Бангкок Archives - Република https://republika.mk/tema/bangkok/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 07:24:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бангкок Archives - Република https://republika.mk/tema/bangkok/ 32 32 Шест туристи пронајдени мртви во луксузен хотел во Тајланд https://republika.mk/vesti/svet/shest-turisti-pronajdeni-mrtvi-vo-luksuzen-hotel-vo-tajland/ Wed, 17 Jul 2024 07:24:56 +0000 https://republika.mk/?p=797558

Шест лица се пронајдени мртви во луксузна хотелска соба во центарот на Бангкок, а тајландската полиција се сомнева дека причината за смртта е труење, јави Си-Ен-Ен.

Персоналот на хотелот ги пронашол телата во соба на петтиот кат во Гранд Хајат, откако гостите не успеале да се одјават по повеќе од 24 часа, рече полицискиот комесар на Бангкок, Тити Саенгсаванг, според Си-Ен-Ен.

Полицијата соопшти дека нема индиции за грабеж и дека на телата нема траги на физичко насилство, но дека во просторијата се пронајдени чаши со траги од бел прав, заедно со недопрена храна која била нарачана претходно, поради што има сомневања на труење.

Властите во моментов трагаат по седмото лице кое било еден од гостите на хотелот и сега е можно осомничено.

Познато е дека меѓу жртвите има и двајца американски државјани.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека е запознаен со случајот и дека се истражува.

Секогаш кога американски државјанин ќе умре во странска земја, локалните власти се одговорни за утврдување на причината за смртта. Често соработуваме со локалните власти кога станува збор за смртта на американските граѓани, така што тоа ќе биде случај и сега, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

The post Шест туристи пронајдени мртви во луксузен хотел во Тајланд appeared first on Република.

]]>

Шест лица се пронајдени мртви во луксузна хотелска соба во центарот на Бангкок, а тајландската полиција се сомнева дека причината за смртта е труење, јави Си-Ен-Ен.
Персоналот на хотелот ги пронашол телата во соба на петтиот кат во Гранд Хајат, откако гостите не успеале да се одјават по повеќе од 24 часа, рече полицискиот комесар на Бангкок, Тити Саенгсаванг, според Си-Ен-Ен.
Полицијата соопшти дека нема индиции за грабеж и дека на телата нема траги на физичко насилство, но дека во просторијата се пронајдени чаши со траги од бел прав, заедно со недопрена храна која била нарачана претходно, поради што има сомневања на труење. Властите во моментов трагаат по седмото лице кое било еден од гостите на хотелот и сега е можно осомничено. Познато е дека меѓу жртвите има и двајца американски државјани. Американскиот Стејт департмент соопшти дека е запознаен со случајот и дека се истражува.
Секогаш кога американски државјанин ќе умре во странска земја, локалните власти се одговорни за утврдување на причината за смртта. Често соработуваме со локалните власти кога станува збор за смртта на американските граѓани, така што тоа ќе биде случај и сега, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

The post Шест туристи пронајдени мртви во луксузен хотел во Тајланд appeared first on Република.

]]>
Тинејџерот убиец во Бангкок имал ментално растројство https://republika.mk/vesti/svet/tinejdherot-ubiets-vo-bangkok-imal-mentalno-rastrojstvo/ Tue, 03 Oct 2023 17:39:33 +0000 https://republika.mk/?p=687605

Момчето (14) кое денеска отвори оган во трговски центар во Бангкок, при што уби две лица, а рани пет други е уапсено, јавија локалните медиуми.

Во пукањето загинале Кинез и жител на Мјанмар, а ранети се уште пет лица, соопшти началникот на полицијата Торсак Суквимол.

Осомничениот е четиринаесетгодишно момче на кое претходно му било констатирано ментално растројство, но не земало лекови.

Ни кажа дека некој од „внатре“ му кажал во кого да пука, изјави Суквимол.

Тинејџерот е ученик во приватно училиште кое се наоѓа во близина на трговскиот центар. Тој беше уапсен во продавница за мебел според снимките од надзорните камери што ги објавија тајландските медиуми.

Пукањето предизвикало паника во луксузниот трговски центар Сиам Парагон, а очевидци изјавиле дека оттаму итно се евакуирани стотици луѓе.

Центарот се наоѓа во центарот на Бангкок. Тој е туристички и комерцијален центар кој привлекува многу посетители, особено Кинези кои често купуваат таму.

Пукањето се случи речиси една година по најголемото масовно убиство во модерната историја на Тајланд, кое се случи во провинцијата Нонг Буа Лам Пу. Тогаш поранешен полицаец уби 36 лица, повеќето деца помлади од пет години.

Според податоците на швајцарската програма Small Arms Survey во Тајланд, земја со 70 милиони жители, во 2017 година имало околу десет милиони огнено оружје, од кои приближно четири милиони не биле регистрирани.

 

The post Тинејџерот убиец во Бангкок имал ментално растројство appeared first on Република.

]]>

Момчето (14) кое денеска отвори оган во трговски центар во Бангкок, при што уби две лица, а рани пет други е уапсено, јавија локалните медиуми. Во пукањето загинале Кинез и жител на Мјанмар, а ранети се уште пет лица, соопшти началникот на полицијата Торсак Суквимол. Осомничениот е четиринаесетгодишно момче на кое претходно му било констатирано ментално растројство, но не земало лекови.
Ни кажа дека некој од „внатре“ му кажал во кого да пука, изјави Суквимол.
Тинејџерот е ученик во приватно училиште кое се наоѓа во близина на трговскиот центар. Тој беше уапсен во продавница за мебел според снимките од надзорните камери што ги објавија тајландските медиуми. Пукањето предизвикало паника во луксузниот трговски центар Сиам Парагон, а очевидци изјавиле дека оттаму итно се евакуирани стотици луѓе. Центарот се наоѓа во центарот на Бангкок. Тој е туристички и комерцијален центар кој привлекува многу посетители, особено Кинези кои често купуваат таму. Пукањето се случи речиси една година по најголемото масовно убиство во модерната историја на Тајланд, кое се случи во провинцијата Нонг Буа Лам Пу. Тогаш поранешен полицаец уби 36 лица, повеќето деца помлади од пет години. Според податоците на швајцарската програма Small Arms Survey во Тајланд, земја со 70 милиони жители, во 2017 година имало околу десет милиони огнено оружје, од кои приближно четири милиони не биле регистрирани.  

The post Тинејџерот убиец во Бангкок имал ментално растројство appeared first on Република.

]]>
14 годишно момче пукало во луѓе во луксузен трговски центар во Бангкок https://republika.mk/vesti/svet/14-godishno-momche-pukalo-vo-luge-vo-luksuzen-trgovski-tsentar-vo-bangkok/ Tue, 03 Oct 2023 11:21:11 +0000 https://republika.mk/?p=687448

14-годишен тинејџер е уапсен во главниот град на Тајланд во врска со пукањето во луксузен трговски центар, соопшти полицијата. Како што јави BBC News, повикувајќи се на полицијата во Бангкок, тинејџер пукал од пиштол и ранил три лица.

Снимките кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат како купувачите бегаат од трговскиот центар, кој беше затворен веднаш по известувањето за нападот, како и блиската станица на метрото.

На едно видео, луѓето се кријат во затемнета просторија во ресторанот. Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди извештаите или автентичноста на видеото. Локалниот телевизиски канал Канал 3 објави дека од тоалетите во трговскиот центар се слушаат звуци слични на истрели.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментот на апсење на 14-годишно момче.

Премиерот Сретта Тависин им рече на новинарите дека чека детали за инцидентот. Портпаролот на полицијата Ачајон Краитонг изјави дека началникот на националната полиција испратил полицајци да ја контролираат областа. Телевизијата објави долги редици пред трговскиот центар.

Вооруженото насилство е вообичаено во Тајланд. Поранешен полицаец уби 22 деца во градинка минатата година, а војник уби најмалку 29 луѓе и рани 57 во 2020 година во напад што се случи на четири локации во и околу североисточниот град Након Рачасима.

The post 14 годишно момче пукало во луѓе во луксузен трговски центар во Бангкок appeared first on Република.

]]>

14-годишен тинејџер е уапсен во главниот град на Тајланд во врска со пукањето во луксузен трговски центар, соопшти полицијата. Како што јави BBC News, повикувајќи се на полицијата во Бангкок, тинејџер пукал од пиштол и ранил три лица. Снимките кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат како купувачите бегаат од трговскиот центар, кој беше затворен веднаш по известувањето за нападот, како и блиската станица на метрото. На едно видео, луѓето се кријат во затемнета просторија во ресторанот. Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди извештаите или автентичноста на видеото. Локалниот телевизиски канал Канал 3 објави дека од тоалетите во трговскиот центар се слушаат звуци слични на истрели.
Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментот на апсење на 14-годишно момче. Премиерот Сретта Тависин им рече на новинарите дека чека детали за инцидентот. Портпаролот на полицијата Ачајон Краитонг изјави дека началникот на националната полиција испратил полицајци да ја контролираат областа. Телевизијата објави долги редици пред трговскиот центар. Вооруженото насилство е вообичаено во Тајланд. Поранешен полицаец уби 22 деца во градинка минатата година, а војник уби најмалку 29 луѓе и рани 57 во 2020 година во напад што се случи на четири локации во и околу североисточниот град Након Рачасима.

The post 14 годишно момче пукало во луѓе во луксузен трговски центар во Бангкок appeared first on Република.

]]>
Хорор на аеродром: Жена останала без нога откако и се заглавила во подвижна лента (вознемирувачко) https://republika.mk/vesti/svet/horor-na-aerodrom-zhena-ostanala-bez-noga-otkako-i-se-zaglavila-vo-podvizhna-lenta-voznemiruvachko/ Sun, 02 Jul 2023 11:28:57 +0000 https://republika.mk/?p=657413

Една жена ја загубила ногата откако била повлечена од подвижната лента на аеродромот во Бангкок. 57-годишната патничка патувала со лет од меѓународниот аеродром Дон Муанг до тајландската провинција Након Си Тамарат.

Во шокантната несреќа, таа се сопнала преку својот розев куфер и механизмот на подвижната лента го зафатил нејзиното стапало, со што и ги скинал мускулите, тетивата и коската.

Другите патници, видно вознемирени од глетката, се обиделе да го притиснат прекинувачот за итни случаи додека машината продолжила да и ја дроби ногата.

Медицинскиот тим на крајот морал да и ја ампутира левата нога над коленото, соопштија аеродромските власти.

Потоа патничката била префрлена во болница во главниот град.

Медицинскиот тим во болницата изјавил дека патичката првично била испратена во Карун каде и било кажано дека не можат повторно да и ја „закачат“ ногата, но жената побарала да биде префрлена во друга болница за второ мислење.

Аеродромските власти наредија истрага за да се утврдат причините за несреќата, пренесува „Дејли мејл“.

На куферот што лежел во нејзина близина недостасувале две тркала, а на лице место се забележани и скршени делови од постојката што го покрива делот каде завршува подвижната лента.

Таа автоматска патека веднаш е затворена за патници додека инженерски тим врши инспекции и безбедносни проверки.

The post Хорор на аеродром: Жена останала без нога откако и се заглавила во подвижна лента (вознемирувачко) appeared first on Република.

]]>

Една жена ја загубила ногата откако била повлечена од подвижната лента на аеродромот во Бангкок. 57-годишната патничка патувала со лет од меѓународниот аеродром Дон Муанг до тајландската провинција Након Си Тамарат. Во шокантната несреќа, таа се сопнала преку својот розев куфер и механизмот на подвижната лента го зафатил нејзиното стапало, со што и ги скинал мускулите, тетивата и коската. Другите патници, видно вознемирени од глетката, се обиделе да го притиснат прекинувачот за итни случаи додека машината продолжила да и ја дроби ногата. Медицинскиот тим на крајот морал да и ја ампутира левата нога над коленото, соопштија аеродромските власти. Потоа патничката била префрлена во болница во главниот град. Медицинскиот тим во болницата изјавил дека патичката првично била испратена во Карун каде и било кажано дека не можат повторно да и ја „закачат“ ногата, но жената побарала да биде префрлена во друга болница за второ мислење. Аеродромските власти наредија истрага за да се утврдат причините за несреќата, пренесува „Дејли мејл“. На куферот што лежел во нејзина близина недостасувале две тркала, а на лице место се забележани и скршени делови од постојката што го покрива делот каде завршува подвижната лента. Таа автоматска патека веднаш е затворена за патници додека инженерски тим врши инспекции и безбедносни проверки.

The post Хорор на аеродром: Жена останала без нога откако и се заглавила во подвижна лента (вознемирувачко) appeared first on Република.

]]>