беса транс Archives - Република https://republika.mk/tema/besa-trans/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Mar 2024 13:30:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png беса транс Archives - Република https://republika.mk/tema/besa-trans/ 32 32 Божиновски: Судот повторно ги yби жртвите… https://republika.mk/vesti/makedonija/bozhinovski-sudot-povtorno-gi-ybi-zhrtvite/ Thu, 07 Mar 2024 10:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=752194

„20 месеци затвор за сопственикот на Беса транс”

45 животи вредат колку 20 месеци? 45 семејства засекогаш завиени во црно, деца без родители, родители без деца, старци со изгубени цели поколенија во несреќата вредат 20 месеци? 12 деца прекинати го сон, кога земаат полет за животот, уште нерасцветани скинати ради алчност вредат 20 месеци само? Еден прекинат живот судот го цени на 14 дена? Две недели за секој yбиен во таа трагедија?
Судот повторно ги yби жртвите…, коментира Божидар Божиновски за пресудата.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/odbranata-na-besa-trans-smeta-deka-kaznata-e-previsoka/

The post Божиновски: Судот повторно ги yби жртвите… appeared first on Република.

]]>

„20 месеци затвор за сопственикот на Беса транс” 45 животи вредат колку 20 месеци? 45 семејства засекогаш завиени во црно, деца без родители, родители без деца, старци со изгубени цели поколенија во несреќата вредат 20 месеци? 12 деца прекинати го сон, кога земаат полет за животот, уште нерасцветани скинати ради алчност вредат 20 месеци само? Еден прекинат живот судот го цени на 14 дена? Две недели за секој yбиен во таа трагедија? Судот повторно ги yби жртвите…, коментира Божидар Божиновски за пресудата.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/odbranata-na-besa-trans-smeta-deka-kaznata-e-previsoka/

The post Божиновски: Судот повторно ги yби жртвите… appeared first on Република.

]]>
Одбраната на „Беса транс“ смета дека казната е превисока https://republika.mk/vesti/crna-hronika/odbranata-na-besa-trans-smeta-deka-kaznata-e-previsoka/ Thu, 07 Mar 2024 10:33:41 +0000 https://republika.mk/?p=752176

Одбраната ќе го искористи своето право на жалба на пресудата за случајот „Беса транс“ според која сопственикот на правното лице доби казна затвор од една година и осум месеци, изјави бранителот на обвинетиот Беким Хаџиу, Асмир Алиспахиќ.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/godina-i-osum-mesetsi-zatvor-za-sopstvenikot-na-besa-trans-samo-megunarodna-zabrana-za-vozene-na-prevoznikot/

Во изјава за медиуми по денешната пресуда за случајот, во кој освен сопственикот, обвинето беше и правното лице „Беса транс“, на кое му беше изречена парична казна од 800 000 илјади денари и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз, адвокатот Алиспахиќ наведе дека смета дека казната е превисоко одмерена.

Ако направиме една компарација во делот на другите изречени судски одлуки и судски пресуди од ваков вид, иако е казната предвидена од една до пет години како казна затвор, сметам дека во конкретнава ситуација е превисоко одмерена, не само во делот на постоење на кривично дело, рече тој.

Дополни дека теоријата на одбраната ќе биде презентирана и пред повисоките судови.

Според одбраната во конкретниот кривично правен предмет, не само што не може да опстане ова кривично дело, туку не требаше ниту обвинетиот, Беким Хаџиу, и правното лице да бидат обвинети. Но, секако, се водеше постапката. Непрвосилна е преусдата. Страните имаат право на жалба и ќе ги очекуваме одлуките од нив, рече тој.

Според адвокатот Асмир Алиспахиќ, за да се исполни битието на кривичното длео „фалсификување на исправа“, овен доказен материјал, потребен е и вешт наод.

Во мојот завршен збор тоа го анализирав и од теоретски, и од компаративна судска пракса, каде што основниот елемент за ова кривично дело е постоење на изработена лажна исправа и употребена како вистинска. Во конкретнава ситуација ниту е изработена, ниту е употребена, а ниту постои. Така што, јас сум убеден, како правник и како адвокат на Хаџиу, дека оваа пресуда не може да опстане онака како што е изречена во конкретнава ситуација, посочи тој.

Обвинителот Владимир Милошевски посочи дека ќе чекаат да биде изготвена писмената одлука на Судот, за да видат што би преземале понатаму,

Повеќе не би сакал да ја коментирам одлуката на Судот, единствено тоа што судот го прифати во целост обвинението онакво какво што беше и ги огласи виновни обвинетиот и обвинетото правно лице, рече тој.

Неговите аргументи беа дека Министерството за транспорт и врски воопшто не издало извод од лиценца за конкретниот автобус, ниту било поднесено барање, ниту била издадена.

Тоа значи дека автобусот како што е напишано во обвинението, како што и Судот денеска при објава на пресудата кажа, покажувал пред надворешните управни органи извод од лиценца, а таков, за тој автобус, воопшто не бил издаден од надлежниот орган, рече обвинителот.

И адвокатот Алиспахиќ и обвинителот Милошевски, потсетија дека овој процес не се однесува на автобуската несреќа што се случи со конкретнитот автобус во Бугарија.

Судијата Ивица Стефановски, кој денеска ја објави пресудата во Основен Кривичен суд Скопје, наведе дека обвинетите Беким Хаџиу и правното лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ се виновни затоа што обвинетиот, како управител на правно лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ во повеќе наврати употребил како вистинска лажна јавна исправа, извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, која што воопшто не била издадена од страна на Министерство за транспорт и врски за тој автобус.

Во ноември 2021 година на автопатот „Струма“, во Бугарија во автобуска несреќа на автобус на туристичката агенција „Беса транс“ загинаа 45 лица.

За несреќата истрага се водеше во Бугарија. Истрагата е завршена, а според истражните органи во Бугарија главна причина е човечка грешка.

Автобусот најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил. Согласно вештачењето, возачот во моментот на ударот возел со 108 километри на час, на место каде максимална дозволена брзина била 90 километри на час. Како што се наведува во анализите на инспекторите, пламените јазици автобусот го зафатиле за неколку минути.

По несреќата, македонските истражни органи отворија истрага, но само за работењето на правното лице „Беса транс“.

The post Одбраната на „Беса транс“ смета дека казната е превисока appeared first on Република.

]]>

Одбраната ќе го искористи своето право на жалба на пресудата за случајот „Беса транс“ според која сопственикот на правното лице доби казна затвор од една година и осум месеци, изјави бранителот на обвинетиот Беким Хаџиу, Асмир Алиспахиќ. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/godina-i-osum-mesetsi-zatvor-za-sopstvenikot-na-besa-trans-samo-megunarodna-zabrana-za-vozene-na-prevoznikot/ Во изјава за медиуми по денешната пресуда за случајот, во кој освен сопственикот, обвинето беше и правното лице „Беса транс“, на кое му беше изречена парична казна од 800 000 илјади денари и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз, адвокатот Алиспахиќ наведе дека смета дека казната е превисоко одмерена.
Ако направиме една компарација во делот на другите изречени судски одлуки и судски пресуди од ваков вид, иако е казната предвидена од една до пет години како казна затвор, сметам дека во конкретнава ситуација е превисоко одмерена, не само во делот на постоење на кривично дело, рече тој.
Дополни дека теоријата на одбраната ќе биде презентирана и пред повисоките судови.
Според одбраната во конкретниот кривично правен предмет, не само што не може да опстане ова кривично дело, туку не требаше ниту обвинетиот, Беким Хаџиу, и правното лице да бидат обвинети. Но, секако, се водеше постапката. Непрвосилна е преусдата. Страните имаат право на жалба и ќе ги очекуваме одлуките од нив, рече тој.
Според адвокатот Асмир Алиспахиќ, за да се исполни битието на кривичното длео „фалсификување на исправа“, овен доказен материјал, потребен е и вешт наод.
Во мојот завршен збор тоа го анализирав и од теоретски, и од компаративна судска пракса, каде што основниот елемент за ова кривично дело е постоење на изработена лажна исправа и употребена како вистинска. Во конкретнава ситуација ниту е изработена, ниту е употребена, а ниту постои. Така што, јас сум убеден, како правник и како адвокат на Хаџиу, дека оваа пресуда не може да опстане онака како што е изречена во конкретнава ситуација, посочи тој.
Обвинителот Владимир Милошевски посочи дека ќе чекаат да биде изготвена писмената одлука на Судот, за да видат што би преземале понатаму,
Повеќе не би сакал да ја коментирам одлуката на Судот, единствено тоа што судот го прифати во целост обвинението онакво какво што беше и ги огласи виновни обвинетиот и обвинетото правно лице, рече тој.
Неговите аргументи беа дека Министерството за транспорт и врски воопшто не издало извод од лиценца за конкретниот автобус, ниту било поднесено барање, ниту била издадена.
Тоа значи дека автобусот како што е напишано во обвинението, како што и Судот денеска при објава на пресудата кажа, покажувал пред надворешните управни органи извод од лиценца, а таков, за тој автобус, воопшто не бил издаден од надлежниот орган, рече обвинителот.
И адвокатот Алиспахиќ и обвинителот Милошевски, потсетија дека овој процес не се однесува на автобуската несреќа што се случи со конкретнитот автобус во Бугарија. Судијата Ивица Стефановски, кој денеска ја објави пресудата во Основен Кривичен суд Скопје, наведе дека обвинетите Беким Хаџиу и правното лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ се виновни затоа што обвинетиот, како управител на правно лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ во повеќе наврати употребил како вистинска лажна јавна исправа, извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, која што воопшто не била издадена од страна на Министерство за транспорт и врски за тој автобус. Во ноември 2021 година на автопатот „Струма“, во Бугарија во автобуска несреќа на автобус на туристичката агенција „Беса транс“ загинаа 45 лица. За несреќата истрага се водеше во Бугарија. Истрагата е завршена, а според истражните органи во Бугарија главна причина е човечка грешка. Автобусот најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил. Согласно вештачењето, возачот во моментот на ударот возел со 108 километри на час, на место каде максимална дозволена брзина била 90 километри на час. Како што се наведува во анализите на инспекторите, пламените јазици автобусот го зафатиле за неколку минути. По несреќата, македонските истражни органи отворија истрага, но само за работењето на правното лице „Беса транс“.

The post Одбраната на „Беса транс“ смета дека казната е превисока appeared first on Република.

]]>
Година и осум месеци затвор за сопственикот на „Беса транс“, само меѓународна забрана за возење на превозникот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/godina-i-osum-mesetsi-zatvor-za-sopstvenikot-na-besa-trans-samo-megunarodna-zabrana-za-vozene-na-prevoznikot/ Thu, 07 Mar 2024 09:07:32 +0000 https://republika.mk/?p=752123

Една година и осум месеци казна затвор за сопственикот на „Беса Транс“, Беким Хаџиу, и парична казна од 800 000 денари, како и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз на правното лице е епилогот од судењето за случајот што се однесуваше на продолжено кривично дело „фалсификување на исправа“.

Судијата Ивица Стефановски, кој денеска ја објави пресудата во Основен Кривичен суд Скопје, наведе дека обвинетите Беким Хаџиу и правното лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ се виновни затоа што обвинетиот, како управител на правно лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ во повеќе наврати употребил како вистинска лажна јавна исправа, извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, која што воопшто не била издадена од страна на Министерство за транспорт и врски за тој автобус.

Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа - Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителот Владимир Милошевски.

The post Година и осум месеци затвор за сопственикот на „Беса транс“, само меѓународна забрана за возење на превозникот appeared first on Република.

]]>

Една година и осум месеци казна затвор за сопственикот на „Беса Транс“, Беким Хаџиу, и парична казна од 800 000 денари, како и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен превоз на правното лице е епилогот од судењето за случајот што се однесуваше на продолжено кривично дело „фалсификување на исправа“. Судијата Ивица Стефановски, кој денеска ја објави пресудата во Основен Кривичен суд Скопје, наведе дека обвинетите Беким Хаџиу и правното лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ се виновни затоа што обвинетиот, како управител на правно лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ во повеќе наврати употребил како вистинска лажна јавна исправа, извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај, која што воопшто не била издадена од страна на Министерство за транспорт и врски за тој автобус. Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ ДООЕЛ Скопје“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа - Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Процесот го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителот Владимир Милошевски.

The post Година и осум месеци затвор за сопственикот на „Беса транс“, само меѓународна забрана за возење на превозникот appeared first on Република.

]]>
Две години по страотната несреќа во Бугарија нема судска разрешница против управителот на „Беса транс“ за фалсификување лиценци https://republika.mk/vesti/makedonija/dve-godini-po-straotnata-nesreka-vo-bugarija-nema-sudska-razreshnitsa-protiv-upravitelot-na-besa-trans-za-falsifikuvane-litsentsi/ Thu, 23 Nov 2023 09:27:44 +0000 https://republika.mk/?p=715429

Се навршуваат две години од автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 лица, меѓу кои и жени и деца од Македонија. Автобус на „Беса Транс“ утрото во 3 часот најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил. Се спасиле само седум лица. Меѓу загинатите биле 12 деца.

На местото на несреќата веднаш се упати и македонска делегација. Тогашниот премиер Зоран Заев ги посети повредени во болницата Пирогов во Софија. До денеска истрагата е завршена, а според истражните органи во Бугарија, главна причина е човечка грешка.

Според вештачењето, возачот во моментот на судирот возел со 108 километри на час, со дозволена брзина од 90 километри на час.

„Времето во кое ја виде заштитната ограда и се обиде да реагира беше само 1,8 секунди, што беше недоволно и не можеше да реагира поради оваа голема брзина“, изјави портпаролот на Националната истражна служба (НСЛС) Маријан Маринов.

Според инспекторите, автобусот се запалил за неколку минути.

Во Македонија веќе почна судски процес против управителот на „Беса транс“ за фалсификување лиценци. Само за една година, со лажна јавна исправа, автобус на „Беса транс“ 20 пати ја преминал државната граница.

The post Две години по страотната несреќа во Бугарија нема судска разрешница против управителот на „Беса транс“ за фалсификување лиценци appeared first on Република.

]]>

Се навршуваат две години од автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 лица, меѓу кои и жени и деца од Македонија. Автобус на „Беса Транс“ утрото во 3 часот најпрво удрил во банкина, а потоа се запалил. Се спасиле само седум лица. Меѓу загинатите биле 12 деца. На местото на несреќата веднаш се упати и македонска делегација. Тогашниот премиер Зоран Заев ги посети повредени во болницата Пирогов во Софија. До денеска истрагата е завршена, а според истражните органи во Бугарија, главна причина е човечка грешка. Според вештачењето, возачот во моментот на судирот возел со 108 километри на час, со дозволена брзина од 90 километри на час. „Времето во кое ја виде заштитната ограда и се обиде да реагира беше само 1,8 секунди, што беше недоволно и не можеше да реагира поради оваа голема брзина“, изјави портпаролот на Националната истражна служба (НСЛС) Маријан Маринов. Според инспекторите, автобусот се запалил за неколку минути. Во Македонија веќе почна судски процес против управителот на „Беса транс“ за фалсификување лиценци. Само за една година, со лажна јавна исправа, автобус на „Беса транс“ 20 пати ја преминал државната граница.

The post Две години по страотната несреќа во Бугарија нема судска разрешница против управителот на „Беса транс“ за фалсификување лиценци appeared first on Република.

]]>
Се чека вештачењето од Бугарија за автобуската несреќа на „Беса Транс“ https://republika.mk/vesti/makedonija/se-cheka-veshtacheneto-od-bugarija-za-avtobuskata-nesreka-na-besa-trans/ Sat, 08 Apr 2023 07:40:31 +0000 https://republika.mk/?p=628552

Државниот обвинител Љубомир Јовески синоќа соопшти дека предметот за трагедијата во Бугарија кога изгоре автобусот на „Беса транс“ и имаше 40 жртви, е пред конечна одлука на Обвинителството.

Според Јовески, сите дејства се привршени, единствено се чека вештачење во делот на сообраќајната незгода од бугарските надлежни органи по што ќе има одлука. Државниот обвинител не кажа за кого се води предистрагата и дали можеби таа се однесува и на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Мислам дека овој предмет е пред конечна одлука на Обвинителството. Сите дејства се привршени, единствено се чека само известување, вештачење во делот на сообраќајната незгода од бугарските надлежни органи и ќе има одлука. Не прејудицирам никаква одлука, одлуката ќе ја донесе јавниот обвинител кој постапува по предметот. Предистрагата да не ја отвораме со оглед дека е во таа фаза. Мислам дека не е добро да се спомнуваат имиња – истакна Јовески.

Тој напомена дека до денес, ниту еден доказ и ниту едно вештачење не упатуваат на техничка неисправност на автобусот.

– Станува збор за извршен инспекциски надзор во станицата за технички преглед при кој е констатирано дека само сообраќајното решение – влегувањето и излегувањето во станицата има некои проблеми, а не внатре во делот каде се вршат техничките прегледи – дали станицата не е доволно опремена или нема доволно вработени. Значи, станува збор само за проблеми на сообраќајното решение. Тоа е едниот аспект. Вториот е дека од првиот момент на трагедијата, бугарските надлежни органи во ниту едно вештачење, ниту еден доказ и околност не упатуваа на техничка неисправност на автобусот. И до ден денеска бугарските власти не рекоа дека проблем на таа трагедија е неисправноста на автобусот. Обвинителството спрема оваа фирма, превозникот, отвори предмет, но во Основното обвинителство, бидејќи тоа беше надлежно. Доколку обивнителката во овој предмет била совесна и постапувала совесно, требаше да го достави да се спои во Основното обвинителство во Скопје. Не гледам апсолутно никаква надлежност на Специјалното јавно обвинителство – објасни Јовески.

The post Се чека вештачењето од Бугарија за автобуската несреќа на „Беса Транс“ appeared first on Република.

]]>

Државниот обвинител Љубомир Јовески синоќа соопшти дека предметот за трагедијата во Бугарија кога изгоре автобусот на „Беса транс“ и имаше 40 жртви, е пред конечна одлука на Обвинителството. Според Јовески, сите дејства се привршени, единствено се чека вештачење во делот на сообраќајната незгода од бугарските надлежни органи по што ќе има одлука. Државниот обвинител не кажа за кого се води предистрагата и дали можеби таа се однесува и на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
– Мислам дека овој предмет е пред конечна одлука на Обвинителството. Сите дејства се привршени, единствено се чека само известување, вештачење во делот на сообраќајната незгода од бугарските надлежни органи и ќе има одлука. Не прејудицирам никаква одлука, одлуката ќе ја донесе јавниот обвинител кој постапува по предметот. Предистрагата да не ја отвораме со оглед дека е во таа фаза. Мислам дека не е добро да се спомнуваат имиња – истакна Јовески.
Тој напомена дека до денес, ниту еден доказ и ниту едно вештачење не упатуваат на техничка неисправност на автобусот.
– Станува збор за извршен инспекциски надзор во станицата за технички преглед при кој е констатирано дека само сообраќајното решение – влегувањето и излегувањето во станицата има некои проблеми, а не внатре во делот каде се вршат техничките прегледи – дали станицата не е доволно опремена или нема доволно вработени. Значи, станува збор само за проблеми на сообраќајното решение. Тоа е едниот аспект. Вториот е дека од првиот момент на трагедијата, бугарските надлежни органи во ниту едно вештачење, ниту еден доказ и околност не упатуваа на техничка неисправност на автобусот. И до ден денеска бугарските власти не рекоа дека проблем на таа трагедија е неисправноста на автобусот. Обвинителството спрема оваа фирма, превозникот, отвори предмет, но во Основното обвинителство, бидејќи тоа беше надлежно. Доколку обивнителката во овој предмет била совесна и постапувала совесно, требаше да го достави да се спои во Основното обвинителство во Скопје. Не гледам апсолутно никаква надлежност на Специјалното јавно обвинителство – објасни Јовески.

The post Се чека вештачењето од Бугарија за автобуската несреќа на „Беса Транс“ appeared first on Република.

]]>
Предметот за изгорениот македонски автобус во Бугарија пред конечна одлука https://republika.mk/vesti/crna-hronika/predmetot-za-izgoreniot-makedonski-avtobus-vo-bugarija-pred-konechna-odluka/ Fri, 07 Apr 2023 19:01:46 +0000 https://republika.mk/?p=628481

Државниот обвинител, Љубомир Јовески, соопшти дека предметот за трагедијата во Бугарија кога изгоре автобусот на „Беса транс“ при што имаше 40 жртви, е пред конечна одлука на Обвинителството.

Според Јовески, сите дејства се привршени, единствено се чека вештачење во делот на сообраќајната незгода од бугарските надлежни органи по што ќе има одлука.

Државниот обвинител не кажа за кого се води предистрагата и дали можеби таа се однесува и на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Мислам дека овој предмет е пред конечна одлука на Обвинителството. Сите дејства се привршени, единствено се чека само известување, вештачење во делот на сообраќајната незгода од бугарските надлежни органи и ќе има одлука. Не прејудицирам никаква одлука, одлуката ќе ја донесе јавниот обвинител кој постапува по предметот. Предистрагата да не ја отвораме со оглед дека е во таа фаза. Мислам дека не е добро да се спомнуваат имиња, истакна Јовески.

Тој напомена дека до денес, ниту еден доказ и ниту едно вештачење не упатуваат на техничка неисправност на автобусот.

Станува збор за извршен инспекциски надзор во станицата за технички преглед при кој е констатирано дека само сообраќајното решение - влегувањето и излегувањето во станицата има некои проблеми, а не внатре во делот каде се вршат техничките прегледи – дали станицата не е доволно опремена или нема доволно вработени. Значи, станува збор само за проблеми на сообраќајното решение. Тоа е едниот аспект. Вториот е дека од првиот момент на трагедијата, бугарските надлежни органи во ниту едно вештачење, ниту еден доказ и околност не упатуваа на техничка неисправност на автобусот. И до ден денеска бугарските власти не рекоа дека проблем на таа трагедија е неисправноста на автобусот. Обвинителството спрема оваа фирма, превозникот, отвори предмет, но во Основното обвинителство, бидејќи тоа беше надлежно. Доколку обивнителката во овој предмет била совесна и постапувала совесно, требаше да го достави да се спои во Основното обвинителство во Скопје. Не гледам апсолутно никаква надлежност на Специјалното јавно обвинителство, објасни Јовески.

The post Предметот за изгорениот македонски автобус во Бугарија пред конечна одлука appeared first on Република.

]]>

Државниот обвинител, Љубомир Јовески, соопшти дека предметот за трагедијата во Бугарија кога изгоре автобусот на „Беса транс“ при што имаше 40 жртви, е пред конечна одлука на Обвинителството. Според Јовески, сите дејства се привршени, единствено се чека вештачење во делот на сообраќајната незгода од бугарските надлежни органи по што ќе има одлука. Државниот обвинител не кажа за кого се води предистрагата и дали можеби таа се однесува и на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Мислам дека овој предмет е пред конечна одлука на Обвинителството. Сите дејства се привршени, единствено се чека само известување, вештачење во делот на сообраќајната незгода од бугарските надлежни органи и ќе има одлука. Не прејудицирам никаква одлука, одлуката ќе ја донесе јавниот обвинител кој постапува по предметот. Предистрагата да не ја отвораме со оглед дека е во таа фаза. Мислам дека не е добро да се спомнуваат имиња, истакна Јовески.
Тој напомена дека до денес, ниту еден доказ и ниту едно вештачење не упатуваат на техничка неисправност на автобусот.
Станува збор за извршен инспекциски надзор во станицата за технички преглед при кој е констатирано дека само сообраќајното решение - влегувањето и излегувањето во станицата има некои проблеми, а не внатре во делот каде се вршат техничките прегледи – дали станицата не е доволно опремена или нема доволно вработени. Значи, станува збор само за проблеми на сообраќајното решение. Тоа е едниот аспект. Вториот е дека од првиот момент на трагедијата, бугарските надлежни органи во ниту едно вештачење, ниту еден доказ и околност не упатуваа на техничка неисправност на автобусот. И до ден денеска бугарските власти не рекоа дека проблем на таа трагедија е неисправноста на автобусот. Обвинителството спрема оваа фирма, превозникот, отвори предмет, но во Основното обвинителство, бидејќи тоа беше надлежно. Доколку обивнителката во овој предмет била совесна и постапувала совесно, требаше да го достави да се спои во Основното обвинителство во Скопје. Не гледам апсолутно никаква надлежност на Специјалното јавно обвинителство, објасни Јовески.

The post Предметот за изгорениот македонски автобус во Бугарија пред конечна одлука appeared first on Република.

]]>
Русковска: Спасовски го потпишал решението за затворање на техничката станица 3 дена по несреќата https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskovska-spasovski-go-potpishal-reshenieto-za-zatvorane-na-tehnichkata-stanitsa-3-dena-po-nesrekata/ Mon, 03 Apr 2023 18:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=626851

Освен притисоците и заканите за предметот за Рашковски, други проблеми немала поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска. Таа во интервју во Топ тема вели дека сепак останале отворени предистраги, за кои веќе имало набавено многу докази.

Една од нив е за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ за автобусот на Беса транс, во кој во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани. Според Русковска, комисијата во МВР уште во јули донела решение станицата за технички преглед „Виа Комерц“ да биде затворена, но министерот не го потпишал тоа решение.

Решението требало да го потпише министерот, но тој го потпишал 3 дена по сообраќајната несреќа. Законска обврска е да се потпише во рок од 15 дена, а потпишано е по повеќе од 3 месеци од донесеното решение, вели Русоковска.

Додава дека предметот бил во поодмината фаза со насобрани докази, но не можела да го доврши.

Ако работи таа станица, работи незаконски затоа што Град Скопје им го има одземено сообраќајното решение. Предметот е пренесен на друг обвинител, но до каде е сега, не знам, вели Русковска.

The post Русковска: Спасовски го потпишал решението за затворање на техничката станица 3 дена по несреќата appeared first on Република.

]]>

Освен притисоците и заканите за предметот за Рашковски, други проблеми немала поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска. Таа во интервју во Топ тема вели дека сепак останале отворени предистраги, за кои веќе имало набавено многу докази. Една од нив е за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ за автобусот на Беса транс, во кој во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани. Според Русковска, комисијата во МВР уште во јули донела решение станицата за технички преглед „Виа Комерц“ да биде затворена, но министерот не го потпишал тоа решение.
Решението требало да го потпише министерот, но тој го потпишал 3 дена по сообраќајната несреќа. Законска обврска е да се потпише во рок од 15 дена, а потпишано е по повеќе од 3 месеци од донесеното решение, вели Русоковска.
Додава дека предметот бил во поодмината фаза со насобрани докази, но не можела да го доврши.
Ако работи таа станица, работи незаконски затоа што Град Скопје им го има одземено сообраќајното решение. Предметот е пренесен на друг обвинител, но до каде е сега, не знам, вели Русковска.

The post Русковска: Спасовски го потпишал решението за затворање на техничката станица 3 дена по несреќата appeared first on Република.

]]>
Царинска Управа ќе испрати претставник за судењето за „Беса Транс“ на рочиштето закажано за 31 март https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tsarinska-uprava-ke-isprati-pretstavnik-za-sudeneto-za-besa-trans-na-rochishteto-zakazhano-za-31-mart/ Wed, 01 Mar 2023 20:08:48 +0000 https://republika.mk/?p=614843

Претставник на Царинска управа е поканет и ќе присуствува на следното рочиште за предметот „Беса Транс“ закажано за 31.03.2023 година, одговорија од Царинската права на прашање на МИА зошто на денешното насрочено рочиште, по трет пат, не се појави нивен претставник.

Како што стои во одговорот од Царинска Управа, овластените претставници за застапување во кривични предмети на Царинската управа денеска биле присутни на две други рочишта.

– Ве информираме дека овластените претставници за застапување во кривични предмети на Царинската управа, денеска беа присутни на две рочишта во Основниот кривичен суд во Виница, во својство на подносител на прекршочно барање, како и на јавна расправа пред Управниот суд во Скопје застапувајќи три управни спорови, во својство на тужен орган кој ги донел оспорените управни акти, каде присуството на Царинската управа во овие постапки во својство на странка е задолжително, стои во одговорот.

Од таму дополнуваат дека Царинска управа во предметот „Беса Транс“ не е странка во постапката, поради што отсуството на нејзин претставник во оваа фаза од постапката, според нив, не е причина за одложување на денешното рочиште, иако, претходното насрочено рочиште, на 2 февруари, се одложи токму поради оваа причина.

Во Основниот кривичен суд Скопје, поради отсуство на застапникот на правното лице „Беса Транс“ денеска повторно се одложи судењето за „Беса Транс“ во кое сопственикот на истоименото правно лице се товари за „фалсификување на исправа“. Денеска, исто така, по трет пат, не беше присутен ниту претставник од Царинската управа. Последното рочиште за овој процес беше одржано во ноември 2022 година.

Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

– Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

The post Царинска Управа ќе испрати претставник за судењето за „Беса Транс“ на рочиштето закажано за 31 март appeared first on Република.

]]>

Претставник на Царинска управа е поканет и ќе присуствува на следното рочиште за предметот „Беса Транс“ закажано за 31.03.2023 година, одговорија од Царинската права на прашање на МИА зошто на денешното насрочено рочиште, по трет пат, не се појави нивен претставник. Како што стои во одговорот од Царинска Управа, овластените претставници за застапување во кривични предмети на Царинската управа денеска биле присутни на две други рочишта.
– Ве информираме дека овластените претставници за застапување во кривични предмети на Царинската управа, денеска беа присутни на две рочишта во Основниот кривичен суд во Виница, во својство на подносител на прекршочно барање, како и на јавна расправа пред Управниот суд во Скопје застапувајќи три управни спорови, во својство на тужен орган кој ги донел оспорените управни акти, каде присуството на Царинската управа во овие постапки во својство на странка е задолжително, стои во одговорот.
Од таму дополнуваат дека Царинска управа во предметот „Беса Транс“ не е странка во постапката, поради што отсуството на нејзин претставник во оваа фаза од постапката, според нив, не е причина за одложување на денешното рочиште, иако, претходното насрочено рочиште, на 2 февруари, се одложи токму поради оваа причина. Во Основниот кривичен суд Скопје, поради отсуство на застапникот на правното лице „Беса Транс“ денеска повторно се одложи судењето за „Беса Транс“ во кое сопственикот на истоименото правно лице се товари за „фалсификување на исправа“. Денеска, исто така, по трет пат, не беше присутен ниту претставник од Царинската управа. Последното рочиште за овој процес беше одржано во ноември 2022 година. Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.
– Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.
Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

The post Царинска Управа ќе испрати претставник за судењето за „Беса Транс“ на рочиштето закажано за 31 март appeared first on Република.

]]>
„Беса транс“ пак се одложи https://republika.mk/vesti/crna-hronika/besa-trans-pak-se-odlozhi/ Wed, 01 Mar 2023 12:17:20 +0000 https://republika.mk/?p=614664

 Поради отсуство на застапникот на правното лице „Беса Транс“ како и претставник на Царинска Управа во Основниот кривичен суд Скопје, денеска повторно се одложи  судењето за „Беса Транс“ во кое сопственикот на истоименото правно лице се товари за „фалсификување на исправа“.

Како што информираше Асмир Алиспахиќ, бранителот на обвинетиот Беким Хаџиу, претставникот на правното лице „Беса Транс“, Шабан Хоџа, не се појави на денешното рочиште поради патување заради смртен случај од блиско семејство надвор од Република Македонија.

- Никој не можеше ова да го претпостави и затоа сега ве известуваме за причината за неговото недоаѓање и се надевам дека ќе имате разбирање, рече тој.

На денешното насрочено рочиште, по трет пат, не беше присутен ниту претставник од Царинската Управа на Република Македонија, кој, како што информираше Судот, бил уредно повикан и за кој нема ингеренции за присилно доведување, со што главната расправа се одложи за 31 март.

По одложувањето на насроченото рочиште, МИА се обрати до Царинската управа во врска со причината поради која нивен претставник по трет пат не доаѓа на ова судење, од каде добивме насоки да испратиме прашања преку електронска пошта на кои до објавувањето на веста не добивме одговор.

Според обвинителниот акт, обвинетиот Беким Хаџиу, како управител на правното лице „Беса Транс БТБ“ од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај.

- Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски

The post „Беса транс“ пак се одложи appeared first on Република.

Истражителите кои работеа на случаите за давањето пасоши на криминалци и на автобусот на „Беса транс“ тргнати од Обвинителството https://republika.mk/vesti/makedonija/istrazhitelite-koi-rabotea-na-sluchaite-za-davaneto-pasoshi-na-kriminaltsi-i-na-avtobusot-na-besa-trans-trgnati-od-obvinitelstvoto/ Sat, 18 Feb 2023 19:55:29 +0000 https://republika.mk/?p=610590

Истражителите кои работеа на предистрагата против станицата за технички преглед на компанијата „ВИА КОМЕРЦ Џемаљ“, во која бил регистриран автобусот на „Беса транс”, но и по пријавата против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со непотпишување на забраната за работа на „Беса транс“, се тргнати од Истражниот центар на Обвинителството за организиран криминал, дознава „СДК.мк“.

Од Истражниот центар е тргната и вратена назад во МВР и истражителката која успешно работела на случајот со издавањето на македонски пасоши на светски барани криминалци, странски државјани, за кој има пресуда.

На нивно место се ангажирани нови истражители.

Повеќе на СДК.мк

The post Истражителите кои работеа на случаите за давањето пасоши на криминалци и на автобусот на „Беса транс“ тргнати од Обвинителството appeared first on Република.

]]>

Истражителите кои работеа на предистрагата против станицата за технички преглед на компанијата „ВИА КОМЕРЦ Џемаљ“, во која бил регистриран автобусот на „Беса транс”, но и по пријавата против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со непотпишување на забраната за работа на „Беса транс“, се тргнати од Истражниот центар на Обвинителството за организиран криминал, дознава „СДК.мк“. Од Истражниот центар е тргната и вратена назад во МВР и истражителката која успешно работела на случајот со издавањето на македонски пасоши на светски барани криминалци, странски државјани, за кој има пресуда. На нивно место се ангажирани нови истражители. Повеќе на СДК.мк

The post Истражителите кои работеа на случаите за давањето пасоши на криминалци и на автобусот на „Беса транс“ тргнати од Обвинителството appeared first on Република.

]]>
Toртевски: Спасовски треба да поднесе оставка поради „Беса транс“ https://republika.mk/vesti/makedonija/tortevski-spasovski-treba-da-podnese-ostavka-poradi-besa-trans/ Wed, 18 Jan 2023 20:25:30 +0000 https://republika.mk/?p=598506

Оливер Спасовски има политичка одговорност и треба да понесе оставка зошто во неговото министерство организацијата не функционирала и некој затаил, смета адвокатот Александар Тортевски, кој во вечерашната „24 анализа“ го коментираше барањето на Антикорупциската комисија за одговорност од министерот за внатрешни работи за ненавремената реакција околу техничкиот преглед на автобусот на „Беса транс“, во кој загинаа 45 лица.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-odluchi-da-dostavi-initsijativa-za-utvrduvane-odgovornost-na-ministerot-oliver-spasovski-za-besa-trans/

Тој што го чувал документот за техничките проблеми на превозникот, тој има кривична одговорност зошто направи злоупотреба на службената положба, му овозможил на некој субјект да обавува дејност спротивно на законите. Сигурно е дека МВР потфрлиле. Ако министерот поднесе одговорност, тој има морална обврска да го расчисти случајот и да поднесе одговорност, рече Тортевски.

The post Toртевски: Спасовски треба да поднесе оставка поради „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>

Оливер Спасовски има политичка одговорност и треба да понесе оставка зошто во неговото министерство организацијата не функционирала и некој затаил, смета адвокатот Александар Тортевски, кој во вечерашната „24 анализа“ го коментираше барањето на Антикорупциската комисија за одговорност од министерот за внатрешни работи за ненавремената реакција околу техничкиот преглед на автобусот на „Беса транс“, во кој загинаа 45 лица. https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-odluchi-da-dostavi-initsijativa-za-utvrduvane-odgovornost-na-ministerot-oliver-spasovski-za-besa-trans/
Тој што го чувал документот за техничките проблеми на превозникот, тој има кривична одговорност зошто направи злоупотреба на службената положба, му овозможил на некој субјект да обавува дејност спротивно на законите. Сигурно е дека МВР потфрлиле. Ако министерот поднесе одговорност, тој има морална обврска да го расчисти случајот и да поднесе одговорност, рече Тортевски.

The post Toртевски: Спасовски треба да поднесе оставка поради „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>
ДКСК одлучи да достави иницијатива за утврдување одговорност на министерот Оливер Спасовски за „Беса транс“ https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-odluchi-da-dostavi-initsijativa-za-utvrduvane-odgovornost-na-ministerot-oliver-spasovski-za-besa-trans/ Wed, 18 Jan 2023 12:10:20 +0000 https://republika.mk/?p=598303

Државната комисија за спречување корупција до Владата побара барање за оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски бидејќи не реагирал навремено за техничќкиот преглед на автобусот на Беса Транс кој изгоре во Бугарија со 45 лица.

Министерот не реагирал навреме и да донесе решение за забрана за вршење технички преглед на станицата „Виа Комерц“, која во меѓувреме дозволила транспорт на автобусот „Беса Транс“.

ДКСК утврдила дека Спасовски не постапил правилно, бидејќи по добиениот извештај од инспекторатот кој извршил контрола и утврдил неправилности во работењето на станицата, тој не издал наредба во предвидениот рок од станицата да ги отстранат неправилностите, туку истата ја издал по три месеци од добиениот извештај, односно три дена по несреќата во Бугарија.

Дополнително, Јавно обвинителство веќе има отворено предмет и се води судски процес за овој случај, а Антикорупциска сите докази кои ги има ќе ги достави како дополнување на доказите во обвинителството.

Оттаму посочија дека сè уште не е утврдено дека сообраќајната несреќа се случила поради техничка неисправност на автобусот.

The post ДКСК одлучи да достави иницијатива за утврдување одговорност на министерот Оливер Спасовски за „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување корупција до Владата побара барање за оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски бидејќи не реагирал навремено за техничќкиот преглед на автобусот на Беса Транс кој изгоре во Бугарија со 45 лица. Министерот не реагирал навреме и да донесе решение за забрана за вршење технички преглед на станицата „Виа Комерц“, која во меѓувреме дозволила транспорт на автобусот „Беса Транс“. ДКСК утврдила дека Спасовски не постапил правилно, бидејќи по добиениот извештај од инспекторатот кој извршил контрола и утврдил неправилности во работењето на станицата, тој не издал наредба во предвидениот рок од станицата да ги отстранат неправилностите, туку истата ја издал по три месеци од добиениот извештај, односно три дена по несреќата во Бугарија. Дополнително, Јавно обвинителство веќе има отворено предмет и се води судски процес за овој случај, а Антикорупциска сите докази кои ги има ќе ги достави како дополнување на доказите во обвинителството.
Оттаму посочија дека сè уште не е утврдено дека сообраќајната несреќа се случила поради техничка неисправност на автобусот.

The post ДКСК одлучи да достави иницијатива за утврдување одговорност на министерот Оливер Спасовски за „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>
Рускоска потврди дека Спасовски и „Беса транс“ директно стојат зад нејзината суспензија https://republika.mk/vesti/makedonija/ruskoska-potvrdi-deka-spasovski-i-besa-trans-direktno-stojat-zad-nejzinata-suspenzija/ Fri, 16 Dec 2022 07:52:02 +0000 https://republika.mk/?p=586266

Одбивањето на Вилма Рускоска да потклекне на политичкиот притисок е причината таа да биде суспендирана. Поранешната шефица на Обвинителството за органзиран криминал и корупција Вилма Русоскоска ја посочува улогата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во случајот „Беса транс“ како директна причина за нејзината суспензија.

Зборувајќи за политичките притисоци во Обвинителството, Рускоска рече е суспендирана додека траела предистрагата

Мене ме суспендираа, затоа што јас не прифаќав притисоци и влијанија. Пријавата се однесуваше на тоа, некаде околу 12-13 јули 2021 година одговорните за управни работи извршиле контрола на станицата за технички преголед, констатирале неправилности, изготвиле решение за затворање на станицата, а решението е потпишано три дена по несреќата (несреќата се случи на 23 ноември 2021 година, нов. заб.). Според закон требало да биде потпишано во рок од 15 дена, рече Рускоска во поткастот на ИРЛ и потврди дека таа инспекција ја води МВР, а решението го потпишува министерот.

The post Рускоска потврди дека Спасовски и „Беса транс“ директно стојат зад нејзината суспензија appeared first on Република.

]]>

Одбивањето на Вилма Рускоска да потклекне на политичкиот притисок е причината таа да биде суспендирана. Поранешната шефица на Обвинителството за органзиран криминал и корупција Вилма Русоскоска ја посочува улогата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во случајот „Беса транс“ како директна причина за нејзината суспензија. Зборувајќи за политичките притисоци во Обвинителството, Рускоска рече е суспендирана додека траела предистрагата
Мене ме суспендираа, затоа што јас не прифаќав притисоци и влијанија. Пријавата се однесуваше на тоа, некаде околу 12-13 јули 2021 година одговорните за управни работи извршиле контрола на станицата за технички преголед, констатирале неправилности, изготвиле решение за затворање на станицата, а решението е потпишано три дена по несреќата (несреќата се случи на 23 ноември 2021 година, нов. заб.). Според закон требало да биде потпишано во рок од 15 дена, рече Рускоска во поткастот на ИРЛ и потврди дека таа инспекција ја води МВР, а решението го потпишува министерот.

The post Рускоска потврди дека Спасовски и „Беса транс“ директно стојат зад нејзината суспензија appeared first on Република.

]]>
Абази е во роднинска врска со инспекторот кој е дел од истрагата за „Беса Транс“ https://republika.mk/vesti/makedonija/abazi-e-vo-rodninska-vrska-so-inspektorot-koj-e-del-od-istragata-za-besa-trans/ Thu, 10 Nov 2022 08:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=572116

Зетот шеф на Организиран криминал ќе истражува дали неговиот дедо има вина во автобуската несреќа на „Беса транс“. Новоизбраниот обвинител Абази е сопруг на ќерката на првиот инспектор за транспорт Руфат Хусеини, на кој неуспешните контроли во просториите на агенцијата му се редеа со денови по несреќата, дознава Алфа.

https://republika.mk/vesti/makedonija/so-site-se-gushka-i-slika-ama-se-znaat-samo-od-viduvanje-islam-abazi-se-druzi-so-celoto-rakovodstvo-na-dui/

Сега зетот Абази ќе треба докажува каде се пропустите на надлежните институции затоа што „Беса транс“ си тераше бизнис беа дозволи и зошто станицата за технички преглед во Сарај, каде автобусот добил зелено светло, со низа нерегуларности не била затворена. Лиценците и сертификатите ги издава Министерството за транспорт, но за нивна контрола е задолжен Државниот инспекторат за транспорт чиј директор во време на несреќата беше Руфат Хусеини. Инспекторот во фамилијата по несреќата на ретките настапи пред јавноста наместо да објасни се чудеше како како автобусот ги минувал границите доколку немал лиценца.

Откако Абази беше прогласен за прв обвинител на Обвинителството за организиран криминал и корупција, информациите кои се проширија во јавноста говореа дека неговата сопруга односно ќерката на Руфат Хусеини е кандидатка во Академијата за судии и обвинители. Законот не доволува двајца обвинители од исто семејство или во брак да работат во исто апелационо подрачје во случајот гостиварското. Но сега откако Абази ќе шефува со Организиран, неговата сопруга нема да има проблем да се вработи по завршувањето на Акдемијата.

The post Абази е во роднинска врска со инспекторот кој е дел од истрагата за „Беса Транс“ appeared first on Република.

]]>

Зетот шеф на Организиран криминал ќе истражува дали неговиот дедо има вина во автобуската несреќа на „Беса транс“. Новоизбраниот обвинител Абази е сопруг на ќерката на првиот инспектор за транспорт Руфат Хусеини, на кој неуспешните контроли во просториите на агенцијата му се редеа со денови по несреќата, дознава Алфа. https://republika.mk/vesti/makedonija/so-site-se-gushka-i-slika-ama-se-znaat-samo-od-viduvanje-islam-abazi-se-druzi-so-celoto-rakovodstvo-na-dui/ Сега зетот Абази ќе треба докажува каде се пропустите на надлежните институции затоа што „Беса транс“ си тераше бизнис беа дозволи и зошто станицата за технички преглед во Сарај, каде автобусот добил зелено светло, со низа нерегуларности не била затворена. Лиценците и сертификатите ги издава Министерството за транспорт, но за нивна контрола е задолжен Државниот инспекторат за транспорт чиј директор во време на несреќата беше Руфат Хусеини. Инспекторот во фамилијата по несреќата на ретките настапи пред јавноста наместо да објасни се чудеше како како автобусот ги минувал границите доколку немал лиценца. Откако Абази беше прогласен за прв обвинител на Обвинителството за организиран криминал и корупција, информациите кои се проширија во јавноста говореа дека неговата сопруга односно ќерката на Руфат Хусеини е кандидатка во Академијата за судии и обвинители. Законот не доволува двајца обвинители од исто семејство или во брак да работат во исто апелационо подрачје во случајот гостиварското. Но сега откако Абази ќе шефува со Организиран, неговата сопруга нема да има проблем да се вработи по завршувањето на Акдемијата.  

The post Абази е во роднинска врска со инспекторот кој е дел од истрагата за „Беса Транс“ appeared first on Република.

]]>
И рочиштето за „Беса Транс“ одложено https://republika.mk/vesti/makedonija/i-rochishteto-za-besa-trans-odlozeno/ Fri, 14 Oct 2022 10:38:26 +0000 https://republika.mk/?p=561051

Првото рочиште од судењето за „Беса Транс“, компанијата во чиј автобус во ноември минатата година во несреќа загинаа 45 македонски државјани, е одложено за 15 ноември. Одлагањето уследи бидејќи не беа исполнети условите за одржување на јавна расправа поради тоа што обвинетото правно лице немаше официјален застапник.

На судењето, обвинетиот Беким Хаџиу, сопственик и управител на „Беса Tранс“, изјави дека е овластен претставник на обвинетото правно лице, на што Судот посочи дека како обвинет во оваа постапка не може да биде и овластен претставник на обвинетото правно лице во истата постапка.

Се задолжува обвинетиот согласно член 511, како управител на правното лице, да определи претставник од редот на одговорните лице и од вработените во правното лице, рече судијата.

Во случајот обвинети се едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.

Обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.

Процесот го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.

Претходно денеска по втор пат се одложи почетокот на судењето за пожарот во модуларната болница.

https://republika.mk/vesti/makedonija/povtorno-odlozeno-sudenjeto-za-pozarot-vo-tetovskata-modularna-bolnica/

The post И рочиштето за „Беса Транс“ одложено appeared first on Република.

]]>

Првото рочиште од судењето за „Беса Транс“, компанијата во чиј автобус во ноември минатата година во несреќа загинаа 45 македонски државјани, е одложено за 15 ноември. Одлагањето уследи бидејќи не беа исполнети условите за одржување на јавна расправа поради тоа што обвинетото правно лице немаше официјален застапник. На судењето, обвинетиот Беким Хаџиу, сопственик и управител на „Беса Tранс“, изјави дека е овластен претставник на обвинетото правно лице, на што Судот посочи дека како обвинет во оваа постапка не може да биде и овластен претставник на обвинетото правно лице во истата постапка.
Се задолжува обвинетиот согласно член 511, како управител на правното лице, да определи претставник од редот на одговорните лице и од вработените во правното лице, рече судијата.
Во случајот обвинети се едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.
Обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини, се наведува во обвинителниот предлог.
Процесот го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски. Претходно денеска по втор пат се одложи почетокот на судењето за пожарот во модуларната болница. https://republika.mk/vesti/makedonija/povtorno-odlozeno-sudenjeto-za-pozarot-vo-tetovskata-modularna-bolnica/

The post И рочиштето за „Беса Транс“ одложено appeared first on Република.

]]>
Четврта година нема абер за процесот Ласкарци, од утре почнува и судењето за „Беса транс“ https://republika.mk/vesti/makedonija/chetvrta-godina-nema-aber-za-procesot-laskarci-od-utre-pochnuva-i-sudenjeto-za-besa-trans/ Fri, 14 Oct 2022 07:25:54 +0000 https://republika.mk/?p=560880

На неодреден рок останува заглавено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи на 13 февруари 2019 година околу 17 часот. Бирото за судски вештачења не сака да лицитира со термин кога ќе биде готова анализата од која зависи разврската за несреќата што одзеде 16 човечки животи. Велат дека активно се работело на супервештачењето, биле вклучени седуммина експерти, но материјалот бил обемен, па неизвесно било кога ќе финишира процесот.

Имајќи го во предвид обемот на материјалите вклучени во судските списи, времето потребно за анализа на списите од страна на тимот на вешти лица и активностите кои произлегуваат од самата анализа, во оваа фаза не може со сигурност да се предвиди рокот за конечно изготување на бараните супервештачења, велат од Бирото за судски вештачења за „Сител“.

Од ноември лани нема судење за сопственикот на „Дурмо турс“, вработените во станицата за технички преглед и возачот на автобусот кои првпат на обвинителна клупа седнаа пред точно три години. Ниту ургенциите на Кривичниот суд не ја забрзале работата на Бирото на судски вештачења, иако редовно се закажуваат судењата.

Во меѓувреме утре почнува и судењето за сопственикот на „Беса транс“, чиј автобус одзеде 45 човечки животи кога на 23 ноември на се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Беким Хаџиу е обвинет дека ја фалсификувал лиценцата за јавен превоз на автобусот кој лани изгоре во Бугарија. Обвинителството води предистрага и за цариниците кои дозволиле возилото со лажни документи да ја минува државната граница..

Надлежен јавен обвинител го очекува постапувањето на Царинската управа во насока на утврдување на фактичката состојба во поглед на инволвираните лица во предметот и нивното дејствување. По анализа на бараните информации, Јавниот обвинител ќе донесе одлука за понатамошно постапување, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за телевизијата.

Бугарија пак ја запре истрагата за несреќата со објаснување дека постојат нови моменти кои дополнително треба да се утврдат..

The post Четврта година нема абер за процесот Ласкарци, од утре почнува и судењето за „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>

На неодреден рок останува заглавено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи на 13 февруари 2019 година околу 17 часот. Бирото за судски вештачења не сака да лицитира со термин кога ќе биде готова анализата од која зависи разврската за несреќата што одзеде 16 човечки животи. Велат дека активно се работело на супервештачењето, биле вклучени седуммина експерти, но материјалот бил обемен, па неизвесно било кога ќе финишира процесот.
Имајќи го во предвид обемот на материјалите вклучени во судските списи, времето потребно за анализа на списите од страна на тимот на вешти лица и активностите кои произлегуваат од самата анализа, во оваа фаза не може со сигурност да се предвиди рокот за конечно изготување на бараните супервештачења, велат од Бирото за судски вештачења за „Сител“.
Од ноември лани нема судење за сопственикот на „Дурмо турс“, вработените во станицата за технички преглед и возачот на автобусот кои првпат на обвинителна клупа седнаа пред точно три години. Ниту ургенциите на Кривичниот суд не ја забрзале работата на Бирото на судски вештачења, иако редовно се закажуваат судењата. Во меѓувреме утре почнува и судењето за сопственикот на „Беса транс“, чиј автобус одзеде 45 човечки животи кога на 23 ноември на се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Беким Хаџиу е обвинет дека ја фалсификувал лиценцата за јавен превоз на автобусот кој лани изгоре во Бугарија. Обвинителството води предистрага и за цариниците кои дозволиле возилото со лажни документи да ја минува државната граница..
Надлежен јавен обвинител го очекува постапувањето на Царинската управа во насока на утврдување на фактичката состојба во поглед на инволвираните лица во предметот и нивното дејствување. По анализа на бараните информации, Јавниот обвинител ќе донесе одлука за понатамошно постапување, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за телевизијата.
Бугарија пак ја запре истрагата за несреќата со објаснување дека постојат нови моменти кои дополнително треба да се утврдат..

The post Четврта година нема абер за процесот Ласкарци, од утре почнува и судењето за „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>
Што ќе открие?: Бугарската обвинителка бара да разговара со преживеаните од автобусот на смртта на „Беса транс“ https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bugarskata-obvinitelka-bara-da-razgovara-so-preziveanite-od-avtobusot-na-smrtta-na-besa-trans/ Mon, 29 Aug 2022 21:23:33 +0000 https://republika.mk/?p=545433

Портпаролот на главната обвинителка на Бугарија Сијка Милева изјави дека е прекината предистражната постапка за несреќата на македонскиот автобус во која изгореа 46 лица. Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Милева за БНТ рекла дека причина за тоа е бидејќи бугарските обвинители побарале од своите колеги во Македонија уште распити. Милева рече дека досегашната истрага установила нови факти поврзани со тоа што се случило за време на трагичната ноќ.

Ноќта на 23 ноември 2021 година автобусот изгоре целосно, но не од четирите туби со бензин што ги превезувал македонскиот шофер. Тие не се причина за тоа затоа што тие останале недопрени. Заштитната ограда ја затворила вратата пред која патниците се собрале и очајно се обидувале да излезат од автобусот што горел.

Милева рече дека за неа тоа е една огромна трагедија, која ќе остане во сеќавање. Ова е случај без преседан и единствен во историјата. Увидот на местото на несреќата траеше повеќе од 24 часа, започна во темнина, рано изутрината на денот на инцидентот и заврши ноќта. Шестмина истражители и тројца обвинители работеа на случајот, а за само 10 дена беше завршено собирањето на доказите, коментираше Милева и рече дека е преседан Обвинителството да ги врати телата на загинатите со авион.

-Сите пронајдени предмети беа вратени, а секој од предметите беше запечатен посебно. Беа направени 45 аутопсии. Од сите беше земен биолошки материјал, од којшто беше извлечен ДНК профилот. Со барање за правна помош до судските власти во Република Македонија, беа идентификувани и наследниците на жртвите, од кои беше земен и ДНК,  дополни Милева.

За седум дена е направена соодветна анализа помеѓу ДНК профилите на загинатите и ДНК профилите на нивните блиски и така жртвите се идентификувани. За утврдување на причината за смртта на патниците беше направена комплексна пожарникарско-техничка експертиза, како и судско-медицинска експертиза. Беше установено дека голем дел од загинатите патници починале од задушување од пожарот и од термички шок. Во тој случај имало два настана – несреќа и пожар. Како последица на несреќата избувнал пожар. Од заклучокот на експертизата за настанот се утврдило дека македонскиот возач го управувал возилото со несразмерна и голема брзина, заради што изгубил контрола врз автобусот. Милева рече дека нејзините колеги работеле и на верзијата за терористички акт. Имало и хемиска експертиза, а таа категорично установила дека немало знаци за експлозивни направи во автобусот од Македонија. Македонските власти, кажа уште Сијка Милева, целосно соработуваа во истрагата за овој трагичен случај.

-Ние со нив имаме многу добри пријателски и колегијални односи. Им благодарам и на органите на МВР и на пожарникарите, кои целосно соработуваа со истрагата. За брзото завршување на случајот главниот обвинител ги награди истражителите и форензичарите кои работеа на случајот, рече Милева.

Портпаролката на главниот обвинител на Бугарија рече дека во моментов предистражната постапка е запрена бидејќи е изготвена втора молба за правна помош до македонските истражители. Според неа, на распит треба да бидат повикани преживеани во несреќата и блиски на загинатите.

– Сите треба да бидат запознаени со нивните права и обврски според бугарскиот кривичен процес и дали сакаат да им бидат предадени материјали од истрагата, како и да бидат и информирани за текот на кривичната постапка, рече таа.

За оваа кривична постапка во Бугарија се испитани околу 30 сведоци, меѓу кои шоферот на македонскиот автобус, преживеаните патници, како и очевидци. Сега, според Милева, е на ред обвинителството на Македонија

The post Што ќе открие?: Бугарската обвинителка бара да разговара со преживеаните од автобусот на смртта на „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на главната обвинителка на Бугарија Сијка Милева изјави дека е прекината предистражната постапка за несреќата на македонскиот автобус во која изгореа 46 лица. Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Милева за БНТ рекла дека причина за тоа е бидејќи бугарските обвинители побарале од своите колеги во Македонија уште распити. Милева рече дека досегашната истрага установила нови факти поврзани со тоа што се случило за време на трагичната ноќ. Ноќта на 23 ноември 2021 година автобусот изгоре целосно, но не од четирите туби со бензин што ги превезувал македонскиот шофер. Тие не се причина за тоа затоа што тие останале недопрени. Заштитната ограда ја затворила вратата пред која патниците се собрале и очајно се обидувале да излезат од автобусот што горел. Милева рече дека за неа тоа е една огромна трагедија, која ќе остане во сеќавање. Ова е случај без преседан и единствен во историјата. Увидот на местото на несреќата траеше повеќе од 24 часа, започна во темнина, рано изутрината на денот на инцидентот и заврши ноќта. Шестмина истражители и тројца обвинители работеа на случајот, а за само 10 дена беше завршено собирањето на доказите, коментираше Милева и рече дека е преседан Обвинителството да ги врати телата на загинатите со авион. -Сите пронајдени предмети беа вратени, а секој од предметите беше запечатен посебно. Беа направени 45 аутопсии. Од сите беше земен биолошки материјал, од којшто беше извлечен ДНК профилот. Со барање за правна помош до судските власти во Република Македонија, беа идентификувани и наследниците на жртвите, од кои беше земен и ДНК,  дополни Милева.
За седум дена е направена соодветна анализа помеѓу ДНК профилите на загинатите и ДНК профилите на нивните блиски и така жртвите се идентификувани. За утврдување на причината за смртта на патниците беше направена комплексна пожарникарско-техничка експертиза, како и судско-медицинска експертиза. Беше установено дека голем дел од загинатите патници починале од задушување од пожарот и од термички шок. Во тој случај имало два настана – несреќа и пожар. Како последица на несреќата избувнал пожар. Од заклучокот на експертизата за настанот се утврдило дека македонскиот возач го управувал возилото со несразмерна и голема брзина, заради што изгубил контрола врз автобусот. Милева рече дека нејзините колеги работеле и на верзијата за терористички акт. Имало и хемиска експертиза, а таа категорично установила дека немало знаци за експлозивни направи во автобусот од Македонија. Македонските власти, кажа уште Сијка Милева, целосно соработуваа во истрагата за овој трагичен случај. -Ние со нив имаме многу добри пријателски и колегијални односи. Им благодарам и на органите на МВР и на пожарникарите, кои целосно соработуваа со истрагата. За брзото завршување на случајот главниот обвинител ги награди истражителите и форензичарите кои работеа на случајот, рече Милева.
Портпаролката на главниот обвинител на Бугарија рече дека во моментов предистражната постапка е запрена бидејќи е изготвена втора молба за правна помош до македонските истражители. Според неа, на распит треба да бидат повикани преживеани во несреќата и блиски на загинатите.
– Сите треба да бидат запознаени со нивните права и обврски според бугарскиот кривичен процес и дали сакаат да им бидат предадени материјали од истрагата, како и да бидат и информирани за текот на кривичната постапка, рече таа.
За оваа кривична постапка во Бугарија се испитани околу 30 сведоци, меѓу кои шоферот на македонскиот автобус, преживеаните патници, како и очевидци. Сега, според Милева, е на ред обвинителството на Македонија

The post Што ќе открие?: Бугарската обвинителка бара да разговара со преживеаните од автобусот на смртта на „Беса транс“ appeared first on Република.

]]>
Димитров: Барањата за отштета во автобуската несреќа на „Беса транс“ се над 750.000 евра https://republika.mk/vesti/dimitrov-baranjata-za-otshteta-vo-avtobuskata-nesrekja-na-besa-trans-se-nad-750-000-evra/ Thu, 25 Aug 2022 16:03:31 +0000 https://republika.mk/?p=544094

Николај Димитров, адвокат на дел од семејствата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на „Беса транс“ на автопатот Струма во Бугарија во ноември минатата година, изјави за МИА дека барањата за отштета на неговите клиенти е над 750.000 евра.

Тој рече дека тоа е во согласност со лимитот на осигурителна одговорност и судската практика во Бугарија, додавајќи дека целата процедура е во многу напредна фаза.

Според него, тужбите ќе бидат поднесени во рок од неколку дена и ќе се бара заедничко разгледување на бугарската Агенција за патна инфраструктура и на претставникот на македонска осигурителна компанија „Граве“, кои во Бугарија се претставени од Националното биро на бугарските осигурителни компании за автомобили.

Вештото лице на увидот на местото на несреќата ја оценуваше состојбата на патната инфраструктура, површината на коловозот, знаците, ознаките и сите други елементи кои можат да дадат одговор на прашањето како точно се случила несреќата.

Адвокатот за МИА прогнозира дека експертизата ќе биде готова за неколку месеци.

Поради фактот дека несреќата се случила на територија на членка на ЕУ, законски наследници на загинатите македонски граѓани можат да ги искористат лимитите за осигурување во земји-членки на ЕУ, каде тие се до 12 пати поголеми.

Лимитот за цивилна одговорност во Македонија достигнува до 600.000 евра, а во Бугарија како членка на ЕУ достигнува и до 5,2 милиони евра и затоа според адвокатот кога се поднесуваат барањата ќе биде направено,да се искористат бугарските услови, кои се дел од европските и да бидат обештетени сите настрадани.

Ако се докаже вината на Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија, таму нема лимит на одговорност.

Димитров исто така рече дека багажот на загинатите македонски граѓани за време на катастрофата е веќе вратен, но се утврдени некои предмети што недостигаат кај еден од неговите клиенти. Тој кажал дека жена му која загинала заедно со нивното дете за време на несреќата имала накит, кој потоа недостигал.

The post Димитров: Барањата за отштета во автобуската несреќа на „Беса транс“ се над 750.000 евра appeared first on Република.

]]>

Николај Димитров, адвокат на дел од семејствата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на „Беса транс“ на автопатот Струма во Бугарија во ноември минатата година, изјави за МИА дека барањата за отштета на неговите клиенти е над 750.000 евра. Тој рече дека тоа е во согласност со лимитот на осигурителна одговорност и судската практика во Бугарија, додавајќи дека целата процедура е во многу напредна фаза. Според него, тужбите ќе бидат поднесени во рок од неколку дена и ќе се бара заедничко разгледување на бугарската Агенција за патна инфраструктура и на претставникот на македонска осигурителна компанија „Граве“, кои во Бугарија се претставени од Националното биро на бугарските осигурителни компании за автомобили. Вештото лице на увидот на местото на несреќата ја оценуваше состојбата на патната инфраструктура, површината на коловозот, знаците, ознаките и сите други елементи кои можат да дадат одговор на прашањето како точно се случила несреќата. Адвокатот за МИА прогнозира дека експертизата ќе биде готова за неколку месеци. Поради фактот дека несреќата се случила на територија на членка на ЕУ, законски наследници на загинатите македонски граѓани можат да ги искористат лимитите за осигурување во земји-членки на ЕУ, каде тие се до 12 пати поголеми. Лимитот за цивилна одговорност во Македонија достигнува до 600.000 евра, а во Бугарија како членка на ЕУ достигнува и до 5,2 милиони евра и затоа според адвокатот кога се поднесуваат барањата ќе биде направено,да се искористат бугарските услови, кои се дел од европските и да бидат обештетени сите настрадани. Ако се докаже вината на Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија, таму нема лимит на одговорност. Димитров исто така рече дека багажот на загинатите македонски граѓани за време на катастрофата е веќе вратен, но се утврдени некои предмети што недостигаат кај еден од неговите клиенти. Тој кажал дека жена му која загинала заедно со нивното дете за време на несреќата имала накит, кој потоа недостигал.  

The post Димитров: Барањата за отштета во автобуската несреќа на „Беса транс“ се над 750.000 евра appeared first on Република.

]]>
Започна новиот увид на автопатот Струма за несреќата со автобусот на Беса транс https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapochna-noviot-uvid-na-avtopatot-struma-za-nesrekjata-so-avtobusot-na-besa-trans/ Thu, 25 Aug 2022 08:51:29 +0000 https://republika.mk/?p=543902

Николај Димитров, адвокатот на дел од семејствата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на Беса транс на автопатот Струма во Бугарија, за дописникот на МИА од Софија изјави дека увидот на теренот е веќе започнат.

Експертскиот тим го започнал увидот на три километри од автобуската несреќа и целта е да покаже дали има причинско-последични околности кои довеле до несреќата.

Се проверува површината на коловозот, знаците, ознаките и сите други елементи кои можат да дадат одговор на прашањето како точно се случила несреќата. Адвокатот за МИА коментира дека увидот ќе покаже што недостигало на овој дел од автопатот Струма и дали токму тој недостаток е главната причина за несреќата.

Димитров посочува и дека семејствата на неговите клиенти јасно прашуваат дали е виновен само загинатиот возач или има друга околност што довела до страшната несреќа.Тие го поставуваат и прашањето што се случило со личните работи и багажот на починатите, како и со златни вредни предмети и украси кои ги имале на себе, но не биле регистрирани од бугарските власти и никој не им ги вратил.

Семејствата на загинатите и преживеаните од автобуската несреќа во Бугарија побараа паралелна истрага за утврдување на причините за трагедијата во која загинаа 45 патници, а седум беа потешко повредени. Во декември, истрагата покажа дека главна причина за настанатата катастрофа била брзината која не соодвестувала со условите на патот.

The post Започна новиот увид на автопатот Струма за несреќата со автобусот на Беса транс appeared first on Република.

]]>

Николај Димитров, адвокатот на дел од семејствата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на Беса транс на автопатот Струма во Бугарија, за дописникот на МИА од Софија изјави дека увидот на теренот е веќе започнат. Експертскиот тим го започнал увидот на три километри од автобуската несреќа и целта е да покаже дали има причинско-последични околности кои довеле до несреќата. Се проверува површината на коловозот, знаците, ознаките и сите други елементи кои можат да дадат одговор на прашањето како точно се случила несреќата. Адвокатот за МИА коментира дека увидот ќе покаже што недостигало на овој дел од автопатот Струма и дали токму тој недостаток е главната причина за несреќата. Димитров посочува и дека семејствата на неговите клиенти јасно прашуваат дали е виновен само загинатиот возач или има друга околност што довела до страшната несреќа.Тие го поставуваат и прашањето што се случило со личните работи и багажот на починатите, како и со златни вредни предмети и украси кои ги имале на себе, но не биле регистрирани од бугарските власти и никој не им ги вратил. Семејствата на загинатите и преживеаните од автобуската несреќа во Бугарија побараа паралелна истрага за утврдување на причините за трагедијата во која загинаа 45 патници, а седум беа потешко повредени. Во декември, истрагата покажа дека главна причина за настанатата катастрофа била брзината која не соодвестувала со условите на патот.

The post Започна новиот увид на автопатот Струма за несреќата со автобусот на Беса транс appeared first on Република.

]]>
Распитот по кој Спасовски може да заврши во притвор требало да почне денеска https://republika.mk/vesti/makedonija/raspitot-po-koj-spasovski-moze-da-zavrshi-vo-pritvor-trebalo-da-pochne-deneska/ Tue, 23 Aug 2022 18:32:57 +0000 https://republika.mk/?p=543392

Твитер профил кој е запознат со судско-полициските процедури и има информации за политичко-обвинителските односи и настани открива дека денеска требало да почне распитот на сведоци и осомничени за смртта на 46 лица во автобуската несреќа во Бугарија, пишува „Експрес“.

Минатата недела суспендираната обвинителка за организиран криминал, Вилма Русковска, објави дека неделава требало да почне со распит на сведоци но дека тој нема да почне затоа што таа е суспендирана.

Русковска не кажа директно дали меѓу тие што би биле повикани на распит е и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој три месеци држел во фиока документи за регистрација на автобусот што изгоре во Бугарија, но потврди дека сите документи со докази се прибрани и не го отфрли Спасовски како повикано лице.

Дали знаете, дека на 22.08.2022, требаше да почне распитот на сведоци и осомничени за случајот Беса Транс во кој загинаа 46 лица во Бугарија?

Распитот не е почнат, зашто на 16.08.2022, Љубомир Јовески ја суспендира Вилма Русковска - пишува во твитот на профилот кој објавува и прецизна временска рамка на случајот Спасовски и станицата за технички преглед каде се регистрирал автобусот на Беса транс што изгоре во Бугарија.

[caption id="attachment_543394" align="aligncenter" width="640"] Фото: Твитер[/caption]

Според инфографиката, на 25 август 2021 година Бирото за јавна безбедност испраќа до министерот Спасовски барање за забрана за работа на Виа Комерц Џемаљ, станицата за технички преглед каде е регистриран автобусот на Беса Транс.

На 5 Октомври 2021, единаесет дена откако Спасовски добива барање од полициски експерти да ја забрани работата на сервисот поради низа причини, автобусот кој се запали со 46 патници во Бугарија поминал регистрација во Виа Комерц Џемаљ.

По цели 93 дена откако од оперативци на БЈБ, Спасовски добива аргументирано барање за забрана на станицата за технички преглед и го чува во фиока, се случува несреќата во која гинат 46 луѓе.

Само три дена подоцна Спасовски потпишува решение со кое ја забранува работата на Виа Комерц Џемаљ.

Доказите за однесувањето на Спасовски и сите други актери во случајот според Русковска се веќе прибрани и обезбедени.

Зошто Спасовски кој има директни ингеренции за носење на решение чекал повеќе од 3 месеци за едноставно надминување на проблемот требаше да открие расиптор на сведоци кој сега е одложен на неодредено време а за индициите засега молчат и МВР и министерот.

Според поставеноста на МВР, министерот има директна ингеренција за носење ваков вид решенија и Спасовски речиси извесно ќе бил дел од распитот на повиканите сведоци кои ќе почнеше денеска доколку Јовески не ја суспендираше Русковска.

Обвинителката Русковска завчера негираше дека било планирано апсење затоа што јавен обвинител никогаш не може да зборува јавно за апсење на осомничен особено ако е висок функционер во владата, но таа не негираше дека се работи за можен распит на Спасовски односно на министер во Владата.

Дали Спасовски во распитот првично бил планиран да биде повикан како сведок или осомничен Русковска не се открива иако тоа е помалку важно затоа што многу често сведоци повикани на распит подоцна стануваат осомничени и обвинети.

Русковска со изјавата дека ги собрала и обезбедила сите потребни докази не остави никаков простор за дилема дали случајот Спасовски – Виа Комерц Џемаљ е спорен по било која основа.

Овие докази со суспензијата на Русковска од страна на државното обвинител Љубомир Јовески кој е избран од Владата каде Спасовски е еден од најмоќните ликови, сега ќе чекааат со месеци, особено ако во среда од страна на дисциплинската комисија на Јовески, Русковска биде трајно одстранета од својата функција од која се бори со организираниот криминал.

Доколку на распитот министерот Спасовски не дадеше соодветни објаснувања за чувањето во фиока на барањето на БЈБ за забрана за работа на Виа Комерц Џемаљ тој по основа на опасноста дека може да ја напушти Македонија, да влијае на сведоци и да го повтори делото ќе мораше да се соочи со обвинителско барање за притвор.

Распитот засега е одложен со суспензијата на Русковска од страна на Јовески кој е поставен од СДСМ, но доказите се веќе собрани, а кривичното дело кое оди кон повеќе членови од Кривичниот законик не застарува ниту ќе биде заборавено, пишува „Експрес“.

The post Распитот по кој Спасовски може да заврши во притвор требало да почне денеска appeared first on Република.

]]>

Твитер профил кој е запознат со судско-полициските процедури и има информации за политичко-обвинителските односи и настани открива дека денеска требало да почне распитот на сведоци и осомничени за смртта на 46 лица во автобуската несреќа во Бугарија, пишува „Експрес“. Минатата недела суспендираната обвинителка за организиран криминал, Вилма Русковска, објави дека неделава требало да почне со распит на сведоци но дека тој нема да почне затоа што таа е суспендирана. Русковска не кажа директно дали меѓу тие што би биле повикани на распит е и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој три месеци држел во фиока документи за регистрација на автобусот што изгоре во Бугарија, но потврди дека сите документи со докази се прибрани и не го отфрли Спасовски како повикано лице.
Дали знаете, дека на 22.08.2022, требаше да почне распитот на сведоци и осомничени за случајот Беса Транс во кој загинаа 46 лица во Бугарија?   Распитот не е почнат, зашто на 16.08.2022, Љубомир Јовески ја суспендира Вилма Русковска - пишува во твитот на профилот кој објавува и прецизна временска рамка на случајот Спасовски и станицата за технички преглед каде се регистрирал автобусот на Беса транс што изгоре во Бугарија.
[caption id="attachment_543394" align="aligncenter" width="640"] Фото: Твитер[/caption] Според инфографиката, на 25 август 2021 година Бирото за јавна безбедност испраќа до министерот Спасовски барање за забрана за работа на Виа Комерц Џемаљ, станицата за технички преглед каде е регистриран автобусот на Беса Транс. На 5 Октомври 2021, единаесет дена откако Спасовски добива барање од полициски експерти да ја забрани работата на сервисот поради низа причини, автобусот кој се запали со 46 патници во Бугарија поминал регистрација во Виа Комерц Џемаљ. По цели 93 дена откако од оперативци на БЈБ, Спасовски добива аргументирано барање за забрана на станицата за технички преглед и го чува во фиока, се случува несреќата во која гинат 46 луѓе. Само три дена подоцна Спасовски потпишува решение со кое ја забранува работата на Виа Комерц Џемаљ. Доказите за однесувањето на Спасовски и сите други актери во случајот според Русковска се веќе прибрани и обезбедени. Зошто Спасовски кој има директни ингеренции за носење на решение чекал повеќе од 3 месеци за едноставно надминување на проблемот требаше да открие расиптор на сведоци кој сега е одложен на неодредено време а за индициите засега молчат и МВР и министерот. Според поставеноста на МВР, министерот има директна ингеренција за носење ваков вид решенија и Спасовски речиси извесно ќе бил дел од распитот на повиканите сведоци кои ќе почнеше денеска доколку Јовески не ја суспендираше Русковска. Обвинителката Русковска завчера негираше дека било планирано апсење затоа што јавен обвинител никогаш не може да зборува јавно за апсење на осомничен особено ако е висок функционер во владата, но таа не негираше дека се работи за можен распит на Спасовски односно на министер во Владата. Дали Спасовски во распитот првично бил планиран да биде повикан како сведок или осомничен Русковска не се открива иако тоа е помалку важно затоа што многу често сведоци повикани на распит подоцна стануваат осомничени и обвинети. Русковска со изјавата дека ги собрала и обезбедила сите потребни докази не остави никаков простор за дилема дали случајот Спасовски – Виа Комерц Џемаљ е спорен по било која основа. Овие докази со суспензијата на Русковска од страна на државното обвинител Љубомир Јовески кој е избран од Владата каде Спасовски е еден од најмоќните ликови, сега ќе чекааат со месеци, особено ако во среда од страна на дисциплинската комисија на Јовески, Русковска биде трајно одстранета од својата функција од која се бори со организираниот криминал. Доколку на распитот министерот Спасовски не дадеше соодветни објаснувања за чувањето во фиока на барањето на БЈБ за забрана за работа на Виа Комерц Џемаљ тој по основа на опасноста дека може да ја напушти Македонија, да влијае на сведоци и да го повтори делото ќе мораше да се соочи со обвинителско барање за притвор. Распитот засега е одложен со суспензијата на Русковска од страна на Јовески кој е поставен од СДСМ, но доказите се веќе собрани, а кривичното дело кое оди кон повеќе членови од Кривичниот законик не застарува ниту ќе биде заборавено, пишува „Експрес“.

The post Распитот по кој Спасовски може да заврши во притвор требало да почне денеска appeared first on Република.

]]>