Балканот Archives - Република https://republika.mk/tema/balkanot/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Jun 2023 07:58:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Балканот Archives - Република https://republika.mk/tema/balkanot/ 32 32 „Балконот“ на Албански театар и „Женска гардероба“ на Театар Комедија вечерва на „Војдан Чернодрински“ https://republika.mk/vesti/kultura/balkonot-na-albanski-teatar-i-zhenska-garderoba-na-teatar-komedija-vecherva-na-vojdan-chernodrinski/ Wed, 14 Jun 2023 07:58:36 +0000 https://republika.mk/?p=651110

Со претставата „Балконот“, Албанскиот театар од Скопје вечерва во 19.30 часот ќе гостува во Прилеп, на официјалната програма на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“. Терминот од 22 часот на шестиот ден на фестивалот е резервиран за Театар Комедија од Скопје, кој ќе ја изведе „Женска гардероба“ на сцената на Театарот „Војдан Чернодрински“.

И денеска во 10 часот во киното „Мис Стон“, во рамките на програмата „Чернодрински за деца“, поддржана од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“, со свое видување на драмата „Вејка на ветрот“ ќе се претстават учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп – Вања Младеновски, Теодора Велкоска, Бојана Најдоска и Исидора Николоска, под менторство на наставничката Билјана Тинтоска и асистентот Филип Стојаноски.

На пладне следуваат вообичаените разговори на тркалезната маса овој пат со екипите на претставите „Циркус Пирандело“ од Струмица и на турската претстава „Човек перница“.

[caption id="attachment_651117" align="alignnone" width="2560"] Театар Комедија од Скопје ќе ја изведе „Женска гардероба“[/caption]

„Македонскиот театар низ визурата на меѓународната јавност“ беше темата на која вчера се дискутираше на меѓународната конференција што ја организираше фестивалот. Ова се први чекори за да развиеме меѓународна програма на фестивалот, рече уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска.

Сакаме да се обидеме, не да споредиме, туку да видиме каков е македонскиот театар во очите на луѓето што доаѓаат од страна да го гледаат. Убаво е да се види да кажат како функционираме, дали можеме да зборуваме за еден тип на естетика. Ова е само вовед во една поголема програма што ќе следува во наредните години. Ги поставуваме прашањата: Дали можеме за кој било театар да поставиме естетска категоризација? Дали постои препознавање каква е претставата, македонска или од друго поднебје? Или најбитна е естетиката – посочи Стојаноска.

Според Мирослав Мики Радоњиќ, директор на „Стериино позорје“ од Нови Сад и член на жирито на фестивалот, „театарот не може да се гледа изолирано од поднебјето. Но, многу ми е драго што македонскиот театар е присутен во регионот. присутен е во Србија, ги имаме македонските режисери и автори.

Она што се театарски теми и естетика на овие македонски куќи, се случува на поширокиот простор во регионот. Македонскиот театар е на добар пат не само да го сочува оној ореол кој го имаше од порано како еден од значајните театри на бившите ЈУ-простори, туку и да го подобри во многу сегменти. Само, жал ми е, што нема претстави на националните театри од македонски автори – вели Радоњиќ.

За Милош Латиновиќ, директор на „Битеф“ и член на жирито, не треба да има драстични разлики и театарот не може да се ограничи само на одреден простор.

Театарот не може просторно да се ограничи. Ја има таа мисија спецификата од одреден простор да ја пренесува општо. Тоа е добро. театарот е место на последното единство. Македонските автори се често присутни на сцените на српските театри и тоа за македонската драматургија е значајно. Секако, постои таа интеракција овде да се играат српските и автори од други земји, и, поради тоа, мислам дека таа симбиоза, соработка со српското театарско милје, е добра и што се користи за презентација на македонската уметност и во Европа, а македонската продукција има потенцијал.

Татјана Дешко, театарска уметница од Русија и коосновач на „АртАктУм“, го пофали фестивалот, особено за неговата атмосфера.

Мило ми е што во Прилеп театарската атмосфера ја чувствуваат сите. И ние, и целиот град. Кога си на претстава како да влегуваш дома. Тоа е силен и среќен впечаток – истакна таа.

Претседателот на жирито, Јанко Љумовиќ, професор на ФДУ во Цетиње, Црна Гора навлезе подлабоко во концептот на националните театри, истакнувајќи дека секоја земја има некој свој национален концепт, а начинот како ќе допре до другите, надвор од земјата, тоа е белег на големите достигнувања во театарската уметност.

Битно е дали фестивалот е платформа за соработка или само за национална верификација. Разлики има во македонскиот, во словенечкиот, во театарот во Црна Гора. Инсистирам на разликите, а тие отвораат можност за развој, размена, компарирање. За мене битно е да им се обрне внимание на специфичностите – истакна тој.

Режисерот Иван Поповски, кој е гостин на фестивалот истакна дека за подобар театар треба да се работи со младите, како што тоа го прави фестивалот.

Многу е значајна едукацијата на младите да одат во театар, да се создава љубовта спрема театарот. А тоа фестивалот почна да го прави – рече тој.

За режисерката Софија Ристевска, ваквите средби се исклучително важни за македонскиот театар и само преку интернационални средби, се отвораат националните театарски средини.
Вчера се разговараше и за претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, на Театарот за деца и младинци.

Полетна, енергична, креативна… вака беше оценета претставата на Театарот за деца и младинци, која ја одушеви публиката и критиката во Прилеп. Режисерот- гостин од Чешка имал јасен концепт уште пред да дојде во Скопје и затоа процесот на работа течел многу едноставно.

Кога режисерот има цел концепт, многу е полесно да се обликува претставата. Сценографијата (дрвените столчиња кои значеа сѐ) беше уникатна – рече актерката Катерина Илиевска-Силјановска и директорка на Театарот.

Идејата на режисерот беше магијата да се создава на сцената. Наше беше како од столчињата да создаваме сцена, сподели актерката Матеа Јанковска, што ја толкува насловната улога.

Режисерот Јакуб Максимов е млад, ултракреативен и ги скрши правилата за тоа како се игра куклена претстава, истакна нејзиниот колега Никола Наковски.

– Само првата проба беше „читачка“. На втората, веднаш бевме на сцената. Имавме готови кукли. Немаше правила, туку многу креативен начин. Еден нов правец во правење куклена претстава – рече Наковски.

За Ангела Димитрова било посебно провокативно што истражувале и што сите движења ги работеле на лице место.

Заеднички беше заклучокот на присутните на тркалезната маса дека претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ постави нови стандарди, не само за Театарот за деца, но и за сите други театри во земјава.

На фестивалот вчера се одржа и тркалезна маса со екипата на „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски.

Задржувајќи го концептот радоста на играта и пркосот на креацијата, на прашањето дали режисерката Зоја Бузалковска работела според франшиза за претставата, таа објасни дека морала да изгледа најмалку стотина клипови, музички и филмски и е среќна што не ја работеле претставата според строго пропишани правила.

Ова е претстава во која секој го погледнува своето преку Кристофер, со специфики, форми и бои, да останеме свои, но да бидеме Кристофер. Пробите ги започнавме пред ковид пандемијата. Создадов тим што ја прифати претставата од многу аспекти. Игра цел тим за еден свет и секојдневно се надминуваа лимитите. Има филмски јазик, брзи промени на сцена, но при тоа има и удобност – рече Бузалковска.

Специфичниот лик во претставата, кој е присутен цело време на сцената, го игра Дамјан Цветановски, кој го исчитал текстот и романот и откако ги разбрал се поистоветил со ликот.

[caption id="attachment_651118" align="alignnone" width="1067"] Дамјан Цветановски/Фото: МТФ Војдан Чернодрински[/caption]

Непресудно е тоа што текстот во себе содржеше низа скали… Во романот има доста правила како се разбира и како функционира Кристофер и откако ги разбрав, се состоеше да се разбират правилата… Радоста дојде попатно. Најважното за претставата е дека е преземена од тоа дете, на кое што му е потребно се тука… – рече Дамјан.

Според драматургот Александра Бошковска, во претставата актерите создаваат повеќе ликови, но сите со поддршка на Кристофер.

Процесот се случуваше спонтано, пробите беа со маски. Од многу комплицирани елементи, процесот можам да речам дека беше спокоен, прецизен и отворен – рече Бошковска.

The post „Балконот“ на Албански театар и „Женска гардероба“ на Театар Комедија вечерва на „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Балконот“, Албанскиот театар од Скопје вечерва во 19.30 часот ќе гостува во Прилеп, на официјалната програма на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“. Терминот од 22 часот на шестиот ден на фестивалот е резервиран за Театар Комедија од Скопје, кој ќе ја изведе „Женска гардероба“ на сцената на Театарот „Војдан Чернодрински“. И денеска во 10 часот во киното „Мис Стон“, во рамките на програмата „Чернодрински за деца“, поддржана од Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“, со свое видување на драмата „Вејка на ветрот“ ќе се претстават учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп – Вања Младеновски, Теодора Велкоска, Бојана Најдоска и Исидора Николоска, под менторство на наставничката Билјана Тинтоска и асистентот Филип Стојаноски. На пладне следуваат вообичаените разговори на тркалезната маса овој пат со екипите на претставите „Циркус Пирандело“ од Струмица и на турската претстава „Човек перница“. [caption id="attachment_651117" align="alignnone" width="2560"] Театар Комедија од Скопје ќе ја изведе „Женска гардероба“[/caption] „Македонскиот театар низ визурата на меѓународната јавност“ беше темата на која вчера се дискутираше на меѓународната конференција што ја организираше фестивалот. Ова се први чекори за да развиеме меѓународна програма на фестивалот, рече уметничкиот директор на фестивалот, Ана Стојаноска.
Сакаме да се обидеме, не да споредиме, туку да видиме каков е македонскиот театар во очите на луѓето што доаѓаат од страна да го гледаат. Убаво е да се види да кажат како функционираме, дали можеме да зборуваме за еден тип на естетика. Ова е само вовед во една поголема програма што ќе следува во наредните години. Ги поставуваме прашањата: Дали можеме за кој било театар да поставиме естетска категоризација? Дали постои препознавање каква е претставата, македонска или од друго поднебје? Или најбитна е естетиката – посочи Стојаноска.
Според Мирослав Мики Радоњиќ, директор на „Стериино позорје“ од Нови Сад и член на жирито на фестивалот, „театарот не може да се гледа изолирано од поднебјето. Но, многу ми е драго што македонскиот театар е присутен во регионот. присутен е во Србија, ги имаме македонските режисери и автори.
Она што се театарски теми и естетика на овие македонски куќи, се случува на поширокиот простор во регионот. Македонскиот театар е на добар пат не само да го сочува оној ореол кој го имаше од порано како еден од значајните театри на бившите ЈУ-простори, туку и да го подобри во многу сегменти. Само, жал ми е, што нема претстави на националните театри од македонски автори – вели Радоњиќ.
За Милош Латиновиќ, директор на „Битеф“ и член на жирито, не треба да има драстични разлики и театарот не може да се ограничи само на одреден простор.
Театарот не може просторно да се ограничи. Ја има таа мисија спецификата од одреден простор да ја пренесува општо. Тоа е добро. театарот е место на последното единство. Македонските автори се често присутни на сцените на српските театри и тоа за македонската драматургија е значајно. Секако, постои таа интеракција овде да се играат српските и автори од други земји, и, поради тоа, мислам дека таа симбиоза, соработка со српското театарско милје, е добра и што се користи за презентација на македонската уметност и во Европа, а македонската продукција има потенцијал.
  Татјана Дешко, театарска уметница од Русија и коосновач на „АртАктУм“, го пофали фестивалот, особено за неговата атмосфера.
Мило ми е што во Прилеп театарската атмосфера ја чувствуваат сите. И ние, и целиот град. Кога си на претстава како да влегуваш дома. Тоа е силен и среќен впечаток – истакна таа.
Претседателот на жирито, Јанко Љумовиќ, професор на ФДУ во Цетиње, Црна Гора навлезе подлабоко во концептот на националните театри, истакнувајќи дека секоја земја има некој свој национален концепт, а начинот како ќе допре до другите, надвор од земјата, тоа е белег на големите достигнувања во театарската уметност.
Битно е дали фестивалот е платформа за соработка или само за национална верификација. Разлики има во македонскиот, во словенечкиот, во театарот во Црна Гора. Инсистирам на разликите, а тие отвораат можност за развој, размена, компарирање. За мене битно е да им се обрне внимание на специфичностите – истакна тој.
Режисерот Иван Поповски, кој е гостин на фестивалот истакна дека за подобар театар треба да се работи со младите, како што тоа го прави фестивалот.
Многу е значајна едукацијата на младите да одат во театар, да се создава љубовта спрема театарот. А тоа фестивалот почна да го прави – рече тој.
За режисерката Софија Ристевска, ваквите средби се исклучително важни за македонскиот театар и само преку интернационални средби, се отвораат националните театарски средини. Вчера се разговараше и за претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, на Театарот за деца и младинци. Полетна, енергична, креативна… вака беше оценета претставата на Театарот за деца и младинци, која ја одушеви публиката и критиката во Прилеп. Режисерот- гостин од Чешка имал јасен концепт уште пред да дојде во Скопје и затоа процесот на работа течел многу едноставно.
Кога режисерот има цел концепт, многу е полесно да се обликува претставата. Сценографијата (дрвените столчиња кои значеа сѐ) беше уникатна – рече актерката Катерина Илиевска-Силјановска и директорка на Театарот.
Идејата на режисерот беше магијата да се создава на сцената. Наше беше како од столчињата да создаваме сцена, сподели актерката Матеа Јанковска, што ја толкува насловната улога. Режисерот Јакуб Максимов е млад, ултракреативен и ги скрши правилата за тоа како се игра куклена претстава, истакна нејзиниот колега Никола Наковски. – Само првата проба беше „читачка“. На втората, веднаш бевме на сцената. Имавме готови кукли. Немаше правила, туку многу креативен начин. Еден нов правец во правење куклена претстава – рече Наковски. За Ангела Димитрова било посебно провокативно што истражувале и што сите движења ги работеле на лице место. Заеднички беше заклучокот на присутните на тркалезната маса дека претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ постави нови стандарди, не само за Театарот за деца, но и за сите други театри во земјава. На фестивалот вчера се одржа и тркалезна маса со екипата на „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски. Задржувајќи го концептот радоста на играта и пркосот на креацијата, на прашањето дали режисерката Зоја Бузалковска работела според франшиза за претставата, таа објасни дека морала да изгледа најмалку стотина клипови, музички и филмски и е среќна што не ја работеле претставата според строго пропишани правила.
Ова е претстава во која секој го погледнува своето преку Кристофер, со специфики, форми и бои, да останеме свои, но да бидеме Кристофер. Пробите ги започнавме пред ковид пандемијата. Создадов тим што ја прифати претставата од многу аспекти. Игра цел тим за еден свет и секојдневно се надминуваа лимитите. Има филмски јазик, брзи промени на сцена, но при тоа има и удобност – рече Бузалковска.
Специфичниот лик во претставата, кој е присутен цело време на сцената, го игра Дамјан Цветановски, кој го исчитал текстот и романот и откако ги разбрал се поистоветил со ликот. [caption id="attachment_651118" align="alignnone" width="1067"] Дамјан Цветановски/Фото: МТФ Војдан Чернодрински[/caption]