Барнабас Варга Archives - Република https://republika.mk/tema/barnabas-varga/ За подобро да се разбереме Tue, 25 Jun 2024 08:52:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Барнабас Варга Archives - Република https://republika.mk/tema/barnabas-varga/ 32 32 Варга не се сеќавал на инцидентот, успешно е опериран https://republika.mk/sport/fudbal/varga-ne-se-sekaval-na-intsidentot-uspeshno-e-operiran/ Tue, 25 Jun 2024 08:52:01 +0000 https://republika.mk/?p=790535

Барнабас Варга, несреќниот фудбалер на Унгарија, кој се здоби со тешка повреда на натпреварот против Шкотска, беше опериран во Германија.

Варга заврши на земја по судир со голманот на Шкотска и од првиот момент ситуацијата изгледаше прилично лоша.

По подолг период на асистенција, фудбалерот беше изнесен од теренот, а набрзо имаше информации за тешки повреди. Неговата сопруга се огласи по операцијата на Варга, објавувајќи слика од болница со коментар дека тој е добро и сега ќе закрепнува.

Ден по натпреварот проговори агентот на Варга, Питер Пауно.

– Тој особено не се сеќава на инцидентот – рече Пауно.

За повредата проговори и Гергељ Панич, докторот на унгарската репрезентација.

– Барни се здоби со потрес на мозокот при ударот и изгуби свест. Кога стигнал во итната медицинска помош, тој веќе се освестил, по што бил однесен во клиника во Штутгарт, каде по прегледот бил изготвен тераписки план според кој ќе биде опериран. Нашиот напаѓач се здоби со повеќекратни фрактури на черепот на лицето, неколку помали и поголеми коски беа скршени, а некои беа дури и дислоцирани. По операцијата тој ќе биде задржан два дена, а доколку се биде во ред ќе биде пуштени во среда, изјави репрезентативниот доктор.

Тој беше прашан и за брзината на реакцијата на лекарите во важните први моменти по судирот.

– Во однос на германскиот протокол и прва помош, не сакам да коментирам, бидејќи не го знам детално и не сум одговорен за тоа. Сепак, можам да кажам дека имав можност да го посетам Барна во болницата и видов дека е во професионални раце и добива големо внимание, истакнува Панич.

The post Варга не се сеќавал на инцидентот, успешно е опериран appeared first on Република.

]]>

Барнабас Варга, несреќниот фудбалер на Унгарија, кој се здоби со тешка повреда на натпреварот против Шкотска, беше опериран во Германија. Варга заврши на земја по судир со голманот на Шкотска и од првиот момент ситуацијата изгледаше прилично лоша. По подолг период на асистенција, фудбалерот беше изнесен од теренот, а набрзо имаше информации за тешки повреди. Неговата сопруга се огласи по операцијата на Варга, објавувајќи слика од болница со коментар дека тој е добро и сега ќе закрепнува. Ден по натпреварот проговори агентот на Варга, Питер Пауно.
– Тој особено не се сеќава на инцидентот – рече Пауно.
За повредата проговори и Гергељ Панич, докторот на унгарската репрезентација.
– Барни се здоби со потрес на мозокот при ударот и изгуби свест. Кога стигнал во итната медицинска помош, тој веќе се освестил, по што бил однесен во клиника во Штутгарт, каде по прегледот бил изготвен тераписки план според кој ќе биде опериран. Нашиот напаѓач се здоби со повеќекратни фрактури на черепот на лицето, неколку помали и поголеми коски беа скршени, а некои беа дури и дислоцирани. По операцијата тој ќе биде задржан два дена, а доколку се биде во ред ќе биде пуштени во среда, изјави репрезентативниот доктор.
Тој беше прашан и за брзината на реакцијата на лекарите во важните први моменти по судирот.
– Во однос на германскиот протокол и прва помош, не сакам да коментирам, бидејќи не го знам детално и не сум одговорен за тоа. Сепак, можам да кажам дека имав можност да го посетам Барна во болницата и видов дека е во професионални раце и добива големо внимание, истакнува Панич.

The post Варга не се сеќавал на инцидентот, успешно е опериран appeared first on Република.

]]>
Унгарецот Варга мора на операција на лицето по судирот со шкотскиот голман https://republika.mk/sport/fudbal/ungaretsot-varga-mora-na-operatsija-na-litseto-po-sudirot-so-shkotskiot-golman/ Mon, 24 Jun 2024 09:37:31 +0000 https://republika.mk/?p=790204

Унгарскиот фудбалски репрезентативец Барнабас Варга, кој остана да лежи неподвижен по директен судир на мечот меѓу Унгарија и Шкотска во Штутгарт, е во стабилна состојба а поради фрактура на коската на лицето ќе мора да оди на операција.

Повеќе од 50.000 гледачи на стадионот во Штутгарт останаа занемени кога Варга се судри со шкотскиот голман Ангус Ган кој при обид за боскување на топката со лактот буквално го нокаутираше противничкиот играч, по што унгарскиот фудбалер остана неподвижен на тревникот. Тој веднаш беше опкружен од соиграчите и ставен во странична положба до доаѓањето на лекарскиот тим.

Набрзо околу несреќниот унгарски фудбалер се кренале ќебиња за да го сокријат од камерите, а по неколкуминутната асистенција Варга со заштитна јака и на носилки беше изнесен од теренот и итно пренесен во најблиската болница.

Унгарскиот селектор Марко Роси по натпреварот откри дека унгарскиот напаѓач се здобил со фрактура на коската на лицето и дека ќе биде неопходно да се оперира.

„Беше ужасен момент, да се види Банабис во таква состојба. За среќа, тој е многу подобро. Му држиме среќе да се врати наскоро. Се боревме за него, ја сакавме оваа победа за да можеме да му ја

посветиме нему“, изјави на прес-конференцијата неговиот соиграч Роланд Салаи.

The post Унгарецот Варга мора на операција на лицето по судирот со шкотскиот голман appeared first on Република.

]]>

Унгарскиот фудбалски репрезентативец Барнабас Варга, кој остана да лежи неподвижен по директен судир на мечот меѓу Унгарија и Шкотска во Штутгарт, е во стабилна состојба а поради фрактура на коската на лицето ќе мора да оди на операција. Повеќе од 50.000 гледачи на стадионот во Штутгарт останаа занемени кога Варга се судри со шкотскиот голман Ангус Ган кој при обид за боскување на топката со лактот буквално го нокаутираше противничкиот играч, по што унгарскиот фудбалер остана неподвижен на тревникот. Тој веднаш беше опкружен од соиграчите и ставен во странична положба до доаѓањето на лекарскиот тим. Набрзо околу несреќниот унгарски фудбалер се кренале ќебиња за да го сокријат од камерите, а по неколкуминутната асистенција Варга со заштитна јака и на носилки беше изнесен од теренот и итно пренесен во најблиската болница. Унгарскиот селектор Марко Роси по натпреварот откри дека унгарскиот напаѓач се здобил со фрактура на коската на лицето и дека ќе биде неопходно да се оперира. „Беше ужасен момент, да се види Банабис во таква состојба. За среќа, тој е многу подобро. Му држиме среќе да се врати наскоро. Се боревме за него, ја сакавме оваа победа за да можеме да му ја
посветиме нему“, изјави на прес-конференцијата неговиот соиграч Роланд Салаи.

The post Унгарецот Варга мора на операција на лицето по судирот со шкотскиот голман appeared first on Република.

]]>