Бела ноќ 2022 Archives - Република https://republika.mk/tema/bela-nokj-2022/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Oct 2022 09:31:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бела ноќ 2022 Archives - Република https://republika.mk/tema/bela-nokj-2022/ 32 32 „Бела ноќ“ во Скопската градска библиотека https://republika.mk/vesti/skopje/bela-nokj-vo-skopskata-gradska-biblioteka/ Sat, 01 Oct 2022 09:31:36 +0000 https://republika.mk/?p=556259

Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје во рамки на годинешната скопска „Бела ноќ“, денеска напладне во библиотеката „Другарче“ ќе одржи работилница за деца од три до седум години, која ќе ја водат писателките Ана Голејшка Џикова и Ангела Георгиевска.

Во исто време, како што е најавено, во „Паркот на поезијата“ во Централната библиотека ќе се одржи Клубот на читатели за романот „Сфинга на гневот“ од Жарко Кјунџиски.

– Насловот беше предлог-книга за месец септември, кога ја започнавме големата кампања „Читаме современи македонски автори“. Клубот на читатели ќе го води Денис Бојаров, а идејата е на неформален начин на едно место да се соберат оние кои ја прочитале „Сфингата“, но и оние кои планираат да го направат тоа и низ разговор да отворат интересни прашања за делото. „Клубот на читатели“ е планирано да прерасне во традиционална средба со која ќе се заокружува секој месец од кампањата „Читаме современи македонски автори“, соопштија од градската библиотека.

Исто така, вечер во „Паркот на поезијата“ следува поетско читање, на кое ќе настапат Владимир Лукаш, Катерина Гогова, Митко Апостолов, Д.А.Лори, Андреј Ал-Асади, Софија Тодоровска, Диме Данов. Модератор на настанот е поетесата Биљана Стојановска.

– Библиотеката е средиште на културата и меморијата, но и на актуелните случувања за кои ги отвораме своите врати, истакнаа од тимот на Библиотеката.

The post „Бела ноќ“ во Скопската градска библиотека appeared first on Република.

]]>

Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје во рамки на годинешната скопска „Бела ноќ“, денеска напладне во библиотеката „Другарче“ ќе одржи работилница за деца од три до седум години, која ќе ја водат писателките Ана Голејшка Џикова и Ангела Георгиевска. Во исто време, како што е најавено, во „Паркот на поезијата“ во Централната библиотека ќе се одржи Клубот на читатели за романот „Сфинга на гневот“ од Жарко Кјунџиски.
– Насловот беше предлог-книга за месец септември, кога ја започнавме големата кампања „Читаме современи македонски автори“. Клубот на читатели ќе го води Денис Бојаров, а идејата е на неформален начин на едно место да се соберат оние кои ја прочитале „Сфингата“, но и оние кои планираат да го направат тоа и низ разговор да отворат интересни прашања за делото. „Клубот на читатели“ е планирано да прерасне во традиционална средба со која ќе се заокружува секој месец од кампањата „Читаме современи македонски автори“, соопштија од градската библиотека.
Исто така, вечер во „Паркот на поезијата“ следува поетско читање, на кое ќе настапат Владимир Лукаш, Катерина Гогова, Митко Апостолов, Д.А.Лори, Андреј Ал-Асади, Софија Тодоровска, Диме Данов. Модератор на настанот е поетесата Биљана Стојановска.
– Библиотеката е средиште на културата и меморијата, но и на актуелните случувања за кои ги отвораме своите врати, истакнаа од тимот на Библиотеката.

The post „Бела ноќ“ во Скопската градска библиотека appeared first on Република.

]]>
В сабота „Бела ноќ“ со богата културна програма почнува од плоштадот „Филип Втори“ https://republika.mk/vesti/kultura/v-sabota-bela-nokj-so-bogata-kulturna-programa-pochnuva-od-ploshtadot-filip-vtori/ Tue, 27 Sep 2022 14:41:50 +0000 https://republika.mk/?p=554868

Традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи во сабота (1.10.2022) на повеќе локации низ Скопје. Скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања, работилници, жонглерско шоу и перформанси на десетици локации низ градот.

Централната манифестација ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“ каде скопјани за прв пат ќе имаат можност да уживаат во насловните нумери од филмовите на легендарниот Џејмс Бонд во изведба на Камерниот оркестар на Битола, покрај тоа ќе можат да гледаат детска театарска претстава, жонглерско шоу, музички концерт на Мијата, a за крај да се журкаат на настапот на диџеј Дабнотик.

„Десонанс Фестивал“ ќе го има своето тринаесетто издание во дворот на Кинотека на Македонија, а ќе се презентира македонската електронска сцена која е напредна и во тек, вибрантна со случувањата на глобалната современа електронска сцена. Со свои настапи ќе се презентираат четворица македонски диџеи, а ќе ги надополнат со видео-арт материјали Филип Митров и Атанас Ботев, а за филмската програма ќе се погрижи Кинотеката.

Во Градски парк кај фонтана ќе се може да се погледне „Сообраќаен инсектариум – ПајакАрт“ групна изложба на 13 домашни автори, од различни ликовни изрази чија идеја е да се преиспита односот помеѓу типичната градска слика на сообраќаен метеж од паркирани возила на улици, булевари и тротоари и „пајак“ возилото, и нивните афинитети и творечки потенцијали, со изложување на дела на специфично зададена локација – автомобил.

Програмата ја збогатуваат и културните институции МКЦ, Детски културен центар „Карпош“, Национална галерија, Музеј на современа уметност, Музеј на Мајка Тереза, Зоолошка градина, Библиотека „Браќа Миладиновци“, Музеј на македонската борба и НУ Музеј на Република Македонија.

Целосната програма со распоред, локации и учесници може да се погледне на www.univerzalna.com.mk/belanok. Сите настани се од отворен карактер и се бесплатни за посетителите.

Настанот е во организација на ЈУ Универзална сала, финансиран од Град Скопје, а покровители се Сити Радио и Лајф Радио.

 

The post В сабота „Бела ноќ“ со богата културна програма почнува од плоштадот „Филип Втори“ appeared first on Република.

]]>

Традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи во сабота (1.10.2022) на повеќе локации низ Скопје. Скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања, работилници, жонглерско шоу и перформанси на десетици локации низ градот. Централната манифестација ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“ каде скопјани за прв пат ќе имаат можност да уживаат во насловните нумери од филмовите на легендарниот Џејмс Бонд во изведба на Камерниот оркестар на Битола, покрај тоа ќе можат да гледаат детска театарска претстава, жонглерско шоу, музички концерт на Мијата, a за крај да се журкаат на настапот на диџеј Дабнотик. „Десонанс Фестивал“ ќе го има своето тринаесетто издание во дворот на Кинотека на Македонија, а ќе се презентира македонската електронска сцена која е напредна и во тек, вибрантна со случувањата на глобалната современа електронска сцена. Со свои настапи ќе се презентираат четворица македонски диџеи, а ќе ги надополнат со видео-арт материјали Филип Митров и Атанас Ботев, а за филмската програма ќе се погрижи Кинотеката. Во Градски парк кај фонтана ќе се може да се погледне „Сообраќаен инсектариум – ПајакАрт“ групна изложба на 13 домашни автори, од различни ликовни изрази чија идеја е да се преиспита односот помеѓу типичната градска слика на сообраќаен метеж од паркирани возила на улици, булевари и тротоари и „пајак“ возилото, и нивните афинитети и творечки потенцијали, со изложување на дела на специфично зададена локација – автомобил. Програмата ја збогатуваат и културните институции МКЦ, Детски културен центар „Карпош“, Национална галерија, Музеј на современа уметност, Музеј на Мајка Тереза, Зоолошка градина, Библиотека „Браќа Миладиновци“, Музеј на македонската борба и НУ Музеј на Република Македонија. Целосната програма со распоред, локации и учесници може да се погледне на www.univerzalna.com.mk/belanok. Сите настани се од отворен карактер и се бесплатни за посетителите. Настанот е во организација на ЈУ Универзална сала, финансиран од Град Скопје, а покровители се Сити Радио и Лајф Радио.  

The post В сабота „Бела ноќ“ со богата културна програма почнува од плоштадот „Филип Втори“ appeared first on Република.

]]>