Бакраческа Archives - Република https://republika.mk/tema/bakracheska/ За подобро да се разбереме Mon, 12 Jun 2023 11:12:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бакраческа Archives - Република https://republika.mk/tema/bakracheska/ 32 32 Бакраческа: Хаосот кој што го креира власта на секое поле, зема се поголем замав https://republika.mk/vesti/makedonija/bakracheska-haosot-koj-shto-go-kreira-vlasta-na-sekoe-pole-zema-se-pogolem-zamav/ Mon, 12 Jun 2023 11:12:42 +0000 https://republika.mk/?p=650449

Хаосот кој што го креира власта на секое поле, зема се поголем замав. Овој пат, последиците од лошото работење на власта ќе ги трпат охриѓани и Градот Охрид. Имено, Владата, министерството за транспорт и останатите надлежни институции, во очи на летната сезона донесоа скандалозна одлука за затварање на патниот правец Подмоље – Охрид, Грација Бакраческа, пратеничка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Оваа срамна одлука ќе предизвика големи проблеми за локалното население, туристите и другите патници кои ќе транзитираат во овој регион. Дефинитивно, ова ќе има негативен ефект врз туризмот, кој што е еден од главните двигатели на овој регион.

Затворање на главната артерија, поточно влезот на Охрид и пренасочување на патот на стариот пат кој нема капацитет да го реализира напливот на сообраќај и возила во сезоната е непромислен потег донесен од надлежните институции, без истите да размислат за последиците, како по безбедноста во сообраќајот, така и за успешноста на летната туристичка сезона на Охрид и охридскиот регион.

Власта имаше 6 години за реализација и реконструкција на овој патен правец, но ништо не направи. А сега, иако Општина Охрид и СВР Охрид дадоа негативно мислење за затворање на овој патен правец, власта тврдоглаво не отстапува од својата намера, на штета на Охрид и охриѓани.

Сега кога туризмот треба да биде во полн ек и да работи на привлекување на туристи и промоција на Македонија, власта се сети да покаже дека нешто работи. Но, дури и кога сакаат да покажат дека нешто работат, тоа не знаат да го направат исправно.

На крајот, како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кој доаѓаат токму од Охрид, уште еднаш од оваа говорница сакаме јавно да ги повикаме надлежните институции, на чело со Владата и министерството за транспорт, веднаш да ја стопираат и променат одлуката и да овозможат нормален проток на возила барем во текот на летната туристичка сезона, а по завршување на истата, да отпочнат со градежните активности на овој патен правец.

Охрид е туристичка атракција и бисер на Македонија кој не смееме да дозволиме да го изгуби својот сјај поради лошите политики и одлуки на власта, додава Бакраческа.

The post Бакраческа: Хаосот кој што го креира власта на секое поле, зема се поголем замав appeared first on Република.

]]>

Хаосот кој што го креира власта на секое поле, зема се поголем замав. Овој пат, последиците од лошото работење на власта ќе ги трпат охриѓани и Градот Охрид. Имено, Владата, министерството за транспорт и останатите надлежни институции, во очи на летната сезона донесоа скандалозна одлука за затварање на патниот правец Подмоље – Охрид, Грација Бакраческа, пратеничка на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
-Оваа срамна одлука ќе предизвика големи проблеми за локалното население, туристите и другите патници кои ќе транзитираат во овој регион. Дефинитивно, ова ќе има негативен ефект врз туризмот, кој што е еден од главните двигатели на овој регион. Затворање на главната артерија, поточно влезот на Охрид и пренасочување на патот на стариот пат кој нема капацитет да го реализира напливот на сообраќај и возила во сезоната е непромислен потег донесен од надлежните институции, без истите да размислат за последиците, како по безбедноста во сообраќајот, така и за успешноста на летната туристичка сезона на Охрид и охридскиот регион. Власта имаше 6 години за реализација и реконструкција на овој патен правец, но ништо не направи. А сега, иако Општина Охрид и СВР Охрид дадоа негативно мислење за затворање на овој патен правец, власта тврдоглаво не отстапува од својата намера, на штета на Охрид и охриѓани. Сега кога туризмот треба да биде во полн ек и да работи на привлекување на туристи и промоција на Македонија, власта се сети да покаже дека нешто работи. Но, дури и кога сакаат да покажат дека нешто работат, тоа не знаат да го направат исправно. На крајот, како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кој доаѓаат токму од Охрид, уште еднаш од оваа говорница сакаме јавно да ги повикаме надлежните институции, на чело со Владата и министерството за транспорт, веднаш да ја стопираат и променат одлуката и да овозможат нормален проток на возила барем во текот на летната туристичка сезона, а по завршување на истата, да отпочнат со градежните активности на овој патен правец.
Охрид е туристичка атракција и бисер на Македонија кој не смееме да дозволиме да го изгуби својот сјај поради лошите политики и одлуки на власта, додава Бакраческа.

The post Бакраческа: Хаосот кој што го креира власта на секое поле, зема се поголем замав appeared first on Република.

]]>
Бакраческа: Договорите треба да се во согласност со законот а не обратно, власта поднесува измени под превез на европското знаменце со кои го загрозува евроинтегративниот процес на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/bakracheska-dogovorite-treba-da-se-vo-soglasnost-so-zakonot-a-ne-obratno-vlasta-podnesuva-izmeni-pod-prevez-na-evropskoto-znamentse-so-koi-go-zagrozuva-evrointegrativniot-protses-na-makedonija/ Fri, 19 May 2023 14:47:24 +0000 https://republika.mk/?p=642730

Повторна злоупотреба на европското знаменце и ова стана секојдневна пракса. Оваа власт покажа кршење на законите, непочитување на правото и склучува договори спротивни на законската регулатива.  Така да и овој договор со Бехтел и Енка е склучен врз основа на непостоечки законски одредби, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Грација Бакраческа на денешната собраниска седница.

Таа појасни дека договорите треба да се во согласност со законот а не обратно.

- Со предвидените измени во законот, се предвидува да се започне со урбанистички проект, наместо планска документација и ова е недозволиво. Ваквото законско решение за урбанистичко планирање е спротивно на законските и уставните норми. Законите  не смее да се менуваат заради одреден проект, рече Бакраческа.

Додаде и дека комората на овластени архитекти и инженери искажаа став дека процесите за урбанистичко планирање, проектирање, возобновување и изградба не смее да отстапуваат од пропишаните прописи и не смеат да бидат тие заобиколени

- Тие ја искажа загриженоста дека власта носи закони под превезот на европското знаменце, спротивни на европските вредности. Правниците исто така изразија загриженост за степенот на усогласеност на македонското и европското законодавство. Се нанесува штета на евроинтеграцискиот процес на Македонија, изјави Бакраческа.

Потенцираше дека негативностите ќе бидат нотирани во следниот извештај на ЕК бидејќи вакви закони се носат по скратена постапка.

- Со законските измени кои ги предлагаат СДС и ДУИ се овозможува при изградба на коридорите да бидат легализирани и обесштетени дивоградби кои сега ќе бидат изградени. Нелегалните објекти ќе вредат исто колку и законски изградени објекти. Тоа значи дека во наредниот период може да никнат многу дивоградби, рече Бакраческа.

The post Бакраческа: Договорите треба да се во согласност со законот а не обратно, власта поднесува измени под превез на европското знаменце со кои го загрозува евроинтегративниот процес на Македонија appeared first on Република.