Бакнежи на небото Archives - Република https://republika.mk/tema/baknezhi-na-neboto/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 08:19:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бакнежи на небото Archives - Република https://republika.mk/tema/baknezhi-na-neboto/ 32 32 Промоција на книгата за деца „Бакнежи на небото“ https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-za-detsa-baknezhi-na-neboto/ Fri, 22 Nov 2024 08:19:06 +0000 https://republika.mk/?p=840630

Денеска во Лабораториум во Скопје ќе биде промовирана првата зимска книга-сликовница „Бакнежи на небото“ на Иван Антоновски.

Во 18 часот ќе почне промоцијата, а потоа ќе има програма и за дечиња и за возрасни.

„Сѐ убаво што постои на светов, создадено е од љубов“ е мотото на денешната промоција на најновото издание „Бакнежи на небото“ од Иван Антоновски со илустрации на Иванка НиБа. Промотор на сликовницата е проф д-р Весна Мојсова Чепишевска.

Сликовницата „Бакнежи на небото“ почнува со загатка – како се родила зимата со снегот и со неминовниот Снешко, која произлегува од љубопитноста на помалото дете, братчето Јаков. А ќе продолжи со разјаснување од повозрасното, сестричката Илина, која, пак, со оглед на својата возраст, сето тоа го открива преку сознанијата добиени од нивната баба. И сѐ така тече, кротко и неизнасилено, топло и спонтано, со слога и разбирање меѓу двете деца, за да се допре и кревката тајна на братчето Јаков дека ја сака Дарија од неговата група во градинката“, се вели во соопштението од Тимот на Светулка.

Авторот на оваа приказна, Иван Антоновски за себе вели дека кога бил дете, како и сите деца, многу сакал да му раскажуваат приказни и да му откриваат тајни.

Особено во зима, по првиот снег на којшто и тогаш многу му се радував… Годините минуваа, ама детето остана во мене. Иако веќе одамна сум голем за да можам како некогаш да се скријам зад вратата или под масата за да ги „откривам“ тајните на „големите“. Или за дома да ги носам снежните топки за да ѝ ги подарам на симпатијата. И знам дека „тајните“ на „големите“ не се интересни како оние детските. Детето во мене уште одамна посака да раскажам, запишам некоја приказна и да споделам некоја долго чувана тајна, којашто иако можеби е само дојдена од фантазијата, сепак имав/м чувство дека се пренесувала од генерација на генерација, со и за љубов. Но, не се осмелував да го сторам тоа… Сѐ дури не се појави една Илина што ем го распалави, ем го разнежни детето во мене. Му ја врати фантазијата и го потсети на јазикот на детството… За заедно да ја раскажеме приказната што долго чекаше да дојде зимата во која ќе биде откриена тајната. И ете, се случи, со „Бакнежи на небото“… Со многу емоции… И со желба за поубав и похуман свет за оние што остануваат по нас. Ама најмногу – со љубов! И се разбира, со снег…“, вели Иван.

The post Промоција на книгата за деца „Бакнежи на небото“ appeared first on Република.

]]>

Денеска во Лабораториум во Скопје ќе биде промовирана првата зимска книга-сликовница „Бакнежи на небото“ на Иван Антоновски. Во 18 часот ќе почне промоцијата, а потоа ќе има програма и за дечиња и за возрасни. „Сѐ убаво што постои на светов, создадено е од љубов“ е мотото на денешната промоција на најновото издание „Бакнежи на небото“ од Иван Антоновски со илустрации на Иванка НиБа. Промотор на сликовницата е проф д-р Весна Мојсова Чепишевска.