бесплатни билети Archives - Република https://republika.mk/tema/besplatni-bileti/ За подобро да се разбереме Sun, 21 Apr 2024 07:19:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бесплатни билети Archives - Република https://republika.mk/tema/besplatni-bileti/ 32 32 ЕУ дели бесплатни билети за патување со воз низ Европа, и Македонците на листата https://republika.mk/vesti/makedonija/eu-deli-besplatni-bileti-za-patuvane-so-voz-niz-evropa-i-makedontsite-na-listata/ Sun, 21 Apr 2024 07:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=768699

Европската комисија повторно им подарува билети за воз на младите. Секој роден помеѓу 1 јули 2005 и 30 јуни 2006 година може да аплицира за еден од 35.500 билети за DiscoverEU.

Со нивна помош младите ќе патуваат бесплатно во Европа до 30 дена. Ако сакате еден од билетите, треба да одговорите на квиз за Европската Унија. Право на учество имаат млади од Европската Унија, како и од Исланд, Лихтенштајн, Македонија, Норвешка, Србија и Турција.

Различен број билети се достапни за поединечни земји.

Среќните добитници кои ќе го освојат билетот можат да го искористат од 1 јули 2024 година до 30 септември 2025 година за патување до 30 дена во Европа. Со билетот добиваат попусти на пример за јавен превоз или во култура. Лицата со попреченост имаат поддршка за време на нивните патувања.

Програмата постои од 2018 година. Оттогаш, повеќе од милион апликанти се пријавиле за 284.000 достапни билети. Околу 72 отсто од нив рекле дека првпат патуваат со воз надвор од нивната земја на живеење.

The post ЕУ дели бесплатни билети за патување со воз низ Европа, и Македонците на листата appeared first on Република.

]]>

Европската комисија повторно им подарува билети за воз на младите. Секој роден помеѓу 1 јули 2005 и 30 јуни 2006 година може да аплицира за еден од 35.500 билети за DiscoverEU. Со нивна помош младите ќе патуваат бесплатно во Европа до 30 дена. Ако сакате еден од билетите, треба да одговорите на квиз за Европската Унија. Право на учество имаат млади од Европската Унија, како и од Исланд, Лихтенштајн, Македонија, Норвешка, Србија и Турција. Различен број билети се достапни за поединечни земји. Среќните добитници кои ќе го освојат билетот можат да го искористат од 1 јули 2024 година до 30 септември 2025 година за патување до 30 дена во Европа. Со билетот добиваат попусти на пример за јавен превоз или во култура. Лицата со попреченост имаат поддршка за време на нивните патувања. Програмата постои од 2018 година. Оттогаш, повеќе од милион апликанти се пријавиле за 284.000 достапни билети. Околу 72 отсто од нив рекле дека првпат патуваат со воз надвор од нивната земја на живеење.

The post ЕУ дели бесплатни билети за патување со воз низ Европа, и Македонците на листата appeared first on Република.

]]>
Бесплатни билети за учениците од Центар во Театар за деца и младинци https://republika.mk/vesti/skopje/besplatni-bileti-za-uchenitsite-od-tsentar-vo-teatar-za-detsa-i-mladintsi/ Mon, 15 Apr 2024 11:47:29 +0000 https://republika.mk/?p=766320

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потпиша Меморандум за соработка со Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје со кој се проширува и зајакнува соработката во полето на културата и уметноста.

Со овој Меморандум им се овозможува на децата и младите во Општина Центар, ученици во училиштата и градинките на подрачјето на Општина Центар, организирани посети на претстави реализирани од НУ Театар за деца и младинци – Скопје, користење на просториите на НУ Театар за деца и младинци – Скопје, за потребите на Општина Центар и консултации и соработка со вработените во Театарот за деца и младинци – Скопје, за потребите на децата во училиштата и градинките на територијата на Општина Центар, во областа на културата и уметноста.

„Првите бесплатни билети во рамки на овој Меморандум се за посета на претставата „Како ќе го делиме мачорот“ за прво, второ и третонаградените учениците и наставници ментори од ООУ „11 Октомври“, „Киро Глигоров“ и „Коле Неделковски“ кои учествуваа во изведбите и подготовките на театарските претстави кои се одржаа минатиот месец, како и за учениците кои освоија награди на претставите за најдобра женска и машка улога од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ со менторот и од ООУ „Киро Глигоров“. Посетувањето на театарот и негувањето на културата и уметноста на децата уште во раната возраст носи висок степен на социјализација, креативност и самодоверба кај децата и учениците. Тоа е нов начин на културно изразување, нов креативен поглед на животот и високи амбиции за успех. И навистина ме радува што токму овие вредности ги обезбедуваме за нашите деца, ученици и млади“, изјави Герасимовски во НУ Театар за деца и младинци.

Главната цел на овој Меморандум е унапредување на мерките за општествена одговорност и хуманиот развој кај децата, развивање на општествена одговорност, солидарност и хуманост кај населението и децата, како и развивање на културата и уметноста. Соработката ќе вклучува заедничка работа на проекти во областа на културата и уметноста преку кои се развива филантропијата, општествената одговорност, хуманоста и емпатијата кај населението, културата и уметноста, а во исто време се работи на подобрување на квалитетот на живеење на децата и младите во Општината Центар.

The post Бесплатни билети за учениците од Центар во Театар за деца и младинци appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потпиша Меморандум за соработка со Националната установа „Театар за деца и младинци“ – Скопје со кој се проширува и зајакнува соработката во полето на културата и уметноста.
Со овој Меморандум им се овозможува на децата и младите во Општина Центар, ученици во училиштата и градинките на подрачјето на Општина Центар, организирани посети на претстави реализирани од НУ Театар за деца и младинци – Скопје, користење на просториите на НУ Театар за деца и младинци – Скопје, за потребите на Општина Центар и консултации и соработка со вработените во Театарот за деца и младинци – Скопје, за потребите на децата во училиштата и градинките на територијата на Општина Центар, во областа на културата и уметноста.
„Првите бесплатни билети во рамки на овој Меморандум се за посета на претставата „Како ќе го делиме мачорот“ за прво, второ и третонаградените учениците и наставници ментори од ООУ „11 Октомври“, „Киро Глигоров“ и „Коле Неделковски“ кои учествуваа во изведбите и подготовките на театарските претстави кои се одржаа минатиот месец, како и за учениците кои освоија награди на претставите за најдобра женска и машка улога од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ со менторот и од ООУ „Киро Глигоров“. Посетувањето на театарот и негувањето на културата и уметноста на децата уште во раната возраст носи висок степен на социјализација, креативност и самодоверба кај децата и учениците. Тоа е нов начин на културно изразување, нов креативен поглед на животот и високи амбиции за успех. И навистина ме радува што токму овие вредности ги обезбедуваме за нашите деца, ученици и млади“, изјави Герасимовски во НУ Театар за деца и младинци. Главната цел на овој Меморандум е унапредување на мерките за општествена одговорност и хуманиот развој кај децата, развивање на општествена одговорност, солидарност и хуманост кај населението и децата, како и развивање на културата и уметноста. Соработката ќе вклучува заедничка работа на проекти во областа на културата и уметноста преку кои се развива филантропијата, општествената одговорност, хуманоста и емпатијата кај населението, културата и уметноста, а во исто време се работи на подобрување на квалитетот на живеење на децата и младите во Општината Центар.

The post Бесплатни билети за учениците од Центар во Театар за деца и младинци appeared first on Република.

]]>