балансер Archives - Република https://republika.mk/tema/balanser/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 12:29:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png балансер Archives - Република https://republika.mk/tema/balanser/ 32 32 Огласите за вработувања во јавната администрација ќе се довршат, но без балансерот https://republika.mk/vesti/ekonomija/oglasite-za-vrabotuvana-vo-javnata-administratsija-ke-se-dovrshat-no-bez-balanserot/ Tue, 22 Oct 2024 12:29:16 +0000 https://republika.mk/?p=829877

Постапките за вработување во институциите во јавниот сектор ќе продолжат и ќе се довршат во согласност со законите кои важеа во моментот кога се распишани огласите за вработување, соопшти Министерството за јавната администрација.

Минатиот месец министерството ги сопре сите вработувања во јавната администрација откако Уставниот суд реши да ја испитува уставноста и законитоста на механизмот балансер, со кој се обезбедуваше правична застапеност на заедниците во вработувањата. Минатата недела Судот го укина балансерот, односно укина повеќе одредби од Законот за вработените во јавниот сектор во кои се споменува терминот „припадник на заедницата“.

Од Министерството за јавна администрација појаснуваат дека огласите ќе се довршат, но во постапките нема да се применуваат укинатите законски одредби.

The post Огласите за вработувања во јавната администрација ќе се довршат, но без балансерот appeared first on Република.

]]>

Постапките за вработување во институциите во јавниот сектор ќе продолжат и ќе се довршат во согласност со законите кои важеа во моментот кога се распишани огласите за вработување, соопшти Министерството за јавната администрација. Минатиот месец министерството ги сопре сите вработувања во јавната администрација откако Уставниот суд реши да ја испитува уставноста и законитоста на механизмот балансер, со кој се обезбедуваше правична застапеност на заедниците во вработувањата. Минатата недела Судот го укина балансерот, односно укина повеќе одредби од Законот за вработените во јавниот сектор во кои се споменува терминот „припадник на заедницата“. Од Министерството за јавна администрација појаснуваат дека огласите ќе се довршат, но во постапките нема да се применуваат укинатите законски одредби.

The post Огласите за вработувања во јавната администрација ќе се довршат, но без балансерот appeared first on Република.

]]>
В понеделник ќе се знае каква е постапката за вработувања по укинувањето на „Балансерот“ https://republika.mk/vesti/makedonija/v-ponedelnik-ke-se-znae-kakva-e-postapkata-za-vrabotuvana-po-ukinuvaneto-na-balanserot/ Sat, 19 Oct 2024 18:48:53 +0000 https://republika.mk/?p=828923

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев изјави дека во однос на Законот за правична застапеност владината коалиција има капацитет да отвори политички дијалог со кој ќе се најде соодветно решение и ќе го гарантира уставното право, а тоа е правична застапеност на етничките заедници.

Тој капацитет постои, нагласи Минчев и изрази надеж дека до такво решение ќе дојде.

- Ова е осетлива тема и не треба да се брза. Сметам дека во рамки на овој процес што е пред нас, треба да се вклучат сите оние кои можат да помогнат да се додје до квалитетно, содржајно решение што ќе го реши проблемот засекогаш, рече министерот Минчев вечерва во дневникот на Сител Телевизија.

Прашан каква е постапката со вработувањата по укинувањето на „Балансерот“, министерот Минчев информира дека во моментот сите јавни огласи или годишните планови за вработување и унапреување се во прекин.

Тој најави дека во рамки на Министерството за јавна администрација се подготвуваат соодветни насоки, и, како што рече, се надева дека веќе во понеделник ќе излезат со конкретни насоки.

- Инструкциите кои ќе ги дадеме во понеделник ќе се однесуваат на сите огласи, дури и на оние што биле во рамки на започнати пред времената мерка на Уставниот суд односно со Балансерот и секако оние институции што не ги засега Балансерот, а имаат веќе започнато јавни огласи или конкусри, рече Минчев.

Потенцира дека насоките ќе бидат сите конкурси да се завршат, а според неговите информации, тоа се некаде од 25 до 30 огласи што се со Балансерот да завршат и од одлуката на Уставниот суд, како што рече, ќе бидат по новата методологија.

За тоа каква е состојбата во јавната администрација, Минчев се осврна на бројките од крајот на 2016 година кога имало околу 1290 институции со околу 130 илјади вработени. Во 2023 година во декември како последен пресек имало околу 1370 институции и 129 илјади вработени во јавниот сектор.

Според него, не е најбитно прашањето колкав е бројот на јавната администрација, туку со каков квалитет, со какви услуги кон граѓаните и со какво знаење и умешност јавната администрација ќе се користи да ги даде потребните услуги на граѓаните.

- Ваквиот состав на јавната администрација, според мене, недоволно обучен, недоволно едуциран, недоволно квалитетен, е производ на 30-годишното партиско вработување и на непотизмот, изјави меѓу другото министерот Минчев, додавајќи дека клучот да нема партиски вработувања се политичките партиии кои се на власт.

Тој упати порака дека оваа Влада има силна мотивација овој процес на реформи во јавната администрација да го постави на топ приоритетите на својата агенда и самото формирање на Министерството за јавна администрација докажува дека Владата е во силен налет, како што рече, да го реформира јавниот сектор.

Еден од трите закони што се на јавна дебата за ова прашање, појасни Минчев, е формирање нова Академија за обука и едукација на јавната администрација.

На новинарско прашање каков е ставот на партијата „ЗНАМ – за наша Македонија“, Минчев дециден дека партискиот став е дека може да постои само една Академија, а тоа е Македонската академија на науките.

Ако ме прашувате мене зошто се прави оваа т.н. Албанска академија на науки, прво тоа е незаконски, за мене е невладино здружение, невладина организација. Сметам дека треба наместо да се трошат парите за такви граѓански здруженија, попродуктивно би било нашите коалициони партнери, онаму каде имаат градоначалници од своите редови, парите да ги трошат на инфраструктура, потенцира Минчев.

Во однос на идејата за спојување на Агенцијата за разузнавање, што е под надлежност на Претседателот на државата и на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) ставот на министерот Минчев, како што рече, е секогаш за формирање една агенција, но, подвлече, мора да се има предвид и делот од разузнавање што е во рамки на Министерството за одбрана, а тоа е военото разузнавање. Според него, ова е сериозно прашање и мора да биде во корелација и во соработка со нашите стратешки партнери, пред се САД и ЕУ.

The post В понеделник ќе се знае каква е постапката за вработувања по укинувањето на „Балансерот“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев изјави дека во однос на Законот за правична застапеност владината коалиција има капацитет да отвори политички дијалог со кој ќе се најде соодветно решение и ќе го гарантира уставното право, а тоа е правична застапеност на етничките заедници. Тој капацитет постои, нагласи Минчев и изрази надеж дека до такво решение ќе дојде.
- Ова е осетлива тема и не треба да се брза. Сметам дека во рамки на овој процес што е пред нас, треба да се вклучат сите оние кои можат да помогнат да се додје до квалитетно, содржајно решение што ќе го реши проблемот засекогаш, рече министерот Минчев вечерва во дневникот на Сител Телевизија.
Прашан каква е постапката со вработувањата по укинувањето на „Балансерот“, министерот Минчев информира дека во моментот сите јавни огласи или годишните планови за вработување и унапреување се во прекин. Тој најави дека во рамки на Министерството за јавна администрација се подготвуваат соодветни насоки, и, како што рече, се надева дека веќе во понеделник ќе излезат со конкретни насоки.
- Инструкциите кои ќе ги дадеме во понеделник ќе се однесуваат на сите огласи, дури и на оние што биле во рамки на започнати пред времената мерка на Уставниот суд односно со Балансерот и секако оние институции што не ги засега Балансерот, а имаат веќе започнато јавни огласи или конкусри, рече Минчев.
Потенцира дека насоките ќе бидат сите конкурси да се завршат, а според неговите информации, тоа се некаде од 25 до 30 огласи што се со Балансерот да завршат и од одлуката на Уставниот суд, како што рече, ќе бидат по новата методологија. За тоа каква е состојбата во јавната администрација, Минчев се осврна на бројките од крајот на 2016 година кога имало околу 1290 институции со околу 130 илјади вработени. Во 2023 година во декември како последен пресек имало околу 1370 институции и 129 илјади вработени во јавниот сектор. Според него, не е најбитно прашањето колкав е бројот на јавната администрација, туку со каков квалитет, со какви услуги кон граѓаните и со какво знаење и умешност јавната администрација ќе се користи да ги даде потребните услуги на граѓаните.
- Ваквиот состав на јавната администрација, според мене, недоволно обучен, недоволно едуциран, недоволно квалитетен, е производ на 30-годишното партиско вработување и на непотизмот, изјави меѓу другото министерот Минчев, додавајќи дека клучот да нема партиски вработувања се политичките партиии кои се на власт.
Тој упати порака дека оваа Влада има силна мотивација овој процес на реформи во јавната администрација да го постави на топ приоритетите на својата агенда и самото формирање на Министерството за јавна администрација докажува дека Владата е во силен налет, како што рече, да го реформира јавниот сектор. Еден од трите закони што се на јавна дебата за ова прашање, појасни Минчев, е формирање нова Академија за обука и едукација на јавната администрација. На новинарско прашање каков е ставот на партијата „ЗНАМ – за наша Македонија“, Минчев дециден дека партискиот став е дека може да постои само една Академија, а тоа е Македонската академија на науките.
Ако ме прашувате мене зошто се прави оваа т.н. Албанска академија на науки, прво тоа е незаконски, за мене е невладино здружение, невладина организација. Сметам дека треба наместо да се трошат парите за такви граѓански здруженија, попродуктивно би било нашите коалициони партнери, онаму каде имаат градоначалници од своите редови, парите да ги трошат на инфраструктура, потенцира Минчев.
Во однос на идејата за спојување на Агенцијата за разузнавање, што е под надлежност на Претседателот на државата и на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) ставот на министерот Минчев, како што рече, е секогаш за формирање една агенција, но, подвлече, мора да се има предвид и делот од разузнавање што е во рамки на Министерството за одбрана, а тоа е военото разузнавање. Според него, ова е сериозно прашање и мора да биде во корелација и во соработка со нашите стратешки партнери, пред се САД и ЕУ.

The post В понеделник ќе се знае каква е постапката за вработувања по укинувањето на „Балансерот“ appeared first on Република.

]]>
Таравари: Ќе ангажираме експерти кои имаат „сенс“ за закон за правична застапеност https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-ke-angazhirame-eksperti-koi-imaat-sens-za-zakon-za-pravichna-zastapenost/ Thu, 17 Oct 2024 10:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=827976

Министерот за здравство Арбен Таравари тврди дека предлог-закон за правична застапеност од нивна страна има. Според него следи координирање на владиното мнозинство, по што предлогот ќе биде пласиран на јавноста.

-Предлог-закон од наша страна, имаше. Но во Влада сме коалиција од три коалиции: ЗНАМ, ВМРО со сите партии и ние како Влен. Сега треба да седнеме и да синхронизираме меѓу нас, да направиме заеднички продукт и тоа да го пуштиме и до јавноста и за јавна дебата и за Парламент. За тоа повторно ќе ангажираме експерти кои имаат „сенс“ за оваа работа, изјави Таравари на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање. .

Тој смена дека законот ќе се носи транспарентно, а не како во минатиот период, кога законите поминувале „набрзина“.

-За разлика од минатиот период, кога законите набрзина поминуваа, сега нема да помине така, туку ви велам, ние подготвивме нешто, сега ќе седнеме владиното мнозинство да се координира и потоа ќе отвориме јавна дебата и нормално, тоа ќе биде достапно до сите и до медиумите и до јавноста и не планираме тоа да го поминеме за една недела, две. Меѓутоа, во разумен период, јас мислам дека треба да отвориме јавна дебата и ќе го направиме тоа сигурно, одговори Таравари на прашањето зошто се прави законот на нетранспарентен начин.

The post Таравари: Ќе ангажираме експерти кои имаат „сенс“ за закон за правична застапеност appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари тврди дека предлог-закон за правична застапеност од нивна страна има. Според него следи координирање на владиното мнозинство, по што предлогот ќе биде пласиран на јавноста. -Предлог-закон од наша страна, имаше. Но во Влада сме коалиција од три коалиции: ЗНАМ, ВМРО со сите партии и ние како Влен. Сега треба да седнеме и да синхронизираме меѓу нас, да направиме заеднички продукт и тоа да го пуштиме и до јавноста и за јавна дебата и за Парламент. За тоа повторно ќе ангажираме експерти кои имаат „сенс“ за оваа работа, изјави Таравари на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање. . Тој смена дека законот ќе се носи транспарентно, а не како во минатиот период, кога законите поминувале „набрзина“.
-За разлика од минатиот период, кога законите набрзина поминуваа, сега нема да помине така, туку ви велам, ние подготвивме нешто, сега ќе седнеме владиното мнозинство да се координира и потоа ќе отвориме јавна дебата и нормално, тоа ќе биде достапно до сите и до медиумите и до јавноста и не планираме тоа да го поминеме за една недела, две. Меѓутоа, во разумен период, јас мислам дека треба да отвориме јавна дебата и ќе го направиме тоа сигурно, одговори Таравари на прашањето зошто се прави законот на нетранспарентен начин.

The post Таравари: Ќе ангажираме експерти кои имаат „сенс“ за закон за правична застапеност appeared first on Република.

]]>
Митева: Досега до Владата нема пристигнато предлог-решение за правична застапеност https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-dosega-do-vladata-nema-pristignato-predlog-reshenie-za-pravichna-zastapenost/ Mon, 14 Oct 2024 11:36:19 +0000 https://republika.mk/?p=826568

Портпаролката на Владата Марија Митева денеска изјави дека до Владата досега не е пристигнато предлог решение за правична застапеност откако Уставниот суд го укина Балансерот.

Митева вели дека прашањето е отворено и дека ќе се разговара во рамки на коалицијата и ќе се отвори широка дебата. Ставот на Владата е пред да се донесе законското решение, да биде испратено до Венецијанската комисија.

Во овој момент нема такво решение коешто е проследено до Владата, ниту на владина седница и за истото веднаш штом се создаде можноста, јавноста ќе биде информирана. Во однос на Балансерот којшто е укинат веќе го кажавме ставот дека истиот ј заврши својата употребна вредност така што целиме кон затворање на прашањата коишто во минатото се покажале како непродуктивни и создавање на нови решенија кои ќе значат навистина правична застапеност - рече Митева на денешната прес-конференција во Владата.

По укинувањето на Балансерот, од коалицијата „Вреди“ најавија дека подготвуваат предлог-законско решение. Министерот за здравство Арбен Таравари во сабоатата во изјава за медиумите рече дека законот се подготвува и за оваа недела најави јавна дебата.

„Вреди“ подготвува нов закон, кој што се надевам идната недела ќе биде во јавна дебата. Ќе бидеме во координација со партнерите во коалиција. Од сите страни е констатирано дека „балансерот“ не функционираше како што треба - изјави Таравари пред почетокот на настанот „World Changers Balkan Summit“ во Филхармонија, рече Таравари.

Во однос на писмото што треба да биде испратено до европските институции за европскиот пат на државата, Митева го повтори ставот на премиерот дека ќе се видат размислувањата на европските претставници кои учествуваат на Самитот на Берлинскиот процес по што ќе се изготви писмото кое ќе биде објавено.

Премиерот Христијан Мицкоски во саботата на прес-конференција во Владата рече дека писмото до ЕУ е во подготовка, но дека пред да го испрати сака да има појасна слика до каде сме и што можеме да направиме. Рече дека ќе оди на самитот на Берлинскиот процес и ќе разговара со голем број европски политичари.

Не би се согласил дека нема оптимизам. Не би се согласил со ставот дека таму не постои разбирање за нашите позиции - рече Мицкоски, додавајќи дека ако не се смени Преговарачката рамка тогаш „најдобро е да прифатиме се и да се избришеме“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-ne-se-nadeva-deka-noviot-zakon-shto-treba-da-go-zameni-balanserot-ke-padne-pred-venetsijanskata-komisija/

The post Митева: Досега до Владата нема пристигнато предлог-решение за правична застапеност appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на Владата Марија Митева денеска изјави дека до Владата досега не е пристигнато предлог решение за правична застапеност откако Уставниот суд го укина Балансерот. Митева вели дека прашањето е отворено и дека ќе се разговара во рамки на коалицијата и ќе се отвори широка дебата. Ставот на Владата е пред да се донесе законското решение, да биде испратено до Венецијанската комисија.
Во овој момент нема такво решение коешто е проследено до Владата, ниту на владина седница и за истото веднаш штом се создаде можноста, јавноста ќе биде информирана. Во однос на Балансерот којшто е укинат веќе го кажавме ставот дека истиот ј заврши својата употребна вредност така што целиме кон затворање на прашањата коишто во минатото се покажале како непродуктивни и создавање на нови решенија кои ќе значат навистина правична застапеност - рече Митева на денешната прес-конференција во Владата.
По укинувањето на Балансерот, од коалицијата „Вреди“ најавија дека подготвуваат предлог-законско решение. Министерот за здравство Арбен Таравари во сабоатата во изјава за медиумите рече дека законот се подготвува и за оваа недела најави јавна дебата.
„Вреди“ подготвува нов закон, кој што се надевам идната недела ќе биде во јавна дебата. Ќе бидеме во координација со партнерите во коалиција. Од сите страни е констатирано дека „балансерот“ не функционираше како што треба - изјави Таравари пред почетокот на настанот „World Changers Balkan Summit“ во Филхармонија, рече Таравари.
Во однос на писмото што треба да биде испратено до европските институции за европскиот пат на државата, Митева го повтори ставот на премиерот дека ќе се видат размислувањата на европските претставници кои учествуваат на Самитот на Берлинскиот процес по што ќе се изготви писмото кое ќе биде објавено. Премиерот Христијан Мицкоски во саботата на прес-конференција во Владата рече дека писмото до ЕУ е во подготовка, но дека пред да го испрати сака да има појасна слика до каде сме и што можеме да направиме. Рече дека ќе оди на самитот на Берлинскиот процес и ќе разговара со голем број европски политичари.
Не би се согласил дека нема оптимизам. Не би се согласил со ставот дека таму не постои разбирање за нашите позиции - рече Мицкоски, додавајќи дека ако не се смени Преговарачката рамка тогаш „најдобро е да прифатиме се и да се избришеме“.
https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-ne-se-nadeva-deka-noviot-zakon-shto-treba-da-go-zameni-balanserot-ke-padne-pred-venetsijanskata-komisija/

The post Митева: Досега до Владата нема пристигнато предлог-решение за правична застапеност appeared first on Република.

]]>
Кога ДУИ беше на власт ДУИ се согласи Балансерот да се укине, во опозиција прават театар https://republika.mk/vesti/makedonija/koga-dui-beshe-na-vlast-dui-se-soglasi-balanserot-da-se-ukine-vo-opozitsija-pravat-teatar/ Sun, 13 Oct 2024 10:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=826095

Додека ДУИ беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се.

ДУИ како власт во 2023 година учествуваше во изготвување на Стратегија за реформи во администрацијата 2023 - 2030 во која се нотира дека балансерот има бројни злоупотреби и истиот треба да се укине, вели Бране Петрушевски.

ДУИ прифатија укинување на балансерот од позиција на власт, и тогаш не повикуваа на протести, затоа што беа насочени на матни тендери и играње фудбал по канцеларии.

Според Петрушевски, од позиција на опозиција, сега корумпираните функционери од ДУИ не може да местат тендери и тогаш почнуваат да злоупотребуваат етнички прашања со цел дестабилизација.

ДУИ само бараат причини за дестабилизација затоа што се плашат дека нивните функционери кои 20 години ја крадеа државата ќе се соочат со одговорност.

И додека функционерите на ДУИ 20 години ја ограбуваа државата, јавајќи на бранот на етнички теми, стотици илјади наши сограѓани ја напуштија државата, токму заради тие лоши политики.

https://www.youtube.com/watch?v=Bv7EEL14pV8

ДУИ се прочитана книга и никој повеќе не им верува.

И Европската Комисија нотираше дека  балансерот се злоупотребува и дека истиот треба да се укине. Тогаш ДУИ молчеше, за да краде.

Македонија сега оди напред, кон економска трансформација, владеење на правото и држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина.

The post Кога ДУИ беше на власт ДУИ се согласи Балансерот да се укине, во опозиција прават театар appeared first on Република.

]]>

Додека ДУИ беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се. ДУИ како власт во 2023 година учествуваше во изготвување на Стратегија за реформи во администрацијата 2023 - 2030 во која се нотира дека балансерот има бројни злоупотреби и истиот треба да се укине, вели Бране Петрушевски.
ДУИ прифатија укинување на балансерот од позиција на власт, и тогаш не повикуваа на протести, затоа што беа насочени на матни тендери и играње фудбал по канцеларии.
Според Петрушевски, од позиција на опозиција, сега корумпираните функционери од ДУИ не може да местат тендери и тогаш почнуваат да злоупотребуваат етнички прашања со цел дестабилизација.
ДУИ само бараат причини за дестабилизација затоа што се плашат дека нивните функционери кои 20 години ја крадеа државата ќе се соочат со одговорност.
И додека функционерите на ДУИ 20 години ја ограбуваа државата, јавајќи на бранот на етнички теми, стотици илјади наши сограѓани ја напуштија државата, токму заради тие лоши политики. https://www.youtube.com/watch?v=Bv7EEL14pV8 ДУИ се прочитана книга и никој повеќе не им верува. И Европската Комисија нотираше дека  балансерот се злоупотребува и дека истиот треба да се укине. Тогаш ДУИ молчеше, за да краде. Македонија сега оди напред, кон економска трансформација, владеење на правото и држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина.

The post Кога ДУИ беше на власт ДУИ се согласи Балансерот да се укине, во опозиција прават театар appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: ДУИ на владина седница во 2023 година усвоиле стратегија за реформи во јавната администрација, која вели дека ќе има бришење на „балансерот“ https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-dui-na-vladina-sednitsa-vo-2023-godina-usvoile-strategija-za-reformi-vo-javnata-administratsija-koja-veli-deka-ke-ima-brishene-na-balanserot/ Sat, 12 Oct 2024 14:54:39 +0000 https://republika.mk/?p=825934

Обиди за дестабилизација имало и ќе има, бидејќи Демократската унија за интеграција не може да излезе со некој предлог за реформа во правосудството или економијата, лутајќи на патот од зелената трансформација до повторно милитантите, туку единственото нешто кое што мислат дека можат е да мобилизираат и злоупотребат луѓе на национални теми, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање поврзано со тоа дали постои реален страв кај граѓаните за евентуална дестабилизација од страна на ДУИ по укинувањето на „балансерот“.

Нагласи дека на владина седница минатата година, членови на ДУИ ја усвоиле стратегијата за реформа во јавната администрација, која, според Мицкоски, јасно вели дека ќе има бришење на „балансерот“.

– ДУИ во опозиција го демантира ДУИ на власт. Мислам дека на 23 јули 2023 година, на владина седница членови на ДУИ, кои што додека играат фудбалчиња претпоставувам читуцкаат какви реформи носат, една од тие реформи е реформата во јавната администрација, каде што јасно вели дека треба да биде избришан „балансерот“. Сега кое ДУИ ја зборува вистината? Тоа кое што жонглира по канцеларии и гласа вакви реформи во јавната администрација каде што се брише „балансерот“ или ова ДУИ во опозиција кое што грчевито се обидува на национална тема да мобилизира луѓе и да направи протести по можност насилни и да ја дестабилизира Македонија со една цел да ги заштити парите коишто ги имаат натрупано овие 20 и неколку години додека беа дел од власта. Треба да им е јасно на граѓаните кое ДУИ ја говори вистината, дали тоа во 2023 година кога ја усвојува оваа стратегија за реформа во јавната администрација, која што јасно вели дека ќе има бришење на „балансерот“ или ова ДУИ во опозиција, палаво, кое што има многу пари и сака да ги заштити и не може да мобилизира луѓе, па злоупотребува и лаже на национални теми и го критикува ова ДУИ кое што гласало тогаш, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: ДУИ на владина седница во 2023 година усвоиле стратегија за реформи во јавната администрација, која вели дека ќе има бришење на „балансерот“ appeared first on Република.

]]>

Обиди за дестабилизација имало и ќе има, бидејќи Демократската унија за интеграција не може да излезе со некој предлог за реформа во правосудството или економијата, лутајќи на патот од зелената трансформација до повторно милитантите, туку единственото нешто кое што мислат дека можат е да мобилизираат и злоупотребат луѓе на национални теми, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање поврзано со тоа дали постои реален страв кај граѓаните за евентуална дестабилизација од страна на ДУИ по укинувањето на „балансерот“. Нагласи дека на владина седница минатата година, членови на ДУИ ја усвоиле стратегијата за реформа во јавната администрација, која, според Мицкоски, јасно вели дека ќе има бришење на „балансерот“.
– ДУИ во опозиција го демантира ДУИ на власт. Мислам дека на 23 јули 2023 година, на владина седница членови на ДУИ, кои што додека играат фудбалчиња претпоставувам читуцкаат какви реформи носат, една од тие реформи е реформата во јавната администрација, каде што јасно вели дека треба да биде избришан „балансерот“. Сега кое ДУИ ја зборува вистината? Тоа кое што жонглира по канцеларии и гласа вакви реформи во јавната администрација каде што се брише „балансерот“ или ова ДУИ во опозиција кое што грчевито се обидува на национална тема да мобилизира луѓе и да направи протести по можност насилни и да ја дестабилизира Македонија со една цел да ги заштити парите коишто ги имаат натрупано овие 20 и неколку години додека беа дел од власта. Треба да им е јасно на граѓаните кое ДУИ ја говори вистината, дали тоа во 2023 година кога ја усвојува оваа стратегија за реформа во јавната администрација, која што јасно вели дека ќе има бришење на „балансерот“ или ова ДУИ во опозиција, палаво, кое што има многу пари и сака да ги заштити и не може да мобилизира луѓе, па злоупотребува и лаже на национални теми и го критикува ова ДУИ кое што гласало тогаш, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: ДУИ на владина седница во 2023 година усвоиле стратегија за реформи во јавната администрација, која вели дека ќе има бришење на „балансерот“ appeared first on Република.

]]>
Ќе бараме квалитет и професионализам, рече Мисајловски за укинувањето на балансерот https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-barame-kvalitet-i-profesionalizam-reche-misajlovski-za-ukinuvaneto-na-balanserot/ Sat, 12 Oct 2024 12:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=825896

Ние остануваме спремни на секое едно законско решение да дадеме забелешки, да го подобриме секој еден закон што ќе биде предложен. Но, јас би кажал дека ние како институции, пред сѐ, ќе бараме квалитет и професионализам. Нас ни треба квалитет - изјави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски во Демир Капија, одговарајќи на новинарски прашања.

На прашањето дали како министерства ќе имаат некакви предлози во оние најави за нов закон, одговори и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој рече дека „секој еден во оваа држава треба да се фокусира на она што му е надлежност и за она за што зема плата“.

Уставниот суд е надлежен да оценува она што е во рамки на негова надлежност во делот на усогласување на сите законски и подзаконски акти во рамки на Уставот. Ние како Министерство за внатрешни работи и како Министерство за одбрана, особено Министерство за внатрешни работи, сме надлежни во рамки на обезбедување сите оние предуслови за да имаме мирен и спокоен, безбеден живот во Македонија - рече Тошковски.

Во иднина, рече, ако сметаат дека треба да се подобри одреден дел од законската регулатива, подзаконските акти и така натаму, нагласи дека не гледа зошто да не го сторат тоа.

Сметам дека од аспект на наша надлежност, дејства што се преземаат, мислам дека е во рамки на она што е утврдено и со закон и со Устав и со подзаконски акти, сега засега - подвлече Тошковски.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, началникот на Генералштабот, генерал-мајот Сашко Лафчиски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, ги посетија припадниците на баталјонот на специјални сили и единицата за брзо распоредување, што заеднички изведуваат алпинистичка обука во реонот на Демир Капија.

The post Ќе бараме квалитет и професионализам, рече Мисајловски за укинувањето на балансерот appeared first on Република.

Мицкоски за новиот закон по „балансерот“: Законското решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-noviot-zakon-po-balanserot-zakonskoto-reshenie-mora-da-bide-ustavno-i-soglasno-preporakite-na-venetsijanskata-komisija/ Sat, 12 Oct 2024 12:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=825890

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите за новиот Закон за правична застапеност по „балансерот“, одговори дека новото законско решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија.

Јас нема да бидам секундант, но она кое што го знам е дека новото законско решение мора да биде уставно и мора да биде согласно препораките на Венецијанската комисија. Затоа, можеби е подобро пред да биде донесено во Парламентот, да се испрати на мислење, за да не се доведуваме во ваква состојба, ние да се претвораме во уставно правни експерти а не сме, и да кажуваме како требало - подвлече Мицкоски.

Тој потенцира дека е потребно од кога ќе се искристализира решението кое ќе биде на основа на предлог, да се испрати на мислење во Венецијанската комисија и потоа да се донесе.

Прашан за изјавата на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами во која тој бара двојазични банкноти, Мицкоски посочи дека оваа изјава не е барање, туку е коментар на политиката на ДУИ кога е во опозиција.

Изјавата на Касами не е во насока на тоа дека треба да имаме двојазични банконоти, туку изјавата е во насока на тоа да потенцира дека кога ДУИ вели дека има целосна имплементација на двојазичноста, во суштина не ја говори вистината, односно е измамник и ги мами луѓето. Тоа сакаше да каже. Повеќе е метафорично. Не е тоа барање, туку коментар на политиката на ДУИ во опозиција, затоа што кога ДУИ е на власт, има поинаква политика. Тогаш се важни тендерите, автомобили. . Кога сме во опозиција, е тогаш е сосема поинаква состојбата - одговори Мицкоски.

The post Мицкоски за новиот закон по „балансерот“: Законското решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање во врска со најавите за новиот Закон за правична застапеност по „балансерот“, одговори дека новото законско решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија.
Јас нема да бидам секундант, но она кое што го знам е дека новото законско решение мора да биде уставно и мора да биде согласно препораките на Венецијанската комисија. Затоа, можеби е подобро пред да биде донесено во Парламентот, да се испрати на мислење, за да не се доведуваме во ваква состојба, ние да се претвораме во уставно правни експерти а не сме, и да кажуваме како требало - подвлече Мицкоски.
Тој потенцира дека е потребно од кога ќе се искристализира решението кое ќе биде на основа на предлог, да се испрати на мислење во Венецијанската комисија и потоа да се донесе. Прашан за изјавата на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами во која тој бара двојазични банкноти, Мицкоски посочи дека оваа изјава не е барање, туку е коментар на политиката на ДУИ кога е во опозиција.
Изјавата на Касами не е во насока на тоа дека треба да имаме двојазични банконоти, туку изјавата е во насока на тоа да потенцира дека кога ДУИ вели дека има целосна имплементација на двојазичноста, во суштина не ја говори вистината, односно е измамник и ги мами луѓето. Тоа сакаше да каже. Повеќе е метафорично. Не е тоа барање, туку коментар на политиката на ДУИ во опозиција, затоа што кога ДУИ е на власт, има поинаква политика. Тогаш се важни тендерите, автомобили. . Кога сме во опозиција, е тогаш е сосема поинаква состојбата - одговори Мицкоски.

The post Мицкоски за новиот закон по „балансерот“: Законското решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија appeared first on Република.

]]>
Лефков: ДУИ како Влада поддржа укинување на балансерот, сега само манипулираат со народот https://republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-dui-kako-vlada-poddrzha-ukinuvane-na-balanserot-sega-samo-manipuliraat-so-narodot/ Sat, 12 Oct 2024 11:53:14 +0000 https://republika.mk/?p=825877

Владата на ДУИ и СДС во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за период 2023-2030, со која се предвидува укинување на балансерот. Имено ДУИ од позиција на власт немаше ништо против да се укине балансерот, за сега од позиција на опозиција да наоѓа изговори и измислува причини за дестабилизација, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

ДУИ не кажа ниту збор кога тие заедно со СДС ја промовираа Стратегијата.

ДУИ беа дел од владата која ја донесе оваа Стратегија, и тогаш немаше ниту прес-конференции ниту критики од нив, напротив тогаш молчеа, зошто и самите знаат дека истото е препорака од Европската Унија.

Имено укинувањето на балансерот е всушност препорака на Европската Комисија, која јасно укажува дека вработувањето врз основа на истиот, може да ги поткопа принципите на заслуги и да влијае на независноста на институциите.

ДУИ сето ова го знае, но се лицемери и сакаат да манипулираат со јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ се согласува со Европската Комисија дека балансерот е злоупотребен, сметаме дека рамноправната застапеносост треба и ќе се реши со закон.

The post Лефков: ДУИ како Влада поддржа укинување на балансерот, сега само манипулираат со народот appeared first on Република.

]]>

Владата на ДУИ и СДС во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за период 2023-2030, со која се предвидува укинување на балансерот. Имено ДУИ од позиција на власт немаше ништо против да се укине балансерот, за сега од позиција на опозиција да наоѓа изговори и измислува причини за дестабилизација, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ не кажа ниту збор кога тие заедно со СДС ја промовираа Стратегијата. ДУИ беа дел од владата која ја донесе оваа Стратегија, и тогаш немаше ниту прес-конференции ниту критики од нив, напротив тогаш молчеа, зошто и самите знаат дека истото е препорака од Европската Унија. Имено укинувањето на балансерот е всушност препорака на Европската Комисија, која јасно укажува дека вработувањето врз основа на истиот, може да ги поткопа принципите на заслуги и да влијае на независноста на институциите. ДУИ сето ова го знае, но се лицемери и сакаат да манипулираат со јавноста. ВМРО-ДПМНЕ се согласува со Европската Комисија дека балансерот е злоупотребен, сметаме дека рамноправната застапеносост треба и ќе се реши со закон.

The post Лефков: ДУИ како Влада поддржа укинување на балансерот, сега само манипулираат со народот appeared first on Република.

]]>
Taравари: Законот за правична застапеност нема да биде само за етничката категорија https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-zakonot-za-pravichna-zastapenost-nema-da-bide-samo-za-etnichkata-kategorija/ Sat, 12 Oct 2024 09:36:50 +0000 https://republika.mk/?p=825810

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со укинувањето на „балансерот“, уште еднаш го повтори ставот дека е потребен Закон за правична застапеност. Тој рече дека „Вреди“ веќе го подготвува законот, за како што најави, веќе следната недела ќе се одржи и јавна дебата.

Вреди подготвува нов закон, кој што се надевам идната недела ќе биде во јавна дебата. Ќе бидеме в координација со партнерите во коалиција. Од сите страни е констатирано дека „балансерот“ не функционираше како што треба, изјави Таравари пред почетокот на настанот „World Changers Balkan Summit“ во Филхармонија.

Тој подвлече дека е потребен Закон за правична застапеност, не само за етничка категорија, туку за сите категории кои што се маргинализирани во општеството.

Нам ни треба јавна дебата и синхронизација, бидејќи правичната застапеност е уставна категорија и секогаш кога нешто е уставна категорија, треба да постои и закон, додаде Таравари.

На новинарско прашање дали комисиите и во случајот со смртта на 14 месечното бебе на Детската клиника и со починатата родилка во Куманово покажаа дека станува збор за лекарска грешка, Тараври одговори дека најверојатно во понеделник ќе одржи прес-конференција на која ќе информира за двата случаи.

Јас за Куманово го прочитав извештајот. За 14 месечното бебе се уште не сум го прочитал, но се надевам дека во понеделник ќе имаме прес-конференција и за двата случаи. Ќе ве информирам во текот на утрешниот ден, рече Таравари.

The post Taравари: Законот за правична застапеност нема да биде само за етничката категорија appeared first on Република.

Изет Меџити за балансерот: Овој дефект го наследивме од ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/izet-medhiti-za-balanserot-ovoj-defekt-go-nasledivme-od-dui/ Fri, 11 Oct 2024 16:16:13 +0000 https://republika.mk/?p=825630

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите информира дека во наредните денови ќе се формира работна група составена е професори од универзитети во земјава кои ќе разговараат за моделите и предложените закони, и ќе го изнесат најдобриот закон со кој ќе се регулира прашањето за правична и соодветна застапеност на етничките заедници Македонија.

Според Меџити, суштинскиот проблем е тоа што албанските партии во минатите влади дозволиле закон или закони да се носат со две мнозинства и му овозможиле на Уставниот суд, а утре да ги укине само со просто мнозинство.

-Ќе биде во духот на тоа да се почитува уставната категорија на соодветна и правична застапеност на етничките заедници во Македонија со тоа што нема да му се даде можност на Уставниот суд во иднина да го укинува овој закон како што досега укина неколку закони. И тука доаѓаме до суштинскиот проблем што албанските партии во минатите влади ни го оставија во наследство - дозволија закон или закони кои се донесуваат со многу труд и политички вложувања да се носат со две мнозинства (со просто мнозинство и Бадентеровото мнозинство) и му овозможија на Уставниот суд утре да ги укине само со просто мнозинство. Ова е главниот дефект што го оставија оние кои денес плачат, бидејќи да беше поинаку, на седницата за балансерот тројцата судии (двајца Албанци и еден турчин) гласаа против и немаше да се укине механизмот за балансерот. Овој дефект го наследивне од ДУИ, не ги имаат решено прашањата како што треба и ние се занимаваме со неуспесите на ДУИ и другите кои беа дел од претходните Влади. Актуелната Влада има политички и демократски капацитет за да најде решение кое ќе ја почитува уставната категорија на правична и соодветна застапеност на Албанците и другите немнозински етнички заедници во јавната и државната администрација, не давајќи му никакви шанси на Уставниот суд во иднина да го укине, рече тој.

Меџити посочи дека овој проблем не е само за балансерот, туку за сето тоа што произлегува од Охридскиот договор и што има врска со идентитетот на Албанците и другите етнички заедници во Македонија кои не се мнозинство и овозможила сето  постигнато да падне во вода преку ноќ затоа што, како што рече, на почетокот не ја детектирале и не го постигнале тоа и во Судот да има Бадентер и за прашањата поврзани со идентитетот на Албанците и другите заедници да одлучува со две мнозинства.

Првиот вицепремиер потенцира дека согласни се оти рокот на балансерот поминал и неопходен е нов механизам или закон за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите етнички заедници.

-Не ги разбирам тие што плачат, затоа што истите тие во 2023 година на седница на Владата гласаа за Стратегијата каде бараа да се укине балансерот. Ова по седницата го изјавија и премиерот Ковачевски и други функционери. На ист став сме и тогаш и денес - сметаме дека рокот за балансерот помина и на Македонија и треба нов механизам или закон за правична и соодветна застапеност на Албанците. Ги имате слушнато и изјавите на нашите партнери во Владата, почнувајќи од премиерот до министерот за јавна администрација, кои потврдуваат дека тоа е уставна категорија и дека Владата има капацитет да го заокружи ова прашање со закон кој ќе обезбеди правична и квалитетна застапеност во иднина, рече тој.

The post Изет Меџити за балансерот: Овој дефект го наследивме од ДУИ appeared first on Република.

]]>

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска во изјава за медиумите информира дека во наредните денови ќе се формира работна група составена е професори од универзитети во земјава кои ќе разговараат за моделите и предложените закони, и ќе го изнесат најдобриот закон со кој ќе се регулира прашањето за правична и соодветна застапеност на етничките заедници Македонија. Според Меџити, суштинскиот проблем е тоа што албанските партии во минатите влади дозволиле закон или закони да се носат со две мнозинства и му овозможиле на Уставниот суд, а утре да ги укине само со просто мнозинство.
-Ќе биде во духот на тоа да се почитува уставната категорија на соодветна и правична застапеност на етничките заедници во Македонија со тоа што нема да му се даде можност на Уставниот суд во иднина да го укинува овој закон како што досега укина неколку закони. И тука доаѓаме до суштинскиот проблем што албанските партии во минатите влади ни го оставија во наследство - дозволија закон или закони кои се донесуваат со многу труд и политички вложувања да се носат со две мнозинства (со просто мнозинство и Бадентеровото мнозинство) и му овозможија на Уставниот суд утре да ги укине само со просто мнозинство. Ова е главниот дефект што го оставија оние кои денес плачат, бидејќи да беше поинаку, на седницата за балансерот тројцата судии (двајца Албанци и еден турчин) гласаа против и немаше да се укине механизмот за балансерот. Овој дефект го наследивне од ДУИ, не ги имаат решено прашањата како што треба и ние се занимаваме со неуспесите на ДУИ и другите кои беа дел од претходните Влади. Актуелната Влада има политички и демократски капацитет за да најде решение кое ќе ја почитува уставната категорија на правична и соодветна застапеност на Албанците и другите немнозински етнички заедници во јавната и државната администрација, не давајќи му никакви шанси на Уставниот суд во иднина да го укине, рече тој.
Меџити посочи дека овој проблем не е само за балансерот, туку за сето тоа што произлегува од Охридскиот договор и што има врска со идентитетот на Албанците и другите етнички заедници во Македонија кои не се мнозинство и овозможила сето  постигнато да падне во вода преку ноќ затоа што, како што рече, на почетокот не ја детектирале и не го постигнале тоа и во Судот да има Бадентер и за прашањата поврзани со идентитетот на Албанците и другите заедници да одлучува со две мнозинства. Првиот вицепремиер потенцира дека согласни се оти рокот на балансерот поминал и неопходен е нов механизам или закон за правична и соодветна застапеност на Албанците и другите етнички заедници.
-Не ги разбирам тие што плачат, затоа што истите тие во 2023 година на седница на Владата гласаа за Стратегијата каде бараа да се укине балансерот. Ова по седницата го изјавија и премиерот Ковачевски и други функционери. На ист став сме и тогаш и денес - сметаме дека рокот за балансерот помина и на Македонија и треба нов механизам или закон за правична и соодветна застапеност на Албанците. Ги имате слушнато и изјавите на нашите партнери во Владата, почнувајќи од премиерот до министерот за јавна администрација, кои потврдуваат дека тоа е уставна категорија и дека Владата има капацитет да го заокружи ова прашање со закон кој ќе обезбеди правична и квалитетна застапеност во иднина, рече тој.
 
The post Изет Меџити за балансерот: Овој дефект го наследивме од ДУИ appeared first on Република.

]]>
Димитриевски за укинување на „балансерот“: Сите граѓани да имаат еднакви права при вработување, суштински да се заложиме за квалитет https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-za-ukinuvane-na-balanserot-site-gragani-da-imaat-ednakvi-prava-pri-vrabotuvane-sushtinski-da-se-zalozhime-za-kvalitet/ Fri, 11 Oct 2024 13:48:06 +0000 https://republika.mk/?p=825575

Кумановскиот градоначалник и претседателот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска од Куманово изјави дека сите треба да се заложат за квалитет при вработување, да им се даде можност за вработување на најквалитетните без разлика на која етничка заедница ѝ припаѓаат. Одговарајќи на новинарски прашања по завршување на централната манифестација на Спомен костурницата, Димитриевски нагласи дека не може да ја коментира одлука на Уставниот суд.

- Што се однесува до „балансерот“ немам што тука да коментирам. Ставот на мојот политички субјект ЗНАМ, на претставниците е во извршната власт коишто ги претставуваат нашите политики е јасен. Сите граѓани мора да имаат еднакви права и етничкиот предзнак не треба да биде привилегија на некои во делот на вработување, освен да се залагаме за политички квантитет, треба суштински да се заложиме за добиеме квалитет и да им дадеме шанса на најквалитетните без разлика кој од која етничка заедница доаѓа или пак од македонскиот народ. По основ на „балансерот“, Уставниот суд си го кажа своето и јас тука не можам ништо да коментирам, како и да е ја поздравувам таа одлука, изјави Димитриевски.

Тој го честиташе 11 Октомври на граѓаните, укажувајќи дека Куманово традиционално и достоинствено го одбележува Денот на македонската борба против фашизмот и повика на сплотеност, сложност на сите граѓани на државата.

- Од кумановска Спомен костурница, сакам да упатам неколку пораки до граѓаните, да бидеме сплотени, сложни ние Македонците, сите претставници на етничките заедници, бидејќи оваа држава е наша мора да се бориме за неа и да ја сочуваме тоа им го должиме на претходните генерации, рече Димитриевски.

The post Димитриевски за укинување на „балансерот“: Сите граѓани да имаат еднакви права при вработување, суштински да се заложиме за квалитет appeared first on Република.

]]>

Кумановскиот градоначалник и претседателот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, денеска од Куманово изјави дека сите треба да се заложат за квалитет при вработување, да им се даде можност за вработување на најквалитетните без разлика на која етничка заедница ѝ припаѓаат. Одговарајќи на новинарски прашања по завршување на централната манифестација на Спомен костурницата, Димитриевски нагласи дека не може да ја коментира одлука на Уставниот суд. - Што се однесува до „балансерот“ немам што тука да коментирам. Ставот на мојот политички субјект ЗНАМ, на претставниците е во извршната власт коишто ги претставуваат нашите политики е јасен. Сите граѓани мора да имаат еднакви права и етничкиот предзнак не треба да биде привилегија на некои во делот на вработување, освен да се залагаме за политички квантитет, треба суштински да се заложиме за добиеме квалитет и да им дадеме шанса на најквалитетните без разлика кој од која етничка заедница доаѓа или пак од македонскиот народ. По основ на „балансерот“, Уставниот суд си го кажа своето и јас тука не можам ништо да коментирам, како и да е ја поздравувам таа одлука, изјави Димитриевски. Тој го честиташе 11 Октомври на граѓаните, укажувајќи дека Куманово традиционално и достоинствено го одбележува Денот на македонската борба против фашизмот и повика на сплотеност, сложност на сите граѓани на државата. - Од кумановска Спомен костурница, сакам да упатам неколку пораки до граѓаните, да бидеме сплотени, сложни ние Македонците, сите претставници на етничките заедници, бидејќи оваа држава е наша мора да се бориме за неа и да ја сочуваме тоа им го должиме на претходните генерации, рече Димитриевски.

The post Димитриевски за укинување на „балансерот“: Сите граѓани да имаат еднакви права при вработување, суштински да се заложиме за квалитет appeared first on Република.

]]>
Панова: ДУИ сега глуми жртва, а имаше случаи во Тетово и Гостивар, Албанци се пишуваа Македонци, или обратно во Струмица и Берово https://republika.mk/vesti/makedonija/panova-dui-sega-glumi-zhrtva-a-imashe-sluchai-vo-tetovo-i-gostivar-albantsi-se-pishuvaa-makedontsi-ili-obratno-vo-strumitsa-i-berovo/ Fri, 11 Oct 2024 10:25:30 +0000 https://republika.mk/?p=825477

Балансерот ја има достигнато својата цел и поради тоа, извештајот на Европската Комисија, вели дека треба да се укине оваа алатка и да се пристапи кон нова за да добиеме квалитет, наместо квантитет. Ние треба да го користиме мерит системот, а не според етникум да се вработуваат граѓаните, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, во гостување во емисијата „Daily Click“ на ТВ 21.

Панова искоментира дека ДУИ го користи овој момент, за да се прикаже пред граѓаните како жртва во оваа приказна, а самите ДУИ, заедно со СДС, во стратегијата за јавна администрација 2023-2030 година, на страна 47, Владата има изгласано да се укине оваа алатка, позната кај народот како балансер.

Имавме доста случаи каде што гледавме како во Тетово, Гостивар, Албанци се пишуваат Македонци, или во Струмица, Берово, обратно, само за да се вработат за да заработат парче леб, меѓутоа тука ние не добиваме квалитетна јавна администрација, туку се вработуваат луѓе според етникум. Затоа и ние како пратеничка група, велиме дека мерит системот е правилниот за вработување, додаде Панова.

Таа дополни дека институциите во државата во следниот период ќе расправаат по ова прашање, со цел алатката која заминува во историја, да се дополни и да биде поквалитетна.

The post Панова: ДУИ сега глуми жртва, а имаше случаи во Тетово и Гостивар, Албанци се пишуваа Македонци, или обратно во Струмица и Берово appeared first on Република.

]]>

Балансерот ја има достигнато својата цел и поради тоа, извештајот на Европската Комисија, вели дека треба да се укине оваа алатка и да се пристапи кон нова за да добиеме квалитет, наместо квантитет. Ние треба да го користиме мерит системот, а не според етникум да се вработуваат граѓаните, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, во гостување во емисијата „Daily Click“ на ТВ 21. Панова искоментира дека ДУИ го користи овој момент, за да се прикаже пред граѓаните како жртва во оваа приказна, а самите ДУИ, заедно со СДС, во стратегијата за јавна администрација 2023-2030 година, на страна 47, Владата има изгласано да се укине оваа алатка, позната кај народот како балансер.
Имавме доста случаи каде што гледавме како во Тетово, Гостивар, Албанци се пишуваат Македонци, или во Струмица, Берово, обратно, само за да се вработат за да заработат парче леб, меѓутоа тука ние не добиваме квалитетна јавна администрација, туку се вработуваат луѓе според етникум. Затоа и ние како пратеничка група, велиме дека мерит системот е правилниот за вработување, додаде Панова.
Таа дополни дека институциите во државата во следниот период ќе расправаат по ова прашање, со цел алатката која заминува во историја, да се дополни и да биде поквалитетна.

The post Панова: ДУИ сега глуми жртва, а имаше случаи во Тетово и Гостивар, Албанци се пишуваа Македонци, или обратно во Струмица и Берово appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова: Уставниот суд требаше многу порано да ја донесе одлуката за укинување на балансерот https://republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-ustavniot-sud-trebashe-mnogu-porano-da-ja-donese-odlukata-za-ukinuvane-na-balanserot/ Thu, 10 Oct 2024 20:12:20 +0000 https://republika.mk/?p=825362

Уставниот суд требаше многу порано да ја донесе одлуката за укинување на балансерот, бидејќи администрацијата ни е болна и не мислам дека сме во безбедносна криза поради неговото укинување, истакна вечерва претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

-Сите ги упатувам најпрво уште еднаш да го препрочитаат Охридскиот рамковен договор, бидејќи се повикуваат на изворот. Таму јасно пишува дека кога зборуваме за администрација и вработување првиот критериум е стручност и компетентност и велат дека покрај нив, треба да се почитува и основното начело на правичност и соодветна застапеност, рече Сиљановска Давкова во интервју на ТВ 21.

За неа лично, како што кажа, е спорен и самиот збор балансер.

-Терминот балансер ми е спорен, и инструментот. Што балансирате? Ако балансирате и стручност и компетентност и правична застапеност, тоа е во ред, посочи Сиљановска Давкова.

Нагласи дека е недозволиво луѓе да се пишуваат во друга националност, само за да добијат работа.

-Не може да е занимање да бидете Македонец, Турчин, Ром, Влав и не може, ако треба да имаме соодветна застапеност, да се соочиме со еден феномен луѓето во еден ден, недела или во текот на една година да се декларираат така како што е курентно, зошто – за да бидат примени на работа, посочи Сиљановска Давкова.

Истакна дека поради балансерот администрацијата ни е болна.

-Директори, менаџери сите имаат,… дури до таа мерка станавме ние непрепознатливи или нестандардни што отворено после секои избори се кажува тоа и тоа амбасадорско место и припаѓа на таа партија, тоа директорско место. Ние немаме свест за противправност. Е сега Уставниот суд, бидејќи е чуварот на Уставот и законите не потсети на тоа, повикувајќи се со право на скринингот оти рентгенот покажува дека сме болни во поглед на администрацијата, порача Сиљановска Давкова.

The post Сиљановска Давкова: Уставниот суд требаше многу порано да ја донесе одлуката за укинување на балансерот appeared first on Република.

За Таравари етничката припадност веќе e уставна категорија и затоа е потребен закон што ќе го замени балансерот https://republika.mk/vesti/makedonija/za-taravari-etnichkata-pripadnost-veke-e-ustavna-kategorija-i-zatoa-e-potreben-zakon-shto-ke-go-zameni-balanserot/ Thu, 10 Oct 2024 10:28:13 +0000 https://republika.mk/?p=825217

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска го искоментира укинувањето на „балансерот“ од страна на Уставниот суд, рече дека бидејќи етничката припадност е уставна категорија, неопходен е нов закон.

-Уставниот суд за 100 дена реши да ги извади на површина проблемите кои седат со години, 4-5 години. Тоа се проблеми коишто треба да се решат. Мислам дека етничката припадност е веќе уставна категорија. Се надевам дека набргу ќе има нов закон. Кога е уставна категорија треба да има и закон. Ќе има нов закон во којшто ќе се предвиди застапеност не само етничка, туку и на сите категории на луѓе коишто живеат во државата да имаат правична застапеност во институциите на системот, во институциите на државата. Ние очекуваме, законот е готов од наша страна, очекуваме и мислења коишто доаѓаат од меѓународни експерти и од Европската комисија и се надевам набргу ќе го процесуираме законот во Парламентот, рече Таравари.

https://republika.mk/vesti/makedonija/graganite-zadovolni-opozitsijata-negoduva-za-ukinuvaneto-na-balanserot/

Различни се рекациите по укинувањето на механизмот за вработување на помалите етнички заедници. Граѓаните се задоволни што конечно во јавната админастрација ќе се вработува по тоа кој колку е образуван а не дали е Албанец.

Партиите на Албанците, посебно оние од опозиција негодуваат и велат дека на овој начин се нарушувал Рамковниот договор. ДУИ дури и срамежливо најавува дека ќе излезат на улица.

Сепак, оваа „радост“ на граѓаните по одлуката на Уставниот суд кратко ќе трае бидејќи Вреди најавува дека балансерот ќе биде заменет со закон за правична застапеност. Оттаму најавуваат дека со ова законско решение ќе се води сметка и за квалитетот на кадрите и за правичната застапеност.

The post За Таравари етничката припадност веќе e уставна категорија и затоа е потребен закон што ќе го замени балансерот appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска го искоментира укинувањето на „балансерот“ од страна на Уставниот суд, рече дека бидејќи етничката припадност е уставна категорија, неопходен е нов закон.
-Уставниот суд за 100 дена реши да ги извади на површина проблемите кои седат со години, 4-5 години. Тоа се проблеми коишто треба да се решат. Мислам дека етничката припадност е веќе уставна категорија. Се надевам дека набргу ќе има нов закон. Кога е уставна категорија треба да има и закон. Ќе има нов закон во којшто ќе се предвиди застапеност не само етничка, туку и на сите категории на луѓе коишто живеат во државата да имаат правична застапеност во институциите на системот, во институциите на државата. Ние очекуваме, законот е готов од наша страна, очекуваме и мислења коишто доаѓаат од меѓународни експерти и од Европската комисија и се надевам набргу ќе го процесуираме законот во Парламентот, рече Таравари.
https://republika.mk/vesti/makedonija/graganite-zadovolni-opozitsijata-negoduva-za-ukinuvaneto-na-balanserot/ Различни се рекациите по укинувањето на механизмот за вработување на помалите етнички заедници. Граѓаните се задоволни што конечно во јавната админастрација ќе се вработува по тоа кој колку е образуван а не дали е Албанец. Партиите на Албанците, посебно оние од опозиција негодуваат и велат дека на овој начин се нарушувал Рамковниот договор. ДУИ дури и срамежливо најавува дека ќе излезат на улица. Сепак, оваа „радост“ на граѓаните по одлуката на Уставниот суд кратко ќе трае бидејќи Вреди најавува дека балансерот ќе биде заменет со закон за правична застапеност. Оттаму најавуваат дека со ова законско решение ќе се води сметка и за квалитетот на кадрите и за правичната застапеност.

The post За Таравари етничката припадност веќе e уставна категорија и затоа е потребен закон што ќе го замени балансерот appeared first on Република.

]]>
Таравари: Имаме готов закон кој ќе го замени „балансерот“ – чекаме договор https://republika.mk/vesti/makedonija/taravari-imame-gotov-zakon-koj-ke-go-zameni-balanserot-chekame-dogovor/ Thu, 10 Oct 2024 09:27:12 +0000 https://republika.mk/?p=825091

Министерот за здравство и дел од албанската коалиција Вреди, Арбен Таравари денеска во изјава за медиумите по прашање за одлуката на Уставниот суд за укинување на Балансерот истакна дека тоа се проблеми кои седеле во Судот со години.

„Ете Уставниот суд одлучи за 100 дена Влада да ги извади сите на површина, тие се проблеми кои што треба да се решат. Мислам дека етничката припадност е уставна категорија, се надевам дека наскоро ќе има нов закон, кога е уставна категорија треба да има и закон, со кој што ќе се предвидат застапеност не само етничка, туку и на сите категории на луѓе кои што живеат во државата да имаат правична застапеност во институциите“, вели Таравари.

Според него, законот е готов и се очекуваат мислења од меѓународни експерти.

The post Таравари: Имаме готов закон кој ќе го замени „балансерот“ – чекаме договор appeared first on Република.

Граѓаните задоволни, опозицијата негодува за укинувањето на балансерот https://republika.mk/vesti/makedonija/graganite-zadovolni-opozitsijata-negoduva-za-ukinuvaneto-na-balanserot/ Thu, 10 Oct 2024 08:13:34 +0000 https://republika.mk/?p=825012

Различни се рекациите по укинувањето на механизмот за вработување на помалите етнички заедници. Граѓаните се задоволни што конечно во јавната админастрација ќе се вработува по тоа кој колку е образуван а не дали е Албанец.

Партиите на Албанците, посебно оние од опозиција негодуваат и велат дека на овој начин се нарушувал Рамковниот договор. ДУИ дури и срамежливо најавува дека ќе излезат на улица.

Сепак, оваа „радост“ на граѓаните по одлуката на Уставниот суд кратко ќе трае бидејќи Вреди најавува дека балансерот ќе биде заменет со закон за правична застапеност. Оттаму најавуваат дека со ова законско решение ќе се води сметка и за квалитетот на кадрите и за правичната застапеност.

https://republika.mk/vesti/makedonija/po-balanserot-ke-dojde-zakon-za-pravichna-zastapenost-na-notar-ke-se-potvrduva-etnichka-pripadnost/

The post Граѓаните задоволни, опозицијата негодува за укинувањето на балансерот appeared first on Република.

]]>

Различни се рекациите по укинувањето на механизмот за вработување на помалите етнички заедници. Граѓаните се задоволни што конечно во јавната админастрација ќе се вработува по тоа кој колку е образуван а не дали е Албанец. Партиите на Албанците, посебно оние од опозиција негодуваат и велат дека на овој начин се нарушувал Рамковниот договор. ДУИ дури и срамежливо најавува дека ќе излезат на улица. Сепак, оваа „радост“ на граѓаните по одлуката на Уставниот суд кратко ќе трае бидејќи Вреди најавува дека балансерот ќе биде заменет со закон за правична застапеност. Оттаму најавуваат дека со ова законско решение ќе се води сметка и за квалитетот на кадрите и за правичната застапеност. https://republika.mk/vesti/makedonija/po-balanserot-ke-dojde-zakon-za-pravichna-zastapenost-na-notar-ke-se-potvrduva-etnichka-pripadnost/  

The post Граѓаните задоволни, опозицијата негодува за укинувањето на балансерот appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Уставен суд за балансерот: Не сме ги укинале правата на заедниците https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelot-na-ustaven-sud-za-balanserot-ne-sme-gi-ukinale-pravata-na-zaednitsite/ Wed, 09 Oct 2024 17:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=824833

Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Како што образложи претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, одлуката на судот е донесена со мнозинство гласови и нема да важи ретроактивно.Тој потенцираше дека е манипулација тврдењето дека Уставен укинал права на заедниците.

„Во конкретниот случај со оспорените законски и подзаконски одредби, неспорно е дека законодавецот ја операционализирал темелната вредност на нашиот уставен поредок соодветната и правична застапеност. Оваа темелна вредност во нашиот уставен поредок е воведена во 2001 година. Станува збор за интервенција во Уставот која е резултат на неопходноста која произлегла од општествената и уставната реалност тој временски момент. Но исто така, неспорно е дека операционализацијата на оваа темелна вредност по својата суштина и природа претставува она што и во теоријата и во практиката се нарекува афирмативна акција, односно мерка која по својата природа предвидува позитивна дискриминација“, рече тој.

Вториот круцијален момент за одлуката на Судот, како што дополни, била нивната одлука со која укина одредби од Законот за матичната евиденција со кои Судот зазема став дека националната припадност е лично чувство на граѓанинот и како такво може да биде менливо и според Судот, негово лично право е да одлучи дали ќе се изјасни и како ќе се изјасни за сопствената припадност, но и право да одлучи да не се изјасни.

„Третиот битен аргумент е фактот кој е општо познат дека од можноста вработениот во јавниот сектор кој има право да поднесе барање за промена на неговите податоци во Регистарот вклучувајќи го податокот и за припадност на заедница, произлегува дека податокот за националната односно припадноста кон одредена заедница, не може да претставува гаранција за запазување на суштината и правилната имплементација на темелната вредност посветена на соодветната и правична застапеност“, рече Костадиновски.

Претседателот на Уставен беше дециден дека не може политиката, како што рече, како досега да се поставува над правото, да ги пречекорува со устав исцртаните рамки, да прават правен хаос, кој создава политички хаос, и кога Судот ќе даде правен одговор на хаосот тогаш да се етикетира или одликите на Судот да се повод за некоја политичка тензија.

„Крајно време е да прејдеме во зрела демократија, од која бенефит ќе имаат сите граѓани без исклучок. Одлуките на Судот не треба да се гледаат ниту како закана против некого или нешто, ниту како одлуки со кои се зголемуваат или намалуваат нечии права, тие треба да бидат прифаќани и да бидат ориентир, рамка за делување согласно наодите на Судот за сите останати власти законодавна, извршна, судска, монетарна или локална“, рече тој.

Пред да ги изнесе клучните аргументи на кои се темели одлуката, Костадиновски изјави дека, како што рече, „манипулација и лага е тврдењето од било кого дека Уставен укинал права на заедниците“.

„Не е точно. Ние сме чувари на Уставот таков каков што е. Темелната вредност соодветна и правична застапеност е тука. Секој е должен да го почитува уставот, значи секој е должен да ја почитува и применува правичната и соодветната застапеност. Законодавецот има право, има уставно овластување да ја операционализира темелната вредност но на уставно дозволен начин. Сега и законодавецот и органите на извршната власт имаат уставна рамка, насоки што може што не да нормира, како да постапуваат Одлуките на Судот, во кои се оценува матерјалната, формалната уставност, ставовите на Судот го легитимираат правото“, рече тој.

Апелираше до граѓаните, државните органи, политичарите, ако, како што дополни, навистина ѝ мислат добро на Републиката, ако навистина сакаат правна држава во која ќе владее правото, своите јавно прокламирани ставови за европски стандарди, за владеење на правото, да ги усогласат со нивните дела и дејствија во практика, да ги усогласат со вистинските потреби на граѓаните за зрело демократско општество како најпожелно за нив.

„Секој вклучително и политичарите треба да ги почитуваат одлуките на судот, не да ги политизираат, етнизираат. На нашето постапување и одлучување треба правилно да гледаат како на заштита на владеењето на правото. Кажав и ќе повторам не одат заедно јавно прокламираните заложби од секого за европски стандарди и владеење на правото и политизацијата и етнизацијата на постапувањето на Судот“, дополни тој.

Според Костадиновски, јавната администрација е ‘рбетот на државата, дава бројни услуги, а потребата за квалитетни услуги, како што вели, не познава етничка припадност или било каква припадност, туку, на сите нас ни се потребни стручни, компетентни, квалитетни ефикасни услуги од државата, а затоа и стручни и компетентни службеници.

The post Претседателот на Уставен суд за балансерот: Не сме ги укинале правата на заедниците appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Како што образложи претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, одлуката на судот е донесена со мнозинство гласови и нема да важи ретроактивно.Тој потенцираше дека е манипулација тврдењето дека Уставен укинал права на заедниците.
„Во конкретниот случај со оспорените законски и подзаконски одредби, неспорно е дека законодавецот ја операционализирал темелната вредност на нашиот уставен поредок соодветната и правична застапеност. Оваа темелна вредност во нашиот уставен поредок е воведена во 2001 година. Станува збор за интервенција во Уставот која е резултат на неопходноста која произлегла од општествената и уставната реалност тој временски момент. Но исто така, неспорно е дека операционализацијата на оваа темелна вредност по својата суштина и природа претставува она што и во теоријата и во практиката се нарекува афирмативна акција, односно мерка која по својата природа предвидува позитивна дискриминација“, рече тој.
Вториот круцијален момент за одлуката на Судот, како што дополни, била нивната одлука со која укина одредби од Законот за матичната евиденција со кои Судот зазема став дека националната припадност е лично чувство на граѓанинот и како такво може да биде менливо и според Судот, негово лично право е да одлучи дали ќе се изјасни и како ќе се изјасни за сопствената припадност, но и право да одлучи да не се изјасни. „Третиот битен аргумент е фактот кој е општо познат дека од можноста вработениот во јавниот сектор кој има право да поднесе барање за промена на неговите податоци во Регистарот вклучувајќи го податокот и за припадност на заедница, произлегува дека податокот за националната односно припадноста кон одредена заедница, не може да претставува гаранција за запазување на суштината и правилната имплементација на темелната вредност посветена на соодветната и правична застапеност“, рече Костадиновски. Претседателот на Уставен беше дециден дека не може политиката, како што рече, како досега да се поставува над правото, да ги пречекорува со устав исцртаните рамки, да прават правен хаос, кој создава политички хаос, и кога Судот ќе даде правен одговор на хаосот тогаш да се етикетира или одликите на Судот да се повод за некоја политичка тензија.
„Крајно време е да прејдеме во зрела демократија, од која бенефит ќе имаат сите граѓани без исклучок. Одлуките на Судот не треба да се гледаат ниту како закана против некого или нешто, ниту како одлуки со кои се зголемуваат или намалуваат нечии права, тие треба да бидат прифаќани и да бидат ориентир, рамка за делување согласно наодите на Судот за сите останати власти законодавна, извршна, судска, монетарна или локална“, рече тој.
Пред да ги изнесе клучните аргументи на кои се темели одлуката, Костадиновски изјави дека, како што рече, „манипулација и лага е тврдењето од било кого дека Уставен укинал права на заедниците“.
„Не е точно. Ние сме чувари на Уставот таков каков што е. Темелната вредност соодветна и правична застапеност е тука. Секој е должен да го почитува уставот, значи секој е должен да ја почитува и применува правичната и соодветната застапеност. Законодавецот има право, има уставно овластување да ја операционализира темелната вредност но на уставно дозволен начин. Сега и законодавецот и органите на извршната власт имаат уставна рамка, насоки што може што не да нормира, како да постапуваат Одлуките на Судот, во кои се оценува матерјалната, формалната уставност, ставовите на Судот го легитимираат правото“, рече тој.
Апелираше до граѓаните, државните органи, политичарите, ако, како што дополни, навистина ѝ мислат добро на Републиката, ако навистина сакаат правна држава во која ќе владее правото, своите јавно прокламирани ставови за европски стандарди, за владеење на правото, да ги усогласат со нивните дела и дејствија во практика, да ги усогласат со вистинските потреби на граѓаните за зрело демократско општество како најпожелно за нив.
„Секој вклучително и политичарите треба да ги почитуваат одлуките на судот, не да ги политизираат, етнизираат. На нашето постапување и одлучување треба правилно да гледаат како на заштита на владеењето на правото. Кажав и ќе повторам не одат заедно јавно прокламираните заложби од секого за европски стандарди и владеење на правото и политизацијата и етнизацијата на постапувањето на Судот“, дополни тој.
Според Костадиновски, јавната администрација е ‘рбетот на државата, дава бројни услуги, а потребата за квалитетни услуги, како што вели, не познава етничка припадност или било каква припадност, туку, на сите нас ни се потребни стручни, компетентни, квалитетни ефикасни услуги од државата, а затоа и стручни и компетентни службеници.

The post Претседателот на Уставен суд за балансерот: Не сме ги укинале правата на заедниците appeared first on Република.

]]>
По балансерот ќе дојде закон за правична застапеност: На нотар ќе се потврдува етничка припадност? https://republika.mk/vesti/makedonija/po-balanserot-ke-dojde-zakon-za-pravichna-zastapenost-na-notar-ke-se-potvrduva-etnichka-pripadnost/ Wed, 09 Oct 2024 15:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=824803

Евиденција или регистар за етничката припадност во јавната администрација, на нотар „запечатена“ етничка припадност при вработувањето на кандидатот, бонус-бодови за кандидатот со етничка припадност кој ѝ потребен на институцијата, се само некои од предлозите на нацрт-законот за правична и соодветна застапеност, кој „Вреди“ ќе ги понуди како решение откако Уставен суд го укина „балансерот“ – алатка за вработување по етнички клуч, нагласува првиот вицепремиер Изет Меџити.

-По одлуката на Уставен суд за „балансерот“, Вреди веднаш ќе пристапи кон ново решение. Како ќе се именува, дали „балансер“ или закон за правична застапеност, за ова нема дилеми и заедно констатиравме со партнерот (ВМРО-ДПМНЕ – н.з.) дека треба да се води грижа и за квалитетот на кандидатите во јавната администрација за да се изберат најдобрите, но и за правичната застапеност. Владините партнери сè уште немаат усогласено решение како да се заштити правичната и соодветна застапеност како темелна вредност на Уставот при вработувањата во јавната администрација, посочува Меџити во изјава за „Слободен печат“.

Тој потврди дека „Вреди“ веќе има подготвен предлог-закон кој ќе го дадат на јавна расправа.

-Се разгледува во рамките на јавната администрација да се воведе евиденција за етничката припадност, односно да наведат која етничка припадност се кога се вработувааат за да се спречат злоупотреби, со цел да не се повтори ситуацијата при вработување – да се изјасни, на пример, дека е Албанец, а потоа да си ја врати етничката припадност, на пример, Македонец. Но тука треба да внимаваме да не навлеземе во приватноста на вработените. Има повеќе предлози, можно е вработените да поднесат изјава за етничката припадност заверена на нотар. Има систем кандидатите да се бодуваат и, на крај, ако за тоа место е предвидено да биде вработен Турчин, за него да има позитивна дискриминација и на освоените бодови да добие плус 10 и тој да биде примен, рече Меџити.

Посочува оти не се согласува со насоката на Уставен суд дека на конкурсите за вработување во јавната администрација пресуден треба да биде квалитетот, туку дека мора да се внимава и на правичната застапеност. Ова, според првиот вицепремиер, би значело дека ако во некоја институција треба да се вработи Бошњак, тогаш треба да се избере најдобропласираниот Бошњак меѓу кандидатите.

-Тоа е предлог на Уставниот суд. Треба да внимаваме на правична застапеност зашто, во принцип, по оваа логика, не може да оставиме на случајност и да експериментираме со правичната застапеност. Ние како Вреди сме за тоа да се внимава на правичната застапеност, односно ако во некоја институција недостига Бошњак, тогаш мора Бошњак да се прими, значи да се избира најдобриот Бошњак, односно од заедницата од која недостига претставник. Квалитет да, но и правичната застапеност. Ако не се најде начин за вработување според правичната застапеност, тогаш ние тоа ќе го оспориме пред Уставниот суд. Секоја тенденција, и најмала, да се запостави правичната застапеност Вреди нема да ја прифати, вели Меџити.

Тој додава дека заедничка констатација на сите фактори во државата е дека „балансерот“ веќе не е во функција, туку дека има контраефект и оти изминативе години се злоупотребувал.

Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Како што образложи претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, одлуката на судот е донесена со мнозинство гласови и нема да важи ретроактивно. Тој потенцираше дека е манипулација тврдењето дека Уставен укинал права на заедниците.

Како што информираше Костадиновски на прес-конференција по денешната сединица, со одлуката беа укинати одредби од Законите за јавен сектор и за јавна администрација, како и подзаконски акти со кои се операционализира темелната вредност соодветна и правична застапеност.

The post По балансерот ќе дојде закон за правична застапеност: На нотар ќе се потврдува етничка припадност? appeared first on Република.

]]>

Евиденција или регистар за етничката припадност во јавната администрација, на нотар „запечатена“ етничка припадност при вработувањето на кандидатот, бонус-бодови за кандидатот со етничка припадност кој ѝ потребен на институцијата, се само некои од предлозите на нацрт-законот за правична и соодветна застапеност, кој „Вреди“ ќе ги понуди како решение откако Уставен суд го укина „балансерот“ – алатка за вработување по етнички клуч, нагласува првиот вицепремиер Изет Меџити.
-По одлуката на Уставен суд за „балансерот“, Вреди веднаш ќе пристапи кон ново решение. Како ќе се именува, дали „балансер“ или закон за правична застапеност, за ова нема дилеми и заедно констатиравме со партнерот (ВМРО-ДПМНЕ – н.з.) дека треба да се води грижа и за квалитетот на кандидатите во јавната администрација за да се изберат најдобрите, но и за правичната застапеност. Владините партнери сè уште немаат усогласено решение како да се заштити правичната и соодветна застапеност како темелна вредност на Уставот при вработувањата во јавната администрација, посочува Меџити во изјава за „Слободен печат“.
Тој потврди дека „Вреди“ веќе има подготвен предлог-закон кој ќе го дадат на јавна расправа.
-Се разгледува во рамките на јавната администрација да се воведе евиденција за етничката припадност, односно да наведат која етничка припадност се кога се вработувааат за да се спречат злоупотреби, со цел да не се повтори ситуацијата при вработување – да се изјасни, на пример, дека е Албанец, а потоа да си ја врати етничката припадност, на пример, Македонец. Но тука треба да внимаваме да не навлеземе во приватноста на вработените. Има повеќе предлози, можно е вработените да поднесат изјава за етничката припадност заверена на нотар. Има систем кандидатите да се бодуваат и, на крај, ако за тоа место е предвидено да биде вработен Турчин, за него да има позитивна дискриминација и на освоените бодови да добие плус 10 и тој да биде примен, рече Меџити.
Посочува оти не се согласува со насоката на Уставен суд дека на конкурсите за вработување во јавната администрација пресуден треба да биде квалитетот, туку дека мора да се внимава и на правичната застапеност. Ова, според првиот вицепремиер, би значело дека ако во некоја институција треба да се вработи Бошњак, тогаш треба да се избере најдобропласираниот Бошњак меѓу кандидатите.
-Тоа е предлог на Уставниот суд. Треба да внимаваме на правична застапеност зашто, во принцип, по оваа логика, не може да оставиме на случајност и да експериментираме со правичната застапеност. Ние како Вреди сме за тоа да се внимава на правичната застапеност, односно ако во некоја институција недостига Бошњак, тогаш мора Бошњак да се прими, значи да се избира најдобриот Бошњак, односно од заедницата од која недостига претставник. Квалитет да, но и правичната застапеност. Ако не се најде начин за вработување според правичната застапеност, тогаш ние тоа ќе го оспориме пред Уставниот суд. Секоја тенденција, и најмала, да се запостави правичната застапеност Вреди нема да ја прифати, вели Меџити.
Тој додава дека заедничка констатација на сите фактори во државата е дека „балансерот“ веќе не е во функција, туку дека има контраефект и оти изминативе години се злоупотребувал. Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Како што образложи претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, одлуката на судот е донесена со мнозинство гласови и нема да важи ретроактивно. Тој потенцираше дека е манипулација тврдењето дека Уставен укинал права на заедниците. Како што информираше Костадиновски на прес-конференција по денешната сединица, со одлуката беа укинати одредби од Законите за јавен сектор и за јавна администрација, како и подзаконски акти со кои се операционализира темелната вредност соодветна и правична застапеност.

The post По балансерот ќе дојде закон за правична застапеност: На нотар ќе се потврдува етничка припадност? appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд донесе одлука за укинување на „балансерот“ https://republika.mk/vesti/makedonija/ustavniot-sud-donese-odluka-za-ukinuvane-na-balanserot/ Wed, 09 Oct 2024 11:00:01 +0000 https://republika.mk/?p=824588

Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Одлуката нема да важи ретроактивно.

Повеќе за одлуката, како што е највено, ќе информира претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по денешната 27. Седница.

Уставниот суд на 18 септември на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно  место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се  нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување.

Судот по неколкучасовна расправа, донесе одлука да поведе постапка за одредби од Законот за вработени во јавниот сектор - (Член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Законот за административни службеници - (Член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“), Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор - (член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 став 2 и 3 член 3, став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор – (член 3 став 1 алинеја 8), како и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.

The post Уставниот суд донесе одлука за укинување на „балансерот“ appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Одлуката нема да важи ретроактивно. Повеќе за одлуката, како што е највено, ќе информира претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски, на прес-конференција по денешната 27. Седница. Уставниот суд на 18 септември на седница расправаше дали со наведувањето на припадноста на заедницата којашто е потребна за пополнување на секое работно место, на кандидатите за административни службеници им се ограничува достапноста на секое работно  место, односно дали со „обврска на кандидатите за админстративни службеници во пријавата за вработување меѓу останатите лични податоци да наведат и припадност на заедница“ се  нарушува начелото на стручност и компетентност и се повредува и уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување. Судот по неколкучасовна расправа, донесе одлука да поведе постапка за одредби од Законот за вработени во јавниот сектор - (Член 19 став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Законот за административни службеници - (Член 36 став 1 алинеја 1 во делот „и припадност на заедница“), Правилникот за задолжителни елементи во јавниот оглас при вработување во јавен сектор - (член 2 став 1 алинеја 8 во делот „припадноста на заедницата/заедниците“, член 2 став 2 и 3 член 3, став 1 алинеја 1 во делот „припадност на заедница“), Правилникот за формата и содржината на регистарот на вработените во јавниот сектор – (член 3 став 1 алинеја 8), како и Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно со начелото за соодветна и правична застапеност, како и формата, содржината и образецот на годишниот план за вработување и извештајот за реализација на годишниот план за вработување.

The post Уставниот суд донесе одлука за укинување на „балансерот“ appeared first on Република.

]]>