бесплатен влез Archives - Република https://republika.mk/tema/besplaten-vlez/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Mar 2024 10:24:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бесплатен влез Archives - Република https://republika.mk/tema/besplaten-vlez/ 32 32 Бесплатен влез за „Череп во Конемара“ во Театар Комедија на 6 април https://republika.mk/vesti/kultura/besplaten-vlez-za-cherep-vo-konemara-vo-teatar-komedija-na-6-april/ Tue, 26 Mar 2024 10:24:29 +0000 https://republika.mk/?p=758839

Театар Комедија е дел од иницијативата „Театрите поблиску до публиката“ на Министерството за култура. Одбележувајќи го светскиот ден на театарот, покрај веќе планираната програма и премиера, Театар Комедија ја кани публиката на 6 април (сабота) на претставата „Череп во Конемара“ во режија на Јане Спасиќ. Изведбата е закажана во 20 часот, а влезот е бесплатен.

Резервацијата и подигнувањето на бесплатните билети ќе се реализира преку билетарницата на Театар Комедија. Работно време на билетарница од понеделник до петок од 9:00-20:00 часот и 13:00-20:00 часот во сабота.

Автор на текстот е Мартин Мекдона (1970), препознатлив по својот апсурдистички црн хумор во драмските текстови и во филмските остварувања. Пиесата „Череп во Конемара“ е дел од трилогијата „Линејн“ и првпат е поставена во 1997 година во Градскиот театар во Голвеј. Дејството е сместено во рурално место во околината на градот Голвеј, во областа Конемара, каде што живеат навидум богоугодни и длабоко религиозни луѓе. Недолго по разменувањето на првите реплики, се открива дека, всушност, ликовите се неморални, лицемерни, злобни, а дека Конемара е место каде што владее безвластие, па и најситна кавга или зајадлив коментар може да поттикнат насилство, па дури и убиство.

Во претставата играат: Сергеј Димоски, Елена Кузманов, Виктор Арсов и Тони Денковски.

 

The post Бесплатен влез за „Череп во Конемара“ во Театар Комедија на 6 април appeared first on Република.

]]>

Театар Комедија е дел од иницијативата „Театрите поблиску до публиката“ на Министерството за култура. Одбележувајќи го светскиот ден на театарот, покрај веќе планираната програма и премиера, Театар Комедија ја кани публиката на 6 април (сабота) на претставата „Череп во Конемара“ во режија на Јане Спасиќ. Изведбата е закажана во 20 часот, а влезот е бесплатен. Резервацијата и подигнувањето на бесплатните билети ќе се реализира преку билетарницата на Театар Комедија. Работно време на билетарница од понеделник до петок од 9:00-20:00 часот и 13:00-20:00 часот во сабота. Автор на текстот е Мартин Мекдона (1970), препознатлив по својот апсурдистички црн хумор во драмските текстови и во филмските остварувања. Пиесата „Череп во Конемара“ е дел од трилогијата „Линејн“ и првпат е поставена во 1997 година во Градскиот театар во Голвеј. Дејството е сместено во рурално место во околината на градот Голвеј, во областа Конемара, каде што живеат навидум богоугодни и длабоко религиозни луѓе. Недолго по разменувањето на првите реплики, се открива дека, всушност, ликовите се неморални, лицемерни, злобни, а дека Конемара е место каде што владее безвластие, па и најситна кавга или зајадлив коментар може да поттикнат насилство, па дури и убиство. Во претставата играат: Сергеј Димоски, Елена Кузманов, Виктор Арсов и Тони Денковски.  

The post Бесплатен влез за „Череп во Конемара“ во Театар Комедија на 6 април appeared first on Република.

]]>
Слободен е влезот во музеите, галериите и на археолошките локалитети, ќе има серија бесплатни културни настани за Денот на независноста https://republika.mk/vesti/kultura/sloboden-e-vlezot-vo-muzeite-galeriite-i-na-arheoloshkite-lokaliteti-ke-ima-serija-besplatni-kulturni-nastani-za-denot-na-nezavisnosta/ Fri, 08 Sep 2023 06:37:23 +0000 https://republika.mk/?p=679841

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, под мотото „Гласник на слободата“, Министерството за култура се приклучува во централната прослава, организирана од Владата, со многубројни пригодни манифестации, изложба, концерти на млади уметници и на оперски арии, проекции на наградувани филмови од македонската понова продукција. Под наслов „Отворен ден за граѓаните“, ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии и археолошки локалитети.

Во чест на Денот на независноста, 8 Септември, Музејот на македонската борба за самостојност подготвува посебна мултимедијална програма со слободен влез за сите посетители. Од 10 до 14 часот на повеќе локации во Музејот ќе бидат презентирани „Видеоприказни од музејската архива“, коишто, меѓу другото, вклучуваат музејски стории за седум исклучителни жени од македонската историја, меѓу кои и: Оливера Вера Јоциќ, Роса Плавева и Калипсо Налча; презентации на раритети од музејскитe збирки; автентични снимки од подготовките за Илинденското востание од 1900 година; Спомени од Првата светска војна, како и снимки од референдумот и прогласувањето на независноста во 1991 година, соопшти Министерството за култура.

Во оваа национална установа, во 12 часот, гудачкиот квартет „Луј“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје (кој го сочинуваат младите музички уметници: Божана Гошева – прва виолина, Илија Јовчев – втора виолина, Никола Соколовски – кларинет, Александар Ицковски – виолончело) ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени дела од Равел, Дворжак, Пјацола и други.

Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат и привремената изложба „Темелник на државноста“, посветена на клучните настани во формирањето на државата – Илинден 1903, Илинден 1944 и прогласувањето на независноста во 1991 година.

Националната опера и балет се приклучува во прославата со концерт на познати оперски арии, што ќе се одржи на платото на институцијата во 20 часот.

Оперските солисти од Националната опера и балет: Билјана Баевска (сопран), Нико Ѓоргиевски (тенор), Виктор Битовски (тенор), Надежда Рубен (сопран), Билјана Камчева (сопран) и Марија Наумовска (сопран), со пијано-придружба на Елена Сиљаноска, ќе изведат популарни арии од познати оперски дела од: Пучини, Маскањи, Чајковски, Гершвин и Бернштајн.

Во Кинотеката на Република Македонија, пак, ќе има проекција на две успешни македонски филмски остварувања на автори од помладата генерација, кои ја одбележаа македонската понова продукција, филмови кои имаат позитивен прием кај критиката и многубројни награди.

По повод Денот на независноста, во Кинотеката во 18 часот ќе се прикаже еден од најтрофејните македонски документарни филмови, „Медена земја“, во режија на Тамара Kотевска и Љубомир Стефанов.

Во документарниот филм за Атиџе, последната одгледувачка на диви пчели во Европа, настапуваат: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам. Филмот „Медена земја“ се претстави на значајни европски фестивали и освои неколку награди, меѓу кои и наградите за најдобар документарен филм, за кинематографери и наградата „Impact and change“ на „Санденс филм фестивал 2019“; како и наградите за најдобар документарен филм на „DocsBarcelona 2019“, „DocAviv Film Festival 2019“ и „Montclair Film Festival 2019“. Исто така, филмот беше номиниран на 92. церемонија на Оскарите во категориите за најдобар интернационален филм и за најдобар документарен филм.

Во 20 часот ќе се прикаже филмот „Исцелител“, кој е прв дебитантски долгометражен филм на режисерот и сценарист Ѓорче Ставрески. Филмот е во македонско-грчка копродукција и е добитник на десетици награди и признанија во светот. На својата премиера на „Солунскиот филмски фестивал“ во 2017, филмот ја доби наградата од публиката, со што стана прв македонски филм со ваква награда. Добитник е и на специјалната награда од жирито за сценарио на 17. издание на „Медитеранскиот филмски фестивал“ во Брисел. Во главните улоги настапуваат: Благој Веселинов, Анастас Тановски и Аксел Мехмет. Влезот и за двата филма е бесплатен.

Театарот за деца и младинци, една од омилените институции во државава, кај Школката во Градскиот парк во Скопје, во рамки на програмата од 11 до 14 часот, за својата верна публика ќе ја изведе претставата „Гига Мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, дело на Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо),

Без надомест ќе бидат отворени археолошките локалитети „Стоби“, „Херaклеја“, „Баргала“, Мегалитската опсерваторија „Кокино“, Меморијалниот центар АСНОМ-Пелинце, потоа „Куќата на Робевци“ во Охрид, црквата „Свети Спас“ во Скопје, Музејот на отворено во Тумба Маџари во Скопје, Музејот за тутун и „Участакот“ во Прилеп, Турската пошта и Галеријата на икони во црквата „Свети Петнаесет Тивериополски маченици“ во Струмица, Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево, Спомен-куќата на Мајка Тереза, Археолошкиот музеј – Скопје, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Природонаучниот музеј, Музејот на современата уметност, Националната галерија на Македонија: Даут-пашиниот амам и Чифте амам, како и Уметничката галерија во Тетово.

Низ државава, во рамките на програмата „Отворен ден за граѓаните“, вратите ќе бидат отворени и во музеите и во заводите во: Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, во музеите во Струга, Куманово, Гевгелија, во Историскиот музеј во Крушево, во Музејот на Тетовскиот крај, како и во Музејот на албанската азбука – Битола и Музејот на Западна Македонија во НОВ – Кичево.

Во овие национални установи посетителите ќе имаат можност да се запознаат со постојаните археолошки, етнолошки и историски поставки кои се наоѓаат во установите и кои претставуваат пресек на културниот и историскиот развој на овие региони, соопшти Министерството за култура.

The post Слободен е влезот во музеите, галериите и на археолошките локалитети, ќе има серија бесплатни културни настани за Денот на независноста appeared first on Република.

]]>

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, под мотото „Гласник на слободата“, Министерството за култура се приклучува во централната прослава, организирана од Владата, со многубројни пригодни манифестации, изложба, концерти на млади уметници и на оперски арии, проекции на наградувани филмови од македонската понова продукција. Под наслов „Отворен ден за граѓаните“, ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии и археолошки локалитети. Во чест на Денот на независноста, 8 Септември, Музејот на македонската борба за самостојност подготвува посебна мултимедијална програма со слободен влез за сите посетители. Од 10 до 14 часот на повеќе локации во Музејот ќе бидат презентирани „Видеоприказни од музејската архива“, коишто, меѓу другото, вклучуваат музејски стории за седум исклучителни жени од македонската историја, меѓу кои и: Оливера Вера Јоциќ, Роса Плавева и Калипсо Налча; презентации на раритети од музејскитe збирки; автентични снимки од подготовките за Илинденското востание од 1900 година; Спомени од Првата светска војна, како и снимки од референдумот и прогласувањето на независноста во 1991 година, соопшти Министерството за култура. Во оваа национална установа, во 12 часот, гудачкиот квартет „Луј“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје (кој го сочинуваат младите музички уметници: Божана Гошева – прва виолина, Илија Јовчев – втора виолина, Никола Соколовски – кларинет, Александар Ицковски – виолончело) ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени дела од Равел, Дворжак, Пјацола и други. Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат и привремената изложба „Темелник на државноста“, посветена на клучните настани во формирањето на државата – Илинден 1903, Илинден 1944 и прогласувањето на независноста во 1991 година. Националната опера и балет се приклучува во прославата со концерт на познати оперски арии, што ќе се одржи на платото на институцијата во 20 часот. Оперските солисти од Националната опера и балет: Билјана Баевска (сопран), Нико Ѓоргиевски (тенор), Виктор Битовски (тенор), Надежда Рубен (сопран), Билјана Камчева (сопран) и Марија Наумовска (сопран), со пијано-придружба на Елена Сиљаноска, ќе изведат популарни арии од познати оперски дела од: Пучини, Маскањи, Чајковски, Гершвин и Бернштајн. Во Кинотеката на Република Македонија, пак, ќе има проекција на две успешни македонски филмски остварувања на автори од помладата генерација, кои ја одбележаа македонската понова продукција, филмови кои имаат позитивен прием кај критиката и многубројни награди. По повод Денот на независноста, во Кинотеката во 18 часот ќе се прикаже еден од најтрофејните македонски документарни филмови, „Медена земја“, во режија на Тамара Kотевска и Љубомир Стефанов. Во документарниот филм за Атиџе, последната одгледувачка на диви пчели во Европа, настапуваат: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам. Филмот „Медена земја“ се претстави на значајни европски фестивали и освои неколку награди, меѓу кои и наградите за најдобар документарен филм, за кинематографери и наградата „Impact and change“ на „Санденс филм фестивал 2019“; како и наградите за најдобар документарен филм на „DocsBarcelona 2019“, „DocAviv Film Festival 2019“ и „Montclair Film Festival 2019“. Исто така, филмот беше номиниран на 92. церемонија на Оскарите во категориите за најдобар интернационален филм и за најдобар документарен филм. Во 20 часот ќе се прикаже филмот „Исцелител“, кој е прв дебитантски долгометражен филм на режисерот и сценарист Ѓорче Ставрески. Филмот е во македонско-грчка копродукција и е добитник на десетици награди и признанија во светот. На својата премиера на „Солунскиот филмски фестивал“ во 2017, филмот ја доби наградата од публиката, со што стана прв македонски филм со ваква награда. Добитник е и на специјалната награда од жирито за сценарио на 17. издание на „Медитеранскиот филмски фестивал“ во Брисел. Во главните улоги настапуваат: Благој Веселинов, Анастас Тановски и Аксел Мехмет. Влезот и за двата филма е бесплатен. Театарот за деца и младинци, една од омилените институции во државава, кај Школката во Градскиот парк во Скопје, во рамки на програмата од 11 до 14 часот, за својата верна публика ќе ја изведе претставата „Гига Мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, дело на Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо), Без надомест ќе бидат отворени археолошките локалитети „Стоби“, „Херaклеја“, „Баргала“, Мегалитската опсерваторија „Кокино“, Меморијалниот центар АСНОМ-Пелинце, потоа „Куќата на Робевци“ во Охрид, црквата „Свети Спас“ во Скопје, Музејот на отворено во Тумба Маџари во Скопје, Музејот за тутун и „Участакот“ во Прилеп, Турската пошта и Галеријата на икони во црквата „Свети Петнаесет Тивериополски маченици“ во Струмица, Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево, Спомен-куќата на Мајка Тереза, Археолошкиот музеј – Скопје, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Природонаучниот музеј, Музејот на современата уметност, Националната галерија на Македонија: Даут-пашиниот амам и Чифте амам, како и Уметничката галерија во Тетово. Низ државава, во рамките на програмата „Отворен ден за граѓаните“, вратите ќе бидат отворени и во музеите и во заводите во: Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, во музеите во Струга, Куманово, Гевгелија, во Историскиот музеј во Крушево, во Музејот на Тетовскиот крај, како и во Музејот на албанската азбука – Битола и Музејот на Западна Македонија во НОВ – Кичево. Во овие национални установи посетителите ќе имаат можност да се запознаат со постојаните археолошки, етнолошки и историски поставки кои се наоѓаат во установите и кои претставуваат пресек на културниот и историскиот развој на овие региони, соопшти Министерството за култура.

The post Слободен е влезот во музеите, галериите и на археолошките локалитети, ќе има серија бесплатни културни настани за Денот на независноста appeared first on Република.

]]>
Слободен влез во музеите, галериите и на локалитетите по повод 8 Септември https://republika.mk/vesti/kultura/sloboden-vlez-vo-muzeite-galeriite-i-na-lokalitetite-po-povod-8-septemvri/ Wed, 06 Sep 2023 08:52:14 +0000 https://republika.mk/?p=679226

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, под мотото „Гласник на слободата“, Министерството за култура се приклучува во централната прослава, организирана од Владата, со многубројни пригодни манифестации, изложба, концерти на млади уметници и на оперски арии, проекции на наградувани филмови од македонската понова продукција. Под насловот „Отворен ден за граѓаните“, ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии и археолошки локалитети.

Во чест на Денот на независноста, 8 Септември, Музејот на македонската борба за самостојност подготвува посебна мултимедијална програма со слободен влез за сите посетители. Од 10 до 14 часот на повеќе локации во Музејот ќе бидат презентирани „Видеоприказни од музејската архива“, коишто, меѓу другото, вклучуваат музејски стории за седум исклучителни жени од македонската историја, меѓу кои и: Оливера Вера Јоциќ, Роса Плавева и Калипсо Налча; презентации на раритети од музејскитe збирки; автентични снимки од подготовките за Илинденското востание од 1900 година; Спомени од Првата светска војна, како и снимки од референдумот и прогласувањето на независноста во 1991 година.

Во оваа национална установа, на 8 септември во 12 часот, гудачкиот квартет „Луј“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје (кој го сочинуваат младите музички уметници: Божана Гошева – прва виолина, Илија Јовчев – втора виолина, Никола Соколовски – кларинет, Александар Ицковски – виолончело) ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени дела од Равел, Дворжак, Пјацола и други.

Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат и привремената изложба „Темелник на државноста“, посветена на клучните настани во формирањето на државата – Илинден 1903, Илинден 1944 и прогласувањето на независноста во 1991 година.

Националната опера и балет се приклучува во прославата со концерт на познати оперски арии, кој на 8 септември во 20 часот ќе се одржи пред платото на институцијата.

Оперските солисти од Националната опера и балет: Билјана Баевска (сопран), Нико Ѓоргиевски (тенор), Виктор Битовски (тенор), Надежда Рубен (сопран), Билјана Камчева (сопран) и Марија Наумовска (сопран), со пијано-придружба на Елена Сиљаноска, ќе изведат популарни арии од познати оперски дела од: Пучини, Маскањи, Чајковски, Гершвин и Бернштајн.

Во Кинотеката на Македонија, пак, ќе има проекција на две успешни македонски филмски остварувања на автори од помладата генерација, кои ја одбележаа македонската понова продукција, филмови кои имаат позитивен прием кај критиката и многубројни награди.

По повод Денот на независноста, во Кинотеката во 18 часот ќе се прикаже еден од најтрофејните македонски документарни филмови, „Медена земја“, во режија на Тамара Kотевска и Љубомир Стефанов. Во 20 часот ќе се прикаже филмот „Исцелител“, кој е прв дебитантски долгометражен филм на режисерот и сценарист Ѓорче Ставрески.

Театарот за деца и младинци, една од омилените институции во државава, кај Школката во Градскиот парк во Скопје, во рамки на програмата од 11 до 14 часот, за својата верна публика ќе ја изведе претставата „Гига Мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, дело на Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо),

На 8 септември без надомест ќе бидат отворени археолошките локалитети „Стоби“, „Херaклеја“, „Баргала“, Мегалитската опсерваторија „Кокино“, Меморијалниот центар АСНОМ-Пелинце, потоа „Куќата на Робевци“ во Охрид, црквата „Свети Спас“ во Скопје, Музејот на отворено во Тумба Маџари во Скопје, Музејот за тутун и „Участакот“ во Прилеп, Турската пошта и Галеријата на икони во црквата „Свети Петнаесет Тивериополски маченици“ во Струмица, Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево, Спомен-куќата на Мајка Тереза, Археолошкиот музеј – Скопје, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Природонаучниот музеј, Музејот на современата уметност, Националната галерија на Македонија: Даут-пашиниот амам и Чифте амам, како и Уметничката галерија во Тетово.

Низ државава, во рамките на програмата „Отворен ден за граѓаните“, вратите ќе бидат отворени и во музеите и во заводите во: Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, во музеите во Струга, Куманово, Гевгелија, во Историскиот музеј во Крушево, во Музејот на Тетовскиот крај, како и во Музејот на албанската азбука – Битола и Музејот на Западна Македонија во НОВ – Кичево.

Во овие национални установи посетителите ќе имаат можност да се запознаат со постојаните археолошки, етнолошки и историски поставки кои се наоѓаат во установите и кои претставуваат пресек на културниот и историскиот развој на овие региони.

 

The post Слободен влез во музеите, галериите и на локалитетите по повод 8 Септември appeared first on Република.

]]>

По повод 8 Септември, Денот на независноста на Македонија, под мотото „Гласник на слободата“, Министерството за култура се приклучува во централната прослава, организирана од Владата, со многубројни пригодни манифестации, изложба, концерти на млади уметници и на оперски арии, проекции на наградувани филмови од македонската понова продукција. Под насловот „Отворен ден за граѓаните“, ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии и археолошки локалитети. Во чест на Денот на независноста, 8 Септември, Музејот на македонската борба за самостојност подготвува посебна мултимедијална програма со слободен влез за сите посетители. Од 10 до 14 часот на повеќе локации во Музејот ќе бидат презентирани „Видеоприказни од музејската архива“, коишто, меѓу другото, вклучуваат музејски стории за седум исклучителни жени од македонската историја, меѓу кои и: Оливера Вера Јоциќ, Роса Плавева и Калипсо Налча; презентации на раритети од музејскитe збирки; автентични снимки од подготовките за Илинденското востание од 1900 година; Спомени од Првата светска војна, како и снимки од референдумот и прогласувањето на независноста во 1991 година. Во оваа национална установа, на 8 септември во 12 часот, гудачкиот квартет „Луј“ од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје (кој го сочинуваат младите музички уметници: Божана Гошева – прва виолина, Илија Јовчев – втора виолина, Никола Соколовски – кларинет, Александар Ицковски – виолончело) ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени дела од Равел, Дворжак, Пјацола и други. Посетителите ќе имаат можност да ја разгледаат и привремената изложба „Темелник на државноста“, посветена на клучните настани во формирањето на државата – Илинден 1903, Илинден 1944 и прогласувањето на независноста во 1991 година. Националната опера и балет се приклучува во прославата со концерт на познати оперски арии, кој на 8 септември во 20 часот ќе се одржи пред платото на институцијата. Оперските солисти од Националната опера и балет: Билјана Баевска (сопран), Нико Ѓоргиевски (тенор), Виктор Битовски (тенор), Надежда Рубен (сопран), Билјана Камчева (сопран) и Марија Наумовска (сопран), со пијано-придружба на Елена Сиљаноска, ќе изведат популарни арии од познати оперски дела од: Пучини, Маскањи, Чајковски, Гершвин и Бернштајн. Во Кинотеката на Македонија, пак, ќе има проекција на две успешни македонски филмски остварувања на автори од помладата генерација, кои ја одбележаа македонската понова продукција, филмови кои имаат позитивен прием кај критиката и многубројни награди. По повод Денот на независноста, во Кинотеката во 18 часот ќе се прикаже еден од најтрофејните македонски документарни филмови, „Медена земја“, во режија на Тамара Kотевска и Љубомир Стефанов. Во 20 часот ќе се прикаже филмот „Исцелител“, кој е прв дебитантски долгометражен филм на режисерот и сценарист Ѓорче Ставрески. Театарот за деца и младинци, една од омилените институции во државава, кај Школката во Градскиот парк во Скопје, во рамки на програмата од 11 до 14 часот, за својата верна публика ќе ја изведе претставата „Гига Мега бајка“, во режија на Хана Миленковска, дело на Горјан Милошевски (по мотиви од Ш. Перо), На 8 септември без надомест ќе бидат отворени археолошките локалитети „Стоби“, „Херaклеја“, „Баргала“, Мегалитската опсерваторија „Кокино“, Меморијалниот центар АСНОМ-Пелинце, потоа „Куќата на Робевци“ во Охрид, црквата „Свети Спас“ во Скопје, Музејот на отворено во Тумба Маџари во Скопје, Музејот за тутун и „Участакот“ во Прилеп, Турската пошта и Галеријата на икони во црквата „Свети Петнаесет Тивериополски маченици“ во Струмица, Спомен-куќата на Тодор Проески во Крушево, Спомен-куќата на Мајка Тереза, Археолошкиот музеј – Скопје, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Природонаучниот музеј, Музејот на современата уметност, Националната галерија на Македонија: Даут-пашиниот амам и Чифте амам, како и Уметничката галерија во Тетово. Низ државава, во рамките на програмата „Отворен ден за граѓаните“, вратите ќе бидат отворени и во музеите и во заводите во: Охрид, Битола, Прилеп, Струмица, Штип, во музеите во Струга, Куманово, Гевгелија, во Историскиот музеј во Крушево, во Музејот на Тетовскиот крај, како и во Музејот на албанската азбука – Битола и Музејот на Западна Македонија во НОВ – Кичево. Во овие национални установи посетителите ќе имаат можност да се запознаат со постојаните археолошки, етнолошки и историски поставки кои се наоѓаат во установите и кои претставуваат пресек на културниот и историскиот развој на овие региони.  

The post Слободен влез во музеите, галериите и на локалитетите по повод 8 Септември appeared first on Република.

]]>
Во вторник бесплатен влез во музеите и локалитетите во Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/vo-vtornik-besplaten-vlez-vo-muzeite-i-lokalitetite-vo-makedonija/ Sun, 16 Apr 2023 10:00:47 +0000 https://republika.mk/?p=631129

Во вторник, 18 април, во чест на Светскиот ден на културното наследство, бесплатен ќе биде влезот во сите музеи и локалитети низ државата, најави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Македонската култура и уметност-богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува. Дојдете, посетете и истражете на 18 април, вели министерката.

 

The post Во вторник бесплатен влез во музеите и локалитетите во Македонија appeared first on Република.

]]>

Во вторник, 18 април, во чест на Светскиот ден на културното наследство, бесплатен ќе биде влезот во сите музеи и локалитети низ државата, најави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Македонската култура и уметност-богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува. Дојдете, посетете и истражете на 18 април, вели министерката.
 

The post Во вторник бесплатен влез во музеите и локалитетите во Македонија appeared first on Република.

]]>
Бесплатен влез во Археолошкиот музеј секоја прва сабота во месецот https://republika.mk/vesti/kultura/besplaten-vlez-vo-arheoloshkiot-muzej-sekoja-prva-sabota-vo-mesecot/ Wed, 02 Nov 2022 10:36:56 +0000 https://republika.mk/?p=568708

Секоја прва сабота во месецот ќе биде бесплатен влезот во Археолошкиот музеј на Македонија, соопштија од националната установа, во интерес на посетителите и со желба за поголема посетеност.

Од први ноември годинава до први април 2023 година секој прв ден во месецот ќе биде бесплатен влезот во четири музеи и галерии во Охрид, објави Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.

Во интерес на домашната публика и желбата за поголема посетеност на музеите и галериите влезот ќе биде бесплатен секој прв ден во месецот, почнувајќи од 1 (први) ноември 2022 год. заклучно со 1(први) април 2023 год, се вели во објавата на Заводот.

Објекти за посета се: Музеј Куќата на Робевци, Самуилова тврдина, Музеј на вода – Градиште и Галерија на икони.

 

The post Бесплатен влез во Археолошкиот музеј секоја прва сабота во месецот appeared first on Република.

]]>

Секоја прва сабота во месецот ќе биде бесплатен влезот во Археолошкиот музеј на Македонија, соопштија од националната установа, во интерес на посетителите и со желба за поголема посетеност. Од први ноември годинава до први април 2023 година секој прв ден во месецот ќе биде бесплатен влезот во четири музеи и галерии во Охрид, објави Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.
Во интерес на домашната публика и желбата за поголема посетеност на музеите и галериите влезот ќе биде бесплатен секој прв ден во месецот, почнувајќи од 1 (први) ноември 2022 год. заклучно со 1(први) април 2023 год, се вели во објавата на Заводот.
Објекти за посета се: Музеј Куќата на Робевци, Самуилова тврдина, Музеј на вода – Градиште и Галерија на икони.  

The post Бесплатен влез во Археолошкиот музеј секоја прва сабота во месецот appeared first on Република.

]]>
Бесплатен влез во четири музеи и галерии во Охрид секој прв ден во месецот од први ноември до први април 2023 година https://republika.mk/vesti/kultura/besplaten-vlez-vo-chetiri-muzei-i-galerii-vo-ohrid-sekoj-prv-den-vo-mesecot-od-prvi-noemvri-do-prvi-april-2023-godina/ Mon, 31 Oct 2022 10:20:32 +0000 https://republika.mk/?p=567708

Од први ноември годинава до први април 2023 година секој прв ден во месецот ќе биде бесплатен влезот во четири музеи и галерии во Охрид, објави Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид.

Во интерес на домашната публика и желбата за поголема посетеност на музеите и галериите влезот ќе биде бесплатен секој прв ден во месецот, почнувајќи од 1 (први) ноември 2022 год. заклучно со 1(први) април 2023 год, се вели во објавата на Заводот.

Објекти за посета се: Музеј Куќата на Робевци, Самуилова тврдина, Музеј на вода - Градиште и Галерија на икони.

 

The post Бесплатен влез во четири музеи и галерии во Охрид секој прв ден во месецот од први ноември до први април 2023 година appeared first on Република.

]]>

Од први ноември годинава до први април 2023 година секој прв ден во месецот ќе биде бесплатен влезот во четири музеи и галерии во Охрид, објави Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј - Охрид.
Во интерес на домашната публика и желбата за поголема посетеност на музеите и галериите влезот ќе биде бесплатен секој прв ден во месецот, почнувајќи од 1 (први) ноември 2022 год. заклучно со 1(први) април 2023 год, се вели во објавата на Заводот.
Објекти за посета се: Музеј Куќата на Робевци, Самуилова тврдина, Музеј на вода - Градиште и Галерија на икони.  

The post Бесплатен влез во четири музеи и галерии во Охрид секој прв ден во месецот од први ноември до први април 2023 година appeared first on Република.

]]>
Бесплатен влез утре во МСУ по повод 11 Октомври https://republika.mk/vesti/kultura/besplaten-vlez-utre-vo-msu-po-povod-11-oktomvri/ Mon, 10 Oct 2022 07:59:02 +0000 https://republika.mk/?p=559317

Утре, по повод 11 октомври - Денот на народното востание, Музејот на современата уметност – Скопје ќе ги отвори вратите за сите посетители. Влезот за сите посетители ќе биде бесплатен.

Нашиот кустос Бојана Јанева ќе направи прошетка и музејска тура од 13 до 14 часот за сите посетители низ актуелните изложби, најавија од МСУ.

The post Бесплатен влез утре во МСУ по повод 11 Октомври appeared first on Република.

]]>

Утре, по повод 11 октомври - Денот на народното востание, Музејот на современата уметност – Скопје ќе ги отвори вратите за сите посетители. Влезот за сите посетители ќе биде бесплатен.
Нашиот кустос Бојана Јанева ќе направи прошетка и музејска тура од 13 до 14 часот за сите посетители низ актуелните изложби, најавија од МСУ.

The post Бесплатен влез утре во МСУ по повод 11 Октомври appeared first on Република.

]]>
Бесплатен влез во културни установи, музеи и галерии по повод 8 Септември https://republika.mk/vesti/kultura/besplaten-vlez-vo-kulturni-ustanovi-muzei-i-galerii-po-povod-8-septemvri/ Thu, 08 Sep 2022 07:03:04 +0000 https://republika.mk/?p=548533

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, под мотото „Обединети во слободата“, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните од 11 часот ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии.

Во текот на денов ќе бидат отворени археолошките локалитети Стоби и Херaклеја, потоа Музејот во Охрид и Куќата на Робевци, Археолошкиот музеј – Скопје, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Природонаучниот музеј, Музејот на современата уметност , Даут-пашиниот амам и Чифте амам.

Низ државава, на Отворениот ден на музеите по повод празникот, вратите ќе бидат отворени од 9 до 17 часот и во музеите и заводите во: Прилеп, Струмица, Куманово, Гевгелија, Штип, Крушево; во Уметничката галерија во Тетово и во Музејот на Тетовскиот крај, како и во Музејот на албанската азбука – Битола и Музејот на Западна Македонија во НОВ – Кичево.

Театарот за деца и младинци, за својата верна публика, на Денот на независноста кај Школката во Градскиот парк во Скопје ќе ја изведе куклената претстава „Лакомата меца“. Режијата е на Дарин Петков, а играат Владимир Лазовски, Катарина Илиевска-Силјановска и Ана Левајковиќ-Бошков.

The post Бесплатен влез во културни установи, музеи и галерии по повод 8 Септември appeared first on Република.

]]>

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, под мотото „Обединети во слободата“, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните од 11 часот ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии. Во текот на денов ќе бидат отворени археолошките локалитети Стоби и Херaклеја, потоа Музејот во Охрид и Куќата на Робевци, Археолошкиот музеј – Скопје, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Природонаучниот музеј, Музејот на современата уметност , Даут-пашиниот амам и Чифте амам. Низ државава, на Отворениот ден на музеите по повод празникот, вратите ќе бидат отворени од 9 до 17 часот и во музеите и заводите во: Прилеп, Струмица, Куманово, Гевгелија, Штип, Крушево; во Уметничката галерија во Тетово и во Музејот на Тетовскиот крај, како и во Музејот на албанската азбука – Битола и Музејот на Западна Македонија во НОВ – Кичево. Театарот за деца и младинци, за својата верна публика, на Денот на независноста кај Школката во Градскиот парк во Скопје ќе ја изведе куклената претстава „Лакомата меца“. Режијата е на Дарин Петков, а играат Владимир Лазовски, Катарина Илиевска-Силјановска и Ана Левајковиќ-Бошков.

The post Бесплатен влез во културни установи, музеи и галерии по повод 8 Септември appeared first on Република.

]]>
Влезот во музеите и културните установи на 8 Септември ќе биде бесплатен https://republika.mk/vesti/kultura/vlezot-vo-muzeite-i-kulturnite-ustanovi-na-8-septemvri-kje-bide-besplaten/ Wed, 07 Sep 2022 08:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=548185

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, под мотото „Обединети во слободата“, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните од 11 часот ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат отворени археолошките локалитети Стоби и Херaклеја, потоа Музејот во Охрид и Куќата на Робевци, Археолошкиот музеј – Скопје, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Природонаучниот музеј, Музејот на современата уметност , Даут-пашиниот амам и Чифте амам.

Низ државава, на Отворениот ден на музеите по повод празникот, вратите ќе бидат отворени од 9 до 17 часот и во музеите и заводите во: Прилеп, Струмица, Куманово, Гевгелија, Штип, Крушево; во Уметничката галерија во Тетово и во Музејот на Тетовскиот крај, како и во Музејот на албанската азбука – Битола и Музејот на Западна Македонија во НОВ – Кичево.

Театарот за деца и младинци, една од омилените институции во државава за својата верна публика, на Денот на независноста, 8 Септември, кај Школката во Градскиот парк во Скопје ќе ја изведе куклената претстава „Лакомата меца“. Претставата, која е лесно приспособлива за отворен простор, е една од оние што поради својата интерактивност со детската публика е долги години на репертоарот на Театарот. Режијата е на Дарин Петков, а играат: Владимир Лазовски, Катарина Илиевска-Силјановска и Ана Левајковиќ-Бошков.

 

The post Влезот во музеите и културните установи на 8 Септември ќе биде бесплатен appeared first on Република.

]]>

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, под мотото „Обединети во слободата“, во организација на Владата, покрај многубројните пригодни манифестации, за граѓаните од 11 часот ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии. Во текот на утрешниот ден ќе бидат отворени археолошките локалитети Стоби и Херaклеја, потоа Музејот во Охрид и Куќата на Робевци, Археолошкиот музеј – Скопје, Музејот на македонската борба за самостојност, Музејот на Македонија, Природонаучниот музеј, Музејот на современата уметност , Даут-пашиниот амам и Чифте амам. Низ државава, на Отворениот ден на музеите по повод празникот, вратите ќе бидат отворени од 9 до 17 часот и во музеите и заводите во: Прилеп, Струмица, Куманово, Гевгелија, Штип, Крушево; во Уметничката галерија во Тетово и во Музејот на Тетовскиот крај, како и во Музејот на албанската азбука – Битола и Музејот на Западна Македонија во НОВ – Кичево. Театарот за деца и младинци, една од омилените институции во државава за својата верна публика, на Денот на независноста, 8 Септември, кај Школката во Градскиот парк во Скопје ќе ја изведе куклената претстава „Лакомата меца“. Претставата, која е лесно приспособлива за отворен простор, е една од оние што поради својата интерактивност со детската публика е долги години на репертоарот на Театарот. Режијата е на Дарин Петков, а играат: Владимир Лазовски, Катарина Илиевска-Силјановска и Ана Левајковиќ-Бошков.  

The post Влезот во музеите и културните установи на 8 Септември ќе биде бесплатен appeared first on Република.

]]>