Бајрам Бегај Archives - Република https://republika.mk/tema/bajram-begaj/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jul 2024 20:21:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бајрам Бегај Archives - Република https://republika.mk/tema/bajram-begaj/ 32 32 Албанскиот претседател и премиер и го честитаа реизборот на Урсула фон дер Лајен https://republika.mk/vesti/balkan/albanskiot-pretsedatel-i-premier-i-go-chestitaa-reizborot-na-ursula-fon-der-lajen/ Thu, 18 Jul 2024 20:37:21 +0000 https://republika.mk/?p=798239

Албанскиот премиер Еди Рама и честиташе на Урсула фон дер Лајен по реизборот за претседателка на Европската комисија наведувајќи дека „со нетрпение очекува да ја продолжат работата за влез на Албанија во ЕУ“.

Тој додаде дека гласањето во Европскиот парламент за реизбор на Лејен е моќна порака што го означува почетокот на новото поглавје во управувањето со ЕУ.

- Албанија го дочека реизборот со обновена надеж и целосна доверба во раководството на Урсула. Ја цениме нејзината јасна позиција за Западен Балкан во говорот одржан денеска во Европскиот парламент. Со нетрпение очекувам да продолжам да работам со претседателката на Комисијата за да ја внесеме Албанија во ЕУ и дополнително да ја интегрираме ЕУ со Западен Балкан, напиша Рама.

Честитка до Лајен упати и претседателот Бајрам Бегај, порачувајќи да „работиме кон финализирање на членството во ЕУ“.

Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме блиската соработка на Албанија со ЕУ, додека работиме на финализирање на нашето членство, напиша Бегај.

The post Албанскиот претседател и премиер и го честитаа реизборот на Урсула фон дер Лајен appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама и честиташе на Урсула фон дер Лајен по реизборот за претседателка на Европската комисија наведувајќи дека „со нетрпение очекува да ја продолжат работата за влез на Албанија во ЕУ“. Тој додаде дека гласањето во Европскиот парламент за реизбор на Лејен е моќна порака што го означува почетокот на новото поглавје во управувањето со ЕУ. - Албанија го дочека реизборот со обновена надеж и целосна доверба во раководството на Урсула. Ја цениме нејзината јасна позиција за Западен Балкан во говорот одржан денеска во Европскиот парламент. Со нетрпение очекувам да продолжам да работам со претседателката на Комисијата за да ја внесеме Албанија во ЕУ и дополнително да ја интегрираме ЕУ со Западен Балкан, напиша Рама. Честитка до Лајен упати и претседателот Бајрам Бегај, порачувајќи да „работиме кон финализирање на членството во ЕУ“. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме блиската соработка на Албанија со ЕУ, додека работиме на финализирање на нашето членство, напиша Бегај.

The post Албанскиот претседател и премиер и го честитаа реизборот на Урсула фон дер Лајен appeared first on Република.

]]>
Бегај ѝ честиташе на Силјановска Давкова: Убеден сум дека заедно ќе продолжиме да ги зајакнуваме односите меѓу нашите земји https://republika.mk/vesti/makedonija/begaj-chestitashe-na-siljanovska-davkova-ubeden-sum-deka-zaedno-ke-prodolzhime-da-gi-zajaknuvame-odnosite-megu-nashite-zemji/ Thu, 09 May 2024 19:37:08 +0000 https://republika.mk/?p=776532

Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај ѝ го честиташе изборот на Гордана Силјановска-Давкова за претседател на Република Македонија, која е прва жена на чело на државата, јави Ора њуз.

Во објава на својот профил на платформата Х изразува верба во натамошното зајакнување на односите меѓу двете земји.

- Честитки, Гордана Силјановска-Давкова, првата жена избрана  за претседател на Република Македонија. Убеден сум дека заедно дополнително ќе ги зајакнеме традиционално многу добрите односи меѓу нашите пријателски земји, како земји членки во НАТО и идни членки во ЕУ, за што Албанците во РСМ остануваат целосно ангажирани, напиша Бегај во објавата на Платформата Х.

The post Бегај ѝ честиташе на Силјановска Давкова: Убеден сум дека заедно ќе продолжиме да ги зајакнуваме односите меѓу нашите земји appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај ѝ го честиташе изборот на Гордана Силјановска-Давкова за претседател на Република Македонија, која е прва жена на чело на државата, јави Ора њуз. Во објава на својот профил на платформата Х изразува верба во натамошното зајакнување на односите меѓу двете земји.
- Честитки, Гордана Силјановска-Давкова, првата жена избрана  за претседател на Република Македонија. Убеден сум дека заедно дополнително ќе ги зајакнеме традиционално многу добрите односи меѓу нашите пријателски земји, како земји членки во НАТО и идни членки во ЕУ, за што Албанците во РСМ остануваат целосно ангажирани, напиша Бегај во објавата на Платформата Х.

The post Бегај ѝ честиташе на Силјановска Давкова: Убеден сум дека заедно ќе продолжиме да ги зајакнуваме односите меѓу нашите земји appeared first on Република.

]]>
Бегај: Приштина да ги следи сугестиите на САД за дијалогот со Србија, не ни треба самоизолација https://republika.mk/vesti/balkan/begaj-prishtina-da-gi-sledi-sugestiite-na-sad-za-dijalogot-so-srbija-ne-ni-treba-samoizolatsija/ Sat, 23 Sep 2023 11:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=684359

Албанскиот претседател Бајрам Бегај ги повика властите во Косово да ги следат препораките дадени од САД за процесот на дијалог со Србија.

-Не ни треба самоизолација, ни требаат пријатели и поддршка, изјавил Бегај во интервју за Гласот на Америка, додавајќи дека Албанија го поддржува дијалогот со посредство на Европската унија и поддржан од САД.

Нагласил дека на секоја средба што ја имал како шеф на држава, со секој меѓународен партнер, во секоја меѓународна организација, ја изразил потребата од поддршка за Косово, не само како морална поддршка, туку и во поглед на нови признавања.

-Всушност, поддршката на Косово е неопходност, неопходност не само за Косово, туку и за целиот регион, поради фактот што албанскиот фактор е важен фактор за мир, безбедност, благосостојба и одржлив развој. Албанскиот фактор во својата ДНК го има европскиот дух и евроатлантското патување, посочил Бегај.

Се задржал и на прашањето за апсењето на реизбраниот градоначалник на општина Химара, Фреди Белери, што доведе до влошување на односите меѓу Тирана и Атина.

-Треба да се чека одлуката на правосудните институции, во чија независност верувам целосно. Кога ќе проговори правдата, тогаш можеме да дејствуваме, рекол претседателот Бегај, јави албанската државна агенција, АТА.

The post Бегај: Приштина да ги следи сугестиите на САД за дијалогот со Србија, не ни треба самоизолација appeared first on Република.

Унгарската претседателка Новак в четврток во посета на Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/ungarskata-pretsedatelka-novak-v-chetvrtok-vo-poseta-na-albanija/ Tue, 30 May 2023 09:38:27 +0000 https://republika.mk/?p=646076

На покана на претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, в четврток во дводневна официјална посета на Албанија ќе допатува унгарската претседателка Каталин Новак.

- Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на политичките и економските односи меѓу двете земји, соработката со Унгарија во функција на интегративниот процес на Албанија и другите земји од Западен Балкан, случувањата во регионот на Западен Балкан, како и новите геополитички случувања погодени од руската воена агресија во Украина, соопштија од кабинетот на Бегај.

Претседателката Новак ќе биде примена со сите државнички почести,  по што ќе следи средба  меѓу двајцата претседатели, средба на двете официјални делегации, како и заедничка прес-конференција.

The post Унгарската претседателка Новак в четврток во посета на Албанија appeared first on Република.

Бегај го осуди нападот со огнено оружје врз новинарите на „Фикс Фаре“ https://republika.mk/vesti/balkan/begaj-go-osudi-napadot-so-ogneno-oruzhje-vrz-novinarite-na-fiks-fare/ Fri, 10 Feb 2023 11:57:02 +0000 https://republika.mk/?p=607349

Албанскиот претседател Бајрам Бегај реагираше на инцидентот во кој беше употребено огнено оружје против новинарски дрон и ги охрабри органите на прогонот, со висока одговорност да го следат овој флагрантен случај на нарушување на слободата на говорот, јави државната агенција АТА.

Репортерите од емисијата „Фикс Фаре“ на „Топ чанел“ вчера документираа нелегално ископување на реката Жеза во општина Круја (Северна Албанија), кога се пукало во дронот што го користеле за снимање.

-Со жалење дознав за заканата со оружје, попречувањето и насилството врз снимателската екипа на програмата „Фикс Фаре“ додека биле на должност во селото Никол, општина Круја. Го изразувам мојот гнев за овој тежок чин на насилство врз медиумските работници и го поддржувам шоуто „Фикс Фаре“ за мисијата, храброста и професионалноста што ја покажаа во јавното разоткривање на случаите на корупција и појавите што предизвикуваат загриженост во албанското општество, наведува Бегај во соопштението за јавноста.

Шефот на државата истакнува дека загрозувањето на животот на новинарите при извршувањето на нивните работни задачи не треба да се толерира во едно демократско општество.

Албанската телевизија „Топ чанел“ објави прилог и објави фотографии на кои се гледа како тројца вооружени мажи им се закануваат на новинарите и ги повикуваат да си заминат бидејќи „реката е нивна сопственост“. Исто така снимен е и уште еден вооружен и маскиран маж како ја крши камерата со која се снима нелегалното ископување на реката, им се заканува на новинарите и ги задржува 30 минути, по што тие успеале да избегаат.

Нападот врз екипата го осуди и опозициската Партија на слободата на Илир Мета, како и Агенцијата за аудиовизуелни медиуми.

The post Бегај го осуди нападот со огнено оружје врз новинарите на „Фикс Фаре“ appeared first on Република.

]]>

Албанскиот претседател Бајрам Бегај реагираше на инцидентот во кој беше употребено огнено оружје против новинарски дрон и ги охрабри органите на прогонот, со висока одговорност да го следат овој флагрантен случај на нарушување на слободата на говорот, јави државната агенција АТА. Репортерите од емисијата „Фикс Фаре“ на „Топ чанел“ вчера документираа нелегално ископување на реката Жеза во општина Круја (Северна Албанија), кога се пукало во дронот што го користеле за снимање. -Со жалење дознав за заканата со оружје, попречувањето и насилството врз снимателската екипа на програмата „Фикс Фаре“ додека биле на должност во селото Никол, општина Круја. Го изразувам мојот гнев за овој тежок чин на насилство врз медиумските работници и го поддржувам шоуто „Фикс Фаре“ за мисијата, храброста и професионалноста што ја покажаа во јавното разоткривање на случаите на корупција и појавите што предизвикуваат загриженост во албанското општество, наведува Бегај во соопштението за јавноста. Шефот на државата истакнува дека загрозувањето на животот на новинарите при извршувањето на нивните работни задачи не треба да се толерира во едно демократско општество. Албанската телевизија „Топ чанел“ објави прилог и објави фотографии на кои се гледа како тројца вооружени мажи им се закануваат на новинарите и ги повикуваат да си заминат бидејќи „реката е нивна сопственост“. Исто така снимен е и уште еден вооружен и маскиран маж како ја крши камерата со која се снима нелегалното ископување на реката, им се заканува на новинарите и ги задржува 30 минути, по што тие успеале да избегаат. Нападот врз екипата го осуди и опозициската Партија на слободата на Илир Мета, како и Агенцијата за аудиовизуелни медиуми.

The post Бегај го осуди нападот со огнено оружје врз новинарите на „Фикс Фаре“ appeared first on Република.

]]>
Во Тирана се сретнаа Ахмети и албанскиот претседател Бајрам Бегај https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-tirana-se-sretnaa-ahmeti-i-albanskiot-pretsedatel-bajram-begaj/ Wed, 11 Jan 2023 18:43:16 +0000 https://republika.mk/?p=595914

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, придружуван од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети и шефот на пратеничката група и потпретседател на ДУИ Арбр Адеми денеска во Тирана остварија средба со претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај.

Билатералните односи се оценети како традиционално добри кои придонесуваат за продлабочување на соработката, нагласувајќи го фактот дека меѓу двете земји нема отворени спорови, па оттука и императивот соработката да продолжи на сите полиња, стои во соопштението од ДУИ.

На средбата, како што се наведува, била истакната досегашната висока соработка, поддршката и посветеноста во процесот на евроинтеграциите, како земји кои чекорат по истиот пат. Се разговарало за состојбата на северот на Косово и непосредната потреба од, како што се наведува, постигнување мировен договор со заемно признавање меѓу двете земји со цел стабилност на Балканот.

Ахмети го информирал претседателот Бегај за ратификацијата на Договорот меѓу двете влади за воспоставување заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични проверки „Едношалтерски систем“, нагласувајќи дека овој проект мора брзо да почне со реализација за забрзување и поедноставување на движење на луѓето и стоките.

На средбата се разговараше и за важни проекти како што е Коридорот 8, кој е опишан како патен и железнички јазол кој започнува од пристаништата во Бугарија, поминува низ Македонија и Република Албанија и завршува во Бриндизи, Италија. Ахмети и Бегај истовремено го поздравија вклучувањето на овој проект во главната европска TEN-T мрежа, бидејќи отвора нови можности за финансирање на нови железници, пристаништа и патишта, се вели во соопштението.

Од ДУИ посочуваат дека се дискутирало за проектите меѓу двете земји, за пристаништето Драч и сувото пристаниште во Струга, што е дел од Договорот за соработка меѓу двете влади за развој на инфраструктурни проекти, логистичка безбедност и ефикасност на транспортот на стоки. Додаваат дека тоа е инвестиција, која претставува иновативна и модерна димензија и ги надминува димензиите на национален проект за развој на Западен Балкан.

The post Во Тирана се сретнаа Ахмети и албанскиот претседател Бајрам Бегај appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, придружуван од првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети и шефот на пратеничката група и потпретседател на ДУИ Арбр Адеми денеска во Тирана остварија средба со претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај.
Билатералните односи се оценети како традиционално добри кои придонесуваат за продлабочување на соработката, нагласувајќи го фактот дека меѓу двете земји нема отворени спорови, па оттука и императивот соработката да продолжи на сите полиња, стои во соопштението од ДУИ.
На средбата, како што се наведува, била истакната досегашната висока соработка, поддршката и посветеноста во процесот на евроинтеграциите, како земји кои чекорат по истиот пат. Се разговарало за состојбата на северот на Косово и непосредната потреба од, како што се наведува, постигнување мировен договор со заемно признавање меѓу двете земји со цел стабилност на Балканот. Ахмети го информирал претседателот Бегај за ратификацијата на Договорот меѓу двете влади за воспоставување заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични проверки „Едношалтерски систем“, нагласувајќи дека овој проект мора брзо да почне со реализација за забрзување и поедноставување на движење на луѓето и стоките.
На средбата се разговараше и за важни проекти како што е Коридорот 8, кој е опишан како патен и железнички јазол кој започнува од пристаништата во Бугарија, поминува низ Македонија и Република Албанија и завршува во Бриндизи, Италија. Ахмети и Бегај истовремено го поздравија вклучувањето на овој проект во главната европска TEN-T мрежа, бидејќи отвора нови можности за финансирање на нови железници, пристаништа и патишта, се вели во соопштението.
Од ДУИ посочуваат дека се дискутирало за проектите меѓу двете земји, за пристаништето Драч и сувото пристаниште во Струга, што е дел од Договорот за соработка меѓу двете влади за развој на инфраструктурни проекти, логистичка безбедност и ефикасност на транспортот на стоки. Додаваат дека тоа е инвестиција, која претставува иновативна и модерна димензија и ги надминува димензиите на национален проект за развој на Западен Балкан.

The post Во Тирана се сретнаа Ахмети и албанскиот претседател Бајрам Бегај appeared first on Република.

]]>
Албанскиот претседател Бајрам Бегај апелира до косовските лидери да ја задржат смиреноста и да го продолжат дијалогот https://republika.mk/vesti/balkan/albanskiot-pretsedatel-bajram-begaj-apelira-do-kosovskite-lideri-da-ja-zadrzat-smirenosta-i-da-go-prodolzat-dijalogot/ Wed, 09 Nov 2022 11:52:44 +0000 https://republika.mk/?p=571861

Албанскиот претседател Бајрам Бегај апелираше до косовските власти и лидери да ја задржат смиреноста и да го продолжат дијалогот.

Мојата порака до косовските лидери е да ја задржат смиреноста, да го продолжат дијалогот, бидејќи само преку дијалог може да се постигне решение на проблемите, порачува Бегај.

Исто така оценува дека севкупната глобална безбедносна ситуација е под закана.

Како што знаете, рускиот неиспровоциран и неоправдан напад на Украина ја дезориентираше целата безбедносна ситуација во регионот на Западен Балкан, што ценам дека е мирна, но многу кревка ситуација и во секое време може да има тензии, нагласува Бегај.

Додава дека како Албанци, како народ, треба да ја одржат смиреноста.

Ние како Албанци, како народ, мораме да ја задржиме смиреноста, не смееме да станеме плен на провокации, да гарантираме дека сме граѓански луѓе, не сакаме војна, но сакаме мир и мора да придонесеме што е можно повеќе за решавање на проблемите само преку дијалог, порача Бегај.

Претходно во телефонски разговор со неговата косовска колешка Вјоса Османи изразил загриженост околу тензичната ситуација во северниот дел на Косово.

Во исто време го ” охрабрил продолжувањето на дијалогот меѓу страните, имајќи го предвид зачувувањето на мирот и стабилноста, како и територијалниот интегритет на Косово гарантиран од НАТО“.

The post Албанскиот претседател Бајрам Бегај апелира до косовските лидери да ја задржат смиреноста и да го продолжат дијалогот appeared first on Република.

]]>

Албанскиот претседател Бајрам Бегај апелираше до косовските власти и лидери да ја задржат смиреноста и да го продолжат дијалогот.
Мојата порака до косовските лидери е да ја задржат смиреноста, да го продолжат дијалогот, бидејќи само преку дијалог може да се постигне решение на проблемите, порачува Бегај.
Исто така оценува дека севкупната глобална безбедносна ситуација е под закана.
Како што знаете, рускиот неиспровоциран и неоправдан напад на Украина ја дезориентираше целата безбедносна ситуација во регионот на Западен Балкан, што ценам дека е мирна, но многу кревка ситуација и во секое време може да има тензии, нагласува Бегај.
Додава дека како Албанци, како народ, треба да ја одржат смиреноста.
Ние како Албанци, како народ, мораме да ја задржиме смиреноста, не смееме да станеме плен на провокации, да гарантираме дека сме граѓански луѓе, не сакаме војна, но сакаме мир и мора да придонесеме што е можно повеќе за решавање на проблемите само преку дијалог, порача Бегај.
Претходно во телефонски разговор со неговата косовска колешка Вјоса Османи изразил загриженост околу тензичната ситуација во северниот дел на Косово. Во исто време го ” охрабрил продолжувањето на дијалогот меѓу страните, имајќи го предвид зачувувањето на мирот и стабилноста, како и територијалниот интегритет на Косово гарантиран од НАТО“.

The post Албанскиот претседател Бајрам Бегај апелира до косовските лидери да ја задржат смиреноста и да го продолжат дијалогот appeared first on Република.

]]>
Средба на претседателот Пендаровски со албанскиот претседател Бегај https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pretsedatelot-pendarovski-so-albanskiot-pretsedatel-begaj/ Tue, 13 Sep 2022 06:39:35 +0000 https://republika.mk/?p=550198

Во рамки на учеството на Процесот Брдо-Бриони, претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

Претседателот Пендаровски му честита на Бегај за изборот на претседателската функција, му посака успешен мандат и изрази очекување дека во периодот што следи двете земји ќе продолжат да ги унапредуваат добрососедските односи.

Двајцата претседатели разменија мислења за актуелните случувања во двете земји по официјалниот почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, за текот и можните предизвици во преговарачкиот процес. Во таа насока, соговорниците изразија подготвеност за интензивирање на соработката и размена на меѓусебни искуства во процесот на трансформација на двете општества и доследно спроведување на европските реформи во сите витални области.

The post Средба на претседателот Пендаровски со албанскиот претседател Бегај appeared first on Република.

]]>

Во рамки на учеството на Процесот Брдо-Бриони, претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. Претседателот Пендаровски му честита на Бегај за изборот на претседателската функција, му посака успешен мандат и изрази очекување дека во периодот што следи двете земји ќе продолжат да ги унапредуваат добрососедските односи. Двајцата претседатели разменија мислења за актуелните случувања во двете земји по официјалниот почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ, за текот и можните предизвици во преговарачкиот процес. Во таа насока, соговорниците изразија подготвеност за интензивирање на соработката и размена на меѓусебни искуства во процесот на трансформација на двете општества и доследно спроведување на европските реформи во сите витални области.

The post Средба на претседателот Пендаровски со албанскиот претседател Бегај appeared first on Република.

]]>
Бајрам Бегај положи заклетва и ја презеде функцијата претседател на Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/bajram-begaj-polozi-zakletva-i-ja-prezede-funkcijata-pretsedatel-na-albanija/ Sun, 24 Jul 2022 20:37:05 +0000 https://republika.mk/?p=532780

Со давањето свечена заклетва, Бајрам Бегај и официјално ја презеде функцијата претседател на Албанија, на која ќе остане во наредните пет години.

По интонирањето на химната, претседателката на Парламентот ја прочита заклетвата, по што Бегај во поздравниот збор пред пратениците во законодавниот дом, им вети на граѓаните дека ќе биде во нивна и во служба на татковината, почитувајќи ги уставните надлежности.

Денеска се заколнав дека ќе му служам на Уставот, на националниот интерес и на напредокот на албанскиот народ и ќе ја исполнувам мојата должност според принципите и нормите на Уставот. Јас ќе ја извршувам оваа мисија натпартиски, но нема да останам неутрален кон никој што и противречи на оваа заклетва, кон секој што ги става политичките интереси пред интересот на нашата нација. Секогаш ќе поддржувам, ќе се трудам и ќе инсистирам на соработка меѓу сите политички сили, во изнаоѓање заеднички јазик, во изнаоѓање начини, дури и заеднички патишта, бидејќи на крајот ние сме слуги на граѓаните и конфликтот никогаш не е слуга на доброто, порача Бегај.

Во својот говор тој ја даде првата порака до власта и опозицијата.

Оваа одговорност доаѓа во историски момент за државата. Албанија влезе во неповратен европски пат. Европска Албанија, денес ветување, а утре реалност, е круна на најубавиот сон на албанскиот народ. Тоа е тестамент од историјата и благослов за иднината, јас ја знам, ја поддржувам и почитувам работата на владата, но трудот и желбата не оправдуваат никаков неуспех. Би сакал опозицијата да не гледа конфликт пред соработка. Периодот во кој живееме е еден од најнепредвидливите, рече Бегај.

Потоа тој се упати во претседателката резиденција каде го пречека досегашниот претседател Илир Мета, со кого се прегрнаа, правејќи симбол на орел со рацете.

Бегај му заблагодари на Мета за соработката, и повторно вети дека ќе биде во служба на Уставот и народот, по што претседателката на Уставниот суд, Виторе Туша му го предаде Уставот.

На свеченоста присуствуваше и дипломатскиот кор и други високи личности.

Бегај (55) беше избран за претседател на 4 минатиот месец, со 78 гласови „за“. До тогаш тој ја вршеше функцијата началник на Генералштабот на вооружените сили, со чин генерал. Тој е осмиот претседател на Албанија, по падот на комунизмот.

Но Албанија вечерва не само што доби нов шеф на државата, со доаѓањето на Бегај во претседателската резиденција земјата има и „прва дама“, титула која и недостигаше на Албанија во изминатите пет години.

Арманда Бегај (54) ќе биде „прва дама“ на Албанија. Таа е вработена во Високата државна ревизија. Не ѝ е позната на јавноста, но била дел од активностите кога на нејзиниот сопруг му биле доделувани високи чинови во армијата.

Кога Илир Мета, положи заклетва како претседател, на 24 јули 2017 година, неговата сопруга Моника Круемади ја одби почесната титула „прва дама“ продолжувајќи ја политичката кариера, како лидер на Движењето за социјалистичка интеграција и ѝ го препушти местото на повозрасната ќерка Бора. в

The post Бајрам Бегај положи заклетва и ја презеде функцијата претседател на Албанија appeared first on Република.

]]>

Со давањето свечена заклетва, Бајрам Бегај и официјално ја презеде функцијата претседател на Албанија, на која ќе остане во наредните пет години. По интонирањето на химната, претседателката на Парламентот ја прочита заклетвата, по што Бегај во поздравниот збор пред пратениците во законодавниот дом, им вети на граѓаните дека ќе биде во нивна и во служба на татковината, почитувајќи ги уставните надлежности.
Денеска се заколнав дека ќе му служам на Уставот, на националниот интерес и на напредокот на албанскиот народ и ќе ја исполнувам мојата должност според принципите и нормите на Уставот. Јас ќе ја извршувам оваа мисија натпартиски, но нема да останам неутрален кон никој што и противречи на оваа заклетва, кон секој што ги става политичките интереси пред интересот на нашата нација. Секогаш ќе поддржувам, ќе се трудам и ќе инсистирам на соработка меѓу сите политички сили, во изнаоѓање заеднички јазик, во изнаоѓање начини, дури и заеднички патишта, бидејќи на крајот ние сме слуги на граѓаните и конфликтот никогаш не е слуга на доброто, порача Бегај.
Во својот говор тој ја даде првата порака до власта и опозицијата.
Оваа одговорност доаѓа во историски момент за државата. Албанија влезе во неповратен европски пат. Европска Албанија, денес ветување, а утре реалност, е круна на најубавиот сон на албанскиот народ. Тоа е тестамент од историјата и благослов за иднината, јас ја знам, ја поддржувам и почитувам работата на владата, но трудот и желбата не оправдуваат никаков неуспех. Би сакал опозицијата да не гледа конфликт пред соработка. Периодот во кој живееме е еден од најнепредвидливите, рече Бегај.
Потоа тој се упати во претседателката резиденција каде го пречека досегашниот претседател Илир Мета, со кого се прегрнаа, правејќи симбол на орел со рацете. Бегај му заблагодари на Мета за соработката, и повторно вети дека ќе биде во служба на Уставот и народот, по што претседателката на Уставниот суд, Виторе Туша му го предаде Уставот. На свеченоста присуствуваше и дипломатскиот кор и други високи личности. Бегај (55) беше избран за претседател на 4 минатиот месец, со 78 гласови „за“. До тогаш тој ја вршеше функцијата началник на Генералштабот на вооружените сили, со чин генерал. Тој е осмиот претседател на Албанија, по падот на комунизмот. Но Албанија вечерва не само што доби нов шеф на државата, со доаѓањето на Бегај во претседателската резиденција земјата има и „прва дама“, титула која и недостигаше на Албанија во изминатите пет години. Арманда Бегај (54) ќе биде „прва дама“ на Албанија. Таа е вработена во Високата државна ревизија. Не ѝ е позната на јавноста, но била дел од активностите кога на нејзиниот сопруг му биле доделувани високи чинови во армијата. Кога Илир Мета, положи заклетва како претседател, на 24 јули 2017 година, неговата сопруга Моника Круемади ја одби почесната титула „прва дама“ продолжувајќи ја политичката кариера, како лидер на Движењето за социјалистичка интеграција и ѝ го препушти местото на повозрасната ќерка Бора. в

The post Бајрам Бегај положи заклетва и ја презеде функцијата претседател на Албанија appeared first on Република.

]]>
Генералот Бајрам Бегај нов претседател на Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/generalot-bajram-begaj-nov-pretsedatel-na-albanija/ Sat, 04 Jun 2022 19:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=511249

Албанскиот парламент доцна попладнево за нов претседател на државата го избра генерал Бајрам Бегај, досегашен началник на Генералштабот на вооружените сили.

За неговиот избор гласаа 78 пратеници, а покрај владејачките социјалисти поддршка му дадоа и опозициски пратеници. На пленарната седница пристигнаа дел од пратениците на Демократската партија приврзаници на Енкелејд Алибеај, но веднаш ја напуштија, додека оние на Сали Бериша беа во собраниската сала.

Претходно, како што налага Уставот за предлог-кандидатурата се потпишаа 37 пратеници (потребни се 20) меѓу нив и Еди Рама.

Претседателот на Албанија, Илир Мета претходно го отповика Бегај од функцијата началник на ГШ на албанската армија, со што го отвори патот за негов избор.

Бегај за началник на ГШ на вооружените сили на Албанија беше назначен 2020 година. Пред тоа беше Командант на неколку армиски сектори. Роден е на 20 март 1967 година во Рогожина. Дипломирал на медицинскиот факултет, посетувал многу обуки во земјата, САД и во Грција. Оженет е с0 Арманда Бегај и е татко да две деца.

Генерал Бегај (55) е осмиот претседател на Албанија, по падот на комунизмот, а втор висок армиски старешина на оваа функција, по Алфред Моисиу( 2002-2007) кој исто така по чин беше генерал.

The post Генералот Бајрам Бегај нов претседател на Албанија appeared first on Република.

]]>

Албанскиот парламент доцна попладнево за нов претседател на државата го избра генерал Бајрам Бегај, досегашен началник на Генералштабот на вооружените сили. За неговиот избор гласаа 78 пратеници, а покрај владејачките социјалисти поддршка му дадоа и опозициски пратеници. На пленарната седница пристигнаа дел од пратениците на Демократската партија приврзаници на Енкелејд Алибеај, но веднаш ја напуштија, додека оние на Сали Бериша беа во собраниската сала. Претходно, како што налага Уставот за предлог-кандидатурата се потпишаа 37 пратеници (потребни се 20) меѓу нив и Еди Рама. Претседателот на Албанија, Илир Мета претходно го отповика Бегај од функцијата началник на ГШ на албанската армија, со што го отвори патот за негов избор. Бегај за началник на ГШ на вооружените сили на Албанија беше назначен 2020 година. Пред тоа беше Командант на неколку армиски сектори. Роден е на 20 март 1967 година во Рогожина. Дипломирал на медицинскиот факултет, посетувал многу обуки во земјата, САД и во Грција. Оженет е с0 Арманда Бегај и е татко да две деца. Генерал Бегај (55) е осмиот претседател на Албанија, по падот на комунизмот, а втор висок армиски старешина на оваа функција, по Алфред Моисиу( 2002-2007) кој исто така по чин беше генерал.

The post Генералот Бајрам Бегај нов претседател на Албанија appeared first on Република.

]]>
Еди Рама се сретна со генералот кој ќе биде нов претседател на Албанија https://republika.mk/vesti/balkan/edi-rama-se-sretna-so-generalot-koj-kje-bide-nov-pretsedatel-na-albanija/ Sat, 04 Jun 2022 07:04:01 +0000 https://republika.mk/?p=510905

Албанскиот премиер Еди Рама во неговиот кабинет го прими кандидатот за претседател на државата, Бајрам Бегај, што е предлог на неговата Социјалистичка партија.

Имавме многу долга дискусија во Претседателството на Социјалистичката партија, со многу кандидатури и на крај се договоривме дека вие сте вистинската личност за нормализирање на институцијата претседател. Ви благодариме што не не одбивте, а вашата согласност ќе ни биде чест да ви го дадеме гласот и официјално да бидете избрани за претседател - изјавил Рама на средбата на која официјално му ја соопштил веста за кандидатурата.

Генерал Бегај ветил дека ќе се обиде да биде вистинскиот човек кој достоинствено ќе ја претставува функцијата, зашто и професијата од којашто доаѓа бара дисциплина и посветеност.

Благодарам премиере, голема е честа да се биде претседател. Ќе бидам на висина на задачата. Би бил среќен доколку во Парламентот ја добијам поддршката да бидам нов шеф на државата, должност која достоинствено ќе ја извршувам - рекол Бегај.

Гласањето ќе биде само формално зашто социјалистите го имаат потребниот број гласови.

Генерал Бегај ќе бие осмиот претседател на Албанија, по падот на комунизмот, а втор висок армиски старешина на оваа функција, по Алфред Мојсиу( 2002-2007), кој исто така по чин беше генерал.

The post Еди Рама се сретна со генералот кој ќе биде нов претседател на Албанија appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама во неговиот кабинет го прими кандидатот за претседател на државата, Бајрам Бегај, што е предлог на неговата Социјалистичка партија.
Имавме многу долга дискусија во Претседателството на Социјалистичката партија, со многу кандидатури и на крај се договоривме дека вие сте вистинската личност за нормализирање на институцијата претседател. Ви благодариме што не не одбивте, а вашата согласност ќе ни биде чест да ви го дадеме гласот и официјално да бидете избрани за претседател - изјавил Рама на средбата на која официјално му ја соопштил веста за кандидатурата.
Генерал Бегај ветил дека ќе се обиде да биде вистинскиот човек кој достоинствено ќе ја претставува функцијата, зашто и професијата од којашто доаѓа бара дисциплина и посветеност.
Благодарам премиере, голема е честа да се биде претседател. Ќе бидам на висина на задачата. Би бил среќен доколку во Парламентот ја добијам поддршката да бидам нов шеф на државата, должност која достоинствено ќе ја извршувам - рекол Бегај.
Гласањето ќе биде само формално зашто социјалистите го имаат потребниот број гласови. Генерал Бегај ќе бие осмиот претседател на Албанија, по падот на комунизмот, а втор висок армиски старешина на оваа функција, по Алфред Мојсиу( 2002-2007), кој исто така по чин беше генерал.

The post Еди Рама се сретна со генералот кој ќе биде нов претседател на Албанија appeared first on Република.

]]>