биолошко оружје Archives - Република https://republika.mk/tema/bioloshko-oruzje/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Apr 2022 09:19:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png биолошко оружје Archives - Република https://republika.mk/tema/bioloshko-oruzje/ 32 32 Русија објави документи за проекти на украински лаборатории кои истражувале билошко оружје во интерес на Пентагон https://republika.mk/vesti/svet/rusija-objavi-dokumenti-za-proekti-na-ukrainski-laboratorii-koi-istrazuvale-biloshko-oruzje-vo-interes-na-pentagon/ Fri, 15 Apr 2022 09:19:41 +0000 https://republika.mk/?p=488795

Руската армија ги дознала имињата на американските и европските службенци кои работеле во Украинскиот научно-технолошки центар, кој се занимавал со истражување во интерес на воено-биолошката програма на САД.

Благодарение на специјалната воена операција на руската армија, добиени се дополнителни информации за воено-биолошките активности на САД на територијата на Украина, кои потврдуваат бројни прекршувања на Конвенцијата за забрана на биолошкото оружје - изјави Игор Кирилов, началник за радијациона, хемиска и биолошка заштита (РХБЗ) на вооружените сили на Русија.

На брифинг за резултатите од анализата на документите за воено-биолошката активност на САД на територијата на Украина, Кирилов посочи дека е бил формиран Украински научно-технолошки центар (УНТЦ), кој делел грантови за истражување од интерес на Пентагон, вклучително и во полето на биолошко оружје. Седиштето на украинскиот центар за наука и технологија се наоѓа во Киев и има регионални канцеларии во Баку, Кишињев и Тбилиси, како и во Харков и Лавов.

Дожноста извршен директор на Украинскиот научно-технолошки центар ја врши американскиот државјанин Кертис Белајач. Роден на 27 август 1968 година во Калифорнија, студирал на Универзитетот за менаџмент Андерсон во Калифорнија. Тој е магистер по меѓународни финансии и работи во Украина од 1994 година.

Претседател на одборот на директори на Украинскиот центар за наука и технологија, кој ја претставува Европската Унија, е Еди Артур Мајер. Како претставник на САД, работата на центарот ја надгледува Фил Долиф, кој е во Стејт департментот на позицијата заменик советник на секретарот за меѓународна безбедност и програми за неширење на оружје за масовно уништување - -изјави рускиот генерал.

Како што истакна Кирилов, документите со кои располага Министерството за одбрана на Русија ја потврдуваат поврзаноста на Украинскиот научно-технолошки центар и Пентагон преку компанијата „Блек и Вич“ - главниот подизведувач на американскиот воен оддел. Конкретно, официјална Москва има преписка меѓу потпретседателот на компанијата Метју Вебер, во која тој изразува подготвеност да соработува со Украинскиот научно-технолошки центар за воено-биолошки истражувања во Украина.

Од 2014 година, Украинскиот центар за наука и технологија има спроведено над 500 проекти во Украина, Грузија, Молдавија и Азербејџан.

https://republika.mk/vesti/svet/bugarska-novinarka-vo-on-zboruvashe-za-amerikanskite-tajni-biolaboratorii-vo-ukraina-i-gruzija/

САД издвоиле над 350 милиони долари за украинскиот центар

Според Кирилов, САД во изминатите години потрошиле над 350 милиони долари за работата на центарот, кој, согласно статутарните документи, работи како меѓународна меѓувладина организација и на прв поглед нема никаква врска со Пентагон. Правниот статус на Украинскиот центар за наука и технологија бил утврден со договор од 25 октомври 1993 година, склучен меѓу владите на Украина, Канада, САД и Шведска.

Истовремено, Експертскиот центар за хемиски и биолошки закани на Министерството за одбрана на Русија утврди дека главната активност на украинскиот научно-технолошки центар е да дејствува како дистрибутивен центар за грантови за спроведување на истражувања од интерес на Пентагон, вклучително и биолошкото оружје - изјави Кирилов.

Клиенти и спонзори на Украинскиот центар за наука и технологија се Стејт департментот и Пентагон, а финансирањето се врши преку Агенцијата за заштита на животната средина, Министерството за земјоделство, Министерството за здравство и Министерството за енергетика на Соединетите Американски Држави.

Американските покровители првенствено биле заинтересирани за истражување со двојна намена, како што е Проектот 6166 „Развој на технологии за моделирање, проценка и предвидување на влијанието врз конфликти и закани од ширење на оружје за масовно уништување“, Проект 9601 „Предавање на украинските технологии за производство сложени материјали за двострука намена во Европската Унија“ - истакна Кирилов.

Тој нагласи дека многу истражувања се посветени на проучување на потенцијални агенси на биолошко оружје и причинители на економски важни инфекции, како што се патогениот птичји грип и африканската свинска чума. Проектите Р-364, 444 и 781, чија цел е да го проучат ширењето на причинители на опасните инфекции преку инсекти, диви птици и лилјаци, биле финансирани во интерес на американскиот воен оддел.

Средства за испорака и употреба на оружје за масовно уништување

Документите покажуваат дека украинските експерти работеле на создавање средства за испорака на оружје за масовно уништување (ОМУ) - истакна Кирилов.

Тој цитираше документ од 11 март 2022 година, подготвен од покровители на Украинскиот центар за наука и технологија.

Користејќи соодветни формулации, Вашингтон, всушност, признава дека украинските експерти работеле на создавање средства за испорака и употреба на оружје за масовно уништување и верува дека постои ползезност да се продолжи нивното финансирање - изјави Кирилов.

Создавање неповолна биолошка ситуација

Според Кирилов, украински експерти, исто така под надзор на американски научници, ја проучувале можноста за ширење на колера, тифусна треска, хепатитис А и Е преку вода, со цел да се создаде неповолна биолошка ситуација во Русија, регионот на Црното Море и Источна Европа.

Под контрола на американски научници, украинските експерти систематски земале примероци вода од бројни големи украински реки, вклучувајќи ги Днепар, Днестар, Дунав и Северниот Кримски Канал за да утврдат присуство на особено опасни патогени, вклучувајќи колера, тифус, хепатитис А. и Е, и да донесат заклучоци за можноста за нивно ширење по вода - објасни Кирилов.

Тој појасни дека во рамките на проектот 3007 „Следење на епидемиолошката и еколошката состојба поврзана со опасните болести кои се пренесуваат преку вода во Украина“, била проценета штетноста на избраните примероци, а самите соеви биле депонирани во колекција, а потоа извезени во САД.

Пред вас е мапа на водните ресурси на Украина. Нејзината анализа покажува дека резултатите од сработеното може да се искористат за создавање неповолна биолошка ситуација не само во Русија, туку и во водите на Црното и Азовското Море, како и во земјите од Источна Европа - Белорусија, Молдавија и Полска - прецизира Кирилов.

Експерименти на ментално болни во Харков

Кирилов изјави и дека научници од САД спроведувале потенцијално опасни тестови на препарати на пациенти од психијатриската болница во Харков.

За време на специјална операција на територијата на Украина, утврдено е дека во периодот од 2019 до 2021 година, американски научници од лабораторијата во градот Мерефа (регион Харков) извршиле тестови на потенцијално опасни биолошки препарати на пациенти на Регионалната клиничка Психијатриската болница бр. 3 во Харков - изјави Кирилов.

Генералот додаде дека изборот на пациенти со психијатриски нарушувања за експериментите се засновал на критериумите на возраст, националност и имунолошки статус.

Кирилов нагласи дека „податоци за тоа не биле внесени во базата на податоци на болницата, а персоналот на медицинската установа потпишал договор за доверливост“.

Во јануари 2022 година, работата на лабораторијата во Мерефа е прекината, а сите препарати и опрема се префрлени на запад во Украина. Ппостојат искази на на голем број сведоци на овие нехумани експерименти, чии имиња не можеме да ги откриеме во интерес на нивната безбедност - изјави Кирилов.

Беспилотни летала со хемиски распрскувачи

Рускиот генреал соопшти дека во март, руското разузнавање пронашло три украински беспилотни летала во регионот Херсон, опремени со хемиски распрскувачи.

Загрижувачки е што на 9 март, извидувачките единици на руската војска на територијата на Херсонската област пронајдоа три беспилотни летала, опремени со контејнери со капацитет од 30 литри и опрема за прскање на подготвени формули. Според достапните податоци, Украина во јануари 2022 година, преку посреднички организации купила над 50 такви уреди кои можат да се користат за примена на биолошки рецепти и токсични хемикалии - изјави Кирилов.

Претходно Кирилов соопшти дека украинската компанија за производство на мотори „Мотор сич“ се распрашувала кај производителот на турски беспилотни летала „Бајрактар“ за тоа дали постои можност од нив да се прскаат аеросоли, што предизвикува загриженост во контекст на американската воено-биолошка програма.

Министерството за одбрана на Русија е загрижено бидејќи американското законодавство дозволува работи во областа на биолошкото оружје - изјави Кирилов.

Министерството за одбрана на Русија претходно откри дека САД потрошиле повеќе од 200 милиони долари за работа на биолошки лаборатории во Украина, кои учествувале во американската воено-биолошка програма и се занимавале, меѓу другото, со причинителите на  чума и антракс. Тогаш, беше соопштено дека на територијата на Украина била формирана мрежа од повеќе од 30 биолошки лаборатории, кои работеле во интерес на Пентагон.

The post Русија објави документи за проекти на украински лаборатории кои истражувале билошко оружје во интерес на Пентагон appeared first on Република.

]]>

Руската армија ги дознала имињата на американските и европските службенци кои работеле во Украинскиот научно-технолошки центар, кој се занимавал со истражување во интерес на воено-биолошката програма на САД.
Благодарение на специјалната воена операција на руската армија, добиени се дополнителни информации за воено-биолошките активности на САД на територијата на Украина, кои потврдуваат бројни прекршувања на Конвенцијата за забрана на биолошкото оружје - изјави Игор Кирилов, началник за радијациона, хемиска и биолошка заштита (РХБЗ) на вооружените сили на Русија.
На брифинг за резултатите од анализата на документите за воено-биолошката активност на САД на територијата на Украина, Кирилов посочи дека е бил формиран Украински научно-технолошки центар (УНТЦ), кој делел грантови за истражување од интерес на Пентагон, вклучително и во полето на биолошко оружје. Седиштето на украинскиот центар за наука и технологија се наоѓа во Киев и има регионални канцеларии во Баку, Кишињев и Тбилиси, како и во Харков и Лавов.
Дожноста извршен директор на Украинскиот научно-технолошки центар ја врши американскиот државјанин Кертис Белајач. Роден на 27 август 1968 година во Калифорнија, студирал на Универзитетот за менаџмент Андерсон во Калифорнија. Тој е магистер по меѓународни финансии и работи во Украина од 1994 година.   Претседател на одборот на директори на Украинскиот центар за наука и технологија, кој ја претставува Европската Унија, е Еди Артур Мајер. Како претставник на САД, работата на центарот ја надгледува Фил Долиф, кој е во Стејт департментот на позицијата заменик советник на секретарот за меѓународна безбедност и програми за неширење на оружје за масовно уништување - -изјави рускиот генерал.
Како што истакна Кирилов, документите со кои располага Министерството за одбрана на Русија ја потврдуваат поврзаноста на Украинскиот научно-технолошки центар и Пентагон преку компанијата „Блек и Вич“ - главниот подизведувач на американскиот воен оддел. Конкретно, официјална Москва има преписка меѓу потпретседателот на компанијата Метју Вебер, во која тој изразува подготвеност да соработува со Украинскиот научно-технолошки центар за воено-биолошки истражувања во Украина. Од 2014 година, Украинскиот центар за наука и технологија има спроведено над 500 проекти во Украина, Грузија, Молдавија и Азербејџан. https://republika.mk/vesti/svet/bugarska-novinarka-vo-on-zboruvashe-za-amerikanskite-tajni-biolaboratorii-vo-ukraina-i-gruzija/

САД издвоиле над 350 милиони долари за украинскиот центар

Според Кирилов, САД во изминатите години потрошиле над 350 милиони долари за работата на центарот, кој, согласно статутарните документи, работи како меѓународна меѓувладина организација и на прв поглед нема никаква врска со Пентагон. Правниот статус на Украинскиот центар за наука и технологија бил утврден со договор од 25 октомври 1993 година, склучен меѓу владите на Украина, Канада, САД и Шведска.
Истовремено, Експертскиот центар за хемиски и биолошки закани на Министерството за одбрана на Русија утврди дека главната активност на украинскиот научно-технолошки центар е да дејствува како дистрибутивен центар за грантови за спроведување на истражувања од интерес на Пентагон, вклучително и биолошкото оружје - изјави Кирилов.
Клиенти и спонзори на Украинскиот центар за наука и технологија се Стејт департментот и Пентагон, а финансирањето се врши преку Агенцијата за заштита на животната средина, Министерството за земјоделство, Министерството за здравство и Министерството за енергетика на Соединетите Американски Држави.
Американските покровители првенствено биле заинтересирани за истражување со двојна намена, како што е Проектот 6166 „Развој на технологии за моделирање, проценка и предвидување на влијанието врз конфликти и закани од ширење на оружје за масовно уништување“, Проект 9601 „Предавање на украинските технологии за производство сложени материјали за двострука намена во Европската Унија“ - истакна Кирилов.
Тој нагласи дека многу истражувања се посветени на проучување на потенцијални агенси на биолошко оружје и причинители на економски важни инфекции, како што се патогениот птичји грип и африканската свинска чума. Проектите Р-364, 444 и 781, чија цел е да го проучат ширењето на причинители на опасните инфекции преку инсекти, диви птици и лилјаци, биле финансирани во интерес на американскиот воен оддел.

Средства за испорака и употреба на оружје за масовно уништување

Документите покажуваат дека украинските експерти работеле на создавање средства за испорака на оружје за масовно уништување (ОМУ) - истакна Кирилов.
Тој цитираше документ од 11 март 2022 година, подготвен од покровители на Украинскиот центар за наука и технологија.
Користејќи соодветни формулации, Вашингтон, всушност, признава дека украинските експерти работеле на создавање средства за испорака и употреба на оружје за масовно уништување и верува дека постои ползезност да се продолжи нивното финансирање - изјави Кирилов.

Создавање неповолна биолошка ситуација

Според Кирилов, украински експерти, исто така под надзор на американски научници, ја проучувале можноста за ширење на колера, тифусна треска, хепатитис А и Е преку вода, со цел да се создаде неповолна биолошка ситуација во Русија, регионот на Црното Море и Источна Европа.
Под контрола на американски научници, украинските експерти систематски земале примероци вода од бројни големи украински реки, вклучувајќи ги Днепар, Днестар, Дунав и Северниот Кримски Канал за да утврдат присуство на особено опасни патогени, вклучувајќи колера, тифус, хепатитис А. и Е, и да донесат заклучоци за можноста за нивно ширење по вода - објасни Кирилов.
Тој појасни дека во рамките на проектот 3007 „Следење на епидемиолошката и еколошката состојба поврзана со опасните болести кои се пренесуваат преку вода во Украина“, била проценета штетноста на избраните примероци, а самите соеви биле депонирани во колекција, а потоа извезени во САД.
Пред вас е мапа на водните ресурси на Украина. Нејзината анализа покажува дека резултатите од сработеното може да се искористат за создавање неповолна биолошка ситуација не само во Русија, туку и во водите на Црното и Азовското Море, како и во земјите од Источна Европа - Белорусија, Молдавија и Полска - прецизира Кирилов.

Експерименти на ментално болни во Харков

Кирилов изјави и дека научници од САД спроведувале потенцијално опасни тестови на препарати на пациенти од психијатриската болница во Харков.
За време на специјална операција на територијата на Украина, утврдено е дека во периодот од 2019 до 2021 година, американски научници од лабораторијата во градот Мерефа (регион Харков) извршиле тестови на потенцијално опасни биолошки препарати на пациенти на Регионалната клиничка Психијатриската болница бр. 3 во Харков - изјави Кирилов.
Генералот додаде дека изборот на пациенти со психијатриски нарушувања за експериментите се засновал на критериумите на возраст, националност и имунолошки статус. Кирилов нагласи дека „податоци за тоа не биле внесени во базата на податоци на болницата, а персоналот на медицинската установа потпишал договор за доверливост“.
Во јануари 2022 година, работата на лабораторијата во Мерефа е прекината, а сите препарати и опрема се префрлени на запад во Украина. Ппостојат искази на на голем број сведоци на овие нехумани експерименти, чии имиња не можеме да ги откриеме во интерес на нивната безбедност - изјави Кирилов.

Беспилотни летала со хемиски распрскувачи

Рускиот генреал соопшти дека во март, руското разузнавање пронашло три украински беспилотни летала во регионот Херсон, опремени со хемиски распрскувачи.
Загрижувачки е што на 9 март, извидувачките единици на руската војска на територијата на Херсонската област пронајдоа три беспилотни летала, опремени со контејнери со капацитет од 30 литри и опрема за прскање на подготвени формули. Според достапните податоци, Украина во јануари 2022 година, преку посреднички организации купила над 50 такви уреди кои можат да се користат за примена на биолошки рецепти и токсични хемикалии - изјави Кирилов.
Претходно Кирилов соопшти дека украинската компанија за производство на мотори „Мотор сич“ се распрашувала кај производителот на турски беспилотни летала „Бајрактар“ за тоа дали постои можност од нив да се прскаат аеросоли, што предизвикува загриженост во контекст на американската воено-биолошка програма.
Министерството за одбрана на Русија е загрижено бидејќи американското законодавство дозволува работи во областа на биолошкото оружје - изјави Кирилов.
Министерството за одбрана на Русија претходно откри дека САД потрошиле повеќе од 200 милиони долари за работа на биолошки лаборатории во Украина, кои учествувале во американската воено-биолошка програма и се занимавале, меѓу другото, со причинителите на  чума и антракс. Тогаш, беше соопштено дека на територијата на Украина била формирана мрежа од повеќе од 30 биолошки лаборатории, кои работеле во интерес на Пентагон.

The post Русија објави документи за проекти на украински лаборатории кои истражувале билошко оружје во интерес на Пентагон appeared first on Република.

]]>
ОН нема сознанија за постоење на некоја програма за биолошко оружје во Украина https://republika.mk/vesti/svet/on-nema-soznanija-za-postoenje-na-nekoja-programa-za-bioloshko-oruzje-vo-ukraina/ Fri, 11 Mar 2022 18:34:00 +0000 https://republika.mk/?p=471465

Шефицата за разоружување при ОН Изуми Накамицу изјавидека Обединетите нации немаат сознанија за каква било програма за биолошко оружје во Украина.

Советот за безбедност на ОН е свикан по барањето на Русија за да се разговара за тврдењата на Москва, презентирани без докази, за американските „биолошки активности“ во Украина.

Накамитсу се осврна и на „загрижувачкото прашање“ за безбедноста на нуклеарните централи во Украина

Таа рече дека несреќа со нуклеарни постројки во Украина „може да има тешки последици за јавното здравје и животната средина“. Накамитсу вели дека „мора да се преземат сите чекори за да се избегне тоа“.

Таа потенцираше дека можноста за несреќа предизвикана од прекин на напојувањето на реакторот или неможноста да се обезбеди редовно одржување „се зголемува од ден на ден“.

The post ОН нема сознанија за постоење на некоја програма за биолошко оружје во Украина appeared first on Република.

]]>

Шефицата за разоружување при ОН Изуми Накамицу изјавидека Обединетите нации немаат сознанија за каква било програма за биолошко оружје во Украина. Советот за безбедност на ОН е свикан по барањето на Русија за да се разговара за тврдењата на Москва, презентирани без докази, за американските „биолошки активности“ во Украина. Накамитсу се осврна и на „загрижувачкото прашање“ за безбедноста на нуклеарните централи во Украина Таа рече дека несреќа со нуклеарни постројки во Украина „може да има тешки последици за јавното здравје и животната средина“. Накамитсу вели дека „мора да се преземат сите чекори за да се избегне тоа“. Таа потенцираше дека можноста за несреќа предизвикана од прекин на напојувањето на реакторот или неможноста да се обезбеди редовно одржување „се зголемува од ден на ден“.