белград Archives - Република https://republika.mk/tema/belgrad/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 20:11:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png белград Archives - Република https://republika.mk/tema/belgrad/ 32 32 Познат руски готвач пронајден мртов во Белград https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/poznat-ruski-gotvach-pronajden-mrtov-vo-belgrad/ Wed, 13 Nov 2024 20:11:19 +0000 https://republika.mk/?p=837392

Алексеј Зимин (52), познат руски ТВ готвач, е пронајден мртов во Србија во стан во Белград. Како што пишуваат српските медиуми, на неговото тело нема знаци на насилна смрт.

Сепак, Вишото обвинителство нареди обдукција со токсикологија. Според неофицијални информации, сопственикот на станот, седум дена не можел да го добие телефонски, па отишол да види што се случува и на подот затекнал грозоморна сцена.

За случајот бил информиран обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Тој беше сопственик на ресторанот Зима во елитниот дел на Лондон – Сохо.

Зимин наводно не се вратил во Русија откако беше прогонет по критикувањето на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го нападне Крим.

The post Познат руски готвач пронајден мртов во Белград appeared first on Република.

]]>

Алексеј Зимин (52), познат руски ТВ готвач, е пронајден мртов во Србија во стан во Белград. Како што пишуваат српските медиуми, на неговото тело нема знаци на насилна смрт. Сепак, Вишото обвинителство нареди обдукција со токсикологија. Според неофицијални информации, сопственикот на станот, седум дена не можел да го добие телефонски, па отишол да види што се случува и на подот затекнал грозоморна сцена. За случајот бил информиран обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Белград. Тој беше сопственик на ресторанот Зима во елитниот дел на Лондон – Сохо. Зимин наводно не се вратил во Русија откако беше прогонет по критикувањето на одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го нападне Крим.  

The post Познат руски готвач пронајден мртов во Белград appeared first on Република.

]]>
Српска ревија на македонскиот филм од 14. до 16. ноември во Белград https://republika.mk/scena/film/srpska-revija-na-makedonskiot-film-od-14-do-16-noemvri-vo-belgrad/ Tue, 12 Nov 2024 15:20:59 +0000 https://republika.mk/?p=836890

Од 14 до 16 ноември годинава во Белград ќе се одржи Српска ревија на македонскиот филм. Замислена е како тридневен настан што ќе понуди филмски проекции од врвни македонски автори, збогатени со музички и уметнички програми, претворајќи го настанот во вистински празник на македонската култура и уметност. Македонската култура, и особено македонскиот филм и музиката, се дел од богато наследство, каде традиционалните и современите вредности се испреплетуваат на еден возбудлив начин што луѓето во Србија често го чувствуваат како свое. Ова чувство произлегува не само од заедничкото општествено-политичко минато, туку и од уметничките врски меѓу овие простори, каде културата и уметноста служеле и продолжуваат да служат како поврзувачка нишка на Балканот.

СОДРЖИНА/ ПРОГРАМА НА РЕВИЈАТА
Ревијата на македонскиот филм ќе се одржи во три дела: филмски, музички и културно-деловен сегмент.

ФИЛМОВИ
Филмскиот дел, како централна компонента, вклучува: документарни, краткометражни, и долгометражни играни филмови, како и македонски класици (во соработка со Кинотеката на Македонија) и филмски журнали (во соработка со Филмските новости на Србија). Посебен куриозитет се филмските журнали - досега необјавени архивски материјали од Филмските новости, кои ќе прикажат сегменти од животот во Македонија.

Фестивалот го отвора светски признатиот документарен филм „Медена земја,“ двојно номиниран за Оскар и победник на Санденс фестивалот, со што го обележа историјата на македонската и светската кинематографија. Проекцијата ќе биде проследена со разговор со режисерката Тамара Котевска, која ќе ги пренесе уникатните искуства од работата на овој филм и преку мастер клас со студентите по филмска режија.

Посебно место во програмата зазема и култниот филм „Дае“ на режисерот Стојан Попов, првиот македонски филм номиниран за Оскар во категоријата најдобар краткометражен филм 1980. година, како и краткометражни филмови како наградуваниот филм „Северен Пол“ на Марија Апчевска, кој освои преку 19 награди и беше номиниран за Златна палма на Канскиот фестивал, и филмот „Бубачки“ на режисерот Игор Иванов Изија, кој го доби Златниот леопард на Локарно филмскиот фестивал.

• Ден 1 – Отворање
19:00ч
- Журнали: Филмски новости
- Проекција: „Медена Земја“
- Q&A со режисерката Тамара Котевска
- Коктел со музика на бендот Пијан Славеј, вина од винаријата Тиквеш и сирења од Кораб Трница

• Ден 2
17:00
- Мастер клас со Тамара Котевска
19:30
- Журнали: Филмски новости
- Проекции: „Дае“ и „Тетовирање“, автор Столе Попов

• Ден 3 – Затворање
17:00
- Краткометражни македонски филмови
Проекции: „Северен Пол“ (Марија Апчевска), „Бубачки“ (Игор Иванов), „Човек со чудна навика...“ (Вардан Тозија), „Елена“ (Дина Дума), „Ливада“ (Митко Панов)
19:30
- Журнали: Филмски новости
- Завршна проекција: „Панкот не е мртов“
- Разговор со Владимир Блажевски
- Коктел со музиката на Игор Василев Новоградска, вина од винаријата Тиквеш и сирења од Кораб Трница

МУЗИЧКИ ДЕЛ

Македонската музика отсекогаш била симбол на македонската култура.

Музичкиот дел на ревијата ќе ја претстави македонската музика која е од суштинско значење за културното наследство на земјата. Бранислав Николов, фронтмен на групата „Пијан славеј“ и текстописец и фронтмен на култниот македонски бенд Фолтин, ќе настапи со своите уникатни композиции. Пијан Славеј е едно од највозбудливите изненадувања на ревијата.

Игор Василев Новоградска, композитор и музички иноватор, ќе го презентира својот репертоар, познат по својата соработка со Милчо Манчевски и неговите електронски и амбиентални композиции кои освојуваат публика ширум светот. Неговиот настап ќе го надополни културниот доживување, спојувајќи аудиовизуелни впечатци со темата на фестивалот.

Настанот ќе се одржи од 14 до 16 ноември во УК Пароброд, Белград. Директор на ревијата: е Јорданчо Петковски, а уметнички директор е Вардан Тозија, во организација на продуцентските куќи ФИЛМОСКОПИЈА од Србија и НЕСТ Продукција од Македонија.

The post Српска ревија на македонскиот филм од 14. до 16. ноември во Белград appeared first on Република.

Човек паднал во Зоолошка по масовна тепачка на свадба на Калемегдан https://republika.mk/vesti/balkan/chovek-padnal-vo-zooloshka-po-masovna-tepachka-na-svadba-na-kalemegdan/ Mon, 04 Nov 2024 12:13:39 +0000 https://republika.mk/?p=833994

Свадбена веселба на белградската тврдина Калемегдан заврши со масовна тепачка и тешко повреден маж кој падна од голема висина, ни помалку ни повеќе - во Зоолошката градина.

Триесет и двегодишниот Е.К.  имал среќа да го преживее падот од таква височина (10 метри), а дополнителна среќа за него е што не паднал во кафез со животни.

Како што дознава српски „Блиц“, тој паднал во просторот на Зоолошката градина каде што нема животни, односно надвор од кафез.

Мажот се здобил со тешки физички повреди во вид на крварење на мозокот и скршеница на бутната коска и е во тешка состојба во болница. Наводно, на полицијата ѝ кажал дека не се сеќава на ништо и дека бил поднапиен.

Се започнало синоќа околу 21 часот и 30 минути кога 33-годишната А.С. и 33-годишниот Г.Д. (33) се скарале. Таа го удрила мажот со чаша по лицето, по што тој ѝ удрил шлаканица.

Тогаш настана општ хаос. Интервенираа и други гости, по што мораше да реагира и полицијата. Во текот на истрагата, полицијата забележала маж на просторот на Зоолошката градина, вели изворот на „Блиц“.

Мажот и жената кои се степале на свадбата се приведени и ќе одговараат за нарушување на јавниот ред и мир.

The post Човек паднал во Зоолошка по масовна тепачка на свадба на Калемегдан appeared first on Република.

]]>

Свадбена веселба на белградската тврдина Калемегдан заврши со масовна тепачка и тешко повреден маж кој падна од голема висина, ни помалку ни повеќе - во Зоолошката градина. Триесет и двегодишниот Е.К.  имал среќа да го преживее падот од таква височина (10 метри), а дополнителна среќа за него е што не паднал во кафез со животни. Како што дознава српски „Блиц“, тој паднал во просторот на Зоолошката градина каде што нема животни, односно надвор од кафез. Мажот се здобил со тешки физички повреди во вид на крварење на мозокот и скршеница на бутната коска и е во тешка состојба во болница. Наводно, на полицијата ѝ кажал дека не се сеќава на ништо и дека бил поднапиен. Се започнало синоќа околу 21 часот и 30 минути кога 33-годишната А.С. и 33-годишниот Г.Д. (33) се скарале. Таа го удрила мажот со чаша по лицето, по што тој ѝ удрил шлаканица.
Тогаш настана општ хаос. Интервенираа и други гости, по што мораше да реагира и полицијата. Во текот на истрагата, полицијата забележала маж на просторот на Зоолошката градина, вели изворот на „Блиц“.
Мажот и жената кои се степале на свадбата се приведени и ќе одговараат за нарушување на јавниот ред и мир.  

The post Човек паднал во Зоолошка по масовна тепачка на свадба на Калемегдан appeared first on Република.

]]>
Протест пред зградата на Владата во Белград, се бара оставка од министерот Весиќ https://republika.mk/vesti/balkan/protest-pred-zgradata-na-vladata-vo-belgrad-se-bara-ostavka-od-ministerot-vesik/ Sun, 03 Nov 2024 15:03:00 +0000 https://republika.mk/?p=833787

Во Белград, пред зградата во која се сместени повеќе министерства, меѓу кои и она за градежништво, транспорт и инфраструктура, како и републичкото обвинителство, протестираат активисти кои бараат оставка од министерот Горан Весиќ.

Пред влезот на министерството е распоредена полициска единица.

Иван Бјелиќ, активист на групата „SviĆe“ (Се разденува, но и Сите ќе), во име на насобраните побара Весиќ брзо да поднесе оставка, во спротивно владата ќе биде „одговорна за она што ќе следи во вторник во Нови Сад“, каде е планиран поголем протест.

Дел од насобраните активисти, кои претходно се собраа на протестот кај старата железничка станица поради трагедијата во Нови Сад, имаат обоени ракавици во црвено, носат транспаренти „рацете ви се крвави“- како порака до властите, а во исто време извикуваат „оставка“, пренесува Бета.

Ќе го уапсите ли министерот Весиќ? Дали некој го прашал дали дал оставка. Најверојатно се сокрил во дупка за стаорци“, ги прашал Бјелиќ полицајците читајќи ги нивните имиња од значките на униформите.

Активистите најавија дека овој протест е само почеток на граѓанската непослушност и дека ќе учествуваат и на протестот во Нови Сад, како и дека ќе бидат порадикални, доколку дотогаш не се поднесат оставки поради трагедијата во Нови Сад.

Копретседателката на „Заедно“ Билјана Стојковиќ за ТВ Н1 изјави дека власта ги довела граѓаните во очај и гнев и дека е невозможно повеќе да се разговара со властите „бидејќи тоа би значело да се согласат со нивните игри“.

Активистите беа информирани дека во меѓувреме нешто пред пладне е ослободен Никола Ристиќ од организираната група „SviĆe“, кој беше приведен пред протестот кај старата железничка станица.

The post Протест пред зградата на Владата во Белград, се бара оставка од министерот Весиќ appeared first on Република.

]]>

Во Белград, пред зградата во која се сместени повеќе министерства, меѓу кои и она за градежништво, транспорт и инфраструктура, како и републичкото обвинителство, протестираат активисти кои бараат оставка од министерот Горан Весиќ. Пред влезот на министерството е распоредена полициска единица. Иван Бјелиќ, активист на групата „SviĆe“ (Се разденува, но и Сите ќе), во име на насобраните побара Весиќ брзо да поднесе оставка, во спротивно владата ќе биде „одговорна за она што ќе следи во вторник во Нови Сад“, каде е планиран поголем протест. Дел од насобраните активисти, кои претходно се собраа на протестот кај старата железничка станица поради трагедијата во Нови Сад, имаат обоени ракавици во црвено, носат транспаренти „рацете ви се крвави“- како порака до властите, а во исто време извикуваат „оставка“, пренесува Бета.
Ќе го уапсите ли министерот Весиќ? Дали некој го прашал дали дал оставка. Најверојатно се сокрил во дупка за стаорци“, ги прашал Бјелиќ полицајците читајќи ги нивните имиња од значките на униформите.
Активистите најавија дека овој протест е само почеток на граѓанската непослушност и дека ќе учествуваат и на протестот во Нови Сад, како и дека ќе бидат порадикални, доколку дотогаш не се поднесат оставки поради трагедијата во Нови Сад. Копретседателката на „Заедно“ Билјана Стојковиќ за ТВ Н1 изјави дека власта ги довела граѓаните во очај и гнев и дека е невозможно повеќе да се разговара со властите „бидејќи тоа би значело да се согласат со нивните игри“. Активистите беа информирани дека во меѓувреме нешто пред пладне е ослободен Никола Ристиќ од организираната група „SviĆe“, кој беше приведен пред протестот кај старата железничка станица.

The post Протест пред зградата на Владата во Белград, се бара оставка од министерот Весиќ appeared first on Република.

]]>
Девојка пропадна низ плафон во читалната на Правниот факултет https://republika.mk/vesti/balkan/devojka-propadna-niz-plafon-vo-chitalnata-na-pravniot-fakultet/ Thu, 31 Oct 2024 17:41:05 +0000 https://republika.mk/?p=832881

Девојка падна низ таван во читалната на Правниот факултет во Белград, објавуваат српските медиуми.

Според Инстаграм страната moj_beo_grad, инцидентот се случил денеска на Правниот факултет во главниот српски град.

Имено, ногата и пропаднала низ таванот и останала заглавена.

Засега не е позната состојбата на девојката.

The post Девојка пропадна низ плафон во читалната на Правниот факултет appeared first on Република.

]]>

Девојка падна низ таван во читалната на Правниот факултет во Белград, објавуваат српските медиуми. Според Инстаграм страната moj_beo_grad, инцидентот се случил денеска на Правниот факултет во главниот српски град. Имено, ногата и пропаднала низ таванот и останала заглавена. Засега не е позната состојбата на девојката.

The post Девојка пропадна низ плафон во читалната на Правниот факултет appeared first on Република.

]]>
Дојава за бомба во трговски центри и на Техничкиот факултет во Белград https://republika.mk/vesti/balkan/dojava-za-bomba-vo-trgovski-tsentri-i-na-tehnichkiot-fakultet-vo-belgrad/ Tue, 01 Oct 2024 14:17:59 +0000 https://republika.mk/?p=821462

Во два трговски центри во Белград денеска имаше дојава за бомба, а дојавата стигна и за Техничкиот факултет, јави дописникот на МИА од Белград.

Дојавата за поставени бомби имаше во трговскиот центар „Биг“ во Карабурба и во трговскиот центар „Милениум“ во центарот на Белград. Како што е потврдено од Министерството за внатрешни работи (МВР), непознати лица нешто по 13 часот пријавиле дека во трговските центри била поставена експлозивна направа.

Во моментов во тек е евакуација на посетителите во тие трговски центри, а надлежните екипи на МВР се излезени на терен поради дојава за поставена бомба во ТЦ во Карабурма.

Блиц соопшти дека дојава за поставена бомба е пристигната и за Техничкиот факултет во Белград.

The post Дојава за бомба во трговски центри и на Техничкиот факултет во Белград appeared first on Република.

]]>

Во два трговски центри во Белград денеска имаше дојава за бомба, а дојавата стигна и за Техничкиот факултет, јави дописникот на МИА од Белград. Дојавата за поставени бомби имаше во трговскиот центар „Биг“ во Карабурба и во трговскиот центар „Милениум“ во центарот на Белград. Како што е потврдено од Министерството за внатрешни работи (МВР), непознати лица нешто по 13 часот пријавиле дека во трговските центри била поставена експлозивна направа. Во моментов во тек е евакуација на посетителите во тие трговски центри, а надлежните екипи на МВР се излезени на терен поради дојава за поставена бомба во ТЦ во Карабурма. Блиц соопшти дека дојава за поставена бомба е пристигната и за Техничкиот факултет во Белград.

The post Дојава за бомба во трговски центри и на Техничкиот факултет во Белград appeared first on Република.

]]>
Лајчак разговараше со американски претставници и со Курти за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина https://republika.mk/vesti/balkan/lajchak-razgovarashe-so-amerikanski-pretstavnitsi-i-so-kurti-za-normalizatsija-na-odnosite-megu-belgrad-i-prishtina/ Fri, 27 Sep 2024 17:06:34 +0000 https://republika.mk/?p=820379

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека денеска разговарал со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О'Брајан и заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Александар Касанов.

Лајчак на платформата Х објави дека се приклучил на средбата на двајца американски претставници со косовскиот премиерот  Албин Курти, со цел да се разговара за напредокот во односите меѓу Белград и Приштина.

„Се согласивме дека нема алтернатива за брзото спроведување на Договорот на патот кон нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“, напиша Лајчак.

The post Лајчак разговараше со американски претставници и со Курти за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, соопшти дека денеска разговарал со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Џејмс О'Брајан и заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Александар Касанов. Лајчак на платформата Х објави дека се приклучил на средбата на двајца американски претставници со косовскиот премиерот  Албин Курти, со цел да се разговара за напредокот во односите меѓу Белград и Приштина.
„Се согласивме дека нема алтернатива за брзото спроведување на Договорот на патот кон нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“, напиша Лајчак.

The post Лајчак разговараше со американски претставници и со Курти за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина appeared first on Република.

]]>
Автоматски пушки, бомби, минофрлачи – цел арсенал оружје пронајден во гаража во Белград https://republika.mk/vesti/balkan/avtomatski-pushki-bombi-minofrlachi-tsel-arsenal-oruzhje-pronajden-vo-garazha-vo-belgrad/ Thu, 26 Sep 2024 17:57:01 +0000 https://republika.mk/?p=819982

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на МВР и БИА извршија увид на лице место каде во гаража во станбена зграда во Нов Белград е пронајдено поголемо количество автоматско оружје, јавија белградските медиуми.

Пронајдени се неколку рачни бомби и автоматски пушки, рачен минофрлач, експлозив, поголема количина муниција, фантомка.

Во тек е оперативна работа на расветлување на сите околности на овој случај и откривање и гонење на сторителите на кривичното дело“, соопшти ВЈО. Оружјето било пронајдено претпладнето.

The post Автоматски пушки, бомби, минофрлачи – цел арсенал оружје пронајден во гаража во Белград appeared first on Република.

]]>

По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на МВР и БИА извршија увид на лице место каде во гаража во станбена зграда во Нов Белград е пронајдено поголемо количество автоматско оружје, јавија белградските медиуми. Пронајдени се неколку рачни бомби и автоматски пушки, рачен минофрлач, експлозив, поголема количина муниција, фантомка. Во тек е оперативна работа на расветлување на сите околности на овој случај и откривање и гонење на сторителите на кривичното дело“, соопшти ВЈО. Оружјето било пронајдено претпладнето.

The post Автоматски пушки, бомби, минофрлачи – цел арсенал оружје пронајден во гаража во Белград appeared first on Република.

]]>
Застрелано 19-годишно момче во Белград https://republika.mk/vesti/balkan/zastrelano-19-godishno-momche-vo-belgrad/ Tue, 24 Sep 2024 10:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=819264

Филип Ј. (19) од Белград, е тешко ранет во жестока пресметка што се случила рано утринава на „Лабудово Брдо“ во белградска Раковица и итно бил пренесен во Ургентниот центар каде што лекарите се борат за неговиот живот.

Тој седел во автомобил со девојка, а напаѓачот му пришол и го застрелал во градите и стомакот. Крвавиот настан се случил нешто пред 3 часот на улицата 11-та Краина дивизија, а младиот човек во бесознание со тешки повреди веднаш бил пренесен во Ургентниот центар каде бил опериран.

Како што пишуваат српските медиуми, полицијата интензивно работи на откривање и пронаоѓање на напаѓачот.

Според неофицијални информации, Филип во моментот на пукањето бил со девојка (18) во автомобил „форд“, а веднаш пред пукањето излегол од возилото. Потоа најверојатно се обидел да побегне и повторно влегол во автомобилот, каде повторно бил застрелан. За среќа девојката која била со него не е повредена.

The post Застрелано 19-годишно момче во Белград appeared first on Република.

]]>

Филип Ј. (19) од Белград, е тешко ранет во жестока пресметка што се случила рано утринава на „Лабудово Брдо“ во белградска Раковица и итно бил пренесен во Ургентниот центар каде што лекарите се борат за неговиот живот. Тој седел во автомобил со девојка, а напаѓачот му пришол и го застрелал во градите и стомакот. Крвавиот настан се случил нешто пред 3 часот на улицата 11-та Краина дивизија, а младиот човек во бесознание со тешки повреди веднаш бил пренесен во Ургентниот центар каде бил опериран. Како што пишуваат српските медиуми, полицијата интензивно работи на откривање и пронаоѓање на напаѓачот. Според неофицијални информации, Филип во моментот на пукањето бил со девојка (18) во автомобил „форд“, а веднаш пред пукањето излегол од возилото. Потоа најверојатно се обидел да побегне и повторно влегол во автомобилот, каде повторно бил застрелан. За среќа девојката која била со него не е повредена.  

The post Застрелано 19-годишно момче во Белград appeared first on Република.

]]>
Акција на српската полиција за отстранување граната од центарот на Белград https://republika.mk/vesti/balkan/aktsija-na-srpskata-politsija-za-otstranuvane-granata-od-tsentarot-na-belgrad/ Sun, 22 Sep 2024 08:08:09 +0000 https://republika.mk/?p=818628

Министерот за внатрешни работи на Стрбија, Ивица Дачиќ соопшти дека 130 припадници на полицијата учествуваат во преместувањето на артилериска граната, останата од Првата светска војна, од локација во центарот на Белград на безбедна локација во Делиблатско песочиште, каде што ќе биде уништена.

Тој за Радио телевизија на Србија (РТС) изјави дека станува збор за артилериска граната од калибар 305 мм, тешка повеќе од 280 килограми.

Дачиќ додаде дека се надева оти нема да има компликации при извршувањето на таа акција.

The post Акција на српската полиција за отстранување граната од центарот на Белград appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи на Стрбија, Ивица Дачиќ соопшти дека 130 припадници на полицијата учествуваат во преместувањето на артилериска граната, останата од Првата светска војна, од локација во центарот на Белград на безбедна локација во Делиблатско песочиште, каде што ќе биде уништена. Тој за Радио телевизија на Србија (РТС) изјави дека станува збор за артилериска граната од калибар 305 мм, тешка повеќе од 280 килограми. Дачиќ додаде дека се надева оти нема да има компликации при извршувањето на таа акција.

The post Акција на српската полиција за отстранување граната од центарот на Белград appeared first on Република.

]]>
Мапа од локациите на 4 камери кои детектираат пречекорување на брзината: Внимавајте како возите во Белград https://republika.mk/vesti/balkan/mapa-od-lokatsiite-na-4-kameri-koi-detektiraat-prechekoruvane-na-brzinata-vnimavajte-kako-vozite-vo-belgrad/ Tue, 17 Sep 2024 09:28:51 +0000 https://republika.mk/?p=817034

Вчера во Белград почна да работи автоматскиот систем на детекција на пречекорување на дозволената брзина во зоните каде најмногу  не се почитуваше ограничувањето на брзината од 50 км/час. Станува збор за четири сообраќајни раскрсници во Белград, а освен овој систем, прекршоци откриваат и сообраќајните камери во Белград, а што снимаат открива Курир.рс.

Системот за автоматско откривање на пребрзо возење ќе се применува на булеварот Михајло Пупин - Бранков Мост, раскрсницата на булеварот Никола Тесла и Улица Ушќе, на раскрсницата на улиците Антифашистички Борба и Јуриј Гагарин, како и на булеварот Краља Александра кај маркетот Ѓерам, информираат од МУП.

Најавено е дека овие системи во наредниот период ќе бидат инсталирани и на некои други локации. Покрај овие системи, сообраќајните прекршоци ги откриваат и сообраќајните камери.

Во моментов се користат камери кои освен брзина откриваат поминување на црвено светло, па возење по жолта лента. Има и камери кои ги имаат потребните технички карактеристики за да можат да го снимат прекршокот на неносење појас, како и неправилна употреба на мобилниот телефон при возење.

Најпрво на сопственикот на возилото му се испраќа барање да даде информација за лицето кое го управувало возилото, во одредено време на одредено место. Оваа информација сопственикот е должен заедно со изјавата на возачот да ја достави до Министерството за внатрешни работи на Србија, по што полицијата против возачот ќе поведе соодветна прекршочна постапка. Доколку сопственикот на возилото не ја исполни својата обврска, се соочува со парична казна од 100.000 до 120.000 динари, како физичко лице. Тоа не е казна за прекршок направен со неговото возило, туку за недавање на бараните податоци за возачот. Исто така, во законот стои дека изјавата на возачот дека го управувал возилото мора да биде заверена на нотар.

Што се однесува до правните лица, за нив е предвидена глоба од 60.000 до 600.000 динари доколку не ги дадат бараните податоци за возачот.

Ова се казните за брзо возење:

Казна од 3.000 динари е предвидена за пречекорување на дозволената брзина во населено место до 10 км/ч.
Надминување на брзината од 11-20 км/ч - казна од 5.000 до 10.000 динари.
Надминување на брзина од 21 км/ч - 50 км/ч - казна од 6.000 до 20.000 динари.
Надминување на дозволената брзина од 51 km/h до 70 km/h – од 15.000 динари до 30.000 динари.
Надминување на брзината над 70 км/ч - од 100.000 до 120.000 динари, со минимум 15 дена затвор и 14 казнени поени.

The post Мапа од локациите на 4 камери кои детектираат пречекорување на брзината: Внимавајте како возите во Белград appeared first on Република.

]]>

Вчера во Белград почна да работи автоматскиот систем на детекција на пречекорување на дозволената брзина во зоните каде најмногу  не се почитуваше ограничувањето на брзината од 50 км/час. Станува збор за четири сообраќајни раскрсници во Белград, а освен овој систем, прекршоци откриваат и сообраќајните камери во Белград, а што снимаат открива Курир.рс. Системот за автоматско откривање на пребрзо возење ќе се применува на булеварот Михајло Пупин - Бранков Мост, раскрсницата на булеварот Никола Тесла и Улица Ушќе, на раскрсницата на улиците Антифашистички Борба и Јуриј Гагарин, како и на булеварот Краља Александра кај маркетот Ѓерам, информираат од МУП. Најавено е дека овие системи во наредниот период ќе бидат инсталирани и на некои други локации. Покрај овие системи, сообраќајните прекршоци ги откриваат и сообраќајните камери. Во моментов се користат камери кои освен брзина откриваат поминување на црвено светло, па возење по жолта лента. Има и камери кои ги имаат потребните технички карактеристики за да можат да го снимат прекршокот на неносење појас, како и неправилна употреба на мобилниот телефон при возење. Најпрво на сопственикот на возилото му се испраќа барање да даде информација за лицето кое го управувало возилото, во одредено време на одредено место. Оваа информација сопственикот е должен заедно со изјавата на возачот да ја достави до Министерството за внатрешни работи на Србија, по што полицијата против возачот ќе поведе соодветна прекршочна постапка. Доколку сопственикот на возилото не ја исполни својата обврска, се соочува со парична казна од 100.000 до 120.000 динари, како физичко лице. Тоа не е казна за прекршок направен со неговото возило, туку за недавање на бараните податоци за возачот. Исто така, во законот стои дека изјавата на возачот дека го управувал возилото мора да биде заверена на нотар. Што се однесува до правните лица, за нив е предвидена глоба од 60.000 до 600.000 динари доколку не ги дадат бараните податоци за возачот. Ова се казните за брзо возење: Казна од 3.000 динари е предвидена за пречекорување на дозволената брзина во населено место до 10 км/ч. Надминување на брзината од 11-20 км/ч - казна од 5.000 до 10.000 динари. Надминување на брзина од 21 км/ч - 50 км/ч - казна од 6.000 до 20.000 динари. Надминување на дозволената брзина од 51 km/h до 70 km/h – од 15.000 динари до 30.000 динари. Надминување на брзината над 70 км/ч - од 100.000 до 120.000 динари, со минимум 15 дена затвор и 14 казнени поени.

The post Мапа од локациите на 4 камери кои детектираат пречекорување на брзината: Внимавајте како возите во Белград appeared first on Република.

]]>
Протест во Белград со барање РТС да известува за протестите против ископувањето литиум во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/protest-vo-belgrad-so-barane-rts-da-izvestuva-za-protestite-protiv-iskopuvaneto-litium-vo-srbija/ Sun, 01 Sep 2024 20:36:03 +0000 https://republika.mk/?p=812115

Пред зградата на јавниот медиумски сервис во Белград се одржува протест со барање Јавниот сервис Радио-телевизија на Србија (РТС) да ја информира јавноста за еколошките проблеми, јави дописникот на МИА од Белград.

На протестот организиран од движењето Еко стража, беше побарано РТС да им овозможи на претставниците на еколошките организации да и се обратат на јавноста во централната информативна програма - Дневник.

- РТС има седум дена да го исполни барањето. Ако не го стори тоа, ќе ги искористиме сите правни средства против одговорните лица, најави Еко стража пред протестот во неделата. Протестот се одржува под слоган „Безбедноста е во бројки“, како што најави Еко стража, како знак на поддршка за граѓанските активисти кои полицијата еден месец претходно ги приведе на протестите против ископувањето литиум во Србија.

Таа организација наведе дека се приведени пет нејзини активисти, дека полицијата им ги пребарала становите и им ги одземала мобилните телефони и компјутерите.

-Бараме да се спроведе дисциплинска постапка против обвинителите кои ги прекршиле човековите права на активистите, како и веднаш да им се вратат одземените лични помагала на приведените, истакнаа од Еко стража.

The post Протест во Белград со барање РТС да известува за протестите против ископувањето литиум во Србија appeared first on Република.

]]>

Пред зградата на јавниот медиумски сервис во Белград се одржува протест со барање Јавниот сервис Радио-телевизија на Србија (РТС) да ја информира јавноста за еколошките проблеми, јави дописникот на МИА од Белград. На протестот организиран од движењето Еко стража, беше побарано РТС да им овозможи на претставниците на еколошките организации да и се обратат на јавноста во централната информативна програма - Дневник.
- РТС има седум дена да го исполни барањето. Ако не го стори тоа, ќе ги искористиме сите правни средства против одговорните лица, најави Еко стража пред протестот во неделата. Протестот се одржува под слоган „Безбедноста е во бројки“, како што најави Еко стража, како знак на поддршка за граѓанските активисти кои полицијата еден месец претходно ги приведе на протестите против ископувањето литиум во Србија.
Таа организација наведе дека се приведени пет нејзини активисти, дека полицијата им ги пребарала становите и им ги одземала мобилните телефони и компјутерите.
-Бараме да се спроведе дисциплинска постапка против обвинителите кои ги прекршиле човековите права на активистите, како и веднаш да им се вратат одземените лични помагала на приведените, истакнаа од Еко стража.

The post Протест во Белград со барање РТС да известува за протестите против ископувањето литиум во Србија appeared first on Република.

]]>
Францускиот претседател Макрон утре и задутре во посета на Белград https://republika.mk/vesti/svet/frantsuskiot-pretsedatel-makron-utre-i-zadutre-vo-poseta-na-belgrad/ Wed, 28 Aug 2024 15:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=810957

Францускиот претседател Емануел Макрон утре и задутре доаѓа во Белград, посета во која ќе ја потврди поддршката за европските интеграции на Србија. Макрон ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе ја открие плочата по повод завршувањето на работите за модернизација на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и ќе одржи говор на Форумот за млади и вештачка интелигенција.

Шефот на делегацијата на Европската Унија во Белград, Емануел Жофре изјави дека е позитивна вест што Макрон доаѓа во Србија, оценувајќи дека тоа е важно за нејзиниот европски пат.

The post Францускиот претседател Макрон утре и задутре во посета на Белград appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател Емануел Макрон утре и задутре доаѓа во Белград, посета во која ќе ја потврди поддршката за европските интеграции на Србија. Макрон ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе ја открие плочата по повод завршувањето на работите за модернизација на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и ќе одржи говор на Форумот за млади и вештачка интелигенција. Шефот на делегацијата на Европската Унија во Белград, Емануел Жофре изјави дека е позитивна вест што Макрон доаѓа во Србија, оценувајќи дека тоа е важно за нејзиниот европски пат.  

The post Францускиот претседател Макрон утре и задутре во посета на Белград appeared first on Република.

]]>
Поранешен офицер на КФОР тврди: НАТО бомбардирањето на Србија не беше за мир туку мешање во суверинитетот https://republika.mk/vesti/balkan/poraneshen-ofitser-na-kfor-tvrdi-nato-bombardiraneto-na-srbija-ne-beshe-za-mir-tuku-meshane-vo-suverinitetot/ Tue, 20 Aug 2024 09:03:40 +0000 https://republika.mk/?p=808216

Поранешниот американски офицер на КФОР Стив Расел сведочеше на судењето на водачите на поранешната ОВК и во таа прилика ги потврди своите изјави дека, според него, мисијата на НАТО на Косово е мешање во суверенитетот на Србија, како и дека кампањата што НАТО ја водeше во врска со бомбардирањето на СР Југославија не била мирна, пренесува Репортерс.

Расел најчесто служел во областа Гњилане и зборуваше  за тамошните притворни центри во 1999 година.

Отидовме таму да ја имплементираме резолуцијата 1244, која е резултат на интервенција во суверенитетот на Србија во име на насилството предизвикано во покраината Косово и мислев дека во тој контекст се мешаме во суверенитетот на Србија со цел да ги ублажиме страдањата на луѓето во покраината Косово, вака би го објаснил“, рече тој.Расел.

Тој беше прашан и за изјавата дадена во Обвинителството во која рече дека воздушната кампања на НАТО нема мирна цел, туку да наметне резултат.

The post Поранешен офицер на КФОР тврди: НАТО бомбардирањето на Србија не беше за мир туку мешање во суверинитетот appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски офицер на КФОР Стив Расел сведочеше на судењето на водачите на поранешната ОВК и во таа прилика ги потврди своите изјави дека, според него, мисијата на НАТО на Косово е мешање во суверенитетот на Србија, како и дека кампањата што НАТО ја водeше во врска со бомбардирањето на СР Југославија не била мирна, пренесува Репортерс. Расел најчесто служел во областа Гњилане и зборуваше  за тамошните притворни центри во 1999 година.
Отидовме таму да ја имплементираме резолуцијата 1244, која е резултат на интервенција во суверенитетот на Србија во име на насилството предизвикано во покраината Косово и мислев дека во тој контекст се мешаме во суверенитетот на Србија со цел да ги ублажиме страдањата на луѓето во покраината Косово, вака би го објаснил“, рече тој.Расел.
Тој беше прашан и за изјавата дадена во Обвинителството во која рече дека воздушната кампања на НАТО нема мирна цел, туку да наметне резултат.

The post Поранешен офицер на КФОР тврди: НАТО бомбардирањето на Србија не беше за мир туку мешање во суверинитетот appeared first on Република.

]]>
Белград го очекува голем протест против ископот на литиум во Србија https://republika.mk/vesti/balkan/belgrad-go-ochekuva-golem-protest-protiv-iskopot-na-litium-vo-srbija/ Sat, 10 Aug 2024 07:14:37 +0000 https://republika.mk/?p=805088

Властите во Србија се соочуваат со се пожесток отпор за ископувањето литиум, откако Белград на 19 јули потпиша меморандум за стратешко партнерство за одржливи суровини со Европската унија, и тоа предизвика нов бран речиси секојдневни протести низ целата држава. Централниот протестен митинг е закажан во Белград за денеска, што е рокот што еколошките организации и демонстрантите и го дадоа на српската влада да напише и да достави до парламентот закон за трајна забрана за геолошки истражувања и експлоатација на литиум и бор во Србија.

Организаторите најавија дека на протестот ќе говорат претседателот на здружението „Не дамо Јадар“ Златко Кокановиќ, Љиљана Браловиќ од Здружението на еколошки организации на Србија (СЕОС), научниот советник на белградскиот институт за хемија Драгана Ѓорѓевиќ и актерката Светлана Бојковиќ. Денешниот протест ќе биде последен во низата од 50 собири на граѓани кои почнаа на крајот на јуни во Србија по повод најавата за отворање рудник за литиум во долината Јадар.

Изминативе недели се одржаа протести низ цела Србија каде демонстрантите побараа меѓународната корпорација Рио Тинто, што планира да ископува литиум, да ја напушти Србија. Со меморандумот со ЕУ „за стратешко партнерство во одржливи суровини, синџири за производство на батерии и електрични возила“, владата е охрабрена да започне со ископ на литиум, на што се повеќе се спротивставуваат еколошките активисти, граѓанските движења и опозицијата.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека полицијата во Суботица во соработка со БИА уапсила четири лица кои за денеска планирале да ја нападнат полицијата и да предизвикаат насилство и безредие на протестот во Белград.

Клучниот аргумент на демонстрантите е дека ископот на литиум во земјоделски развиениот регион на западот од државата ќе предизвика немерлива штета на животната средина и локалната заедница, а пораките на граѓаните од претходните протести се дека не сакаат да го жртвуваат здравјето. и амбиентот за краткорочни и нејасни економски придобивки. Покрај тоа, лидерите на владата се обвинети за корупција и фаворизирање на меѓународната рударска корпорација Рио Тинто.

Досега во над 50 градови низ Србија се одржани протести на кои присуствуваа илјадници луѓе.

Аферата поврзана со ископ на литиум, планиран од мултинационалната компанија Рио Тинто во западна Србија, во плодното земјоделско подрачје на регионот Јадар, беше актуелизирана пред нешто повеќе од две години, а српската влада во јануари 2022 година соочени со масовни протести на кои тогаш десетици илјади луѓе излегоа на улиците, ја одзеде лиценцата на таа компанија.

Уставниот суд неодамна ја укина владината одлука од 2022 година за одземање на дозволата, а неколку дена подоцна владата брзо донесе нова регулатива и со тоа го „врати во живот“ проектот Рио Тинто. Додека демонстрантите, еколошките активисти и опозицијата ги обвинуваат владините лидери за корупција и лобирање за интересите на Рио Тинто, највисоките владини функционери возвраќаат со обвинувања дека „целта на протестите не е екологијата и здравјето“, големо соборување на претседателот на Србија.

Соочена со нов бран протести, кои се закануваат да станат уште помасовни, власта се обидува да ги придуши со навредливи изјави на највисоките државни функционери во провладините медиуми, а убедена е и во поддршката на европските и германските компании кои ветуваат отворање фабрики за производство на батерии.

Еден од тие обиди е формирање на специјален здравствен тим во Министерството за здравство што треба да ги следи сите здравствени аспекти и закани од потенцијално ископување на литиум и стратешки суровини. Министерот за здравство Златибор Лончар вети дека овој тим ќе ги открие сите мислења и предлози и на терен ќе провери што се планира и какво влијание има врз здравјето и околината.

Локалните медиуми објавија дека четворица од осумте членови на тимот здравствени експерти се на списокот од над 2.000 луѓе кои ја поддржаа листата „Александар Вучиќ - Србија не смее да запре“ на изборите одржани на крајот на минатата година.

Претседателот на Здружението „Не го даваме Јадар“ Златко Кокановиќ ги повика граѓаните на Белград и сите граѓани на Србија во што поголем број да присуствуваат на протестот закажан за сабота на 10 август во Белград.

Кокановиќ за агенцијата Бета изјави дека протестот во Белград не е само за отворање на рудникот за литиум во Јадар, туку целта е да се спречи владата да дозволи странски компании да отвораат рудници насекаде во Србија.

На тој собир ќе ги објавиме следните чекори за спречување на отворање на рудници за литиум низ Србија“, рече Кокановиќ.

Оваа борба, додаде тој, е над политиката и над верските, националните и сексуалните ориентации.

Луѓето треба да разберат дека такви какви што сме на 10 август и наредните денови, такви ќе бидеме засекогаш. Ова е буквално борба за опстанок на Србија... Ако помине проектот за експлоатација на литиум и бор во Јадар, ќе помине сите останати на територијата на целата држава и ќе бидеме претворени во рударска колонија“, рече Кокановиќ.

Еден од организаторите на најавениот протест против ископ на литиум во Белград, Небојша Петковиќ од Здружението откри дека по оваа средба ќе има блокади, но не откри кои точки ќе бидат блокирани.

Прашан како граѓаните треба да се подготват за настаните в сабота, Петковиќ изјави дека луѓето треба „да носат опрема за ден или два за да можат да останат на одредена локација“.

The post Белград го очекува голем протест против ископот на литиум во Србија appeared first on Република.

]]>

Властите во Србија се соочуваат со се пожесток отпор за ископувањето литиум, откако Белград на 19 јули потпиша меморандум за стратешко партнерство за одржливи суровини со Европската унија, и тоа предизвика нов бран речиси секојдневни протести низ целата држава. Централниот протестен митинг е закажан во Белград за денеска, што е рокот што еколошките организации и демонстрантите и го дадоа на српската влада да напише и да достави до парламентот закон за трајна забрана за геолошки истражувања и експлоатација на литиум и бор во Србија. Организаторите најавија дека на протестот ќе говорат претседателот на здружението „Не дамо Јадар“ Златко Кокановиќ, Љиљана Браловиќ од Здружението на еколошки организации на Србија (СЕОС), научниот советник на белградскиот институт за хемија Драгана Ѓорѓевиќ и актерката Светлана Бојковиќ. Денешниот протест ќе биде последен во низата од 50 собири на граѓани кои почнаа на крајот на јуни во Србија по повод најавата за отворање рудник за литиум во долината Јадар. Изминативе недели се одржаа протести низ цела Србија каде демонстрантите побараа меѓународната корпорација Рио Тинто, што планира да ископува литиум, да ја напушти Србија. Со меморандумот со ЕУ „за стратешко партнерство во одржливи суровини, синџири за производство на батерии и електрични возила“, владата е охрабрена да започне со ископ на литиум, на што се повеќе се спротивставуваат еколошките активисти, граѓанските движења и опозицијата. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека полицијата во Суботица во соработка со БИА уапсила четири лица кои за денеска планирале да ја нападнат полицијата и да предизвикаат насилство и безредие на протестот во Белград. Клучниот аргумент на демонстрантите е дека ископот на литиум во земјоделски развиениот регион на западот од државата ќе предизвика немерлива штета на животната средина и локалната заедница, а пораките на граѓаните од претходните протести се дека не сакаат да го жртвуваат здравјето. и амбиентот за краткорочни и нејасни економски придобивки. Покрај тоа, лидерите на владата се обвинети за корупција и фаворизирање на меѓународната рударска корпорација Рио Тинто. Досега во над 50 градови низ Србија се одржани протести на кои присуствуваа илјадници луѓе. Аферата поврзана со ископ на литиум, планиран од мултинационалната компанија Рио Тинто во западна Србија, во плодното земјоделско подрачје на регионот Јадар, беше актуелизирана пред нешто повеќе од две години, а српската влада во јануари 2022 година соочени со масовни протести на кои тогаш десетици илјади луѓе излегоа на улиците, ја одзеде лиценцата на таа компанија. Уставниот суд неодамна ја укина владината одлука од 2022 година за одземање на дозволата, а неколку дена подоцна владата брзо донесе нова регулатива и со тоа го „врати во живот“ проектот Рио Тинто. Додека демонстрантите, еколошките активисти и опозицијата ги обвинуваат владините лидери за корупција и лобирање за интересите на Рио Тинто, највисоките владини функционери возвраќаат со обвинувања дека „целта на протестите не е екологијата и здравјето“, големо соборување на претседателот на Србија. Соочена со нов бран протести, кои се закануваат да станат уште помасовни, власта се обидува да ги придуши со навредливи изјави на највисоките државни функционери во провладините медиуми, а убедена е и во поддршката на европските и германските компании кои ветуваат отворање фабрики за производство на батерии. Еден од тие обиди е формирање на специјален здравствен тим во Министерството за здравство што треба да ги следи сите здравствени аспекти и закани од потенцијално ископување на литиум и стратешки суровини. Министерот за здравство Златибор Лончар вети дека овој тим ќе ги открие сите мислења и предлози и на терен ќе провери што се планира и какво влијание има врз здравјето и околината. Локалните медиуми објавија дека четворица од осумте членови на тимот здравствени експерти се на списокот од над 2.000 луѓе кои ја поддржаа листата „Александар Вучиќ - Србија не смее да запре“ на изборите одржани на крајот на минатата година. Претседателот на Здружението „Не го даваме Јадар“ Златко Кокановиќ ги повика граѓаните на Белград и сите граѓани на Србија во што поголем број да присуствуваат на протестот закажан за сабота на 10 август во Белград. Кокановиќ за агенцијата Бета изјави дека протестот во Белград не е само за отворање на рудникот за литиум во Јадар, туку целта е да се спречи владата да дозволи странски компании да отвораат рудници насекаде во Србија.
На тој собир ќе ги објавиме следните чекори за спречување на отворање на рудници за литиум низ Србија“, рече Кокановиќ.
Оваа борба, додаде тој, е над политиката и над верските, националните и сексуалните ориентации.
Луѓето треба да разберат дека такви какви што сме на 10 август и наредните денови, такви ќе бидеме засекогаш. Ова е буквално борба за опстанок на Србија... Ако помине проектот за експлоатација на литиум и бор во Јадар, ќе помине сите останати на територијата на целата држава и ќе бидеме претворени во рударска колонија“, рече Кокановиќ.
Еден од организаторите на најавениот протест против ископ на литиум во Белград, Небојша Петковиќ од Здружението откри дека по оваа средба ќе има блокади, но не откри кои точки ќе бидат блокирани. Прашан како граѓаните треба да се подготват за настаните в сабота, Петковиќ изјави дека луѓето треба „да носат опрема за ден или два за да можат да останат на одредена локација“.

The post Белград го очекува голем протест против ископот на литиум во Србија appeared first on Република.

]]>
Во Белград на 10 август е закажан голем протест против ископот на литиум https://republika.mk/vesti/balkan/vo-belgrad-na-10-avgust-e-zakazhan-golem-protest-protiv-iskopot-na-litium/ Tue, 30 Jul 2024 17:43:21 +0000 https://republika.mk/?p=801804

Голем протест против ископувањето на литиум ќе се одржи во Белград на 10 август, најавија „Еко стража“ и организацијата „Не го даваме Јадар“, а во организација на еколошките здруженија протести против отворањето на рудниците за литиум се закажани и во повеќе од десет градови во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Големиот протест против ископувањето на литиум ќе се одржи во Белград на 10 август со почеток во 19 часот во Теразије кога ќе истечат 40-те дена што СЕОС и ги даде на Владата на Србија да го усвои законот за ископ на литиум и да спречи газење на сопствената одлука за прекин на проектот Јадар.

-Протестот го организираат еколошки организации кои со години се борат против загадувањето на животната средина и сега стојат обединети против ова зло што ја надвисна Србија и криминалниот режим кој се обидува да отвори рудник против волјата на народот, објавија на социјалната мрежа „X“, „Еко стража“.

Тие ги повикаа на протест сите граѓани на Србија кои се против ископ на литиум, без разлика на нивната политичка и идеолошка припадност.

-Ова е протест за доброто на сите граѓани. Политичарите и партиските активисти се добредојдени, но без партиски симболи. Од демонстрантите се бара да дојдат со транспаренти, еколошки пораки и без знамиња на други земји и пораки кои ја дехетерогенизираат масата. Време е да научиме да испратиме порака дека народот на Србија е обединет и секој го носи својот дел од одговорноста. Еколошките организации кои ги организираат протестите се воздржуваат од истакнување на сопствени знаци и логоа, за протестот да не се толкува како самопромоција, наведоа од „Еко стража“.

Протести вечерва ќе се одржат во Косјериќ и Младеновац, додека протестот во Панчево е закажан за 2 август. Во Осечина протестот ќе се одржи на 4 август, во Чачак на 5 август, Инџија на 6 август. Потоа во наредните денови протести се закажани во Сремска Митровица, Јагодина, Крагуевац, Горни Милановац и други градови се до 10 август кога е најавениот протест во Белград.

Изминативе денови масовни протести на граѓаните против литиумот се одржаа во: Лозница, Ваљево, Љиг, Барајево, Богатиќ, Гроцка, Краљево, Неготин, Шабац, Ариље, Аранѓеловац, Крупањ...На сите собири беше побарано Владата да донесе закон за трајна забрана за геолошки истражувања и експлоатација на литиум и бор во Србија.

Рокот за донесување на тој закон кој еколошките здруженија им го одредија на властите е 10 август.

The post Во Белград на 10 август е закажан голем протест против ископот на литиум appeared first on Република.

]]>

Голем протест против ископувањето на литиум ќе се одржи во Белград на 10 август, најавија „Еко стража“ и организацијата „Не го даваме Јадар“, а во организација на еколошките здруженија протести против отворањето на рудниците за литиум се закажани и во повеќе од десет градови во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Големиот протест против ископувањето на литиум ќе се одржи во Белград на 10 август со почеток во 19 часот во Теразије кога ќе истечат 40-те дена што СЕОС и ги даде на Владата на Србија да го усвои законот за ископ на литиум и да спречи газење на сопствената одлука за прекин на проектот Јадар.
-Протестот го организираат еколошки организации кои со години се борат против загадувањето на животната средина и сега стојат обединети против ова зло што ја надвисна Србија и криминалниот режим кој се обидува да отвори рудник против волјата на народот, објавија на социјалната мрежа „X“, „Еко стража“.
Тие ги повикаа на протест сите граѓани на Србија кои се против ископ на литиум, без разлика на нивната политичка и идеолошка припадност.
-Ова е протест за доброто на сите граѓани. Политичарите и партиските активисти се добредојдени, но без партиски симболи. Од демонстрантите се бара да дојдат со транспаренти, еколошки пораки и без знамиња на други земји и пораки кои ја дехетерогенизираат масата. Време е да научиме да испратиме порака дека народот на Србија е обединет и секој го носи својот дел од одговорноста. Еколошките организации кои ги организираат протестите се воздржуваат од истакнување на сопствени знаци и логоа, за протестот да не се толкува како самопромоција, наведоа од „Еко стража“.
Протести вечерва ќе се одржат во Косјериќ и Младеновац, додека протестот во Панчево е закажан за 2 август. Во Осечина протестот ќе се одржи на 4 август, во Чачак на 5 август, Инџија на 6 август. Потоа во наредните денови протести се закажани во Сремска Митровица, Јагодина, Крагуевац, Горни Милановац и други градови се до 10 август кога е најавениот протест во Белград. Изминативе денови масовни протести на граѓаните против литиумот се одржаа во: Лозница, Ваљево, Љиг, Барајево, Богатиќ, Гроцка, Краљево, Неготин, Шабац, Ариље, Аранѓеловац, Крупањ...На сите собири беше побарано Владата да донесе закон за трајна забрана за геолошки истражувања и експлоатација на литиум и бор во Србија. Рокот за донесување на тој закон кој еколошките здруженија им го одредија на властите е 10 август.

The post Во Белград на 10 август е закажан голем протест против ископот на литиум appeared first on Република.

]]>
МНР: Македонски државјанин загинал во сообраќајна несреќа во Србија https://republika.mk/vesti/makedonija/mnr-makedonski-drzhavjanin-zaginal-vo-soobrakajna-nesreka-vo-srbija/ Fri, 19 Jul 2024 12:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=798461

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија преку Амбасадата на Република Македонија во Белград е информирано дека вчера во попладневните часови во близина на населеното место Палојце се случила сообраќајна незгода во која животот го загубило едно лице, додека три лица се повредени. Согласно информациите од амбасадата, лицето кое го загубило животот е државјанин на Република Македонија, додека повредените лица се државјани на Република Словенија.

Амбасадата во Белград е во постојана комуникација со надлежните служби на Република Србија и  за сите дополнителни информации јавноста ќе биде навремено информирана.

The post МНР: Македонски државјанин загинал во сообраќајна несреќа во Србија appeared first on Република.

Во Белград запленет кокаин вреден милион евра https://republika.mk/vesti/balkan/vo-belgrad-zaplenet-kokain-vreden-milion-evra/ Fri, 19 Jul 2024 10:08:43 +0000 https://republika.mk/?p=798393

Во акција на српската полиција и обвинителството запленети се повеќе од девет килограми кокаин чија вредност се проценува на околу еден милион евра.

Осомничените се уапсени во Пожега, потврдија за белградски медиуми во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Во претресите на повеќе локации во Белград се пронајдени уште девет килограми кокаин, со улична вредност од над еден милион евра, како и поголеми количини маса за зголемување на количината на дрога.

The post Во Белград запленет кокаин вреден милион евра appeared first on Република.

]]>

Во акција на српската полиција и обвинителството запленети се повеќе од девет килограми кокаин чија вредност се проценува на околу еден милион евра. Осомничените се уапсени во Пожега, потврдија за белградски медиуми во Вишото јавно обвинителство во Белград. Во претресите на повеќе локации во Белград се пронајдени уште девет килограми кокаин, со улична вредност од над еден милион евра, како и поголеми количини маса за зголемување на количината на дрога.

The post Во Белград запленет кокаин вреден милион евра appeared first on Република.

]]>
Шолц в петок патува во Белград https://republika.mk/vesti/balkan/sholts-v-petok-patuva-vo-belgrad/ Wed, 17 Jul 2024 16:43:59 +0000 https://republika.mk/?p=797751

Германскиот канцелар Олаф Шолц в петок ќе отпатува за Србија и ќе разговара со претседателот Александар Вучиќ, најави денеска портпаролот на германската Влада.

Шолц заедно со потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчович ќе присуствува на Самитот за стратешки суровини, на кој Србија ќе потпише меморандум за разбирање со Европска Унија за стратешко партнерство за одржливи суровини, синџири за снабдување со батерии и електрични автомобили.

Портпаролот на германската Влада посочи дека „заднината на овој проект е одржливо ископување литиум во Србија“.

Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ денеска изјави дека ископувањето на литиум државата може да донесе околу 10 милијарди евра дополнителни инвестиции во Србија до 2030 година, а бруто домашниот производ би можел да порасне и до 20 отсто.

The post Шолц в петок патува во Белград appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц в петок ќе отпатува за Србија и ќе разговара со претседателот Александар Вучиќ, најави денеска портпаролот на германската Влада. Шолц заедно со потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчович ќе присуствува на Самитот за стратешки суровини, на кој Србија ќе потпише меморандум за разбирање со Европска Унија за стратешко партнерство за одржливи суровини, синџири за снабдување со батерии и електрични автомобили. Портпаролот на германската Влада посочи дека „заднината на овој проект е одржливо ископување литиум во Србија“. Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ денеска изјави дека ископувањето на литиум државата може да донесе околу 10 милијарди евра дополнителни инвестиции во Србија до 2030 година, а бруто домашниот производ би можел да порасне и до 20 отсто.

The post Шолц в петок патува во Белград appeared first on Република.

]]>
Влатко Стефановски доби жици за гитара со негово име од компанија од Виена https://republika.mk/scena/muzika/vlatko-stefanovski-dobi-zhitsi-za-gitara-so-negovo-ime-od-kompanija-od-viena/ Mon, 08 Jul 2024 14:12:47 +0000 https://republika.mk/?p=794627

Синоќа во Белград на музичкиот џез фестивал „Somersby Jazz in the Garden“, Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов за првпат во кариерата настапија заедно на сцената како дует, а како специјален гостин им се придружи и американскиот госпел и блуз пејач Дин Бауман, јави дописникот на МИА од Белград.

Со Васил се знаеме подолго време. Сме били заедно учесници на разни проекти и на разни концерти, кај што не сме биле фронтмени на ситуацијата, туку сме били гости или сме били во некоја комбинација која не е баш каква е вечерва. Вечерва ќе ги вкрстиме инструментите - клавир и гитара на најдобар можен начин, изјави Влатко Стефановски.

Преку композициите на виртуозот Влатко Стефановски, клавијатурата на Васил Хаџиманов, македонскиот етно мелос кој провејуваше во комбинација на џез, посетителите уживаа во настапот во опуштена атмосфера на амбиентот на „Белградска градина“ која ја исполнија до последното место.

-Па, имаше разговори за тоа во која насока треба да се одржи настапот. Дали со неговото трио, дали со мојот бенд или со трет тим, и тогаш сфативме дека можеби е најдобро само ние двајца да бидеме на сцена, бидејќи тоа никогаш досега не се случило, затоа ова е една ексклузивна вечер. Имаме и специјален гостин, тоа е Дин Бауман, тој е фантастичен пејач од Њујорк, кој за наша среќа се пресели во Романија и е блиску до нас, па можевме да го викнеме. На настапот ќе поминеме низ песните на Влатко и низ мои песни, а ќе има и сол, блуз репертоар, и сето тоа во еден сет, изјави Васил Хаџиманов.

Фестивалот беше затврен со концертот на Васил Хаџиманов и Влатко Стефановски кој, како што најави, наскоро пак ќе гостува во Белград.

-Оваа година го одбележувам јубилејот педесет години на сцена, тоа е навистина јубилеј, од кој самиот се плашам, кога ќе помислам колку години прошле и овде во Белград, ќе правам гала концерт во Сава Центар пред Нова година, на 16 декември. Во меѓувреме завршувам нов албум, завршувам и мемоари, во меѓувреме се случуваат некои многу интересни работи. Од една компанија од Виена која изработува жици за гитара, за виолини, за чела и друго, добив сигничар жици, жици со моето име, Томастик Гимфилт Влатко Стефановски едишн, што ми преставува големо задовоство и големо чест. Доѓаат уште некои много возбудливи датуми кои не би сакал да ги откривам за да не ги расипам, изјави Влатко Стефановски.

Интернационалниот музичкиот џез фестивал „Somersby Jazz in the Garden“ се одржува по четврти пат во амбиентот на „ Ботаничка градина“Белград, на кој настапија повеќе музичари меѓу кои беше и Рамбо Амадеус.

The post Влатко Стефановски доби жици за гитара со негово име од компанија од Виена appeared first on Република.