 милиони евра.

„Она што е најважно е дека „БМЗ“ ќе вработи над 750 лица со плати од над 1200 евра бруто. „БМЗ“ е и првата компанија која формално се обврзува да даде конкретна поддршка за развој на вештини кај младите во нашата земја. Ова е добар пример како граѓаните имаат конкретна придобивка од  инвестициите“, рече Деспотовски.

Инаку, со овој договор во последниве 2 и пол години, Владата заокружи  инвестициски циклус од над 950 милиони евра и истите веќе креираат нови работни места чијашто вкупна бројка ќе достигне над 12.500.

The post Битиќи во Франкфурт: Потпишавме договор за нова германска инвестиција од 65 милиони евра, ќе обезбеди над 750 вработувања appeared first on Република.

]]>

Со потпишувањето на договорот со „БМЗ“, портфолиото на странски инвестиции во нашата држава го збогатуваме и зголемуваме со нова инвестиција во фабрика за производство на батерии која ќе отвори 755 нови работни места, изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. Вицепремиерот Битиќи заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ), Јован Деспотовски престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, при што во Франкфурт се потпиша договор со германската компанија за производство на литиум-јонски батерии „БМЗ“, за реализација на нова германска инвестиција во Македонија. „Со реализацијата на инвестиција од 65 милиони евра, која ќе отвори 755 нови работни места,  ќе се креираат дополнителни можности за вработување на наши сограѓани, кои ќе создадат шанси за развој и унапредување на нивните знаења, вештини и компетиции активно да учествуваат во најсовремени технолошки производствени процеси и за тоа да бидат добро платени“, изјави Битиќи. Вицепремиерот Битиќи рече дека со проектирањето на годишен извоз од над 360 милиони евра, новата фабрика на „БМЗ“ ќе значи директна придобивка за извозните способности на Македонија и подобрување на трговскиот баланс, но и директно учество во градењето на долгорочни и одржливи основи на економскиот раст и развој на земјата. „БМЗ е компанија која произведува батерии и имплементира батериски системи во сектори кои во услови на интензивирана глобална транзиција кон зелена економија добиваат се понагласена пазарна вредност и можности за успех. „БМЗ“ е синоним е за технолошки напредна компанија,  со високо ниво на одржливост  и пазарен потенцијал кои произлегуваат од нивните иновативни, висококвалитетни производи, која секоја држава би посакала да е дел од нејзиното стопанство“, изјави Битиќи. Оваа инвестиција е уште едно камче во мозаикот на исклучително добрите економски односи помеѓу Германија и Македонија, која ќе има  позитивни импликации за понатамошните  билатерални односи. Директорот на ДТИРЗ, Јован Деспотовски во неговата изјава рече дека само по 7 месеци од кога ја имавме првата средба, веќе сме тука да потпишеме инвестициски договор од 65 милиони евра. „Она што е најважно е дека „БМЗ“ ќе вработи над 750 лица со плати од над 1200 евра бруто. „БМЗ“ е и првата компанија која формално се обврзува да даде конкретна поддршка за развој на вештини кај младите во нашата земја. Ова е добар пример како граѓаните имаат конкретна придобивка од  инвестициите“, рече Деспотовски. Инаку, со овој договор во последниве 2 и пол години, Владата заокружи  инвестициски циклус од над 950 милиони евра и истите веќе креираат нови работни места чијашто вкупна бројка ќе достигне над 12.500.

The post Битиќи во Франкфурт: Потпишавме договор за нова германска инвестиција од 65 милиони евра, ќе обезбеди над 750 вработувања appeared first on Република.

]]>