банкарски трошоци и провизии Archives - Република https://republika.mk/tema/bankarski-troshotsi-i-provizii/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Jul 2023 11:26:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png банкарски трошоци и провизии Archives - Република https://republika.mk/tema/bankarski-troshotsi-i-provizii/ 32 32 ЛДП: Да се прекине со остварување на огромни профити на грбот на граѓаните https://republika.mk/vesti/makedonija/ldp-da-se-prekine-so-ostvaruvane-na-ogromni-profiti-na-grbot-na-graganite/ Fri, 21 Jul 2023 11:26:43 +0000 https://republika.mk/?p=663901

Предлог-закон за платни системи кој го поднесоа пратениците  на Либерално демократксата партија, Левица и ДОМ се разгледува во рамки на 120-тата седница во Собранието.

Граѓаните кои секојдневно ги користат услугите на банките, сведоци се на високите трошоци и провизии како на пример за одобрување кредити, одржување на сметки, провизиите за проверка на трансакциска сметка, па дури и повлекувањето пари од друга банка, доколку е различна од банката депонент на граѓаните, посочуваат од ЛДП.

Од партијата посочуваат дека овој предлог закон предвидува значително намалување или укинување на банкарските трошоци и провизии. На тој начин се намалуваат и месечните издатоци на граѓаните со што се чекори поблиску кон поправедна финансиска иднина за сите.

Секој од нас како пратеник е свесен дека иако овие прашања се дел од интерната политика на банките, сепак потребно е законска регулираност бидејќи станува збор за остварување на огромен профит. Кога ќе ги погледнеме неверојатните профитни маржи во банкарскиот сектор, што беше особено очигледно  за време на ковид пандемијата, јасно е дека овие институции тоа го прават и на товар на граѓаните.

Со предложениот закон не се обезбедува само финансиска праведност, туку и поправедно и урамнотежено општество во целост. Во нашиот стремеж за правична финансиска иднина за сите граѓани, ги повикуваме и останатите пратеници и партии да ја дадат својата поддршка на овој предлог-закон, порачуваат од ЛДП.

The post ЛДП: Да се прекине со остварување на огромни профити на грбот на граѓаните appeared first on Република.

]]>

Предлог-закон за платни системи кој го поднесоа пратениците  на Либерално демократксата партија, Левица и ДОМ се разгледува во рамки на 120-тата седница во Собранието.
Граѓаните кои секојдневно ги користат услугите на банките, сведоци се на високите трошоци и провизии како на пример за одобрување кредити, одржување на сметки, провизиите за проверка на трансакциска сметка, па дури и повлекувањето пари од друга банка, доколку е различна од банката депонент на граѓаните, посочуваат од ЛДП.
Од партијата посочуваат дека овој предлог закон предвидува значително намалување или укинување на банкарските трошоци и провизии. На тој начин се намалуваат и месечните издатоци на граѓаните со што се чекори поблиску кон поправедна финансиска иднина за сите.
Секој од нас како пратеник е свесен дека иако овие прашања се дел од интерната политика на банките, сепак потребно е законска регулираност бидејќи станува збор за остварување на огромен профит. Кога ќе ги погледнеме неверојатните профитни маржи во банкарскиот сектор, што беше особено очигледно  за време на ковид пандемијата, јасно е дека овие институции тоа го прават и на товар на граѓаните. Со предложениот закон не се обезбедува само финансиска праведност, туку и поправедно и урамнотежено општество во целост. Во нашиот стремеж за правична финансиска иднина за сите граѓани, ги повикуваме и останатите пратеници и партии да ја дадат својата поддршка на овој предлог-закон, порачуваат од ЛДП.

The post ЛДП: Да се прекине со остварување на огромни профити на грбот на граѓаните appeared first on Република.

]]>