бард Archives - Република https://republika.mk/tema/bard/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Feb 2023 12:36:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бард Archives - Република https://republika.mk/tema/bard/ 32 32 Грешка на вештачката интелигенција го чинеше Гугл 100 милијарди долари https://republika.mk/vesti/svet/greshka-na-veshtachkata-inteligentsija-go-chineshe-gugl-100-milijardi-dolari/ Sat, 11 Feb 2023 12:52:01 +0000 https://republika.mk/?p=607723

Компанијата „Гугл“ го претстави четбот сервисот „Бард“ (Bard) - нејзиниот „одговор“ на сè попопуларниот „ЧетГПТ“ (ChatGPT) - и успеа со рекламата да ја загрози цената на своите акции.

„Бард“ беше претставен на почетокот на оваа недела, при што беше снимено кратко промотивно видео, на кое се гледа како вештачката интелигенција одговара на прашањето „Што да му се каже на деветгодишно дете за откритијата на телескопот Џејмс Веб“.

Проблемот е во тоа што одговорот беше погрешен.

„Бард“ одговорил дека Џејмс Веб е првиот телескоп кој снимил планети надвор од Сончевиот Систем, а всушност тоа го направил Европскиот екстремно голем телескоп во 2004 година. Оваа грешка набргу ја укажаа астрономите на Твитер.

Зошто не го проверивте овој факт пред да го објавите? Ако го користите „Гугл“ за да ги пребарате податоците, ќе видите дека Бард погрешил. Обидете се да изгуглате кога е направена првата директна слика на егзопланета“, напиша, Крис Харисон, професор од Универзитетот Њукасл.

https://twitter.com/Google/status/1622710355775393793?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1622710355775393793%7Ctwgr%5E8ac095cfb5421d550199e5162ede3f8fa98a5f6a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkajgana.com%2Fgreshka-na-veshtachkata-inteligencija-go-chineshe-google-100-milijardi-dolari

Цените на акциите на компанијата сопственик на „Гугл“, „Алфабет“, паднаа за седум отсто, намалувајќи ја пазарната вредност на компанијата за 100 милијарди долари.

Грешката ја покажува важноста на ригорозниот процес на тестирање, кој ќе го почнеме оваа недела. Ќе ги комбинираме надворешните повратни информации со нашето сопствено тестирање за да се увериме дека „Бард“ е високо рангиран според квалитетот, безбедноста и комплетноста на информациите од реалниот свет“, рекоа од „Гугл“.

The post Грешка на вештачката интелигенција го чинеше Гугл 100 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Гугл“ го претстави четбот сервисот „Бард“ (Bard) - нејзиниот „одговор“ на сè попопуларниот „ЧетГПТ“ (ChatGPT) - и успеа со рекламата да ја загрози цената на своите акции. „Бард“ беше претставен на почетокот на оваа недела, при што беше снимено кратко промотивно видео, на кое се гледа како вештачката интелигенција одговара на прашањето „Што да му се каже на деветгодишно дете за откритијата на телескопот Џејмс Веб“. Проблемот е во тоа што одговорот беше погрешен. „Бард“ одговорил дека Џејмс Веб е првиот телескоп кој снимил планети надвор од Сончевиот Систем, а всушност тоа го направил Европскиот екстремно голем телескоп во 2004 година. Оваа грешка набргу ја укажаа астрономите на Твитер.
Зошто не го проверивте овој факт пред да го објавите? Ако го користите „Гугл“ за да ги пребарате податоците, ќе видите дека Бард погрешил. Обидете се да изгуглате кога е направена првата директна слика на егзопланета“, напиша, Крис Харисон, професор од Универзитетот Њукасл.
https://twitter.com/Google/status/1622710355775393793?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1622710355775393793%7Ctwgr%5E8ac095cfb5421d550199e5162ede3f8fa98a5f6a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkajgana.com%2Fgreshka-na-veshtachkata-inteligencija-go-chineshe-google-100-milijardi-dolari Цените на акциите на компанијата сопственик на „Гугл“, „Алфабет“, паднаа за седум отсто, намалувајќи ја пазарната вредност на компанијата за 100 милијарди долари.