бенјамин нетанјаху Archives - Република https://republika.mk/tema/benjamin-netanjahu/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 16:53:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бенјамин нетанјаху Archives - Република https://republika.mk/tema/benjamin-netanjahu/ 32 32 Нетанјаху му нареди на Мосад да подготви план за спречување немири на спортски настани во странство https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-mu-naredi-na-mosad-da-podgotvi-plan-za-sprechuvane-nemiri-na-sportski-nastani-vo-stranstvo/ Fri, 08 Nov 2024 17:09:46 +0000 https://republika.mk/?p=835681

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска и нареди на шпионската агенција Мосад да подготви план за спречување на немири и насилство во странство.

Неговата одлука уследи по судирите откако заврши вчерашниот фудбалскиот натпревар помеѓу холандски Ајакс и израелскиот Макаби Тел Авив во Амстердам, при што се уапсени 62 лица.

- Им наложив на шефот на Мосад (на Давид Барне) и на другите официјални лица да ги подготват нашите правци на дејствување, нашиот систем за тревога и нашата организација за новата ситуација, истакна Нетанјаху.

The post Нетанјаху му нареди на Мосад да подготви план за спречување немири на спортски настани во странство appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска и нареди на шпионската агенција Мосад да подготви план за спречување на немири и насилство во странство. Неговата одлука уследи по судирите откако заврши вчерашниот фудбалскиот натпревар помеѓу холандски Ајакс и израелскиот Макаби Тел Авив во Амстердам, при што се уапсени 62 лица.
- Им наложив на шефот на Мосад (на Давид Барне) и на другите официјални лица да ги подготват нашите правци на дејствување, нашиот систем за тревога и нашата организација за новата ситуација, истакна Нетанјаху.

The post Нетанјаху му нареди на Мосад да подготви план за спречување немири на спортски настани во странство appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху во фокусот на скандал: Уапсен негов помошник поради истекување информации https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-vo-fokusot-na-skandal-uapsen-negov-pomoshnik-poradi-istekuvane-informatsii/ Mon, 04 Nov 2024 12:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=834024

Сомнителното истекување на доверливи документи за Газа во кои е вклучен помошник на премиерот Бенјамин Нетанјаху ја потресе израелската политика и ги налути семејствата на заложниците кои ги држеше Хамас, кои се залагаат за договор за враќање на нивните најблиски дома.

Полека излегуваат детали за случајот поради забраната за објавување информации. Сепак, одлуката на судот за делумно укинување на забраната го даде првиот увид во случајот, при што судот рече дека безбедноста на изворот е загрозена и дека напорите на Израел да ги ослободи заложниците можеби биле загрозени.

Доверливи и чувствителни разузнавачки информации беа земени од системите на ИД (Израелските одбранбени сили) и незаконски протекоа“, рече судијата на Окружниот суд Ришон Ле-Зион во пресудата во неделата, која рече дека може да предизвика „сериозна штета на безбедноста на држава“ и претставува ризик за изворите на информации“. Судот рече дека протекувањето може да ги загрози напорите за ослободување на заложниците.

Нетанјаху негираше каква било злоупотреба од страна на неговиоте најблиски соработници од неговиот кабинет , изјавувајќи дека за објавениот документ дознал од медиумите.

Четворицата осомничени – еден портпарол од кабинетот на Нетанјаху и тројца членови на безбедносниот сектор – засега не се произнесоа за обвинувањата.

Според израелскиот весник Хаарец, кој заедно со другите медиуми повика на укинување на забраната за објавување, детали од спорниот документ беа објавени во германскиот весник Билд на 6 септември. Статијата, означена како ексклузивна, која наводно ја прикажува преговарачката стратегија на Хамас, палестинската милитантна група со која Израел се бори во Газа повеќе од една година.

Во тоа време, САД, Катар и Египет посредуваа во преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кои требаше да вклучуваат договор за ослободување на заложниците во Газа. Сепак, преговорите пропаднаа, а Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за застојот на преговорите . Написот во голема мера ги потврди обвинувањата на Нетанјаху против Хамас за ќор-сокак во преговорите.

Документите беа објавени неколку дена откако шест израелски заложници беа пронајдени погубени во тунелот на Хамас во јужниот дел на Газа. Нивното убиство предизвика масовни протести во Израел и гнев кај семејствата на заложниците, кои го обвинија Нетанјаху дека поради политички причини ги саботира преговорите за прекин на огнот .

Во саботата дел од тие семејства се приклучија на барањето на израелските новинари за укинување на забраната за објавување информации.

Тие чекаат цела година да слушнат какви било разузнавачки информации или информации за преговорите за ослободување на тие заложници. Доколку некој дел од тие информации бил украден од воени извори, веруваме дека семејствата имаат право да ги знаат сите релевантни детали, рече нивниот адвокат Дана Пугач.

На друго рочиште во неделата, поврзано со истрагата на домашната безбедносна служба Шин Бет, полицијата и војската, судот нареди ослободување на еден осомничен додека другите се приведени.

Запрашани за истрагата, од весникот Билд посочија дека нема да ги коментираат своите извори.

Автентичноста на нам познат документот беше потврдена од ИД (Израелските одбранбени сили) веднаш по неговото објавување, наведуваат од германскиот весник.

The post Нетанјаху во фокусот на скандал: Уапсен негов помошник поради истекување информации appeared first on Република.

]]>

Сомнителното истекување на доверливи документи за Газа во кои е вклучен помошник на премиерот Бенјамин Нетанјаху ја потресе израелската политика и ги налути семејствата на заложниците кои ги држеше Хамас, кои се залагаат за договор за враќање на нивните најблиски дома. Полека излегуваат детали за случајот поради забраната за објавување информации. Сепак, одлуката на судот за делумно укинување на забраната го даде првиот увид во случајот, при што судот рече дека безбедноста на изворот е загрозена и дека напорите на Израел да ги ослободи заложниците можеби биле загрозени. Доверливи и чувствителни разузнавачки информации беа земени од системите на ИД (Израелските одбранбени сили) и незаконски протекоа“, рече судијата на Окружниот суд Ришон Ле-Зион во пресудата во неделата, која рече дека може да предизвика „сериозна штета на безбедноста на држава“ и претставува ризик за изворите на информации“. Судот рече дека протекувањето може да ги загрози напорите за ослободување на заложниците. Нетанјаху негираше каква било злоупотреба од страна на неговиоте најблиски соработници од неговиот кабинет , изјавувајќи дека за објавениот документ дознал од медиумите. Четворицата осомничени – еден портпарол од кабинетот на Нетанјаху и тројца членови на безбедносниот сектор – засега не се произнесоа за обвинувањата. Според израелскиот весник Хаарец, кој заедно со другите медиуми повика на укинување на забраната за објавување, детали од спорниот документ беа објавени во германскиот весник Билд на 6 септември. Статијата, означена како ексклузивна, која наводно ја прикажува преговарачката стратегија на Хамас, палестинската милитантна група со која Израел се бори во Газа повеќе од една година. Во тоа време, САД, Катар и Египет посредуваа во преговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кои требаше да вклучуваат договор за ослободување на заложниците во Газа. Сепак, преговорите пропаднаа, а Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за застојот на преговорите . Написот во голема мера ги потврди обвинувањата на Нетанјаху против Хамас за ќор-сокак во преговорите. Документите беа објавени неколку дена откако шест израелски заложници беа пронајдени погубени во тунелот на Хамас во јужниот дел на Газа. Нивното убиство предизвика масовни протести во Израел и гнев кај семејствата на заложниците, кои го обвинија Нетанјаху дека поради политички причини ги саботира преговорите за прекин на огнот . Во саботата дел од тие семејства се приклучија на барањето на израелските новинари за укинување на забраната за објавување информации. Тие чекаат цела година да слушнат какви било разузнавачки информации или информации за преговорите за ослободување на тие заложници. Доколку некој дел од тие информации бил украден од воени извори, веруваме дека семејствата имаат право да ги знаат сите релевантни детали, рече нивниот адвокат Дана Пугач. На друго рочиште во неделата, поврзано со истрагата на домашната безбедносна служба Шин Бет, полицијата и војската, судот нареди ослободување на еден осомничен додека другите се приведени. Запрашани за истрагата, од весникот Билд посочија дека нема да ги коментираат своите извори. Автентичноста на нам познат документот беше потврдена од ИД (Израелските одбранбени сили) веднаш по неговото објавување, наведуваат од германскиот весник.

The post Нетанјаху во фокусот на скандал: Уапсен негов помошник поради истекување информации appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Израел е способен да постигне каква било цел во Иран ако се појави потреба https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-izrael-e-sposoben-da-postigne-kakva-bilo-tsel-vo-iran-ako-se-pojavi-potreba/ Fri, 01 Nov 2024 09:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=833019

Израел е способен да постигне каква било цел во Иран ако се појави потреба, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

Нетанјаху, во говорот пред новите воени офицери, рече дека Израел има невидена слобода на дејствување по недамнешните воздушни напади врз Иран, пренесе „Ројтерс“.

„Денес, Израел има повеќе слобода на дејствување во Иран од кога било. Можеме да стигнеме на кое било место во Иран ако е потребно“, нагласи Нетанјаху.

Според него, примарна цел што им ја дал на израелските одбранбени и безбедносни сили е да го спречат Иран да дојде до нуклеарно оружје.

Израелската армија го нападна Иран во текот на ноќта меѓу 25 и 26 октомври, а за време на нападот, кој траеше пет часа, мета беа 20 цели во таа земја.

Серијата експлозии се слушнаа околу Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври, кога беа лансирани повеќе од 180 ракети како одмазда за убиствата милитантните групи Хамас и Хезболах, како и агресијата во Газа и Либан.

The post Нетанјаху: Израел е способен да постигне каква било цел во Иран ако се појави потреба appeared first on Република.

]]>

Израел е способен да постигне каква било цел во Иран ако се појави потреба, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху. Нетанјаху, во говорот пред новите воени офицери, рече дека Израел има невидена слобода на дејствување по недамнешните воздушни напади врз Иран, пренесе „Ројтерс“. „Денес, Израел има повеќе слобода на дејствување во Иран од кога било. Можеме да стигнеме на кое било место во Иран ако е потребно“, нагласи Нетанјаху. Според него, примарна цел што им ја дал на израелските одбранбени и безбедносни сили е да го спречат Иран да дојде до нуклеарно оружје. Израелската армија го нападна Иран во текот на ноќта меѓу 25 и 26 октомври, а за време на нападот, кој траеше пет часа, мета беа 20 цели во таа земја. Серијата експлозии се слушнаа околу Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври, кога беа лансирани повеќе од 180 ракети како одмазда за убиствата милитантните групи Хамас и Хезболах, како и агресијата во Газа и Либан.

The post Нетанјаху: Израел е способен да постигне каква било цел во Иран ако се појави потреба appeared first on Република.

]]>
Да ја одложи венчавката: Нетанјаху со барање до својот син https://republika.mk/vesti/svet/da-ja-odlozhi-venchavkata-netanjahu-so-barane-do-svojot-sin/ Wed, 30 Oct 2024 11:18:10 +0000 https://republika.mk/?p=832404

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара од својот син Авнер да ја одложи венчавката закажана за 26 ноември, наведувајќи ги безбедносните причини како клучен фактор во одлуката.

Церемонијата требаше да се одржи на фармата Ронит во регионот Шарон, недалеку од Тел Авив, место познато по организирање на семејни прослави.

Како што пишува „Тајмс оф Израел“, Нетанјаху разговарал со своите соработници за можните безбедносни предизвици што би можеле да произлезат од собирањето на ваков јавен настан, особено поради неодамнешните инциденти со беспилотни летала во регионот. Еден таков инцидент се случи пред неколку недели, кога дрон лансиран од позиција на Хезболах го оштети прозорецот на резиденцијата на премиерот. Овој настан дополнително ги истакна можните ризици поврзани со големите собири, пренесуваат медиумите во регионот.

Медиумите неколку пати се обидоа да добијат официјален коментар од кабинетот на Нетанјаху во врска со ова барање, но премиерот се уште не одговорил на овие прашања.

Оваа одлука за одложување на венчавката доаѓа во време кога Израел е соочен со зголемени тензии и потреба од дополнителни безбедносни мерки, што е тема од особен интерес на јавноста и домашната политичка сцена.

The post Да ја одложи венчавката: Нетанјаху со барање до својот син appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара од својот син Авнер да ја одложи венчавката закажана за 26 ноември, наведувајќи ги безбедносните причини како клучен фактор во одлуката. Церемонијата требаше да се одржи на фармата Ронит во регионот Шарон, недалеку од Тел Авив, место познато по организирање на семејни прослави. Како што пишува „Тајмс оф Израел“, Нетанјаху разговарал со своите соработници за можните безбедносни предизвици што би можеле да произлезат од собирањето на ваков јавен настан, особено поради неодамнешните инциденти со беспилотни летала во регионот. Еден таков инцидент се случи пред неколку недели, кога дрон лансиран од позиција на Хезболах го оштети прозорецот на резиденцијата на премиерот. Овој настан дополнително ги истакна можните ризици поврзани со големите собири, пренесуваат медиумите во регионот. Медиумите неколку пати се обидоа да добијат официјален коментар од кабинетот на Нетанјаху во врска со ова барање, но премиерот се уште не одговорил на овие прашања. Оваа одлука за одложување на венчавката доаѓа во време кога Израел е соочен со зголемени тензии и потреба од дополнителни безбедносни мерки, што е тема од особен интерес на јавноста и домашната политичка сцена.

The post Да ја одложи венчавката: Нетанјаху со барање до својот син appeared first on Република.

]]>
Трамп ќе изврши притисок врз Нетанјаху доколку победи на изборите https://republika.mk/vesti/svet/tramp-ke-izvrshi-pritisok-vrz-netanjahu-dokolku-pobedi-na-izborite/ Tue, 29 Oct 2024 13:08:52 +0000 https://republika.mk/?p=832078 фото: Х

Доналд Трамп, доколку се врати во Белата куќа, ќе изврши притисок врз израелскиот премиер во врска со мирното решавање на конфликтот на Блискиот Исток, пишува „Фајненшл тајмс“.

Луѓето блиски до Трамп велат дека тој не би се оддалечил од притисокот врз Нетанјаху ако мисли дека е вистинското време да се заложи за решение. Едно сценарио за акцијата на Трамп доколку се врати на власт е дека тој брзо би го поканил Нетанјаху во Вашингтон за да посредува за прекин на огнот. тоа води до враќање на заложниците земени од Хамас и мировен договор“, пишува весникот.

Како израелскиот премиер би одговорил на такво сценарио останува непознато, но Трамп сака да се врати на идејата за голем договор со Израел и Саудиска Арабија за долгорочен мир во регионот.

The post Трамп ќе изврши притисок врз Нетанјаху доколку победи на изборите appeared first on Република.

]]>
фото: Х

Доналд Трамп, доколку се врати во Белата куќа, ќе изврши притисок врз израелскиот премиер во врска со мирното решавање на конфликтот на Блискиот Исток, пишува „Фајненшл тајмс“.
Луѓето блиски до Трамп велат дека тој не би се оддалечил од притисокот врз Нетанјаху ако мисли дека е вистинското време да се заложи за решение. Едно сценарио за акцијата на Трамп доколку се врати на власт е дека тој брзо би го поканил Нетанјаху во Вашингтон за да посредува за прекин на огнот. тоа води до враќање на заложниците земени од Хамас и мировен договор“, пишува весникот.
Како израелскиот премиер би одговорил на такво сценарио останува непознато, но Трамп сака да се врати на идејата за голем договор со Израел и Саудиска Арабија за долгорочен мир во регионот.

The post Трамп ќе изврши притисок врз Нетанјаху доколку победи на изборите appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Израел не доби предлог за договор за прекин на огнот и ослободување на заложници во Газа https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-izrael-ne-dobi-predlog-za-dogovor-za-prekin-na-ognot-i-osloboduvane-na-zalozhnitsi-vo-gaza/ Tue, 29 Oct 2024 08:10:53 +0000 https://republika.mk/?p=831915

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не добил предлог за договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, според неговиот портпарол, по обновувањето на разговорите на високо ниво.

Медиумите претходно објавија дека Египет предложил дводневно примирје во Газа во неделата, што ќе овозможи размена на четворица израелски заложници држени во енклавата за неодреден број палестински затвореници кои ги држел Израел.

Израел не доби предлог за ослободување на четворицата заложници во замена за 48-часовен прекин на огнот во Газа, рече Нетанјаху за време на затворениот состанок на партијата Ликуд, според неговиот портпарол Омер Достри.

Доколку беше презентиран таков предлог, премиерот веднаш ќе го прифатеше, додаде Достри.

The post Нетанјаху: Израел не доби предлог за договор за прекин на огнот и ослободување на заложници во Газа appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху не добил предлог за договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, според неговиот портпарол, по обновувањето на разговорите на високо ниво. Медиумите претходно објавија дека Египет предложил дводневно примирје во Газа во неделата, што ќе овозможи размена на четворица израелски заложници држени во енклавата за неодреден број палестински затвореници кои ги држел Израел. Израел не доби предлог за ослободување на четворицата заложници во замена за 48-часовен прекин на огнот во Газа, рече Нетанјаху за време на затворениот состанок на партијата Ликуд, според неговиот портпарол Омер Достри. Доколку беше презентиран таков предлог, премиерот веднаш ќе го прифатеше, додаде Достри.

The post Нетанјаху: Израел не доби предлог за договор за прекин на огнот и ослободување на заложници во Газа appeared first on Република.

]]>
За дронот кој влета во спалната на Нетанјаху одговорност презеде Хезболах https://republika.mk/vesti/svet/za-dronot-koj-vleta-vo-spalnata-na-netanjahu-odgovornost-prezede-hezbolah/ Tue, 22 Oct 2024 19:59:05 +0000 https://republika.mk/?p=830001

Либанската шиитска група Хезболах, поддржана од Иран, ја презеде одговорноста за нападот со беспилотно летало во саботата врз резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јави ДПА.

Израелските медиуми во саботата објавија дека дрон го скршил прозорецот од спалната соба во куќата на Нетанјаху во градот Цезарија, потсетува агенцијата. Во тој момент премиерот и неговата сопруга не биле во резиденцијата. Според израелската армија, во нападот нема повредени.

Хезболах признава дека цел бил домот на криминалецот и водач на ционистичкиот фашизам, изјави Мохамед Афифи, шеф на прес-службата на групата на денешната прес-конференција.

Покрај тоа, претставникот на Хезболах ја критикуваше германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за нејзините неодамнешни изјави во врска со воениот конфликт во Либан, велејќи дека „таа го оправдува убивањето цивили од страна на ционистичкиот непријател“.

Афифи посочи дека нема да има преговори со Израел „се додека трае огнот“.

The post За дронот кој влета во спалната на Нетанјаху одговорност презеде Хезболах appeared first on Република.

]]>

Либанската шиитска група Хезболах, поддржана од Иран, ја презеде одговорноста за нападот со беспилотно летало во саботата врз резиденцијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јави ДПА. Израелските медиуми во саботата објавија дека дрон го скршил прозорецот од спалната соба во куќата на Нетанјаху во градот Цезарија, потсетува агенцијата. Во тој момент премиерот и неговата сопруга не биле во резиденцијата. Според израелската армија, во нападот нема повредени.
Хезболах признава дека цел бил домот на криминалецот и водач на ционистичкиот фашизам, изјави Мохамед Афифи, шеф на прес-службата на групата на денешната прес-конференција.
Покрај тоа, претставникот на Хезболах ја критикуваше германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок за нејзините неодамнешни изјави во врска со воениот конфликт во Либан, велејќи дека „таа го оправдува убивањето цивили од страна на ционистичкиот непријател“. Афифи посочи дека нема да има преговори со Израел „се додека трае огнот“.

The post За дронот кој влета во спалната на Нетанјаху одговорност презеде Хезболах appeared first on Република.

]]>
Израелски медиуми: „Иран се обиде да го убие Нетанјаху“ https://republika.mk/vesti/svet/izraelski-mediumi-iran-se-obide-da-go-ubie-netanjahu/ Sat, 19 Oct 2024 18:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=828931

Висок израелски владин претставник, наводно, рекол дека „Иран се обидел да го убие израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху“.

Вестите на ТВ Канал 12 цитираа висок израелски владин функционер кој рече:

„Иран се обиде да го убие Нетанјаху“.

Приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Цезареја била цел на напад со дрон испратен од Либан утринава, потврди неговиот кабинет.

Во кусото соопштение се наведува дека Нетанјаху и неговата сопруга Сара не биле дома во моментот на нападот и дека во инцидентот нема повредени.

The post Израелски медиуми: „Иран се обиде да го убие Нетанјаху“ appeared first on Република.

]]>

Висок израелски владин претставник, наводно, рекол дека „Иран се обидел да го убие израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху“. Вестите на ТВ Канал 12 цитираа висок израелски владин функционер кој рече:
„Иран се обиде да го убие Нетанјаху“.
Приватната резиденција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Цезареја била цел на напад со дрон испратен од Либан утринава, потврди неговиот кабинет. Во кусото соопштение се наведува дека Нетанјаху и неговата сопруга Сара не биле дома во моментот на нападот и дека во инцидентот нема повредени.

The post Израелски медиуми: „Иран се обиде да го убие Нетанјаху“ appeared first on Република.

]]>
Со дрон нападнат домот на Нетанјаху, тој порача дека ништо нема да го одврати https://republika.mk/vesti/svet/so-dron-napadnat-domot-na-netanjahu-toj-poracha-deka-nishto-nema-da-go-odvrati/ Sat, 19 Oct 2024 14:58:41 +0000 https://republika.mk/?p=828847

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се огласи денеска, откако неговиот дом во Цезареја, на северот на Израел, бил нападнат со дрон од Либан, дека „ништо нема да го одврати“ и дека Израел „ќе победи во оваа војна“.

Знаете, пред два дена го убивме масовниот убиец Јахја Синвар и како што реков, ние сме во војна каде што се бориме за опстанок. Ќе продолжиме до крај. Сакам да кажам уште една работа, тоа е дека горд сум на нашите војници, команданти и горд сум на граѓаните на Израел“, рече Нетанјаху.

 

The post Со дрон нападнат домот на Нетанјаху, тој порача дека ништо нема да го одврати appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се огласи денеска, откако неговиот дом во Цезареја, на северот на Израел, бил нападнат со дрон од Либан, дека „ништо нема да го одврати“ и дека Израел „ќе победи во оваа војна“.
Знаете, пред два дена го убивме масовниот убиец Јахја Синвар и како што реков, ние сме во војна каде што се бориме за опстанок. Ќе продолжиме до крај. Сакам да кажам уште една работа, тоа е дека горд сум на нашите војници, команданти и горд сум на граѓаните на Израел“, рече Нетанјаху.
 

The post Со дрон нападнат домот на Нетанјаху, тој порача дека ништо нема да го одврати appeared first on Република.

]]>
Цел на Хезболах бил израелскиот премиер: Дрон од Либан удри во близина на домот на Нетанјаху https://republika.mk/vesti/svet/tsel-na-hezbolah-bil-izraelskiot-premier-dron-od-liban-udri-vo-blizina-na-domot-na-netanjahu/ Sat, 19 Oct 2024 08:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=828708

Беспилотно летало лансирано од Либан удрило во зграда во израелскиот град Цезареја, каде што живее израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти израелската војска.

Според извештаите на израелските медиуми, првично не било познато дали Нетанјаху бил во крајбрежното одморалиште лоцирано меѓу Тел Авив и Хаифа во моментот на нападот.

Во инцидентот нема повредени, соопшти армијата. Пресретнати се уште два летечки објекти без екипаж.

Воздушна тревога имаше и во Тел Авив, 55 километри јужно, бидејќи беспилотно летало наводно се приближувало до областа Глилот, каде што се наоѓа седиштето на израелската надворешна разузнавачка служба Мосад и уште еден разузнавачки центар.

Според армијата, сирените се огласиле на многу други локации во северен Израел, вклучувајќи го и градот Тиберија на западниот брег на Галилејското Море.

Либанската шиитска милиција Хезболах, која е во сојуз со Хамас во Појасот Газа, речиси секојдневно истрелува ракети и беспилотни летала врз Израел од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година.

По веста за смртта на лидерот на Хамас, Јехја ал Синвар во Газа, милицијата поддржана од Иран најави „нова фаза на ескалација“.

The post Цел на Хезболах бил израелскиот премиер: Дрон од Либан удри во близина на домот на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

Беспилотно летало лансирано од Либан удрило во зграда во израелскиот град Цезареја, каде што живее израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, соопшти израелската војска. Според извештаите на израелските медиуми, првично не било познато дали Нетанјаху бил во крајбрежното одморалиште лоцирано меѓу Тел Авив и Хаифа во моментот на нападот. Во инцидентот нема повредени, соопшти армијата. Пресретнати се уште два летечки објекти без екипаж. Воздушна тревога имаше и во Тел Авив, 55 километри јужно, бидејќи беспилотно летало наводно се приближувало до областа Глилот, каде што се наоѓа седиштето на израелската надворешна разузнавачка служба Мосад и уште еден разузнавачки центар. Според армијата, сирените се огласиле на многу други локации во северен Израел, вклучувајќи го и градот Тиберија на западниот брег на Галилејското Море. Либанската шиитска милиција Хезболах, која е во сојуз со Хамас во Појасот Газа, речиси секојдневно истрелува ракети и беспилотни летала врз Израел од почетокот на војната во Газа во октомври минатата година. По веста за смртта на лидерот на Хамас, Јехја ал Синвар во Газа, милицијата поддржана од Иран најави „нова фаза на ескалација“.

The post Цел на Хезболах бил израелскиот премиер: Дрон од Либан удри во близина на домот на Нетанјаху appeared first on Република.

]]>
Војната сè уште не е завршена, најавува Нетанјаху https://republika.mk/vesti/svet/vojnata-se-ushte-ne-e-zavrshena-najavuva-netanjahu/ Fri, 18 Oct 2024 13:16:48 +0000 https://republika.mk/?p=828539

Ветувањата на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека ќе продолжи со израелските војни во Газа и Либан ги уништија надежите дека убиството на лидерот на Хамас Јахја Синвар може да помогне да се стави крај на повеќе од една година ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

Во меѓувреме, либанската милитантна група Хезболах вети дека ќе ги ескалира борбите против Израел, а неговиот поддржувач Иран рече дека „духот на отпорот“ ќе биде зајакнат со смртта на нејзиниот палестински сојузник Синвар во Газа.

Синвар, организатор на нападот на 7 октомври 2023 година, кој ја предизвика војната во Газа, беше убиен за време на операцијата на израелските војници во палестинската енклава во средата, клучен настан во едногодишниот конфликт.

Нетанјаху го нарече убиството на Синвар пресвртница доцна во четвртокот, но вети дека ќе продолжи со војната, која во последните недели се прошири од борби против палестинската група Хамас во Газа во инвазија на јужен Либан и бомбардирање на големи делови од земјата.

„Војната, драги мои, сè уште не е завршена“, им рече Нетанјаху на Израелците, велејќи дека борбите ќе продолжат се` додека не бидат ослободени заложниците кои ги држи Хамас.

„Имаме пред нас одлична можност да ја запреме оската на злото и да создадеме поинаква иднина“, додаде тој, мислејќи на Иран и неговите милитантни сојузници низ целиот регион во Газа, Либан, Сирија, Ирак и Јемен.

Коментарите на Нетанјаху беа во контраст со западните лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека смртта на Синвар нуди шанса за завршување на конфликтот.

САД сакаат да започнат преговори за прекин на огнот и да обезбедат ослободување на заложниците, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер, додавајќи дека Синвар одбивал да преговара.

„Таа пречка очигледно е отстранета. Не може да се предвиди дека тоа значи дека кој и да го замени (Синвар) ќе се согласи на прекин на огнот, но го отстранува она што во последните месеци беше главна пречка за да се добие таков“, рече тој.

Еден висок дипломат кој работи во Либан, изјави за Ројтерс дека надежите дека со смртта на Синвар ќе се стави крај на војната изгледаат погрешни.

„Се надевавме, навистина во текот на ова, дека ослободувањето од Синвар ќе биде пресвртна точка каде што ќе завршат војните… каде што секој ќе биде подготвен да го спушти оружјето. Се чини дека уште еднаш погрешивме“, рече дипломатот.

Месечните напори на САД да посредуваат за прекин на огнот со Хамас и Хезболах, пропаднаа бидејќи Израел продолжува со своите војни, а неговиот голем непријател Иран изгледаше главно немоќен да се спротивстави на воената моќ на Израел, вклучително и на американското оружје.

Конфликтот ги предизвика првите директни иранско-израелски конфронтации, вклучително и ракетни напади врз Израел во април и октомври.

Нетанјаху вети дека ќе одговори на октомврискиот напад, кој предизвика мала штета.

Вашингтон го притисна Израел да ги ограничи целите и да не ги напаѓа иранските енергетски објекти или нуклеарни локации.

The post Војната сè уште не е завршена, најавува Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

Ветувањата на премиерот Бенјамин Нетанјаху дека ќе продолжи со израелските војни во Газа и Либан ги уништија надежите дека убиството на лидерот на Хамас Јахја Синвар може да помогне да се стави крај на повеќе од една година ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Во меѓувреме, либанската милитантна група Хезболах вети дека ќе ги ескалира борбите против Израел, а неговиот поддржувач Иран рече дека „духот на отпорот“ ќе биде зајакнат со смртта на нејзиниот палестински сојузник Синвар во Газа. Синвар, организатор на нападот на 7 октомври 2023 година, кој ја предизвика војната во Газа, беше убиен за време на операцијата на израелските војници во палестинската енклава во средата, клучен настан во едногодишниот конфликт. Нетанјаху го нарече убиството на Синвар пресвртница доцна во четвртокот, но вети дека ќе продолжи со војната, која во последните недели се прошири од борби против палестинската група Хамас во Газа во инвазија на јужен Либан и бомбардирање на големи делови од земјата. „Војната, драги мои, сè уште не е завршена“, им рече Нетанјаху на Израелците, велејќи дека борбите ќе продолжат се` додека не бидат ослободени заложниците кои ги држи Хамас. „Имаме пред нас одлична можност да ја запреме оската на злото и да создадеме поинаква иднина“, додаде тој, мислејќи на Иран и неговите милитантни сојузници низ целиот регион во Газа, Либан, Сирија, Ирак и Јемен. Коментарите на Нетанјаху беа во контраст со западните лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека смртта на Синвар нуди шанса за завршување на конфликтот. САД сакаат да започнат преговори за прекин на огнот и да обезбедат ослободување на заложниците, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер, додавајќи дека Синвар одбивал да преговара. „Таа пречка очигледно е отстранета. Не може да се предвиди дека тоа значи дека кој и да го замени (Синвар) ќе се согласи на прекин на огнот, но го отстранува она што во последните месеци беше главна пречка за да се добие таков“, рече тој. Еден висок дипломат кој работи во Либан, изјави за Ројтерс дека надежите дека со смртта на Синвар ќе се стави крај на војната изгледаат погрешни. „Се надевавме, навистина во текот на ова, дека ослободувањето од Синвар ќе биде пресвртна точка каде што ќе завршат војните… каде што секој ќе биде подготвен да го спушти оружјето. Се чини дека уште еднаш погрешивме“, рече дипломатот. Месечните напори на САД да посредуваат за прекин на огнот со Хамас и Хезболах, пропаднаа бидејќи Израел продолжува со своите војни, а неговиот голем непријател Иран изгледаше главно немоќен да се спротивстави на воената моќ на Израел, вклучително и на американското оружје. Конфликтот ги предизвика првите директни иранско-израелски конфронтации, вклучително и ракетни напади врз Израел во април и октомври. Нетанјаху вети дека ќе одговори на октомврискиот напад, кој предизвика мала штета. Вашингтон го притисна Израел да ги ограничи целите и да не ги напаѓа иранските енергетски објекти или нуклеарни локации.

The post Војната сè уште не е завршена, најавува Нетанјаху appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Го убивме шефот на Хезболах и неговата замена, и замената на замената  https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-go-ubivme-shefot-na-hezbolah-i-negovata-zamena-i-zamenata-na-zamenata/ Wed, 09 Oct 2024 08:10:58 +0000 https://republika.mk/?p=824455

Милитантите на Хезболах утринава со артилериски гранати и ракети гаѓаа израелски војници во близина на либанското погранично село Лабунеха, соопшти групата, еден ден откако Израел објави дека убила двајца наследници на убиениот лидер на Хезболах.

Сирените се огласија во северниот дел на Израел, соопшти израелската војска, додавајќи дека тројца припадници на израелската војска биле тешко повредени вчера и денеска за време на борбите во јужен Либан.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека двајцата наследници на убиениот лидер на Хезболах се убиени во израелски воздушни напади.


Нетанјаху зборуваше во видео објавено од неговата канцеларија откако заменик-лидерот на Хезболах, вознемирен од серијата убиства на високи команданти во израелските воздушни напади, ја остави вратата отворена за договорен прекин на огнот.

Ги деградиравме капацитетите на Хезболах. Отстранивме илјадници терористи, вклучително и самиот (Хасан) Насрала и замената на Насрала, како и замената на замената, рече Нетанјаху, без да ги именува последните двајца.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека Хашем Сафиедин, човекот за кој се очекуваше да го наследи Насрала, веројатно е „елиминиран“. Не беше јасно на кого мислеше Нетанјаху со „замена на замената“.

Подоцна, портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека Израел знаел дека Сафиедин бил во седиштето на Хезболах кога воени авиони го бомбардирале минатата недела и дека статусот на Сафиедин „се проверува и кога ќе се знае, јавноста ќе биде известена“.

Сафиедин го нема никаде од тој воздушен напад, дело на израелската офанзива што ескалираше по годишнината од граничните судири со Хезболах. Групата е најтешко вооружена од иранските посреднички сили на Блискиот Исток и делува како поддршка на палестинските милитанти кои се борат против Израел во Газа.

Денес Хезболах е послаб отколку што беше многу, многу години, рече Нетанјаху. Израелската војска вчера соопшти дека во тешки воздушни напади врз подземни објекти на Хезболах во јужен Либан загинале најмалку 50 борци, вклучително и шест секторски команданти и регионални претставници, во последните 24 часа.

Зголемените регионални тензии предизвикани од нападот врз јужен Израел од страна на палестинската вооружена група Хамас со седиште во Газа пред една година, ескалираа во последните неколку недели и се прелеаја во Либан.

На почетокот на октомври Иран, спонзорот и на Хезболах и на Хамас, истрела проектили кон Израел, а вчера го предупреди Израел да не напаѓа ниту една негова инфраструктура, поради страв од можен израелски напад на нафтени или нуклеарни локации.

Иранскиот министер за надворешни работи рече дека секој напад врз иранската инфраструктура ќе биде осветен, додека висок ирански функционер им рече на заливските земји дека ќе биде „неприфатливо“ и ќе предизвика одговор доколку дозволат нивниот воздушен простор да се користи против Иран.

The post Нетанјаху: Го убивме шефот на Хезболах и неговата замена, и замената на замената  appeared first on Република.

]]>

Милитантите на Хезболах утринава со артилериски гранати и ракети гаѓаа израелски војници во близина на либанското погранично село Лабунеха, соопшти групата, еден ден откако Израел објави дека убила двајца наследници на убиениот лидер на Хезболах. Сирените се огласија во северниот дел на Израел, соопшти израелската војска, додавајќи дека тројца припадници на израелската војска биле тешко повредени вчера и денеска за време на борбите во јужен Либан. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека двајцата наследници на убиениот лидер на Хезболах се убиени во израелски воздушни напади. Нетанјаху зборуваше во видео објавено од неговата канцеларија откако заменик-лидерот на Хезболах, вознемирен од серијата убиства на високи команданти во израелските воздушни напади, ја остави вратата отворена за договорен прекин на огнот. Ги деградиравме капацитетите на Хезболах. Отстранивме илјадници терористи, вклучително и самиот (Хасан) Насрала и замената на Насрала, како и замената на замената, рече Нетанјаху, без да ги именува последните двајца. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант рече дека Хашем Сафиедин, човекот за кој се очекуваше да го наследи Насрала, веројатно е „елиминиран“. Не беше јасно на кого мислеше Нетанјаху со „замена на замената“. Подоцна, портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека Израел знаел дека Сафиедин бил во седиштето на Хезболах кога воени авиони го бомбардирале минатата недела и дека статусот на Сафиедин „се проверува и кога ќе се знае, јавноста ќе биде известена“. Сафиедин го нема никаде од тој воздушен напад, дело на израелската офанзива што ескалираше по годишнината од граничните судири со Хезболах. Групата е најтешко вооружена од иранските посреднички сили на Блискиот Исток и делува како поддршка на палестинските милитанти кои се борат против Израел во Газа. Денес Хезболах е послаб отколку што беше многу, многу години, рече Нетанјаху. Израелската војска вчера соопшти дека во тешки воздушни напади врз подземни објекти на Хезболах во јужен Либан загинале најмалку 50 борци, вклучително и шест секторски команданти и регионални претставници, во последните 24 часа. Зголемените регионални тензии предизвикани од нападот врз јужен Израел од страна на палестинската вооружена група Хамас со седиште во Газа пред една година, ескалираа во последните неколку недели и се прелеаја во Либан. На почетокот на октомври Иран, спонзорот и на Хезболах и на Хамас, истрела проектили кон Израел, а вчера го предупреди Израел да не напаѓа ниту една негова инфраструктура, поради страв од можен израелски напад на нафтени или нуклеарни локации. Иранскиот министер за надворешни работи рече дека секој напад врз иранската инфраструктура ќе биде осветен, додека висок ирански функционер им рече на заливските земји дека ќе биде „неприфатливо“ и ќе предизвика одговор доколку дозволат нивниот воздушен простор да се користи против Иран.

The post Нетанјаху: Го убивме шефот на Хезболах и неговата замена, и замената на замената  appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху до Либанците: Се сочувате со уништување и страдање како во Газа ако не ја ослободите државата до Хезболах https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-do-libantsite-se-sochuvate-so-unishtuvane-i-stradane-kako-vo-gaza-ako-ne-ja-oslobodite-drzhavata-do-hezbolah/ Tue, 08 Oct 2024 17:21:32 +0000 https://republika.mk/?p=824312

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупреди народот на Либан дека може да се соочи со „уништување и страдање“ како Палестинците во погодената од војна Газа, доколку не ја „ослободат“ земјата од Хезболах.

„Имате можност да го спасите Либан пред да падне во бездната на долга војна што ќе доведе до уништување и страдање како што гледаме во Газа“, рече Нетанјаху во видео-обраќањето упатено до народот на Либан.

„Ви велам, народе на Либан: Ослободете ја вашата земја од Хезболах за да може оваа војна да заврши“.

The post Нетанјаху до Либанците: Се сочувате со уништување и страдање како во Газа ако не ја ослободите државата до Хезболах appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупреди народот на Либан дека може да се соочи со „уништување и страдање“ како Палестинците во погодената од војна Газа, доколку не ја „ослободат“ земјата од Хезболах. „Имате можност да го спасите Либан пред да падне во бездната на долга војна што ќе доведе до уништување и страдање како што гледаме во Газа“, рече Нетанјаху во видео-обраќањето упатено до народот на Либан. „Ви велам, народе на Либан: Ослободете ја вашата земја од Хезболах за да може оваа војна да заврши“.

The post Нетанјаху до Либанците: Се сочувате со уништување и страдање како во Газа ако не ја ослободите државата до Хезболах appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Повикот на Макрон да се воведе ембарго на оружје за Израел е срамен https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-povikot-na-makron-da-se-vovede-embargo-na-oruzhje-za-izrael-e-sramen/ Sun, 06 Oct 2024 08:43:15 +0000 https://republika.mk/?p=823356

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека повикот на францускиот претседател Емануел Макрон да се воведе ембарго за оружје на Израел е срамен.

Израел денес се брани на седум фронта од непријателите на цивилизацијата. Додека Израел се бори со силите на варварството предводени од Иран, сите цивилизирани земји треба цврсто да застанат покрај нас, но претседателот Макрон и другите западни лидери сега повикуваат на ембарго за оружје за нас. Срам да им е, рече Нетанјаху, мислејќи на Газа, Либан, Западниот Брег, Јемен, Сирија, Ирак и Иран.

Израелскиот премиер посочи дека Иран не воведува ембарго за испорака на оружје на своите сојузници, додека земјите кои наводно се противат на оваа, како што ги нарече Нетанјаху,  „терористичка оска“ бараат ембарго за испорака на оружје на Израел, што е голем срам.

Израел ќе победи со или без нивна поддршка, а нивниот срам ќе трае долго откако ќе ја добиеме војната“, рече Нетанјаху.

The post Нетанјаху: Повикот на Макрон да се воведе ембарго на оружје за Израел е срамен appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека повикот на францускиот претседател Емануел Макрон да се воведе ембарго за оружје на Израел е срамен.
Израел денес се брани на седум фронта од непријателите на цивилизацијата. Додека Израел се бори со силите на варварството предводени од Иран, сите цивилизирани земји треба цврсто да застанат покрај нас, но претседателот Макрон и другите западни лидери сега повикуваат на ембарго за оружје за нас. Срам да им е, рече Нетанјаху, мислејќи на Газа, Либан, Западниот Брег, Јемен, Сирија, Ирак и Иран.
Израелскиот премиер посочи дека Иран не воведува ембарго за испорака на оружје на своите сојузници, додека земјите кои наводно се противат на оваа, како што ги нарече Нетанјаху,  „терористичка оска“ бараат ембарго за испорака на оружје на Израел, што е голем срам.
Израел ќе победи со или без нивна поддршка, а нивниот срам ќе трае долго откако ќе ја добиеме војната“, рече Нетанјаху.

The post Нетанјаху: Повикот на Макрон да се воведе ембарго на оружје за Израел е срамен appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Израел го смени односот на силите на северот и има должност да му возврати на Иран https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-izrael-go-smeni-odnosot-na-silite-na-severot-i-ima-dolzhnost-da-mu-vozvrati-na-iran/ Sun, 06 Oct 2024 07:03:50 +0000 https://republika.mk/?p=823320

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел го менува балансот на силите на северот и дека има „должност“ да му возврати на Иран и дека тоа ќе го направи, пренесе „Тајмс оф Израел“

Нетанјаху беше дециден дека Израел ќе удри врз Иран по нападот од вторникот со над 180 балистички ракети, што Иранците го изведоа како одговор на израелските убиства на лидерите на Хамас и Хезболах, како и агресијата врз Либан.

Иран двапати истрела стотици проектили на нашата територија и нашите градови - напади со балистички ракети се едни од најголемите во историјата. Израел има должност и право да се брани и да одговори на овие напади и ние ќе го сториме тоа, рече Нетанјаху во видео изјава.

Тој додаде дека израелската армија уништила голем дел од ракетните резерви на Хезболах, а сега ги уништува и тунелите на Хезболах во близина на границата со Израел.

Израелскиот премиер рече и дека иако армијата сè уште не ги отстранила заканите, „јасно е дека текот на војната е променет“.

The post Нетанјаху: Израел го смени односот на силите на северот и има должност да му возврати на Иран appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел го менува балансот на силите на северот и дека има „должност“ да му возврати на Иран и дека тоа ќе го направи, пренесе „Тајмс оф Израел“ Нетанјаху беше дециден дека Израел ќе удри врз Иран по нападот од вторникот со над 180 балистички ракети, што Иранците го изведоа како одговор на израелските убиства на лидерите на Хамас и Хезболах, како и агресијата врз Либан.
Иран двапати истрела стотици проектили на нашата територија и нашите градови - напади со балистички ракети се едни од најголемите во историјата. Израел има должност и право да се брани и да одговори на овие напади и ние ќе го сториме тоа, рече Нетанјаху во видео изјава.
Тој додаде дека израелската армија уништила голем дел од ракетните резерви на Хезболах, а сега ги уништува и тунелите на Хезболах во близина на границата со Израел. Израелскиот премиер рече и дека иако армијата сè уште не ги отстранила заканите, „јасно е дека текот на војната е променет“.

The post Нетанјаху: Израел го смени односот на силите на северот и има должност да му возврати на Иран appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Иран направи голема грешка и ќе плати за тоа https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-iran-napravi-golema-greshka-i-ke-plati-za-toa-2/ Wed, 02 Oct 2024 07:54:56 +0000 https://republika.mk/?p=821603

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нападот на Иран врз неговата земја не успеал и вети дека ќе возврати.

Иран вчера истрела околу 200 балистички ракети кон Израел како одмазда за израелската кампања против сојузниците на Техеран Хезболах во Либан.

Иран направи голема грешка вечерва – и тие ќе платат за тоа, рече Нетанјаху на почетокот на состанокот на политичко-безбедносниот врв на земјата.

Режимот во Иран не ја разбира нашата решеност да се браниме и нашата решеност да возвратиме на нашите непријатели, додаде тоj.

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека Израел ќе избере како и кога ќе одговори на вечерашниот ирански напад.

Хагари рече дека има „мал број на удари“ од 180 балистички проектили истрелани кон Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Повеќето од ракетите беа пресретнати од Израел и одбранбената коалиција предводена од САД, посочи тој.

Од друга страна, иранската Револуционерна гарда соопшти дека 90 отсто од ракетите што Иран ги лансираше кон Израел успешно ги погодија нивните цели.

Иранските вооружени сили соопштија дека ќе ги гаѓаат „базите и интересите“ на поддржувачите на Израел во регионот, доколку директно интервенираат против Техеран, додавајќи дека секој одговор на Израел на неговиот ракетен напад ќе биде дочекан со „големо уништување“ на израелската инфраструктура.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека во тек се разговори меѓу американските и израелските претставници за тоа како треба да изгледа израелскиот одговор на ракетниот напад од Иран.

Бајден повтори дека Вашингтон „целосно го поддржува“ Израел по нападот од Иран и ги повика сите народи во светот да им се придружат во осудата на иранскиот напад.

The post Нетанјаху: Иран направи голема грешка и ќе плати за тоа appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нападот на Иран врз неговата земја не успеал и вети дека ќе возврати. Иран вчера истрела околу 200 балистички ракети кон Израел како одмазда за израелската кампања против сојузниците на Техеран Хезболах во Либан. Иран направи голема грешка вечерва – и тие ќе платат за тоа, рече Нетанјаху на почетокот на состанокот на политичко-безбедносниот врв на земјата. Режимот во Иран не ја разбира нашата решеност да се браниме и нашата решеност да возвратиме на нашите непријатели, додаде тоj. Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека Израел ќе избере како и кога ќе одговори на вечерашниот ирански напад. Хагари рече дека има „мал број на удари“ од 180 балистички проектили истрелани кон Израел, објави „Тајмс оф Израел“. Повеќето од ракетите беа пресретнати од Израел и одбранбената коалиција предводена од САД, посочи тој. Од друга страна, иранската Револуционерна гарда соопшти дека 90 отсто од ракетите што Иран ги лансираше кон Израел успешно ги погодија нивните цели. Иранските вооружени сили соопштија дека ќе ги гаѓаат „базите и интересите“ на поддржувачите на Израел во регионот, доколку директно интервенираат против Техеран, додавајќи дека секој одговор на Израел на неговиот ракетен напад ќе биде дочекан со „големо уништување“ на израелската инфраструктура. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека во тек се разговори меѓу американските и израелските претставници за тоа како треба да изгледа израелскиот одговор на ракетниот напад од Иран. Бајден повтори дека Вашингтон „целосно го поддржува“ Израел по нападот од Иран и ги повика сите народи во светот да им се придружат во осудата на иранскиот напад.

The post Нетанјаху: Иран направи голема грешка и ќе плати за тоа appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Иран направи голема грешка и ќе плати за тоа https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-iran-napravi-golema-greshka-i-ke-plati-za-toa/ Wed, 02 Oct 2024 06:01:45 +0000 https://republika.mk/?p=821545

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нападот на Иран врз неговата земја не успеал и вети дека ќе возврати.

Иран вчера истрела околу 200 балистички ракети кон Израел како одмазда за израелската кампања против сојузниците на Техеран Хезболах во Либан.

Иран направи голема грешка вечерва - и тие ќе платат за тоа, рече Нетанјаху на почетокот на состанокот на политичко-безбедносниот врв на земјата.

https://republika.mk/vesti/svet/zavrshi-napadot-vrz-izrael/

Режимот во Иран не ја разбира нашата решеност да се браниме и нашата решеност да возвратиме на нашите непријатели, додаде тоj.

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека Израел ќе избере како и кога ќе одговори на вечерашниот ирански напад.

Хагари рече дека има „мал број на удари“ од 180 балистички проектили истрелани кон Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

Повеќето од ракетите беа пресретнати од Израел и одбранбената коалиција предводена од САД, посочи тој.

Од друга страна, иранската Револуционерна гарда соопшти дека 90 отсто од ракетите што Иран ги лансираше кон Израел успешно ги погодија нивните цели.

Иранските вооружени сили соопштија дека ќе ги гаѓаат „базите и интересите“ на поддржувачите на Израел во регионот, доколку директно интервенираат против Техеран, додавајќи дека секој одговор на Израел на неговиот ракетен напад ќе биде дочекан со „големо уништување“ на израелската инфраструктура.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека во тек се разговори меѓу американските и израелските претставници за тоа како треба да изгледа израелскиот одговор на ракетниот напад од Иран.

Бајден повтори дека Вашингтон „целосно го поддржува“ Израел по нападот од Иран и ги повика сите народи во светот да им се придружат во осудата на иранскиот напад.

The post Нетанјаху: Иран направи голема грешка и ќе плати за тоа appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека нападот на Иран врз неговата земја не успеал и вети дека ќе возврати. Иран вчера истрела околу 200 балистички ракети кон Израел како одмазда за израелската кампања против сојузниците на Техеран Хезболах во Либан.
Иран направи голема грешка вечерва - и тие ќе платат за тоа, рече Нетанјаху на почетокот на состанокот на политичко-безбедносниот врв на земјата.
https://republika.mk/vesti/svet/zavrshi-napadot-vrz-izrael/
Режимот во Иран не ја разбира нашата решеност да се браниме и нашата решеност да возвратиме на нашите непријатели, додаде тоj.
Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека Израел ќе избере како и кога ќе одговори на вечерашниот ирански напад. Хагари рече дека има „мал број на удари“ од 180 балистички проектили истрелани кон Израел, објави „Тајмс оф Израел“.
Повеќето од ракетите беа пресретнати од Израел и одбранбената коалиција предводена од САД, посочи тој.
Од друга страна, иранската Револуционерна гарда соопшти дека 90 отсто од ракетите што Иран ги лансираше кон Израел успешно ги погодија нивните цели. Иранските вооружени сили соопштија дека ќе ги гаѓаат „базите и интересите“ на поддржувачите на Израел во регионот, доколку директно интервенираат против Техеран, додавајќи дека секој одговор на Израел на неговиот ракетен напад ќе биде дочекан со „големо уништување“ на израелската инфраструктура. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека во тек се разговори меѓу американските и израелските претставници за тоа како треба да изгледа израелскиот одговор на ракетниот напад од Иран. Бајден повтори дека Вашингтон „целосно го поддржува“ Израел по нападот од Иран и ги повика сите народи во светот да им се придружат во осудата на иранскиот напад.

The post Нетанјаху: Иран направи голема грешка и ќе плати за тоа appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху ја потврди смртта на Насрала: Тој и неговиот народ беа креаторите на планот за уништување на Израел https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-ja-potvrdi-smrtta-na-nasrala-toj-i-negoviot-narod-bea-kreatorite-na-planot-za-unishtuvane-na-izrael/ Sun, 29 Sep 2024 07:15:15 +0000 https://republika.mk/?p=820654

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска потврди дека Израел го убил лидерот на либанската група Хезболах, Саид Хасан Насрала и дека тој и неговиот народ биле „креаторите на планот за уништување на Израел“.

Државата Израел вчера го уби главниот убиец Хасан Насрала. Ги израмнивме сметките со одговорните за убиството на голем број Израелци и многу граѓани на други земји, вклучително и стотици Американци и десетици Французи, рече Нетанјаху во изјавата, пренесе Скај њуз.

Тој истакна дека „отстранувањето“ на Насрала е неопходно за да се постигне целта - безбедно враќање на жителите од северот на Израел во своите домови и промена на рамнотежата на силите во регионот.

Нетанјаху исто така рече дека убиството на Насрала ќе влијае на враќањето на заложниците кои ги држи милитантната група Хамас.

„Би сакал да им се заблагодарам на ИДФ (Израелските одбранбени сили), воздухопловството, Министерството за одбрана, Мосад и Шин Бет за големите достигнувања“, рече Нетанјаху.

Тој посочи дека во наредните денови Израел ќе се соочи со значителни предизвици.

„Насрала за нас говореше како за „пајажина“. Но, наместо „пајажина“, тој ги откри челичните тетиви на обединетиот и моќен народ решен да го обезбеди своето постоење и иднина. Тоа не го откри само Хезболах, туку и целиот Блиски Исток“, додаде Нетанјаху.

The post Нетанјаху ја потврди смртта на Насрала: Тој и неговиот народ беа креаторите на планот за уништување на Израел appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска потврди дека Израел го убил лидерот на либанската група Хезболах, Саид Хасан Насрала и дека тој и неговиот народ биле „креаторите на планот за уништување на Израел“. Државата Израел вчера го уби главниот убиец Хасан Насрала. Ги израмнивме сметките со одговорните за убиството на голем број Израелци и многу граѓани на други земји, вклучително и стотици Американци и десетици Французи, рече Нетанјаху во изјавата, пренесе Скај њуз. Тој истакна дека „отстранувањето“ на Насрала е неопходно за да се постигне целта - безбедно враќање на жителите од северот на Израел во своите домови и промена на рамнотежата на силите во регионот. Нетанјаху исто така рече дека убиството на Насрала ќе влијае на враќањето на заложниците кои ги држи милитантната група Хамас. „Би сакал да им се заблагодарам на ИДФ (Израелските одбранбени сили), воздухопловството, Министерството за одбрана, Мосад и Шин Бет за големите достигнувања“, рече Нетанјаху. Тој посочи дека во наредните денови Израел ќе се соочи со значителни предизвици. „Насрала за нас говореше како за „пајажина“. Но, наместо „пајажина“, тој ги откри челичните тетиви на обединетиот и моќен народ решен да го обезбеди своето постоење и иднина. Тоа не го откри само Хезболах, туку и целиот Блиски Исток“, додаде Нетанјаху.

The post Нетанјаху ја потврди смртта на Насрала: Тој и неговиот народ беа креаторите на планот за уништување на Израел appeared first on Република.

]]>
Н21: Нетанјаху даде зелено светло за прекин на огнот во Либан https://republika.mk/vesti/svet/n21-netanjahu-dade-zeleno-svetlo-za-prekin-na-ognot-vo-liban/ Thu, 26 Sep 2024 09:00:32 +0000 https://republika.mk/?p=819759

Израел дал зелено светло за прекин на огнот со либанската шиитска милиција Хезболах, јави денеска телевизијата N12.

Целта е да се преговара за потраен договор, објави N12, цитирајќи неименуван соработник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Како што пренесе ДПА, првично нема официјална потврда за извештајот. Портпаролката од канцеларијата на Нетанјаху рече дека не дала таква изјава.

Масовното израелско бомбардирање на Либан досега резултираше со повеќе од 600 смртни случаи од почетокот на ескалацијата во понеделникот, соопшти либанското Министерство за здравство.

Група земји, вклучувајќи ги САД и земјите од ЕУ, заедно со клучните арапски нации, се залагаат за запирање на борбите.

Прекинот на огнот што се бара треба да трае 21 ден и има за цел да создаде простор за дипломатско решение на конфликтот меѓу Израел и Хезболах во Либан, како и на речиси едногодишната војна во Газа.

Заедничката изјава беше поддржана од САД, Германија, ЕУ, Австралија, Канада, Франција, Италија, Јапонија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар.

The post Н21: Нетанјаху даде зелено светло за прекин на огнот во Либан appeared first on Република.

]]>

Израел дал зелено светло за прекин на огнот со либанската шиитска милиција Хезболах, јави денеска телевизијата N12. Целта е да се преговара за потраен договор, објави N12, цитирајќи неименуван соработник на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Како што пренесе ДПА, првично нема официјална потврда за извештајот. Портпаролката од канцеларијата на Нетанјаху рече дека не дала таква изјава. Масовното израелско бомбардирање на Либан досега резултираше со повеќе од 600 смртни случаи од почетокот на ескалацијата во понеделникот, соопшти либанското Министерство за здравство. Група земји, вклучувајќи ги САД и земјите од ЕУ, заедно со клучните арапски нации, се залагаат за запирање на борбите. Прекинот на огнот што се бара треба да трае 21 ден и има за цел да создаде простор за дипломатско решение на конфликтот меѓу Израел и Хезболах во Либан, како и на речиси едногодишната војна во Газа. Заедничката изјава беше поддржана од САД, Германија, ЕУ, Австралија, Канада, Франција, Италија, Јапонија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар.

The post Н21: Нетанјаху даде зелено светло за прекин на огнот во Либан appeared first on Република.

]]>
Израел ќе продолжи со нападите врз Либан, потврди Нетанјаху https://republika.mk/vesti/svet/izrael-ke-prodolzhi-so-napadite-vrz-liban-potvrdi-netanjahu/ Wed, 25 Sep 2024 06:50:17 +0000 https://republika.mk/?p=819413

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека неговата земја ќе продолжи со нападите врз Хезболах во Либан.

Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах. И му велам на либанскиот народ: нашата војна не е против вас, нашата војна е против Хезболах, рече Нетанјаху во видеото објавено од неговата канцеларија.

Министерот за одбрана Јоав Галант даде слични зборови претходно во говорот пред војниците: „Мораме да продолжиме додека не ја постигнеме нашата цел: да обезбедиме безбедно враќање на жителите на северен Израел во нивните домови“.

Галант додаде дека либанското движење, кое е поддржано од Иран, претрпе сериозни удари во текот на изминатата недела: „Денешниот Хезболах не е ист како оној што го знаевме пред една недела“.

Прекуграничната размена на оган меѓу Хезболах и израелската војска започна по почетокот на војната во Појасот Газа меѓу Израел и Хамас, предизвикана од нападот на палестинското исламистичко движење на 7 октомври на израелска територија.

Хезболах тврди дека истрелува ракети кон Израел како поддршка на Хамас, неговиот сојузник.

Оваа размена на оган предизвика раселување на десетици илјади луѓе од двете страни на израелско-либанската граница.

Судирите се интензивираа по бранот експлозии на комуникациски уреди на Хезболах на почетокот на минатата недела, во кои загинаа 39 лица, а беа ранети 2.931, според либанските власти.

Хезболах и Иран го обвинија Израел за експлозиите.

The post Израел ќе продолжи со нападите врз Либан, потврди Нетанјаху appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека неговата земја ќе продолжи со нападите врз Хезболах во Либан.
Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах. И му велам на либанскиот народ: нашата војна не е против вас, нашата војна е против Хезболах, рече Нетанјаху во видеото објавено од неговата канцеларија.
Министерот за одбрана Јоав Галант даде слични зборови претходно во говорот пред војниците: „Мораме да продолжиме додека не ја постигнеме нашата цел: да обезбедиме безбедно враќање на жителите на северен Израел во нивните домови“. Галант додаде дека либанското движење, кое е поддржано од Иран, претрпе сериозни удари во текот на изминатата недела: „Денешниот Хезболах не е ист како оној што го знаевме пред една недела“. Прекуграничната размена на оган меѓу Хезболах и израелската војска започна по почетокот на војната во Појасот Газа меѓу Израел и Хамас, предизвикана од нападот на палестинското исламистичко движење на 7 октомври на израелска територија. Хезболах тврди дека истрелува ракети кон Израел како поддршка на Хамас, неговиот сојузник. Оваа размена на оган предизвика раселување на десетици илјади луѓе од двете страни на израелско-либанската граница. Судирите се интензивираа по бранот експлозии на комуникациски уреди на Хезболах на почетокот на минатата недела, во кои загинаа 39 лица, а беа ранети 2.931, според либанските власти. Хезболах и Иран го обвинија Израел за експлозиите.

The post Израел ќе продолжи со нападите врз Либан, потврди Нетанјаху appeared first on Република.

]]>