Бериша Archives - Република https://republika.mk/tema/berisha/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Aug 2023 10:26:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бериша Archives - Република https://republika.mk/tema/berisha/ 32 32 Бериша повика на масовни протести за да се „урне мафијашката власт на чело со Еди Рама“ https://republika.mk/vesti/balkan/berisha-povika-na-masovni-protesti-za-da-se-urne-mafijashkata-vlast-na-chelo-so-edi-rama/ Thu, 24 Aug 2023 10:26:31 +0000 https://republika.mk/?p=675317

Поранешниот албански претседател, експремиер и лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша ги повика граѓаните и демократите да се кренат на протести против владата.

Зборувајќи на состанокот на партиското претседателство, Бериша рече дека „опозицијата сега е на најважната мисија во својата историја од нејзиното основање“ и додаде „наша должност е да се соочиме. Немаме друг избор“.

Понатаму, Сали Бериша истакна дека должност на опозицијата е да го убеди секој член и симпатизер да излезе на протести.

-Во Албанија е кристално јасно дека опозицијата е на најважната мисија во нејзината историја од нејзиното основање, мисија со која мора да ја урне оваа мафијашка власт на чело со Еди Рама, која нема друг национален интерес, освен да се збогати себеси и неговиот клан. Еди Рама е решен да го жртвува секој закон, секој однос за да ја консолидира својата моќ, обвинил Бериша, пренесува весникот „Која јон“.

Според него „овие криминалци треба да ја напуштат власта час порано, зашто тие го претворија богатството на земјата во лично богатство, на криминалот, на членовите на нивните семејства“.

The post Бериша повика на масовни протести за да се „урне мафијашката власт на чело со Еди Рама“ appeared first on Република.

]]>

Поранешниот албански претседател, експремиер и лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша ги повика граѓаните и демократите да се кренат на протести против владата. Зборувајќи на состанокот на партиското претседателство, Бериша рече дека „опозицијата сега е на најважната мисија во својата историја од нејзиното основање“ и додаде „наша должност е да се соочиме. Немаме друг избор“. Понатаму, Сали Бериша истакна дека должност на опозицијата е да го убеди секој член и симпатизер да излезе на протести. -Во Албанија е кристално јасно дека опозицијата е на најважната мисија во нејзината историја од нејзиното основање, мисија со која мора да ја урне оваа мафијашка власт на чело со Еди Рама, која нема друг национален интерес, освен да се збогати себеси и неговиот клан. Еди Рама е решен да го жртвува секој закон, секој однос за да ја консолидира својата моќ, обвинил Бериша, пренесува весникот „Која јон“. Според него „овие криминалци треба да ја напуштат власта час порано, зашто тие го претворија богатството на земјата во лично богатство, на криминалот, на членовите на нивните семејства“.

The post Бериша повика на масовни протести за да се „урне мафијашката власт на чело со Еди Рама“ appeared first on Република.

]]>
И Партијата на Грците во изборна коалиција со Бериша https://republika.mk/vesti/balkan/i-partijata-na-grtsite-vo-izborna-koalitsija-so-berisha/ Sat, 28 Jan 2023 18:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=602057

Се окрупнува опозицијата предводена од демократот Сали Бериша за локалните избори што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, 2023 година.

По договорот со Партијата на слободата на Илир Мета, за заеднички настап, Бериша постигна ваков договор и со Партијата за единство и заштита на човековите права на Вангел Дуле, инаку партија на Грците во Албанија.

– Заедно одиме кон изборен триумф. Слободно дадениот глас ќе ја врати демократијата во земјата. Според договорот, Демократската партија нема свои кандидати во општините каде Партијата на нашиот сојузник Дуле веќе утврди свои кандидати, објави Бериша.

Претходно Партијата на Дуле и грчкото друштво “Омонија” ги утврдија кандидатите за градоначалници во Финиќ, Дропул и Химара, во јужниот дел на земјата, населени главно со Грци.

Во Финиќ кандидат ќе биде актуелниот градоначалник Леонида Кристо, во Дропул, Танас Манека, додека во Химара, Фреди Белери.

Леонида Кристо, кој довербата ќе ја бара по вторпат, на минатите избори беше единствен кандидат кој освои градоначалничко место во вкупно 61 општина, останатите беа од владејачката Социјалистичка партија, бидејќи здружената опозиција ги бојкотираше истите.

The post И Партијата на Грците во изборна коалиција со Бериша appeared first on Република.

]]>

Се окрупнува опозицијата предводена од демократот Сали Бериша за локалните избори што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, 2023 година. По договорот со Партијата на слободата на Илир Мета, за заеднички настап, Бериша постигна ваков договор и со Партијата за единство и заштита на човековите права на Вангел Дуле, инаку партија на Грците во Албанија.
– Заедно одиме кон изборен триумф. Слободно дадениот глас ќе ја врати демократијата во земјата. Според договорот, Демократската партија нема свои кандидати во општините каде Партијата на нашиот сојузник Дуле веќе утврди свои кандидати, објави Бериша. Претходно Партијата на Дуле и грчкото друштво “Омонија” ги утврдија кандидатите за градоначалници во Финиќ, Дропул и Химара, во јужниот дел на земјата, населени главно со Грци. Во Финиќ кандидат ќе биде актуелниот градоначалник Леонида Кристо, во Дропул, Танас Манека, додека во Химара, Фреди Белери. Леонида Кристо, кој довербата ќе ја бара по вторпат, на минатите избори беше единствен кандидат кој освои градоначалничко место во вкупно 61 општина, останатите беа од владејачката Социјалистичка партија, бидејќи здружената опозиција ги бојкотираше истите.

The post И Партијата на Грците во изборна коалиција со Бериша appeared first on Република.

]]>