Беко Archives - Република https://republika.mk/tema/beko/ За подобро да се разбереме Fri, 24 May 2024 12:37:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Беко Archives - Република https://republika.mk/tema/beko/ 32 32 Почина архитектката Мимоза Несторова Томиќ, авторката на стоковна куќа „Беко“ и на Музејот на Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/pochina-arhitektkata-mimoza-nestorova-tomik-avtorkata-na-stokovna-kuka-beko-i-na-muzejot-na-makedonija/ Fri, 24 May 2024 12:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=781399

По кратко боледување на 22 мај почина Мимоза Несторова Томиќ (96), архитект, урбанист, посветена и на социологијата на урбанизмот. За својот придонес во архитектурата, во 1973 годна е добитник на наградата „13 Ноември“ доделена за градбата Музеи на Македонија, а во 2011 година ја доби наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Добитник е и на признанието OPERA OMNIA од Share Architect 2019 година. Нејзиниот совет до помладите колеги беше: Работете со љубов, дообразувајте се постојано, проширувајќи го знаењето се доближувате до мудроста.

Родена e во Струга во 1928 година, архитектонското образование го завршила на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград. По дипломирањето се вработила во Институтот за народна архитектура при Техничкиот факултет во Скопје, а во 1954 г. била избрана за асистент на Архитектонскиот факултет. Во 1965 год. се вработила во Градскиот завод за Урбанизам како самостоен проектант и раководител, каде од 1986 г. сѐ до пензионирањето во 1989 г. била директор.

Во богатата и наградувана кариера, за Несторова-Томиќ се издвојува дека како дел од тимот на Градскиот завод за урбанизам и архитектура, каде работела на Деталниот урбанистички план за скопската Стара чаршија, на реконструкција на Сули ан, на ревитализација на Старата чаршија и санација на Чифте амам, „Менада”, Комлексот занаетчиски дуќани, авторка е на проектот за стоковната куќа „Беко“, на Музејот на Македонија (со Кирил Муратовски), станбени згради, работела реконструкција на ентериерот на Универзалната сала и била една од урбанистите кои работеле во тимот за разработка на Генералниот урбанистички план на Скопје со Пол Сервис и во тимот на Кензо Танге, по наградениот проектот од ОН, од јапонскиот архитект Кензо Танге, на обновувањето на Скопје после земјотресот.

Мимоза Несторова Томиќ ќе биде погребана денеска на градските гробишта Бутел во Скопје.

 

The post Почина архитектката Мимоза Несторова Томиќ, авторката на стоковна куќа „Беко“ и на Музејот на Македонија appeared first on Република.

]]>

По кратко боледување на 22 мај почина Мимоза Несторова Томиќ (96), архитект, урбанист, посветена и на социологијата на урбанизмот. За својот придонес во архитектурата, во 1973 годна е добитник на наградата „13 Ноември“ доделена за градбата Музеи на Македонија, а во 2011 година ја доби наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Добитник е и на признанието OPERA OMNIA од Share Architect 2019 година. Нејзиниот совет до помладите колеги беше: Работете со љубов, дообразувајте се постојано, проширувајќи го знаењето се доближувате до мудроста. Родена e во Струга во 1928 година, архитектонското образование го завршила на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград. По дипломирањето се вработила во Институтот за народна архитектура при Техничкиот факултет во Скопје, а во 1954 г. била избрана за асистент на Архитектонскиот факултет. Во 1965 год. се вработила во Градскиот завод за Урбанизам како самостоен проектант и раководител, каде од 1986 г. сѐ до пензионирањето во 1989 г. била директор. Во богатата и наградувана кариера, за Несторова-Томиќ се издвојува дека како дел од тимот на Градскиот завод за урбанизам и архитектура, каде работела на Деталниот урбанистички план за скопската Стара чаршија, на реконструкција на Сули ан, на ревитализација на Старата чаршија и санација на Чифте амам, „Менада”, Комлексот занаетчиски дуќани, авторка е на проектот за стоковната куќа „Беко“, на Музејот на Македонија (со Кирил Муратовски), станбени згради, работела реконструкција на ентериерот на Универзалната сала и била една од урбанистите кои работеле во тимот за разработка на Генералниот урбанистички план на Скопје со Пол Сервис и во тимот на Кензо Танге, по наградениот проектот од ОН, од јапонскиот архитект Кензо Танге, на обновувањето на Скопје после земјотресот. Мимоза Несторова Томиќ ќе биде погребана денеска на градските гробишта Бутел во Скопје.  

The post Почина архитектката Мимоза Несторова Томиќ, авторката на стоковна куќа „Беко“ и на Музејот на Македонија appeared first on Република.

]]>
Тошковски во посета на „Беко“: Во моментов се обучува нова група на полициски службеници кои доброволно се вклучија во процесот на издавање лични документи https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-vo-poseta-na-beko-vo-momentov-se-obuchuva-nova-grupa-na-politsiski-sluzhbenitsi-koi-dobrovolno-se-vkluchija-vo-protsesot-na-izdavane-lichni-dokumenti/ Sat, 02 Mar 2024 12:03:49 +0000 https://republika.mk/?p=750299

Министерот на внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во посета на полициската станица „Беко“ во центарот на градот.

Ова саботно утро го искористив да го посетам пунктот „Беко“ каде што во моментов се обучува нова група на полициски службеници кои доброволно се вклучуваат во процесот на издавање на лични документи.

Искрена благодарност кон овие колеги кои на дело покажуваат дека си ја сакаат Македонија и се спремни да помогнат кога е најпотребно, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Тошковски во посета на „Беко“: Во моментов се обучува нова група на полициски службеници кои доброволно се вклучија во процесот на издавање лични документи appeared first on Република.

]]>

Министерот на внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во посета на полициската станица „Беко“ во центарот на градот. Ова саботно утро го искористив да го посетам пунктот „Беко“ каде што во моментов се обучува нова група на полициски службеници кои доброволно се вклучуваат во процесот на издавање на лични документи. Искрена благодарност кон овие колеги кои на дело покажуваат дека си ја сакаат Македонија и се спремни да помогнат кога е најпотребно, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Тошковски во посета на „Беко“: Во моментов се обучува нова група на полициски службеници кои доброволно се вклучија во процесот на издавање лични документи appeared first on Република.

]]>
И во сабота ќе работи пунктот за промена на лични документи во „Пролет“ и шалтерите во МРТВ и Беко https://republika.mk/vesti/crna-hronika/i-vo-sabota-ke-raboti-punktot-za-promena-na-lichni-dokumenti-vo-prolet-i-shalterite-vo-mrtv-i-beko/ Thu, 14 Dec 2023 10:36:55 +0000 https://republika.mk/?p=722854

Пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет“ во Скопје ќе работи и в сабота, од 8 до 16 часот.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување.

Исто така в сабота ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 8 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот).

 

The post И во сабота ќе работи пунктот за промена на лични документи во „Пролет“ и шалтерите во МРТВ и Беко appeared first on Република.

]]>

Пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет“ во Скопје ќе работи и в сабота, од 8 до 16 часот. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување. Исто така в сабота ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 8 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот).  

The post И во сабота ќе работи пунктот за промена на лични документи во „Пролет“ и шалтерите во МРТВ и Беко appeared first on Република.

]]>
Отстранети 36 возила на непознати привилегирани од катната гаража „Беко“ https://republika.mk/vesti/skopje/otstraneti-36-vozila-na-nepoznati-privilegirani-od-katnata-garaza-beko/ Wed, 26 Jan 2022 12:34:26 +0000 https://republika.mk/?p=449794

Екипи на ЈП „Градски паркинг“ отстраниле денеска 36 возила од катната гаража „Беко“ за кои паркинг места веќе објавија дека биле резервирани за непознати привилегирани корисници.

Од јавното претпријатие информираат дека во катната гаража „Беко“, на катот -1, подолг временски период биле паркирани службени возила кои не се користеле и непотребно зафаќале 12 означени паркинг места. Имало и 24 паркинг места кои до сега од непознати причини биле резервирани за непознати привилегирани корисници, а паркирање на тие места за граѓаните не било дозволено.

Со акцијата се ослободени вкупно 36 паркинг места и се ставени во функција на корисниците. Воедно, екипите на претпријатието спроведоа акција на чистење на катот -1 со што целосно е отстранет насобраниот смет, велат оттаму.

Катната гаража „Беко“ која е лоцирана на улицата „Даме Груев“ во строгиот центар на градот располага со вкупно 605 паркинг маста, организирани на 2 ката под земја и шест ката над земја. Од вкупниот број паркинг места, 16 се резервирани за лицата со попреченост, а три за родители со мали деца, сите соодветно обележани со хоризонтална сигнализација. Паркинг местата за родители со мали деца се наоѓаат на катот -1, а паркинг местата за лицата со попреченост се соодветно распределени по катови. На катот -1 е поставен електричен полнач за автомобили.

Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да внимаваат со своите возила да не ги узурпираат обележаните паркинг места кои се исклучиво наменети за лицата со попреченост и за родителите со мали деца, за да им се овозможи соодветна пристапност на овие лица.

The post Отстранети 36 возила на непознати привилегирани од катната гаража „Беко“ appeared first on Република.

]]>

Екипи на ЈП „Градски паркинг“ отстраниле денеска 36 возила од катната гаража „Беко“ за кои паркинг места веќе објавија дека биле резервирани за непознати привилегирани корисници. Од јавното претпријатие информираат дека во катната гаража „Беко“, на катот -1, подолг временски период биле паркирани службени возила кои не се користеле и непотребно зафаќале 12 означени паркинг места. Имало и 24 паркинг места кои до сега од непознати причини биле резервирани за непознати привилегирани корисници, а паркирање на тие места за граѓаните не било дозволено.
Со акцијата се ослободени вкупно 36 паркинг места и се ставени во функција на корисниците. Воедно, екипите на претпријатието спроведоа акција на чистење на катот -1 со што целосно е отстранет насобраниот смет, велат оттаму.
Катната гаража „Беко“ која е лоцирана на улицата „Даме Груев“ во строгиот центар на градот располага со вкупно 605 паркинг маста, организирани на 2 ката под земја и шест ката над земја. Од вкупниот број паркинг места, 16 се резервирани за лицата со попреченост, а три за родители со мали деца, сите соодветно обележани со хоризонтална сигнализација. Паркинг местата за родители со мали деца се наоѓаат на катот -1, а паркинг местата за лицата со попреченост се соодветно распределени по катови. На катот -1 е поставен електричен полнач за автомобили. Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да внимаваат со своите возила да не ги узурпираат обележаните паркинг места кои се исклучиво наменети за лицата со попреченост и за родителите со мали деца, за да им се овозможи соодветна пристапност на овие лица.

The post Отстранети 36 возила на непознати привилегирани од катната гаража „Беко“ appeared first on Република.

]]>