бакар Archives - Република https://republika.mk/tema/bakar/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jan 2024 13:01:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бакар Archives - Република https://republika.mk/tema/bakar/ 32 32 Работници во термоцентрала украле речиси 100 тони бакар https://republika.mk/vesti/balkan/rabotnitsi-vo-termotsentrala-ukrale-rechisi-100-toni-bakar/ Wed, 17 Jan 2024 06:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=733801

Словенија, според пишувањето на Кликс, ја тресе голем скандал откако беше откриено дека вработени во словенечката термоцентрала Шоштањ подолго време краделе бакар од потрошените блокови 1, 2, 3 и 4.

Според неофицијални информации, ископани и продадени се околу 100 тони бакар, пишува словенечки Вечер.

Весникот наведува дека е јасно оти кражбата не можела да биде извршена од поединци, туку од организирана група вработени, бидејќи за пристап до блоковите било потребно одобрение од повеќе претпоставени.

Сфатија дека нешто не е во ред кога сакаа да го испумпаат отпадот од блок 4 и сфатија дека пумпата не работи бидејќи нема повеќе кабел, изјави неименуван сведок за Вечер.

Истрагата на полицијата е во тек, а словенечката полиција засега само потврди дека истражува една од фирмите на подрачјето поради сомнение дека сторила кривично дело голема кражба, за што е предвидена затворска казна до пет години.

The post Работници во термоцентрала украле речиси 100 тони бакар appeared first on Република.

]]>

Словенија, според пишувањето на Кликс, ја тресе голем скандал откако беше откриено дека вработени во словенечката термоцентрала Шоштањ подолго време краделе бакар од потрошените блокови 1, 2, 3 и 4. Според неофицијални информации, ископани и продадени се околу 100 тони бакар, пишува словенечки Вечер. Весникот наведува дека е јасно оти кражбата не можела да биде извршена од поединци, туку од организирана група вработени, бидејќи за пристап до блоковите било потребно одобрение од повеќе претпоставени.
Сфатија дека нешто не е во ред кога сакаа да го испумпаат отпадот од блок 4 и сфатија дека пумпата не работи бидејќи нема повеќе кабел, изјави неименуван сведок за Вечер.
Истрагата на полицијата е во тек, а словенечката полиција засега само потврди дека истражува една од фирмите на подрачјето поради сомнение дека сторила кривично дело голема кражба, за што е предвидена затворска казна до пет години.

The post Работници во термоцентрала украле речиси 100 тони бакар appeared first on Република.

]]>
МВР ги демантира твдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека не презема мерки додека се краде бакар од Дрисла https://republika.mk/vesti/skopje/mvr-gi-demantira-tvdenjata-na-vmro-dpmne-deka-ne-prezema-merki-dodeka-se-krade-bakar-od-drisla/ Sun, 09 Oct 2022 17:37:55 +0000 https://republika.mk/?p=559143

МВР најостро ги демантира лагите изнесени во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за наводна тешка кражба во Дрисла од каде, како што тврдат во соопштението, се изнесува бакар како отпадно железо, притоа прозивајќи го МВР за непреземање соодветни мерки.

МВР ја информира јавноста дека по добиена пријава дека на 09.10.2022 година од депонијата во Дрисла се изнесува голема количина на бакар, од страна на полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево, ЕИК, ЕВР Карпош и ЕИП, веднаш се преземени мерки и активности, при што е извршен разговор со раководни лица и вработени во депонијата и во Комуналното претпријатие на град Скопје. Притоа било констатирано дека во Дрисла нема бакар, а со товарно возило камион од Комуналното претпријатие на град Скопје најпрво во Дрисла биле истоварени шут и смет од Зоолошката градина во Скопје, кои биле исфрлени во депонијата, а на враќање, по извршен ископ на земјиште со багер, во истото возило била натоварена земја наменета за Зоолошка градина и донесена до неа.

Со пласирањето на вакви лажни вести, ВМРО ДПМНЕ продолжува да ги доведува во заблуда граѓаните на Република Македонија, а своите внатрепартиски игри да ги става над точното информирање на јавноста, притоа обидувајќи се да наштети не само на угледот на институцијата, туку и на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите, велат од МВР.

The post МВР ги демантира твдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека не презема мерки додека се краде бакар од Дрисла appeared first on Република.

]]>

МВР најостро ги демантира лагите изнесени во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за наводна тешка кражба во Дрисла од каде, како што тврдат во соопштението, се изнесува бакар како отпадно железо, притоа прозивајќи го МВР за непреземање соодветни мерки. МВР ја информира јавноста дека по добиена пријава дека на 09.10.2022 година од депонијата во Дрисла се изнесува голема количина на бакар, од страна на полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево, ЕИК, ЕВР Карпош и ЕИП, веднаш се преземени мерки и активности, при што е извршен разговор со раководни лица и вработени во депонијата и во Комуналното претпријатие на град Скопје. Притоа било констатирано дека во Дрисла нема бакар, а со товарно возило камион од Комуналното претпријатие на град Скопје најпрво во Дрисла биле истоварени шут и смет од Зоолошката градина во Скопје, кои биле исфрлени во депонијата, а на враќање, по извршен ископ на земјиште со багер, во истото возило била натоварена земја наменета за Зоолошка градина и донесена до неа.
Со пласирањето на вакви лажни вести, ВМРО ДПМНЕ продолжува да ги доведува во заблуда граѓаните на Република Македонија, а своите внатрепартиски игри да ги става над точното информирање на јавноста, притоа обидувајќи се да наштети не само на угледот на институцијата, туку и на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите, велат од МВР.

The post МВР ги демантира твдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека не презема мерки додека се краде бакар од Дрисла appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Во овој момент се краде бакар од Дрисла, молчи крими коалицијата Данела – СДС https://republika.mk/vesti/skopje/vmro-dpmne-vo-ovoj-moment-se-krade-bakar-od-drisla-molchi-krimi-koalicijata-danela-sds/ Sun, 09 Oct 2022 10:58:32 +0000 https://republika.mk/?p=559024

Во овој момент се врши тешка кражба во Дрисла каде се изнесува бакар како отпадно железо, МВР на Спасовски молчи, власта се богати, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во овој момент според нашите основани сомневања и информации во Јавното претпријатие Дрисла се врши тешка кражба на бакар кој се изнесува под ставката отпадно железо.

МВР на Спасовски молчи и премолчено одобрува изнесување на материјал вреден десетици илјади евра.

Власта се богати, додека Данела Арсовска, која е миленичето на СДС, менаџира случај каде има основано сомневање за криминал тежок до стотина илјади евра.

Ваков криминал не е можен без поддршка и знаење на централната власт. Вака се обезвреднуваат јавните претпријатија од страна на новата крими - коалиција Арсовска - СДС.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Во овој момент се краде бакар од Дрисла, молчи крими коалицијата Данела – СДС appeared first on Република.

]]>

Во овој момент се врши тешка кражба во Дрисла каде се изнесува бакар како отпадно железо, МВР на Спасовски молчи, власта се богати, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Во овој момент според нашите основани сомневања и информации во Јавното претпријатие Дрисла се врши тешка кражба на бакар кој се изнесува под ставката отпадно железо. МВР на Спасовски молчи и премолчено одобрува изнесување на материјал вреден десетици илјади евра. Власта се богати, додека Данела Арсовска, која е миленичето на СДС, менаџира случај каде има основано сомневање за криминал тежок до стотина илјади евра. Ваков криминал не е можен без поддршка и знаење на централната власт. Вака се обезвреднуваат јавните претпријатија од страна на новата крими - коалиција Арсовска - СДС.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Во овој момент се краде бакар од Дрисла, молчи крими коалицијата Данела – СДС appeared first on Република.

]]>