„Beach Film Festival Archives - Република https://republika.mk/tema/beach-film-festival/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 07:24:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png „Beach Film Festival Archives - Република https://republika.mk/tema/beach-film-festival/ 32 32 „Beach Film Festival“ вечерва се отвора со црногорската комедија „Живи и здрави“ https://republika.mk/scena/film/beach-film-festival-vecherva-se-otvora-so-tsrnogorskata-komedija-zhivi-i-zdravi/ Wed, 17 Jul 2024 07:24:38 +0000 https://republika.mk/?p=797572

Во Охрид денеска започнува седмото издание на Фестивалот на нов европски филм - BEACH FILM FESTIVAL ОХРИД 2024 што ќе трае до 21 јули.

Како што информираат организаторите, овогодинешното издание нуди богата програма со филмски проекции, едукативни работилници и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа Плажа Славија, Брод Армада, Плажа Сараиште и Младински Центар Охрид.

Овогодинешното издание на фестивалот ќе го отвори филмот „Живи и Здрави“ (Forever hold your peace), а во главната програма ќе се прикажат уште шест долгометражни европски филмови и тоа Rodeo, Summer to come, Afire, Milk, Some birds и Pelican.

Покрај главната програма, на фестивалот ќе се прикажат и 14 краткометражни филмови, вклучувајќи и филмови од домашната продукција, филмови на Ана Јакимска, Елеонора Венинова, Јане Спасиќ и Димитар Банов, а за музичката програма ќе се погрижат бендовите Sioto Jazz и Xarakiri, диџејките Baila, Dj MarТian и музичкото дуо SIZ.

Четиричленот жири годинава се состои од Julián Génisson (во соработка со шпанската амбасада), Karla Šola, Agim Abdula и Jenńi Ƶyĺka (во соработка со Гете Институт), кое ќе ги доделат наградите „Голем бран“ за најдобар долгометражен филм и наградата „Стефан Сидовски – Сидо“ за најдобро актерско остварување.

Дополнително, на фестивалот има и тричлено жири кое ќе ја додели наградата „Мал бран“ за најдобар краткометражен филм, а кое се состои од Ѓоко Симјаноски, Веле Митаноски и Свето Стефановски.

Годинава фестивалот се збогати со уште еден тип на програма - филмови за најмалите посетители и нивните блиски, кои ќе бидат прикажани на градската плажа Сараиште, каде што секој ден од 17 – 21 јули со почеток од 20 часот ќе има проекции на детски филмови и влезот е бесплатен.

The post „Beach Film Festival“ вечерва се отвора со црногорската комедија „Живи и здрави“ appeared first on Република.

]]>

Во Охрид денеска започнува седмото издание на Фестивалот на нов европски филм - BEACH FILM FESTIVAL ОХРИД 2024 што ќе трае до 21 јули. Како што информираат организаторите, овогодинешното издание нуди богата програма со филмски проекции, едукативни работилници и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа Плажа Славија, Брод Армада, Плажа Сараиште и Младински Центар Охрид. Овогодинешното издание на фестивалот ќе го отвори филмот „Живи и Здрави“ (Forever hold your peace), а во главната програма ќе се прикажат уште шест долгометражни европски филмови и тоа Rodeo, Summer to come, Afire, Milk, Some birds и Pelican. Покрај главната програма, на фестивалот ќе се прикажат и 14 краткометражни филмови, вклучувајќи и филмови од домашната продукција, филмови на Ана Јакимска, Елеонора Венинова, Јане Спасиќ и Димитар Банов, а за музичката програма ќе се погрижат бендовите Sioto Jazz и Xarakiri, диџејките Baila, Dj MarТian и музичкото дуо SIZ. Четиричленот жири годинава се состои од Julián Génisson (во соработка со шпанската амбасада), Karla Šola, Agim Abdula и Jenńi Ƶyĺka (во соработка со Гете Институт), кое ќе ги доделат наградите „Голем бран“ за најдобар долгометражен филм и наградата „Стефан Сидовски – Сидо“ за најдобро актерско остварување. Дополнително, на фестивалот има и тричлено жири кое ќе ја додели наградата „Мал бран“ за најдобар краткометражен филм, а кое се состои од Ѓоко Симјаноски, Веле Митаноски и Свето Стефановски. Годинава фестивалот се збогати со уште еден тип на програма - филмови за најмалите посетители и нивните блиски, кои ќе бидат прикажани на градската плажа Сараиште, каде што секој ден од 17 – 21 јули со почеток од 20 часот ќе има проекции на детски филмови и влезот е бесплатен.

The post „Beach Film Festival“ вечерва се отвора со црногорската комедија „Живи и здрави“ appeared first on Република.

]]>
Заврши јубилејното издание на Beach Film Festival: Наградени филмовите на Тијана Зијаниќ, Карлос Амарал и Кукла Кешеровиќ https://republika.mk/vesti/kultura/zavrshi-jubilejnoto-izdanie-na-beach-film-festival-nagradeni-filmovite-na-tijana-zijanikj-karlos-amaral-i-kukla-kesherovikj/ Tue, 26 Jul 2022 08:20:17 +0000 https://republika.mk/?p=533265

По пет фестивалски денови поминати во многу фимови и музика се затвори петтото издание на фестивалот на нов европски филм – Beach Film Festival.

Жирито составено од германскиот режисер и кинематографер Фред Келемен, режисерот Срѓан Драгојевиќ и режисерот Кавех Захеди, ги прогласија и наградија филмовите: Голем бран за најдобро филмско остварување се додели на филмовите:  „Кучка, погрден збор за жена“ во режија на Тијана Зијаниќ и „Бесконечно море“ во режија на Карлос Амарал.

Мал бран за најдобар краток филм ја доби филмот „Сестри“ во режија на Кукла Кешеровиќ.

Стефан Сидовски Сидо, награда за најдобро актерско остварување ja доби актерката Анаис Демостие од филмот „Вљубената Анаис“. Додека пак Special Mention, награда за најдобар краток студентски филм кој секоја година го избира публиката го освои филмот „Слобода“ на режисерката Јоана Розниак.

Годинешното и јубилејно издание на фестивалот се одржа на четири локации, плажата Славија, предворјето на Св. Софија, Лапидариумот и бродот Армада, а публиката имаше можност да ужива во повеќе од 40 филмови.

The post Заврши јубилејното издание на Beach Film Festival: Наградени филмовите на Тијана Зијаниќ, Карлос Амарал и Кукла Кешеровиќ appeared first on Република.

]]>

По пет фестивалски денови поминати во многу фимови и музика се затвори петтото издание на фестивалот на нов европски филм – Beach Film Festival. Жирито составено од германскиот режисер и кинематографер Фред Келемен, режисерот Срѓан Драгојевиќ и режисерот Кавех Захеди, ги прогласија и наградија филмовите: Голем бран за најдобро филмско остварување се додели на филмовите:  „Кучка, погрден збор за жена“ во режија на Тијана Зијаниќ и „Бесконечно море“ во режија на Карлос Амарал. Мал бран за најдобар краток филм ја доби филмот „Сестри“ во режија на Кукла Кешеровиќ. Стефан Сидовски Сидо, награда за најдобро актерско остварување ja доби актерката Анаис Демостие од филмот „Вљубената Анаис“. Додека пак Special Mention, награда за најдобар краток студентски филм кој секоја година го избира публиката го освои филмот „Слобода“ на режисерката Јоана Розниак. Годинешното и јубилејно издание на фестивалот се одржа на четири локации, плажата Славија, предворјето на Св. Софија, Лапидариумот и бродот Армада, а публиката имаше можност да ужива во повеќе од 40 филмови.

The post Заврши јубилејното издание на Beach Film Festival: Наградени филмовите на Тијана Зијаниќ, Карлос Амарал и Кукла Кешеровиќ appeared first on Република.

]]>