барање Archives - Република https://republika.mk/tema/baranje/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jun 2024 13:55:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png барање Archives - Република https://republika.mk/tema/baranje/ 32 32 Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло, поднела барање да го отстрани татковото презиме https://republika.mk/scena/kerkata-na-andhelina-dholi-i-bred-pit-shajlo-podnela-barane-da-go-otstrani-tatkovoto-prezime/ Sat, 01 Jun 2024 13:55:18 +0000 https://republika.mk/?p=783884

Ќерката на актерите Анџелина Џоли и Бред Пит поднела документи за легално отстранување на „Пит“ од нејзиното име на денот кога наполнила 18 години.

Шајло Нувел Џоли-Пит поднела петиција до Вишиот суд на округот Лос Анџелес на 27 мај за промена на нејзиното име во Шајло Нувел Џоли, објави „Лос Анџелес тајмс“.

Шајло, кој настапува како гласовен актер во филмот „Кунг фу панда 3“, е првата од браќата и сестрите што поднеле петиција за законска промена на името, но некои од другите деца се откажале од јавната употреба на презимето на нивниот татко во последните години, објави ЛАТ.

The post Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло, поднела барање да го отстрани татковото презиме appeared first on Република.

]]>

Ќерката на актерите Анџелина Џоли и Бред Пит поднела документи за легално отстранување на „Пит“ од нејзиното име на денот кога наполнила 18 години. Шајло Нувел Џоли-Пит поднела петиција до Вишиот суд на округот Лос Анџелес на 27 мај за промена на нејзиното име во Шајло Нувел Џоли, објави „Лос Анџелес тајмс“. Шајло, кој настапува како гласовен актер во филмот „Кунг фу панда 3“, е првата од браќата и сестрите што поднеле петиција за законска промена на името, но некои од другите деца се откажале од јавната употреба на презимето на нивниот татко во последните години, објави ЛАТ.  

The post Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло, поднела барање да го отстрани татковото презиме appeared first on Република.

]]>
Асоцијациите на превозници бараат приоритет за издавање документи https://republika.mk/vesti/makedonija/asotsijatsiite-na-prevoznitsi-baraat-prioritet-za-izdavane-dokumenti/ Wed, 14 Feb 2024 10:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=743990

Асоцијаците на превозници во патниот сообраќај „МАКАМ-ТРАНС“ и  „Превозник“ упатија допис со барање за овозможување приоритет за издавање на сите потребни документи на превозните трговски друштва до Министерство за внатрешни работи и допис за поддршка до Министерство за транспорт и врски, а поради стапувањето во сила на одредбите од Договорот од Преспа.

Како што истакнуваат, на професионалните возачи, работните активности им зависат токму од овие документи и затоа се обраќаат за помош и поддршка со цел избегнување на застојот во вршење на превозот на стока.

– Во однос на пасошите и возачките дозволи, се работи за поднесени барања од страна на физички лица кои за да се препознаат во масата на доставени барања треба да се овозможи преку асоцијациите и разните здружувања да се достават пишани списоци со податоци за истите, како би се овозможило полесно пронаоѓање и изработка на истите, велат асоцијациите на превозниците.

Додека, во однос на процедурите кои се пропишани за добивање на налепници и нови сообраќајни дозволи, како што дополнуваат, потребно е да се овозможи на сите кои вршат комерцијален превоз (превоз на стока и патници) истите да ги добиваат наеднаш за сите возила кои ги имаат во сопственост, а врз база на копии од сообраќајните дозволи да им се издадат нави со променет назив на државата.

– Ова наше барање го поткрепуваме со фактот дека, превозот во патниот сообраќај не може и не смее да се прекинува затоа што целото стопанство зависи од нив, особено што според статистички податоци превоз на стока во увоз и во 96 отсто случаи се врши преку патниот сообраќај и возилата се насекаде низ европскиот транспортен пазар, велат оттаму.

Дополнуваат дека превозниците од своја страна ќе си обезбедат доставување на налепниците и сообраќајните дозволи преку брза пошта, или со други превозници кои се во државата и ќе патуваат во правец на возилата кои се надвор од државата.

Асоцијациите испратиле допис и до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, со кој бараат поддршка во однос на сите процедури кои во моментот се вршат, со цел да се даде приоритет на професионалните возачи и превозните трговски друштва.

The post Асоцијациите на превозници бараат приоритет за издавање документи appeared first on Република.

]]>

Асоцијаците на превозници во патниот сообраќај „МАКАМ-ТРАНС“ и  „Превозник“ упатија допис со барање за овозможување приоритет за издавање на сите потребни документи на превозните трговски друштва до Министерство за внатрешни работи и допис за поддршка до Министерство за транспорт и врски, а поради стапувањето во сила на одредбите од Договорот од Преспа.
 
Како што истакнуваат, на професионалните возачи, работните активности им зависат токму од овие документи и затоа се обраќаат за помош и поддршка со цел избегнување на застојот во вршење на превозот на стока. – Во однос на пасошите и возачките дозволи, се работи за поднесени барања од страна на физички лица кои за да се препознаат во масата на доставени барања треба да се овозможи преку асоцијациите и разните здружувања да се достават пишани списоци со податоци за истите, како би се овозможило полесно пронаоѓање и изработка на истите, велат асоцијациите на превозниците. Додека, во однос на процедурите кои се пропишани за добивање на налепници и нови сообраќајни дозволи, како што дополнуваат, потребно е да се овозможи на сите кои вршат комерцијален превоз (превоз на стока и патници) истите да ги добиваат наеднаш за сите возила кои ги имаат во сопственост, а врз база на копии од сообраќајните дозволи да им се издадат нави со променет назив на државата. – Ова наше барање го поткрепуваме со фактот дека, превозот во патниот сообраќај не може и не смее да се прекинува затоа што целото стопанство зависи од нив, особено што според статистички податоци превоз на стока во увоз и во 96 отсто случаи се врши преку патниот сообраќај и возилата се насекаде низ европскиот транспортен пазар, велат оттаму. Дополнуваат дека превозниците од своја страна ќе си обезбедат доставување на налепниците и сообраќајните дозволи преку брза пошта, или со други превозници кои се во државата и ќе патуваат во правец на возилата кои се надвор од државата. Асоцијациите испратиле допис и до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, со кој бараат поддршка во однос на сите процедури кои во моментот се вршат, со цел да се даде приоритет на професионалните возачи и превозните трговски друштва.

The post Асоцијациите на превозници бараат приоритет за издавање документи appeared first on Република.

]]>
Tаткото на Вања останува во притвор https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tatkoto-na-vana-ostanuva-vo-pritvor/ Mon, 22 Jan 2024 14:01:56 +0000 https://republika.mk/?p=735518

Таткото на убиената Вања, останува во притвор, откако Кривичниот суд го одби барањето на одбраната притворот да му се замени со куќен притвор.

„Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот
П.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива“, информираа од Кривичниот суд.

Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.

Претходно овој месец, Одбраната побара куќен притвор за таткото на Вања. Адвокатот Туфегџиќ рече иако ниту една мерка не е оправдана за него, со куќниот притвор би се помогнало на семејствоот кое е погодено од големата трагедија. Туфегџиќ тврди дека Александар Ѓорчевски се уште не е сослушан во обвинителството, вели исказ дал само во предистрага кога му е одреден краткотрајниот притвор.

The post Tаткото на Вања останува во притвор appeared first on Република.

]]>

Таткото на убиената Вања, останува во притвор, откако Кривичниот суд го одби барањето на одбраната притворот да му се замени со куќен притвор. „Судија на претходна постапка, по предлог на одбраната на А.Ѓ. осомничен за кривично дело Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со убиството на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж., за замена на мерката притвор со куќен притвор, по добивање на мислење од надлежниот Јавен обвинител, донесе решение со кое предлогот на одбраната се одбива“, информираа од Кривичниот суд. Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет. Претходно овој месец, Одбраната побара куќен притвор за таткото на Вања. Адвокатот Туфегџиќ рече иако ниту една мерка не е оправдана за него, со куќниот притвор би се помогнало на семејствоот кое е погодено од големата трагедија. Туфегџиќ тврди дека Александар Ѓорчевски се уште не е сослушан во обвинителството, вели исказ дал само во предистрага кога му е одреден краткотрајниот притвор.  

The post Tаткото на Вања останува во притвор appeared first on Република.

]]>
МНР одговори на барањето на Софија: Нема вклучување на други земји во уставните измени https://republika.mk/vesti/makedonija/mnr-odgovori-na-baraneto-na-sofija-nema-vkluchuvane-na-drugi-zemji-vo-ustavnite-izmeni/ Wed, 05 Apr 2023 18:46:03 +0000 https://republika.mk/?p=627693

Министерството за надворешни работи информира дека процесот на уставни измени претставува внатрешно прашање на Македонија, која како обврска е поврзана со пристапните преговори за членство во Европската унија.

Се очекува Собранието да ја донесе таквата одлука, суверено и согласно долгорочните интереси на граѓаните на Македонија, претставени во парламентот и во тој контекст, не постои можност ниту политичка волја за вклучување на граѓани и институции од странство, вклучително од Република Бугарија. Такво барање ниту е пристигнато, ниту е разговарано меѓу министрите Османи и Милков, се вели во соопштението од страна на македонското МНР.

Македонија, додаваат од таму, останува посветена на продолжување на политичкиот дијалог со Бугарија, во духот на добрососедството и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, за што се надева на што поскоро формирање на новата бугарска Влада.

The post МНР одговори на барањето на Софија: Нема вклучување на други земји во уставните измени appeared first on Република.

Синдикатoт на полиција во Македонија итно бара повисоки плати од април https://republika.mk/vesti/makedonija/sindikatot-na-politsija-vo-makedonija-itno-bara-povisoki-plati-od-april/ Fri, 17 Mar 2023 10:31:55 +0000 https://republika.mk/?p=620654

Најнапред да го поздравиме покачувањето на износот на минималната плата во државата на 20.100 денари. Добро е да има покачување иако е тоа премалку за жал.

Но, се поставува прашањето кое сите нас во Полицијата не интересира-Која е придобивката од ова покачување за вработените во МВР?

Бидејќи самонаречениот и самопрогласениот за „единствен“ МПС толку помпезно си молчи за ова прашање и со измислениот нивни збор „социјален дијалог“ не прават ништо за ова прашање и како Синдикат јавно побаравме да го објават износот на основната плата за да се знае колку е основната плата во Полицијата. Но одговор не добивме до денес и веројатно нема да добиеме затоа што износот на основната плата на полицаец во моментов е ни помалку ни повеќе туку 15.000 денари.

Затоа како Синдикат бараме уште од месец април 2023 година:

- платите на сите вработени во МВР да се зголемат за 10%, - од месец април 2023 година да се вратат законските 32 часови месечна работа подолга од полното работно време за сите вработени.

Зголемувањето на платите за 10% почнувајќи од месец април 2023 година го бараме и предлагаме да биде од буџетот на Министерството за внатрешни работи за што сметаме дека МВР е способно да ги покачи платите од својот буџет.

Да направиме/те од професијата „Полицаец“ една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава“!

Враќање на професионализмот во полицијата!

Синдикат на Полиција во Македонија - СПМ

The post Синдикатoт на полиција во Македонија итно бара повисоки плати од април appeared first on Република.

]]>

Најнапред да го поздравиме покачувањето на износот на минималната плата во државата на 20.100 денари. Добро е да има покачување иако е тоа премалку за жал. Но, се поставува прашањето кое сите нас во Полицијата не интересира-Која е придобивката од ова покачување за вработените во МВР? Бидејќи самонаречениот и самопрогласениот за „единствен“ МПС толку помпезно си молчи за ова прашање и со измислениот нивни збор „социјален дијалог“ не прават ништо за ова прашање и како Синдикат јавно побаравме да го објават износот на основната плата за да се знае колку е основната плата во Полицијата. Но одговор не добивме до денес и веројатно нема да добиеме затоа што износот на основната плата на полицаец во моментов е ни помалку ни повеќе туку 15.000 денари. Затоа како Синдикат бараме уште од месец април 2023 година: - платите на сите вработени во МВР да се зголемат за 10%, - од месец април 2023 година да се вратат законските 32 часови месечна работа подолга од полното работно време за сите вработени. Зголемувањето на платите за 10% почнувајќи од месец април 2023 година го бараме и предлагаме да биде од буџетот на Министерството за внатрешни работи за што сметаме дека МВР е способно да ги покачи платите од својот буџет. Да направиме/те од професијата „Полицаец“ една професија која ќе биде вреднувана во општеството а посебно во нашата држава“! Враќање на професионализмот во полицијата! Синдикат на Полиција во Македонија - СПМ  

The post Синдикатoт на полиција во Македонија итно бара повисоки плати од април appeared first on Република.

]]>
Итно да се набават Системи за конинуирано и безболно следење на гликозата за децата кои боледуваат од дијабет, бара „Баланс МК“ https://republika.mk/zivot/zdravje/itno-da-se-nabavat-sistemi-za-koninuirano-i-bezbolno-sledenje-na-glikozata-za-decata-koi-boleduvaat-od-dijabet-bara-balans-mk/ Thu, 27 Oct 2022 12:10:19 +0000 https://republika.mk/?p=566347

Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија Баланс МК бара од Министерството за здравство итно, преку тендер, да се набават Системи за конинуирано и безболно следење на гликозата за децата кои боледуваат од дијабет.

Веќе десетина пати во овие изминати пет години оваа јавна набавка е најавувана, но нереализирана. Станува збор за неопходност од која што директно и неспорно зависи квалитетот на живот, превенција од компликации кои несомнено дијабетесот ги носи со себе, станува збор за нормалниот раст и развој на нашите деца. Изрично бараме таква средба да биде организирана час поскоро и со присуство на сите релевантни чинители како во министерството така и во делот на непосредната здрвствена грижа за децата со дијабетис тип 1, се вели во реакцијата на Баланс МК испратена до медиумите.

Со оглед дека нашите повеќегодишни напори за набавка на Системите за континуирано следење на гликозата во крвта преку Министерството за здравство, односно државата, кои што, патем, сега биле „жртва“ на техничка грешка, како што впрочем на денешната парламентарна седница објасни заменик министерот за здравство, и натаму остануваат во доменот на - разговор на глувите (освен кога избори се во прашање), Баланс МК сепак и овој пат, побара итен состанок со министерот за здравство и надлежните во овој ресор, заради отстранување на „грешката“, се вели во барањето на Асоцијацијата.

Тие од Министерство за здравство бараат итна средба, на тема обезбедување на медицинско помагало – Систем за континуирано следење на гликемии кај децата со дијабетес.

Во моментов во Македонија има околу 600 деца со дијабетес тип 1 (инсулин зависни), меѓу кои повеќето се деца под десетгодишна возраст, а секое од нив поедничено во просек годишно мора да биде околу 3.500 пати боцнато во прстињата за да се измери нивото на шеќер (глукоза) во крвта што е основа во третманот за самоконтрола кај дијабетесот. Таа бројка, пак, заедно со просечната од 1.500 инјектирања со инсулин годишно (за да може нормално да живее детето) изнесува околу 5.000.

Бројката на деца со дијабетес во Македонија, за жал, расте од година во година. Единствено што засега е исто е третманот кон нив!, велат од Баланс МК.

Оттаму објаснуват дека во последните 15 години, третманот на лицата со дијабетес драстично се измени, се подобри. И не само во светски, туку и во рамките на нашето најблиско соседство - земјите како Србија, Црна Гора, Босна, Хрватска, а пратејќи ги препораките и guidelines-ите на WHO и IDF им обезбедија на своите граѓани, пациенти со дијабетес (не само со тип 1 туку и со тип 2 на инсулинска терапија), системите базирани на континуирано мониторирање на гликозата (continuous glucose monitoring system– CGMs).

Голем дел од нас овде во Македонија се веќе нивни корисници (ги обезбедуваме приватно, тешко стигнуваме до нив и ги плаќаме скапо), додаваат од Асоцијацијата.

Обезбедувањето на CGMs за најмладите лица со дијабетес во Македонија ќе помогне за едноставно и 24 часовно безболно мерење на гликемијата што придонесува за значително подобра гликемиска контрола и намалување на ризиците од долгорочни компликации.
Доколку навистина сакаме и веруваме во животот, а ова за што овде пишуваме е токму мал, конкретен дел од животната реалност, се надеваме дека ова барање ќе наиде не само на интерес кај вас, туку и на сериозна опсервација до целосно и во најитен можен рок реализирање на ова наше барање: јавна, тендерска набавка на CGMs, велат од Баланс МК.

The post Итно да се набават Системи за конинуирано и безболно следење на гликозата за децата кои боледуваат од дијабет, бара „Баланс МК“ appeared first on Република.

]]>

Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија Баланс МК бара од Министерството за здравство итно, преку тендер, да се набават Системи за конинуирано и безболно следење на гликозата за децата кои боледуваат од дијабет.
Веќе десетина пати во овие изминати пет години оваа јавна набавка е најавувана, но нереализирана. Станува збор за неопходност од која што директно и неспорно зависи квалитетот на живот, превенција од компликации кои несомнено дијабетесот ги носи со себе, станува збор за нормалниот раст и развој на нашите деца. Изрично бараме таква средба да биде организирана час поскоро и со присуство на сите релевантни чинители како во министерството така и во делот на непосредната здрвствена грижа за децата со дијабетис тип 1, се вели во реакцијата на Баланс МК испратена до медиумите.
Со оглед дека нашите повеќегодишни напори за набавка на Системите за континуирано следење на гликозата во крвта преку Министерството за здравство, односно државата, кои што, патем, сега биле „жртва“ на техничка грешка, како што впрочем на денешната парламентарна седница објасни заменик министерот за здравство, и натаму остануваат во доменот на - разговор на глувите (освен кога избори се во прашање), Баланс МК сепак и овој пат, побара итен состанок со министерот за здравство и надлежните во овој ресор, заради отстранување на „грешката“, се вели во барањето на Асоцијацијата. Тие од Министерство за здравство бараат итна средба, на тема обезбедување на медицинско помагало – Систем за континуирано следење на гликемии кај децата со дијабетес. Во моментов во Македонија има околу 600 деца со дијабетес тип 1 (инсулин зависни), меѓу кои повеќето се деца под десетгодишна возраст, а секое од нив поедничено во просек годишно мора да биде околу 3.500 пати боцнато во прстињата за да се измери нивото на шеќер (глукоза) во крвта што е основа во третманот за самоконтрола кај дијабетесот. Таа бројка, пак, заедно со просечната од 1.500 инјектирања со инсулин годишно (за да може нормално да живее детето) изнесува околу 5.000.
Бројката на деца со дијабетес во Македонија, за жал, расте од година во година. Единствено што засега е исто е третманот кон нив!, велат од Баланс МК.
Оттаму објаснуват дека во последните 15 години, третманот на лицата со дијабетес драстично се измени, се подобри. И не само во светски, туку и во рамките на нашето најблиско соседство - земјите како Србија, Црна Гора, Босна, Хрватска, а пратејќи ги препораките и guidelines-ите на WHO и IDF им обезбедија на своите граѓани, пациенти со дијабетес (не само со тип 1 туку и со тип 2 на инсулинска терапија), системите базирани на континуирано мониторирање на гликозата (continuous glucose monitoring system– CGMs). Голем дел од нас овде во Македонија се веќе нивни корисници (ги обезбедуваме приватно, тешко стигнуваме до нив и ги плаќаме скапо), додаваат од Асоцијацијата.
Обезбедувањето на CGMs за најмладите лица со дијабетес во Македонија ќе помогне за едноставно и 24 часовно безболно мерење на гликемијата што придонесува за значително подобра гликемиска контрола и намалување на ризиците од долгорочни компликации. Доколку навистина сакаме и веруваме во животот, а ова за што овде пишуваме е токму мал, конкретен дел од животната реалност, се надеваме дека ова барање ќе наиде не само на интерес кај вас, туку и на сериозна опсервација до целосно и во најитен можен рок реализирање на ова наше барање: јавна, тендерска набавка на CGMs, велат од Баланс МК.
 
The post Итно да се набават Системи за конинуирано и безболно следење на гликозата за децата кои боледуваат од дијабет, бара „Баланс МК“ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за барањето на Радев до Макрон: Доколку Владата прифати тоа ќе значи комплетна капитулација, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи таква рамка https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-za-baranjeto-na-radev-do-makron-dokolku-vladata-prifati-toa-kje-znachi-kompletna-kapitulacija-vmro-dpmne-nema-da-poddrzi-takva-ramka/ Thu, 19 May 2022 11:29:36 +0000 https://republika.mk/?p=504342

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при неговата посета на Општина Аеродром, одговарајќи на новинарско прашање за став околу барањето на бугарскиот претседател Румен Радев кој побарал писмени гаранции од Макрон Македонија дека ќе го испочитува договореното кон Бугарија, истакна дека барањето на Радев се базира на декларацијата од бугарскиот парламент од ноември 2019 и доколку Владата прифати тоа да влезе во преговарачката рамка би значело комплетна капитулација.

Да бидеме по прецизни. Тој бара сето тоа кое што е барање на Софија, а тоа барање се темели на декларацијата од бугарскиот парламент од ноември 2019 да биде содржано во преговарачката рамка, најверојатно како поглавје 35. Тоа е тоа што го бара Радев и вели, додека ова не се исполни јас не можам да дозволам да имаме прва меѓувладина и не можам да дозволам почеток на преговори. Тоа е суштината, тие се тие гаранции. Кога станува збор за гаранции морам да кажам дека јас бев тој првиот кој што во Македонија почна да зборува за гаранции и тогаш бев осуден, односно бев нападнат од страна на владата на СДСМ и на ДУИ, но гледаме дека таа работа во таа насока се свижи и секој паметен човек и човек патриот кој што си ја сака својата држава и граѓаните без разлика на нивната припадност, нормално е да има зрела меѓународна политика за разлика од нашата „домат дипломатија“ која што гледаме дека има сериозни осцилации - истакна Мицкоски.

Тој исто така додаде дека доколку таквото барање влезе во преговарачката рамка ќе значи комплетна капитулација, или во превод асимилација и европска иднина, или никогаш нема да имаме европска иднина и дека ВМРО-ДПМНЕ не ни помислува да поддржи такво нешто во Парламентот.

Така што ако тоа го прифати оваа влада, тоа значи комплетна капитулација. Да преведам, или асимилација и европска иднина, или никогаш нема да имаме европска иднина. Тоа е изборот, немаме трета опција. Да влезе тоа во преговарачката рамка подразбира, ќе повторам, асимилација и бугаризација сега кога практично и јасно станува дека преку Охридската Архиепископија имаме многувековна различност во однос на бугарскиот и останатите балкански народи, некој сега повторно да не враќа неколку чекори назад и повторно да прави ново предавство и нови отстапки. Тоа ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот доколку дојде да се гласа, доколку се потребни две третини, нема намера ниту да помисли да го прифати а камоли за нешто друго. Инаку, Ковачевски и Османи може да си стават потпис на било што они мислат да си стават потпис. Јас го разбирам Османи, но не можам да го разберам Ковачевски - потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски за барањето на Радев до Макрон: Доколку Владата прифати тоа ќе значи комплетна капитулација, ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи таква рамка appeared first on Република.

Министерката за надворешни работи на Шведска потпиша барање за влез во НАТО https://republika.mk/vesti/svet/ministerkata-za-nadvoreshni-raboti-na-shvedska-potpisha-baranje-za-vlez-vo-nato/ Tue, 17 May 2022 09:02:02 +0000 https://republika.mk/?p=503245

Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде потпиша барање со кое се изјавува дека земјата сака да се приклучи на НАТО.

Овој потег го означува формалниот чекор на Стокхолм кон приклучување на воениот сојуз предводен од САД, ставајќи крај на долгогодишната воена неутралност.

Ова е голема и сериозна работа и сметаме дека може да потрае една година за да се приклучиме. Овој заклучок е најдобар за Шведска. Апликацијата ќе биде поднесена заедно со Финска, а потоа ќе биде обработена од НАТО, рече Линде.

Шведската премиерка Магдалена Андерсон рече дека земјата треба да се приклучи на НАТО заедно со соседна Финска за да ја обезбеди безбедноста на шведскиот народ.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека влезот на двете нордиски земји во НАТО нема да претставува закана за Русија, но воената експанзија на територијата ќе предизвика нивен одговор.

The post Министерката за надворешни работи на Шведска потпиша барање за влез во НАТО appeared first on Република.

]]>

Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде потпиша барање со кое се изјавува дека земјата сака да се приклучи на НАТО. Овој потег го означува формалниот чекор на Стокхолм кон приклучување на воениот сојуз предводен од САД, ставајќи крај на долгогодишната воена неутралност.
Ова е голема и сериозна работа и сметаме дека може да потрае една година за да се приклучиме. Овој заклучок е најдобар за Шведска. Апликацијата ќе биде поднесена заедно со Финска, а потоа ќе биде обработена од НАТО, рече Линде.
Шведската премиерка Магдалена Андерсон рече дека земјата треба да се приклучи на НАТО заедно со соседна Финска за да ја обезбеди безбедноста на шведскиот народ. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека влезот на двете нордиски земји во НАТО нема да претставува закана за Русија, но воената експанзија на територијата ќе предизвика нивен одговор.

The post Министерката за надворешни работи на Шведска потпиша барање за влез во НАТО appeared first on Република.

]]>
Ковачевски бара Европа да си го исполни ветувањето: За нас не постои замена за членството во ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-bara-evropa-da-si-go-ispolni-vetuvanjeto-za-nas-ne-postoi-zamena-za-chlenstvoto-vo-eu/ Sun, 08 May 2022 12:51:06 +0000 https://republika.mk/?p=499477

Европската Унија конечно да се одважи и да го исполни своето ветување, својот дел од обврската и час поскоро да биде одреден датум за одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија, со што ќе се означи и почеток на преговорите, побара денеска премиерот Димитар Ковачевски, кој потенцира дека замена за членството во Унијата нема.

Тој денеска на отворениот ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“ на спортскиот аеродром „Стенковец“, одговарајќи на новинарски прашања, даде коментар на вчерашната изјава на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој пак, најави конкретен дијалог и конкретни чекори за решавање на спорот со Бугарија следните две недели, но и порача дека ова лето Македонија ќе ги чека Бугарија и ЕУ да го преземат вистинскиот чекор во однос на земјава, а доколку тоа не се случи, тој смета дека треба да се повлече линија.

Ковачевски истакна дека е на иста линија со шефот на дипломатијата, нагласувајќи дека повеќе пати досега истакнал оти земјава веќе 17 години е кандидат за членство и досега 45 отсто од нејзиното законодавство е хармонизирано со законодавството на ЕУ.

Како држава имаме направено многу работи и граѓаните имаат сторено многу во однос на очекувањата за преговорите со ЕУ. На тој пат се имаме откажано од некои работи, имаме донесено тешки одлуки и ЕУ треба конечно да ја донесе одлуката, зборувам за сите членки и за соседна Бугарија, за одржување на првата меѓувладина конференција, рече Ковачевски, кој додаде дека секој процес, кој трае долго, а кој нема резултат на крајот доведува до намалување на довербата кај граѓаните во земјава, кои, пак, даваат силна поддршка на евроинтергативниот процес.

За тоа каде ќе се движи земјата ако не добиеме датум за преговори во јуни, Ковачевски истакна дека правецот се секогаш евроатлантските интеграции.

Оваа владина коалиција ја донесе одлуката за зачленување во НАТО, донесе тешки одлуки и станавме дел од НАТО, остана предизвикот да се зачлениме во ЕУ. Секако тука е спорот со Бугарија, но ние ќе работиме, како што и досега работевме на усогласување на законодавството, на процесите во државата за зголемување на нашата соработка со сите зејми-членки во ЕУ, но и на зголемување на нашиот стратешки партнерски однос со САД, истакна Ковачевски.

Стратешкиот дијалог почнува јуни во повеќе сфери – надворешната политика, економија, инвестиции, образование, одбрана, а следната недела ќе биде дефиниран тимот на министри и експерти, кои ќе престојуваат во Вашингтон и ќе имаат таму состаноци на соодветното ниво. Најавеното стратешко партнерство со САД, потенцира Ковачевски, не е замена за членството во ЕУ.

Ние сме дел од Европа, со ЕУ имаме дневна соработка во поглед на финансирањето на голем број проекти, кои се релизираат преку ИПА програмата. Во време на најголемата ковид криза макрофинансиска помош користевме од ЕУ, рече Ковачевски, кој најави дека кон средината на следната недела заминува за Брисел на состанок со земјите од регионот.

За тоа дали ќе поднесе оставка во случај на несупех на преговорите со Бугарија, премиерот нагласи дека кога се зборува за успех на преговори потребно е да се договорат двете страни.

Нагласи дека уште на првата средба со бугарскиот премиер Кирил Петков истакнал дека разговорите мора да бидат водени на база на европски вредности, со почитување на принципите на достоинство на политичарите, кои разговараат, на институциите, на граѓаните и оти низ тој процес не смее да се наруши гордоста на граѓаните на двете држави.

Ако се изнајде решение, кое ќе биде базирано на тие вредности и принципи и прифатливо за двете држави, во тој момент можеме да кажеме дека имаме успешни преговори, ако не се дојде се уште до тоа решение тоа значи дека тие преговори ќе продолжат, рече Ковачевски.

Тој лично, како што напомена, не се врзува за датуми, но сепак нагласи дека проширувањето на ЕУ во регионот во моментов не е само политичко и економско прашање, туку и геостратешко, поради војната во Украина и интересот на трети земји да не се случи проширувањето со земјите од Западен Балкан.

Во врска со престојното чествување на Свети Кирил и Методиј на 24 мај во Рим и дали ќе се одржи заедно со Бугарија, Ковачевски одговори дека чествувањето е во фаза на организација, земјава ќе има делегација, тој лично ќе замине за Рим, но протоколот се уште не е финално утврден.

The post Ковачевски бара Европа да си го исполни ветувањето: За нас не постои замена за членството во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Европската Унија конечно да се одважи и да го исполни своето ветување, својот дел од обврската и час поскоро да биде одреден датум за одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија, со што ќе се означи и почеток на преговорите, побара денеска премиерот Димитар Ковачевски, кој потенцира дека замена за членството во Унијата нема. Тој денеска на отворениот ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“ на спортскиот аеродром „Стенковец“, одговарајќи на новинарски прашања, даде коментар на вчерашната изјава на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој пак, најави конкретен дијалог и конкретни чекори за решавање на спорот со Бугарија следните две недели, но и порача дека ова лето Македонија ќе ги чека Бугарија и ЕУ да го преземат вистинскиот чекор во однос на земјава, а доколку тоа не се случи, тој смета дека треба да се повлече линија. Ковачевски истакна дека е на иста линија со шефот на дипломатијата, нагласувајќи дека повеќе пати досега истакнал оти земјава веќе 17 години е кандидат за членство и досега 45 отсто од нејзиното законодавство е хармонизирано со законодавството на ЕУ.
Како држава имаме направено многу работи и граѓаните имаат сторено многу во однос на очекувањата за преговорите со ЕУ. На тој пат се имаме откажано од некои работи, имаме донесено тешки одлуки и ЕУ треба конечно да ја донесе одлуката, зборувам за сите членки и за соседна Бугарија, за одржување на првата меѓувладина конференција, рече Ковачевски, кој додаде дека секој процес, кој трае долго, а кој нема резултат на крајот доведува до намалување на довербата кај граѓаните во земјава, кои, пак, даваат силна поддршка на евроинтергативниот процес.
За тоа каде ќе се движи земјата ако не добиеме датум за преговори во јуни, Ковачевски истакна дека правецот се секогаш евроатлантските интеграции.
Оваа владина коалиција ја донесе одлуката за зачленување во НАТО, донесе тешки одлуки и станавме дел од НАТО, остана предизвикот да се зачлениме во ЕУ. Секако тука е спорот со Бугарија, но ние ќе работиме, како што и досега работевме на усогласување на законодавството, на процесите во државата за зголемување на нашата соработка со сите зејми-членки во ЕУ, но и на зголемување на нашиот стратешки партнерски однос со САД, истакна Ковачевски.
Стратешкиот дијалог почнува јуни во повеќе сфери – надворешната политика, економија, инвестиции, образование, одбрана, а следната недела ќе биде дефиниран тимот на министри и експерти, кои ќе престојуваат во Вашингтон и ќе имаат таму состаноци на соодветното ниво. Најавеното стратешко партнерство со САД, потенцира Ковачевски, не е замена за членството во ЕУ.
Ние сме дел од Европа, со ЕУ имаме дневна соработка во поглед на финансирањето на голем број проекти, кои се релизираат преку ИПА програмата. Во време на најголемата ковид криза макрофинансиска помош користевме од ЕУ, рече Ковачевски, кој најави дека кон средината на следната недела заминува за Брисел на состанок со земјите од регионот.
За тоа дали ќе поднесе оставка во случај на несупех на преговорите со Бугарија, премиерот нагласи дека кога се зборува за успех на преговори потребно е да се договорат двете страни. Нагласи дека уште на првата средба со бугарскиот премиер Кирил Петков истакнал дека разговорите мора да бидат водени на база на европски вредности, со почитување на принципите на достоинство на политичарите, кои разговараат, на институциите, на граѓаните и оти низ тој процес не смее да се наруши гордоста на граѓаните на двете држави.
Ако се изнајде решение, кое ќе биде базирано на тие вредности и принципи и прифатливо за двете држави, во тој момент можеме да кажеме дека имаме успешни преговори, ако не се дојде се уште до тоа решение тоа значи дека тие преговори ќе продолжат, рече Ковачевски.
Тој лично, како што напомена, не се врзува за датуми, но сепак нагласи дека проширувањето на ЕУ во регионот во моментов не е само политичко и економско прашање, туку и геостратешко, поради војната во Украина и интересот на трети земји да не се случи проширувањето со земјите од Западен Балкан. Во врска со престојното чествување на Свети Кирил и Методиј на 24 мај во Рим и дали ќе се одржи заедно со Бугарија, Ковачевски одговори дека чествувањето е во фаза на организација, земјава ќе има делегација, тој лично ќе замине за Рим, но протоколот се уште не е финално утврден.

The post Ковачевски бара Европа да си го исполни ветувањето: За нас не постои замена за членството во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Иницијативата „Аудиција сега“ го објави првото барање до Министерството за култура https://republika.mk/vesti/kultura/inicijativata-audicija-sega-go-objavi-prvoto-baranje-do-ministerstvoto-za-kultura/ Wed, 13 Apr 2022 11:18:29 +0000 https://republika.mk/?p=487856

Иницијативата на невработени театарџии во Македонија „Аудиција СЕГА“, преку социјалните мрежи ја известува јавноста за следните чекори кои планира да ги преземе.

Од денеска и во наредните пет дена, „Аудиција СЕГА“ ќе ги објавува главните барања на Иницијативата. Денеска го објави првото барање и сподели што беше одлучено на средбата со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

The post Иницијативата „Аудиција сега“ го објави првото барање до Министерството за култура appeared first on Република.

]]>

Иницијативата на невработени театарџии во Македонија „Аудиција СЕГА“, преку социјалните мрежи ја известува јавноста за следните чекори кои планира да ги преземе. Од денеска и во наредните пет дена, „Аудиција СЕГА“ ќе ги објавува главните барања на Иницијативата. Денеска го објави првото барање и сподели што беше одлучено на средбата со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

The post Иницијативата „Аудиција сега“ го објави првото барање до Министерството за култура appeared first on Република.

]]>