безбедноста не е загрозена Archives - Република https://republika.mk/tema/bezbednosta-ne-e-zagrozena/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Jan 2024 13:57:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png безбедноста не е загрозена Archives - Република https://republika.mk/tema/bezbednosta-ne-e-zagrozena/ 32 32 Хамиди: М-НАВ гарантира дека безбедноста не е загрозена https://republika.mk/vesti/makedonija/hamidi-m-nav-garantira-deka-bezbednosta-ne-e-zagrozena/ Fri, 05 Jan 2024 13:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=730083

Македонска навигација М - НАВ како давател на услуги во воздухопловството гарантира дека безбедноста ниту била, ниту ќе биде загрозена, рече денеска на прес-конференција претседателот на Управниот одбор и извршен директор во М-НАВ, Фахрудин Хамиди.

Прес-конференцијата се одржува по вчерашниот инцидент во Македонска навигација (М-НАВ), каде што неколку лица упаднаа во институцијата и нападнаа вработен и откако Струковиот синдикат на контролори на летање најави дека во знак на поддршка на нивните синдикални активности, 20 до 30 контролори на летање и нивни помошници ќе се повлечат од раководните позиции во М-НАВ и работните проекти.

Хамиди рече дека претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски постапува од негови лични мотиви и интереси и како што рече, „не не остава да си ја вршиме работата и оти репутацијата на компанијата е доведена во прашање поради лажни клевети“.

- За жал, имаме лукративни и лични интереси и нека му е на чест. Тој кажува за непотизам и за партиски вработувања само заради дефокусирање на јавноста. Тој е непотизам самиот, неговиот татко беше началник, тогаш беше примен и тој, истовремено и брат му работи како контролор, рече Хамиди.

Тие што ги исполниле условите на конкурсот за кој реагираше Синдикатот, според Хамиди, се примени, а некои заради неуреден стаус не се. Отворени се, како што рече, за сите можни постапки од институциите, Антикоруциската, Финансиската полиција.

Хамиди рече дека е подготвен да даде оставка, но како што посочи, Владата веќе најавила деа ќе го разреши раководството.

По вчерашниот инцидент во М-НАВ, Владата најави разрешување на раководството и ревизија во оваа институцијата, а Струковиот синдикат на контролори на летање генерален штрајк доколку директорите не поднесат оставки или не бидат разрешени.

 

The post Хамиди: М-НАВ гарантира дека безбедноста не е загрозена appeared first on Република.

]]>

Македонска навигација М - НАВ како давател на услуги во воздухопловството гарантира дека безбедноста ниту била, ниту ќе биде загрозена, рече денеска на прес-конференција претседателот на Управниот одбор и извршен директор во М-НАВ, Фахрудин Хамиди. Прес-конференцијата се одржува по вчерашниот инцидент во Македонска навигација (М-НАВ), каде што неколку лица упаднаа во институцијата и нападнаа вработен и откако Струковиот синдикат на контролори на летање најави дека во знак на поддршка на нивните синдикални активности, 20 до 30 контролори на летање и нивни помошници ќе се повлечат од раководните позиции во М-НАВ и работните проекти. Хамиди рече дека претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски постапува од негови лични мотиви и интереси и како што рече, „не не остава да си ја вршиме работата и оти репутацијата на компанијата е доведена во прашање поради лажни клевети“.
- За жал, имаме лукративни и лични интереси и нека му е на чест. Тој кажува за непотизам и за партиски вработувања само заради дефокусирање на јавноста. Тој е непотизам самиот, неговиот татко беше началник, тогаш беше примен и тој, истовремено и брат му работи како контролор, рече Хамиди.
Тие што ги исполниле условите на конкурсот за кој реагираше Синдикатот, според Хамиди, се примени, а некои заради неуреден стаус не се. Отворени се, како што рече, за сите можни постапки од институциите, Антикоруциската, Финансиската полиција. Хамиди рече дека е подготвен да даде оставка, но како што посочи, Владата веќе најавила деа ќе го разреши раководството. По вчерашниот инцидент во М-НАВ, Владата најави разрешување на раководството и ревизија во оваа институцијата, а Струковиот синдикат на контролори на летање генерален штрајк доколку директорите не поднесат оставки или не бидат разрешени.  

The post Хамиди: М-НАВ гарантира дека безбедноста не е загрозена appeared first on Република.

]]>