Бела ноќ 2023 Archives - Република https://republika.mk/tema/bela-nok-2023/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Sep 2023 05:45:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бела ноќ 2023 Archives - Република https://republika.mk/tema/bela-nok-2023/ 32 32 Од 18 часот денеска бесплатен превоз за сите https://republika.mk/vesti/skopje/od-18-chasot-deneska-besplaten-prevoz-za-site/ Sat, 30 Sep 2023 06:36:20 +0000 https://republika.mk/?p=686453

И оваа година е обезбеден бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ 2023.

Како што соопшти Град Скопје, бесплатниот превоз ќе може да го користат сите граѓани во периодот од 18 часот во сабота (30.09.2023 година) до 05 часот во недела (01.10.2023 година).

Традиционалната манифестација „Бела ноќ“ годинава се одржува по 19.пат. Граѓаните ќе можат да посетат изложби, перформанси, инсталации, концерти, театарски претстави и филмски проекции што ќе се одржуваат на повеќе локации во градот и ќе ја слават културата и уметноста во Скопје како Европска престолнина културата за 2028 година.

The post Од 18 часот денеска бесплатен превоз за сите appeared first on Република.

]]>

И оваа година е обезбеден бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на одржувањето на традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ 2023. Како што соопшти Град Скопје, бесплатниот превоз ќе може да го користат сите граѓани во периодот од 18 часот во сабота (30.09.2023 година) до 05 часот во недела (01.10.2023 година). Традиционалната манифестација „Бела ноќ“ годинава се одржува по 19.пат. Граѓаните ќе можат да посетат изложби, перформанси, инсталации, концерти, театарски претстави и филмски проекции што ќе се одржуваат на повеќе локации во градот и ќе ја слават културата и уметноста во Скопје како Европска престолнина културата за 2028 година.

The post Од 18 часот денеска бесплатен превоз за сите appeared first on Република.

]]>
Вечерва „Бела ноќ“ низ Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/vecherva-bela-nok-niz-skopje/ Sat, 30 Sep 2023 06:31:23 +0000 https://republika.mk/?p=686517

Изложби, перформанси, инсталации, концерти, театарски претстави и филмски проекции ќе се одржуваат вечер во главниот град во рамки на 19. традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2023“.

Централната манифестација ќе се одржи пред порта „Македонија“, во 20 часот. Скопјани ќе имаат можност да уживаат во композициите на маестро Кире Костов во изведба на Андријана Јаневска, Наде Талевска, Дани Димитровска и Ламбе Алабаковски, придружувани од Биг бенд оркестарот, под диригентската палка на Љупчо Мирковски, проследени со специјално визуелно шоу со 3Д-мапирање на портата. Ќе претходи рок-концерт на музичкото училиште „Ентерпрајз“.

Првото издание на „Октомвриски музички поход“ ќе биде кај „Школка“, во Градскиот парк, каде што ќе настапат: групата „Педро Хоризонте“, Стефан Петановски бенд, Занаду бенд, Димиш бенд и диџеите Раста Грл, Чарли и Јаска.

Во ГТЦ, пак, ќе може да се види изложбата „Игри и мечтаења“ на Друштвото на ликовните уметници, а на Факултетот за драмски уметности ќе може да се проследат повеќе театарски претстави, како и филмска и музичка програма. На плоштадот „Филип Втори“ повеќе културно-уметнички друштва ќе изведат традиционални македонски ора.

Во Кинотеката на Македонија ќе може да се проследат македонски филмски и музички достигнувања, а во галеријата „Остен“ ќе биде поставена изложбата „Право на јавни простори“ од Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитет „Американ колеџ“. Во Капан ан ќе биде прикажан проектот „Никеја“ со Славе Димитров и Весна Ѓиновска-Илкова, а во Домот на културата „Кочо Рацин“ ќе биде поставена изложбата „Култура во кутија“ на културното јадро „Доминиум“.

Во ноќниот клуб „Пјур“ (Pure) ќе биде одржан „Скопски моден фестивал“ (Skopje Fashion festival), на кој ќе се претстават модните дизајнери Ивана Кнез, Џорџе Башаревиќ, како и Бошко и Цеце Т.

Програмата ќе ја збогатат и културните институции: Културно-информативен центар – Скопје, Детски културен центар „Карпош“, Музеј на Град Скопје, Музеј на современата уметност, Библиотека „Браќа Миладиновци“, НУ Национална галерија, НУ Музеј на македонската борба и самостојност и НУ Турски театар.

Сите настани се од отворен карактер и се бесплатни за посетителите. И оваа година е обезбеден бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на одржувањето на „Бела ноќ 2023“. Бесплатниот превоз ќе може да се користи од вечер, од 18 часот, до 5 часот во недела (1 октомври 2023).

Програмата на годинашното издание на „Бела ноќ“ е достапна на следниот линк: www.univerzalna.com.mk/belanok.

The post Вечерва „Бела ноќ“ низ Скопје appeared first on Република.

]]>

Изложби, перформанси, инсталации, концерти, театарски претстави и филмски проекции ќе се одржуваат вечер во главниот град во рамки на 19. традиционалната културна манифестација „Бела ноќ 2023“. Централната манифестација ќе се одржи пред порта „Македонија“, во 20 часот. Скопјани ќе имаат можност да уживаат во композициите на маестро Кире Костов во изведба на Андријана Јаневска, Наде Талевска, Дани Димитровска и Ламбе Алабаковски, придружувани од Биг бенд оркестарот, под диригентската палка на Љупчо Мирковски, проследени со специјално визуелно шоу со 3Д-мапирање на портата. Ќе претходи рок-концерт на музичкото училиште „Ентерпрајз“. Првото издание на „Октомвриски музички поход“ ќе биде кај „Школка“, во Градскиот парк, каде што ќе настапат: групата „Педро Хоризонте“, Стефан Петановски бенд, Занаду бенд, Димиш бенд и диџеите Раста Грл, Чарли и Јаска. Во ГТЦ, пак, ќе може да се види изложбата „Игри и мечтаења“ на Друштвото на ликовните уметници, а на Факултетот за драмски уметности ќе може да се проследат повеќе театарски претстави, како и филмска и музичка програма. На плоштадот „Филип Втори“ повеќе културно-уметнички друштва ќе изведат традиционални македонски ора. Во Кинотеката на Македонија ќе може да се проследат македонски филмски и музички достигнувања, а во галеријата „Остен“ ќе биде поставена изложбата „Право на јавни простори“ од Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитет „Американ колеџ“. Во Капан ан ќе биде прикажан проектот „Никеја“ со Славе Димитров и Весна Ѓиновска-Илкова, а во Домот на културата „Кочо Рацин“ ќе биде поставена изложбата „Култура во кутија“ на културното јадро „Доминиум“. Во ноќниот клуб „Пјур“ (Pure) ќе биде одржан „Скопски моден фестивал“ (Skopje Fashion festival), на кој ќе се претстават модните дизајнери Ивана Кнез, Џорџе Башаревиќ, како и Бошко и Цеце Т. Програмата ќе ја збогатат и културните институции: Културно-информативен центар – Скопје, Детски културен центар „Карпош“, Музеј на Град Скопје, Музеј на современата уметност, Библиотека „Браќа Миладиновци“, НУ Национална галерија, НУ Музеј на македонската борба и самостојност и НУ Турски театар. Сите настани се од отворен карактер и се бесплатни за посетителите. И оваа година е обезбеден бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на одржувањето на „Бела ноќ 2023“. Бесплатниот превоз ќе може да се користи од вечер, од 18 часот, до 5 часот во недела (1 октомври 2023). Програмата на годинашното издание на „Бела ноќ“ е достапна на следниот линк: www.univerzalna.com.mk/belanok.

The post Вечерва „Бела ноќ“ низ Скопје appeared first on Република.

]]>
Концерт во чест на Кире Костов пред „Порта Македонија“ в сабота на „Бела ноќ“ https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-vo-chest-na-kire-kostov-pred-porta-makedonija-v-sabota-na-bela-nok/ Wed, 27 Sep 2023 09:09:59 +0000 https://republika.mk/?p=685549

Традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи во сабота (30.09.2023) на повеќе локации низ Скопје. Скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања и перформанси на десетици локации низ градот.

Централната манифестација ќе се одржи пред „Порта Македонија“ каде скопјани ќе уживаат во композициите од маестро Кире Костов, кои ќе бидат изведувани од Андријана Јаневска, Наде Талевска, Дани Димитровска и Ламбе Алабаковски придружувани од Биг Бенд под диригентската палка на Љупчо Мирковски и специјално визуелно шоу со 3D мапинг на самата порта. Како претходница ќе може да се чуе рок концерт на музичкото училиште „Ентерпрајз“ на класата ученици од 10 до 18 години.

„Октомвриски музички поход“ ќе го имаат своето првенствено издание на „Школка“ во градскиот парк, а ќе може да се чујат и видат: Група Педро Хоризонте, Стефан Петановски Бенд, Занаду Бенд, Димиш Бенд и диџеите: Раста Грл, Чарли и Јаска.

Во ГТЦ ќе може да се погледне изложбата „Игри и мечтаења“ од Друштвото на ликовни уметници на Македонија, во Факултетот за Драмски уметности ќе можат да се погледнат повеќе театарски престави како и филмска и музичка програма. На плоштадот „Филип Втори“ ќе може да се ужива во изведбите на македонските традиционални ора од повеќе културно-уметнички друштва.

Во кинотеката на Македонија ќе можат да се проследат Македонски филмски и музички достигнувања, во Галерија Остен ќе биде поставена изложбата „Право на јавни простори“ од Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитет Американ Колеџ. Во „Капан Ан“ ќе биде прикажан проектот „Никеја“ со Славе Димитров и Весна Ѓиновска Илкова а во Домот на културата „Кочо Рацин“ ќе биде поставена изложбата „Култура во кутија на Доминиум културно јадро. Во ноќниот клуб PURE ќе се одржи Skopje Fashion festival каде ќе се прикажат модните дизајнери: Ивана Кнез, Џорџе Башаревиќ, Бошко и Цеце Т.

Програмата ја збогатуваат и културните институции Културно Информативен Центар – Скопје, Детски културен центар „Карпош“, Музеј на Град Скопје, Музеј на современа уметност, Библиотека „Браќа Миладиновци“, НУ Национална галерија, НУ Музеј на македонската борба и самостојност и НУ Турски театар.

Целосната програма со распоред, локации и учесници ќе може да се погледне на www.univerzalna.com.mk/belanok. Сите настани се од отворен карактер и се бесплатни за посетителите.

Настанот е во организација на ЈУ Универзална сала, финансиран од Град Скопје, а е дел од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028.

 

The post Концерт во чест на Кире Костов пред „Порта Македонија“ в сабота на „Бела ноќ“ appeared first on Република.

]]>

Традиционалната културна манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи во сабота (30.09.2023) на повеќе локации низ Скопје. Скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во музички концерти, изложби, проекции, поетски читања и перформанси на десетици локации низ градот. Централната манифестација ќе се одржи пред „Порта Македонија“ каде скопјани ќе уживаат во композициите од маестро Кире Костов, кои ќе бидат изведувани од Андријана Јаневска, Наде Талевска, Дани Димитровска и Ламбе Алабаковски придружувани од Биг Бенд под диригентската палка на Љупчо Мирковски и специјално визуелно шоу со 3D мапинг на самата порта. Како претходница ќе може да се чуе рок концерт на музичкото училиште „Ентерпрајз“ на класата ученици од 10 до 18 години. „Октомвриски музички поход“ ќе го имаат своето првенствено издание на „Школка“ во градскиот парк, а ќе може да се чујат и видат: Група Педро Хоризонте, Стефан Петановски Бенд, Занаду Бенд, Димиш Бенд и диџеите: Раста Грл, Чарли и Јаска. Во ГТЦ ќе може да се погледне изложбата „Игри и мечтаења“ од Друштвото на ликовни уметници на Македонија, во Факултетот за Драмски уметности ќе можат да се погледнат повеќе театарски престави како и филмска и музичка програма. На плоштадот „Филип Втори“ ќе може да се ужива во изведбите на македонските традиционални ора од повеќе културно-уметнички друштва. Во кинотеката на Македонија ќе можат да се проследат Македонски филмски и музички достигнувања, во Галерија Остен ќе биде поставена изложбата „Право на јавни простори“ од Факултетот за архитектура и дизајн на Универзитет Американ Колеџ. Во „Капан Ан“ ќе биде прикажан проектот „Никеја“ со Славе Димитров и Весна Ѓиновска Илкова а во Домот на културата „Кочо Рацин“ ќе биде поставена изложбата „Култура во кутија на Доминиум културно јадро. Во ноќниот клуб PURE ќе се одржи Skopje Fashion festival каде ќе се прикажат модните дизајнери: Ивана Кнез, Џорџе Башаревиќ, Бошко и Цеце Т. Програмата ја збогатуваат и културните институции Културно Информативен Центар – Скопје, Детски културен центар „Карпош“, Музеј на Град Скопје, Музеј на современа уметност, Библиотека „Браќа Миладиновци“, НУ Национална галерија, НУ Музеј на македонската борба и самостојност и НУ Турски театар. Целосната програма со распоред, локации и учесници ќе може да се погледне на www.univerzalna.com.mk/belanok. Сите настани се од отворен карактер и се бесплатни за посетителите. Настанот е во организација на ЈУ Универзална сала, финансиран од Град Скопје, а е дел од богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028.  

The post Концерт во чест на Кире Костов пред „Порта Македонија“ в сабота на „Бела ноќ“ appeared first on Република.

]]>