Бесиан Ахмети Archives - Република https://republika.mk/tema/besian-ahmeti/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Jul 2024 20:25:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бесиан Ахмети Archives - Република https://republika.mk/tema/besian-ahmeti/ 32 32 Разрешен првиот секретар на Амбасадата во Брисел: Осомничениот внук на Ахмети се враќа дома https://republika.mk/vesti/makedonija/razreshen-prviot-sekretar-na-ambasadata-vo-brisel-osomnicheniot-vnuk-na-ahmeti-se-vraka-doma/ Fri, 26 Jul 2024 20:01:22 +0000 https://republika.mk/?p=800629

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го разреши Бесиjан Ахмети од позицијата прв секретар во македонската амбасад во Брисел. Бесиjан Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и осомничен за случајот со злоупотреба на концесија за минерални суровини, од 1 септември годинава треба да ја напушти позицијата во Брисел, две години пред истекот на договорот, објави МКД.мк.

https://republika.mk/vesti/makedonija/so-godini-firmite-na-drin-i-besijan-vnutsi-na-ali-ahmeti-vrtele-milioni-so-pomosh-na-drzhavni-organi/

Внукот на Ахмети е вработен во Министерството за економија и труд со решение на МНР од 26 април 2023 година кога е упатен на работа во амбасадата на Македонија во Брисел со надлежност на земјите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург) на работно место прв секретар за период од 3 години, сметано од 1 мај 2023 година.

Но, министерот Муцунски донесе решение со кое на Бесиjан Ахмети мандатот му завршува на 31 август 2024 година.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-besian-ahmeti-preku-ministerstvo-za-ekonomija-mozhel-da-vlijae-vrz-konkurentsijata-na-negoviot-brat-drin/

Решението е донесено вчера, а против него жалба до Агенцијата за администрација може да се поднесе во рок од 8 дена.

Бесиjан Ахмети е внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и брат на Дрин Ахмети, а двајцата се осомничени од МВР за злоупотреба на концесија за минерални суровини бидејќи полицијата откри дека не ја плаќале концесијата.

Штетата од злоупотребата е над 1,6 милиони денари, односно околу 27 илјади евра.

Покрај внуците на Али Ахмети, осомничени се уште 7 државни службеници од Министерството за економија и од Државниот инспекторат за техничка инспекција затоа што не вршеле надзор и овозможиле да не се исплатат парите на државата.

The post Разрешен првиот секретар на Амбасадата во Брисел: Осомничениот внук на Ахмети се враќа дома appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го разреши Бесиjан Ахмети од позицијата прв секретар во македонската амбасад во Брисел. Бесиjан Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и осомничен за случајот со злоупотреба на концесија за минерални суровини, од 1 септември годинава треба да ја напушти позицијата во Брисел, две години пред истекот на договорот, објави МКД.мк. https://republika.mk/vesti/makedonija/so-godini-firmite-na-drin-i-besijan-vnutsi-na-ali-ahmeti-vrtele-milioni-so-pomosh-na-drzhavni-organi/ Внукот на Ахмети е вработен во Министерството за економија и труд со решение на МНР од 26 април 2023 година кога е упатен на работа во амбасадата на Македонија во Брисел со надлежност на земјите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург) на работно место прв секретар за период од 3 години, сметано од 1 мај 2023 година. Но, министерот Муцунски донесе решение со кое на Бесиjан Ахмети мандатот му завршува на 31 август 2024 година. https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-besian-ahmeti-preku-ministerstvo-za-ekonomija-mozhel-da-vlijae-vrz-konkurentsijata-na-negoviot-brat-drin/ Решението е донесено вчера, а против него жалба до Агенцијата за администрација може да се поднесе во рок од 8 дена. Бесиjан Ахмети е внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и брат на Дрин Ахмети, а двајцата се осомничени од МВР за злоупотреба на концесија за минерални суровини бидејќи полицијата откри дека не ја плаќале концесијата. Штетата од злоупотребата е над 1,6 милиони денари, односно околу 27 илјади евра. Покрај внуците на Али Ахмети, осомничени се уште 7 државни службеници од Министерството за економија и од Државниот инспекторат за техничка инспекција затоа што не вршеле надзор и овозможиле да не се исплатат парите на државата.

The post Разрешен првиот секретар на Амбасадата во Брисел: Осомничениот внук на Ахмети се враќа дома appeared first on Република.

]]>
Како Бесиан Ахмети преку Министерство за економија можел да влијае врз конкуренцијата на неговиот брат Дрин https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-besian-ahmeti-preku-ministerstvo-za-ekonomija-mozhel-da-vlijae-vrz-konkurentsijata-na-negoviot-brat-drin/ Thu, 29 Jun 2023 10:46:49 +0000 https://republika.mk/?p=656378

Бесиан Ахмети, вториот внук на Али Ахмети, кој сега е именуван за Прв секретар на амбасадата во Брисел, е сопственик од 2007 до 2017 на Еверест ЏД, заедно со брат му Дрин, oткри на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој додаде и дека Еверест ЏД има концесија за експлоатација на варовник доделен од владата на СДСМ и ДУИ во 2006 година.

Бесиан Ахмети излегува од сопственичката структура на Еверест ЏД, која има концесија над рудник за варовник, и се вработува на работно место помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесија за минерали во Министерството за економија. Бесиан Ахмети, сега од позиција на службеник во извесен период бил поставен за мониторинг врз договорите за концесии на минерали, бизнис со кој се занимава неговата фирма, која останала во единствено сопствеништво на неговиот брат Дрин Ахмети. Бесиан Ахмети како службеник задолжен за мониторинг над концесиите за минерали, можел да влијае врз конкуренцијата на неговиот брат Дрин Ахмети, за Еверест ЏД, во која и самиот бил содружник. Али Ахмети го гради кланот Ахмети, додека тој е пратеник и лидер на ДУИ, членови на неговото најблиско семејство влегуваат во мултимилионски бизниси и одлучуваат во институциите за судбината на други бизниси, кои можат да им бидат конкуренција. Одговорност ќе има. Иако сега таткото на Бесиан и Дрин Ахмети стои на главата на Ислам Абази, наскоро ќе дојде време кога секој од нив ќе треба да одговори што правел, рече Ковачки.

The post Како Бесиан Ахмети преку Министерство за економија можел да влијае врз конкуренцијата на неговиот брат Дрин appeared first on Република.

Ахмети го згрижил и другиот внук: Братот на Дрин е прв секретар во амбасадата во Брисел https://republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-go-zgrizhil-i-drugiot-vnuk-bratot-na-drin-e-prv-sekretar-vo-ambasadata-vo-brisel/ Mon, 26 Jun 2023 10:02:55 +0000 https://republika.mk/?p=655240

Кланот Ахмети, покрај во бизнисот се шири и во дипломатијата. Вториот внук на Али Ахмети и брат на Дрин Ахмети, Бесиан Ахмети пред само три месеци е именуван за Прв секретар во македонската амбасада во Брисел,обвини Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Младиот Ахмети, покрај тоа што станува Прв секретар во амбасадата во Брисел, додека Али Ахмети е пратеник и лидер на ДУИ, тоа го прави со само 10 месеци стаж.

Имено Бесиан Ахмети на 16.05.2022 година е вработен во Министерството за економија, на работна позиција Помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесија за минерали, за 10 месеци подоцна на 16.03.2023 година да биде именуван за Прв секретар во амбасадата во Брисел.

Бесиам Ахмети е преземен по пат на интерен оглас, на кој се пријавил, и работното место од економија го заменил со тоа во МНР.

https://www.youtube.com/watch?v=LvDHQq-0HTc&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Иако упатувањето во ДКП на Македонија во странство се врши врз основа на спогодба меѓу МНР и соодветната институција, сепак Дипломатското звање го дава МНР, согласно член 78 во врска со чл 95 од Законот за надворешни работи, во случајов на помлад соработник одговара дипломатското звање “Аташе”, додека на советник и раководител на одделение одговара дипломатското звање “Прв секретар”.

ДКСК има основа за постапување за утврдување на партиско влијание и непотизам, како и за незаконско постапување од МНР Бујар Османи во именувањето на Бесиан Ахмети за Прв секретар во ДКП во Брисел по само 10 месеци поминат стаж во Економија како помлад соработник, на што одговара дипломатското звање “Аташе”, односно за унапредување 3 скалила одеднаш.

Како Османи го назначил младиот Ахмети за Прв секретар на амбасадата во Брисел без истиот да ги исполнува потребните услови?

Покрај ДКСК, очекуваме одговори од Османи, но и од Ковачевски, за кого се надеваме нема да молчи како за Мерко и за првиот внук на Ахмети.

The post Ахмети го згрижил и другиот внук: Братот на Дрин е прв секретар во амбасадата во Брисел appeared first on Република.

]]>

Кланот Ахмети, покрај во бизнисот се шири и во дипломатијата. Вториот внук на Али Ахмети и брат на Дрин Ахмети, Бесиан Ахмети пред само три месеци е именуван за Прв секретар во македонската амбасада во Брисел,обвини Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.  
Младиот Ахмети, покрај тоа што станува Прв секретар во амбасадата во Брисел, додека Али Ахмети е пратеник и лидер на ДУИ, тоа го прави со само 10 месеци стаж.
Имено Бесиан Ахмети на 16.05.2022 година е вработен во Министерството за економија, на работна позиција Помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесија за минерали, за 10 месеци подоцна на 16.03.2023 година да биде именуван за Прв секретар во амбасадата во Брисел. Бесиам Ахмети е преземен по пат на интерен оглас, на кој се пријавил, и работното место од економија го заменил со тоа во МНР. https://www.youtube.com/watch?v=LvDHQq-0HTc&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
Иако упатувањето во ДКП на Македонија во странство се врши врз основа на спогодба меѓу МНР и соодветната институција, сепак Дипломатското звање го дава МНР, согласно член 78 во врска со чл 95 од Законот за надворешни работи, во случајов на помлад соработник одговара дипломатското звање “Аташе”, додека на советник и раководител на одделение одговара дипломатското звање “Прв секретар”.
ДКСК има основа за постапување за утврдување на партиско влијание и непотизам, како и за незаконско постапување од МНР Бујар Османи во именувањето на Бесиан Ахмети за Прв секретар во ДКП во Брисел по само 10 месеци поминат стаж во Економија како помлад соработник, на што одговара дипломатското звање “Аташе”, односно за унапредување 3 скалила одеднаш. Како Османи го назначил младиот Ахмети за Прв секретар на амбасадата во Брисел без истиот да ги исполнува потребните услови? Покрај ДКСК, очекуваме одговори од Османи, но и од Ковачевски, за кого се надеваме нема да молчи како за Мерко и за првиот внук на Ахмети.

The post Ахмети го згрижил и другиот внук: Братот на Дрин е прв секретар во амбасадата во Брисел appeared first on Република.

]]>