Беса Кадриу Archives - Република https://republika.mk/tema/besa-kadriu/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Oct 2023 11:34:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Беса Кадриу Archives - Република https://republika.mk/tema/besa-kadriu/ 32 32 Измените на Кривичниот законик ќе значат пониски казни за сексуална злоупотреба на деца https://republika.mk/vesti/makedonija/izmenite-na-krivichniot-zakonik-ke-znachat-poniski-kazni-za-seksualna-zloupotreba-na-detsa/ Mon, 02 Oct 2023 11:34:52 +0000 https://republika.mk/?p=687099

Новиот Кривичен законик предвидува поблаги казни и за лицата кои сексуално ќе злоупотребат деца на возраст под 14 години. Иако фокусот на измените беше ублажување на казните за злоупотреба на службената положба, експертите сметаат дека намалувањето на казните и за вакви кривични дела е алармантно. Професорката Беса Кадриу во интервју за Алсат рече дека измените се направени без соодветна стручна правна анализа.

 

„Сметам дека ова нема силна професионална и правна основа. Со ова се покажува несериозност и значи дека законите се носат само колку да се каже. Само се слуша изреката дека законите треба да се прилагодат со оние на ЕУ, но немаат никаква врска со фактичките или реалните околности“, вели Кадриу.

Според член 188 од Кривичниот законик лицата кои сексуално ќе злоупотребат малолетници ќе добијат најмалку осум години затвор. Претходно се предвидуваа најмалку 12 години. Одредбите, исто така, им ги олеснуваат казните за насилниците кои некому му предизвикале телесни повреди, па дури и смрт. За тоа во стариот законик предвидуваа најмалку 15 години, но и доживотен затвор.

Извор Алсат

The post Измените на Кривичниот законик ќе значат пониски казни за сексуална злоупотреба на деца appeared first on Република.

]]>

Новиот Кривичен законик предвидува поблаги казни и за лицата кои сексуално ќе злоупотребат деца на возраст под 14 години. Иако фокусот на измените беше ублажување на казните за злоупотреба на службената положба, експертите сметаат дека намалувањето на казните и за вакви кривични дела е алармантно. Професорката Беса Кадриу во интервју за Алсат рече дека измените се направени без соодветна стручна правна анализа.  
„Сметам дека ова нема силна професионална и правна основа. Со ова се покажува несериозност и значи дека законите се носат само колку да се каже. Само се слуша изреката дека законите треба да се прилагодат со оние на ЕУ, но немаат никаква врска со фактичките или реалните околности“, вели Кадриу.
Според член 188 од Кривичниот законик лицата кои сексуално ќе злоупотребат малолетници ќе добијат најмалку осум години затвор. Претходно се предвидуваа најмалку 12 години. Одредбите, исто така, им ги олеснуваат казните за насилниците кои некому му предизвикале телесни повреди, па дури и смрт. За тоа во стариот законик предвидуваа најмалку 15 години, но и доживотен затвор. Извор Алсат

The post Измените на Кривичниот законик ќе значат пониски казни за сексуална злоупотреба на деца appeared first on Република.

]]>