Билборд Archives - Република https://republika.mk/tema/bilbord/ За подобро да се разбереме Mon, 13 May 2024 18:22:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Билборд Archives - Република https://republika.mk/tema/bilbord/ 32 32 Се сруши џиновски билборд во Мумбаи: Едно лице загина, 50 се повредени https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/se-srushi-dhinovski-bilbord-vo-mumbai-edno-litse-zagina-50-se-povredeni/ Mon, 13 May 2024 18:22:50 +0000 https://republika.mk/?p=777731

Страшна несреќа се случи во Мумбаи кога огромен џиновски билборд беше срушен од бурните ветрови, при што загина најмалку едно лице, а повеќе од 50 беа повредени.

На видеото се гледа како билбордот паѓа на бензинска пумпа и автомобилите на страната на прометниот автопат во Пант Нагар.

Билбордот беше веднаш спроти бензинската пумпа. При падот металната конструкција на билбордот скинала покриви на неколку возила кои биле на пумпата.

Билбордот падна врз автомобили, мотори, луѓе… Им помогнавме на повредените да излезат – изјави за АНИ очевидец.

Дождови и силни ветрови денеска зафатија делови од Мумбаи и соседните градски области, нарушувајќи го нормалниот живот, а неколку луѓе беа повредени во различни инциденти.

Ненадејните дождови и силните ветрови влијаеја на движењето на летовите и возовите. Неколку летови кои доаѓаа до Мумбаи беа пренасочени поради слаба видливост. Патниците се предупредуваат на големи доцнења.

 

The post Се сруши џиновски билборд во Мумбаи: Едно лице загина, 50 се повредени appeared first on Република.

]]>

Страшна несреќа се случи во Мумбаи кога огромен џиновски билборд беше срушен од бурните ветрови, при што загина најмалку едно лице, а повеќе од 50 беа повредени. На видеото се гледа како билбордот паѓа на бензинска пумпа и автомобилите на страната на прометниот автопат во Пант Нагар. Билбордот беше веднаш спроти бензинската пумпа. При падот металната конструкција на билбордот скинала покриви на неколку возила кои биле на пумпата. Билбордот падна врз автомобили, мотори, луѓе… Им помогнавме на повредените да излезат – изјави за АНИ очевидец. Дождови и силни ветрови денеска зафатија делови од Мумбаи и соседните градски области, нарушувајќи го нормалниот живот, а неколку луѓе беа повредени во различни инциденти. Ненадејните дождови и силните ветрови влијаеја на движењето на летовите и возовите. Неколку летови кои доаѓаа до Мумбаи беа пренасочени поради слаба видливост. Патниците се предупредуваат на големи доцнења.  

The post Се сруши џиновски билборд во Мумбаи: Едно лице загина, 50 се повредени appeared first on Република.

]]>
Запален билборд на претседателскиот кандидат Арбен Таравари во центарот на Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapalen-bilbord-na-pretsedatelskiot-kandidat-arben-taravari-vo-tsentarot-na-skopje/ Sun, 07 Apr 2024 08:04:57 +0000 https://republika.mk/?p=763334

Ноќеска во Скопје бил запален билборд на претседателскиот кандидат на албанскиот опозициски блок ВРЕДИ, Арбен Таравари.

Оттаму се огласија со реакција во која се вели дека на ваквите проблеми им доаѓа крајот.

Коалицијата ВРЕДИ го крева гласот за палење на билборд на кандидатот Арбен Таравари, на полноќ, во Скопје. Виновниците мора да бидат казнети со закон, затоа што ќе бидат тешко казнети и со гласање. Билбордот веднаш ќе биде заменет, но тие ќе изгубат, вели тој во реакцијата.

Запалениот билборд на кандидатот Таравари бил на улицата кај Зоолошката градина во Скопје.

Од ВРЕДИ велат дека би сакале да веруваат дека станува збор за несреќа, но велат дека билбордот од другата страна воопшто не бил допрен.

Се знае која партија има насилници и криминалци во своите редови, се знае која партија ја користи власта за да се збогати и да го плаши народот. Времето на страв заврши. Оние кои палат билборди од гнев дека ги губат изборите, мора да бидат казнети од законот и правдата, но и од меѓународните набљудувачи. Го повикуваме народот да почека уште неколку недели, изборите се ближат, насилниците си заминуваат, се вели во реакцијата.

 

The post Запален билборд на претседателскиот кандидат Арбен Таравари во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>

Ноќеска во Скопје бил запален билборд на претседателскиот кандидат на албанскиот опозициски блок ВРЕДИ, Арбен Таравари. Оттаму се огласија со реакција во која се вели дека на ваквите проблеми им доаѓа крајот.
Коалицијата ВРЕДИ го крева гласот за палење на билборд на кандидатот Арбен Таравари, на полноќ, во Скопје. Виновниците мора да бидат казнети со закон, затоа што ќе бидат тешко казнети и со гласање. Билбордот веднаш ќе биде заменет, но тие ќе изгубат, вели тој во реакцијата.
Запалениот билборд на кандидатот Таравари бил на улицата кај Зоолошката градина во Скопје. Од ВРЕДИ велат дека би сакале да веруваат дека станува збор за несреќа, но велат дека билбордот од другата страна воопшто не бил допрен.
Се знае која партија има насилници и криминалци во своите редови, се знае која партија ја користи власта за да се збогати и да го плаши народот. Времето на страв заврши. Оние кои палат билборди од гнев дека ги губат изборите, мора да бидат казнети од законот и правдата, но и од меѓународните набљудувачи. Го повикуваме народот да почека уште неколку недели, изборите се ближат, насилниците си заминуваат, се вели во реакцијата.
 

The post Запален билборд на претседателскиот кандидат Арбен Таравари во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>
СДСМ ја почна предкампањата со украден слоган од холандски синџир на супер маркети https://republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-ja-pochna-predkampanata-so-ukraden-slogan-od-holandski-sindhir-na-super-marketi/ Thu, 22 Feb 2024 09:44:10 +0000 https://republika.mk/?p=746879

Со логото на СДСМ и со слоганот „Повеќе за сите“ утрово Скопјани ги дочекаа стотици билборди низ главниот град на Македонија.

Само со мала проверка, може да се заклучи дека традицијата на СДСМ за „позајмување“ на политички слогани од други партии и компании продолжува.

Слоганот „Повеќе за сите“ пред само неколку месеци го употребува во својата кампања синџирот на супер маркети од Холандија „Шпар“, додека, пак, пред 2 години овој слоган го употребил уште еден ланец на продавници „Лидл“.

Во 2008 година СДСМ на изборите искористи лого од фирма за банани, а оваа година од супер маркети. Останува непознато на што се должи фасцинацијата на оваа партија од фирми со ваков тип на стопанска дејност.

The post СДСМ ја почна предкампањата со украден слоган од холандски синџир на супер маркети appeared first on Република.

]]>

Со логото на СДСМ и со слоганот „Повеќе за сите“ утрово Скопјани ги дочекаа стотици билборди низ главниот град на Македонија. Само со мала проверка, може да се заклучи дека традицијата на СДСМ за „позајмување“ на политички слогани од други партии и компании продолжува. Слоганот „Повеќе за сите“ пред само неколку месеци го употребува во својата кампања синџирот на супер маркети од Холандија „Шпар“, додека, пак, пред 2 години овој слоган го употребил уште еден ланец на продавници „Лидл“. Во 2008 година СДСМ на изборите искористи лого од фирма за банани, а оваа година од супер маркети. Останува непознато на што се должи фасцинацијата на оваа партија од фирми со ваков тип на стопанска дејност.

The post СДСМ ја почна предкампањата со украден слоган од холандски синџир на супер маркети appeared first on Република.

]]>
Скопјанец удри во билборд на „Теодосиј Гологанов“, со сопатничката пренесени на Клиника https://republika.mk/vesti/skopjanets-udri-vo-bilbord-na-teodosij-gologanov-so-sopatnichkata-preneseni-na-klinika/ Sun, 11 Feb 2024 15:35:06 +0000 https://republika.mk/?p=742885

Триесет и петгодишен ноќеска со своето возило удрил во билборд во центарот на Скопје по што се здобил со тешки повреди, додека пак сопатничката била полесно повредена.

„Денеска (11.02.2024) во 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, патничко моторно возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од Скопје, удрило во билборд. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека сопатничката М.К.(27) од Скопје со телесни повреди, констатирани во Грaдската општа болница „Св.Наум Охридски“ “, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

The post Скопјанец удри во билборд на „Теодосиј Гологанов“, со сопатничката пренесени на Клиника appeared first on Република.

]]>

Триесет и петгодишен ноќеска со своето возило удрил во билборд во центарот на Скопје по што се здобил со тешки повреди, додека пак сопатничката била полесно повредена. „Денеска (11.02.2024) во 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, патничко моторно возило „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од Скопје, удрило во билборд. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека сопатничката М.К.(27) од Скопје со телесни повреди, констатирани во Грaдската општа болница „Св.Наум Охридски“ “, информираат од МВР. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.  

The post Скопјанец удри во билборд на „Теодосиј Гологанов“, со сопатничката пренесени на Клиника appeared first on Република.

]]>
Чија претседателка е Османи и во која држава е дојдена? Срамен билборд во Тетово https://republika.mk/vesti/makedonija/chija-pretsedatelka-e-osmani-i-vo-koja-drzhava-e-dojdena-sramen-bilbord-vo-tetovo/ Thu, 27 Apr 2023 09:34:25 +0000 https://republika.mk/?p=634551

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска е во официјална посета на Македонија на Тетово.

Во нејзина чест во градот осамнаа билборди со нејзиниот лик и наслов „Добре дојде претседателке“ напишано само на Албански јазик.

На билбордот го има грбот на Општина Тетово но нема информации дали општината е нарачател на објавата.

Она што боде очи е што на билбордот воопшто не се споменува во која држава е гостинка Османи.

Како реакција на билбордот за Османи вчера во Тетово се појавија транспаренти „Тетово е Македонија “.

The post Чија претседателка е Османи и во која држава е дојдена? Срамен билборд во Тетово appeared first on Република.

]]>

Косовската претседателка Вјоса Османи денеска е во официјална посета на Македонија на Тетово. Во нејзина чест во градот осамнаа билборди со нејзиниот лик и наслов „Добре дојде претседателке“ напишано само на Албански јазик. На билбордот го има грбот на Општина Тетово но нема информации дали општината е нарачател на објавата. Она што боде очи е што на билбордот воопшто не се споменува во која држава е гостинка Османи. Како реакција на билбордот за Османи вчера во Тетово се појавија транспаренти „Тетово е Македонија “.

The post Чија претседателка е Османи и во која држава е дојдена? Срамен билборд во Тетово appeared first on Република.

]]>
Скапо запросување, се чека Марта да каже „да“ или „не“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/skapo-zaprosuvanje-se-cheka-marta-da-kaze-da-ili-ne/ Fri, 07 Oct 2022 08:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=558262

Иако некои луѓе го претпочитаат „класичниот“ начин на запросување, има и онакви кои сакаат да бидат оригинални, уникатни и сѐ тоа да биде „незаборавно“. Такво запросување, се чини, се случи во Загреб.

Иако реши да остане анонимен, начинот на којшто додворувачот ја побара својата девојка за жена, секако не остана незабележан. Имено, човекот решил да го постави големото прашање на три билборда, распоредени крај автопат близу Загреб, адресирани до Марта.

На првата порака пишувало само „Марта“. На вториот билборд – „Да, ти Марта“, а последниот вели: „Што мислиш, да се венчаме?“

Не се знае дали Марта кажала „Да“, но сѐ тоа бргу стана интернет-хит што, секако, разнежни многумина.

The post Скапо запросување, се чека Марта да каже „да“ или „не“ appeared first on Република.

]]>

Иако некои луѓе го претпочитаат „класичниот“ начин на запросување, има и онакви кои сакаат да бидат оригинални, уникатни и сѐ тоа да биде „незаборавно“. Такво запросување, се чини, се случи во Загреб. Иако реши да остане анонимен, начинот на којшто додворувачот ја побара својата девојка за жена, секако не остана незабележан. Имено, човекот решил да го постави големото прашање на три билборда, распоредени крај автопат близу Загреб, адресирани до Марта. На првата порака пишувало само „Марта“. На вториот билборд – „Да, ти Марта“, а последниот вели: „Што мислиш, да се венчаме?“ Не се знае дали Марта кажала „Да“, но сѐ тоа бргу стана интернет-хит што, секако, разнежни многумина.

The post Скапо запросување, се чека Марта да каже „да“ или „не“ appeared first on Република.

]]>
„Извини“ вредно 5.000 евра во центарот на Скопје https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/izvini-vredno-5-000-evra-vo-centarot-na-skopje/ Wed, 24 Aug 2022 12:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=543679

Вчера во центарот на Скопје осамна билборд кој инстантно стана вирален хит.

Билбордот гласи „Извини Мони“ и на крај потпис „Д.“, па многумина претпоставија дека станува збор за дечко кој згрешил многу, па сега јавно ѝ се извинува на девојката.

The post „Извини“ вредно 5.000 евра во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>

Вчера во центарот на Скопје осамна билборд кој инстантно стана вирален хит. Билбордот гласи „Извини Мони“ и на крај потпис „Д.“, па многумина претпоставија дека станува збор за дечко кој згрешил многу, па сега јавно ѝ се извинува на девојката.

The post „Извини“ вредно 5.000 евра во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>
Билборд во Москва: Културата не може да се укине https://republika.mk/vesti/svet/bilbord-vo-moskva-kulturata-ne-moze-da-se-ukine/ Sun, 27 Mar 2022 19:11:26 +0000 https://republika.mk/?p=479449

Во Москва е поставен билборд преку кој се испраќа протест за тоа што во западните земји се обидуваат да забранат и се што е поврзано со културата на Русија.

Некои земји одлучија да не го свират Шостакович, но ние одлучивме дека музиката на Вивалди е секогаш прекрасна.

 

Културата не може да се укине - пишува на билбордот.

https://twitter.com/RussianEmbassyC/status/1507875309894447110?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1507875309894447110%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3900215%2Fuzivo-traje-rat-u-ukrajini-32-dan-dramaticno-obracanje-putina-nacionalnoj-gardi-u-lavovu-uhapsen-navodni-ruski-spijun

The post Билборд во Москва: Културата не може да се укине appeared first on Република.

]]>

Во Москва е поставен билборд преку кој се испраќа протест за тоа што во западните земји се обидуваат да забранат и се што е поврзано со културата на Русија.
Некои земји одлучија да не го свират Шостакович, но ние одлучивме дека музиката на Вивалди е секогаш прекрасна.   Културата не може да се укине - пишува на билбордот.
https://twitter.com/RussianEmbassyC/status/1507875309894447110?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1507875309894447110%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3900215%2Fuzivo-traje-rat-u-ukrajini-32-dan-dramaticno-obracanje-putina-nacionalnoj-gardi-u-lavovu-uhapsen-navodni-ruski-spijun

The post Билборд во Москва: Културата не може да се укине appeared first on Република.

]]>