бегалски бран Archives - Република https://republika.mk/tema/begalski-bran/ За подобро да се разбереме Thu, 13 Oct 2022 15:32:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бегалски бран Archives - Република https://republika.mk/tema/begalski-bran/ 32 32 Членките на ЕУ ќе добијат 3,5 милијарди евра за да примат украински бегалци https://republika.mk/vesti/svet/chlenkite-na-eu-kje-dobijat-3-5-milijardi-evra-za-da-primat-ukrainski-begalci/ Thu, 13 Oct 2022 15:43:38 +0000 https://republika.mk/?p=560751

Земјите-членки на Европската Унија ќе добијат уште 3,5 милијарди евра за помош на украинските бегалци, јави ДПА.

Средствата ќе се обезбедат од европските фондови за регионален развој. Одлуката за нивно обезбедување денеска во Луксембург ја донесоа министрите за правда на земјите од ЕУ.

Ослободувањето на средствата беше предложено од Европската Комисија и одобрено од Европскиот Парламент.

Од почетокот на војната во Украина, повеќе од 7,6 милиони луѓе побегнале во други европски земји, покажуваат податоците на Високиот комесаријат за бегалци на ОН.

The post Членките на ЕУ ќе добијат 3,5 милијарди евра за да примат украински бегалци appeared first on Република.

]]>

Земјите-членки на Европската Унија ќе добијат уште 3,5 милијарди евра за помош на украинските бегалци, јави ДПА. Средствата ќе се обезбедат од европските фондови за регионален развој. Одлуката за нивно обезбедување денеска во Луксембург ја донесоа министрите за правда на земјите од ЕУ. Ослободувањето на средствата беше предложено од Европската Комисија и одобрено од Европскиот Парламент. Од почетокот на војната во Украина, повеќе од 7,6 милиони луѓе побегнале во други европски земји, покажуваат податоците на Високиот комесаријат за бегалци на ОН.

The post Членките на ЕУ ќе добијат 3,5 милијарди евра за да примат украински бегалци appeared first on Република.

]]>
Орбан: Доаѓа нов мигрантски бран, ја креваме жилет-жицата за еден метар https://republika.mk/vesti/svet/orban-doagja-nov-migrantski-bran-ja-krevame-zilet-zicata-za-eden-metar/ Sat, 16 Jul 2022 18:37:26 +0000 https://republika.mk/?p=530106

Унгарија ја зајакнува заштитата на своите граници, а како причина го наведува новиот бран мигранти кои наводно преку балканската рута патуваат кон Унгарија, пренесува ДПА.

Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан планира да ја подигне за дополнителен метар жилет-жицата од 150 километри на југот на земјата, која беше изградена за време на бегалската криза во 2015 година.

Треба да се подигне и нова гранична ограда во националниот парк Дунав-Драва на југот од земјата, долж српската и хрватската граница.

Унгарската Влада, исто така, планира да вработи вкупно 2.000 нови, вооружени стражари како дополнително засилување на војската и граничната полиција.

The post Орбан: Доаѓа нов мигрантски бран, ја креваме жилет-жицата за еден метар appeared first on Република.

]]>

Унгарија ја зајакнува заштитата на своите граници, а како причина го наведува новиот бран мигранти кои наводно преку балканската рута патуваат кон Унгарија, пренесува ДПА. Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан планира да ја подигне за дополнителен метар жилет-жицата од 150 километри на југот на земјата, која беше изградена за време на бегалската криза во 2015 година. Треба да се подигне и нова гранична ограда во националниот парк Дунав-Драва на југот од земјата, долж српската и хрватската граница. Унгарската Влада, исто така, планира да вработи вкупно 2.000 нови, вооружени стражари како дополнително засилување на војската и граничната полиција.

The post Орбан: Доаѓа нов мигрантски бран, ја креваме жилет-жицата за еден метар appeared first on Република.

]]>
Кнаус: Европа мора да се подготви за најголемиот мигрантски бран после седум години https://republika.mk/vesti/svet/knaus-evropa-mora-da-se-podgotvi-za-najgolemiot-migrantski-bran-posle-sedum-godini/ Tue, 15 Mar 2022 09:10:26 +0000 https://republika.mk/?p=473015

Европа мора да се подготви за вториот најголем мигрантски бран после седум години, бидејќи во спротивно се заканува хаос, предупредува експертот по миграции, Гералд Кнаус.

Кнаус за австрискиот весник „Клајне цајтунг“ вели дека војната во Украина предизвикала огромен бран бегалци што за само две седмици го надминал вкупниот број бегалци за време на воените судири при распадот на поранешна Југославија.

Тој укажува дека споредбено со мигрантскиот бран од 2015 година голема предност е тоа што овојпат ЕУ делува единствено и не мора да се чека на одобрување од државите-членки. Меѓутоа нагласува дека е потребно одлучно дејствување со соодветна поддршка на населението.

Кнаус вели дека е неопходна организација на активностите за прифат на бегалците бидејќи доколку не се успее во префрлањето на луѓето во подрачјата каде е декларирана подготвеност за нивен прифат повторно се заканува хаотична ситуација.

Тој истакнува дека наредните седмици милион луѓе, пред се преку Австрија и Германија, ќе талкаат низ Европа во потрага по сместување доколку организацијата потфрли.

Актуелниот бран бегалци не може да се спореди со бегалската криза од 2015 година кога во Европа дојдоа многу помалку луѓе, така што според него, тогашниот бегалски бран претставува само вежба за она што претстои.

Според неговите зборови, Европа би требало да воспостави штаб предводен од поранешни лидери и експерти за комуникација за соодветна реакција, притоа посочувајќи го како пример поранешниот американски претседател Барак Обама како политичка величина што може да издејствува прифат на бегалци и надвор од ЕУ.

Инаку, според напишаното во неговата книга, Кнаус смета дека ниту една држава во ЕУ не е подготвена за она што претстои.

The post Кнаус: Европа мора да се подготви за најголемиот мигрантски бран после седум години appeared first on Република.

]]>

Европа мора да се подготви за вториот најголем мигрантски бран после седум години, бидејќи во спротивно се заканува хаос, предупредува експертот по миграции, Гералд Кнаус. Кнаус за австрискиот весник „Клајне цајтунг“ вели дека војната во Украина предизвикала огромен бран бегалци што за само две седмици го надминал вкупниот број бегалци за време на воените судири при распадот на поранешна Југославија. Тој укажува дека споредбено со мигрантскиот бран од 2015 година голема предност е тоа што овојпат ЕУ делува единствено и не мора да се чека на одобрување од државите-членки. Меѓутоа нагласува дека е потребно одлучно дејствување со соодветна поддршка на населението. Кнаус вели дека е неопходна организација на активностите за прифат на бегалците бидејќи доколку не се успее во префрлањето на луѓето во подрачјата каде е декларирана подготвеност за нивен прифат повторно се заканува хаотична ситуација. Тој истакнува дека наредните седмици милион луѓе, пред се преку Австрија и Германија, ќе талкаат низ Европа во потрага по сместување доколку организацијата потфрли. Актуелниот бран бегалци не може да се спореди со бегалската криза од 2015 година кога во Европа дојдоа многу помалку луѓе, така што според него, тогашниот бегалски бран претставува само вежба за она што претстои. Според неговите зборови, Европа би требало да воспостави штаб предводен од поранешни лидери и експерти за комуникација за соодветна реакција, притоа посочувајќи го како пример поранешниот американски претседател Барак Обама како политичка величина што може да издејствува прифат на бегалци и надвор од ЕУ. Инаку, според напишаното во неговата книга, Кнаус смета дека ниту една држава во ЕУ не е подготвена за она што претстои.

The post Кнаус: Европа мора да се подготви за најголемиот мигрантски бран после седум години appeared first on Република.

]]>
Полска најави дека ќе се подготви за можен бегалски бран од Украина https://republika.mk/vesti/svet/polska-najavi-deka-kje-se-podgotvi-za-mozen-begalski-bran-od-ukraina/ Wed, 16 Feb 2022 13:39:51 +0000 https://republika.mk/?p=459383

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки, изјави дека Полска ќе се подготви за можен прилив на бегалци од Украина, во случај на руска инвазија.

Тој додаде дека инфраструктурата за бегалците ќе биде поставена во близина на полската источна граница со Украина. Но, како што појасни Моравјецки, подоцна некои објекти може да бидат преместени на други места.

Моравјецки наведе дека во наредните неколку дена ќе повика тим за да се занимава со прашањата околу логистика, објекти, транспорт и инфраструктура, како и да обезбеди пристап до здравствена заштита и до образование.

Ќе им помогнеме на Украинците да ги ублажат последиците од рускиот напад - појасни тој.

Русија вчера соопшти дека дел од нејзините војниците ќе бидат повлечени по завршувањето на воените вежби, нагласувајќи дека тоа ќе продолжи и во текот на денешниот ден, а руските вооружени сили ќе им се вратат на своите нормални позиции за три до четири недели.

НАТО денеска соопшти дека би го поздравил руското повлекување, но, досега, не гледа знаци на било какво значајно поместување на трупите.

The post Полска најави дека ќе се подготви за можен бегалски бран од Украина appeared first on Република.

]]>

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки, изјави дека Полска ќе се подготви за можен прилив на бегалци од Украина, во случај на руска инвазија. Тој додаде дека инфраструктурата за бегалците ќе биде поставена во близина на полската источна граница со Украина. Но, како што појасни Моравјецки, подоцна некои објекти може да бидат преместени на други места. Моравјецки наведе дека во наредните неколку дена ќе повика тим за да се занимава со прашањата околу логистика, објекти, транспорт и инфраструктура, како и да обезбеди пристап до здравствена заштита и до образование.
Ќе им помогнеме на Украинците да ги ублажат последиците од рускиот напад - појасни тој.
Русија вчера соопшти дека дел од нејзините војниците ќе бидат повлечени по завршувањето на воените вежби, нагласувајќи дека тоа ќе продолжи и во текот на денешниот ден, а руските вооружени сили ќе им се вратат на своите нормални позиции за три до четири недели. НАТО денеска соопшти дека би го поздравил руското повлекување, но, досега, не гледа знаци на било какво значајно поместување на трупите.

The post Полска најави дека ќе се подготви за можен бегалски бран од Украина appeared first on Република.

]]>