биолошки лек Archives - Република https://republika.mk/tema/bioloshki-lek/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Sep 2023 12:09:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png биолошки лек Archives - Република https://republika.mk/tema/bioloshki-lek/ 32 32 Претрес во домот на екс директорот на Клиниката за Онкологија, доктор Нино Васев https://republika.mk/vesti/makedonija/pretres-vo-domot-na-eks-direktorot-na-klinikata-za-onkologija-doktor-nino-vasev/ Sat, 02 Sep 2023 12:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=678117

Откако обвинителството и финансиската полиција вчера во акција запленија компјутери и медицински истории на пациенти на Клиниката за онкологија, претресот го продолжиле и кај поранешниот директор на болницата.

Според информации на Слободен печат, претрес е направен во домот на екс директорот на Клиниката за Онкологија, доктор Нино Васев, како и кај уште еден вработен од клиниката кој бил возач. ОЈО Скопје и МВР работат за да се испитаат обележја на кривично дело.

Слободен печат објави дека во постапката ќе бидат вклучени судски вештаци, кои што ќе ги прегледуваат медицинските истории на пациентите, поради различни наводи за финансиски криминал и злоупотреба на лековите. На пример, ќе се проверува дали на пациенти што се починати, непосредно пред смртта им е давана терапија на хартија за наредниот период, која подоцна морало да биде вратена во аптеката како донација и била препродавана.

The post Претрес во домот на екс директорот на Клиниката за Онкологија, доктор Нино Васев appeared first on Република.

]]>

Откако обвинителството и финансиската полиција вчера во акција запленија компјутери и медицински истории на пациенти на Клиниката за онкологија, претресот го продолжиле и кај поранешниот директор на болницата. Според информации на Слободен печат, претрес е направен во домот на екс директорот на Клиниката за Онкологија, доктор Нино Васев, како и кај уште еден вработен од клиниката кој бил возач. ОЈО Скопје и МВР работат за да се испитаат обележја на кривично дело. Слободен печат објави дека во постапката ќе бидат вклучени судски вештаци, кои што ќе ги прегледуваат медицинските истории на пациентите, поради различни наводи за финансиски криминал и злоупотреба на лековите. На пример, ќе се проверува дали на пациенти што се починати, непосредно пред смртта им е давана терапија на хартија за наредниот период, која подоцна морало да биде вратена во аптеката како донација и била препродавана.

The post Претрес во домот на екс директорот на Клиниката за Онкологија, доктор Нино Васев appeared first on Република.

]]>
Мулачка: Пациенти умирале за некој да запечали, наместо го добијат скапиот лек, тој бил продаван https://republika.mk/zivot/zdravje/mulachka-patsienti-umirale-za-nekoj-da-zapechali-namesto-go-dobijat-skapiot-lek-toj-bil-prodavan/ Sat, 02 Sep 2023 12:02:50 +0000 https://republika.mk/?p=678114

Во случајот Онкологија не станува збор само за финансиски криминал, за кој сме пишувале и пред 20 години. Туку пострашното е дека од воведувањето на скапата биолошка терапија од 2019 година, каде што една ампула за било кој вид на карцином чини од 2.000 до 4.000 евра, дел од пациентите примале и обичен физиолошки раствор, за што веќе објавивме во последниот број на неделникот „Фокус“, за да можат овие скапи лекови да се продаваат на црниот пазар во Косово - пишува новинарката Ирена Мулачка во својот фејсбук статус.

Мулачка веќе подолго време пишува за криминалот со терапијата за болните со рак. Во својата објава на социјалната мрежа наведува:

Најстрашното е со што биле лекувани најтешко болните пациенти и дали воопшто ја примиле неопходната терапија, која барем на некој начин ќе им помогне и е последна надеж за спас од подмолната болест… Факт е дека позадината се парите, но пациенти умирале за некој да запечали, затоа што наместо скапиот лек да биде даден на нив бил продаван, а тие примале сосема други терапии, меѓу кои и обичен физиолошки раствор. Е, тоа е најморбидното и болното. Станува збор за онколошко злосторничко здружение…

The post Мулачка: Пациенти умирале за некој да запечали, наместо го добијат скапиот лек, тој бил продаван appeared first on Република.

]]>

Во случајот Онкологија не станува збор само за финансиски криминал, за кој сме пишувале и пред 20 години. Туку пострашното е дека од воведувањето на скапата биолошка терапија од 2019 година, каде што една ампула за било кој вид на карцином чини од 2.000 до 4.000 евра, дел од пациентите примале и обичен физиолошки раствор, за што веќе објавивме во последниот број на неделникот „Фокус“, за да можат овие скапи лекови да се продаваат на црниот пазар во Косово - пишува новинарката Ирена Мулачка во својот фејсбук статус. Мулачка веќе подолго време пишува за криминалот со терапијата за болните со рак. Во својата објава на социјалната мрежа наведува:
Најстрашното е со што биле лекувани најтешко болните пациенти и дали воопшто ја примиле неопходната терапија, која барем на некој начин ќе им помогне и е последна надеж за спас од подмолната болест… Факт е дека позадината се парите, но пациенти умирале за некој да запечали, затоа што наместо скапиот лек да биде даден на нив бил продаван, а тие примале сосема други терапии, меѓу кои и обичен физиолошки раствор. Е, тоа е најморбидното и болното. Станува збор за онколошко злосторничко здружение…

The post Мулачка: Пациенти умирале за некој да запечали, наместо го добијат скапиот лек, тој бил продаван appeared first on Република.

]]>