Бислимоски Archives - Република https://republika.mk/tema/bislimoski/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Oct 2023 11:57:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бислимоски Archives - Република https://republika.mk/tema/bislimoski/ 32 32 Бислимоски: Енергетската криза беше мотивирачка и се почна со интензивен циклус на инвестиции во обновливи извори на енергија https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-energetskata-kriza-beshe-motivirachka-i-se-pochna-so-intenziven-tsiklus-na-investitsii-vo-obnovlivi-izvori-na-energija/ Thu, 05 Oct 2023 08:51:33 +0000 https://republika.mk/?p=688083

Енергетската криза го зголеми темпото на енергетска транзиција и инвестиции во обновливи извори со што се намали значајно цената на електрична енергија преку ден и се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски на трилатералниот состанок на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Советот на европските регулатори за енергетика.

Дневната евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина. Нашата држава, како и цела Европа се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи изври на енергија. Ние тоа го нарековме Елдорадо на инвестиции во обновливи извори, истакна Бислимоски.

Посочи дека во време на енергетска криза за 20 проценти во земјава е зголемен инсталираниот капацитет, а стравот од високи сметки, се покажал како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој дал резултат со што се намалила увозната зависност и од традиционалните нотирани 30 проценти увоз на електрична енергија, процентот се преполовил и сега изнесува 15 проценти во првите неколку месеци од годинава.

Следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми на оние лица на кои им е потребно, посочи Бислимоски.

Претседателот на МЕДРЕГ Абделатив Бардах алармирал дека е неопходно земјите да работат на инклузивен пристап на енергенси кон крајните потрошувачи, а реформите во енергетскиот сектор да продолжат без оглед на геополитичките случувања.

Бислимоски, како што информираа од РКЕ, ја презентирал иницијативата со која ранливите категории треба да добиваат повисока помош за сметките за топлинска и електрична енергија.

Субвенциите ги намалија значајно сметките за електрична и топлинска енергија и овој бенфит е за сите граѓани, но сега треба да се зајакне механизмот кон ранливите категории и да добиваат поголема финансиска помош за сметките, рекол Бислимоски.

РКЕ неодамна на 35-тото генерално собрание стана полноправен член на МЕДРЕГ, која обединува 27 земји членки кои припаѓаат географски на медитеранскиот регион.

The post Бислимоски: Енергетската криза беше мотивирачка и се почна со интензивен циклус на инвестиции во обновливи извори на енергија appeared first on Република.

]]>

Енергетската криза го зголеми темпото на енергетска транзиција и инвестиции во обновливи извори со што се намали значајно цената на електрична енергија преку ден и се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски на трилатералниот состанок на Асоцијацијата на медитерански регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Советот на европските регулатори за енергетика.
Дневната евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина. Нашата држава, како и цела Европа се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи изври на енергија. Ние тоа го нарековме Елдорадо на инвестиции во обновливи извори, истакна Бислимоски.
Посочи дека во време на енергетска криза за 20 проценти во земјава е зголемен инсталираниот капацитет, а стравот од високи сметки, се покажал како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој дал резултат со што се намалила увозната зависност и од традиционалните нотирани 30 проценти увоз на електрична енергија, процентот се преполовил и сега изнесува 15 проценти во првите неколку месеци од годинава.
Следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми на оние лица на кои им е потребно, посочи Бислимоски.
Претседателот на МЕДРЕГ Абделатив Бардах алармирал дека е неопходно земјите да работат на инклузивен пристап на енергенси кон крајните потрошувачи, а реформите во енергетскиот сектор да продолжат без оглед на геополитичките случувања. Бислимоски, како што информираа од РКЕ, ја презентирал иницијативата со која ранливите категории треба да добиваат повисока помош за сметките за топлинска и електрична енергија.
Субвенциите ги намалија значајно сметките за електрична и топлинска енергија и овој бенфит е за сите граѓани, но сега треба да се зајакне механизмот кон ранливите категории и да добиваат поголема финансиска помош за сметките, рекол Бислимоски.
РКЕ неодамна на 35-тото генерално собрание стана полноправен член на МЕДРЕГ, која обединува 27 земји членки кои припаѓаат географски на медитеранскиот регион.

The post Бислимоски: Енергетската криза беше мотивирачка и се почна со интензивен циклус на инвестиции во обновливи извори на енергија appeared first on Република.

]]>
Бислимоски: Се анализираат барањата за цената на струјата, ќе се обидеме да бидеме креативни со цел да се избегне ценовен шок https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-se-analiziraat-baranata-za-tsenata-na-strujata-ke-se-obideme-da-bideme-kreativni-so-tsel-da-se-izbegne-tsenoven-shok/ Wed, 21 Jun 2023 12:18:42 +0000 https://republika.mk/?p=653724

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во моментов ги анализира барањата поднесени од енергетските компании за цената на електричната енергија на регулираниот пазар за наредните шест месеци што ќе важи од 1 јули годинава и како што најавува претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски ќе се обидат и годинава да бидат креативни со цел да се избегне ценовен шок.

Барањата се дојдени, ние ги анализираме и во најголем дел сме завршени со анализите за МЕПСО, а завршени сме и за „Електродистрибуција“, но останува најбитниот дел цената со која „Електродистрибуција“ ќе ги купи загубите на електрична енергија на тендерот кој ќе биде објавен утре и количините на електрична енергија кои ќе ги купи универзалниот снабдувач, исто така на утрешниот тендер. Откако ќе ги дознаеме цените, ќе ги завршиме пресметките и во текот на следната недела ќе ја информираме јавноста за нашите одлуки, изјави Бислимоски.

Во моментов, како што нагласи тој, познато е дека цената за загуби на електрична енергија на МЕПСО во втората половина на годината е околу 130 евра за мегават час што е далеку пониско од претходните шест месеци кога беше 220 евра за мегават час.

Тоа позитивно ќе влијае на крајната цена онолку колку што може цената за пренос да влијае на крајната цена што ќе ја плаќаат потрошувачите, рече Бислимоски.

Како најбитни за цената на струјата во наредните шест месеци, тој ги истакна тендерот на кој ЕСМ ќе понуди електрична енергија за универзалниот снабдувач и тендерот на кој ќе понуди цена за покривање на загубите во дистрибутивната мрежата. На цената ќе влијае и зголемувањето на ДДВ од 10 на 18 отсто и тоа за 7,2 проценти.

Ние ги носиме цените без ДДВ и ќе се обидеме и оваа година да бидеме креативни со цел да се избегне ценовен шок врз потрошувачите во државата, истакна Бислимоски.

Во врска со враќањето на евтината дневна тарифа на електричната енергија, тој посочи дека РКЕ ги завршува анализите и ги знае техничките проблеми кои ги има во процесот.

Во овој момент имаме сериозно разединување за колкав временски период тие технички софтверски проблеми може да се надминат. Овие неколку дена ќе ги искористиме за интензивна комуникација со операторот на дистрибутивниот систем за да видиме реално кога и како може да започне имплементацијата на евтината тарифа, посочи Бислимоски и додаде дека е сигурно оти евтината тарифа ќе биде воведена.

Целта, како што рече директорот на РКЕ, им е што е можно повеќе граѓани во ист момент да ја користат евтината тарифа за да нема жалби и поплаки зошто некој има, а зошто друг нема.

За тоа разговараме со операторот на дистрибутивниот систем и преговорите и разговорите ќе мора да ги завршиме кон почетокот на идната недела, рече Бислимоски.

Тој појасни дека по воведувањето на блок тарифите броилата имаат четири позиции во кои се регистрира скапата тарифа, а сега треба дополнително да се воведе и евтина тарифа така што на операторот на дистрибутивниот систем му треба време за да се сетираат сите броила. Време е потребно и а да се промени билинг системот за да може да се фактурира евтината тарифа.

Тоа го прави надворешна фирма како што вели операторот и за тоа им било потребно малку повеќе време. Но, разговараме со нив навреме да си го решат тој проблем. Броилата кои немаат далечинско отчитување ќе мора рачно да се прилагодуваат и е потребно повеќе време, а за оние со далечинско отчитување тоа ќе се направи од компјутерскиот центар на операторот за две минути, истакна Бислимоски

The post Бислимоски: Се анализираат барањата за цената на струјата, ќе се обидеме да бидеме креативни со цел да се избегне ценовен шок appeared first on Република.

Бислимоски: Од 1 јули може да се врати дневната евтина струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-od-1-juli-mozhe-da-se-vrati-dnevnata-evtina-struja/ Mon, 20 Feb 2023 11:27:31 +0000 https://republika.mk/?p=611021

РКЕ самата го носи тарифниот систем и сега се прават анализи дали е возможно од економска гледна точка да се врати евтината струја во текот на денот. Сега треба да видиме колкаво ќе биде домашното производство на струја, а според најавите на ЕСМ ќе биде зголемена за барем 10 отсто. Го анализираме и фактот што имаме голем број изградени фотоволтаици кои се главно изградени на големите компании. И третиот момент е што цената на електрична енергија кога произведуваат фотоволтаиците е поевтина отколку во останатиот дел од денот. Тој тренд во лето ќе продолжи па и тој елемент го анализираме, вели Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ во емисијата СТУДИО 10 на ТВ 24.

-Сега во периодот кога беше најскапа електричната енергија поради фотоволтаиците имаме најевтина струја. Оттука, можно е ако покажат така пресметките да се врати дневната евтина струја. Од тоа најголема придобивка ќе имаат пензионерите кои се дома и кои многу внимаваат на тоа како се троши струјата а освен тоа најредовно ги плаќаа сметките во време на ковид-пандемијата и ја одржуваа ликвидноста на ЕСМ, вели Бислимоски.

Според Бислимоски, таква евентуална промена би се случила на 1 јули кога вообичаено се прават промени на цените на енергетските услуги. Евтината струја секој ден ЕСМ го чинеше 16 милиони евра годишно, вели Бислимоски.

-Ова што се случува со обемноста на изградбата на фотоволтаици не се случува само во Македонија туку и во целиот регион. Освен тоа, компаниите инвестираа во енергетски ефикасни начини на производство. Оттука, може да се случи во летен период да имаме цени на струјата блиски до нула па дури и во минус, вели Бислимоски.

Тој вели дека сега треба инвеститорите да инвестираат во батерии со цел да имаат производ што ќе трае подолго. Ако производителите на струја од фотоволтаици имаат резерви струја по 19 часот, тоа ќе биде корисно и за компаниите и за граѓаните. Батериите се преоден период кон водорот кој ќе биде најеколошко и најевтино гориво кое ќе го заменува природниот гас. Европа повеќе нема да се враќа на термоелектраните, коментира Бислимоски.

The post Бислимоски: Од 1 јули може да се врати дневната евтина струја appeared first on Република.

]]>

РКЕ самата го носи тарифниот систем и сега се прават анализи дали е возможно од економска гледна точка да се врати евтината струја во текот на денот. Сега треба да видиме колкаво ќе биде домашното производство на струја, а според најавите на ЕСМ ќе биде зголемена за барем 10 отсто. Го анализираме и фактот што имаме голем број изградени фотоволтаици кои се главно изградени на големите компании. И третиот момент е што цената на електрична енергија кога произведуваат фотоволтаиците е поевтина отколку во останатиот дел од денот. Тој тренд во лето ќе продолжи па и тој елемент го анализираме, вели Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ во емисијата СТУДИО 10 на ТВ 24. -Сега во периодот кога беше најскапа електричната енергија поради фотоволтаиците имаме најевтина струја. Оттука, можно е ако покажат така пресметките да се врати дневната евтина струја. Од тоа најголема придобивка ќе имаат пензионерите кои се дома и кои многу внимаваат на тоа како се троши струјата а освен тоа најредовно ги плаќаа сметките во време на ковид-пандемијата и ја одржуваа ликвидноста на ЕСМ, вели Бислимоски. Според Бислимоски, таква евентуална промена би се случила на 1 јули кога вообичаено се прават промени на цените на енергетските услуги. Евтината струја секој ден ЕСМ го чинеше 16 милиони евра годишно, вели Бислимоски. -Ова што се случува со обемноста на изградбата на фотоволтаици не се случува само во Македонија туку и во целиот регион. Освен тоа, компаниите инвестираа во енергетски ефикасни начини на производство. Оттука, може да се случи во летен период да имаме цени на струјата блиски до нула па дури и во минус, вели Бислимоски. Тој вели дека сега треба инвеститорите да инвестираат во батерии со цел да имаат производ што ќе трае подолго. Ако производителите на струја од фотоволтаици имаат резерви струја по 19 часот, тоа ќе биде корисно и за компаниите и за граѓаните. Батериите се преоден период кон водорот кој ќе биде најеколошко и најевтино гориво кое ќе го заменува природниот гас. Европа повеќе нема да се враќа на термоелектраните, коментира Бислимоски.