Банана филм Archives - Република https://republika.mk/tema/banana-film/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jul 2023 13:48:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Банана филм Archives - Република https://republika.mk/tema/banana-film/ 32 32 „Банана филм“: Управниот суд го прифати нашето барање да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм https://republika.mk/vesti/kultura/banana-film-upravniot-sud-go-prifati-nasheto-barane-da-se-donese-vremena-merka-protiv-agentsijata-za-film/ Mon, 24 Jul 2023 14:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=664786

Управниот суд го прифати барањето на „Банана филм“ да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм. Имено, Агенцијата ги стопираше исплатите за веќе одамна завршениот филм „Кајмак“ во продукција на „Банана филм“ и во режија на Милчо Манчевски, а го стопираше и потпишувањето на пред-договорот за филмот “Биста“ („Збогум, Копакабано!“) кој доби поддршка на минатогодишниот конкурс на Агенцијата. „Банана филм“ тужеше, тврдејќи дека Агенцијата постапува незаконски во однос на филм кој е веќе одобрен од самата Агенција, прифатен, завршен и дистрибуиран по цел свет, но и во однос на нов проект кој веќе ги поминал сите филтри на самата Агенција.

На минатонеделното рочиште Управниот суд го уважи барањето на „Банана филм“, па сега в.д. директорот на Агенцијата, Бојан Лазаревски, ќе мора да даде налог за исплата на преостанатите 30% по договорот за „Кајмак“ и ќе мора да склучи пред-договор и да исплати 5% за развој на сценарио за „Биста“. Доколку не ја почитува одлуката,  в.д. директорот ризикува да одговара кривично за неизвршување на судска одлука.

Ја пријавивме Агенцијата за филм за местени конкурси, за незаконски исплати (крадење), за судир на интереси, а тие за одмазда ни ги блокираа успешните проекти. Нашите тврдења ги потврдија и Антикорупциска комисија, Државниот завод за ревизија, Транспаренси интернешнл, инспекција на Министерството за култура... Еве, сега и судот го потврдува самоволието на филмската мафија. Се надеваме дека наскоро ќе има и соодветни казни за сторените кривични дела“, велат од „Банана филм“.

Во меѓувреме, неделава Комисијата за заштита на конкуренција отвори постапка против Агенцијата за филм и приватното здружение  ДФРМ за испитување на забранета државна поддршка. Допис за доставување на целокупната документација е веќе доставен до Министерството за култура. Според наоди на Државниот завод за ревизија, но и на самото Министерство за култура, Агенцијата незаконски му исплатила на приватното здружение над 120.000 евра.

После негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за работата на Агенцијата за филм и ДФРМ, свој случај за работата на Агенцијата и на ДФРМ отвори и Антикорупциската комисија.

The post „Банана филм“: Управниот суд го прифати нашето барање да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

Демант од „Банана филм“ на соооштението на Агенција за филм https://republika.mk/vesti/kultura/demant-od-banana-film-na-soooshtenieto-na-agentsija-za-film/ Fri, 30 Jun 2023 12:00:54 +0000 https://republika.mk/?p=656854

Сите извештаи на „Банана филм“ се законски. И самата Агенција за филм го потврди тоа, оти ги прифатила, реагираат од „Банана филм“ на соопштението на Агенцијата за филм.

https://republika.mk/vesti/kultura/agentsija-za-film-za-potrosheni-985-iljadi-evra-budhetski-pari-otchet-mora-da-ima/

Инспекцијата на Министерството за култура констатираше на 04.04.2023 дека нема никакви неправилности во работата на „Банана филм“. Тоа е затоа што сите извештаи за филмовите на „Банана филм се законски – што и самата Агенција го потврдила со тоа што претходно ги прифатила истите тие извештаи!

Измислувањето неправилности, донесувањето незаконски одлуки, уценувањето со непотпишување на договори, неисплата на долгови од државни институции и медиумска кампања во партиски медиуми е одмазда кон укажувач затоа што ние во неколку наврати ја пријавивме незаконската работа на одговорните во Агенцијата за филм и ДФРМ, за што постојат и докази, како и наоди на Државниот завод за ревизија, Антикорупциска комисија (ДКСК) и Транспаренси интернешнл.

Повторно ги повикуваме институциите и Владата да се справат со корупција и незаконско работење (вклучувајќи и одмазда кон укажувач) во своите редови, се вели во демантот на „Банана филм“.

The post Демант од „Банана филм“ на соооштението на Агенција за филм appeared first on Република.

]]>

Сите извештаи на „Банана филм“ се законски. И самата Агенција за филм го потврди тоа, оти ги прифатила, реагираат од „Банана филм“ на соопштението на Агенцијата за филм. https://republika.mk/vesti/kultura/agentsija-za-film-za-potrosheni-985-iljadi-evra-budhetski-pari-otchet-mora-da-ima/ Инспекцијата на Министерството за култура констатираше на 04.04.2023 дека нема никакви неправилности во работата на „Банана филм“. Тоа е затоа што сите извештаи за филмовите на „Банана филм се законски – што и самата Агенција го потврдила со тоа што претходно ги прифатила истите тие извештаи!
Измислувањето неправилности, донесувањето незаконски одлуки, уценувањето со непотпишување на договори, неисплата на долгови од државни институции и медиумска кампања во партиски медиуми е одмазда кон укажувач затоа што ние во неколку наврати ја пријавивме незаконската работа на одговорните во Агенцијата за филм и ДФРМ, за што постојат и докази, како и наоди на Државниот завод за ревизија, Антикорупциска комисија (ДКСК) и Транспаренси интернешнл. Повторно ги повикуваме институциите и Владата да се справат со корупција и незаконско работење (вклучувајќи и одмазда кон укажувач) во своите редови, се вели во демантот на „Банана филм“.

The post Демант од „Банана филм“ на соооштението на Агенција за филм appeared first on Република.

]]>
Агенција за филм: За потрошени 985 илјади евра буџетски пари, отчет мора да има https://republika.mk/vesti/kultura/agentsija-za-film-za-potrosheni-985-iljadi-evra-budhetski-pari-otchet-mora-da-ima/ Fri, 30 Jun 2023 11:39:18 +0000 https://republika.mk/?p=656845

Продукцијата Банана филм Скопје се уште нема доставено финален извештај за потрошени буџетски средства во износ од 900.000 евра за филмот „Мајки“ и спорните уплати на сопствена компанија од САД во износ од 85.000 евра за филмот „Врба“.

Агенцијата за филм ги охрабрува надлежните институции да постапат согласно нивните ингеренции, во со закон предвидена постапка, да се проверат наводите по сите поднесени кривични пријави, со единствена цел утврдување на фактичката состојба и заштита на буџетски средства, јавниот интерес и угледот на Агенцијата за филм.

Поднесените кривични пријави од страна на продукцијата Банана филм Скопје, кон членовите на Управниот одбор и финансискиот советник на Агенцијата за филм, ги сметаме за притисок врз јавноста и врз институциите во период додека се во тек соодветни постапки пред Јавното обвинителство на РСМ и пред Управата за финансиска полиција по поднесените пријави против продукцијата Банана филм ДООЕЛ Скопје, се вели во соопштението на Агенцијата.

Управниот одбор на Агенцијата за филм и Агенцијата за филм на РСМ категорично ги отфрлаат како неточни, паушални и неосновани наводите во поднесените кривични пријави од Банана филм Скопје.

Продуцентската куќа на режисерот Милчо Манчевски „Банана филм“ поднесе кривични пријави против финансискиот советник на Агенцијата за филм Бранко Петровски, претседателот на Управниот одбор Игор Шокаровски и против членката на Управниот одбор, правникот Снежана Станковиќ, а најавува уште кривични пријави.

https://republika.mk/vesti/kultura/banana-film-podnese-krivichni-prijavi-protiv-rakovodstvoto-na-agentsijata-za-film/

The post Агенција за филм: За потрошени 985 илјади евра буџетски пари, отчет мора да има appeared first on Република.

]]>

Продукцијата Банана филм Скопје се уште нема доставено финален извештај за потрошени буџетски средства во износ од 900.000 евра за филмот „Мајки“ и спорните уплати на сопствена компанија од САД во износ од 85.000 евра за филмот „Врба“. Агенцијата за филм ги охрабрува надлежните институции да постапат согласно нивните ингеренции, во со закон предвидена постапка, да се проверат наводите по сите поднесени кривични пријави, со единствена цел утврдување на фактичката состојба и заштита на буџетски средства, јавниот интерес и угледот на Агенцијата за филм. Поднесените кривични пријави од страна на продукцијата Банана филм Скопје, кон членовите на Управниот одбор и финансискиот советник на Агенцијата за филм, ги сметаме за притисок врз јавноста и врз институциите во период додека се во тек соодветни постапки пред Јавното обвинителство на РСМ и пред Управата за финансиска полиција по поднесените пријави против продукцијата Банана филм ДООЕЛ Скопје, се вели во соопштението на Агенцијата.
Управниот одбор на Агенцијата за филм и Агенцијата за филм на РСМ категорично ги отфрлаат како неточни, паушални и неосновани наводите во поднесените кривични пријави од Банана филм Скопје. Продуцентската куќа на режисерот Милчо Манчевски „Банана филм“ поднесе кривични пријави против финансискиот советник на Агенцијата за филм Бранко Петровски, претседателот на Управниот одбор Игор Шокаровски и против членката на Управниот одбор, правникот Снежана Станковиќ, а најавува уште кривични пријави. https://republika.mk/vesti/kultura/banana-film-podnese-krivichni-prijavi-protiv-rakovodstvoto-na-agentsijata-za-film/

The post Агенција за филм: За потрошени 985 илјади евра буџетски пари, отчет мора да има appeared first on Република.

]]>
„Банана филм“ поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм https://republika.mk/vesti/kultura/banana-film-podnese-krivichni-prijavi-protiv-rakovodstvoto-na-agentsijata-za-film/ Thu, 29 Jun 2023 12:04:29 +0000 https://republika.mk/?p=656416

„Банана филм“, продуцентската куќа на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, поднесе кривични пријави против финансискиот советник на Агенцијата за филм, Бранко Петровски, против претседателот на Управниот одбор Игор Шокаровски и против членката на Управниот одбор, правникот Снежана Станковиќ. Тие најавуваат уште кривични пријави.

Петровски се обвинува за злоупотреба на службена положба која произлегува од конфликт на интереси. Станковиќ и Шокаровски се теретат за донесување одлуки на Управниот одбор на Агенцијата за филм кои се противзаконски.

„Банана филм“ ги повикува Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, вицеприемерката за борба против корупција Славица Грковска, вицепремиерот Артан Груби и премиерот Ковачевски да го казнат криминалот во редовите на владејачката коалиција и на институциите кои таа ги контролира, како што е Агенцијата за филм.

Ја поздравуваме акцијата на американскиот Стејт департмент и во тој дух ги повикуваме и засегнатите страни од меѓународната заедница кои досега предупредуваа за корупцијата во Македонија да се посветат на овој конкретен случај затоа што зад него се кријат многу незаконити работи, велат од продукцијата.

Поради индиции изнесени во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, „Банана филм“ побара и од Финансиска полиција да изврши увид во работата на ДФРМ, но и на шест фирми во директна и индиректна сопственост (преку нивните семејства) на претседателот на Друштвото Игор Иванов-Изи од династијата Иванови и секретарот на друштвото Томислав Салковски, како и на нивните политичките заштитници.

„Банана филм“ достави барање и до Комисијата за заштита на конкуренција да ја испита недозволената државна помош од Агенцијата за филм до ДФРМ, која веќе беше констатираната во извештајот на Министерството за култура од 2020, но и во новиот извештај на ДЗР, со барање таа да се укине и да се вратат досега противзаконски доделените 120.000 евра од државна каса до ДФРМ.

Сите опфатени во кривичната пријава, според „Банана филм“ остварувале противправна лична корист од своите незаконски постапки.

Сознанијата врз кои се базираат кривичните пријави произлегуваат од наодите на Државниот завод за ревизија (ДЗР), Антикорупциска комисија (ДКСК), извештаи и инспекции при Министерството за култура и Транспаренси интернешнл.

Поднесени се и две тужби против Агенцијата за филм поради нанесување штета на оваа продуцентска куќа.

Од „Банана филм“ велат и: „После бројни укажувања, решивме да поднесеме кривични пријави базирани врз наодите на државните институции и на невладините организации затоа што – и покрај сè – УШТЕ ВЕРУВАМЕ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ. Алтернативата е хаос, беззаконие, апатија и капитулација пред семејни и партиски врски.“

По негативниот извештај на ДЗР за работата на Агенцијата, и Транспаренси интернешнл објави нова анализа на работењето на Агенцијата. Во него, меѓу другото, се вели:

Индикативен е моментот кој е избран да се постапува по однос на проектите реализирани од страна на режисерот Милчо Манчевски, затоа што упатува на можност за освета кон лице кое поднело пријава и побарало да се испитаат состојбите на судир на интереси. Согласно законот за спречување на корупција никој не смее да трпи последици за пријавување на случај на коруптивно однесување. Исто така и Кривичниот законик предвидува казнена одредба доколку не се пријави незаконито постапување за кое некој ќе дознае во рамки на своето службено постапување.“

Во соопштението на Транспаренси се вели и следново:

За илустрација во однос на критериумите и односот кон авторите пренесуваме извадок од резимето за успешност на авторот Милчо Манчевски, чиј труд целосно се девалвира со негативна кампања поттикната од пријавување на судир на интереси:

- Странските инвестиции во шесте македонски филмови на Милчо Манчевски (Пред дождот, Прашина, Сенки, Мајки, Врба и Кајмак) изнесуваат 16.85 милиони евра, во најголем дел потрошени во Македонија.

- Филмовите на Манчевски, претставуваат и една од најголемите странски инвестиции во државата, покрај значењето за културата на Македонија и за меѓународната промоција на македонската култура и јазик.

- Од 1994 досега прикажани се на над 300 фестивали, освоиле стотина награди, меѓу кои и Златен лав и номинација за Оскар и играле во кино и на ТВ во над 100 земји, а влезени се и во наставната програма во повеќе земји.

- Односот на странски инвестиции и домашни инвестиции во филмовите на Манчевски е 77.65% странски инвестиции (државни фондови на Велика Британија, Франција, Германија, Данска, Италија, Унгарија, Холандија, Белгија, Хрватска, Албанија, Шпанија и Бугарија, како и паневропскиот фонд Еуримаж), а 22.35% домашни (Министерство за култура, Филмски фонд или Агенција за филм)​“, се вели во соопштението на Транспаренси интернешнл.

The post „Банана филм“ поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

„Банана филм“, продуцентската куќа на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, поднесе кривични пријави против финансискиот советник на Агенцијата за филм, Бранко Петровски, против претседателот на Управниот одбор Игор Шокаровски и против членката на Управниот одбор, правникот Снежана Станковиќ. Тие најавуваат уште кривични пријави. Петровски се обвинува за злоупотреба на службена положба која произлегува од конфликт на интереси. Станковиќ и Шокаровски се теретат за донесување одлуки на Управниот одбор на Агенцијата за филм кои се противзаконски. „Банана филм“ ги повикува Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, вицеприемерката за борба против корупција Славица Грковска, вицепремиерот Артан Груби и премиерот Ковачевски да го казнат криминалот во редовите на владејачката коалиција и на институциите кои таа ги контролира, како што е Агенцијата за филм.
Ја поздравуваме акцијата на американскиот Стејт департмент и во тој дух ги повикуваме и засегнатите страни од меѓународната заедница кои досега предупредуваа за корупцијата во Македонија да се посветат на овој конкретен случај затоа што зад него се кријат многу незаконити работи, велат од продукцијата.
Поради индиции изнесени во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, „Банана филм“ побара и од Финансиска полиција да изврши увид во работата на ДФРМ, но и на шест фирми во директна и индиректна сопственост (преку нивните семејства) на претседателот на Друштвото Игор Иванов-Изи од династијата Иванови и секретарот на друштвото Томислав Салковски, како и на нивните политичките заштитници. „Банана филм“ достави барање и до Комисијата за заштита на конкуренција да ја испита недозволената државна помош од Агенцијата за филм до ДФРМ, која веќе беше констатираната во извештајот на Министерството за култура од 2020, но и во новиот извештај на ДЗР, со барање таа да се укине и да се вратат досега противзаконски доделените 120.000 евра од државна каса до ДФРМ. Сите опфатени во кривичната пријава, според „Банана филм“ остварувале противправна лична корист од своите незаконски постапки. Сознанијата врз кои се базираат кривичните пријави произлегуваат од наодите на Државниот завод за ревизија (ДЗР), Антикорупциска комисија (ДКСК), извештаи и инспекции при Министерството за култура и Транспаренси интернешнл. Поднесени се и две тужби против Агенцијата за филм поради нанесување штета на оваа продуцентска куќа. Од „Банана филм“ велат и: „После бројни укажувања, решивме да поднесеме кривични пријави базирани врз наодите на државните институции и на невладините организации затоа што – и покрај сè – УШТЕ ВЕРУВАМЕ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ. Алтернативата е хаос, беззаконие, апатија и капитулација пред семејни и партиски врски.“ По негативниот извештај на ДЗР за работата на Агенцијата, и Транспаренси интернешнл објави нова анализа на работењето на Агенцијата. Во него, меѓу другото, се вели:
Индикативен е моментот кој е избран да се постапува по однос на проектите реализирани од страна на режисерот Милчо Манчевски, затоа што упатува на можност за освета кон лице кое поднело пријава и побарало да се испитаат состојбите на судир на интереси. Согласно законот за спречување на корупција никој не смее да трпи последици за пријавување на случај на коруптивно однесување. Исто така и Кривичниот законик предвидува казнена одредба доколку не се пријави незаконито постапување за кое некој ќе дознае во рамки на своето службено постапување.“
Во соопштението на Транспаренси се вели и следново:
За илустрација во однос на критериумите и односот кон авторите пренесуваме извадок од резимето за успешност на авторот Милчо Манчевски, чиј труд целосно се девалвира со негативна кампања поттикната од пријавување на судир на интереси:
- Странските инвестиции во шесте македонски филмови на Милчо Манчевски (Пред дождот, Прашина, Сенки, Мајки, Врба и Кајмак) изнесуваат 16.85 милиони евра, во најголем дел потрошени во Македонија. - Филмовите на Манчевски, претставуваат и една од најголемите странски инвестиции во државата, покрај значењето за културата на Македонија и за меѓународната промоција на македонската култура и јазик. - Од 1994 досега прикажани се на над 300 фестивали, освоиле стотина награди, меѓу кои и Златен лав и номинација за Оскар и играле во кино и на ТВ во над 100 земји, а влезени се и во наставната програма во повеќе земји. - Односот на странски инвестиции и домашни инвестиции во филмовите на Манчевски е 77.65% странски инвестиции (државни фондови на Велика Британија, Франција, Германија, Данска, Италија, Унгарија, Холандија, Белгија, Хрватска, Албанија, Шпанија и Бугарија, како и паневропскиот фонд Еуримаж), а 22.35% домашни (Министерство за култура, Филмски фонд или Агенција за филм)​“, се вели во соопштението на Транспаренси интернешнл.  

The post „Банана филм“ поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>
Реакција на Агенција за филм за информациите за работењето на „Банана филм“ https://republika.mk/vesti/kultura/reaktsija-na-agentsija-za-film-za-informatsiite-za-raboteneto-na-banana-film/ Tue, 30 May 2023 14:17:32 +0000 https://republika.mk/?p=646170

Не се точни информациите дека инспекциските служби не пронашле нелогичности во работењето на оваа продукција, како што се тврди во написите испратени до медиумите преку „Банана филм“, се наведува во денешната пишана реакција од Агенцијата за филм на РСМ, по повод информациите изнесени во јавноста во врска со кривичната пријава за продуцентската куќа „Банана Филм“ и одлуката на Управниот одбор за прекин на проектите на оваа продукција.

Како што е јасно наведено во известувањето и записникот на инспекторатот на Министерството за култура очигледни се нелогичности во работењето на оваа продуцентска куќа за филмот „Врба“. При надзорот констатирани се одредени нелогичности во однос на ангажирањето на „Милкман продукција“, поради што инспекторот не стекна разумно уверување за потребата од ангажирање на „Милкман Продукција“ од Њујорк – стои наведено во записникот од извршениот инспекциски надзор, се појаснува во реакцијата.

Со оглед на тоа дека Министерството за култура не е истражен орган и нема надлежност да постапува, како што се наведува во известувањето, предметот го доставува до Управата за финансиска полиција, како надлежна за натамошно постапување.

Од Агенцијата за филм посочуваат дека во известувањето на СУИН е наведено дека со оглед дека евентуалните неисполнети обврски кон Агенцијата за филм од страна на „Банана филм“ (во однос на проектот „Мајки“ ) би ја довело во прашање законитоста на постапката во одобрување и исплатата на средства за наредните филмски проекти – „Врба“, „Кајмак“ и најновиот „Биста“ со Банана филм – Скопје. Записникот од вонредниот инспекциски надзор од страна на СУИН на Министерството за култура, се вели во соопштението е доставен на запознавање и евентуално понатамошно постапување до Министерството за финансии, Управата за финансиска полиција.“

Уште еднаш сакаме да истакнеме дека стручните служби и УО на АФРСМ, по информациите изнесени во јавност во врска со работењето на оваа продукција, дека истата не поднела завршен финансиски извештај за средства во висина од 55.000.000 денари за филмот „Мајки“ како и низа други неправилности, постапија според нивната законска обврска и извршија увид во документацијата, по што констатираа видно нарушување на процедурите: неподнесување завршен извештај и употреба на исправа-изјава со невистинита содржина, што според законите на РСМ претставува кривично дело. Земајќи ги во предвид овие констатации, согласно своите надлежности Управниот Одбор на АФРСМ имаше обврска да поднесе соодветна пријава до надлежното Обвинителство и да соработува со Управата за финансиска полиција откако до истата управа инспекторатот при Министерството за култура го доставила записникот од извршениот вонреден инспекциски надзор, наведуваат во реакцијата од Агенцијата за филм и додаваат дека сето горенаведено е поткрепено со соодветна писмена документација.

Што се однесува до извештајот на Државниот Завод за Ревизија, чиј текст беше изнесен во јавноста како тврдење за неправилно работење на АФРСМ, потенцирааат дека во него не постои констатација за материјално финансиски недоследности.

Извештајот на ДЗР е во духот на вообичаената пракса при нивниот увид во државните институции, а сите препораки се однесуваат на подобрување на административниот дел од функционирањето на нашата институција, па како таков раководството и УО на Агенцијата позитивно го прифаќа како патоказ за подобрување и поефикасно постапување на институцијата во рамките на своите законски надлежности, појаснуваат во реакцијата од Агенцијата за филм.

The post Реакција на Агенција за филм за информациите за работењето на „Банана филм“ appeared first on Република.

]]>

Не се точни информациите дека инспекциските служби не пронашле нелогичности во работењето на оваа продукција, како што се тврди во написите испратени до медиумите преку „Банана филм“, се наведува во денешната пишана реакција од Агенцијата за филм на РСМ, по повод информациите изнесени во јавноста во врска со кривичната пријава за продуцентската куќа „Банана Филм“ и одлуката на Управниот одбор за прекин на проектите на оваа продукција.
Како што е јасно наведено во известувањето и записникот на инспекторатот на Министерството за култура очигледни се нелогичности во работењето на оваа продуцентска куќа за филмот „Врба“. При надзорот констатирани се одредени нелогичности во однос на ангажирањето на „Милкман продукција“, поради што инспекторот не стекна разумно уверување за потребата од ангажирање на „Милкман Продукција“ од Њујорк – стои наведено во записникот од извршениот инспекциски надзор, се појаснува во реакцијата.
Со оглед на тоа дека Министерството за култура не е истражен орган и нема надлежност да постапува, како што се наведува во известувањето, предметот го доставува до Управата за финансиска полиција, како надлежна за натамошно постапување. Од Агенцијата за филм посочуваат дека во известувањето на СУИН е наведено дека со оглед дека евентуалните неисполнети обврски кон Агенцијата за филм од страна на „Банана филм“ (во однос на проектот „Мајки“ ) би ја довело во прашање законитоста на постапката во одобрување и исплатата на средства за наредните филмски проекти – „Врба“, „Кајмак“ и најновиот „Биста“ со Банана филм – Скопје. Записникот од вонредниот инспекциски надзор од страна на СУИН на Министерството за култура, се вели во соопштението е доставен на запознавање и евентуално понатамошно постапување до Министерството за финансии, Управата за финансиска полиција.“
Уште еднаш сакаме да истакнеме дека стручните служби и УО на АФРСМ, по информациите изнесени во јавност во врска со работењето на оваа продукција, дека истата не поднела завршен финансиски извештај за средства во висина од 55.000.000 денари за филмот „Мајки“ како и низа други неправилности, постапија според нивната законска обврска и извршија увид во документацијата, по што констатираа видно нарушување на процедурите: неподнесување завршен извештај и употреба на исправа-изјава со невистинита содржина, што според законите на РСМ претставува кривично дело. Земајќи ги во предвид овие констатации, согласно своите надлежности Управниот Одбор на АФРСМ имаше обврска да поднесе соодветна пријава до надлежното Обвинителство и да соработува со Управата за финансиска полиција откако до истата управа инспекторатот при Министерството за култура го доставила записникот од извршениот вонреден инспекциски надзор, наведуваат во реакцијата од Агенцијата за филм и додаваат дека сето горенаведено е поткрепено со соодветна писмена документација.
Што се однесува до извештајот на Државниот Завод за Ревизија, чиј текст беше изнесен во јавноста како тврдење за неправилно работење на АФРСМ, потенцирааат дека во него не постои констатација за материјално финансиски недоследности.
Извештајот на ДЗР е во духот на вообичаената пракса при нивниот увид во државните институции, а сите препораки се однесуваат на подобрување на административниот дел од функционирањето на нашата институција, па како таков раководството и УО на Агенцијата позитивно го прифаќа како патоказ за подобрување и поефикасно постапување на институцијата во рамките на своите законски надлежности, појаснуваат во реакцијата од Агенцијата за филм.
 
The post Реакција на Агенција за филм за информациите за работењето на „Банана филм“ appeared first on Република.

]]>
Министерство за култура: На проектот „Врба“ не е утврдено ненаменско користење на средствата, а за „Мајки“ Агенцијата за филм е известена дека не постои основа да биде извршен инспекциски надзор https://republika.mk/vesti/kultura/ministerstvo-za-kultura-na-proektot-vrba-ne-e-utvrdeno-nenamensko-koristene-na-sredstvata-a-za-majki-agentsijata-za-film-e-izvestena-deka-ne-postoi-osnova-da-bide-izvrshen-inspektsiski-nadzor/ Fri, 19 May 2023 12:32:37 +0000 https://republika.mk/?p=642718

Oткако Агенцијата за филм информираше за поднесената кривична пријава против Милчо Манчевски, денеска со реакција се јави и „Банана филм“ кои во писмениот демант велат дека ја пријавиле Агенцијата за филм за корупција, која им поднела кривична пријава иако инспекцијата заклучила дека продуцентот „Банана филм“ работел чесно.

Од Министерството за култура, пак велат дека „до Секторот за управен и инспекциски надзор во Министерството за култура била поднесена Иницијативата од Агенцијата за филм на РСМ, Скопје, со барање за вршење вонреден инспекциски надзор во Друштвото за филмска продукција Банана филм ДООЕЛ – Скопје за реализацијата на филмските проекти „Мајки“ и „Врба“, во режија на Милчо Манчевски“.

Во однос на реализацијата на проектот „Врба“, од страна на инспектор за култура е извршен вонреден инспекциски надзор во Банана филм – Скопје, од аспект на Законот за филмската дејност, за што е составен Записник ИП 1 бр. 56-27 од 04.04.2023 г., со којшто, во делот од наводите во Иницијативата, не е утврдено ненаменско користење на средствата или користење на средствата добиени од Агенцијата за филм спротивно на Договорот, од причини што корисникот на средствата се придржувал кон Финансискиот и оперативен план за реализација на проектот, како составен дел од Договорот.

Додека во однос на филмскиот проект ,,Мајки“ (за којшто поранешната НУ Филмски фонд, Скопје, во 2009 г. склучила Догoвор за финансирање со Банана филм – Скопје), Агенцијата за филм е известена дека не постои основа да биде извршен инспекциски надзор врз основа на Законот за филмски фонд на РМ, имајќи предвид дека Законот не е во сила, односно престанал да важи уште од 1 јануари 2014 г., со денот на применувањето на постојниот Закон за филмската дејност.

Со оглед на тоа што во Иницијативата од Агенцијата за филм, меѓу другото, е наведено дека од страна на Агенцијата „констатирани се пропусти, незаконитости и неисполнети обврски за филмскиот проект „Мајки“ од страна на продуцентот, кои се од важност за сите други проекти кои овој продуцент ги реализирал со правниот следбеник на Филмскиот фонд на РМ, сега АФ“, инспекторот за култура немал основа да врши инспекциски надзор за реализација на филмскиот проект „Мајки“, Записникот од извршениот вонреден инспекциски надзор, заедно со Иницијативата од Агенцијата за филм, се доставени до Министерството за финансии, Управа за финансиска полиција, на запознавање и евентуално натамошно постапување доколку Управата процени дека има основа за тоа, велат од Министерство за култура.

The post Министерство за култура: На проектот „Врба“ не е утврдено ненаменско користење на средствата, а за „Мајки“ Агенцијата за филм е известена дека не постои основа да биде извршен инспекциски надзор appeared first on Република.

]]>

Oткако Агенцијата за филм информираше за поднесената кривична пријава против Милчо Манчевски, денеска со реакција се јави и „Банана филм“ кои во писмениот демант велат дека ја пријавиле Агенцијата за филм за корупција, која им поднела кривична пријава иако инспекцијата заклучила дека продуцентот „Банана филм“ работел чесно. Од Министерството за култура, пак велат дека „до Секторот за управен и инспекциски надзор во Министерството за култура била поднесена Иницијативата од Агенцијата за филм на РСМ, Скопје, со барање за вршење вонреден инспекциски надзор во Друштвото за филмска продукција Банана филм ДООЕЛ – Скопје за реализацијата на филмските проекти „Мајки“ и „Врба“, во режија на Милчо Манчевски“.
Во однос на реализацијата на проектот „Врба“, од страна на инспектор за култура е извршен вонреден инспекциски надзор во Банана филм – Скопје, од аспект на Законот за филмската дејност, за што е составен Записник ИП 1 бр. 56-27 од 04.04.2023 г., со којшто, во делот од наводите во Иницијативата, не е утврдено ненаменско користење на средствата или користење на средствата добиени од Агенцијата за филм спротивно на Договорот, од причини што корисникот на средствата се придржувал кон Финансискиот и оперативен план за реализација на проектот, како составен дел од Договорот. Додека во однос на филмскиот проект ,,Мајки“ (за којшто поранешната НУ Филмски фонд, Скопје, во 2009 г. склучила Догoвор за финансирање со Банана филм – Скопје), Агенцијата за филм е известена дека не постои основа да биде извршен инспекциски надзор врз основа на Законот за филмски фонд на РМ, имајќи предвид дека Законот не е во сила, односно престанал да важи уште од 1 јануари 2014 г., со денот на применувањето на постојниот Закон за филмската дејност. Со оглед на тоа што во Иницијативата од Агенцијата за филм, меѓу другото, е наведено дека од страна на Агенцијата „констатирани се пропусти, незаконитости и неисполнети обврски за филмскиот проект „Мајки“ од страна на продуцентот, кои се од важност за сите други проекти кои овој продуцент ги реализирал со правниот следбеник на Филмскиот фонд на РМ, сега АФ“, инспекторот за култура немал основа да врши инспекциски надзор за реализација на филмскиот проект „Мајки“, Записникот од извршениот вонреден инспекциски надзор, заедно со Иницијативата од Агенцијата за филм, се доставени до Министерството за финансии, Управа за финансиска полиција, на запознавање и евентуално натамошно постапување доколку Управата процени дека има основа за тоа, велат од Министерство за култура.

The post Министерство за култура: На проектот „Врба“ не е утврдено ненаменско користење на средствата, а за „Мајки“ Агенцијата за филм е известена дека не постои основа да биде извршен инспекциски надзор appeared first on Република.

]]>
„Банана филм“: Манчевски со години пријавува корупција во Агенција за филм, инспекција не увиде корупција кај продуцентот https://republika.mk/vesti/kultura/banana-film-manchevski-so-godini-prijavuva-koruptsija-vo-agentsija-za-film-inspektsija-ne-uvide-koruptsija-kaj-produtsentot/ Fri, 19 May 2023 08:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=642538

„Агенцијата за филм лаже дека инспекцијата на Министерството за култура нашла неправилности во работата на „Банана филм“, за да го дефокусира вниманието од нејзиното незаконско работење и како одмазда затоа што нивниот криминал е пријавен до надлежните институции“, се вели во демантот на продуцентската куќа.

https://republika.mk/vesti/kultura/agentsija-za-film-go-prekina-finansiraneto-na-filmovite-na-manchevski-imalo-nedoslednosti-vo-finalnite-izveshtai/

„Ниеден надлежен орган не утврдил неправилности во работата на „Банана филм“ и ниту еден надлежен орган во моментов не води постапка против оваа продуцентска куќа. Напротив, неколку институции веќе заклучиле дека Агенцијата за филм работи незаконски.

Според Записникот на инспекцијата на Министерството за култура од 4 април 2023 година, инспекторот јасно и недвосмислено утврдил дека нема неправилности во работата на „Банана филм“, поради што и ја запрел постапката за инспекциски надзор.

Записникот вели: „Не е утврдено ненаменско или спротивно на договорот користење на средства добиени од Агенцијата за филм, од причина што корисникот на средствата се придржувал кон финансискиот и оперативен план согласно Законот за филмска дејност“.

Да потсетиме дека инспекцијата на Министерството за култура ја разгледуваше работата на „Банана филм“ по барање токму на Агенцијата за филм. Ги повикуваме медиумите и јавноста да побараат коментар од самото Министерство или да го побараат записникот ИП.бр.57-27 од 04.04.2023 година и да заклучат на дело како Агенцијата лаже.

Филмовите на „Банана филм“ се резултат на меѓународни копродукции и поминуваат со позитивни оценки низ домашни и странски ревизии, како и на паневропскиот фонд Еуримаж, и низ инспекција на Министерството за култура.

Истакнуваме дека имаме добиено и позитивен извештај токму од истата таа Агенција за сите наши филмови – „Мајки“ (2010), „Врба“ (2019) и „Кајмак“ (2022).

Групата која сега незаконски владее со Агенцијата за филм ја пласира лагата за наводни неправилности во „Банана филм“ за да го дискредитира најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски и неговите домашни и меѓународни успеси кои се без преседан во современата македонска култура.

Оваа кривична пријава е поднесена со цел да се оправдаат најмалку две незаконски постапки на Агенцијата – незаконското одбивање да се доисплатат средствата кои според правосилниот договор Агенцијата ѝ ги должи на „Банана филм“ за завршениот филм „Кајмак“ кој од минатата година со успех го обиколува светот, како и незаконското одбивање на Агенцијата да потпише договор за проектот на „Банана филм“, „Биста“, кој беше поддржан како филм од национален интерес на конкурсот на истата таа Агенција од мината година.

Лагата на Агенцијата и кривичната пријава имаат за цел и да се одвлече вниманието на јавноста од катастрофалните извештаи за работата на Агенцијата: (1) на Државниот завод за ревизија, во кој е изразено неповолно мислење за работата на Агенцијата за филм, со бројни наоди за незаконска работа („Со извршената ревизија изразивме неповолно мислење во однос на вистинската објективност на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики за 2021 година“), (2) на Транспаренси Интернешнал Македонија (со наоди за судир на интереси и концентрација на моќ) (https://transparency.mk/2023/03/14/transparensi-interneshnl-makedoni%d1%98a-konstatira-sudir-na-interesi-vo-rabote%d1%9aeto-na-agenczi%d1%98ata-za-film/) (3) на Министерството за култура кое има негативно мислење по Годишните извештаи за работа на Агенцијата , (4) на инспекцијата при Министерството за култура кое констатирало судир на интереси во Агенцијата, но и од фактот дека (5) Антикорупциската комисија активно ја истражува работата на Агенцијата и ДФРМ и дека (6) лани заклучи судир на интереси.

Сериозни поплаки од повеќе филмаџии против Агенцијата и ДФРМ има и до вицепремиерката за антикорупција Славица Грковска, и тоа може да се провери во нејзиниот кабинет.

И самиот Манчевски, изминативе неколку години со пријави до надлежните институции укажал на корупција во Агенцијата за филм.

Правниот тим на „Банана филм“ подготвува тужби и кривични пријави против луѓе во Агенцијата за филм и други за кршење на законот по повеќе основи, како и за попречување на нашата професионална работа, за клевета и за замолчување укажувачи на корупција.

Како продуцентска куќа која стои зад филмски проекти кои се културно наследство на Македонија, и покрај сè, ние веруваме во институциите и во нивната чесна работа за одбрана на јавниот интерес.

Ја повикуваме Владата, откако ќе ги разгледа негативните извештаи за работата на Агенцијата за филм да ги разреши директорот и Управниот одбор поради бројните негативни оценки од релевантните институции, а Обвинителството го повикуваме да отвори истрага против нив, се вели во демантот.

The post „Банана филм“: Манчевски со години пријавува корупција во Агенција за филм, инспекција не увиде корупција кај продуцентот appeared first on Република.

]]>

„Агенцијата за филм лаже дека инспекцијата на Министерството за култура нашла неправилности во работата на „Банана филм“, за да го дефокусира вниманието од нејзиното незаконско работење и како одмазда затоа што нивниот криминал е пријавен до надлежните институции“, се вели во демантот на продуцентската куќа. https://republika.mk/vesti/kultura/agentsija-za-film-go-prekina-finansiraneto-na-filmovite-na-manchevski-imalo-nedoslednosti-vo-finalnite-izveshtai/
„Ниеден надлежен орган не утврдил неправилности во работата на „Банана филм“ и ниту еден надлежен орган во моментов не води постапка против оваа продуцентска куќа. Напротив, неколку институции веќе заклучиле дека Агенцијата за филм работи незаконски.
Според Записникот на инспекцијата на Министерството за култура од 4 април 2023 година, инспекторот јасно и недвосмислено утврдил дека нема неправилности во работата на „Банана филм“, поради што и ја запрел постапката за инспекциски надзор. Записникот вели: „Не е утврдено ненаменско или спротивно на договорот користење на средства добиени од Агенцијата за филм, од причина што корисникот на средствата се придржувал кон финансискиот и оперативен план согласно Законот за филмска дејност“.
Да потсетиме дека инспекцијата на Министерството за култура ја разгледуваше работата на „Банана филм“ по барање токму на Агенцијата за филм. Ги повикуваме медиумите и јавноста да побараат коментар од самото Министерство или да го побараат записникот ИП.бр.57-27 од 04.04.2023 година и да заклучат на дело како Агенцијата лаже.
Филмовите на „Банана филм“ се резултат на меѓународни копродукции и поминуваат со позитивни оценки низ домашни и странски ревизии, како и на паневропскиот фонд Еуримаж, и низ инспекција на Министерството за култура. Истакнуваме дека имаме добиено и позитивен извештај токму од истата таа Агенција за сите наши филмови – „Мајки“ (2010), „Врба“ (2019) и „Кајмак“ (2022). Групата која сега незаконски владее со Агенцијата за филм ја пласира лагата за наводни неправилности во „Банана филм“ за да го дискредитира најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски и неговите домашни и меѓународни успеси кои се без преседан во современата македонска култура.
Оваа кривична пријава е поднесена со цел да се оправдаат најмалку две незаконски постапки на Агенцијата – незаконското одбивање да се доисплатат средствата кои според правосилниот договор Агенцијата ѝ ги должи на „Банана филм“ за завршениот филм „Кајмак“ кој од минатата година со успех го обиколува светот, како и незаконското одбивање на Агенцијата да потпише договор за проектот на „Банана филм“, „Биста“, кој беше поддржан како филм од национален интерес на конкурсот на истата таа Агенција од мината година.
Лагата на Агенцијата и кривичната пријава имаат за цел и да се одвлече вниманието на јавноста од катастрофалните извештаи за работата на Агенцијата: (1) на Државниот завод за ревизија, во кој е изразено неповолно мислење за работата на Агенцијата за филм, со бројни наоди за незаконска работа („Со извршената ревизија изразивме неповолно мислење во однос на вистинската објективност на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики за 2021 година“), (2) на Транспаренси Интернешнал Македонија (со наоди за судир на интереси и концентрација на моќ) (https://transparency.mk/2023/03/14/transparensi-interneshnl-makedoni%d1%98a-konstatira-sudir-na-interesi-vo-rabote%d1%9aeto-na-agenczi%d1%98ata-za-film/) (3) на Министерството за култура кое има негативно мислење по Годишните извештаи за работа на Агенцијата , (4) на инспекцијата при Министерството за култура кое констатирало судир на интереси во Агенцијата, но и од фактот дека (5) Антикорупциската комисија активно ја истражува работата на Агенцијата и ДФРМ и дека (6) лани заклучи судир на интереси. Сериозни поплаки од повеќе филмаџии против Агенцијата и ДФРМ има и до вицепремиерката за антикорупција Славица Грковска, и тоа може да се провери во нејзиниот кабинет. И самиот Манчевски, изминативе неколку години со пријави до надлежните институции укажал на корупција во Агенцијата за филм. Правниот тим на „Банана филм“ подготвува тужби и кривични пријави против луѓе во Агенцијата за филм и други за кршење на законот по повеќе основи, како и за попречување на нашата професионална работа, за клевета и за замолчување укажувачи на корупција.
Како продуцентска куќа која стои зад филмски проекти кои се културно наследство на Македонија, и покрај сè, ние веруваме во институциите и во нивната чесна работа за одбрана на јавниот интерес. Ја повикуваме Владата, откако ќе ги разгледа негативните извештаи за работата на Агенцијата за филм да ги разреши директорот и Управниот одбор поради бројните негативни оценки од релевантните институции, а Обвинителството го повикуваме да отвори истрага против нив, се вели во демантот.
 
The post „Банана филм“: Манчевски со години пријавува корупција во Агенција за филм, инспекција не увиде корупција кај продуцентот appeared first on Република.

]]>