баркод Archives - Република https://republika.mk/tema/barkod/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Aug 2023 12:05:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png баркод Archives - Република https://republika.mk/tema/barkod/ 32 32 Британија го следи движењето на мигрантите со нараквици со бар код https://republika.mk/vesti/svet/britanija-go-sledi-dvizheneto-na-migrantite-so-narakvitsi-so-bar-kod/ Thu, 24 Aug 2023 12:45:49 +0000 https://republika.mk/?p=675419

Велика Британија на мигрантите кои доаѓаат во таа земја со чамци преку Ламанш им става нараквици со бар код за да може да го следи нивното движење.

Министерството за внатрешни работи почнало да ја применува оваа пракса минатата година и има договори вредни 1,6 милиони фунти (1,87 милиони евра) со малку познатата британска технолошка компанија Баркод верхаус за „решавање на прашањето за следење на мигрантите и нивниот имот во прифатните центри“.

Компанијата ги обезбедува нараквиците и „соодветна опрема за скенирање, како и софтвер за следење на имотот“, пишува на сајтот на владата.

Спецификациите на испорачаниот софтвер и хардвер се поинакви, но нараквиците се слични на оние кои им се издаваат на пациентите во Велика Британија кога се примени во болница, пишува Фајненшал тајмс.

Еден британски функционер кажал дека системот е воведен за да може да се следи бројот и каде се наоѓаат мигрантите во прифатните центри во Манстон и Вестерн џет фоил во Кент.

Манстон и Вестерн џет фоил се прифатни центри во Кент во кои мигрантите заминуваат по пристигнувањето во Британија со чамци и влегуваат во процедура.

Манстон е озлогласен прифатен центар бидејќи се појавија информации дека има повеќе луѓе отколку што може да собере и дека условите во кампот се многу лоши.

Воведувањето на нараквиците е обид да се решат дел од проблемите со собирање на податоците во прифатните центри.

Ваквиот пристап многумина го критикуваа како третирање на луѓето како предмети, а не лица со име и презиме.

Минатата година поради воведување на нараквици со бар код се критикувани и властите во американската држава Тексас дека ги третираат мигрантите „како да се стока“.

Баркод верхаус не сакале да дадат коментар повикувајќи се на тајноста на договорот.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека продолжило да ги унапредува објектите за краткорочно задржување на мигрантите и дека „нараквиците за мигрантите кои со чамци го минуваат Ламанш можат да помогнат во подобрување на следењето на пристигнувањата додека се во прифатните центри“.

The post Британија го следи движењето на мигрантите со нараквици со бар код appeared first on Република.

]]>

Велика Британија на мигрантите кои доаѓаат во таа земја со чамци преку Ламанш им става нараквици со бар код за да може да го следи нивното движење. Министерството за внатрешни работи почнало да ја применува оваа пракса минатата година и има договори вредни 1,6 милиони фунти (1,87 милиони евра) со малку познатата британска технолошка компанија Баркод верхаус за „решавање на прашањето за следење на мигрантите и нивниот имот во прифатните центри“. Компанијата ги обезбедува нараквиците и „соодветна опрема за скенирање, како и софтвер за следење на имотот“, пишува на сајтот на владата. Спецификациите на испорачаниот софтвер и хардвер се поинакви, но нараквиците се слични на оние кои им се издаваат на пациентите во Велика Британија кога се примени во болница, пишува Фајненшал тајмс. Еден британски функционер кажал дека системот е воведен за да може да се следи бројот и каде се наоѓаат мигрантите во прифатните центри во Манстон и Вестерн џет фоил во Кент. Манстон и Вестерн џет фоил се прифатни центри во Кент во кои мигрантите заминуваат по пристигнувањето во Британија со чамци и влегуваат во процедура. Манстон е озлогласен прифатен центар бидејќи се појавија информации дека има повеќе луѓе отколку што може да собере и дека условите во кампот се многу лоши. Воведувањето на нараквиците е обид да се решат дел од проблемите со собирање на податоците во прифатните центри. Ваквиот пристап многумина го критикуваа како третирање на луѓето како предмети, а не лица со име и презиме. Минатата година поради воведување на нараквици со бар код се критикувани и властите во американската држава Тексас дека ги третираат мигрантите „како да се стока“. Баркод верхаус не сакале да дадат коментар повикувајќи се на тајноста на договорот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека продолжило да ги унапредува објектите за краткорочно задржување на мигрантите и дека „нараквиците за мигрантите кои со чамци го минуваат Ламанш можат да помогнат во подобрување на следењето на пристигнувањата додека се во прифатните центри“.

The post Британија го следи движењето на мигрантите со нараквици со бар код appeared first on Република.

]]>