безбедносен совет Archives - Република https://republika.mk/tema/bezbednosen-sovet/ За подобро да се разбереме Fri, 27 May 2022 08:52:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png безбедносен совет Archives - Република https://republika.mk/tema/bezbednosen-sovet/ 32 32 Британија подготвува нов безбедносен совет како алтернатива на ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/britanija-podgotvuva-nov-bezbednosen-sovet-kako-alternativa-na-eu/ Fri, 27 May 2022 08:52:51 +0000 https://republika.mk/?p=507494

Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека британскиот премиер Борис Џонсон има таен план за формирање на нов економски и воен сојуз, што б функционирал како алтернатива на Европската Унија.

Весникот наведува дека Џонсон својот план првпат го претставил на 9 април при неговата посета на Киев.

Според Џонсон, лидер на новиот сојуз би била Велика Британија, а членки покрај Украина, би биле и Полска, Естонија, Литванија, Летонија, а во подоцнежната фаза и Турција.

Според пишувањето, Британија ја објаснува иницијативата со тоа дека се потпира на држави кои го потврдуваат својот национален суверенитет, имаат либерални економски ставови и се спротивставуваат на политиките на Москва.

Украинските власти ниту го прифатиле ниту го отфрлиле британскиот план.

Сепак, „Кориере дела Сера“ наведува дека Украина може да ја прифати идејата доколку ЕУ не и го признае кандидатскиот статус на Самитот на ЕУ на 23 јуни.

Италијанскиот весник наведува дека британскиот проект најверојатно ќе биде „колос на глинени нозе“, бидејќи Лондон нема капацитет како ЕУ финансиски да ја поддржи Украина, ниту е сигурно дека Полска или балтичките земји ќе преземат иницијатива што може да ги загрози нивните односи со Брисел.

The post Британија подготвува нов безбедносен совет како алтернатива на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека британскиот премиер Борис Џонсон има таен план за формирање на нов економски и воен сојуз, што б функционирал како алтернатива на Европската Унија. Весникот наведува дека Џонсон својот план првпат го претставил на 9 април при неговата посета на Киев. Според Џонсон, лидер на новиот сојуз би била Велика Британија, а членки покрај Украина, би биле и Полска, Естонија, Литванија, Летонија, а во подоцнежната фаза и Турција. Според пишувањето, Британија ја објаснува иницијативата со тоа дека се потпира на држави кои го потврдуваат својот национален суверенитет, имаат либерални економски ставови и се спротивставуваат на политиките на Москва. Украинските власти ниту го прифатиле ниту го отфрлиле британскиот план. Сепак, „Кориере дела Сера“ наведува дека Украина може да ја прифати идејата доколку ЕУ не и го признае кандидатскиот статус на Самитот на ЕУ на 23 јуни. Италијанскиот весник наведува дека британскиот проект најверојатно ќе биде „колос на глинени нозе“, бидејќи Лондон нема капацитет како ЕУ финансиски да ја поддржи Украина, ниту е сигурно дека Полска или балтичките земји ќе преземат иницијатива што може да ги загрози нивните односи со Брисел.

The post Британија подготвува нов безбедносен совет како алтернатива на ЕУ appeared first on Република.

]]>