билатерални односи Archives - Република https://republika.mk/tema/bilateralni-odnosi/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 17:18:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png билатерални односи Archives - Република https://republika.mk/tema/bilateralni-odnosi/ 32 32 Љутков – Вречко: Македонија и Словенија имаат одлични билатерални односи, посебно во културата и економијата https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-vrechko-makedonija-i-slovenija-imaat-odlichni-bilateralni-odnosi-posebno-vo-kulturata-i-ekonomijata/ Fri, 20 Sep 2024 17:18:44 +0000 https://republika.mk/?p=818288

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ја започна работната посета на Република Словенија со билатерална средба со министерката за култура, Аста Вречко, во Љубљана.

На средбата, министрите се согласија дека меѓу двете држави има одлични билатерални односи во сите општествени сфери, со акцент на економијата и културата.

Во пријателска и конструктивна атмосфера, Љутков и Вречко го отворија прашањето за културно-информативни центри во двете држави. Министерот Љутков ја информираше својата колешка за позитивните искуства што нашата држава ги има со културно-информативните центри во другите држави и потенцираше дека отворањето центар во Словенија ќе биде од стратешко значење за промоција на македонската историја, култура и туризам.

На денешната средба, министерот Љутков иницираше потпишување на нова програма за соработка во областа на културата меѓу двете министерства. Во наредниот период, Министерството за култура и туризам ќе изготви нацрт-текст на програма кој ќе биде формално-правна рамка преку која ќе се развиваат културните врски меѓу двете држави. На средбата стана збор и за унапредување на односите во областа на туризмот и придобивките што македонската страна може да ги има со споделените искуства со Словенија во оваа област.

Говорејќи за афирмативните односи меѓу двете држави, министерката Вречко го информираше македонскиот министер дека од неодамна во Словенија е усвоен закон со кој се унапредуваат правата на заедниците на другите народи, и со тоа и на македонската заедница, што ја манифестира грижата за Македонците што живеат во оваа држава.

Министерот Љутков ја покани својата колешка во октомври во Скопје, на претставувањето на словенечки театар во рамките на фестивалот на Регионалната унија на театри „Рута“, и воедно ја прифати поканата на Вречко за учество на министерскиот состанок во февруари следната година во Р Словенија, на кој ќе се утврдат следните активности на државите сукцесори за финализирање на концептот на заедничката постојана поставка во блокот 17 на Државниот музеј Аушвиц-Биркенау во Полска.

Во поплaдневните часови, министерот Љутков ќе оствари работна посета на Нова Горица каде што ќе се сретне со градоначалникот Само Турел, со директорката на Јавната установа „GO!2025“, Мија Лорбек, и со директорката на Јавната установа за туризам на Нова Горица и Випавска Долина, Ерика Лојк. Со оглед на тоа што Нова Горица и Гориција (Италија) се безгранична Европска престолнина на култура за 2025 година, ќе стане збор за искуствата и можната соработка пред проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, како и за учеството на македонски проекти во словенечко-италијанската програма на ЕПК.

Вечер министерот Љутков ќе ја отвори изложбата на академскиот сликар и графичар Боге Димовски, во просториите на Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ во Крањ.

Министерот Љутков, посетата ја продолжува утре со работни средби со дијаспората во Р Словенија, а ќе се обрати и на промоцијата на книгата по повод стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов и ќе присуствува на концертот на НУ Ансамбл „Танец“, в недела, во „Цанкарјев дом“.

The post Љутков – Вречко: Македонија и Словенија имаат одлични билатерални односи, посебно во културата и економијата appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ја започна работната посета на Република Словенија со билатерална средба со министерката за култура, Аста Вречко, во Љубљана. На средбата, министрите се согласија дека меѓу двете држави има одлични билатерални односи во сите општествени сфери, со акцент на економијата и културата. Во пријателска и конструктивна атмосфера, Љутков и Вречко го отворија прашањето за културно-информативни центри во двете држави. Министерот Љутков ја информираше својата колешка за позитивните искуства што нашата држава ги има со културно-информативните центри во другите држави и потенцираше дека отворањето центар во Словенија ќе биде од стратешко значење за промоција на македонската историја, култура и туризам. На денешната средба, министерот Љутков иницираше потпишување на нова програма за соработка во областа на културата меѓу двете министерства. Во наредниот период, Министерството за култура и туризам ќе изготви нацрт-текст на програма кој ќе биде формално-правна рамка преку која ќе се развиваат културните врски меѓу двете држави. На средбата стана збор и за унапредување на односите во областа на туризмот и придобивките што македонската страна може да ги има со споделените искуства со Словенија во оваа област. Говорејќи за афирмативните односи меѓу двете држави, министерката Вречко го информираше македонскиот министер дека од неодамна во Словенија е усвоен закон со кој се унапредуваат правата на заедниците на другите народи, и со тоа и на македонската заедница, што ја манифестира грижата за Македонците што живеат во оваа држава. Министерот Љутков ја покани својата колешка во октомври во Скопје, на претставувањето на словенечки театар во рамките на фестивалот на Регионалната унија на театри „Рута“, и воедно ја прифати поканата на Вречко за учество на министерскиот состанок во февруари следната година во Р Словенија, на кој ќе се утврдат следните активности на државите сукцесори за финализирање на концептот на заедничката постојана поставка во блокот 17 на Државниот музеј Аушвиц-Биркенау во Полска. Во поплaдневните часови, министерот Љутков ќе оствари работна посета на Нова Горица каде што ќе се сретне со градоначалникот Само Турел, со директорката на Јавната установа „GO!2025“, Мија Лорбек, и со директорката на Јавната установа за туризам на Нова Горица и Випавска Долина, Ерика Лојк. Со оглед на тоа што Нова Горица и Гориција (Италија) се безгранична Европска престолнина на култура за 2025 година, ќе стане збор за искуствата и можната соработка пред проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, како и за учеството на македонски проекти во словенечко-италијанската програма на ЕПК. Вечер министерот Љутков ќе ја отвори изложбата на академскиот сликар и графичар Боге Димовски, во просториите на Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ во Крањ. Министерот Љутков, посетата ја продолжува утре со работни средби со дијаспората во Р Словенија, а ќе се обрати и на промоцијата на книгата по повод стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов и ќе присуствува на концертот на НУ Ансамбл „Танец“, в недела, во „Цанкарјев дом“.

The post Љутков – Вречко: Македонија и Словенија имаат одлични билатерални односи, посебно во културата и економијата appeared first on Република.

]]>