Баварија Archives - Република https://republika.mk/tema/bavarija/ За подобро да се разбереме Mon, 01 Apr 2024 10:54:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Баварија Archives - Република https://republika.mk/tema/bavarija/ 32 32 Во Баварија од денеска е забранета употребата на родово неутрални јазични форми https://republika.mk/vesti/svet/vo-bavarija-od-deneska-e-zabraneta-upotrebata-na-rodovo-neutralni-jazichni-formi/ Mon, 01 Apr 2024 10:54:35 +0000 https://republika.mk/?p=760896

Во јавните институции во Баварија денеска стапи во сила забраната за употреба на родово неутрални јазични форми, јави ДПА, посочувајќи дека германската покраина е традиционално конзервативна.

Агенцијата забележува дека, како и многу европски јазици, и германскиот има завршетоци со кои се разликуваат именките од машки род од женски род, а до сега, особено за звањата на работните места, се користеше општ машки род. ДПА дава пример со зборот „автор“ што се користи и за мажи и за жени. Отсега, пак, според нормата ќе се користат „автор“ и „авторка“, „автори“ и „авторки“.

Досега, некои луѓе изразуваа став дека стандардно, според граматичките правила, зборот „автори“, на пример, се однесува само на машкиот род, автоматски исклучувајќи ги жените, како и спротивставените референци за „мешање на половите “. Оние кои го имаа овој став претпочитаа да додаваат завршетоци на именките во официјалните документи комбинирајќи ги со интерпункциски знаци или симболи како што се ѕвездичка, коса црта, две точки, долна црта или внатрешна голема буква на почетокот на крајот (на пр. автор*ки, автор/ки или авторКи).

Друга опција беше да се напишат двата збора - „автори и авторки“ без симбол или интерпункциски знак. Токму оваа варијанта денеска почнува да се применува во Баварија, а варијантите со симболи и интерпункциски знаци сега се забранети во образовните институции и во владините канцеларии.

Регионалната влада на Баварија ја одобри оваа јазична забрана на 19 март, а во четвртокот беше објавена во локалниот Службен весник.

Во резолуцијата од 15 декември минатата година, германската комисија за правопис препорача да не се користат специјални симболи во зборовите, истакнувајќи дека таквото мешање во формирањето на зборовите, граматиката и правописот може да го направи текстот тешко разбирлив.

The post Во Баварија од денеска е забранета употребата на родово неутрални јазични форми appeared first on Република.

]]>

Во јавните институции во Баварија денеска стапи во сила забраната за употреба на родово неутрални јазични форми, јави ДПА, посочувајќи дека германската покраина е традиционално конзервативна. Агенцијата забележува дека, како и многу европски јазици, и германскиот има завршетоци со кои се разликуваат именките од машки род од женски род, а до сега, особено за звањата на работните места, се користеше општ машки род. ДПА дава пример со зборот „автор“ што се користи и за мажи и за жени. Отсега, пак, според нормата ќе се користат „автор“ и „авторка“, „автори“ и „авторки“. Досега, некои луѓе изразуваа став дека стандардно, според граматичките правила, зборот „автори“, на пример, се однесува само на машкиот род, автоматски исклучувајќи ги жените, како и спротивставените референци за „мешање на половите “. Оние кои го имаа овој став претпочитаа да додаваат завршетоци на именките во официјалните документи комбинирајќи ги со интерпункциски знаци или симболи како што се ѕвездичка, коса црта, две точки, долна црта или внатрешна голема буква на почетокот на крајот (на пр. автор*ки, автор/ки или авторКи). Друга опција беше да се напишат двата збора - „автори и авторки“ без симбол или интерпункциски знак. Токму оваа варијанта денеска почнува да се применува во Баварија, а варијантите со симболи и интерпункциски знаци сега се забранети во образовните институции и во владините канцеларии. Регионалната влада на Баварија ја одобри оваа јазична забрана на 19 март, а во четвртокот беше објавена во локалниот Службен весник. Во резолуцијата од 15 декември минатата година, германската комисија за правопис препорача да не се користат специјални симболи во зборовите, истакнувајќи дека таквото мешање во формирањето на зборовите, граматиката и правописот може да го направи текстот тешко разбирлив.

The post Во Баварија од денеска е забранета употребата на родово неутрални јазични форми appeared first on Република.

]]>
Парализирани авионскиот и железничкиот сообраќај: Силно невреме од снег и мраз во Баварија https://republika.mk/vesti/svet/paralizirani-avionskiot-i-zheleznichkiot-soobrakaj-silno-nevreme-od-sneg-i-mraz-vo-bavarija/ Sat, 02 Dec 2023 10:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=718610

Обилните снежни врнежи во текот на ноќта и студеното врме ги парализираат воздушните и железничките врски во јужната германска покраина Баварија, оставајќи заглавени илјадници патници, некои од нив во возови запрени поради лошото време, пренесува ДПА.

И другите делови од земјата се зфатанеи од снег и мраз, а дополнително влошување на временските условите се очекува во сабота навечер.

Поради снегот во застој е авиосообраќајот на аеродромот во Минхен. До денеска изутрина беа откажани 320 од 760 закажани летови. На патниците им е препорачано да го проверат статусот на нивниот лет пред да пристигнат на аеродромот.

https://republika.mk/vesti/svet/haos-na-aerodromot-vo-minhen-poradi-obilniot-sneg-otkazhani-okolu-130-letovi/

Лоштото време ги наруши и железничките услуги во Баварија, а главната железничка станица во Минхен привремено беше надвор од функција.

Привремено беа суспендирани железничките врски кон другите германски градови, но и кон австриските градови Салцбург и Инсбрук. Некои патници во Минхен и Улм мораа да преноќат во возовите.

Германската железница им препорача на патниците денеска да ги одложат патувањата до и од Минхен.

Полицијата го повика населението да остане дома додека итните служби и службите за чистење снег работат на враќање на нормалниот живот.

Подземната железница, автобусите и трамваите, исто така, првично престанаа да сообраќаат во главниот град на Баварија. Регистрирани се и бројни сообраќајни несреќи на патиштата, од кои според полицијата повеќето се со материјална штета.

Германската метеоролошка служба очекува неповолните временски услови да продолжат, и од југот на Германија да се прошират на север, а температурата да се спушти до -15 степени.

Во делови од соседната покраина Баден-Виртемберг во текот на ноќта паднаа и до 40 сантиметри снег, поради што многу дрвја се соборени, а има и блокирани патиштата.

Според полицијата, 54-годишен возач загинал кога неговото возило се завртело и се судрило со комбе синоќа во градот Еминген-Липтинген. Возачот на комбето не е повреден.

На северот од земјата, Хамбург објави свеж снег од неклку антиметри, а се очекуваат обилни снежни врнежи на бреговите на Северното и Балтичкото Море, како и во внатрешноста.

The post Парализирани авионскиот и железничкиот сообраќај: Силно невреме од снег и мраз во Баварија appeared first on Република.

]]>

Обилните снежни врнежи во текот на ноќта и студеното врме ги парализираат воздушните и железничките врски во јужната германска покраина Баварија, оставајќи заглавени илјадници патници, некои од нив во возови запрени поради лошото време, пренесува ДПА. И другите делови од земјата се зфатанеи од снег и мраз, а дополнително влошување на временските условите се очекува во сабота навечер. Поради снегот во застој е авиосообраќајот на аеродромот во Минхен. До денеска изутрина беа откажани 320 од 760 закажани летови. На патниците им е препорачано да го проверат статусот на нивниот лет пред да пристигнат на аеродромот. https://republika.mk/vesti/svet/haos-na-aerodromot-vo-minhen-poradi-obilniot-sneg-otkazhani-okolu-130-letovi/ Лоштото време ги наруши и железничките услуги во Баварија, а главната железничка станица во Минхен привремено беше надвор од функција. Привремено беа суспендирани железничките врски кон другите германски градови, но и кон австриските градови Салцбург и Инсбрук. Некои патници во Минхен и Улм мораа да преноќат во возовите. Германската железница им препорача на патниците денеска да ги одложат патувањата до и од Минхен. Полицијата го повика населението да остане дома додека итните служби и службите за чистење снег работат на враќање на нормалниот живот. Подземната железница, автобусите и трамваите, исто така, првично престанаа да сообраќаат во главниот град на Баварија. Регистрирани се и бројни сообраќајни несреќи на патиштата, од кои според полицијата повеќето се со материјална штета. Германската метеоролошка служба очекува неповолните временски услови да продолжат, и од југот на Германија да се прошират на север, а температурата да се спушти до -15 степени. Во делови од соседната покраина Баден-Виртемберг во текот на ноќта паднаа и до 40 сантиметри снег, поради што многу дрвја се соборени, а има и блокирани патиштата. Според полицијата, 54-годишен возач загинал кога неговото возило се завртело и се судрило со комбе синоќа во градот Еминген-Липтинген. Возачот на комбето не е повреден. На северот од земјата, Хамбург објави свеж снег од неклку антиметри, а се очекуваат обилни снежни врнежи на бреговите на Северното и Балтичкото Море, како и во внатрешноста.

The post Парализирани авионскиот и железничкиот сообраќај: Силно невреме од снег и мраз во Баварија appeared first on Република.

]]>
Невреме во Баварија, најмалку 30 повредени https://republika.mk/vesti/svet/nevreme-vo-bavarija-najmalku-30-povredeni/ Sun, 27 Aug 2023 08:28:58 +0000 https://republika.mk/?p=676229

Најмалку 30 лица се повредени во невреме во местото Кисинг во Баварија, на околу 10 километри југозападно од Аугсбург во јужна Германија, јавија локалните медиуми.

Невремето проследено со силни ветришта урна шатор во кој се служело пиво, при што шест лица се здобиле со сериозни повреди додека се обидувале да го задржат шаторот и покрај силните налети на ветерот, пишува весникот „Аугсбургер Алгемајне“.

Итната помош ги згрижила повредените и повикала хеликоптер да ги пренесе тие со посериозни повреди.

The post Невреме во Баварија, најмалку 30 повредени appeared first on Република.

]]>

Најмалку 30 лица се повредени во невреме во местото Кисинг во Баварија, на околу 10 километри југозападно од Аугсбург во јужна Германија, јавија локалните медиуми. Невремето проследено со силни ветришта урна шатор во кој се служело пиво, при што шест лица се здобиле со сериозни повреди додека се обидувале да го задржат шаторот и покрај силните налети на ветерот, пишува весникот „Аугсбургер Алгемајне“. Итната помош ги згрижила повредените и повикала хеликоптер да ги пренесе тие со посериозни повреди.

The post Невреме во Баварија, најмалку 30 повредени appeared first on Република.

]]>