Бајден Archives - Република https://republika.mk/tema/bajden/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 20:06:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бајден Archives - Република https://republika.mk/tema/bajden/ 32 32 Бајден ги повика жителите на Флорида да се евакуираат https://republika.mk/vesti/svet/bajden-gi-povika-zhitelite-na-florida-da-se-evakuiraat/ Wed, 09 Oct 2024 20:06:08 +0000 https://republika.mk/?p=824901

Претседателот на САД Џо Бајден се обрати денеска до жителите на крајбрежните области на Флорида, каде живеат повеќе милиони луѓе, веднаш да се евакуираат со приближувањето на ураганот Милтон.

Ако ви е наредено да се евакуирате, треба веднаш да го направите тоа… сега, сега, сега. Веќе требаше да се евакуирате. Ова е прашање на живот и смрт, и не е претерување, истакна Бајден денеска на брифинг за новинарите.

Милтон пристига од Мексиканскиот залив кон западниот брег на Флорида. Жителите моментално имаат само неколку часа да се евакуираат или да се засолнат на безбедно место. До доцна вечерва ураганот се очекува да донесе опасен по живот прилив од бранови, силни ветрови и дождови во регионот кој пред две недели веќе беше погоден од ураганот Хелен.
Милиони луѓе долж крајбрежјето долго повеќе од 300 милји (483 км) добија наредба за евакуација, а денеска наутро како ураганот се приближува, властите издава се посериозни предупредувања.

Началничката на службата за итни случаи во округот Сарасота, Сандра Тапфуманеи, изјави за Си-Ен-Ен дека прогнозираниот прилив на морска вода во висина од 10 до 15 стапки и тоа претставува закана по животот на луѓето кои останаа на бариерните острови јужно од Тампа.
Ураганот Милтон се приближува кон регионот Тампа Беј, каде што живеат повеќе од три милиони луѓе. Неговата траекторија може да се промени, велат метеоролозите.
Во осум часот наутро центарот на бурата беше на 250 милји (405 км) југозападно од Тампа. Во средата наутро интензитетот на бурата се намали на четврта категорија, но стана „исклучително опасен ураган“ со максимални постојани ветрови од 155 милји на час (249 км/ч), соопшти Националниот центар за следење на урагани.

Милтон се очекува да ја задржи ураганската сила додека го минува полуостровот Флорида создавајќи опасност од приливи од бранови и на атлантскиот, источниот брег на државата.
Иако брзината на ветровите може дополнително да се намали, големината на ураганот се зголемува, создавајќи закана за крајбрежните области.

Претседателот Џо Бајден синоќа разговарал со началниците на округите Клирвотер и Пинелас, соопштија денеска од Белата куќа. На пладне денеска Бајден и потпретседателката Камала Харис беа информирани за бурата, по што претседателот се обрати пред медиумите.
-Му наредив на овој тим да направат се што е можно за да ги спасат животите на луѓето и нашите заедници, да им помогнат на нашите заедници пред, за време и по овие екстремни временски настани... и тоа веќе се прави, изјави Бајден. -Разговарав со сите политички лидери во регионот, со некои од нив – повеќе од еднаш. Им реков дека ќе добијат сѐ што побараат, вети тој

The post Бајден ги повика жителите на Флорида да се евакуираат appeared first on Република.

]]>

Претседателот на САД Џо Бајден се обрати денеска до жителите на крајбрежните области на Флорида, каде живеат повеќе милиони луѓе, веднаш да се евакуираат со приближувањето на ураганот Милтон.
Ако ви е наредено да се евакуирате, треба веднаш да го направите тоа… сега, сега, сега. Веќе требаше да се евакуирате. Ова е прашање на живот и смрт, и не е претерување, истакна Бајден денеска на брифинг за новинарите. Милтон пристига од Мексиканскиот залив кон западниот брег на Флорида. Жителите моментално имаат само неколку часа да се евакуираат или да се засолнат на безбедно место. До доцна вечерва ураганот се очекува да донесе опасен по живот прилив од бранови, силни ветрови и дождови во регионот кој пред две недели веќе беше погоден од ураганот Хелен. Милиони луѓе долж крајбрежјето долго повеќе од 300 милји (483 км) добија наредба за евакуација, а денеска наутро како ураганот се приближува, властите издава се посериозни предупредувања.
Началничката на службата за итни случаи во округот Сарасота, Сандра Тапфуманеи, изјави за Си-Ен-Ен дека прогнозираниот прилив на морска вода во висина од 10 до 15 стапки и тоа претставува закана по животот на луѓето кои останаа на бариерните острови јужно од Тампа. Ураганот Милтон се приближува кон регионот Тампа Беј, каде што живеат повеќе од три милиони луѓе. Неговата траекторија може да се промени, велат метеоролозите. Во осум часот наутро центарот на бурата беше на 250 милји (405 км) југозападно од Тампа. Во средата наутро интензитетот на бурата се намали на четврта категорија, но стана „исклучително опасен ураган“ со максимални постојани ветрови од 155 милји на час (249 км/ч), соопшти Националниот центар за следење на урагани. Милтон се очекува да ја задржи ураганската сила додека го минува полуостровот Флорида создавајќи опасност од приливи од бранови и на атлантскиот, источниот брег на државата. Иако брзината на ветровите може дополнително да се намали, големината на ураганот се зголемува, создавајќи закана за крајбрежните области. Претседателот Џо Бајден синоќа разговарал со началниците на округите Клирвотер и Пинелас, соопштија денеска од Белата куќа. На пладне денеска Бајден и потпретседателката Камала Харис беа информирани за бурата, по што претседателот се обрати пред медиумите. -Му наредив на овој тим да направат се што е можно за да ги спасат животите на луѓето и нашите заедници, да им помогнат на нашите заедници пред, за време и по овие екстремни временски настани... и тоа веќе се прави, изјави Бајден. -Разговарав со сите политички лидери во регионот, со некои од нив – повеќе од еднаш. Им реков дека ќе добијат сѐ што побараат, вети тој

The post Бајден ги повика жителите на Флорида да се евакуираат appeared first on Република.

]]>
Бајден ги откажа настапите бидејќи е позитивен на Ковид https://republika.mk/vesti/svet/bajden-gi-otkazha-nastapite-bidejki-e-pozitiven-na-kovid/ Thu, 18 Jul 2024 07:33:28 +0000 https://republika.mk/?p=797909

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на Ковид, соопшти Белата куќа во средата (17.07), пренесува „Дојче веле“.

Бајден, кој е во предизборна кампања во Невада, мораше да откаже клучно обраќање во Унидос, конференција на латино-организација за граѓански права.

Тој е вакциниран и бустиран и има само благи симптоми, соопшти портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер додавајќи дека Бајден ќе ги извршува претседателските обврски од неговиот дом во Делавер.

Качувајќи се во претседателскиот авион, Бајден на заминување на новинарите им рече дека „се чувствува добро“. Тој не носеше маска додека се качуваше во авионот, но ја носеше за време на летот. Неговиот лекар Кевин О'Конор изјави дека на Бајден му е препишан антивиралниот лек Паксловид и дека тој веќе ја примил првата доза.

The post Бајден ги откажа настапите бидејќи е позитивен на Ковид appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на Ковид, соопшти Белата куќа во средата (17.07), пренесува „Дојче веле“. Бајден, кој е во предизборна кампања во Невада, мораше да откаже клучно обраќање во Унидос, конференција на латино-организација за граѓански права.
Тој е вакциниран и бустиран и има само благи симптоми, соопшти портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер додавајќи дека Бајден ќе ги извршува претседателските обврски од неговиот дом во Делавер.
Качувајќи се во претседателскиот авион, Бајден на заминување на новинарите им рече дека „се чувствува добро“. Тој не носеше маска додека се качуваше во авионот, но ја носеше за време на летот. Неговиот лекар Кевин О'Конор изјави дека на Бајден му е препишан антивиралниот лек Паксловид и дека тој веќе ја примил првата доза.

The post Бајден ги откажа настапите бидејќи е позитивен на Ковид appeared first on Република.

]]>
Бајден се обрати по обидот за атентат врз Трамп, го прекина одморот во Делавер https://republika.mk/vesti/svet/bajden-se-obrati-po-obidot-za-atentat-vrz-tramp-go-prekina-odmorot-vo-delaver/ Sun, 14 Jul 2024 07:13:21 +0000 https://republika.mk/?p=796547

Американскиот претседател беше прашан за инцидентот кога излегуваше од црквата во плажата Рехобот, но тој рече дека не бил целосно информиран за нападот.

Одделот за домашна безбедност наскоро објави дека Бајден добива ажурирани информации од американската тајна служба.

Дури потоа следеше целосна реакција.

„Благодарен сум што слушнав дека е безбеден и здрав. Се молам за него и неговото семејство и другите кои беа на митингот додека чекаме повеќе информации. Џил и јас сме благодарни на Тајната служба што го одведоа на безбедно. Нема место за вакво насилство во Америка. Мораме да се обединиме како нација и да го осудиме ова насилство“, се вели во изјавата на Бајден.

За време на говорот на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во Пенсилванија, одекнаа истрели, а поранешниот претседател веднаш беше отстранет од бината од обезбедувањето.

Трамп додека го држеше својот говор изгледаше како да паднал на земја. Брзо бил опколен од агенти на Тајната служба и останал на земја околу една минута. Тој потоа станал, ја подигнал тупаницата во воздух, пред да биде однесен од бината и да биде одведен во возило, кое брзо го напуштило местото на настанот.

The post Бајден се обрати по обидот за атентат врз Трамп, го прекина одморот во Делавер appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател беше прашан за инцидентот кога излегуваше од црквата во плажата Рехобот, но тој рече дека не бил целосно информиран за нападот. Одделот за домашна безбедност наскоро објави дека Бајден добива ажурирани информации од американската тајна служба. Дури потоа следеше целосна реакција. „Благодарен сум што слушнав дека е безбеден и здрав. Се молам за него и неговото семејство и другите кои беа на митингот додека чекаме повеќе информации. Џил и јас сме благодарни на Тајната служба што го одведоа на безбедно. Нема место за вакво насилство во Америка. Мораме да се обединиме како нација и да го осудиме ова насилство“, се вели во изјавата на Бајден. За време на говорот на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во Пенсилванија, одекнаа истрели, а поранешниот претседател веднаш беше отстранет од бината од обезбедувањето. Трамп додека го држеше својот говор изгледаше како да паднал на земја. Брзо бил опколен од агенти на Тајната служба и останал на земја околу една минута. Тој потоа станал, ја подигнал тупаницата во воздух, пред да биде однесен од бината и да биде одведен во возило, кое брзо го напуштило местото на настанот.

The post Бајден се обрати по обидот за атентат врз Трамп, го прекина одморот во Делавер appeared first on Република.

]]>
Бајден побара тројно зголемување на царините за кинескиот челик https://republika.mk/vesti/svet/bajden-pobara-trojno-zgolemuvane-na-tsarinite-za-kineskiot-chelik/ Wed, 17 Apr 2024 20:22:25 +0000 https://republika.mk/?p=767266

Претседателот на САД Џо Бајден на предизборен митинг денеска во Питсбург, Пенсилванија, ќе повика на тројно зголемување на царините за кинескиот челик и алуминиум повикувајќи се на „нечесната конкуренција“ а со цел да ги придобие гласовите на работничката класа.

 

 

Повикот на Бајден следи откако канцеларијата на Трговскиот претставник на САД објави дека почнува истрага околу трговските практики на Кина во бродоизградбата, морскиот превоз и логистичкиот сектор, а во одговор на неодамнешна петиција на американските синдикати, посебно на Сојузот на челичарите.

 

 

-Кинеската политика за субвенции во домашната индустрија за челик и алуминиум значи дека на квалитетната американска продукција се прави дампинг со вештачко намалени цени слични на кинеските производи произведени со повеќе испуштени издувни гасови во атмосферата, се вели во денешната изјава на Белата куќа.

Претставник оттаму изјави дека Кина произведува околу половина од челикот во светот и го извезува металот со значајно пониски цени од американскиот челик.

The post Бајден побара тројно зголемување на царините за кинескиот челик appeared first on Република.

]]>

Претседателот на САД Џо Бајден на предизборен митинг денеска во Питсбург, Пенсилванија, ќе повика на тројно зголемување на царините за кинескиот челик и алуминиум повикувајќи се на „нечесната конкуренција“ а со цел да ги придобие гласовите на работничката класа.
 
 
Повикот на Бајден следи откако канцеларијата на Трговскиот претставник на САД објави дека почнува истрага околу трговските практики на Кина во бродоизградбата, морскиот превоз и логистичкиот сектор, а во одговор на неодамнешна петиција на американските синдикати, посебно на Сојузот на челичарите.
 
 
-Кинеската политика за субвенции во домашната индустрија за челик и алуминиум значи дека на квалитетната американска продукција се прави дампинг со вештачко намалени цени слични на кинеските производи произведени со повеќе испуштени издувни гасови во атмосферата, се вели во денешната изјава на Белата куќа. Претставник оттаму изјави дека Кина произведува околу половина од челикот во светот и го извезува металот со значајно пониски цени од американскиот челик.

The post Бајден побара тројно зголемување на царините за кинескиот челик appeared first on Република.

]]>
Бајден со слаба поддршка од Американците, се навестува тесна изборна трка со Трамп https://republika.mk/vesti/svet/bajden-so-slaba-poddrshka-od-amerikantsite-se-navestuva-tesna-izborna-trka-so-tramp/ Wed, 06 Dec 2023 07:52:22 +0000 https://republika.mk/?p=720155

Популарноста на американскиот претседател Џо Бајден е речиси на најниско ниво од почетокот на неговиот мандат, што укажува на проблемите што го очекуваат на претседателските избори следната година, покажува најновата анкета на Ројтерс и Ипсос.

Тридневната анкета, што заврши во неделата, покажува дека само 40 отсто од испитаниците го поддржуваат Бајден, што е малку повеќе од 39 отсто во ноември.

Маргината на грешка е три процентни поени.

Се очекува во ноември 2024 година, на претседателските избори, Бајден да се соочи со поранешниот претседател Доналд Трамп, фаворит за републиканската номинација.

Други анкети покажуваат дека потенцијалната трка меѓу нив ќе биде тесна.

Анкетата на Ројтерс и Ипсос покажа дека Американците ги гледаат економијата, криминалот и имиграцијата како главни проблеми со кои се соочува земјата, токму за што Трамп и другите републиканци го критикуваа Бајден. Деветнаесет отсто од испитаниците ја оцениле економијата како главен проблем, единаесет отсто рекле дека тоа е имиграцијата, а десет отсто криминалот.

Од август 2021 година рејтингот на Бајден не надмина 50 отсто, а последната анкета покажа дека тој е блиску до најниското ниво од 36 отсто кон средината на 2022 година.

The post Бајден со слаба поддршка од Американците, се навестува тесна изборна трка со Трамп appeared first on Република.

]]>

Популарноста на американскиот претседател Џо Бајден е речиси на најниско ниво од почетокот на неговиот мандат, што укажува на проблемите што го очекуваат на претседателските избори следната година, покажува најновата анкета на Ројтерс и Ипсос. Тридневната анкета, што заврши во неделата, покажува дека само 40 отсто од испитаниците го поддржуваат Бајден, што е малку повеќе од 39 отсто во ноември. Маргината на грешка е три процентни поени. Се очекува во ноември 2024 година, на претседателските избори, Бајден да се соочи со поранешниот претседател Доналд Трамп, фаворит за републиканската номинација. Други анкети покажуваат дека потенцијалната трка меѓу нив ќе биде тесна. Анкетата на Ројтерс и Ипсос покажа дека Американците ги гледаат економијата, криминалот и имиграцијата како главни проблеми со кои се соочува земјата, токму за што Трамп и другите републиканци го критикуваа Бајден. Деветнаесет отсто од испитаниците ја оцениле економијата како главен проблем, единаесет отсто рекле дека тоа е имиграцијата, а десет отсто криминалот. Од август 2021 година рејтингот на Бајден не надмина 50 отсто, а последната анкета покажа дека тој е блиску до најниското ниво од 36 отсто кон средината на 2022 година.

The post Бајден со слаба поддршка од Американците, се навестува тесна изборна трка со Трамп appeared first on Република.

]]>
„Политико“: Арапи и муслимани во САД почнаа кампања против реизборот на Бајден https://republika.mk/vesti/svet/politiko-arapi-i-muslimani-vo-sad-pochnaa-kampana-protiv-reizborot-na-bajden/ Mon, 04 Dec 2023 13:42:01 +0000 https://republika.mk/?p=719518

Зголемениот гнев меѓу Арапите и муслиманите во САД поради пристапот на Џо Бајден кон конфликтот меѓу Израел и Хамас може да ги загрози неговите шанси за реизбор, пишува „Политико“.

Муслиманските политички лидери од неколку „свинг“ држави – оние држави во САД каде што се очекува дека било кој кандидат може да победи – се собраа во саботата во Дирборн, Мичиген за да започнат национална кампања против реизборот на претседателот Бајден.

Организаторите од Мичиген, Минесота, Аризона, Висконсин, Флорида, Џорџија, Невада и Пенсилванија ја нарекуваат кампањата #AbandonBiden, ветувајќи дека ќе се погрижат Бајден да не биде реизбран. Според коалицијата, овие лидери воделе одделни кампањи за притисок во нивните држави, но веруваат дека сега е време да се координираат нивниот одговор пред изборите во 2024 година.

Хасан Абдел Салам, професор на Универзитетот во Минесота и член на Националната коалиција #AbandonBiden, на прес-конференција во саботата рече дека коалицијата сега бара начини да изгради механизам за координација меѓу сите држави во движење.

„Постојано работиме заедно за да се осигураме дека муслиманите Американци ќе излезат на гласање во сите овие држави и дека Бајден ќе изгуби во секоја од нив“, рече Абдел Салам.

Тој посочи дека кампањата ја поддржале 111 избирачки гласови, а на последните избори победил со 74 електорски гласови.

Не е јасно колку ќе биде експанзивна или успешна кампањата, но нејзиното создавање зборува за зголемениот политички притисок со кој се соочува Бајден среде конфликтот на Блискиот Исток. Речиси два месеци, муслиманските и арапските лидери бараа од Бајден да побара прекин на огнот, а сега, со повеќе од 15.000 мртви во Газа, оваа нова коалиција го засилува притисокот.

Распространетиот гнев меѓу Арапските и Муслиманските Американци може да ги загрози шансите за реизбор на Бајден во многу држави во 2024 година, од кои сите содржат клучни џебови на арапските и муслиманските американски гласачки блокови.

„Ние не сме немоќни како американските муслимани. Ние сме моќни. Не само што имаме пари, туку имаме и реални гласови. И ние ќе го искористиме тој глас за да ја спасиме оваа нација од самата себе“, рече Џејлани Хусеин, член на коалицијата.

Според „Политико“, од кампањата на Бајден не одговориле веднаш на барањето за коментар.

Според Истражувачкиот центар „Пју“, растечката муслиманска американска популација е приближно 3,45 милиони луѓе. Според Арапскиот американски институт, приближно 59 отсто од Арапските Американци го поддржале Бајден во 2020 година, но неодамнешните анкети покажуваат дека поддршката паѓа.

Водачите во саботата рекоа дека нема да гласаат за Доналд Трамп следната година, иако сфатија дека нивните напори да соберат поддршка против Бајден може да му помогнат на поранешниот претседател. Тие рекоа дека ќе продолжат да имаат дискусии како заедница за тоа кој кандидат да поддржат како што се приближуваат изборите.

„Ние не го поддржуваме Трамп. Нема да ја направиме истата грешка да размислуваме за претседателот Бајден како што направивме. Немаме две опции. Имаме многу опции и ќе ги искористиме“, изјави Хусеин.

Политичкиот предизвик со кој се соочува Бајден само се засили бидејќи прогресивните демократи се повеќе повикуваат на прекин на огнот. САД работат на ослободување на повеќе заложници, а Бајден рече дека го повикал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се фокусира на намалување на жртвите додека се обидува да го елиминира Хамас.

Неколку административни службеници велат дека неодамнешниот договор за ослободување на неколку заложници е доказ дека нивната воена стратегија функционира, но молбите Бајден да продолжи понатаму и да повика на прекин на огнот само станаа погласни.

„Ова е опасен претседател за Американците. И за оние што гледаат дома, дали сакате вашите синови да бидат испратени во уште една војна за која знаеме дека никогаш нема да заврши? Не. „Повеќето Американци се согласуваат со нас дека прекинот на огнот и мирот е вистинската работа“, рече Хусеин за време на прес-конференција.

The post „Политико“: Арапи и муслимани во САД почнаа кампања против реизборот на Бајден appeared first on Република.

]]>

Зголемениот гнев меѓу Арапите и муслиманите во САД поради пристапот на Џо Бајден кон конфликтот меѓу Израел и Хамас може да ги загрози неговите шанси за реизбор, пишува „Политико“. Муслиманските политички лидери од неколку „свинг“ држави – оние држави во САД каде што се очекува дека било кој кандидат може да победи – се собраа во саботата во Дирборн, Мичиген за да започнат национална кампања против реизборот на претседателот Бајден. Организаторите од Мичиген, Минесота, Аризона, Висконсин, Флорида, Џорџија, Невада и Пенсилванија ја нарекуваат кампањата #AbandonBiden, ветувајќи дека ќе се погрижат Бајден да не биде реизбран. Според коалицијата, овие лидери воделе одделни кампањи за притисок во нивните држави, но веруваат дека сега е време да се координираат нивниот одговор пред изборите во 2024 година. Хасан Абдел Салам, професор на Универзитетот во Минесота и член на Националната коалиција #AbandonBiden, на прес-конференција во саботата рече дека коалицијата сега бара начини да изгради механизам за координација меѓу сите држави во движење. „Постојано работиме заедно за да се осигураме дека муслиманите Американци ќе излезат на гласање во сите овие држави и дека Бајден ќе изгуби во секоја од нив“, рече Абдел Салам. Тој посочи дека кампањата ја поддржале 111 избирачки гласови, а на последните избори победил со 74 електорски гласови. Не е јасно колку ќе биде експанзивна или успешна кампањата, но нејзиното создавање зборува за зголемениот политички притисок со кој се соочува Бајден среде конфликтот на Блискиот Исток. Речиси два месеци, муслиманските и арапските лидери бараа од Бајден да побара прекин на огнот, а сега, со повеќе од 15.000 мртви во Газа, оваа нова коалиција го засилува притисокот. Распространетиот гнев меѓу Арапските и Муслиманските Американци може да ги загрози шансите за реизбор на Бајден во многу држави во 2024 година, од кои сите содржат клучни џебови на арапските и муслиманските американски гласачки блокови. „Ние не сме немоќни како американските муслимани. Ние сме моќни. Не само што имаме пари, туку имаме и реални гласови. И ние ќе го искористиме тој глас за да ја спасиме оваа нација од самата себе“, рече Џејлани Хусеин, член на коалицијата. Според „Политико“, од кампањата на Бајден не одговориле веднаш на барањето за коментар. Според Истражувачкиот центар „Пју“, растечката муслиманска американска популација е приближно 3,45 милиони луѓе. Според Арапскиот американски институт, приближно 59 отсто од Арапските Американци го поддржале Бајден во 2020 година, но неодамнешните анкети покажуваат дека поддршката паѓа. Водачите во саботата рекоа дека нема да гласаат за Доналд Трамп следната година, иако сфатија дека нивните напори да соберат поддршка против Бајден може да му помогнат на поранешниот претседател. Тие рекоа дека ќе продолжат да имаат дискусии како заедница за тоа кој кандидат да поддржат како што се приближуваат изборите. „Ние не го поддржуваме Трамп. Нема да ја направиме истата грешка да размислуваме за претседателот Бајден како што направивме. Немаме две опции. Имаме многу опции и ќе ги искористиме“, изјави Хусеин. Политичкиот предизвик со кој се соочува Бајден само се засили бидејќи прогресивните демократи се повеќе повикуваат на прекин на огнот. САД работат на ослободување на повеќе заложници, а Бајден рече дека го повикал израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се фокусира на намалување на жртвите додека се обидува да го елиминира Хамас. Неколку административни службеници велат дека неодамнешниот договор за ослободување на неколку заложници е доказ дека нивната воена стратегија функционира, но молбите Бајден да продолжи понатаму и да повика на прекин на огнот само станаа погласни. „Ова е опасен претседател за Американците. И за оние што гледаат дома, дали сакате вашите синови да бидат испратени во уште една војна за која знаеме дека никогаш нема да заврши? Не. „Повеќето Американци се согласуваат со нас дека прекинот на огнот и мирот е вистинската работа“, рече Хусеин за време на прес-конференција.

The post „Политико“: Арапи и муслимани во САД почнаа кампања против реизборот на Бајден appeared first on Република.

]]>
Бајден го слави неговиот 81 роденден: Знам дека имам 198 години https://republika.mk/vesti/svet/bajden-go-slavi-negoviot-81-rodenden-znam-deka-imam-198-godini/ Mon, 20 Nov 2023 14:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=714459

Американскиот претседател Џо Бајден наполни 81 година, настан кој веројатно ќе го привлече вниманието на неговиот статус како најстариот човек кој некогаш раководел со САД од Овалната соба, додека анкетите покажуваат дека Американците се загрижени за неговата возраст.

Бајден со хумор се обрати кон оние кои се загрижени дека можеби е премногу стар за тешките услови на Белата куќа, обидувајќи се да ги убеди гласачите дека неговата возраст и половина век искуство во јавниот живот се предност, а не хендикеп во одлучувањето за проблемите на земјата.

-Знам дека имам 198 години, се пошегува Бајден во јуни.

Доколку биде реизбран, Бајден би имал 86 години на крајот на вториот мандат. Досега рекордот за најстар американски претседател го држеше починатиот републиканец Роналд Реган, кој го заврши својот втор четиригодишен мандат на 77-годишна возраст во 1989 година.

Трамп, фаворит за републиканската номинација, кој речиси сигурно ќе се соочи со Бајден на изборите во 2024 година, има 77 години.

Во анкетата, од средината на септември, гласачите изразија загриженост за возраста на Бајден и способноста да ја извршува функцијата, при што 77 отсто од испитаниците, вклучително и 65 отсто од демократите, велат дека Бајден е премногу стар за да биде претседател, а само 39 отсто мислат дека е погоден да ја држи позицијата.

Педесет и шест отсато од анкетираните веруваат дека Трамп е премногу стар за функцијата, а 54 проценти – дека е способен да се справи со предизвиците како претседател на САД.

The post Бајден го слави неговиот 81 роденден: Знам дека имам 198 години appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден наполни 81 година, настан кој веројатно ќе го привлече вниманието на неговиот статус како најстариот човек кој некогаш раководел со САД од Овалната соба, додека анкетите покажуваат дека Американците се загрижени за неговата возраст. Бајден со хумор се обрати кон оние кои се загрижени дека можеби е премногу стар за тешките услови на Белата куќа, обидувајќи се да ги убеди гласачите дека неговата возраст и половина век искуство во јавниот живот се предност, а не хендикеп во одлучувањето за проблемите на земјата.
-Знам дека имам 198 години, се пошегува Бајден во јуни.
Доколку биде реизбран, Бајден би имал 86 години на крајот на вториот мандат. Досега рекордот за најстар американски претседател го држеше починатиот републиканец Роналд Реган, кој го заврши својот втор четиригодишен мандат на 77-годишна возраст во 1989 година. Трамп, фаворит за републиканската номинација, кој речиси сигурно ќе се соочи со Бајден на изборите во 2024 година, има 77 години. Во анкетата, од средината на септември, гласачите изразија загриженост за возраста на Бајден и способноста да ја извршува функцијата, при што 77 отсто од испитаниците, вклучително и 65 отсто од демократите, велат дека Бајден е премногу стар за да биде претседател, а само 39 отсто мислат дека е погоден да ја држи позицијата. Педесет и шест отсато од анкетираните веруваат дека Трамп е премногу стар за функцијата, а 54 проценти – дека е способен да се справи со предизвиците како претседател на САД.

The post Бајден го слави неговиот 81 роденден: Знам дека имам 198 години appeared first on Република.

]]>
Бајден го нарече Си „диктатор“ https://republika.mk/vesti/svet/bajden-go-nareche-si-diktator/ Thu, 16 Nov 2023 09:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=702065

Американскиот претседател Џо Бајден го нарече кинескиот претседател Си Џинпинг „диктатор“ непосредно по нивната вчерашна средба во близина на Сан Франциско и само неколку дена откако тој наведе дека би сакал да ги подобри каналите за комуникација преку директна телефонска линија меѓу двајцата.

- Тој е диктатор во смисла дека раководи со земја, која е комунистичка и има сосема поинаква форма на владеење од нашата, наведе Бајден на прес-конференцијата по средбата со Си.

Кинеското Министерство за надворешни работи жестоко реагираше на денешниот коментар на Бајден за Си, нарекувајќи го крајно погрешна и неодговорна политичка манипулација.

- Секогаш ќе има злонамерни луѓе кои ќе се обидат да внесат клин во кинеско-американските односи, но нема да успеат, изјави на прес-конференција портпаролката на министерството Мао Нинг.

Бајден, исто така, во јуни го нарече Си „диктатор“, откако САД соборија наводен кинески шпионски балон неколку месеци претходно. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи тогаш го нарече говорот на Бајден „апсурден и неодговорен“

The post Бајден го нарече Си „диктатор“ appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден го нарече кинескиот претседател Си Џинпинг „диктатор“ непосредно по нивната вчерашна средба во близина на Сан Франциско и само неколку дена откако тој наведе дека би сакал да ги подобри каналите за комуникација преку директна телефонска линија меѓу двајцата. - Тој е диктатор во смисла дека раководи со земја, која е комунистичка и има сосема поинаква форма на владеење од нашата, наведе Бајден на прес-конференцијата по средбата со Си. Кинеското Министерство за надворешни работи жестоко реагираше на денешниот коментар на Бајден за Си, нарекувајќи го крајно погрешна и неодговорна политичка манипулација. - Секогаш ќе има злонамерни луѓе кои ќе се обидат да внесат клин во кинеско-американските односи, но нема да успеат, изјави на прес-конференција портпаролката на министерството Мао Нинг. Бајден, исто така, во јуни го нарече Си „диктатор“, откако САД соборија наводен кинески шпионски балон неколку месеци претходно. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи тогаш го нарече говорот на Бајден „апсурден и неодговорен“

The post Бајден го нарече Си „диктатор“ appeared first on Република.

]]>
Бајден: Јасно му ставив до знаење на Израел дека окупацијата на Газа би била грешка https://republika.mk/vesti/svet/bajden-jasno-mu-staviv-do-znaene-na-izrael-deka-okupatsijata-na-gaza-bi-bila-greshka/ Thu, 16 Nov 2023 08:11:15 +0000 https://republika.mk/?p=702018

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека јасно му кажал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека решението со две држави е единствениот начин да се стави крај на израелско-палестинскиот конфликт и дека окупацијата на Газа би била „голема грешка“.

Бајден изјави дека прави се што може за да ги ослободи заложниците кои ги зеде милитантната група Хамас во Газа, но тоа не значи испраќање на американската војска. Бајден рече дека работи напорно на ова прашање и нема да запре додека заложниците не бидат ослободени.

Катар, каде Хамас има политичко претставување, посредува меѓу палестинската исламистичка група и израелските власти за ослободување на повеќе од 240 заложници.

Претседателот Бајден истакна дека Израел влезе во најголемата болница во Газа, Ал Шифа, со ограничен број вооружени војници и не ја подложи на масовно бомбардирање.

„Им беше кажано... разговаравме за потребата да бидат крајно внимателни“, рече Бајден, додавајќи дека Израел има обврска да биде што е можно повнимателен во таргетирањето цели.

Бајден, сепак, рече дека е нереално да се очекува Израел да ги прекине своите воени акции, со оглед на заканите од високи претставници на Хамас дека ќе изврши нов напад врз Израел.

The post Бајден: Јасно му ставив до знаење на Израел дека окупацијата на Газа би била грешка appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека јасно му кажал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека решението со две држави е единствениот начин да се стави крај на израелско-палестинскиот конфликт и дека окупацијата на Газа би била „голема грешка“. Бајден изјави дека прави се што може за да ги ослободи заложниците кои ги зеде милитантната група Хамас во Газа, но тоа не значи испраќање на американската војска. Бајден рече дека работи напорно на ова прашање и нема да запре додека заложниците не бидат ослободени. Катар, каде Хамас има политичко претставување, посредува меѓу палестинската исламистичка група и израелските власти за ослободување на повеќе од 240 заложници. Претседателот Бајден истакна дека Израел влезе во најголемата болница во Газа, Ал Шифа, со ограничен број вооружени војници и не ја подложи на масовно бомбардирање. „Им беше кажано... разговаравме за потребата да бидат крајно внимателни“, рече Бајден, додавајќи дека Израел има обврска да биде што е можно повнимателен во таргетирањето цели. Бајден, сепак, рече дека е нереално да се очекува Израел да ги прекине своите воени акции, со оглед на заканите од високи претставници на Хамас дека ќе изврши нов напад врз Израел.

The post Бајден: Јасно му ставив до знаење на Израел дека окупацијата на Газа би била грешка appeared first on Република.

]]>
Си и Бајден ќе разговараат за „глобалниот мир и развој“ на самитот во Сан Франциско https://republika.mk/vesti/svet/si-i-bajden-ke-razgovaraat-za-globalniot-mir-i-razvoj-na-samitot-vo-san-frantsisko/ Mon, 13 Nov 2023 08:50:49 +0000 https://republika.mk/?p=700914

Кинескиот лидер Си Џинпинг и американскиот претседател Џо Бајден ќе разговараат за „глобалниот мир и развој“ на самитот оваа недела во Сан Франциско, соопшти денеска Пекинг.

„Двајцата шефови на држави ќе имаат длабинска комуникација за стратешки, општи и насочувачки прашања во врска со односите меѓу Кина и САД, како и за главните прашања во врска со глобалниот мир и развој“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг на редовниот брифинг.

Таа додаде дека Пекинг се противи на „дефинирање на односите меѓу Кина и САД во однос на конкуренцијата“.

The post Си и Бајден ќе разговараат за „глобалниот мир и развој“ на самитот во Сан Франциско appeared first on Република.

]]>

Кинескиот лидер Си Џинпинг и американскиот претседател Џо Бајден ќе разговараат за „глобалниот мир и развој“ на самитот оваа недела во Сан Франциско, соопшти денеска Пекинг. „Двајцата шефови на држави ќе имаат длабинска комуникација за стратешки, општи и насочувачки прашања во врска со односите меѓу Кина и САД, како и за главните прашања во врска со глобалниот мир и развој“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг на редовниот брифинг. Таа додаде дека Пекинг се противи на „дефинирање на односите меѓу Кина и САД во однос на конкуренцијата“.

The post Си и Бајден ќе разговараат за „глобалниот мир и развој“ на самитот во Сан Франциско appeared first on Република.

]]>
Бајден бара од Нетанјаху тридневна пауза во борбите – Сака напредок во ослободувањето на заложниците https://republika.mk/vesti/svet/bajden-bara-od-netanjahu-tridnevna-pauza-vo-borbite-saka-napredok-vo-osloboduvaneto-na-zalozhnitsite/ Wed, 08 Nov 2023 08:13:48 +0000 https://republika.mk/?p=699379

Побарав од Бенјамин Нетанјаху тридневна пауза во непријателствата, изјави американскиот претседател Џо Бајден по телефонскиот разговор со израелскиот премиер.

Бајден го повика Нетанјаху на пауза за да се овозможи напредок во ослободувањето на заложниците кои ги држи Хамас, но и да се олесни влезот на хуманитарна помош. Белата куќа официјално објави дека Бајден и Нетанјаху исклучиво разговарале за „тактички паузи“ за време на актуелната криза.

Со договор на овие две страни, паузата би била искористена за дополнително да се потврди идентитетот на сите заложници и да се обезбеди комплетен список со имиња, иако за време на разговорот израелскиот премиер истакна дека „не му верува на Хамас кои не се подготвени за договор“.

Разговорот го водеа и израелскиот претседател Исак Херцог и американскиот потпретседател Камала Харис, кои ја истакнаа „важноста од заштита на животите на цивилите“ и „почитувањето на меѓународното хуманитарно право“.

The post Бајден бара од Нетанјаху тридневна пауза во борбите – Сака напредок во ослободувањето на заложниците appeared first on Република.

]]>

Побарав од Бенјамин Нетанјаху тридневна пауза во непријателствата, изјави американскиот претседател Џо Бајден по телефонскиот разговор со израелскиот премиер. Бајден го повика Нетанјаху на пауза за да се овозможи напредок во ослободувањето на заложниците кои ги држи Хамас, но и да се олесни влезот на хуманитарна помош. Белата куќа официјално објави дека Бајден и Нетанјаху исклучиво разговарале за „тактички паузи“ за време на актуелната криза. Со договор на овие две страни, паузата би била искористена за дополнително да се потврди идентитетот на сите заложници и да се обезбеди комплетен список со имиња, иако за време на разговорот израелскиот премиер истакна дека „не му верува на Хамас кои не се подготвени за договор“. Разговорот го водеа и израелскиот претседател Исак Херцог и американскиот потпретседател Камала Харис, кои ја истакнаа „важноста од заштита на животите на цивилите“ и „почитувањето на меѓународното хуманитарно право“.

The post Бајден бара од Нетанјаху тридневна пауза во борбите – Сака напредок во ослободувањето на заложниците appeared first on Република.

]]>
Бајден до Нетанјаху: Израел мора веднаш и значително да ја зголеми помошта за Газа https://republika.mk/vesti/svet/bajden-do-netanjahu-izrael-mora-vednash-i-znachitelno-da-ja-zgolemi-pomoshta-za-gaza/ Sun, 29 Oct 2023 20:53:14 +0000 https://republika.mk/?p=696072

мериканскиот претседател Џо Бајден му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на нивниот телефонски разговор претходно денеска дека протокот на хуманитарна помош во Газа треба „веднаш и значително да се зголеми“, соопшти Белата куќа, пренесуваат израелските медиуми.

Израел за време на викендот повторно го отвори вториот од трите водоводни цевководи кои обезбедуваат вода до Појасот Газа, но 90 проценти од протокот на вода во Газа е самостоен и поминува низ постројки за десалинизација и третман на вода кои работат само со ограничен капацитет поради недостаток на гориво. Израел вели дека Хамас го пренасочува горивото од цивилна употреба и одби да дозволи дополнително снабдување откако избувна војната.

Бајден „повтори дека Израел го има секое право и одговорност да ги брани своите граѓани од тероризам и ја подвлече потребата да го стори тоа на начин во согласност со меѓународното хуманитарно право кое дава приоритет на заштитата на цивилите“.

Двајцата, исто така, „разговараа за тековните напори за лоцирање и обезбедување ослободување на заложниците, вклучително и американски граѓани за кои нема информации и може да бидат задржани од Хамас“, се додава во соопштението и се додава дека двајцата се согласиле „да останат во редовни консултации и директно и преку нивните соодветни тимови за национална безбедност“.

Бајден претходно во телефонски разговор со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси се обврзале на значително забрзување и зголемување на помошта што се влева во Газа почнувајќи од денес, а потоа континуирано, соопшти Белата куќа.

Бајден, исто така, го информирал Сиси за „напорите на САД да се осигураат дека регионалните актери нема да го прошират конфликтот во Газа, а исто така и за продолжувањето на напорите да се обезбеди ослободување на заложниците, соопшти Белата куќа.

The post Бајден до Нетанјаху: Израел мора веднаш и значително да ја зголеми помошта за Газа appeared first on Република.

]]>

мериканскиот претседател Џо Бајден му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на нивниот телефонски разговор претходно денеска дека протокот на хуманитарна помош во Газа треба „веднаш и значително да се зголеми“, соопшти Белата куќа, пренесуваат израелските медиуми. Израел за време на викендот повторно го отвори вториот од трите водоводни цевководи кои обезбедуваат вода до Појасот Газа, но 90 проценти од протокот на вода во Газа е самостоен и поминува низ постројки за десалинизација и третман на вода кои работат само со ограничен капацитет поради недостаток на гориво. Израел вели дека Хамас го пренасочува горивото од цивилна употреба и одби да дозволи дополнително снабдување откако избувна војната. Бајден „повтори дека Израел го има секое право и одговорност да ги брани своите граѓани од тероризам и ја подвлече потребата да го стори тоа на начин во согласност со меѓународното хуманитарно право кое дава приоритет на заштитата на цивилите“. Двајцата, исто така, „разговараа за тековните напори за лоцирање и обезбедување ослободување на заложниците, вклучително и американски граѓани за кои нема информации и може да бидат задржани од Хамас“, се додава во соопштението и се додава дека двајцата се согласиле „да останат во редовни консултации и директно и преку нивните соодветни тимови за национална безбедност“. Бајден претходно во телефонски разговор со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси се обврзале на значително забрзување и зголемување на помошта што се влева во Газа почнувајќи од денес, а потоа континуирано, соопшти Белата куќа. Бајден, исто така, го информирал Сиси за „напорите на САД да се осигураат дека регионалните актери нема да го прошират конфликтот во Газа, а исто така и за продолжувањето на напорите да се обезбеди ослободување на заложниците, соопшти Белата куќа.

The post Бајден до Нетанјаху: Израел мора веднаш и значително да ја зголеми помошта за Газа appeared first on Република.

]]>
Поради Израел Бајден би можел да ги загуби гласовите на американските муслимани и Арапи https://republika.mk/vesti/svet/poradi-izrael-bajden-bi-mozhel-da-gi-zagubi-glasovite-na-amerikanskite-muslimani-i-arapi/ Thu, 26 Oct 2023 07:19:25 +0000 https://republika.mk/?p=695064

Американските Арапи и муслимани го критикуваат одговорот на претседателот Џо Бајден на војната меѓу Израел и Хамас, барајќи тој да стори повеќе за да ја спречи хуманитарната криза во Газа или ќе ризикува да ја изгуби нивната поддршка на изборите во 2024 година.

Многу Американци си арапско потекло го обвинуваат Бајден дека не направи доволно за хуманитарен прекин на огнот и покрај тоа што Палестинците гинат бегајќи од израелското бомбардирање на Појасот Газа, изјавија повеќе од десетина професори, активисти, членови на заедницата и претставници на администрацијата.

Може ли Бајден да го загуби Мичиген?

Растечката фрустрација би можела да влијае на реизборот на Бајден во трката во која негов најверојатен противник ќе биде поранешниот претседател Доналд Трамп.

Во Мичиген, кој понекогаш гласа за демократи, а понекогаш за републиканци, американските Арапи сочинуваат пет отсто од гласачите. Во двопартиските држави како Пенсилванија и Охајо, арапската поддршка е од 1,7 до два отсто, изјави Џим Зогби, претседател на Арапскиот американски институт.

Бајден во 2020 година го освои Мичиген со 50,6 отсто од гласовите, додека Трамп во оваа американска сојузна држава доби 47,8 отсто од гласовите. Пенсилванија беше за Бајден со 50,01 отсто од гласовите, а за Трамп гласаа 48,84 отсто, со разлика од помалку од 81.000 гласови.

Малку е веројатно дека арапските и муслиманските Американци ќе го поддржат Трамп, но тие би можеле да се воздржат и да не гласаат за Бајден, наведуваат некои активисти.

Мислам дека тоа ќе го чини Мичиген, изјави Лајла Ел-Хадад, писателка и активистка од Газа со адреса на живеење во Мериленд.

Абдула Хамуд, првиот арапски градоначалник на Дирборн, Мичиген, дом на најголемата американска муслиманска заедница, го критикуваше Бајден што не го осуди потегот на Израел да ги прекине водата и струјата за повеќе од два милиони Палестинци во Газа.

„Израелското бомбардирање на Газа се граничи со геноцид. Ништо не можеше да не подготви за целосно бришење на нашите гласови и целосно замолчување на оние што ги избравме да не штитат и претставуваат“, напиша тој на платформата X.

„Членовите на нашите семејства заробени во Газа се игнорирани, нашите повици за прекин на огнот се задушени од тапаните на војната“, додаде тој.

Израелското бомбардирање на Газа „сега се граничи со геноцид насочен кон целото палестинско население“, соопшти CAIR, најголемата група за муслимански права во САД, додавајќи дека владините претставници ќе бидат „коодговорни за етничкото чистење на Газа“ доколку не интервенираат.

„Ако ја погледнете реториката, неверојатно е дека сега тие се обидуваат да испумпаат милијарди и милијарди долари воена помош за Израел, заедно со 100 милиони долари хуманитарна помош за Палестинците“, рече Саед Атшан, американски квекер, кој предава мировни студии на Универзитетот Свартмор во Пенсилванија.

Дури и поранешниот шеф на Бајден, претседателот Барак Обама, вообичаено страствен поддржувач на политиката на Бајден, во понеделникот јавно понуди остри совети, повикувајќи ги САД да продолжат да го водат светот „во забрзувањето на критичната помош и снабдувањето на сè поочајното население во Газа“.

The post Поради Израел Бајден би можел да ги загуби гласовите на американските муслимани и Арапи appeared first on Република.

]]>

Американските Арапи и муслимани го критикуваат одговорот на претседателот Џо Бајден на војната меѓу Израел и Хамас, барајќи тој да стори повеќе за да ја спречи хуманитарната криза во Газа или ќе ризикува да ја изгуби нивната поддршка на изборите во 2024 година. Многу Американци си арапско потекло го обвинуваат Бајден дека не направи доволно за хуманитарен прекин на огнот и покрај тоа што Палестинците гинат бегајќи од израелското бомбардирање на Појасот Газа, изјавија повеќе од десетина професори, активисти, членови на заедницата и претставници на администрацијата. Може ли Бајден да го загуби Мичиген? Растечката фрустрација би можела да влијае на реизборот на Бајден во трката во која негов најверојатен противник ќе биде поранешниот претседател Доналд Трамп. Во Мичиген, кој понекогаш гласа за демократи, а понекогаш за републиканци, американските Арапи сочинуваат пет отсто од гласачите. Во двопартиските држави како Пенсилванија и Охајо, арапската поддршка е од 1,7 до два отсто, изјави Џим Зогби, претседател на Арапскиот американски институт. Бајден во 2020 година го освои Мичиген со 50,6 отсто од гласовите, додека Трамп во оваа американска сојузна држава доби 47,8 отсто од гласовите. Пенсилванија беше за Бајден со 50,01 отсто од гласовите, а за Трамп гласаа 48,84 отсто, со разлика од помалку од 81.000 гласови. Малку е веројатно дека арапските и муслиманските Американци ќе го поддржат Трамп, но тие би можеле да се воздржат и да не гласаат за Бајден, наведуваат некои активисти.
Мислам дека тоа ќе го чини Мичиген, изјави Лајла Ел-Хадад, писателка и активистка од Газа со адреса на живеење во Мериленд.
Абдула Хамуд, првиот арапски градоначалник на Дирборн, Мичиген, дом на најголемата американска муслиманска заедница, го критикуваше Бајден што не го осуди потегот на Израел да ги прекине водата и струјата за повеќе од два милиони Палестинци во Газа. „Израелското бомбардирање на Газа се граничи со геноцид. Ништо не можеше да не подготви за целосно бришење на нашите гласови и целосно замолчување на оние што ги избравме да не штитат и претставуваат“, напиша тој на платформата X.
„Членовите на нашите семејства заробени во Газа се игнорирани, нашите повици за прекин на огнот се задушени од тапаните на војната“, додаде тој.
Израелското бомбардирање на Газа „сега се граничи со геноцид насочен кон целото палестинско население“, соопшти CAIR, најголемата група за муслимански права во САД, додавајќи дека владините претставници ќе бидат „коодговорни за етничкото чистење на Газа“ доколку не интервенираат.
„Ако ја погледнете реториката, неверојатно е дека сега тие се обидуваат да испумпаат милијарди и милијарди долари воена помош за Израел, заедно со 100 милиони долари хуманитарна помош за Палестинците“, рече Саед Атшан, американски квекер, кој предава мировни студии на Универзитетот Свартмор во Пенсилванија.
Дури и поранешниот шеф на Бајден, претседателот Барак Обама, вообичаено страствен поддржувач на политиката на Бајден, во понеделникот јавно понуди остри совети, повикувајќи ги САД да продолжат да го водат светот „во забрзувањето на критичната помош и снабдувањето на сè поочајното население во Газа“.

The post Поради Израел Бајден би можел да ги загуби гласовите на американските муслимани и Арапи appeared first on Република.

]]>
Бајден утре во посета на Израел https://republika.mk/vesti/svet/bajden-utre-vo-poseta-na-izrael/ Tue, 17 Oct 2023 07:09:54 +0000 https://republika.mk/?p=691908

Американскиот претседател Џо Бајден в среда ќе пристигне во посета на Израел на разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и јасно ќе стави до знаење дека еврејската држава има право да се брани, објави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Тој додаде дека по опсежните разговори со Нетанјаху, Бајден ќе ја потврди солидарноста на САД со Израел.

Израел се закани дека ќе ја уништи групата Хамас што владее со Газа, откако борците на групата го нападнаа Израел на 7 октомври, при што загинаа над 1.300 луѓе, главно цивили.

Бајден јасно ќе каже дека „Израел има право, па дури и обврска да го заштити својот народ од Хамас и другите терористи и да спречи идни напади“, изјави Блинкен по повеќечасовните разговори со израелската воена влада во Тел Авив. За време на средбата, тој бил принуден да се крие во бункер пет минути кога се огласиле сирените.

Блинкен рече дека Израел ќе го информира Бајден за своите воени цели и како ќе ги спроведе операциите.

-САД и Израел се согласија да развијат план кој ќе овозможи испорака на хуманитарна помош од земјите донатори и мултилатералните организации да допрат до цивилното население во Газа, рече Блинкен.

По посетата на Израел, Бајден ќе го посети Јордан, каде што ќе се сретне со јорданскиот крал Абдула Втори, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и претседателот на палестинската управа Махмуд Абас, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби

The post Бајден утре во посета на Израел appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден в среда ќе пристигне во посета на Израел на разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и јасно ќе стави до знаење дека еврејската држава има право да се брани, објави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Тој додаде дека по опсежните разговори со Нетанјаху, Бајден ќе ја потврди солидарноста на САД со Израел. Израел се закани дека ќе ја уништи групата Хамас што владее со Газа, откако борците на групата го нападнаа Израел на 7 октомври, при што загинаа над 1.300 луѓе, главно цивили. Бајден јасно ќе каже дека „Израел има право, па дури и обврска да го заштити својот народ од Хамас и другите терористи и да спречи идни напади“, изјави Блинкен по повеќечасовните разговори со израелската воена влада во Тел Авив. За време на средбата, тој бил принуден да се крие во бункер пет минути кога се огласиле сирените. Блинкен рече дека Израел ќе го информира Бајден за своите воени цели и како ќе ги спроведе операциите. -САД и Израел се согласија да развијат план кој ќе овозможи испорака на хуманитарна помош од земјите донатори и мултилатералните организации да допрат до цивилното население во Газа, рече Блинкен. По посетата на Израел, Бајден ќе го посети Јордан, каде што ќе се сретне со јорданскиот крал Абдула Втори, египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и претседателот на палестинската управа Махмуд Абас, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби

The post Бајден утре во посета на Израел appeared first on Република.

]]>
Бајден: Нападот на Хамас врз Израел е „чин на чисто зло“ https://republika.mk/vesti/svet/bajden-napadot-na-hamas-vrz-izrael-e-chin-na-chisto-zlo/ Tue, 10 Oct 2023 20:31:41 +0000 https://republika.mk/?p=690012

Американскиот претседател Џо Бајден ги осуди нападите на Хамас врз Израел извршени во саботата, нарекувајќи ги „чин на чисто зло“.

Луѓето во Израел доживеале „чисто неизвалкано зло“ од „крвавите раце на терористичката организација Хамас, група чија наведена цел на постоење е да ги убива Евреите. Ова е чин на чисто зло, оцени Бајден.

Тој истакна дека повеќе од 1.000 луѓе се убиени во Израел, вклучително и најмалку 14 американски државјани. - Родителите беа искасапени користејќи ги своите тела во обид да ги заштитат своите деца - неверојатни извештаи за убиени бебиња, убиени цели семејства. Млади масакрирани додека присуствувале на музички фестивал за да го прослават мирот, рече американскиот претседател.

Жените силувани, напаѓани, парадираа со нив како трофеи. Семејства скриени во страв со часови и часови, очајнички се обидувале да ги замолчат своите деца за да избегнат да привлечат внимание. И илјадници повредени, живи, но со себе ги носат дупките од куршумите и раните од шрапнелите рани и од сеќавањето на она што го преживеале, ја пренесува Си-Ен-Ен изјавата на Бајден, дадена после телкефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Американскиот претседател ја повтори поддршката на САД за Израел и рече дека ако САД бидат нападнати на начинот на кој Израел беше нападнат викендов, „нашиот одговор би бил брз, решителен и огромен“.

Како и секоја нација во светот, Израел има право да одговори - всушност има должност да одговори на овие злобни напади, потенцираше Бајден.

Тој потврди дека има Американци меѓу заложниците земени од Хамас како дел од нападот на терористичката група врз Израел.

Сега знаеме дека американски граѓани се меѓу оние што ги држи Хамас, рече тој.

Бајден додаде дека му наредил на својот тим „да сподели разузнавачки информации и да распореди дополнителни експерти од целата влада на САД за да се консултираат и да ги советуваат израелските колеги за напорите за ослободување на заложниците“.

Затоа што, како претседател, немам поголем приоритет од безбедноста на Американците кои се држат како заложници во светот, додаде тој.

Исто така, информираше дека безбедноста е засилена околу центрите на еврејската заедница во САД.

На крајот, Бајден повика на единство.

Ова е момент за САД да се обединат, да тагуваат со оние кои тагуваат. Да бидеме целосно јасни. Нема место за омраза во Америка. Ниту против Евреите, ниту против муслиманите, ниту против никого. Ние тоа го отфрламе. Она што го отфрламе е тероризмот. Го осудуваме неселективното зло исто како што секогаш правевме. Тоа е она за што Америка се залага, истакна американскиот претседател

The post Бајден: Нападот на Хамас врз Израел е „чин на чисто зло“ appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден ги осуди нападите на Хамас врз Израел извршени во саботата, нарекувајќи ги „чин на чисто зло“.
Луѓето во Израел доживеале „чисто неизвалкано зло“ од „крвавите раце на терористичката организација Хамас, група чија наведена цел на постоење е да ги убива Евреите. Ова е чин на чисто зло, оцени Бајден.
Тој истакна дека повеќе од 1.000 луѓе се убиени во Израел, вклучително и најмалку 14 американски државјани. - Родителите беа искасапени користејќи ги своите тела во обид да ги заштитат своите деца - неверојатни извештаи за убиени бебиња, убиени цели семејства. Млади масакрирани додека присуствувале на музички фестивал за да го прослават мирот, рече американскиот претседател.
Жените силувани, напаѓани, парадираа со нив како трофеи. Семејства скриени во страв со часови и часови, очајнички се обидувале да ги замолчат своите деца за да избегнат да привлечат внимание. И илјадници повредени, живи, но со себе ги носат дупките од куршумите и раните од шрапнелите рани и од сеќавањето на она што го преживеале, ја пренесува Си-Ен-Ен изјавата на Бајден, дадена после телкефонскиот разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Американскиот претседател ја повтори поддршката на САД за Израел и рече дека ако САД бидат нападнати на начинот на кој Израел беше нападнат викендов, „нашиот одговор би бил брз, решителен и огромен“.
Како и секоја нација во светот, Израел има право да одговори - всушност има должност да одговори на овие злобни напади, потенцираше Бајден.
Тој потврди дека има Американци меѓу заложниците земени од Хамас како дел од нападот на терористичката група врз Израел.
Сега знаеме дека американски граѓани се меѓу оние што ги држи Хамас, рече тој.
Бајден додаде дека му наредил на својот тим „да сподели разузнавачки информации и да распореди дополнителни експерти од целата влада на САД за да се консултираат и да ги советуваат израелските колеги за напорите за ослободување на заложниците“.
Затоа што, како претседател, немам поголем приоритет од безбедноста на Американците кои се држат како заложници во светот, додаде тој.
Исто така, информираше дека безбедноста е засилена околу центрите на еврејската заедница во САД. На крајот, Бајден повика на единство.
Ова е момент за САД да се обединат, да тагуваат со оние кои тагуваат. Да бидеме целосно јасни. Нема место за омраза во Америка. Ниту против Евреите, ниту против муслиманите, ниту против никого. Ние тоа го отфрламе. Она што го отфрламе е тероризмот. Го осудуваме неселективното зло исто како што секогаш правевме. Тоа е она за што Америка се залага, истакна американскиот претседател

The post Бајден: Нападот на Хамас врз Израел е „чин на чисто зло“ appeared first on Република.

]]>
Бајден ги повика републиканците да престанат со закани за запирање на работата на Владата https://republika.mk/vesti/svet/bajden-gi-povika-republikantsite-da-prestanat-so-zakani-za-zapirane-na-rabotata-na-vladata/ Sun, 01 Oct 2023 20:05:06 +0000 https://republika.mk/?p=686901

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика републиканските политичари да престанат да „играат“ со заканата од запирасње на работата на федералната влада, еден ден откако американскиот Конгрес усвои привремен договор за избегнување на такво сценарио.

„Доста е...уморен сум од опасни игри“, нагласи Бајден во телевизиското обраќање по усвојувањето на вонредната мерка, што го одложи рокот за затворање на владата за 45 дена, бидејќи републиканците и демократите водат тешка борба за буџетот.

„Во никој случај не можеме да дозволиме прекин на американската помош за Украина“, рече Бајден во говорот. „Имаме време, не многу време, и има огромно чувство на итност“, додаде тој, истакнувајќи дека законот за финансирање трае само до средината на ноември. Бајден го повика Конгресот да се договори за пакетот помош што е можно поскоро.

САД нема да ја напуштат Украина во војната против Русија, иако договорот за избегнување на парализата на федералната влада не вклучува дополнителна помош за Киев, нагласи Бајден. „Сакам да им кажам на нашите сојузници, американскиот народ и народот на Украина дека можете да сметате на нашата поддршка. Ние нема да ја напуштиме“ Украина, рече тој во телевизиско обраќање.

Меѓународната поддршка е клучна за Украина во борбата против Русија. САД се најголемиот донатор на Киев, обезбедувајќи околу 110 милијарди долари цивилна и воена помош од февруари 2022 година.

САД избегнаа затворање на својата федерална администрација во последен момент, при што Сенатот усвои итна мерка само три часа пред крајниот рок. Сепак, таа ја исклучува можноста за помош за воено разурната Украина што ја побара Белата куќа.

Американските конгресмени треба да разгледаат посебен предлог-закон за воена и хуманитарна помош за Украина во износ од 24 милијарди долари, што претседателот Џо Бајден сакаше да биде вклучен во буџетот. Според американските медиуми, гласањето би можело да се одржи на почетокот на следната недела.

Мала група републикански конгресмени, поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп, одбиваат да му дадат каква било нова помош на Киев, тврдејќи дека овие средства треба да бидат насочени за управување со миграциската криза.

The post Бајден ги повика републиканците да престанат со закани за запирање на работата на Владата appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика републиканските политичари да престанат да „играат“ со заканата од запирасње на работата на федералната влада, еден ден откако американскиот Конгрес усвои привремен договор за избегнување на такво сценарио. „Доста е...уморен сум од опасни игри“, нагласи Бајден во телевизиското обраќање по усвојувањето на вонредната мерка, што го одложи рокот за затворање на владата за 45 дена, бидејќи републиканците и демократите водат тешка борба за буџетот. „Во никој случај не можеме да дозволиме прекин на американската помош за Украина“, рече Бајден во говорот. „Имаме време, не многу време, и има огромно чувство на итност“, додаде тој, истакнувајќи дека законот за финансирање трае само до средината на ноември. Бајден го повика Конгресот да се договори за пакетот помош што е можно поскоро. САД нема да ја напуштат Украина во војната против Русија, иако договорот за избегнување на парализата на федералната влада не вклучува дополнителна помош за Киев, нагласи Бајден. „Сакам да им кажам на нашите сојузници, американскиот народ и народот на Украина дека можете да сметате на нашата поддршка. Ние нема да ја напуштиме“ Украина, рече тој во телевизиско обраќање. Меѓународната поддршка е клучна за Украина во борбата против Русија. САД се најголемиот донатор на Киев, обезбедувајќи околу 110 милијарди долари цивилна и воена помош од февруари 2022 година. САД избегнаа затворање на својата федерална администрација во последен момент, при што Сенатот усвои итна мерка само три часа пред крајниот рок. Сепак, таа ја исклучува можноста за помош за воено разурната Украина што ја побара Белата куќа. Американските конгресмени треба да разгледаат посебен предлог-закон за воена и хуманитарна помош за Украина во износ од 24 милијарди долари, што претседателот Џо Бајден сакаше да биде вклучен во буџетот. Според американските медиуми, гласањето би можело да се одржи на почетокот на следната недела. Мала група републикански конгресмени, поддржувачи на поранешниот претседател Доналд Трамп, одбиваат да му дадат каква било нова помош на Киев, тврдејќи дека овие средства треба да бидат насочени за управување со миграциската криза.

The post Бајден ги повика републиканците да престанат со закани за запирање на работата на Владата appeared first on Република.

]]>
Трамп во водство против Бајден, младите повеќе го сакаат екс претседателот https://republika.mk/vesti/svet/tramp-vo-vodstvo-protiv-bajden-mladite-poveke-go-sakaat-eks-pretsedatelot/ Mon, 25 Sep 2023 12:12:27 +0000 https://republika.mk/?p=684975

Американците повеќе би сакале да го видат Доналд Трамп за претседател по изборите во 2024 година, отколку Џозеф Бајден, а растот на Трамп и брзиот пад на поддршката на Бајден кај младите гласачи се особено изразени, покажуваат новите анкети.

Меѓу младите Американци на возраст меѓу 18 и 35 години, дури 53 отсто го поддржуваат Трамп, додека 38 отсто го поддржуваат Бајден, покажуваат анкетите организирани од „Вашингтон пост“ и „Еј-би-си њуз“.

Така, популарноста на Бајден падна во споредба со претходно, бидејќи во февруари го поддржаа 43 отсто од младите, додека Трамп го поддржаа 50 отсто. На претходните избори во 2020 година, Бајден имаше уште поубедлива поддршка на возраст од 18 до 35 години, што, меѓу другото, му помогна да победи.

Кога станува збор за вкупниот електорат, Трамп е во водство, бидејќи за него би гласале 51 отсто од гласачите, додека за Бајден би гласале 42.

Резултатите не се добри за Бајден ниту кога станува збор за задоволството од работата, бидејќи и неговиот рејтинг таму паѓа. Во моментов, 37 отсто од испитаниците велат дека се позитивни за него, а 56 отсто се негативни. Ситуацијата е уште полоша кога се зборува само за економија, каде резултатот е 30-64. Исто така, 44 отсто од испитаниците велат дека сега стојат финансиски полошо отколку на почетокот на мандатот на претседателот, што е најлош резултат од 1986 година. Расте и бројот на оние кои веруваат дека Бајден е престар за втор мандат, бидејќи сега ги има 74 отсто, шест отсто повеќе отколку во мај.

Од друга страна, популарноста на Трамп расте. Кога заврши неговиот претседателски мандат, 38 отсто од испитаниците позитивно ја оценија неговата работа, а тој процент сега порасна на 48 отсто. Тоа е поголем процент на позитивни оценки отколку што имаше кога стана претседател. Покрај тоа, Трамп е оценет негативно од 49 отсто од испитаниците, што е многу помалку отколку кога му завршил мандатот и кога тој резултат бил 60 отсто.

Бајден не стои добро ниту во неговата Демократска партија, бидејќи 33 отсто од демократите го сакаат за претседателски кандидат, додека 62 отсто би сакале да видат некој друг.

Кога станува збор за Трамп, 54 отсто од републиканците го сакаат за свој кандидат, додека 43 отсто сакаат друг кандидат.

Покрај младите, популарноста на Бајден опаѓа и во неговото друго упориште од претходните избори, меѓу етничките малцинства. Во моментов Бајден е поддржан од 50 отсто, додека рејтингот на Трамп е зголемен од 32 на 43 отсто. Трамп добро се рангира меѓу Хиспанците, каде резултатот е 50-44 за него, иако не премногу голем примерок.

The post Трамп во водство против Бајден, младите повеќе го сакаат екс претседателот appeared first on Република.

]]>

Американците повеќе би сакале да го видат Доналд Трамп за претседател по изборите во 2024 година, отколку Џозеф Бајден, а растот на Трамп и брзиот пад на поддршката на Бајден кај младите гласачи се особено изразени, покажуваат новите анкети. Меѓу младите Американци на возраст меѓу 18 и 35 години, дури 53 отсто го поддржуваат Трамп, додека 38 отсто го поддржуваат Бајден, покажуваат анкетите организирани од „Вашингтон пост“ и „Еј-би-си њуз“. Така, популарноста на Бајден падна во споредба со претходно, бидејќи во февруари го поддржаа 43 отсто од младите, додека Трамп го поддржаа 50 отсто. На претходните избори во 2020 година, Бајден имаше уште поубедлива поддршка на возраст од 18 до 35 години, што, меѓу другото, му помогна да победи. Кога станува збор за вкупниот електорат, Трамп е во водство, бидејќи за него би гласале 51 отсто од гласачите, додека за Бајден би гласале 42. Резултатите не се добри за Бајден ниту кога станува збор за задоволството од работата, бидејќи и неговиот рејтинг таму паѓа. Во моментов, 37 отсто од испитаниците велат дека се позитивни за него, а 56 отсто се негативни. Ситуацијата е уште полоша кога се зборува само за економија, каде резултатот е 30-64. Исто така, 44 отсто од испитаниците велат дека сега стојат финансиски полошо отколку на почетокот на мандатот на претседателот, што е најлош резултат од 1986 година. Расте и бројот на оние кои веруваат дека Бајден е престар за втор мандат, бидејќи сега ги има 74 отсто, шест отсто повеќе отколку во мај. Од друга страна, популарноста на Трамп расте. Кога заврши неговиот претседателски мандат, 38 отсто од испитаниците позитивно ја оценија неговата работа, а тој процент сега порасна на 48 отсто. Тоа е поголем процент на позитивни оценки отколку што имаше кога стана претседател. Покрај тоа, Трамп е оценет негативно од 49 отсто од испитаниците, што е многу помалку отколку кога му завршил мандатот и кога тој резултат бил 60 отсто. Бајден не стои добро ниту во неговата Демократска партија, бидејќи 33 отсто од демократите го сакаат за претседателски кандидат, додека 62 отсто би сакале да видат некој друг. Кога станува збор за Трамп, 54 отсто од републиканците го сакаат за свој кандидат, додека 43 отсто сакаат друг кандидат. Покрај младите, популарноста на Бајден опаѓа и во неговото друго упориште од претходните избори, меѓу етничките малцинства. Во моментов Бајден е поддржан од 50 отсто, додека рејтингот на Трамп е зголемен од 32 на 43 отсто. Трамп добро се рангира меѓу Хиспанците, каде резултатот е 50-44 за него, иако не премногу голем примерок.

The post Трамп во водство против Бајден, младите повеќе го сакаат екс претседателот appeared first on Република.

]]>
Бајден до Зеленски: Храброста на Украинците го инспирираше светот https://republika.mk/vesti/svet/bajden-do-zelenski-hrabrosta-na-ukraintsite-go-inspirirashe-svetot/ Fri, 22 Sep 2023 07:03:40 +0000 https://republika.mk/?p=683988

Американскиот претседател Џо Бајден, директно обраќајќи му се на својот украински колега Володимир Зеленски, ја пофали храброста на Украинците.

Бајден, на почетокот на разговорот со Зеленски во Белата куќа, рече дека Соединетите Американски Држави остануваат посветени на давање поддршка во напорите на Киев да се одбрани од руската инвазија.

Вашата храброст го инспирираше светот. Решени сме да покажеме дека стоиме со вас и да се погрижиме светот да биде со вас, рече американскиот претседател.

Зеленски, од своја страна, истакна дека Украина многу ја цени помошта на САД во борбата против рускиот терор и рече дека ќе разговараат за потребите на Украина со посебен акцент на воздушната одбрана.

Денеска сум во Вашингтон за да ја зајакнам нашата способност да ги браниме украинските деца, нашите семејства, нашите домови, слободата и демократијата во светот, додаде Зеленски.

По средбата во Белата куќа, Бајден изјави дека првите американски тенкови Абрамс ќе и бидат доставени на Украина следната недела, пренесува Хина.

Тој, исто така, рече дека Вашингтон наскоро ќе испрати втора батерија за противвоздушна одбрана „Хоук“ од Рејтеон и соодветната опрема во Украина.

Зеленски му се заблагодари на Бајден за новиот пакет воена помош од 325 милиони долари во оружје и противвоздушна одбрана, велејќи дека тоа е токму она што сега им треба на украинските војници. Украинскиот претседател соопшти дека тој и Бајден се договориле за конкретни чекори за проширување на извозот на жито од Украина соочени со руската блокада и тензиите со соседна Полска.

Украинскиот претседател претходно разговараше со американските сенатори Џон Кенеди, Рон Вајден, Мејси Хироно и Том Карпер по средбата со сите членови на Сенатот во салата на Стариот Сенат, за време на посетата на Капитол.

The post Бајден до Зеленски: Храброста на Украинците го инспирираше светот appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден, директно обраќајќи му се на својот украински колега Володимир Зеленски, ја пофали храброста на Украинците. Бајден, на почетокот на разговорот со Зеленски во Белата куќа, рече дека Соединетите Американски Држави остануваат посветени на давање поддршка во напорите на Киев да се одбрани од руската инвазија.
Вашата храброст го инспирираше светот. Решени сме да покажеме дека стоиме со вас и да се погрижиме светот да биде со вас, рече американскиот претседател.
Зеленски, од своја страна, истакна дека Украина многу ја цени помошта на САД во борбата против рускиот терор и рече дека ќе разговараат за потребите на Украина со посебен акцент на воздушната одбрана.
Денеска сум во Вашингтон за да ја зајакнам нашата способност да ги браниме украинските деца, нашите семејства, нашите домови, слободата и демократијата во светот, додаде Зеленски.
По средбата во Белата куќа, Бајден изјави дека првите американски тенкови Абрамс ќе и бидат доставени на Украина следната недела, пренесува Хина. Тој, исто така, рече дека Вашингтон наскоро ќе испрати втора батерија за противвоздушна одбрана „Хоук“ од Рејтеон и соодветната опрема во Украина. Зеленски му се заблагодари на Бајден за новиот пакет воена помош од 325 милиони долари во оружје и противвоздушна одбрана, велејќи дека тоа е токму она што сега им треба на украинските војници. Украинскиот претседател соопшти дека тој и Бајден се договориле за конкретни чекори за проширување на извозот на жито од Украина соочени со руската блокада и тензиите со соседна Полска. Украинскиот претседател претходно разговараше со американските сенатори Џон Кенеди, Рон Вајден, Мејси Хироно и Том Карпер по средбата со сите членови на Сенатот во салата на Стариот Сенат, за време на посетата на Капитол.

The post Бајден до Зеленски: Храброста на Украинците го инспирираше светот appeared first on Република.

]]>
Драма во САД: Маж со пиштол протестира пред семејната куќа на Џо Бајден https://republika.mk/vesti/svet/drama-vo-sad-mazh-so-pishtol-protestira-pred-semejnata-kuka-na-dho-bajden/ Sun, 17 Sep 2023 17:25:56 +0000 https://republika.mk/?p=682669

Маж со пиштол протестираше во неделата во родниот град на американскиот претседател Џо Бајден во Вилмингтон, Делавер.

Носеше портокалов заштитен елек и плакат со слогани и навреди против американскиот претседател и неговиот син Хантер испишани на двете страни.

„Бајденови се криминалци“, пишувало меѓу другото на едната страна од постерот, а буквите „С“ се заменети со знак за долар.

На фотографиите се гледа дека мажот има огнено оружје во појасот. Се вели дека возило на тајната служба постојано го следи човекот.

The post Драма во САД: Маж со пиштол протестира пред семејната куќа на Џо Бајден appeared first on Република.

]]>

Маж со пиштол протестираше во неделата во родниот град на американскиот претседател Џо Бајден во Вилмингтон, Делавер. Носеше портокалов заштитен елек и плакат со слогани и навреди против американскиот претседател и неговиот син Хантер испишани на двете страни. „Бајденови се криминалци“, пишувало меѓу другото на едната страна од постерот, а буквите „С“ се заменети со знак за долар. На фотографиите се гледа дека мажот има огнено оружје во појасот. Се вели дека возило на тајната служба постојано го следи човекот.

The post Драма во САД: Маж со пиштол протестира пред семејната куќа на Џо Бајден appeared first on Република.

]]>
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер ненадејно ја прекина прес-конференцијата на претседателот Џо Бајден во Ханој https://republika.mk/vesti/svet/portparolkata-na-belata-kuka-karin-zhan-pjer-nenadejno-ja-prekina-pres-konferentsijata-na-pretsedatelot-dho-bajden-vo-hanoj/ Tue, 12 Sep 2023 09:33:40 +0000 https://republika.mk/?p=681180

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер ненадејно ја прекина прес-конференцијата на претседателот Џо Бајден во Ханој, Виетнам, која се одржа во неделата. Во еден момент таа го зела микрофонот и рекла дека настанот е завршен, иако американскиот претседател се уште одговарал на прашањата на новинарите во просторијата.

Ви благодарам на сите – ова ја завршува прес-конференцијата“, рече Жан-Пјер откако го зеде микрофонот, пренесува Си-Ен-Ен.

 

 

Бајден накратко останал на сцената по нејзините зборови, одговарајќи на едно дополнително прашање, иако неговиот целосен одговор не се слушнал бидејќи веќе била пуштена музика.

The post Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер ненадејно ја прекина прес-конференцијата на претседателот Џо Бајден во Ханој appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер ненадејно ја прекина прес-конференцијата на претседателот Џо Бајден во Ханој, Виетнам, која се одржа во неделата. Во еден момент таа го зела микрофонот и рекла дека настанот е завршен, иако американскиот претседател се уште одговарал на прашањата на новинарите во просторијата.
Ви благодарам на сите – ова ја завршува прес-конференцијата“, рече Жан-Пјер откако го зеде микрофонот, пренесува Си-Ен-Ен.
 
 
Бајден накратко останал на сцената по нејзините зборови, одговарајќи на едно дополнително прашање, иако неговиот целосен одговор не се слушнал бидејќи веќе била пуштена музика.

The post Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер ненадејно ја прекина прес-конференцијата на претседателот Џо Бајден во Ханој appeared first on Република.

]]>