билијард Archives - Република https://republika.mk/tema/bilijard/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jul 2024 11:13:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png билијард Archives - Република https://republika.mk/tema/bilijard/ 32 32 За првпат во историјата четири играчи ќе ги бранат боите на Македонија на Европско првенство во билијард https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/za-prvpat-vo-istorijata-chetiri-igrachi-ke-gi-branat-boite-na-makedonija-na-evropsko-prvenstvo-vo-bilijard/ Thu, 04 Jul 2024 13:51:10 +0000 https://republika.mk/?p=793384

На Европското првенство во билијард оваа година кое ќе се одржи во Потчетртек, Словенија ќе учествуваат четворица Македонци кои се пријавени во три различни конкуренции.

Селекторот Горан Ѓурчиновски се одлучи за Христо Василевски, Владимир Ѓоргиоски, Андреј Ѓурчиновски и Илија Димовски (Лонгони).

Василевски располага со огромен потенцијал, поради што верувам дека може да направи изненадување и биде незгоден ривал за фаворизираните имиња со долг стаж. Во сениорска конкуренција во категоријата „спортисти со хендикеп“, ќе не претставува Ѓоргиоски. Другите двајца патници се младинците Андреј Ѓурчиновски (Гран Клуб) и Илија Димовски (Лонгони), кои и минатата година играа во конкуренција на младинци, поточно во конкуренција на играчи до 17 и 19 години, изјави македонскиот селектор.

Македонските натпреварувачи ќе учествуваат во три старосни категории, а ќе се играат четири дисциплини: „осумка“, „деветка“, „десетка“ и 14.1.

The post За првпат во историјата четири играчи ќе ги бранат боите на Македонија на Европско првенство во билијард appeared first on Република.

]]>

На Европското првенство во билијард оваа година кое ќе се одржи во Потчетртек, Словенија ќе учествуваат четворица Македонци кои се пријавени во три различни конкуренции. Селекторот Горан Ѓурчиновски се одлучи за Христо Василевски, Владимир Ѓоргиоски, Андреј Ѓурчиновски и Илија Димовски (Лонгони).
Василевски располага со огромен потенцијал, поради што верувам дека може да направи изненадување и биде незгоден ривал за фаворизираните имиња со долг стаж. Во сениорска конкуренција во категоријата „спортисти со хендикеп“, ќе не претставува Ѓоргиоски. Другите двајца патници се младинците Андреј Ѓурчиновски (Гран Клуб) и Илија Димовски (Лонгони), кои и минатата година играа во конкуренција на младинци, поточно во конкуренција на играчи до 17 и 19 години, изјави македонскиот селектор.
Македонските натпреварувачи ќе учествуваат во три старосни категории, а ќе се играат четири дисциплини: „осумка“, „деветка“, „десетка“ и 14.1.

The post За првпат во историјата четири играчи ќе ги бранат боите на Македонија на Европско првенство во билијард appeared first on Република.

]]>
Андреј Ѓурчиновски е првиот македонски младински првак во билијард https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/andrej-gjurchinovski-e-prviot-makedonski-mladinski-prvak-vo-bilijard/ Mon, 26 Dec 2022 10:26:36 +0000 https://republika.mk/?p=590032

Викендов во организација на Македонската федерација за билијард, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, се одржа првото Национално првенство за јуниори, категорија до 19 години (која се игра и на европските првенства).

Имаше вкупно осум учесници кои се натпреваруваа во дисциплината „деветка“, по идентични правила што важат при настап на ЕП. Домаќин беше „Гран Клуб“ од Скопје, а играчите беа претставници на четири клубови од различни градови (Скопје, Битола, Прилеп и Тетово).

Победник на турнирот е 12-годишниот Андреј Ѓурчиновски, кој летово ја претставуваше Македонија и на континенталниот собир што беше во Бугарија. Во финалето тој го совлада Антонио Крајоски со 7:4, додека третото место (како поразени од полуфиналните дуели) го поделија Диели Весели и Мухамед Даути.

Ѓурчиновски со четири победи ја потврди формата, иако беше најмладиот од сите учесници. Како победник на турнирот тој ќе ја претставува државата на следното европско првенство, кое е закажано за јули 2023 година. Пехарот и медалите ги додели новиот претседател на Билијард федерацијата на Македонија, Дејан Сипковски.

Со јуниорскиот турнир и официјално е завршена натпреварувачка 2022 сезона. Согласно усвоениот календар за 2023, новото Национално првенство за сениори започнува во февруари.

The post Андреј Ѓурчиновски е првиот македонски младински првак во билијард appeared first on Република.

]]>

Викендов во организација на Македонската федерација за билијард, а со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, се одржа првото Национално првенство за јуниори, категорија до 19 години (која се игра и на европските првенства). Имаше вкупно осум учесници кои се натпреваруваа во дисциплината „деветка“, по идентични правила што важат при настап на ЕП. Домаќин беше „Гран Клуб“ од Скопје, а играчите беа претставници на четири клубови од различни градови (Скопје, Битола, Прилеп и Тетово). Победник на турнирот е 12-годишниот Андреј Ѓурчиновски, кој летово ја претставуваше Македонија и на континенталниот собир што беше во Бугарија. Во финалето тој го совлада Антонио Крајоски со 7:4, додека третото место (како поразени од полуфиналните дуели) го поделија Диели Весели и Мухамед Даути. Ѓурчиновски со четири победи ја потврди формата, иако беше најмладиот од сите учесници. Како победник на турнирот тој ќе ја претставува државата на следното европско првенство, кое е закажано за јули 2023 година. Пехарот и медалите ги додели новиот претседател на Билијард федерацијата на Македонија, Дејан Сипковски. Со јуниорскиот турнир и официјално е завршена натпреварувачка 2022 сезона. Согласно усвоениот календар за 2023, новото Национално првенство за сениори започнува во февруари.

The post Андреј Ѓурчиновски е првиот македонски младински првак во билијард appeared first on Република.

]]>