бело копче Archives - Република https://republika.mk/tema/belo-kopche/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Sep 2024 21:21:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бело копче Archives - Република https://republika.mk/tema/belo-kopche/ 32 32 „Сувенир из Сарајева“- првенчето на „Бело Копче“ е рок балада за сите генерации https://republika.mk/scena/suvenir-iz-sarajeva-prvencheto-na-belo-kopche-e-rok-balada-za-site-generatsii/ Mon, 16 Sep 2024 08:02:48 +0000 https://republika.mk/?p=816928

Најголемиот рок ен рол бенд во некогашна Југославија, легендарните „Бијело дугме“,   во 2022 година доби своја македонска верзија, откако група наши музичари го започнаа проектот:  „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“!

Освежувајќи ни ги емоциите токму како своевиден  Tribute  бенд, чии членови буквално не само што во тон ја симнале музиката на оние, кои веројатно биле и нивни идоли, туку се трудат и физички што повеќе да личат на оригиналните членови на Дугме. И во изгледот со помош на мејкап, перики, разни маски и во облекувањето, но секако и во однесувањето на сцената, симнувајќи го секое движење, секој гест, секој изговорен збор на „главните јунаци“ од нивната рок ен рол приказна кои тие ги „глумат“ на сцената.

Оттогаш наваму прераснаа во најпознатиот македонски трибјут бенд, предводен од  познатите музичари Стевче Грозданов – гитара и пејачот Зоран Рудан – Цеки, кој заедно со  денешната постава во која покрај нив уште се и Горан Гешовски (бас), Борислав Драганов (клавијатури) и Емил Милев (тапани), постојано имаат бројни настапи и тоа не само низ Македонија, туку и надвор од неа.

Досега „верно на оригиналот“ и со музика и со изглед и со својот сценски настап го пресликуваа најголемиот рок ен рол бенд на сите времиња на овие простори, а отсега и со сопствена авторска музика, чиј старт го одбележа нивната прва песна и видеото за неа, насловена како „Сувенир из Сарајева“ (Сувенир од Сараево), наслов кој не е случајно избран.

Имено, музички целата песна оддава амбиент на прочуената сараевска школа од средината на 70-ите и 80-ите, кога прочуениот сараевски рокен ен рол мирисаше на Балкан. Од „Индекси“ и „Тешка Индустрија“, до „Црвена Јабука“, „Мерлин“  или „Плави оркестар“… И секако, над сите нив кога е општата хистерија и општојугословенска популарност во прашање, ненадминиливите „Бијело дугме“.  Токму со таков сензибилитет, со таа нота на вдахновеност и шмек кој потсетува на тие убави времиња дише и првата песна на „Бело Копче“. Да е некое друго време, слободно би можела да биде нова песна на некои од споменатите бендови, вклучувајќи го и самото „Дугме“.

Музички перфектно отсвирена, пејачки Цеки ја вметнал целата експресија која ја поседува од влијанијата на големите пејачи како Бебек, Тифа или Ален, но вдахнал и свој дух и своја емоција,  што на песната и дава дополнителна свежина која ја прави блиска и за новите деца… Рок балада за сите генерации!

И не случајно песната е отпеана на српско – хрватски јазик, зашто „Бело копче“ во своите планови има и како трибјут на „Бијело Дугме“, но и со авторски песни да проба да ги освои просторите на бивша Југославија и пошироко, иако по разно-разни ивенти, манифестации и рок фестивали веќе се доста застапени.

Музиката е на стариот проверен мајстор и хит мејкер Саша Драгиќ, текстот го напишал  Владимир Митровиќ, а аранжманот го направил Стевче Грозданов која ја програмирал и отсвирел песната. Истата  е снимена во студиото „Целофан“ во Скопје, додека миксот и мастерингот ги направил Горан Гешовски.

На „Сувенир из Сарајева“ совршено се надоврзува едноставното , но мошне функционално видео во кое покрај членовите на бендот се појавува познатата македонска актерка Катерина Шехтанска, како фотографката на групата во видеото, кое го потпишува AleXanDeR, псевдоним зад кој се крие името на познатиот македонски музичар и режисер на видеоспотови, Александар Ристовски Принц.

Како сето тоа изгледа и звучи спакувано во првенчето на „Бело Копче“ како „Сувенир из Сарајева“ за сите вас, проследете во продолжение:

https://www.youtube.com/watch?si=hGSAd72nmlyqDzP_&v=KTAldhILXxQ&feature=youtu.be

Фото: Мартин Шишковски

The post „Сувенир из Сарајева“- првенчето на „Бело Копче“ е рок балада за сите генерации appeared first on Република.

]]>

Најголемиот рок ен рол бенд во некогашна Југославија, легендарните „Бијело дугме“,   во 2022 година доби своја македонска верзија, откако група наши музичари го започнаа проектот:  „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“! Освежувајќи ни ги емоциите токму како своевиден  Tribute  бенд, чии членови буквално не само што во тон ја симнале музиката на оние, кои веројатно биле и нивни идоли, туку се трудат и физички што повеќе да личат на оригиналните членови на Дугме. И во изгледот со помош на мејкап, перики, разни маски и во облекувањето, но секако и во однесувањето на сцената, симнувајќи го секое движење, секој гест, секој изговорен збор на „главните јунаци“ од нивната рок ен рол приказна кои тие ги „глумат“ на сцената. Оттогаш наваму прераснаа во најпознатиот македонски трибјут бенд, предводен од  познатите музичари Стевче Грозданов – гитара и пејачот Зоран Рудан – Цеки, кој заедно со  денешната постава во која покрај нив уште се и Горан Гешовски (бас), Борислав Драганов (клавијатури) и Емил Милев (тапани), постојано имаат бројни настапи и тоа не само низ Македонија, туку и надвор од неа. Досега „верно на оригиналот“ и со музика и со изглед и со својот сценски настап го пресликуваа најголемиот рок ен рол бенд на сите времиња на овие простори, а отсега и со сопствена авторска музика, чиј старт го одбележа нивната прва песна и видеото за неа, насловена како „Сувенир из Сарајева“ (Сувенир од Сараево), наслов кој не е случајно избран. Имено, музички целата песна оддава амбиент на прочуената сараевска школа од средината на 70-ите и 80-ите, кога прочуениот сараевски рокен ен рол мирисаше на Балкан. Од „Индекси“ и „Тешка Индустрија“, до „Црвена Јабука“, „Мерлин“  или „Плави оркестар“… И секако, над сите нив кога е општата хистерија и општојугословенска популарност во прашање, ненадминиливите „Бијело дугме“.  Токму со таков сензибилитет, со таа нота на вдахновеност и шмек кој потсетува на тие убави времиња дише и првата песна на „Бело Копче“. Да е некое друго време, слободно би можела да биде нова песна на некои од споменатите бендови, вклучувајќи го и самото „Дугме“. Музички перфектно отсвирена, пејачки Цеки ја вметнал целата експресија која ја поседува од влијанијата на големите пејачи како Бебек, Тифа или Ален, но вдахнал и свој дух и своја емоција,  што на песната и дава дополнителна свежина која ја прави блиска и за новите деца… Рок балада за сите генерации! И не случајно песната е отпеана на српско – хрватски јазик, зашто „Бело копче“ во своите планови има и како трибјут на „Бијело Дугме“, но и со авторски песни да проба да ги освои просторите на бивша Југославија и пошироко, иако по разно-разни ивенти, манифестации и рок фестивали веќе се доста застапени. Музиката е на стариот проверен мајстор и хит мејкер Саша Драгиќ, текстот го напишал  Владимир Митровиќ, а аранжманот го направил Стевче Грозданов која ја програмирал и отсвирел песната. Истата  е снимена во студиото „Целофан“ во Скопје, додека миксот и мастерингот ги направил Горан Гешовски. На „Сувенир из Сарајева“ совршено се надоврзува едноставното , но мошне функционално видео во кое покрај членовите на бендот се појавува познатата македонска актерка Катерина Шехтанска, како фотографката на групата во видеото, кое го потпишува AleXanDeR, псевдоним зад кој се крие името на познатиот македонски музичар и режисер на видеоспотови, Александар Ристовски Принц. Како сето тоа изгледа и звучи спакувано во првенчето на „Бело Копче“ како „Сувенир из Сарајева“ за сите вас, проследете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?si=hGSAd72nmlyqDzP_&v=KTAldhILXxQ&feature=youtu.be Фото: Мартин Шишковски

The post „Сувенир из Сарајева“- првенчето на „Бело Копче“ е рок балада за сите генерации appeared first on Република.

]]>
Македонија го доби својот прв домашен вистински трибјут бенд: Вака изгледа и звучи „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“ https://republika.mk/scena/muzika/makedonija-go-dobi-svojot-prv-domashen-vistinski-tribjut-bend-vaka-izgleda-i-zvuchi-belo-kopche-tribute-bijelo-dugme/ Fri, 03 Jun 2022 07:34:55 +0000 https://republika.mk/?p=510463

Откако повеќе не постојат или стануваат се$ понедостижни да се видат собрани заедно во нивните  оригинални постави, стана пракса легендарните светски бендови, но и оние од некогашните ЈУ простори да добиваат свои „реплики“. Или што би рекол некој: „копии верни на оригиналот“.

Сите насловени како „Tribute“ (почит) кон:  Queen, AC-DC, Led Zeppelin, Pink Floyd,  ZZ Top…   или некогаш „нашите“: ЕКВ, Азра,  Забрањено пушење… И уште дузина други легендарни бендови кои се дел од светската и балканската рок историја. Сеќавањето на нив го враќаат освежувајќи ни ги емоциите токму ваквите  Tribute  бендови кои буквално не само што во тон ја симнале музиката на оние, кои веројатно биле и нивни идоли, туку се трудат и физички што повеќе да личат на оригиналните членови на тие групи. И во изгледот со помош на мејкап, перики, разни маски, и во облекувањето, но секако и во однесувањето на сцената, симнувајќи го секое движење, секој гест, секој изговорен збор на „главните јунаци“ од нивната рок ен рол приказна кои тие ги „глумат“ на сцената.

Вакви „трибјут бендови“ бендови однадвор доаѓале во неколку наврати и во Македонија, најмногу во Скопје (Queen,  David Bowie, Pink Floyd, ЕКВ, Азра…), но вистински македонски трибјут бенд на некоја група до сега не сме имале. Многумина пееле и свиреле песни од овој и оној, но никој не направил група која исто ќе свири, пее, изгледа, се облекува и се однесува како некоја од оние, големите, легендарните… Односно би била нивна „верна реплика“. Се’ до сега, или поточно до пред две години, кога идејата да се направи македонска верзија на најголемиот рок ен рол бенд во некогашна Југославија, легендарните „Бијело дугме“,  ја преточија во стварност група наши музичари форммирајќи го проектот:  „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“!

Заради ковид пандемијата не беа во можност веднаш да го покажат на виделина, но сега по се изгледа доаѓа вистинското време „копчето да се откопча“ и да се покаже сиот музички и визуелен раскош, сета убавина на музиката со која растеа генерации, зашто „Бијело дугме“ несомнено беа и останаа балканските „The Rolling Stones“!

Токму затоа гитаристот Стевче Грозданов (како Горан Бреговиќ)пејачот Зоран Рудан – Цеки ( како Жељко Бебек)басистот Горан Гешовски (како Зоран Реџиќ)тапанарот Сашо Стојановски (како Горан Ипе Ивандиќ)клавијатуристите Борислав Драганов-Боби (како Лаза Ристовски) , Давор Јордановски и Мирослав Милковски ( како Владо Правдиќ), како и придружните вокали Билјана Ѓошева и Боба Танева (како  Амила Сулејмановиќ и Зумрета Миџиќ-Зу)  станаа дел од македонскиот проект посветен на најголемата група на сите времиња на екс-ЈУ просторите,  насловен „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“.

„Бело Копче е составен од врвни музички имиња, музички професионалци од македонската естрада. Поентата на постоењето на оваа трибјут група е свирењето на песните на ‘Бијело Дугме’ во оригинална верзија како што доликува на врвен трибјут бенд.

Групата постои околу 2 години, но поради пандемијата немаше услови за јавен настап, па во тој период се обидовме да направиме 7 спотови со познати песни од ‘Бијело Дугме’: „Кад би био бијело дугме“, „Тако ти је мала моја кад љуби Босанац“, „Да сам пекар“, „Сањао сам ноќас да те немам“,  „Лажеш злато, лажеш душо“, „Ружица си била“ и  „Ево, заклет ќу се“ – напишаа членовите на својата новоотворена Фејсбук страница, претставувајќи го проекот и  биографијата на членовите на трибјут бендот.

„Со гордост го претставувам новиот проект наречен ‘Бело Копче – трибјут Бијело дугме’. Се надевам дека ќе ви фати око. На нашата ФБ страница ќе промовираме седум песни, снимени во живо, од најдобриот бенд на сите времиња на Балканот, ‘Бијело дугме’.
Како прво да ја претставам „Кад би био Бијело дугме“ – напишал еден од основачите на трибјут групата, гитаристот Стевче Грозданов.

Кога и каде ќе можеме да присуствуваме на првиот перформанс во живо на „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“, останува да видиме? Она што може да се стекне како впечаток од најавното видео, звучи примамливо и се гледа дека екипата навистина се потрудила и музички и визуелно да заличат на бендот на Бреговиќ и компанија од нивните почетоци на славата.

https://www.youtube.com/watch?v=iFRq7mSuaFo

The post Македонија го доби својот прв домашен вистински трибјут бенд: Вака изгледа и звучи „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“ appeared first on Република.

]]>

Откако повеќе не постојат или стануваат се$ понедостижни да се видат собрани заедно во нивните  оригинални постави, стана пракса легендарните светски бендови, но и оние од некогашните ЈУ простори да добиваат свои „реплики“. Или што би рекол некој: „копии верни на оригиналот“. Сите насловени како „Tribute“ (почит) кон:  Queen, AC-DC, Led Zeppelin, Pink Floyd,  ZZ Top…   или некогаш „нашите“: ЕКВ, Азра,  Забрањено пушење… И уште дузина други легендарни бендови кои се дел од светската и балканската рок историја. Сеќавањето на нив го враќаат освежувајќи ни ги емоциите токму ваквите  Tribute  бендови кои буквално не само што во тон ја симнале музиката на оние, кои веројатно биле и нивни идоли, туку се трудат и физички што повеќе да личат на оригиналните членови на тие групи. И во изгледот со помош на мејкап, перики, разни маски, и во облекувањето, но секако и во однесувањето на сцената, симнувајќи го секое движење, секој гест, секој изговорен збор на „главните јунаци“ од нивната рок ен рол приказна кои тие ги „глумат“ на сцената. Вакви „трибјут бендови“ бендови однадвор доаѓале во неколку наврати и во Македонија, најмногу во Скопје (Queen,  David Bowie, Pink Floyd, ЕКВ, Азра…), но вистински македонски трибјут бенд на некоја група до сега не сме имале. Многумина пееле и свиреле песни од овој и оној, но никој не направил група која исто ќе свири, пее, изгледа, се облекува и се однесува како некоја од оние, големите, легендарните… Односно би била нивна „верна реплика“. Се’ до сега, или поточно до пред две години, кога идејата да се направи македонска верзија на најголемиот рок ен рол бенд во некогашна Југославија, легендарните „Бијело дугме“,  ја преточија во стварност група наши музичари форммирајќи го проектот:  „Бело Копче – Tribute Bijelo Dugme“! Заради ковид пандемијата не беа во можност веднаш да го покажат на виделина, но сега по се изгледа доаѓа вистинското време „копчето да се откопча“ и да се покаже сиот музички и визуелен раскош, сета убавина на музиката со која растеа генерации, зашто „Бијело дугме“ несомнено беа и останаа балканските „The Rolling Stones“! Токму затоа гитаристот Стевче Грозданов (како Горан Бреговиќ)пејачот Зоран Рудан – Цеки ( како Жељко Бебек)басистот Горан Гешовски (како Зоран Реџиќ)тапанарот Сашо Стојановски (како Горан Ипе Ивандиќ)клавијатуристите Борислав Драганов-Боби (како Лаза Ристовски) , Давор Јордановски и Мирослав Милковски ( како Владо Правдиќ), како и придружните вокали Билјана Ѓошева и Боба Танева (како  Амила Сулејмановиќ и Зумрета Миџиќ-Зу)  станаа дел од македонскиот проект посветен на најголемата група на сите времиња на екс-ЈУ просторите,  насловен „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“. „Бело Копче е составен од врвни музички имиња, музички професионалци од македонската естрада. Поентата на постоењето на оваа трибјут група е свирењето на песните на ‘Бијело Дугме’ во оригинална верзија како што доликува на врвен трибјут бенд. Групата постои околу 2 години, но поради пандемијата немаше услови за јавен настап, па во тој период се обидовме да направиме 7 спотови со познати песни од ‘Бијело Дугме’: „Кад би био бијело дугме“, „Тако ти је мала моја кад љуби Босанац“, „Да сам пекар“, „Сањао сам ноќас да те немам“,  „Лажеш злато, лажеш душо“, „Ружица си била“ и  „Ево, заклет ќу се“ – напишаа членовите на својата новоотворена Фејсбук страница, претставувајќи го проекот и  биографијата на членовите на трибјут бендот. „Со гордост го претставувам новиот проект наречен ‘Бело Копче – трибјут Бијело дугме’. Се надевам дека ќе ви фати око. На нашата ФБ страница ќе промовираме седум песни, снимени во живо, од најдобриот бенд на сите времиња на Балканот, ‘Бијело дугме’. Како прво да ја претставам „Кад би био Бијело дугме“ – напишал еден од основачите на трибјут групата, гитаристот Стевче Грозданов. Кога и каде ќе можеме да присуствуваме на првиот перформанс во живо на „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“, останува да видиме? Она што може да се стекне како впечаток од најавното видео, звучи примамливо и се гледа дека екипата навистина се потрудила и музички и визуелно да заличат на бендот на Бреговиќ и компанија од нивните почетоци на славата. https://www.youtube.com/watch?v=iFRq7mSuaFo

The post Македонија го доби својот прв домашен вистински трибјут бенд: Вака изгледа и звучи „Бело копче“ Tribute „Бијело дугме“ appeared first on Република.

]]>