Бенјамин Нетахјану Archives - Република https://republika.mk/tema/benjamin-netahjanu/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jul 2024 07:34:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бенјамин Нетахјану Archives - Република https://republika.mk/tema/benjamin-netahjanu/ 32 32 Камала Харис нема да биде во Конгресот кога Нетанјаху ќе држи говор https://republika.mk/vesti/svet/kamala-haris-nema-da-bide-vo-kongresot-koga-netanjahu-ke-drzhi-govor/ Wed, 24 Jul 2024 07:34:02 +0000 https://republika.mk/?p=799718

Бојкотот на голем број демократи на говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска пред американскиот Конгрес ќе го нагласи длабокото незадоволство кај некои во партијата од тоа како тој ја води војната против Хамас, објави „Њујорк тајмс“.

Се очекува тензиите да бидат толку високи што претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон се закани дека ќе биде уапсен секој кој ќе предизвика неред во салата или во галеријата за гости.

Посетата на Нетанјаху ќе го нагласи јазот во Конгресот, особено меѓу демократите, во врска со конфликтот меѓу Израел и Хамас во време кога партијата се обидува да се собере околу Камала Харис, која се појавува како демократски претседателски кандидат, наведува „Њујорк тајмс“.
Потпретседателката Камала Харис нема да присуствува на заедничкото обраќање на премиерот Бенјамин Нетанјаху пред Конгресот што се очекува денеска.

The post Камала Харис нема да биде во Конгресот кога Нетанјаху ќе држи говор appeared first on Република.

]]>

Бојкотот на голем број демократи на говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска пред американскиот Конгрес ќе го нагласи длабокото незадоволство кај некои во партијата од тоа како тој ја води војната против Хамас, објави „Њујорк тајмс“. Се очекува тензиите да бидат толку високи што претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон се закани дека ќе биде уапсен секој кој ќе предизвика неред во салата или во галеријата за гости. Посетата на Нетанјаху ќе го нагласи јазот во Конгресот, особено меѓу демократите, во врска со конфликтот меѓу Израел и Хамас во време кога партијата се обидува да се собере околу Камала Харис, која се појавува како демократски претседателски кандидат, наведува „Њујорк тајмс“. Потпретседателката Камала Харис нема да присуствува на заедничкото обраќање на премиерот Бенјамин Нетанјаху пред Конгресот што се очекува денеска.

The post Камала Харис нема да биде во Конгресот кога Нетанјаху ќе држи говор appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Израел напредува кон елиминација на терористичката војска на Хамас https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-izrael-napreduva-kon-eliminatsija-na-teroristichkata-vojska-na-hamas/ Mon, 01 Jul 2024 19:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=792521

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел „напредува кон елиминација на терористичката војска на Хамас“.

Обраќајќи се пред студентите на Националниот колеџ за одбрана, Нетанјаху рече дека следува продолжување на напорите за победа над преостанатите сили на Хамас, пренесуваат израелските медиуми.

Тој додаде дека интензивната фаза на борбата во Рафа се приближува кон крајот и ја истакна важноста на постигнување на сите цели во војната: враќање на заложниците, спречување на Хамас да владее со Газа или да ја контролира воено, како и спречување да биде закана за Израел.

Нетанјаху тврди дека е посветен на враќање на жителите на јужните и северните погранични населби кои не можеа безбедно да живеат во своите домови по нападот на Хамас на југот на Израел на 7 октомври минатата година кога започна војната во Газа и прекуграничните судири со либанскиот Хезболах.

Предавањето на израелскиот премиер беше посетено од странски студенти од Германија, Јапонија, Италија, Чешка и Кореја, пренесуваат израелските медиуми.

The post Нетанјаху: Израел напредува кон елиминација на терористичката војска на Хамас appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел „напредува кон елиминација на терористичката војска на Хамас“. Обраќајќи се пред студентите на Националниот колеџ за одбрана, Нетанјаху рече дека следува продолжување на напорите за победа над преостанатите сили на Хамас, пренесуваат израелските медиуми. Тој додаде дека интензивната фаза на борбата во Рафа се приближува кон крајот и ја истакна важноста на постигнување на сите цели во војната: враќање на заложниците, спречување на Хамас да владее со Газа или да ја контролира воено, како и спречување да биде закана за Израел. Нетанјаху тврди дека е посветен на враќање на жителите на јужните и северните погранични населби кои не можеа безбедно да живеат во своите домови по нападот на Хамас на југот на Израел на 7 октомври минатата година кога започна војната во Газа и прекуграничните судири со либанскиот Хезболах. Предавањето на израелскиот премиер беше посетено од странски студенти од Германија, Јапонија, Италија, Чешка и Кореја, пренесуваат израелските медиуми.

The post Нетанјаху: Израел напредува кон елиминација на терористичката војска на Хамас appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-ja-otfrli-rezolutsijata-na-on-za-poddrshka-na-priznavaneto-na-palestinskata-drzhava/ Wed, 15 May 2024 12:13:57 +0000 https://republika.mk/?p=778360

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата Влада едногласно ја отфрлила Резолуцијата на Обединетите нации за поддршка на признавањето на палестинската држава, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение на Владата.

Нема да им дозволиме да создадат држава на теророт од која ќе можат да не нападнат уште повеќе, нагласи Нетанјаху.

Никој нема да не спречи, Израел, да го искористиме нашето основно право да се заштитуваме – ниту Генералното собрание на ОН, ниту која било друга организација, додаде Нетанјаху.

The post Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата Влада едногласно ја отфрлила Резолуцијата на Обединетите нации за поддршка на признавањето на палестинската држава, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение на Владата. Нема да им дозволиме да создадат држава на теророт од која ќе можат да не нападнат уште повеќе, нагласи Нетанјаху. Никој нема да не спречи, Израел, да го искористиме нашето основно право да се заштитуваме – ниту Генералното собрание на ОН, ниту која било друга организација, додаде Нетанјаху.

The post Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху ги одби условите за примирје на Хамас https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-gi-odbi-uslovite-za-primirje-na-hamas/ Thu, 08 Feb 2024 10:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=741776

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху ги одби условите за примирје поставени од Хамас, нарекувајќи ги нивните барања „бизарни“, известува Би-би-си. Според него, може да се очекува победа за Израел во текот на следните месеци.

Ако Хамас преживее во Газа, ќе биде прашање на време кога ќе се случи следниот масакр. Не постои друго решение освен целосна и конечна победа, изјавил израелскиот премиер вчера на прес-конференција.

Според Би-би-си, иако се очекувало Израел да има замерки со барањата на Хамас, изјавите на Нетанјаху претставуваат категорично отфрлање на истите. Функционер во Хамас изјавил дека изјавите укажуваат оти Нетанјаху има намера да го продолжи конфликтот во регионот.

Станува збор за шестнеделно примирје во кое ќе се разменуваат палестински затвореници во Израел и заложници во Газа, кои беа заробени од Хамас за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври. Хамас дополнително се залагале за поголем фокус на обновата на инфраструктурата во Газа, доставата на хуманитарна помош и враќањето на раселените палестински граѓани во своите домови.

Дополнително, Хамас барале да се ослободат речиси 3000 палестински затвореници, барање кое американскиот претседател Џо Бајден го опиша како „малку пртерано“. Според Хамас, до крајот на примирјето ќе бидат завршени и преговорите за крај на војната.

Одбивањето на Израел на договорот се пркоси со напорите на САД и нејзиниот државен секретар Ентони Блинкен да се постигне некаков договор во регионот. Според Блинкен, иако постојат некои нереалистични барања од Хамас, договорот сепак остава простор за да се достигне конечно решение.

Шарон Лифшиц, чии родители беа киднапирани од Хамас на 7 октомври, вели дека одбивањето на договорот за примирје ефективно претставува смртна казна за заложниците. Мајката на Лифшиц беше ослободена од Хамас, но нејзиниот татко сè уште е во Газа.

„Мојот татко има 83 години, кревок е, нема да може да издржи уште долго. Не знам дали премиерот мисли на него, или веќе го смета за некој кој ќе се врати дома во ковчег“, вели Лифшиц.

Во Газа, пак, Израел планира да ја прошири својата офанзива во Рафах. Во него моментално е сместено речиси целото население на Газа и покрај тоа што градот воопшто нема доволно капацитет за адекватно сместување на толку многу луѓе. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди дека напад во Рафах „експоненцијално би ја влошил хуманитарната состојба во градот, која веќе е кошмар“.

„Спиеме и чекаме во страв. Нема храна, а времето е ладно“, рекло раселено лице во Рафах за Би-би-си.

The post Нетанјаху ги одби условите за примирје на Хамас appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху ги одби условите за примирје поставени од Хамас, нарекувајќи ги нивните барања „бизарни“, известува Би-би-си. Според него, може да се очекува победа за Израел во текот на следните месеци. Ако Хамас преживее во Газа, ќе биде прашање на време кога ќе се случи следниот масакр. Не постои друго решение освен целосна и конечна победа, изјавил израелскиот премиер вчера на прес-конференција. Според Би-би-си, иако се очекувало Израел да има замерки со барањата на Хамас, изјавите на Нетанјаху претставуваат категорично отфрлање на истите. Функционер во Хамас изјавил дека изјавите укажуваат оти Нетанјаху има намера да го продолжи конфликтот во регионот. Станува збор за шестнеделно примирје во кое ќе се разменуваат палестински затвореници во Израел и заложници во Газа, кои беа заробени од Хамас за време на нивниот напад врз Израел на 7 октомври. Хамас дополнително се залагале за поголем фокус на обновата на инфраструктурата во Газа, доставата на хуманитарна помош и враќањето на раселените палестински граѓани во своите домови. Дополнително, Хамас барале да се ослободат речиси 3000 палестински затвореници, барање кое американскиот претседател Џо Бајден го опиша како „малку пртерано“. Според Хамас, до крајот на примирјето ќе бидат завршени и преговорите за крај на војната. Одбивањето на Израел на договорот се пркоси со напорите на САД и нејзиниот државен секретар Ентони Блинкен да се постигне некаков договор во регионот. Според Блинкен, иако постојат некои нереалистични барања од Хамас, договорот сепак остава простор за да се достигне конечно решение. Шарон Лифшиц, чии родители беа киднапирани од Хамас на 7 октомври, вели дека одбивањето на договорот за примирје ефективно претставува смртна казна за заложниците. Мајката на Лифшиц беше ослободена од Хамас, но нејзиниот татко сè уште е во Газа. „Мојот татко има 83 години, кревок е, нема да може да издржи уште долго. Не знам дали премиерот мисли на него, или веќе го смета за некој кој ќе се врати дома во ковчег“, вели Лифшиц. Во Газа, пак, Израел планира да ја прошири својата офанзива во Рафах. Во него моментално е сместено речиси целото население на Газа и покрај тоа што градот воопшто нема доволно капацитет за адекватно сместување на толку многу луѓе. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди дека напад во Рафах „експоненцијално би ја влошил хуманитарната состојба во градот, која веќе е кошмар“. „Спиеме и чекаме во страв. Нема храна, а времето е ладно“, рекло раселено лице во Рафах за Би-би-си.

The post Нетанјаху ги одби условите за примирје на Хамас appeared first on Република.

]]>
Опаѓа поддршката од Израелците за Нетанјаху, вкупно 15 отсто сакаат тој да остане премиер https://republika.mk/vesti/svet/opaga-poddrshkata-od-izraeltsite-za-netanjahu-vkupno-15-otsto-sakaat-toj-da-ostane-premier/ Tue, 02 Jan 2024 17:08:12 +0000 https://republika.mk/?p=729076

Вкупно 15 отсто од Израелците сакаат премиерот Бенјамин Нетанјаху да остане на функцијата по завршувањето на војната со Хамас во Газа, покажуваат резултатите од анкетата објавена денеска.

Неговиот политички ривал и сегашен партнер во владата за време на војната, центристот Бени Ганц, доби поддршка од 23 отсто од испитаниците, додека околу 30 отсто не посочиле префериран лидер.

Во анкетата на Израелскиот институт за демократија (ИДИ), 56 отсто од испитаниците рекле дека продолжувањето на воената офанзива е најдобриот начин за враќање на заложниците, додека 24 отсто сметаат дека размената на уште илјада палестински затвореници би била најдоброто решение.

Истражувањето е спроведено меѓу 746 испитаници од 25 до 28 декември, со ниво на доверба од 95 отсто, соопшти ИДИ.

Претходното истражување на ИДИ во декември покажа дека 69 отсто од Израелците веруваат дека изборите треба да се одржат веднаш штом ќе заврши војната.

Нетанјаху во саботата рече дека ќе бидат потребни месеци за да победи.

Повторените истражувања покажаа дека неговата популарност опадна по ненадејниот напад на Хамас во октомври, најсмртоносниот ден во израелските 75 години.

Сепак, многу поголем процент ја поддржуваат неговата стратегија за сузбивање на милитантите во палестинската енклава.

Нетанјаху вети дека ќе го уништи Хамас по нападот на 7 октомври во јужен Израел во кој загинаа 1.200 луѓе и киднапираа 240 луѓе.

Израелскиот премиер рече дека е потребен интензивен воен притисок за да се обезбеди враќање на преостанатите 129 заложници, откако околу 100 беа ослободени на крајот на ноември во размена во која беа вклучени стотици палестински затвореници.

The post Опаѓа поддршката од Израелците за Нетанјаху, вкупно 15 отсто сакаат тој да остане премиер appeared first on Република.

]]>

Вкупно 15 отсто од Израелците сакаат премиерот Бенјамин Нетанјаху да остане на функцијата по завршувањето на војната со Хамас во Газа, покажуваат резултатите од анкетата објавена денеска. Неговиот политички ривал и сегашен партнер во владата за време на војната, центристот Бени Ганц, доби поддршка од 23 отсто од испитаниците, додека околу 30 отсто не посочиле префериран лидер. Во анкетата на Израелскиот институт за демократија (ИДИ), 56 отсто од испитаниците рекле дека продолжувањето на воената офанзива е најдобриот начин за враќање на заложниците, додека 24 отсто сметаат дека размената на уште илјада палестински затвореници би била најдоброто решение. Истражувањето е спроведено меѓу 746 испитаници од 25 до 28 декември, со ниво на доверба од 95 отсто, соопшти ИДИ. Претходното истражување на ИДИ во декември покажа дека 69 отсто од Израелците веруваат дека изборите треба да се одржат веднаш штом ќе заврши војната. Нетанјаху во саботата рече дека ќе бидат потребни месеци за да победи. Повторените истражувања покажаа дека неговата популарност опадна по ненадејниот напад на Хамас во октомври, најсмртоносниот ден во израелските 75 години. Сепак, многу поголем процент ја поддржуваат неговата стратегија за сузбивање на милитантите во палестинската енклава. Нетанјаху вети дека ќе го уништи Хамас по нападот на 7 октомври во јужен Израел во кој загинаа 1.200 луѓе и киднапираа 240 луѓе. Израелскиот премиер рече дека е потребен интензивен воен притисок за да се обезбеди враќање на преостанатите 129 заложници, откако околу 100 беа ослободени на крајот на ноември во размена во која беа вклучени стотици палестински затвореници.

The post Опаѓа поддршката од Израелците за Нетанјаху, вкупно 15 отсто сакаат тој да остане премиер appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху: Во моментов нема можност преостанатите заложници да се вратат дома https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-vo-momentov-nema-mozhnost-preostanatite-zalozhnitsi-da-se-vratat-doma/ Wed, 06 Dec 2023 07:45:56 +0000 https://republika.mk/?p=720145

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „во моментов не постои можност“ заложниците кои се уште ги држи палестинската милитантна група Хамас во Газа „да се вратат дома“.

Тој се сретна со семејствата на заложниците кои претходно ги ослободи Хамас, а неколку членови на семејството кои присуствуваа на средбата жестоко ја критикуваа израелската Влада. Една жена поранешна заробеничка, чиј сопруг сè уште е во заробеништво, го обвини Нетанјаху дека ја става политиката над преостанатите 138 заложници.

Ја видов 85-годишната Арија Залмановиќ како умира пред мене. И немате што да кажете за тоа, дека сакате да го соборите режимот на Хамас?, рече таа.

Дани Миран, чиј син Омри беше земен како заложник од членовите на Хамас на 7 октомври заедно со околу 240 други Израелци и странци, рече дека почувствувал дека средбата ја „навредила неговата интелигенција“ и заминал од неа.

Нетанјаху рече дека „слушнал приказни што ми го скршиле срцето, за сексуални напади и случаи на силување, за глад и жед“.

Средбата се одржа во време кога продолжија борбите во Појасот Газа по седумдневна пауза во која беа вратени повеќе од 100 заложници од енклавата.

The post Нетанјаху: Во моментов нема можност преостанатите заложници да се вратат дома appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „во моментов не постои можност“ заложниците кои се уште ги држи палестинската милитантна група Хамас во Газа „да се вратат дома“. Тој се сретна со семејствата на заложниците кои претходно ги ослободи Хамас, а неколку членови на семејството кои присуствуваа на средбата жестоко ја критикуваа израелската Влада. Една жена поранешна заробеничка, чиј сопруг сè уште е во заробеништво, го обвини Нетанјаху дека ја става политиката над преостанатите 138 заложници. Ја видов 85-годишната Арија Залмановиќ како умира пред мене. И немате што да кажете за тоа, дека сакате да го соборите режимот на Хамас?, рече таа. Дани Миран, чиј син Омри беше земен како заложник од членовите на Хамас на 7 октомври заедно со околу 240 други Израелци и странци, рече дека почувствувал дека средбата ја „навредила неговата интелигенција“ и заминал од неа. Нетанјаху рече дека „слушнал приказни што ми го скршиле срцето, за сексуални напади и случаи на силување, за глад и жед“. Средбата се одржа во време кога продолжија борбите во Појасот Газа по седумдневна пауза во која беа вратени повеќе од 100 заложници од енклавата.

The post Нетанјаху: Во моментов нема можност преостанатите заложници да се вратат дома appeared first on Република.

]]>
Нетанјаху му наложил на Мосад да ги гаѓа лидерите на Хамас каде и да се https://republika.mk/vesti/svet/netanjahu-mu-nalozhil-na-mosad-da-gi-gaga-liderite-na-hamas-kade-i-da-se/ Thu, 23 Nov 2023 08:43:50 +0000 https://republika.mk/?p=715404

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека и дал инструкции на разузнавачката агенција Мосад да им влезе во трага на членовите на раководството на исламскиот екстремистички Хамас кои живеат надвор од Појасот Газа во странство.

Му дадов инструкции на Мосад да дејствува против лидерите на Хамас, каде и да се, изјави Нетанјаху на синоќешната прес-конференција.

Тој одговараше на новинарска оценка дека лидерот на Хамас Исмаил Ханије и Калед Машал, неговиот претходник, се „еуфорични“ поради војната и очекуваат да продолжат да владеат со Газа кога ќе заврши. Двајцата живеат во странство.

Повеќето високи членови на Хамас живеат во егзил, главно во Катар и Бејрут, главниот град на Либан.

Мосад во последните години беше обвинет за серија убиства во странство не само на палестински екстремисти, туку и на ирански нуклеарни научници.

The post Нетанјаху му наложил на Мосад да ги гаѓа лидерите на Хамас каде и да се appeared first on Република.

]]>

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека и дал инструкции на разузнавачката агенција Мосад да им влезе во трага на членовите на раководството на исламскиот екстремистички Хамас кои живеат надвор од Појасот Газа во странство. Му дадов инструкции на Мосад да дејствува против лидерите на Хамас, каде и да се, изјави Нетанјаху на синоќешната прес-конференција. Тој одговараше на новинарска оценка дека лидерот на Хамас Исмаил Ханије и Калед Машал, неговиот претходник, се „еуфорични“ поради војната и очекуваат да продолжат да владеат со Газа кога ќе заврши. Двајцата живеат во странство. Повеќето високи членови на Хамас живеат во егзил, главно во Катар и Бејрут, главниот град на Либан. Мосад во последните години беше обвинет за серија убиства во странство не само на палестински екстремисти, туку и на ирански нуклеарни научници.

The post Нетанјаху му наложил на Мосад да ги гаѓа лидерите на Хамас каде и да се appeared first on Република.

]]>