Бели мугри Archives - Република https://republika.mk/tema/beli-mugri/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 16:49:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бели мугри Archives - Република https://republika.mk/tema/beli-mugri/ 32 32 Пред 85 години е испечатена „Бели мугри“, врвниот дострел на Рациновото творештво https://republika.mk/vesti/kultura/pred-85-godini-e-ispechatena-beli-mugri-vrvniot-dostrel-na-ratsinovoto-tvoreshtvo/ Mon, 25 Nov 2024 16:47:24 +0000 https://republika.mk/?p=841641

Пред точно 85 години, на денешен ден, 25 ноември во 1939 година во печатницата на Драгутин Шпулер во Самобор, Хрватска, испечатена е стихозбирката „Бели мугри“ на Коста Солев Рацин, македонскиот поет, револуционер и основоположник на современата македонска литература и книжевност.

Стихозбирката „Бели мугри“ преставува врвен дострел на Рациновото творештво. Таа содржи 12 песни, распределени во пет циклуси и напишани на велешки дијалект со примеси од западно-македонските дијалекти. „Бели мугри“ ги содржи и најпознатите песни „Денови“, „Ленка“, „Селска мака“, „Тутуноберачите“, „Копачите“, „Елегии за тебе“, „Уторото над нас“ и „Татунчо“ како и „На Струга дуќан да имам“ и „Проштавање“.

„Бели мугри“ е стихозбирка со извонредно творештво на Рацин кој преку зборови говори за антологија на болките и на страдањата на македонскиот народ, за експлоатација на тутунопроизводителите, за маките на монополските работници и на надничарите како во Велес така и во Македонија, пред почетокот на Втората светска војна.

Идеолошката припадност на Кочо Солев Рацин е препознатлива уште на самата корица на стихозбирката, преку испечатениот наслов чии букви се со црвена боја како симболика на кумунистичкото движење на кое му припаѓа и коешто се бори за „ново утро и почеток на нов живот на сите луѓе кои се еднакви“.

Поради опасноста да биде откриен и подложен на репресија во тогашната држава, кралска Југославија, причина е за користење на псевдонимот „К. Рацин“.

Делегација на Здружението на Македонците во Хрватска изминатиот викенд како и секоја година ја посети Печатницата на Шпулер во Самобор и се поклони и положи цвеќиња на спомен бистата на Кочо Рацин.

Воедно изминатиот викенд во Самобор беше присутна и делегација на Советот на Општина Велес, информираа денеска од локалната самоуправа. Тие присуствувале и на концерт на Нинослав Димов и Маја Поповиќ што го подготви Македонскиот културно информативен центар во Загреб, со поддршка на Министерството за култура и туризам

 

The post Пред 85 години е испечатена „Бели мугри“, врвниот дострел на Рациновото творештво appeared first on Република.

]]>

Пред точно 85 години, на денешен ден, 25 ноември во 1939 година во печатницата на Драгутин Шпулер во Самобор, Хрватска, испечатена е стихозбирката „Бели мугри“ на Коста Солев Рацин, македонскиот поет, револуционер и основоположник на современата македонска литература и книжевност. Стихозбирката „Бели мугри“ преставува врвен дострел на Рациновото творештво. Таа содржи 12 песни, распределени во пет циклуси и напишани на велешки дијалект со примеси од западно-македонските дијалекти. „Бели мугри“ ги содржи и најпознатите песни „Денови“, „Ленка“, „Селска мака“, „Тутуноберачите“, „Копачите“, „Елегии за тебе“, „Уторото над нас“ и „Татунчо“ како и „На Струга дуќан да имам“ и „Проштавање“. „Бели мугри“ е стихозбирка со извонредно творештво на Рацин кој преку зборови говори за антологија на болките и на страдањата на македонскиот народ, за експлоатација на тутунопроизводителите, за маките на монополските работници и на надничарите како во Велес така и во Македонија, пред почетокот на Втората светска војна. Идеолошката припадност на Кочо Солев Рацин е препознатлива уште на самата корица на стихозбирката, преку испечатениот наслов чии букви се со црвена боја како симболика на кумунистичкото движење на кое му припаѓа и коешто се бори за „ново утро и почеток на нов живот на сите луѓе кои се еднакви“. Поради опасноста да биде откриен и подложен на репресија во тогашната држава, кралска Југославија, причина е за користење на псевдонимот „К. Рацин“. Делегација на Здружението на Македонците во Хрватска изминатиот викенд како и секоја година ја посети Печатницата на Шпулер во Самобор и се поклони и положи цвеќиња на спомен бистата на Кочо Рацин. Воедно изминатиот викенд во Самобор беше присутна и делегација на Советот на Општина Велес, информираа денеска од локалната самоуправа. Тие присуствувале и на концерт на Нинослав Димов и Маја Поповиќ што го подготви Македонскиот културно информативен центар во Загреб, со поддршка на Министерството за култура и туризам  

The post Пред 85 години е испечатена „Бели мугри“, врвниот дострел на Рациновото творештво appeared first on Република.

]]>